IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 17:45
Види тукаголема%20насмевка
http://www.slideshare.net/trajce/makedonski-jazik-i-literatura-ii-godina-4353930
Кон врв
ma4ence_92 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај ma4ence_92 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 21:36
Originally posted by notpron notpron напиша:

ve molam da napisete esej za temite:
''mojot idol''
''svetot vo koj ziveeme i svetot koj go posakuvame''
fala mn ke mi pomognete ako pisete barem eden ne gi baram dvete samo baram pomos


Еве за втората тема

   Не попусто големиот германски мајстор на пишаниот збор Гете рекол: "Тој што не може да се приближи до три илјади години живее од денес до утре". Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.
   Светот и животот денес се разликуваат многу од она што биле пред неколку години. Технологијата, науката, медицината од ден на ден напредува со цел да му овозможи на човекот подобар живот и побрз пристап до најпотребните работи. Луѓе трчаат со брзина на светлина, мислиш во неповрат. Како да очекуваат дека бескрајноста ќе им го донесе убавиот крај. Еден се кренал толку високо, мислиш ќе полета,а другиот паднал толку ниско.Живееме во оп-во кое си ги измени своите основи и погледот на светот.Околу нас насекаде војни,убиства,глад,сиромаштија,немоќ.Ситите и големите ги газат гладните и немоќните.Дали некој не може или не сака да го смени тоа? Сите се борат за мир, сакаат мир, декларираат миротворни намери, но сите се подготвуваат за војна, произведуваат оружје, ги развиваат воените сили и системи, дури глобални системи, така ниту географијата повеќе не може да помогне на никого да остане надвор од настаните со кои нема никаква врска ниту пак во нив на било кој начин сака да учествува.Но јас би сакала да живеам во еден свет каде што тревата е зелена, а небото сино.Каде се слушаат само птици како пеат, а цвеќињата се шарени и мирисаат и каде што сите се среќни и еднакви.Што би правеле ние таму?Каков би бил светот, без зло, или без гневни, алчни, пожудни, завидливи, луѓе? Што би правеле ако нема алчни луѓе што го сакаат и грабаат сето богатство само за нив? Си купуваме весник, а во него само убави работи пишува,слушаме на вести само за успеси на другите и се радуваме подеднакво како и тие.Свет каде што нема војни, свет каде што нема терористи кои ги убиваат луѓето по пазари и трговски центри,свет во кој нема гладни и болни, кај што не се експериментира со разни вируси врз луѓе. Дали сме сковани да живееме во еден таков свет, каде што кога ќе купиме весникот или ќе погледниме вести нема да бидеме пресреќни затоа што таму некаде има некој кој страда повеќе од нас.На крај, во светот мора да победи совеста.Дека само во вакво среќно оп-во можеме сите среќно и безгрижно да живееме,да се радуваме и да твориме. Чуден е човечкиот разум. Имаме голем напредок во науката, техниката, културата, а расте и оружјето за самоуништување. Ова е парадоксот на денешницата. Бараме убавина , добиваме самоубијци кои се лишуваат од својот младешки живот. Уште еден парадокс - се гнасиме од нив но сепак се дружиме со нив. Затоа целта на секој поединец , секој здрав човек е да ја пренесува вистината за злото што не демни и се што ќе превземе да биде силно мотивирано од името на човекот и човештвото и на напредокот на човекот.
Уживајте во животните радости и бидете сопствени режисери на сопствениот живот кој продолжува со неговиот тек, кој сакале или не некогаш бавно а некогаш пребрзо минува и оди во неповрат!



Кон врв
mila_magi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mila_magi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2010 во 01:36
Originally posted by kiksi77 kiksi77 напиша:

MOZE NEKOJ DA MI DA DE PISMENA ZA TEMA ''SERDAROT''.PO MOZNOST VO VOVEDNIOT DEL DA BIDAT OPFATENI OPSTI PODATOCI ZA ZA AVTOROT POVRZANI SO PESNATA A VO GLAVNIOT DEL DA BIDE ANALIZA NA "SERDAROT" I VO ZAVRSNIOT DEL OCENA ZA PESNATA OD VASA GLEDNA TOCKA.? FALA ODNAPRED


EVE NESHTO I JAS SHTO NAJDOV :)
Во поемата Сердарот се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан. Пистелот Борис Вишински во својот предговор кон второто издание на Арматолос истакнува:
„      Тоа е поезија на еден народ што се бори против угнетувањето и против силите на злото. Поемата е проткаена со љубов кон татковината и со дух на самопожртвување... Живо ги одразува страдањата на своите сонародници, кои се борат против бандите на ограбувачите во услови на отоманскиот гнет     “

Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смртта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мјката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река (алузија на жалоста на народот):

    Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
    Што тешка несреќа ги збра,
    и мажите и жените та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?

а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растераал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележуве лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката.

    Годините не ја намалиле онаа убост;
    на лице свежест се гледа,
    младешката сочност
    не ја беше сменила грубост.
    Таа е кутрата Неда,

Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач.

    На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
    го пее ова просјак сед;
    а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
    го запишав од ред до ред.

Структурата на оваа поема е навистина структура на угледно уметничко дело. Прличев успеал на еден драматичен начин да ги кондезира сите детали од поемата во еден чуствителен момент, потчинувајќи го вистинското време, на барањето на уметничката инспирација. Сета поема се движи во рамките на едно попладне, но Прличев успева во тие рамки да вклучи се што му претходело, достигнувајќи до претците на херојот, и уште се што претстои да се случи, благодарение на заклетвата што мајката на херојот им ја наложува на албанските напаѓачи, а исто така и благодарение на овековечувањето на неговиот спомен што го прикажува како личен план (со секојдневната посета на свршеницата на гробот на херојот), така и на општествен план (со годишната процесија на девојките од Река, кои се собираат околу гробот за да ги воспеваат и прославуваат неговите подвизи, и уште на духовен план, со народниот пеач, кој е слеп и ја пее епиката, одејќи низ разни краишта


Поемата е составена од стихови во јамбови петнаесетерци што се заменуваат со осмерци. Поради тоа заменување по ред на бројот на слоговите (15 и 8) и на местото на метричкиот акцент, кој во непарните стихови паѓа на претпоследниот слог, додека пак на парните паѓа на последниот слог и со тоа Прличев успеал да ја избегне монотонијата во ритмот. Други два елемента што внесуваат варијаци се трохејските стопи со кои започнуваат многу стихови како и пречекорувањата што ја менуваат строгата звучна шема на стиховите. Последен важен елемент за одбележување на стихотворната способност на поетот е квалитетот на римата. Зборовите со еднаков звук на крајот, ретко спаѓаат во истиот граматички вид на зборови. По правило тие се од разни зборови и во различни падаежи, што е мошне тешко да се постигне.
Кон врв
Irinaaa Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Irinaaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2010 во 15:48
Ми треба семинарска за хлороводородна киселина а немам доволно податоци молам за помооошш плссс доколку има некој нешто нека прати.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2010 во 17:59
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2010 во 22:21

Вишновата градина

„Вишновата градина“ не е само една од најубавите драми на Антон Павлович Чехов (1860-1904), која заедно со „Галеб“, „Вујко Вања“ и „Три сестри“ отворија нов период во светската драмска уметност, туку таа се претвора во своевиден симбол кој носи повеќе, дури и навидум спротивставени значења.

Како приказна која се осврнува на пропаѓањето на едно семејство, а наедно и на пропаѓањето на аристократијата при крајот на 19 век, вишновата градина со сета своја патина, истрајност и убавина се претвора во симбол на едно време, но и во симбол на изминувањето на времето. Таа е персонификација на трајните вредности, иако на крајот исчезнува, таа е олицетворение на животот, на пулсирањето и на смислата на живеењето, потсетувајќи дека тоа секогаш е врзано со крај и со почеток.

Тој интересен дуализам, кој на „Вишновата градина“ и дава живот и ја прави неповторлива, ќе има необичен развој. Веднаш по објавувањето на оваа, инаку последна драма на Чехов, во јануари 1904 година таа ќе биде поставена во Московскиот уметнички театар во режија на неговиот пријател Константин Станиславски. Но, иако претходно Станиславски често ги работеше неговите драми, овој пат Чехов беше престрашен. Станиславски ја виде „Вишновата градина“ како трагедија, додека Чехов во нејзиниот поднаслов стави комедија. Она што е интересно, е фактот дека оттогаш па се' до денес продукциите се борат со двојната природа на оваа драма, но и воопшто со делата на Чехов, кој се смета и за мајстор на руската новела.

Всушност, приказната за семејството на Љубов Андреевна Рањевска по многу нешта е единствена, иако Чехов се осврнува на актуелните настани што го одбележуваат преминот на 20 век. Имено, по донесување на законските одредби за еманципација на закрепостените селани, кои се стекнуваат со можност да добијат имот и статус, доаѓа до големи промени во дотогашниот начин на живеење во Русија. Аристократите се немоќни и неспособни да се грижат за своите имоти без евтината работа на своите работници, и се' почесто нивните имоти пропаѓале и биле понудувани на аукција. Факт е дека Чехов во ова свое дело, како и во останатите, многу пластично го слика времето, атмосферата и луѓето, сепак, тој не прави класична приказна со конвенционални ликови. Неговите ликови по многу нешта се необични и поинакви.

Така на пример, студентот Трофимов, кој е брилијантен, а сепак ќе биде исфрлен од Универзитетот. Зборувањата на Трофимов, кој ги напаѓа интелектуалците, подоцна ќе биде сфатено како рана манифестација на болшевичките идеи, поради што неговите делови во драмата често ќе бидат цензурирани од царските власти. Варја, посвоената ќерка на Рањевска, останува на имотот кога мајка и' и нејзината сестра Ања ќе заминат неколку години во Париз. Таа го чува имотот, а на крајот семејството се надева на спас така што токму Варја би ја направила жртвата и би се омажила за богатиот трговец Лопахин, кој не го сака. Во куќата на Рањевска е стариот лакеј Фирс, допирајќи го тука и прашањето за судбината на слугите кои не умееле да живеат без своите господари. Наспроти него, младиот лакеј Јаша, пак, се смета себеси за дел од париската елита. На крајот на драмата токму Фирс и вишновата градина ќе ја понесат целата симболика на пропаѓањето на стариот и раѓањето на новиот свет.

Многумина веруваат дека Чехов со „Вишновата градина“ направил всушност посвета на себеси, на својот живот и на луѓето што го одбележале. Се вели дека многу од карактерите се изградени врз база на вистински ликови, но дека можат да се сретнат и во неговите претходни бројни прозни и драмски дела. Но, директната инспирација токму за „Вишновата градина“ велат дека потекнува уште од неговото детство, кога неговата мајка била измамена од некои градежни работници, поради што западнала во долгови. Еден поранешен нивни потстанар ќе се понуди да и помогне, додека тајно ќе ја купи куќата за себе. Чехов бил многу погоден и од уништувањето на неговата сопствена вишнова градина, која ја направил на еден селски имот надвор од Москва.

Факт е дека животот и делата на големиот руски автор, зачетник на модерната драматургија, се силно испреплетени. Чехов ќе умре многу млад, на само 44 години, но неговиот живот е исклучително плоден, како во поглед на книжевноста со која ќе изврши големо влијание во драмската литература воопшто, така и во поглед на неговата работа како доктор, кој често го ризикувал својот живот за да им помогне на болните и на сиромашните. Неговите дела ќе ги поставуваат големи режисери, како Питер Брук, Чарлс Лотон, Ричард Еир, Лоренс Оливие и многу други, а се смета дека извршил големо влијание и на големите драмски автори, како Јуџин О Нил, Џорџ Бернард Шо и Артур Милер.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 23:47
Originally posted by 99Gatusso 99Gatusso напиша:

Mi treba sostav za Straneco - Alber Kami ..... plss



Странецот - Алберт Ками

Албер Ками е едно од најзначаните имиња во повоената француска литература, а овој факт посебно се должи на неговиот прв и најдобар роман - Странецот. Во него, прегу главниот лик (Мерсо) е претставен механичкиот и безчуствителниот начин на живеење.

Мерсо е нихилист, тој верува дека минатото и сегашното постоење на човекот е без некоја цел, сврсисхоидност или некоја посебна вредност. Тој ги негира вредностите на некои или сите социјални структури, власта и законот, нормите, вредностите и моралните принципи. Автоматски ваквиот начин на дејствување го води кон насилство и тероризам во однос на воспоставениот систем но исто така резултира и со пасивен отпор кон се, без било какви алтернативи.

Во овој роман Ками ни расправа за една форма на (не)сензибилитет и таквиот денешен/современ човек. Низ текот на романот, Мерсо е претставен како беспрекорно ладнокрвен човек во повеќе ситуации, како смртта на мајка му, врската со дактилографката Марија, и најважно од се, неговото убиство и судење во Алжир. Еден од клучните моменти во романот доаѓа кога Мерсо, во момент на изгубеност, раздразнет и заслепен под немилосрдното јужно сонце, безмалку со никаква причина, убива еден Арапин. Осуден е на смрт. Додека трае истрагата Мерсо е затворен и ја очекува смртната казна. Тие денови, во осамеништво и притвор, кај Мерсо постепено се буди револтот против бесмисленоста и апсурдноста на еден свет и живот, па и на еден општествен систем кој не сака да се соживее со Мерсо, уважувајќи ги моментите и мотивите на неговата интима.

Со сета негова дотогашна пасивност и рамнодушност кон животот, кога Мерсо се нашол пред смртта, се почувствувал подготвен одново да преживе се и како единствен начин на кој би можел да се почувствува помалку сам, посакува на денот на неговото погубување да има многу посматрачи кои ќе го дочекаат со извици на омраза, омраза кон неговото бидување странец во свет полн со странци.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2010 во 23:44

 сподели%20на%20FacebookЦитирај zamislena Одговорbullet Испратена: 12.Декември.2010 во 11:13
  текстот е на zamislena
.....среќа....... 
 
 

Еден грст народ а сепак една огромна нација. Наследници на Филип, на Александар, на Гоце, на Даме, на Никола.... Наследници на гордите Македонци. Ние... привилегираните... на плеќи го носиме бремето на една историја, на една цивилизација, на една култура која од самото постоење е достојна за почит. А токму тоа постоење е детерминанта на постоењето. И токму тоа не прави горди што сме Македонци, кои сепак не се запрашуваме за да си објасниме прво на себе си, а потоа на останатите, што значи да ја имаш таа привилегија.

Да се биде Македонец значи да се биде горд не само на привилегијата, туку и на земјата која секојдневно ја газиме кога излегуваме од дома, кога шетаме по улица....

Да се биде горд на родната грутка со нејзините добри страни но, и со нејзините маани. На нашите привилегирани Македонски раце ја носиме историјата на нашата цивилизација. Аманетот  на сите оние горди Македонци кои го дале својот живот за родната земја.

Да се биде Македонец значи да се гордееме со нашата Македонска православна црква.  Нашиот столб на постоење. Оној столб кој со векови наназад не потпира кога тлото ќе се разниша за ние сепак да останеме исправени и горди што сме Македонци.

Горди на знамето.

Она сонце кое не грее од самото постоење, кое е симбол на тагата и радоста на секоја македонска генерација. Она исто сонце кое ни ја топли душата кога ќе помислиме на Македонија, затоа што во Македонија е најсветло.

Не нарекуваат националисти, а ние сме патриоти.

Ни го негираат постоењето, а секој од нас на Македонски јазик ја прераскажува приказната на генерации и генерации Македонци. Ние многу добро знаеме дека сме постоеле, постоиме и ќе постоиме.

Ни го негираат името, а не се свесни дека со тоа се негираат самите себе.

Се однесуваат недемократски, а не знаат дека нам тоа не ни значи ништо.

Само ме чудеше зошто толку многу се уплашија и се свртеа против еден грст народ.

Тогаш сфатив!

Ние знаеме што значи да се биде Македонец. Ние знаеме која е нашата привилегија. Ние знаеме чие потомство сме. Нашата вера е јака, мирољубива, ненаметната а нашето срце чисто.  Чекориме по божјиот пат. Немаме потреба ниту од потврдување, ниту од докажување, ниту од признавање.  Ние знаеме кои сме! Нас, историјата не признала. Нас, Библијата не спомнала.

Пишувајќи му на Даме Груев, големиот Гоце Делчев вели:

"...Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија...".

Токму тоа поле е мегданот на кој со векови се калеле македонските јунаци. Тие сега се  историја што не прави горди, затоа што биле на страната на вистината. Затоа што биле свесни што значи да бидеш Македонец. Да бидеш роден како Македонец, да проговориш на Македонски, да битисуваш на Македонски, да се бориш за Македонското достоинство, за Македонската цивилизација, за Македонските вредности....

Затоа, ние сме Македонци!

Затоа сме горди патриоти кои ја сакаат својата земја.

Ние сме потомци на големи Македонци кои ја пренесуваат како аманет својата цивилизација, од своите претци на своите идни поколенија!

Има ли нешто поблагородно од ова?!

Има ли нешто поголемо од Македонија, од Македонското?!

Токму така....

Тоа е вредноста да се биде еден од привилегираните.

Да бидеш Македонец, по крв, по род, по јазик, писмо и свест.


Изменето од zamislena - од вчера во 20:40


Изменето од Andjelina - 14.Декември.2010 во 23:47
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 19:27
Originally posted by a.pejkovski a.pejkovski напиша:

Итно ми треба нешто за Македонска Крвава Свадба ! позз



Kolku itno?
EVE TI NESTO
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 19:34
Originally posted by chester6 chester6 напиша:

Mi treba pismena za likot,karakterizacija na Don Kihot,Sancho Pansa i Hamlet kako oddelni temi.
Mi treba za vo ponedelnik,ve molam ako mozete da mi pomognete,pomognete mi pobrzo!!!
Fala odnapred!!


Eve i za

Don Kihot
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 00:46
текстот е на ФорумскаБаба



     КАНДИД
              Волтер

Во романот, Волтер опишува дел од живот на Кандид, чие име воедно значи скромност, наивност, чесност и неговите познавања и искуства стекнати преку: авантури, невољи, љубови, бродоломи, гусари, галии, насилства... Живее во Вестфалија во дворецот на баронот Тундер-тен-тронк со што и започнува ироничноста на авторот која се провлекува низ целото дело, а и се потсмева на некои човечки особини и постапки. Живее заедно со Панглос – „човекот што знае се“, што учи на една мисла „Докажано е дека работите не можат да бидат поинакви, бидејки се е создадено со некоја цел, која(целта) некој ја создал претходно“. Волтер е протеран од имотот кога баронот ќе дознае за љубовта со Кунегунда, кога и започнуваат неговите неволји...
     Употребувајки го ироничниот став, остро ги контрасира неутралните ситуации со ненадеен пресврт што го прави ова дело неизвесно и напнато до самиот крај, типично за авантуристичките романи.
     Воден од љубовта кон Кунегунда, која беше убава(љубовта) се додека леташе на крилестите срца, тој е протеруван од едно на друго место, се додека вистински не ја пронајде, а откако ја пронајде повеќе не ја чувствуваше кон неа. Човек го сака предизвикот, се стреми да ја оствари секоја своја замислена цел, а откако ќе ја исполни... таа веќе не изгледа толку величенствена.
     Авторот на интересен начин размислува за елементарните прашања, за доброто и злото, за среќата и несреќата, за причините и последиците во овој „најдобар од сите можни светови“.

имате нешто и ОВДЕ
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 18:09
Тартиф

„Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави.
Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството.
Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство.
Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови.
Повод да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото.

Содржина

Во комедијата е претставен судирот меѓу вистината и лагата низ лицемерието на Тартиф кого дел од ликовите го идеализираат - госпоѓата Пернел и нејзиниот син Оргон, а останатите го гледаат онаков каков што е - лицемерен лажго.
Иако Тартиф не се појавува до третиот чин, тој е во центарот на вниманието и е причина за недоразбирањата во семејството. Во првите два чина од другите ликови дознаваме за особините на Тартиф и за поделеноста на семејството. Се додека тој не се појавува, не сме сигурни кој е во право.
Ликови: Госпоѓа Пернел (мајка на Оргон), Оргон (главата на семејството), Елмира (втора жена на Оргон), синот Дамис и ќерката Маријана (од првата жена на Оргон), Дорина (слугинка и придружничка на Маријана), Клеант (брат на Елмира).

1 чин

Госпоѓата Пернел се подготвува да ја напушти куќата бидејќи се чувствува навредена во сопствениот дом. Таа не им дозволува на останатите да дојдат до збор и постојано го фали Тартиф, а нив ги осудува и навредува.
На сите им забележува по нешто:
Елмира - да не се преправа со задоцнета љубезност, дека таа само фрла пари за облеки што за неа е доказ дека не го сака доволно својот маж;
Дорина - дека иако е само слугинка многу зборува и без нејзиното мислење ништо не може да помине;
внукот Дамис - го нарекува глупак;
внуката Маријана - дека личи на јагне, но дека тивкиот вир ја плаши (скришно прави недозволени работи);
Клеант го цени и фали, но не го прифаќа неговиот начин на живот.
По ова претставување на ликовите од гледиштето на госпоѓата Пернел, следува конфликтот за Тартиф. Таа - против сите останати. Таа го претставува како човек за фалба и пример, човек - вистински побожен кој сака сите да ги поведе по божјиот пат. Мислењето на останатите е дека: дошол бос и гол, бедник кој го крева носот и на сите им заповеда што да прават во нивниот сопствен дом, секаде го пика носот, па дури не ги прима гостите кои до тогаш биле чести и добредојдени.
Разговорот продолжува за Оргон кој е претставен како уште позаслепен од неговата мајка. Го примил Тартиф како негов брат, го цени повеќе од мајка си, жена си и децата. На трпезата му го дал почесното место и за него го издвојува најубавото јадење. Се што ќе каже Тартиф, за него е свето и слепо му верува.
Во следната сцена е претставена љубовта на Маријана кон Валер, но и љубовта на Дамис кон сестрата на Валер.
На крајот од овој чин доаѓа Оргон и настанува комична сцена во која се гледа неговата заслепеност и вљубеност во Тартиф. Му кажуваат дека на Елмира и било лошо, а тој само за Тартиф прашува, и иако бил целосно услужен, со храна, пијалок, мирен сон, Оргон цело време ги повторува зборовите: „Ах, кутриот човек!“. Се разбира, за жена си не ни прашува.

А кога на крајот од овој чин станува збор за свадбата на Маријана и Валер, Оргон почнува без причина и објаснување да ја одложува.

2 чин

Во вториот чин Молиер ја вметнува приказната за љубовта на двајцата млади, Маријана и Валер, оддалечувајќи се малку од главната тема, но во функција на осветлување на главниот проблем. Прво за таа љубов се спречкуваат Маријана и татко и Оргон, бидејќи тој ја убедува дека треба да се омажи со Тартиф. Но, Дорина се вмешува:

ДОРИНА

Се фали тој само. Се чудам јас често
набожноста како заедничко место
со лагата има? Бара божји спас,
а бара и живот полн со земна сласт;
проповеда скромност, а високо лета
и в срце му бујна амбиција цвета.

Исто така, Дорина ја убедува Маријана да се бори за својата љубов.
Кога се појавува Валер, повторно настанува конфликт, но сега меѓу вљубените. Конфликтот брзо се разрешува, повторно со помош на Дорина. Нивното моментално инаетење и пркосење (Маријана му вели дека ќе се омажи за Тартиф) е надминато поради чистата љубов што ја чувствуваат.

3 чин

Во третиот чин се појавува Тартиф кој ги оправдува особините кои му ги припишуваат Оргон и неговата мајка. Тој и замерува на Дорина што носи деколтиран фустан и на тој начин го предизвикува мажите. Но, таа остроумно му одвраќа:

ДОРИНА

И вие сте склон кон соблазност, значи?
И вас грешна мисла за жена Ве мачи?

Тартифовата лицемерност уште повеќе се гледа во сцената со Елмира во која тој отворено и се додворува, а таа ја прифаќа неговата љубов, но под услов да не ја спречи венчавката на Маријана и Валер. Дамис бил сведок на оваа сцена и сакајќи да го разобличи и отстрани Тартиф од куќата, на сите им кажува што се случило. Но, Оргон е толку заслепен од Тартиф што воопшто не поверувал, па дури оди до таму што го брка сина си од сопствениот дом и бара Маријана веднаш да се омажи за Тартиф.

4 чин

Во овој чин е прикажано целосното разобличување на Тартиф и тоа во сцена која е наместена и е идентична како претходната во која Тартиф и се додворува на Елмира. Сцената е сама по себе комична, затоа што Оргон, за да биде директен сведок, е скриен под масата. Ваквото прислушување е типично за фарсата. Дијалогот што се води ги открива вистинските особини на Тартиф:

ТАРТИФ

Слушајте го само тоа што го зборам,
оставете сам јас да страдам и горам,
дозволете сега јас Вас да Ве имам —
а за гревот лесно... Сиот јас го примам.
. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .
Лесно можам да го излечам тој страв —

со целосна тајност што ја гарантирам:
невидено зло — не е зло, Елмира!
Ни следува суд за она што е знајно,
а грев не е она што се врши тајно!

Во овие зборови јасно се гледа дека Тартиф не верува во Бога (кој е сеприсутен и пред него не може да се скрие ништо), дека е обичен развратник, лажго, измамник, користољубив и лицемерен.
Сознанието на оваа вистина е казната на Оргон, но не само тоа туку и финансиската последица од заслепеноста. Тој целиот имот му го препишал на Тартиф.

5 чин

Клеант (братот на Елмира) во овој чин ги искажува класицистичките погледи: дека човекот треба да го следи разумот, да не им потпаѓа на чувствата и страсите. Го осудува Оргон за неговото неразумно и непромислено однесување.
Во куќата доаѓа Тартиф со полицајците барајќи го имотот за кој има документи. Но, се случува ненадеен пресврт, полицаецот, наместо Оргон го апси Тартиф, бидејќи се дознало дека тој е познат измамник кој се криел зад разни имиња и законот го прогонувал. Тука Молиер искористува прилика преку зборовите на полицаецот да го пофали кралот и неговата мудрост и праведност. Но, сепак за величањето да не биде пренаметнато, тој ја завршува драмата со среќата на двајцата вљубени, Маријана и Валер, за кои објавува дека ќе стапат во брак.

Ликови

Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф.
Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф.
Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.
Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов.
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
pero95 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pero95 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2011 во 13:15
Еве нешто за Илијада и Едип што добив, се надевам ќе му послужи и на некој друг. И ако има некој уште нешто за Одисеја ќе го замолам да ми прати :)


Илијада

            „Илијадата“ е епопеја - најголемо епско дело во стихови.
            Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот.
            Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита („Митот за златното јаболко“).
            Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на Менелај и крал на Микена); Диомед (крал на Калидон); Одисеј (крал на Итака); Ахил (син на Пелеј, крал на Мирмидонците, славното македонско племе); Нестор (крал на Пил) - за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и робинките.
            Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на Троја кој веќе бил стар за војување и брат на Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.
            И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида.
            Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“.
            Тројанската војна траела 10 години (1193-1184 г.п.н.е.). Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои траат 51 ден. Тука не се кажуваат причините за војната, ниту нејзиниот тек, бидејќи се претпоставува дека митот и главните ликови веќе им се познати на читателите.

Ликови

            Ахил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата. Со него започнува „Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а со неговото враќање се насетува победата на Ахајците. Ахил е идеал за совршен јунак. Нему не му се важни богатството и пленот од војната, туку честа и општото добро на сите Ахајци.
            Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена. Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам.
            
            Хектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но сепак најсвета за него е родната земја.
            Парис не е како неговиот брат, тој не е толку силен, а ни толку храбар. Тој повеќе сака да ужива покрај убава жена, отколку да си ја одбрани честа или да се жртвува за татковината. Бидејќи причината за војната е тој, односно Елена која си ја зел за себе, тој учествува во борбите и двобоите, но онолку колку што мора.
            Агамемнон е горд и надмен војководец, храбар и силен, но често нерешителен и непостојан во своите одлуки (кога сфаќа дека ќе ја изгуби војната без Ахил, тој го моли за прошка).
            Нестор е постар од другите кралеви и војсководци. Тој е претставен како мудар човек, умерен, кој ја согледува реалната ситуација и застанува на страната на вистината (го прекорува Агамемнон за кавгата со Ахил и му предлага да попушти). За него претераната горделивост и инает се негативности кои човекот мора да ги совлада и надмине.
            Одисеј е храбар и силен јунак, но исто така се одликува и со итрина. Освен што влегува во битките бестрашно и непоколебливо, тој снаодливо влегува во кампот на непријателот за да ги дознае неговите недостатоци. Врв на неговата итрина е смислувањето на тројанскиот коњ.
            Андромаха е добра, чесна и вредна жена, верна сопруга и нежна мајка.
            Елена е прекрасна убавица, вљубена во Парис, но љубовта ја прави несреќна. Не може да поднесе дека таа е причина за толку страдања и смрт, па затоа се кае за сторената грешка што го напуштила својот маж Менелај.
            Терсит е еден од ретките претставници на долните слоеви на народот. Битките ги решавале водачите преку двобои, а не војската. Терсит е слободен војник, кој е опишан како многу грд со што се истакнува неговото ниско потекло (кривоног, куц, со криви рамења, шилеста глава со проретчена коса). Иако бил грд, тој е бистар и прониклив, а на царевите в очи им кажува која е нивната побуда за војување: богатење и плен (девојки).

            Стилски обележја на Илијадата

            Стилот на Хомер е реалистичен при описот на борбите, јавниот живот, семејните односи, домашните занимања, на предметите, животните, полските работи, верските обичаи итн., испреплетен со фантастични елементи од митологијата (боговите). Епското спокојство во раскажувањето како и богатството на стилски фигури ја креваат епопејата на многу високо уметничко ниво. Двојните епитети се одлика на хомеровскиот стил. Секој лик го красат специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така, Ахил е брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев; Зевс е громобиецот, премудриот, громовникот, облакоберецот; Агамемнон е силниот, јуначкиот, големиот, пресилниот цар и великиот водач; Хера е белолакта, златостолна; Атина- сјајноока; Аполон - сребренолак, далекуметен, Фојб (светол); Арес - човекоморец, мажоморец, градобиец; Афродита - насмешлива (весела); Артемида - стрелометна; Хектор - коњокротец, сјајношлемец итн. Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн.
            Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски настан (Тројанската војна).



Едип

            Едип е една од најтрагичните личности во древнобалканската митологија. Тој бил син на кралот на Теба, Лај. Аполон го предупредил Лај дека ќе биде убиен од сопствениот син, па тој за да се заштити себеси, кога се родил Едип наредил да му ги прободат стапалата со шајка, да го однесат во шумата и таму да го остават. (Едип значи - натечени стапала.) Но, детето го пронашол некој овчар кој го однел кај својот господар, кралот на Коринт. Бидејќи тој со жена му немале деца, одлучиле да го задржат и одгледаат. Кога пораснал, Едип отишол во пророчиштето Делфи каде му било кажано дека му е судено да го убие татка си и да се ожени со мајка си. Кога слушнал каква страшна судбина го чека и сакајќи да ја избегне, тој засекогаш го напуштил Коринт. Но, наместо да побегне од судбината тој налетал на неа. Не знаејќи дека му е вистински татко, тој го убива Лај, отишол во Теба, ја решил загатката на сфингата и ја добил како награда кралицата за жена. Тоа била неговата мајка Јокаста. Тие имале четири деца: Етиокле, Полинеик, Антигона и Исмена. Подоцна кога ја откриваат вистината, Јокаста се обесила, а Едип си ги извадил очите со игли. Слеп и осакатен отишол во прогонство.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 01:21
        СОДРЖИНА
(за полесно да се снајдете низ страниве и да не барате нешто што веќе го има прво разгледајте ја содржинава)

1стр-Патриотизам
     Свет во кој живеам
     Линкови за пребарување на семинарски
     Климент и Наум Охридски
     Михаил Шолохов(Хуманата човекова димензија во ликот на Андреј Соколов)
     Чичко Горио : Љубовта со пари не се купува
     Црноризец Храбар
     Јоаким Крчовски
     Кирил Пејчиновиќ
     Данте Алигери и Франческо петрарка- Љубовта во нивните дела
     Обредни песни
     светот и животот денес

2стр-Ликот на Велика
     Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо
     Осамениот Хамлет и неговата упорност да се одмазди
     Оплакувањето на мртвиот јунак во поемите “Крвава кошула” и “Сердарот”
     Споредба меѓу љубовта на Александар и Клеофила и Аксијана и Пор
     Поетскиот збор на Кочо Рацин - Елегии за тебе
     Црно семе- Ликот на Доне,Ликот на Велика
     Константин Миладинов
     Т'ГА ЗА ЈУГ
      Чорбаџи Теодос        - кратка содржина
     Григор Прличев
     Белата долина-Симон Дракул

3стр-
     Големата Вода
     Јордан Хаџи Константинов Џинот-Труд ми е името
     Панонски легенди
     Неспоивоста во карактерот на Татјана и Евгениј Онегин
     ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
     ПЕРЕ ТОШЕВ
     ПЕТАР ПОП АРСОВ
     ДАМЕ ГРУЕВ
     ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
     ЕГЕНИЈ ОНЕГИН
     според делото на Јоаким Крчовски
     Ликот на Неда и Кузман во поемата Сердарот
4стр-Бисеро моме Бисеро-обработка
     просветителството во Македонија
     Чорбаџи Теодос
     “What are your plans 10 years down the road?”состав
     Сердарот
     Споредба на ликивоте Арсо и Глигор во романот Пустина
     Доста Рожденката,Митра-за ликовите
     Охридска книжевна школа
     Пустина од Ѓорѓи Абаџиев
     Кратка содржина на драмата Тартиф од Молиер
     алуминиум
     Ликот на Неда-Сердарот
     ˝ Крпен живот ˝ од Стале Попов
     Данте Алигиери

5стр-ОКСИДИ,КИСЕЛИНИ,ХИДРОКСИДИ
     Земјата на снегот-Јасунари Кавабата
     линк за хемија
     "Еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик
     "Правото да се лаже во хумани цели"
     ,,Писмото го победува времето,,
     Повик На Дивината
     „Слободните деца на Самерхил„
     Чичко Горио
6стр- Ежен де Растињак
      Гавранот
     Повик на дивината
     Македонска крвава свадба
     Гарванот-песна
     Моите желби имаат име-состав
     Вујко Вања
     анализа на ликовите Јон и Велика-Пиреј
     К А Н Ц О Н И Е Р,П Е К О Л О Т
      Дон Кихот, Хамлет,Слободата на ренесансата
     Трубадурите на ренесансата – однос на Данте и
   Петрарка кон идеализираната жена
     Душевната тага на Гилгамеш – вознемиреност и страв
     Победата на љубовта во класицизмот
     Тартиф е вечна составка на човештвото
     Лик од мојата фотографија
     Љубовта ја облагородува и оплеменува човековата душа
     Музиката одраз на човечката душа
      Погледи кон детството
     Пораките на природата
     *ДОБРОТО ОДНЕСУВАЊЕ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД СЕ*
     *ЛИКОТ НА ХАМЛЕТ*
     *КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ*
     *ИЛИЈАДА - ЕПОПЕЈА ЗА ХЕРОЈСКИТЕ ГОЛЕМИНИ*

7стр-"Makedonskata bitova drama megu dvete svetski vojni i nejzini karakteristiki"
       Ви ја откривам смислата на животот
      Злосторство и казна-ликот на Раскољников
      Коле Чашуле -биографија
      Тартиф-Молиер
      Странствувањето на Чајлд Харолд
       “Сид”
      Марта
      линк за семинарски
      "ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА", "ПЕЧАЛБАРИ"
      Зошто да не помогнам, израдувам????
      "Хамлет" од Вилијам Шекспир

8стр-Гилгамеш владател, јунак и човек
      Јунаците во Илијадата – Ахил наспроти Агамемнон
      Смртта на Иван Илич
      Чорбаџи Теодос        - кратка содржина
      ,Слово за празниците" - Кирил Пејчиновиќ
      КРВ, КРВНИ ГРУПИ, ТРАНСФУЗИЈА
      Албатрос-Бодлер
      The notebook
      ЗБОГУМ УЧИЛИШТЕ МОЕ
      Зборникот на Миладиновци
      Григор Прличев
      Панонски легенди
      Константин Миладинов
9стр-Рајко Жинзифов
     мојата идна професија-состав
     романтизмот во Македонија
     Крпен живот
     ЦРНИЛА, Коле Чашуле
     ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА, Ристо Крле
     Пороците во сопствениот живот
     Улица - Славко Јаневски
     линк за додтави и семинарски
     "Страдањата на Младиот Вертер"
     кратка содржина од книгата Чичко Горио
     Клетници
     линк за Смртта во Венеција
     Македонски книги-линк

10стр-ЧОРБАЏИ ТЕОДОС, Васил Иљоски
     ЧЕСТ, Васил Иљоски
     ВЕЈКА НА ВЕТЕРОТ, Коле Чашуле
     ВИТЕЛ, Коле Чашуле
     ПАРАДОКСОТ НА ДИОГЕН, Томе Арсовски,
     ДИВО МЕСО, Горан Стефановски
     „Страданијата на младиот Вертер“
     Гарванот
     Странствувањето на Чајлд Харолд - БАЈРОНИЗМОТ
      Мојата улица-песна
     „Шагринска кожа“
     метали-линк
     анализа на песната ГЛАС од Рајко Жинзифов

11стр-светот во кој живееме-состав
     Сердарот
     хлороводородна киселина
     Вишновата градина
     Странецот - Алберт Ками
       Да се биде Македонец ... Привилегија е ....!!!
     Македонска Крвава Свадба
     Дон Кихот
     Кандид-Волтер
     Тартиф
     Илијада,Едип
     
     
     
     
      
     
     



     
     

Изменето од Andjelina - 02.Март.2011 во 01:23
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.