IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Goko 17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goko 17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2013 во 19:27
Mi trebaat sostavi na ovie dve temi:
1.prokletstvoto na siromastijata zema i svoi zrtvi
-nesto vrzano okolu pecalbari i parite se otepuvacka za tazniot kraj poslem pecalbarstvoto
2.nedostatocite na corbadziskiot perfekcionizam
-za corbaci teodos i corbaci jordan od pecalbari
Кон врв
Goko 17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goko 17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2013 во 19:34
??????????????????????
Кон врв
Goko 17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goko 17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2013 во 21:00
има ли некој да ми написи состав ?????
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2013 во 21:33
Okolu "Parite se otepuvachka"


   "ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА"

Ристо Крле е драмски писател,кој е роден 1900год,како син на струшки чевлар.
Напишал повеќе драми,но најголем успех имал со драмата Парите се отепувачка.

 Во драмата се раскажува за една случка во с.Аларуп каде родителите не препознавајќи го својот син Ангеле го убиле.
Татко му Митре пред богатството на овој туѓинец кој полн со пари враќајќи се од Америка преноќува во неговиот дом како туѓинец на местото на синот.
Драмското дејство е составено од 5 чина.
Во куќата на Митре и Мара,еден зимски ден имало роднини,пријатели за да го испратат Ангеле на печалба во Америка.
Од Ангеле се очекувало да им помогне на луѓето во сиромаштијата,во подготовките за свадбата на сестра му Кате и кога ќе се врател да се оженел и да оформел семејство.
Имало маси полни со храна,пијалоци,со здравици и благослови го испратиле Ангеле на печалба под турско,илинденско востание.
После 20год во селото,ненајавено се вратил Анеле од печалба во куќата на неговата сестра Кате и ја препознал неговата внука Ана.
Откако разбрале,неговите блиски го прославувале неговото враќање.
Потоа неговата сестра,заедно со него заминала во куќата на нивните родители Митре и Мара.
Остарените родители не го препознале својот син и мислеле дека е туѓинец кој се претставува како Ангеле.
Тогаш почнале да го опишуваат нивниот син Ангеле и го прашале дало го сретнал некаде во Чикаго.
Потоа Ангеле си легнал да се одмори,а неговиот татко Митре сакал да дознае што имало во куферот на туѓинецот.
Кога го отворил куферот,се зачудил бидејќи внатре имало злато.Тогаш ја викнал неговата жена Мара и се договориле да го убијаат туѓинецот,бидејќи сметале дека толкаво богатство неможело да се стекни на чесен начин за 5-6 год.
Тогаш тие го убијале,со секира.
Другиот ден кога неговата ќерка им отишла на гости им кажала дека тоа навистина бил нивниот син Ангеле.
Во тој момент неговата мајка умрела од инфаркт,а неговиот татко се самооубил,се прободил со нож во срцето.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2013 во 21:36
Чорбаџи Теодос   -  кратка содржина


Станува збор   за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ке го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата   на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација   и комедиографскиот расплет   со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите ) . Токму тука се открива господска напернатост   во однос на
    помалите   луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека н екој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот   во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цогански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце - тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос . Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Swckata256 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Swckata256 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2013 во 18:18
Zdravo,aj ve molam ako mozete da mi pomognete za sostav-Knigata moj prozorec kon svetot,za pismena mi e.
Blagodaram odnapred
Кон врв
Larche16 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Larche16 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2013 во 20:13
ако можете некој да ми напише состав на било која од темиве
,на портата на младоста’’ ,,на мостот на желбите’’ или пак ,,сомнежот ја убива довербата’’ итно ми е, правам писмена другиден

Изменето од Larche16 - 07.Мај.2013 во 20:15
Кон врв
Goko 17 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goko 17 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2013 во 20:45
Nekoj da ne iam lektira ili da mi kazi ot ka jda napisam mi treba da ja razkazam lektirata Dve marii od slavko janevski..?
Кон врв
jaskapac Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jaskapac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2013 во 16:02
а за тема другарство за писмена по македонски за седмо одделение има нешто? и како да го најдам?
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2013 во 16:10
,,,,auuuuuuuu,,,,jakapach,,,,,za sedmo ,,,odd,,,pa i za drugarstvo,,,,,,,,,i da ima ,ke nema,,,лутина
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Culse Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Culse Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2013 во 15:59
Можете да ми помогнете во врска со овие теми?

- Животот и дејноста на Климент Охридски;
- Творците на словенската писменост;
- Словенските првоучители;
- Значењето на словенската писменост;
- Обработка на пофалното слово за Св.Кирил;
- Извори за словенската писменост;
- Обработка на "Панонските легенди".

Ќе ви бидам благодарен доколку помогнете.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2013 во 16:05
Панонски легенди

Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивните најистакнати ученици, доследни на делото на своите учители, со успех го продолжиле ширењето на словенската писменост и култура.На патот на писменоста како моќно оружје го користеле напишаното дело Едно од првите оригинални дела напишани на словенски јазик е Панонски легенди.
Композицијата на двете житија  е мошне добро изградена. Тие содржат воведен дел во кој се слават величината на господ, изложување   во кој е раскажан животниот пат на браќата по хронолошки ред, а во завршниот дел се искажани цитати од Евангелието. Изобилуваат со компарации, епитети, раторички прашања, а стилот е разбирлив за сите Панонски легенди содржат две житија  Житието на Св. Кирил и Житието на Св Методиј. Во овие житија познати уште и како Моравски легенди најопширно е опишан животот и работата на словенските браќа во Панонија, односно Моравија. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста,
“ ...Кога почна да оди на училиште, Константин напредуваше  во учењето најмногу од сите ученици...“
и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите  на св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Посебно место зазема неговиот престој во Моравија, радоста на Словените за можноста за учење на мајчин јазик. Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже  и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби божји, прикажувајки ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени  луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и  на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Панонски легенди се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители, творците на првата словенска азбука.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2013 во 16:10
Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што се опишуваат, особено на браќата Кирил и Методиј. Панонски легенди содржат две житија. Житието на св.Кирил и Житието на Св. Методиј. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св.Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата Св. Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедуваат на на словенски. Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во Житието за Методи опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува, раби божји, прикажувајќи ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?”. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и на секој чекор им ја искажувале својата љубов.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2013 во 16:15
Neshto za brakjata Kiril i Metodij:

Животот и делото на Свети Кирил и Методиј


Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.

Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.

Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.


Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин.

Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.

Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.

Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.

Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.





Изменето од Valerija - 09.Мај.2013 во 16:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7071727374 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.