IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6465666768 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Culse Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Culse Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 14:49
Дали може некој да ми помогне,ако знае нешто за некоја од овие теми:

- Нештата што ме праваш човек
- Богатството на зборот и љубовта
- Богатството на етничката различност
- Еден ден во животот на Благон Горчиновски
- Другарството и парите
- Човечноста во човековото секојдневие
- Ајде да ја фалиме водата
- Тоа што ме води напред

Ако имате било што напишете тука,ми треба за утре :/
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 15:08
Culse,za vodata iskoristi neshto od ova:)


Тајните на водата



Секој ден ја пиеме, а малкумина од нас знаат колку е таа моќна и значајна во нашиот живот. На 22 март се одбележа меѓународниот ден на водата. По тој повод, еве неколку познати и помалку познати факти за неа.Тајните на водата

Нашето тело има 80% вода, а исто толкав е процентот и на вкупната количина вода на Земјината топка. Толку многу вода, а уште повеќе тајни, кои таа ги крие во себе.

Научниците велат дека водата е мала молекула со крајно специфични својства. Не постои друга молекула, во која се откриени такви аномалии. Да не постоеше барем една од тие аномалии, немаше да постои животот на Земјава.

Водата може да се наоѓа во три агрегатни состојби. Од сите течности, таа има највисок површински притисок и е најмоќниот растворувач.Тајните на водатаРезултатите од експериментите изведени во многу држави, покажуваат дека водата го прима и помни секое дејство, кое се случува во нејзината околина. Доволно е да се допре до некој предмет, за да ги „разбере“ и меморира неговите својства.

Помнејќи ја информацијата од околината, таа придобива нови својства, при што хемискиот состав не се менува. Досегашното гледиште беше дека за својствата на водата е важен единствено хемискиот состав. Сензационална новост е дека тоа претставува глупост. Структурата на водата всушност е многу поважна од хемискиот состав.Тајните на водатаСтруктурата на водата се однесува на начинот на кој се организирани молекулите. Молекулите на водата се обединуваат во групи, наречени гроздови. Научниците претпоставуваат дека токму гроздовите се своевидни клетки на меморијата, во коишто водата запишува сè што гледа и чувствува.

Со современи уреди е откриено дека секоја мемориска клетка содржи 440.000 информациони панели, од кои секој е одговорен за дадено взаемно дејство со околната средина.

Молекуларната структура претставува „азбука на водата“. Со неа можете да создавате наредби и да ги менувате.Тајните на водатаЕмоциите, позитивните и негативните делуваат најсилно. Во лабораторијата на прoф. Костантин Короткоф биле изведени многубројни експерименти за влијанието на човечките емоции врз водата. Водата реагирала на строго определен начин. Генерално, љубовта ја стабилизира, агресијата ја дестабилизирa.

Во лабораторијата на д-р Емото се испитува водата подложена на различни делувања. „Впечатоците“ на водата се запазуваат со брзо замрзнување и со криогена камера.

Тајните на водата

Влијание на зборовите „Ти благодарам“ (лево), „Ми се лоши од тебе, ќе те убијам“ (десно)

Тајните на водата

Влијание од хеви метал музика (лево) и од Моцарт (десно)

Современата технологија овозможува структурирање на водата. Обработувањето на земјата со структурирана вода навистина има ефект. Структурираната вода делува и на крвта на човекот. Терапија со таква вода го лечи организмот.

Феноменот структурирана меморија и овозможува на водата да запамети сè наоколу, да биде врска меѓу сите живи системи. Секој од нас е внатре во информацискиот ланец. Секој од нас е извор на информација. Секое наше дејствие, мисла, емоција, збор се запаметува во водата.

Водата ни дава живот, здравје и енергија. Разбудете ја свеста и користете ја водата на правилен начин.

Легендата вели: Ќе дојде ден кога целата вода на светот, освен онаа која ќе биде брижно сместена, ќе исчезне. А на нејзино место ќе се појави друга, од која луѓето ќе полудуваат. Тајните на водата

Само еден човек го сфатил сериозно пророштвото и си обезбедил резерви вода. Дошол претскажаниот ден кога сите извори пресушиле. Човекот пиел од своите резерви. Набрзо изворите се наполниле со нова вода. Луѓето пиеле жедно и сите полуделе, а тој човек продолжил да пие од својата вода и останал нормален. Тој бил единствениот „разумен“ сред „безумниците“. Сите луди го нарекувале луд. Тогаш тој ја излеал старата вода и се напил од новата и го загубил разумот. А безумниците сфатиле дека тој најпосле се здобил со разум…




Изменето од Valerija - 13.Март.2013 во 15:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
blablaabla Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blablaabla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 15:28
Ако може некој да ми даде линк каде што има напишано некој состав за Војните или за Космосот или пак да ме потикне нешто за да напишам ..благодарам однапред
Кон врв
blablaabla Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blablaabla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 15:30
Ако може некој да ми даде линк каде што има напишано некој состав за Војните или за Космосот или пак да ме потикне нешто за да напишам ..благодарам однапред
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 15:31



Космос

Галаксија претставува голема група на ѕвезди.

Нашето Сонце е само една од милионите ѕвезди во нашата галаксија, Млечниот пат.

Ѕвездите во галаксијата честопати се на милиони пати поголеми растојанија од планетите во Сончевиот систем.

Космосот се состои најмалку од милијарда галаксии.

Галаксиите меѓусебно се оддалечени милиони пати повеќе од ѕвездите во нив.

Космосот е огромен и празен.

Животен циклус на ѕвезда

Ѕвездите не остануваат исти засекогаш. Во текот на милиони години тие поминуваат низ редица настани, пред нивното гориво да биде потрошено.

Ѕвездите, вклучувајќи го и Сонцето, се формираат кога доволно количество прашина и гас од космосот ќе се привлечат меѓусебно со силите на гравитација. Помали маси исто така може да се формираат во тој процес, со што настануваат планети.

Ѕвездите се мошне масивни, нивната сила на гравитација е мошне голема, со што се задржува нивната материја.

Сепак, високите температури создаваат сили што влијаат врз ширењето на ѕвездите.

Во текот на основниот стабилен период на ѕвездата, тие сили се балансирани. Овој период може да трае милијарди години.

Сонцето сега се наоѓа токму во ова афаза од својот живот. На дијаграмот с еприкажани фазите низ кои што Сонцето ќе помине подоцна.

                                                               Стабилен период

                                                                    arrow_3горивото се троши и ѕвездата се шири

                                                               Црвен џин

    ѕвездата имплодира од гравитацијаarrow_5 или arrow_4масивен црвен џин, се шири и имплодира

                      бело џуџе                                                      супернова

                                                                                             arrow_3исфрла гас и прашина во космосот

                                                                                                           неутронска ѕвезда



Белото џуџе е мала мошне густа ѕвезда, што евентуално се гасне засекогаш.

Неутронската ѕвезда е уште погуста.

Ако ѕвездата по експлозијата на супернова зад себе остави доволно материја, може да настане голема неутронска ѕвезда, која што е толку густа и нејзината гравитација толку силна, што ништо не може да се оттргне од неа, дури ни светлината во облик на електромагнетно зрачење.

Таа појава се нарекува црна дупка.

Енергија на ѕвездите

Ѕвездата се напојува од реакции на атомска фузија.

Јадрата на лесните елементи како водородот и хелиумот се спојуваат и создаваат јадра на потрешки елементи.

Во овие реакции се создава енергија, што ѕвездата ја зрачи.

Потеклото на нашиот Сончев систем

Се смета дека нашито Сончев систем е создаден од материја, што е настаната со експлозија на постара супернова.

Во внатрешноста на Сонцето се пронајдени јадрата на најтешките елементи.

Атоми од тие елементи се пронајдени на внатрешните планети.

Црвено поместување 

Во 1920тите години, астрономот Едвин Хабл забележал дека светлината од најдалечните галаксии има поголеми бранови должини од светлината на Сонцето. Тоа значи дека светлината е поместена кон црвениот крај на видливиот спектар.

Тој исто така забележал дека галаксиите што се подалечни од Земјата имаат поголемо црвено поместување.

Неговото објаснување за забележаните појави било следново:

  • другите галаксии многу бргу се оддалечуваат од нас
  • колку што се галаксиите подалеку, толку побргу тие се оддалечуваат

Ова сугерира дека Космосот се шири и дека може да е настанат пред милијарди години, во голема експлозија.

Живот надвор од Земјата

Ако постои или ако постоел живот на другите планети или околу други ѕвезди, ние би можеле да набљудуваме живи организми како што се микробите или нивни фосилизирани остатоци на Марс или Европа (сателит на Јупитер), или пак, со испраќање роботи да добиеме слики и примероци на почвата назад на Земјата.

Ние би можеле да ги забележиме живите суштества следејќи ги хемиските промени што тие ги предизвикуваат.

Живите суштества на Земјата ја имаат променето атмосферата, например, растенијата создаваат кислород.

Ние би можеле да примаме сигнали од другите суштества што имаат технологија барем приближно напредна како нашата.



Изменето од Valerija - 13.Март.2013 во 15:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 15:33
Неколку мисли на големите умови за космосот како доказ за постоењето на Бога.


Жан Жак Русо – е француски писател филозоф , кој живеел во 18 век рекол:

,, Голема е глупост да се претпостави дека оваа хармонија во овој свет може да настане од слеп механизам или случајно покрената материја.

Цицерот најголем римски говорник , филозоф и политичар , кој живеел до 106- 43 година п.н.е вели: ,, Од готови букви случајно не може да се напише ниту еден збор а не една книга...

Исак Нутон- Англиски физичар , математичар и астроном. Живеел од 1642- 1727 година. Еден од најзначајните личности во историјта на науката. Тој е основач на механиката како посебна научна дисциплина. Неговата теорија за гравитација е една од најголемите достигнувања на науката. Тој рекол”: ,, Целата хармонија во овој Космос можела да настане само затоа што Семоќниот Создавател сакал и тоа го создал.

За овој голем научник се зборува дека секоја ноќ послее неговото наблудување на ѕвездите, длабоко се поклонувал на Создавателот на Космосот, бидејчи имал претчуство дека целиот космос го слави Својот Создатаел.

Исак Њутон имал за ова право; Куранот за ова вели:

,, Него Го слават и Му се клањаат седум небеси, Земјата и се што е помеќу нив. Не постои ништо што Него не го слави и не Му се заблагодарува, но вие не го разбирате нивното славење и клањање на Неговото Битие. Навистина Тој е Благ и опростува.,, (Исра 13)

Арртур Станли Еддингтон – живеел од 1882-1944 година Англиски астроном и физичар Директор на опсерваторијата во Кенбриџ, рекол:

,, Науката може една по друга да ги открива природните тајни, но никогаш нема да дојдеме до вистинскиот изглед на космосот. Модерните науки и астрономијата нужно не водат кон Бога. Космосот до крај го знае само Оној кој го замислил и го создал.. ,, Зарем не ви реков дека само Јас ги занам тајните на небесата и Земјата,,. (Ел-Бекара 32)

Луцие Анеј Сенека – живеел во 1 век од нашата ера. Римски филозоф, писател, правник и сенатор рекол: ,, Кога ѕвездите би можеле да се видат само од една точка на земјината поворшина луѓето постојано би патувале таму за да го набљудуваат небото и да се восхитуваат на Неговите чуда,,.

За ова Куранот вели:

,,Ние за небото создадовмее ѕвезди, и ги украсивме за оние кои ги гледаат (Кои земаат поука) (Ет-Теквир 15)

Ѕвезденото небо е најубавата појава во природата. Ние доколку се навикнуваме на таа убава појава, да многу мал број на луѓе го набљудуваат небото и да уживаат во неговата убавина, и да се восхитуваат на божјата мудрост и Големина.

Најновите научни откритија на полсто на нуклеарната физика, хемија , ембријологија, генетика, астрономија, т.е во сите науки , дадоа такви аргументи да овие закони не можат да настанат самите од себе.

Гледајќи го сето ова неможе никој а да себеси не си постави прашање:

- Како можело на настане сето ова?

Зашто е овеа вака? Дали со сето ова( организација, состав, фунција и цела) раководи некое разумно сезнајно цемоќно битие или со него раководи една обична несвесна материја или слеп случај? И илјада други прашања:

Ако некој одговори природататогаш каква е таа природа која во себе ги има овие атрибути; да е сезнајна , семоќна, да има архитектонски и творечки способности, да управува со се: од најситните делови на атомот до галаксиите во овој космос, сите овие да ги ораганизира и да одоржува хармонија и да ги води кон една цел. Зарем овие атрибути кој нужно е потребно да ги има ” природата” на која и го должат постоењето на вој свет и себеси, во верата не му се препишуваат на Бога. Зарем ова не е верување во природата , зарем ова не е заменување на поимот Бог со природа, зарем ова н е бегство за одговорност за делата каој човекот ги прави кој што Бог ја бара а нормално ” природата” не ја бара, таа не испрача објави, пратеници туку има само закони кој нормално друг( Бог) и ги воспоставил и таа ти ги следи.

Зарем е можно да се рече дека овој свет чии што дел е човекот е резулата на случајно покренати процеси? Зарем во нашиов свет во кој живееме настанува нешто случакно, овој случај не знале ли кој последици ќе предизвика неговото активирање?

Не . Човечкиот разум и овие глупости не ги прифаќа. Зарем е разумно после тоа што нашите очи не се во состојба да го видат Нашиот разум неможе да ја свати суштината на Неговото битие.

Човекот уште во својата најрана младост се запознава со законите на природата: законите на физиката, хемијата... и сите други науки. Само како пример че го земиме еден од овие закони: Гравитацијата – тоа е способност на Земјата да привлекува кон себе се што постои на неа, како резулата на ова ние и се друго што има на оваа наша планета стои на неа а не е одлетано во Космосот. Сите имаат слушнато за постоење на центрипетална и центрифугална сила. Тоа се две сили кој ја држат нашата планета на точно одредено растојание од Сонцето , каде што едната сила на Сонцето како центар на Сончевиот систем ја привлекува Земјата кон себе за да не би Земјата одлетала во бесконечниот простор на Космосот , а другата , силата која што Земјата ја задржува Сонцето не ја глодне( привлече кон себе) и овие две сили дејствуваат на растојание од 150 милјони км. Зарем некој ја видел гравитационата сила? Зарем некој ја видел центрипеталната и центрифугалната сила? Не / А зарем некој ги почуствувал резултатите од нивното дејство? Да . Ние сме на Земјата, таа е на точно одредено место во Космосот. За нашите очи овие сили се невидливи во нашиот разум го даде својот збор.

Исто така Бог за нашите очи е невидлив но нашиот разум вели дека за да постои сето ова што го гледаме и она што не го гледаме и самото наше постоење е поврзано со нешто од кое зависи се . Бог во Куран вели:

,,Зарем (неверниците) се создадени без Создавател или само тие се создадени? Или тие се создатели на небесата и Земјата? Не само тие не сакаат да се убедат. (Ет-Тур 35-36)

Во основата сржта на верувањето е да се почуствува и доживее постоењето на Бога . Верувањето во Бога не значи само сознание за Неговото постоење, туку тоа со себе повлеку усовршување и прифаќање на сиидветно однесување и пракса со која Бог е задоволен. Верувањето не е само нешто да се зне дека Бог постои. Верувањето кои останува само во разумот како сознание а не наоѓа место во срцето и душта како волја и акција не е некакво верување.

Верувањето како потреба на човечкиот живот според исламското учење исклучиво има смисол на акција и соодветно однесување. На сите места во Куран каде се зборува за иман (Верување во Бога) се спомнуваат и добри дела. Многу пати се повторува: ,, Оние кои веруваат и работат добри дела. Многу бројни се и хадисите на Мухаммед а.с : Кој не го помага гладниот не може да му се рече дека е верник, кој не му посакува на другиот (на муслиманот) она што си го сака за себе не е верник која на другиот му посакува штета не е верник.

Верувањето во Бога човекот не го насочува и активитра во правец на борба за добро. Убаво и корисно која не го хуманизира човечкото срце и душа е лажно, безсодоржинско празно и дволично. За верникот Бог е најголем морален авторитет, извор на духиовните и моралните етнички врдености, извор на се што е убаво, племенито, корисно и возвишено. Верување во Бога значи признавање на Бога како најголем авторитет и прифачање на одредена дисциплина и однесување. Самиот збор ислам значи признавање и покорност на бОжјата волја. Ова не значи , како што мислат некои дека тое е фатализам. Покорноста на Божјата волја е основа на верување и значи вклучување во природниот ред на работите кој што Куранот го нерекува Суннетуллах и ускладување на своите активности и однесување со тој Божји ред не е нешто друго туку манифестација на Божјата волја .

Ускладувањето и потчинувањето на поединечна човекова волја со Божјата која се потврдува со законитостите во сите работи, значи Ислам. Некој добро рекол дека: Куранот е природата која што зборува, а природата Куран кој што молчи! Верувањето во Бога значи решение на најважните прашања на човечкото егзистирање, посебно целта за неговото постоење. Важни елементи на верувањето се : одговорност за делата и верување во животот после смрта.

Човекот не настанал случајно ниту пак како резулата на слепата природа. Тој не е тука за да биде гонет од своите нагони одредено време за потоа да изчезне за секогаш. Тој во рамките на Божјата концепција е планиран за вечноста, одредено му е местото и целта на своето постоење. Од тоа како ја сватил и извршил својата мисијата на Земјава.

Верувањето во Бога значи свест за себе, својата мисија, смоето место и целта на своето постоење. Од тоа како ја сватил и извршил својата мисија ќе зависи неговата среќа на овој свет које е попатна станица од својата цел на идниот свет. Се што верувањето во Бога бара од човекот е да тој биде корисен, да прави добро на секого и да го избегнува злото.

Верувањето во Бога значи заклетва дека човекот ќе биде човек.

Верувањето се потврдува со одредена пракса, а не се докажува со ардументи. Ова не значи дека таоа не може да се брани и докажува со разум ни доказ. Но, нема потреба за тоа. Акоа човекот го прифатил и тоа прифачање се претворило во цврсто верување, да смислата на неговиот живот и постоење е во тоа да се искаже и потврди со своето секојдневно однесување како корисен член на човечката заедница , тогаш тоа може да се докаже само со дела и содветна порака. Тука непотребни се било какви мудрувања дека човекот е верник ако нема пракса и дела.

Куранот е последна објава од Бога наменет за целото човештво до Суден ден а Мухаммед а.с последен Божји пратеник...



[You must be registered and logged in to see this link.]

______________________________________________






За Аллах единствено исламот е вистинска вера. А оние на кои им е дадена Книгата се разделија во оној момент кога им дојде знаењето, и тоа од меѓусебна завист. А Аллах брзо ќе се пресмета со тие што нема да веруваат во Аллаховите зборови.

Karşi yaka


Активен член
Број на мислења: 59
Репутација: 9
Join date: 2011-10-27
Селам алејкум

Прекрасно.Аллах да те награди за трудот и за тоа што придаваш значење на моментите од науката.
Забелешки(видливи) немам за твојата тема,но еве јас да кажам нешто во врска со тоа.

Исак њутн,еден од поголемите физичари и математичари,и на сите нам познат за откритијето на гравитацијата(како што ти кажа) и бил уверен дека господ постоји.И во една прилика рекол;све е однапред одредено!

Еднаш приметил како јаболкото паѓа на тлото,и се распрашал:“Дали е силата која што влиаје на предметите што паѓаат,истата сила што го задржава месечината во неговото движење околу нејзината оска“!
Потоа,го открил и диференцијалниот сметач.Има доста да се каже за Исак Њутн и за неговите откритија,но тоа да го оставиме за наредните прилики.А сека да кажам дека,Њјутн се смета за еден од најуниверзалните научници.

А еве да раскажам еден настан што се случил,и е напишана и заведено во неговата биографија,значи историјски вистинит настан.

Во неговото биро(работна маса)имало еден убав модел на Сонце,планети и нивните месечини.

Еден ден ќе го посети неговиот пријател,кој што бил атеист и на Господ не му придавал големо значење.
Кога го погледнал убавиот модел на сончевиот систем на бирото,го запрашал Њутн’а;откаде му е тој прекрасен уметнички дотеран модел ?!Њутн на тоа му одговорил:“Настанал сам од себе!“

Тоа нее можно,му одговорил неговиот пријател,сиот шокиран од неговиот нелогичен одговор.
Меѓутоа,по неговото инсистирање да му одговори,Њутн сепак останал на почетниот став.

Увидел дека е Њутн тврд во одговорот,пријателот се налутил и кренал да оди!“Гледаш ли сега“Њјутн му одговори:“Со право се лутиш,затоа што,не можеш да поверуваш дека овој модел може сам по себе да се создаде,односно случајно.Додека,ти сакаш со својата сериозност да ми појасниш дека,големиот оргинал во универзумот,не го потребува својот Творец(креаторот).
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
angel4you Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај angel4you Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:02
ako moze da mi dadete nekoja tema za "strasvuvanjata na cajld harld i evgenij onegin"
Mi treba voved ,glaven del i zavrsen del
ako moze da bidat zborovite od 250-350
Кон врв
angel4you Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај angel4you Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:03
Ako moze pomos "Strasvuvanjata na cajld harld i evgenij onegin" da ima voved,glaven del i zavrsen del ako moze da ima zborovi od 250-350
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:22

Бајрон - „Странствувањето на Чајлд Харолд“

Лорд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од Англија. Неговото семејство било со благородничко потекло, но осиромашено. Кога имал 10 години, починал некој негов братучед и од таму се стекнал со богатство и лордовска титула. Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде член на англискиот парламент. Таму ги застапувал правата на работниците и затоа конзервативците го мразеле и јавно го напаѓале. Разочаран од нападите решил да ја напушти Англија и да ги посети средоземноморските земји. Кога се вратил, неговите противници уште повеќе го напаѓале, не само заради политичките убедувања, туку и поради неговото слободоумно однесување. Тој бил убав, но куц (едната нога му била покуса), а односите со мајка му биле чудни. Таа на моменти била многу мила, нежна и интимна, а потоа хистерична и непресметлива (го тепала). Уште кога бил дете и кога доаѓал дома на распустите, го гледал нејзиниот распуштен живот исполнет со забави и оргии. Ваквиот начин на живот и тој го продолжува. Се оженил за грофица, но таа го напуштила.
Подоцна повторно ја напуштил Англија, но овојпат засекогаш. Во Грција се приклучил во ослободителното движење и таму починал од силна треска (најверојатно сифилис).
(Биографијата на Бајрон на ју тјуб, на англиски со непознат превод?!)
Со своите поеми Бајрон се искачува на врвот на англиската литература:
„Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Абидонската свршеница“, „Лара“, „Корсар“, „Ѓаур“; драмите: „Манфред“ и „Каин“; и хумористично-сатиричните текстови: „Дон Жуан“ и „Небо и земја“.


Странствувањето на Чајлд Харолд

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема, составена од четири песни.
Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.
Идеја - да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела Европа.

Содржина

Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција освен што е составена од четири пеења. Дејството се одвива хронолошки, како што се одвивало патувањето задржувајќи се на позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон; соочување со освојувачки и ослободителни војни; ја велича борбата на Шпанците против Наполеон; ја велича античката цивилизација; ја опева славата и пропаѓањето на Рим; ја опишува битката кај Ватерло, потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.

1 песна

Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат, од благороднички род, кој наместо да се посвети на полезна и творечка работа, се оддава на бурен, развратен живот со оргии и пир. Презаситен од таквиот живот кој веќе му здодеал, решава да го напушти родниот кат. Разочараноста не произлегува само од ваквиот живот туку и од односите во општеството, па решението го бара во бегството, во осамувањето, во потонувањето во сопственото јас. 
 
2.
Си бил во Англија и еден човек млад:
на доброчинството му бил тој туѓ... Крај жена
разгалено, до бес, би уживал, од јад!
Ја чекал зората со вино, полно пена;
сред развратот тој сам и идоли си кренал.
На порокот во плен - се спуштил тој во шир:
го презрел сето сам што другите го ценат.
Но среќен само бил сред оргија и пир,
крај жени паднати сал нашол сладок мир!

3.
Пред вас е Чајлд Харолд. Јас нема тука таен
да водам разговор: од каков беше род.
А родот негов беше чествуван и знаен,
со честа беше познат тој под овој свод.
Постапките на внуков беа срамен плод
и честа дедова тој почна да ја гнаси.
Ни летописецот што тоне сиот в пот
не би можел со неа легенда да краси,
а камо ли поет со лаги да ја спаси.

5.
Не се плашел од грев - во гревот тонел цел;
по патот тргна сам што в неморал го тера.
Но - една љубел тој со силен занес врел -
па сепак, можеби, во себе немал вера.
Со ласки развратни кон неа имал мера:
на својот идол свет тој не фрлил со кал:
та неверен би бил и утре како вчера!
Би била скршена од клетников без жал:
да скине оков јак тој потем се би дал.

6.
Од сешто заситен без желба и без страст,
не сакаше да види близок другар сега.
Во очите му често солза видов јас,
но знаеше со гордост срце тој да стега.
Скитајќи в мисли, сам, се реши не на шега
да напушти за долго бучен, роден кат.
Од својата судбина тој нејќеше да бега:
би примил удар нејн, тргајќи Чајлд на пат,
би барал нови луѓе, макар и сред ад!

10.
Не прегрна тој мајка штом на пат се крена,
ни сестра си ја виде пред да тргне в свет.
Тој замина со тага душа што му свена.
Без поздрав другарски по море тргна, клет.
Не затоа што беше корав, студен сет -
та не! Но само оној којшто љубел знае
од ошто толку многу болката без ред
засилува, та човек - колку корав да е -
на разделба од тага не може да трае.


По описот на главниот лик следува Прошталната песна во која преовладува возвишениот и патетичен тон на разделбата на главниот јунак од својата татковина.
Песимистичкото расположение и копнежот по светли хоризонти се причината тој да ги изрече топлите исповедни зборови на љубов кон родниот крај, родителите и пријателите.

Проштална песна

О, збогум, роден крај. Ти сив
исчезнуваш зад морска шир.
А ветрот јачи; галеб див
со својот пискот руши мир.
На запад сонцето се крие
и ширта морска губи сјај;
се губиме по патот ние...
О, добра ноќ, мој роден крај!

По час и друг, пред зора-ал
ќе прсне тоа лачи пак;
ќе сретнам тогаш море сал,
но не и тебе брегу драг.
Глеј, дреме мојот замок убав;
во каминот ни плам, ни жар.
Во бршлан ѕидишта се губат
и вие таму песот стар.

„Мој пажу мал, приближи се
и речи зошто плачеш ти?
Те плаши бранот бурен, не?
Ил мракот злобен, можеби?
Избриши се и глава горе:
На коработ е се вввво ред;
одвај да може најбрз орел
тој кораб да го стигне в лет.

И нека да не лула бран,
и ветрот нека праќа крик;
не ме плаши ни океан,
ни бурата со својот рик.“

— Не чудете ми се, ве молам
сер Чајлд, што в тага тонам цел.
Разделбите со блиски болат...
Ме пратија по светот бел.
Од тате испратен јас бев,
му видов в очи светол лач;
за мама појќе ми е грев
што долго ќе ја гуши плач...

„Да, чудно солзите ти стојат;
успокојуваат, јас знам.
Да имав невиност јас твоја
би плачел како ти и сам.
Ти ела, верен слуго мој!
Зар повторно од бледност знак?
Те плашат бури ли без број,
а можеби и Француз-враг?“

— В малодушност јас не сум свенат.
Сер Чајлд, не се плашам ни јас!
Но дома оставив и жена.
Ме сакаше со силна страст.
Со децата и минат дни
крај личниот ви голем двор.
Но, штом го спомнат татка си
— што ќе рече тој тажен створ?

„Те разбирам, ќе страда често.
Се запознав со твојот бол.
Но и да сум на твое место
со потсмев би го примил зол.
Зар има уште таков маж
што верува во женски стон?
Штом не си тука — нова драж
ќе блесне кај нив и во сон!
А страстите се стара тема;
за идни ништо не би дал.
Јас жалам само зашто нема
за некого да сум во жал.

А вака сам, сред море, мрак,
ко крадец некој што се скрил —
кај човечки ќе најдам траг
штом туѓ за луѓето сум бил!
Да, мојот пес... Два-три дни само
(дур не свикне!) тој жал ќе таи,
но ако пак се вратам ваму
— ќе бидам пречекан со лај.

Мој корабе, да одиме!
Ти сечи бран, на долг сме пат!
Кај сакаш таму води ме,
но само не во татков кат.
Јас поздрав искрен вам ви праќам
о, бранови со таква моќ.
На поздрав — поздрав, земјо, враќам:
мој крају роден — добра ноќ!“

Во продолжение на песната, во дијалог со пажот, неговото расположение се менува. Пажот е тажен што ја остава татковината, жена си и децата, а Чајлд сфаќа дека нема по кого да тагува. Тој зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот. Не остава никого кој му е важен. Затоа осамен, отуѓен од сите, без навистина блиски луѓе, тој решително ја напушта татковината. Без поздрав, заминува во потрага по егзотични места, каде ќе размисли за сè и можеби ќе успее да ги реши внатрешните дилеми.
Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија, каде иако се земји со древна цивилизација, луѓето страдаат и се потчинети. Тој се надева дека славните витешки времиња повторно ќе се вратат и луѓето ќе се ослободат од ропската потчинетост. Неговата лична тага и разочараност се зголемува и прераснува во светска тага поради доминација на злото и несреќата.

2 песна

Чајлд Харолд чувствувајќи симпатии кон поробените народи го продолжува своето патување во Грција и Албанија каде се соочува со истото страдње и несреќа. Поетот не може да сфати дека потомците на Античка Грција можат да го поднесат теророт што се врши врз нив од страна на османлиската власт. Сликата на Балканот е мрачна и крвава.

Албанецот, со чалма, застанал на патот,
а пиштолот со резба беше шарен сет,
навезена му беше дреата со злато...
Македонец со појас, крвав, сиот блед
крај делија што држи јатаган...И ред
од вакви робје гледаш...

Особено е воодушевен од љубезноста и гостопримството на Албанците. Во оваа песна освен разочараноста која ја чувствува, поетот повикува на борба .

3 и 4 песна

Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија, Швајцарија и други европски земји за да го задоволи својот авантуристички дух, како и да се пронајде себе.
Во овие песни е поприсутен мотивот на осаменоста, како и мотивот на природата која е единственото нешто недопрено од човекот и можност да се избега во нејзините прегратки. Пејзажот е во функција на романтичарскиот идеал каде човекот го пронаоѓа својот мир и спокојство. Единствено во природата Харолд се чувствува исполнет и среќен.
Во последната песна при посетата на Италија исто така се навраќа на нејзиното античко минато. Тој и понатаму е во истото расположение, осамен бунтовник кој останува само набљудувач на општествените збиднувања.

Основни карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак се чувството на светската тага, откривањето на нови егзотични простори и поддршка на борбата за ослободување на угнетените европски народи.
Бајронизмот како движење влијаело врз англиската и европската литература. 
Под бајронизам се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во далечни и егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото разочарување кое преминува во светска тага, величање на славното минато (античко и витешко) и недопрената природа.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:25
Странствувањето на Чајлд Харолд - БАЈРОНИЗМОТ

     На крајот од XVIII и почетокот на XIX век англискиот романтизам го откри својот најзначаен претставник во една бујна, нескротлива и поетична личност на Џорџ Гордон Бајрон.
Тој со пишувањето на својата поема, Странствувањето на Чајлд Харолд, не само што ќе се прослави, туку и ќе ни претставува типичнна романтичарска индивидуална поема каде што ќе создаде лик во кој страшно ќе се преслика себе си, своите доживувања и чувства. Преку сето тоа тој ќе содаде нова појава во рамките на романтизмот, односно Бајронизмот, кој ќе претставува нов квалитет и ќе го разликува Бајрон од останатите романтичари.
     Бајрон создаде типичен романтичарски јунак, односно Чајлд Харолд, кој во родниот крај води равратен живот. Токму таквото негово однесување ќе предизвика разочараност и срам кај неговото семејство. Затоа решава да ја напушти татковината, во потрага по нови краишта, доживувања и авантури. Меѓутоа тој е свесен дека неговиот начин на живот ја предизвикал неговата оттуѓеност дури и од најблиските па затоа сега се чувствува сам, како крадец во морето. Тој заминува од својата земја, но тагата за напуштањето на родниот крај не може да ја сопре и токму поради тоа ја посветува прошталната песна каде ја соглдедуваме чувственоста на Чајлд Харолд. Тој е многу осамен обземен со болка поради недостатокот на љубов и тажен бидејќи нема по кој да тажи. Типичната романтичарска постапка ја согледуваме во неговот обегство во егзотичните земји.
Една од нив е и Португалија. Тој е восхитен од убавината на брегот на Португалија, Тихиот Океан, богатството во земјата,но тоа е една слика од далеку. Од блиску ја гледа Португалија во една многу тешка робска положба. Прекрасниот Лисабон кој секогаш поттикнувал воздишки, сега е град на беда, сиромаштија, задушувања... тоа е последица од војната, која страшно го разочарува поетот и предизвикува чуввство на непремостлива тага, која преминува во чувство на светска тага, која го следи до крајот на неговото патување.
На самиот почеток, тој е многу вохитен и од Шпанија. Восхитен е од идиличната слика на планините и овчарите на нив, но набргу потоа се разочарува. Со зачекорувањето во Севиља многу ќе го разочара начинот на живот кој го водат тамошните луѓе, ќе го разочара нивната неодговорност и блудност. По ваквата слика, авторот се труди да го рабуди хероизмот во заемниот дух на шпанците. Тој отворено ги повикува шпанците да се разбудат, да се потсетат на нивното рицарство и јунашко минато и да започнат со ослободителна борба. Токму овој поттик за слобода се јавува како трет Елемент на Бајронизмот.
Покрај поттикнување на слободарскиот дух кај шпанците, Бајрон истовремено го создава ликот на идеалниот јунак. Јунак кој ќе треба да земе оружје в рака за отпочнување ослободување на татковината, односно шпанската девојјка. Таа е непоколеблива, храбра, безкомпромисна во борбата за слобода на татковината, нејзиниот личен интерес никогаш не е пред татковината. Таа не е расколебана ниту пред смртта на саканиот и тоа станува еден поттик за своите слободи и страв за поробувачите.
Авторот исто така го крена гласот и против војната. Ги искажа ставовите, дека во војната гине само недолжниот народ и војници, поведени од оние кои ја започнуваат војната. Авторот ги проколнува сите оние кои ги започнуваат војните, кажувајѓи дека никаде нема да најдат мир освен во нивните гробови, а од друга страна ги велича големиот број анонимни жртви, и повикува на вечен помен, пофалба и сеќавање на паднатите жртви.
Неговото понатамошно патување продолжува и во Грција. И овој пат, авторот го обзема болка, тага, крајно разочарување за состојбата во Грција. Земја во која што крвопролевањето, робовладеењето, ја замениле некогашната античка култура.
Авторот очекува да ги види некогашните големи антички јунаци, но тој е разочаран и тажен бидејќи гледа еден неотпорен скршен и сиромашен народ кој едноставно го прифатил крвопролевањето од страната на турците.
Пејсажот за Албанија е сосема поинаков, тој е доста тивок и див со осамени карпести планини и орли. Неговиот впечаток за луѓето е дека тие се постојано вооружани, со крвави раце, во постојана борба за слобода. Тие се диви и сурови, онакви какви што животот ги направил во тие простори, меѓутоа кон странците се многу гостопримливи и внимателни. Авторот ја критикува нивната суровост, особено во меѓусебните односи како и положбата на жената, која што цеосно е покорена на својот маж.
Опис за македонецот, гркот, албанецот од страна на Бајрон, е многу крвав. Тие сепак припаѓаат во роблето на турците кои се најмоќни и имаат право во секој да пукаат и тие се оние кои раководат со судбините наостанатите. Поради преголемото растажување на поетот, тој не може да се помири и токму тоа го инспирирало директно да повика на борба за слобода.
     Авторот ни укажува дека никој нема да ни ја донесе слободата. Туѓата помош може да биде само замена за еден господар по друг. Токму затоа робот или поробените народи самите треба преку крвава борба да ја донесат слободата на сввојата татковина. Тоа претставува кулминацијата на борбениот, слободарски дух на Бајрон која беше всушност најважната карактеристика на Бајронизмот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:27

Евгениј Онегин - Александар Сергеевич Пушкин


Евгениј Онегин - Александар Сергеевич Пушкин

Името Пушкин во нас евоцира голем број емоции и возбуди, автор вон сите маргини на временското, име кое ќе егзистира долги векови по нас. Со секој негов наслов се предизвикува општа трансцендентност и комплексност, испреплетени со низа шилеровски емоции.

Така и името Евгениј Онегин побудува стожер на чувства, секако, кај оние кои го почитуваат ликот и делото на овој руски романтичар.

Овој роман пишуван во периодот на романтизмот, ја отсликува реалноста на руското дворјанство и секојдневните општествено-економски проблеми со кои се соочуваат луѓето во тоа време.

Централен лик на ова дело е младиот човек Евгениј Онегин, кој потекнува од богато и благородно семејство, кој се здобил со доволно образование за да може да ги резонира нештата околу себе на правилен и разумен начин.

Овој лик самиот по себе е комплексен, бидејќи се одликува со многу специфики, кои ги осознаваме во текот на читањето и кои нè оставаат без здив. Онегин е личност со цврст карактер, умее да ги перцепира работите околу себе, знае да се постави на правилен начин, за другите околу него да го сфатат сериозно и разбирливо.

Судбината му е интересна и заслужува внимание да биде анализирана од читателот. Секако, еден од ликовите во овој роман, кој плени со своето битие е ликот на Татјана - девојка која е различна од сите други, зошто неа повеќе ја привлекуваат книгите, што не е нормално во тоа време, склона е кон размислувањето и перцепирањето на нештата, дух кој е надмоќен интелектуално и спиритуално од сите други опортунисти.

И како што бива по непишаното правило - оној кој има разум и интелект, нема среќа во љубовта, ова грдо правило важи и за Тања - таа несреќно се заљубува во Онегин, кој отпрвин не е свесен за чувствата кои таа ги негува спрема него. Оваа своја љубов, Тања ќе ја изрази преку писмо, писмо кое е читано од генерации наназад, кое ќе стане симбол на чистата и искрена љубов.

Ликот на Евгениј мутира и има два дела на развитокот на неговите емоции. Во првиот дел, се среќаваме со еден Евгениј кој е суров, кој не ги искажува своите овации, кој има поставено ѕид околу себе, а во вториот дел од неговата мутација, се среќаваме со еден Евгениј кој е чиста спротивност на првиот, се среќаваме со емотивен, искрен и во мала доза наивен лик.

Околу овие два лика се наоѓаат и многу други споредни личности и без нив овој роман немаше да биде тоа што е денес. Ликот на Ленски е еден од најзанимливите ликови во историјата на литературата, зашто тој претставува целина од интелект и емоционален врв.

Прекрасен роман инспириран од бајроновски начела, оригинално сведоштво за големината на Пушкин како автор, почитуван како идол на многу идни писателски души. И како што бива во литературата, секоја голема љубов завршува трагично и останува обележена за навек, не по својот среќен крај туку по трагичноста и совршената несреќа. Како конклузива на сево ова напишано, ќе дадам една мисла дека она што го сакаме и за кое сонуваме, треба да се потрудиме да го имаме, јасно да ги изјасниме нашите искрени чувства кон оној што го милуваме бидејќи само така ќе бидеме свесни за нашата големина и само така ќе знаеме дали нè заслужува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:29

Неспоивоста во карактерот на Татјана и Евгениј Онегин
     
Романот во стихови “Евгениј Онегин” е дело во кој поетот ја влејал сета своја страст,  своето животно и творечко искуство. Построен е врз мошне напната и впечатлива перипетија и сложени односи, конфликти и спротивни карактерни особености.
    Централните ликови, Евгениј Онегин и Татјана Ларина се личности со неспоив карактер. Онегин е типичен претставник  на монденските кругови од своето општество кој во детството добил површно и несистематско образование. На деветнаесет години станал сопственик на голем имот. Онегин е човек без визии за  животот и незаинтересиран за крепосните селани на својот имот. Сиот свој интерес го насочил кон поканите за ручеци, вечери, балови и забави.Овој површен млад човек  целосно се оддава на навиките на пороците, ги покажува својствата на необична личност. Човекот без емоции  грубо ја отфрла љубовта на идеалната и поетична селска девојка Татјана. Каприциозно се поигрува со нејзината сестра и го убива човекот што искрено ја сака.
Наспроти него, Татјана е типичен претставник на руска жена, со цврст, монолитен и единствен  карактер.Во неа нема колебања, со своите ставови стои цврсто на земјата.Нејзината природа е силна и длабока. Нејзе  и е туѓо лошото однесување. Таа силно и со непосредна  спонтаност ги искажува љубовните чувства кон Онегин. Нејзината длабочина ја прави поумна од него. Нејзиниот благороден инстинкт ја води напред, а ја сопира кога треба. Не се променила ни во изменетите животни околности. Ги зачувала својствата на  поетична  и силна природа кои ја красеа и како селска девојка и како отмена  дама од високото друштво. Не се променил ниту нејзиниот однос кон љубовта, која за неа е основен извор на среќата и несреќата.Тоа свето чувство во најголема мера го определува карактерот на Татјана и  по основ на него таа не бара компромиси. За неа во љубовта нема средина. Иако му признава на Онегин дека сеуште го сака смело му соопштува дека не верува во трајноста на неговите чувства.
    Пушкин во својата бесмртна  и недостижна поема преку својот јунак Онегин паралелно ни ја изнесе историската судбина на рускиот човек-скитник и неоспорната убавина во личноста на руската жена.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
angel4you Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај angel4you Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 17:42
ако може нешто поедноставно за чајлд харлд од 250 до 350 збора
со вовед
главен дел
и завршен дел
Кон врв
varijanta Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 13.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај varijanta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2013 во 20:01
Има ли некој есеј за Злосторство и казна? Благодарам однапред!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6465666768 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.