IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6263646566 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:52
Ликови во Тартиф


Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф.
Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф.
Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.
Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов.


Изменето од Valerija - 06.Март.2013 во 22:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:55
Црно семе- Ликот на Доне

    Барањето на  сопствениот  идентитет и крвавата борба за национално и човечко обезличување,  е изразна тематика и филозофска мисла во многу романи од минатото. И денеска,  ние сеуште  се бориме против отуѓувањето на човекот од неговиот национален идентитет како најжесток и најбрутален атак врз човечката личност воопшто. Човекот без идентитет всушност е подложен на ментално и психолошко разорување, на национално и социјално понижување како и на најмонструозна асимилација.
    Романсиерот Ташко Георгиевски со своето целокупно раскажувачко и романсиерско дело посебно во неговиот роман "Црно семе" ни дава едно потресно сведоштво за насилството, тоа ужасно средство што го создал разулавениот човечки ум, за да  обесчести, обесчовечи и обезличи друг човек само за да му го оспори  идентитетот.  Трагичната одисеја на егејските Македонци по граѓанската војна во Грција е трагичен од до пеколот. "Егеецот" е човек искорнат од својата земја, од својот национален и културен идентитет, од својот сопствен живот и фрлен во бескрајна празнина, во безмерна пустош. Одземена му е соптвенета егзистенција и фрлен како црно семе да 'рти во бездомност, во туѓина, во јабана, во лелек, крик и плач по родното огниште.  Монархистичкиот режим одвојува една "сомнителна " група војници на грчката армија, кои ги смета за комунисти и Македонци, обидувајки се од нив да изнуди признание дека се откажуваат од комунизмот и од својот национален идентитет. Бидејки тие одбиваат ги водат на еден пуст егејски остров, на едно ужасно мачилиште да ги скршат и да ги претворат во лојални поданици на кралот на Грција.
 Неколку офицери, подофицери и војници, своевидни садисти и манијаци, служејки се со монструозни методи на измачување сакаат да ја разорат нивната душа и нивниот ум. Во средина каде се одвива агонијата на човечката деградација, Георгиевски успева да оствари едно човечко трење, неможното да го направи можно.
 Страдалниците на овој роман во вителот на човечкото страдање, во пеколот на ужасниот масакар, се креваат во отпор кон злото, покажувајки големо човечко достоинство бранејки го својот идентитет. Се издигаат неколку впечатливи ликови: Доне,Христо, Марко, Нико и многу други низ кои авторот открива дека човечкото достоинство не може да го скршат никакви насилства, страданија. Доне е војник на кралската војска кој треба да потпиеше изјава дека му е лојален на кралот. Кога тој одбива е прогласен за виновен. Тогаш почнуваат неговите маки И страданија. Подложен е нна разни страданија И  го тераат да потпиеше изјава дека не е  комунист И Македонец. Доне , овој простодушен горд македонски селанец сфаќа дека со својот непокор го продолжува својот идентитет. Знае дека ако како Марко ја потпиеше изјавата ќе биде предавник. Знае дека ништо неможе да го испере срамот на човечкото морално паѓање кога ќе се предаде својата земја, бидејки со тоа се предаваат и сите идни поколенија. За него човекот треба да остане свој, да не си ја расипе душата, да не го потпиеше признанието на предавството, на откажувањето од своето. Смета дека треба стоички да издржИ, да не го обземе чувство на страв.  Несака да размислува за стравот дека нема да се врати во родното село, дека ќе ги остави коските на овој пуст остров. Напротив  се искалува, се челичИ, националноста негова го прави да биде појак, да не ги осудува оние послабите кои попуштаат, кој потпиешуваат изјави.
    Основниот судир кај Георгиевски се крева на ниво на судир меѓу доброто и злото, насилството и отпорот, љубовта и омразата, храброста и страшливоста, подлоста и херојството, темната и светлата страна на животот. Романот "Црно семе" преставува безвременски патоказ на возвишен отпор кон силите на злото, кон силите што се стремат да го понижат човекот кој се бори да го сочува и одбрани својот изворен, национален и човечки идентитет. Овој безвремен патоказ го прави Доне лик кој треба да биде пример, кој треба да се памети И следи. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 21:56
Пиреј-Ликот на Велика


Како сто троскотната трева пиреј е истрајна, неунистива и издрзлива, така е истрајна, издрзлива и неунистива македонската зена.Пирејот е троскот кој колку сакас мозес да го кубис, корнес, но немозес да го униситшс Тој цим ја допре земјата пак се фака, озивува, потерува. Нисто не ја нисти тааа трева.

Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската зена ја споредил токму со пирејот. Оваа зена не се нисти, не се истребува. Таа после сите страданја И маки повторно озивува, потерува, рагја. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите сто сакаат да ја искорнат розбата сто таа ја рага, мува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како и секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност и се мажи со стројници. Се заљубува во убавиот и стоен Јон, се мажи за него и како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижи за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачи, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.

          И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната и семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден,



Изменето од Valerija - 06.Март.2013 во 22:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
tina94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tina94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:03
Благодарам многу
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:46
Poveli i drug pat Tina:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:49


Големата вода - Живко Чинго

Големата вода - Живко Чинго

Роман прераскажан од детска преспектива. Роман за судбината на децата сирачиња, децата оставени сами по војната. Сместени во домот Светлина во кој од никаде не продираше ниту зрак светлина, приморани сами да се грижат за себе. Принудени да се одржуваат во живот само со своите соништа, патувајќи во посакуваните простори, живеејќи еден сон далеку од секој ред и дисциплина што се бара во домот.

Наспрема нив во романот се дадени и возрасните како противници на детските сонови, уништувачи на секоја трошка надеж, на секој светол стремеж за подобар живот. За нив постои само сега, овде, вака и никако поинаку. За нив постои само овој ред, само овие закони, кои тие ги поставија.

Соновите се забранети, забрането е и мечтаењето, сé што отстапува од нивните правила е забрането. Но, и покрај сè тие ќе сонуваат! Ќе сонуваат за подобар живот, за подобар дом, топло дом, чист дом.

Во светот на домот каде што секој со секого се мрази и поткажува, каде владее злобата, омразата, создавањето на карактеристиките, премногу е тешко еден сон да остане чист, недопрен од омразата, едно пријателство да опстане, да доживее остварување на сонот.

Лем својот сон ќе го спознае покрај својот пријател, Кејтеновиот син, дете кое ќе има сила и храброст да му се спротивстави на секого само да го оствари својот сон. Дете кое не знае за тага, за него само смеата е опијат кој ќе го однесе до големата вода, до она по што цело време копнееат, до Сентерлевиот рид, до неговата мајка. За нив двајцата не постојат граници, не постои ѕидот, не постои ништо што не би можеле да го поднесат само да дојдат до неа.

Но за да се стигне таму, на Сентерлевиот рид требаше да се помине целата вода, да се досонува сонот. А секој сон може да биде досонуван само со љубов, само со поддршката од пријателот покрај тебе кој ќе те дигне и тогаш кога нема да можеш самиот да станеш, кој ќе продолжи да сонува и за двајцата, кој ќе те натера повторно да поверуваш дека големата вода и Сентерлевиот рид постојат, и дека само заедно ќе ги освоите. Само заедно и со љубов. Бидејќи не постои сон кој не може да стане реалност, но треба силна верба.

Сонот за слободата на воените сирачиња ќе остане недосонуван, но тоа не значи дека нема да продолжат да сонуваат за неа, за големата вода, за слободата.

Покрај романот на Чинго од 2004 година постои и истиименуван филм во режија и сценарио на Трајков Иво и музика на Кирил Џајковски.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:51
    Големата вода

            Големата вода“ е модерен роман во кој раскажувањето е предадено преку главниот лик, Лем.
            Темата во романот е животот на децата, воени сирачиња, во Домот за сираци Светлост“, веднаш по завршувањето на Втората светска војна.
            Идејата е да се даде остра критика на погрешното сфаќање за начинот на градењето на личноста во Домовите, на погрешниот воспитно-образовен процес во едно постојано и долго чекање да се изградат почовечки, вистински односи меѓу луѓето. Авторот ќе каже: Не запомнав друго место каде толку бргу умира детството“.
            Тоа е роман за вечната борба на човекот со сите мрачни сили кои се обидуваат да го расчовечат, борба на животот со смртта, на светлината со мракот, на големата вода со ѕидот.
            Насловот - големата вода, има симболичко значење и ја означува слободата. Покрај неа се јавува ѕидот, кој ја ограничува таа слобода. Сентерлевиот рид, кој исто така често се јавува како мечта на децата која треба да ја достигнат - ја претставува недостижната слобода.
            Дејството се случува во Дом за воени сирачиња од 1946 до 1949 година.

            Содржина

            Раскажувањето на главниот јунак, Лем, започнува со претсавувањето на неговиот најдобар другар, Исак, Кејтеновиот син. Тој ги најавува убавите моменти поминати со него и гордоста што познавал еден таков човек. Најавува дека ќе раскажува за часовите минати во Домот сè до оној момент кога ќе успеат да стигнат до Сентерлевиот рид. И самиот кажува дека е тоа некој непознат рид, рид од каде се раѓа сонцето, многу стрмен, речиси недостижен, но најпосакуван од сите домски деца. Патот до него е патот до слободата.
            Во продолжение ја опишува првата пролет по ослободувањето и доаѓањето во домот:

Ние бевме една тажна толпа гладни и нечисти деца, бездомни. Лоши, црни малечки гадови, како што не викаа добрите воспитувачи. Уловени по полињата, по шумите, по плевните, по карпите, по големиот снег. Проклет да бидам, ние не се дававме. Сигурно не знаевме дека ќе не носат во дом, под покрив, во кревет, дека  ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да не згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред. Со закон, проклет да бидам.

            Во овие зборови се чувствува многу горчина, многу иронија упатена кон добрите“ воспитувачи и закони што владеат во домот. Лем раскажува и за сопственото фаќање“ за да го однесат во домот. За него се грижел вујко му, Илко Костадиноски, но поради сиромаштијата и под притисок на жена му (златната вујна“ Кола Костадиноска), тој бил принуден да го даде Лем во дом. Само“ седум дена Лем се криел во амбарот да не го земат, но како што вели, потоа сам им се предал, сам тргнува во зандана.
            Во Домот, како на примерно дете, му го доделуваат Кејтеновиот син за другар од стројот и тој треба да одговара за него:

Проклет да бидам, тој како да не беше во стројот, како да не одеше по тој грутчест, трапчест полски пат. Се колнам, тој како да не беше на земја.
Л е т а ш е , божем целото поле, целиот простор беше негов. Проклет да бидам, тој беше далеку од тоа пусто, кално поле, далеку од црната колона несреќни, кротки како јагниња деца.

            Лем е воодушевен од отворениот дух, од полетноста и нескротливоста на Кејтеновиот син. И покрај строгите казни од воспитувачите, особено од Оливера Срезоска и Аритон Јаковлески (татенцето“), тој не се предава, туку го живее сонот за големата вода и Сентерлевиот рид, сонот кој му го пренесува и на Лем.
            Правилата во домот создадени и спроведувани од воспитувачите се немилосрдни. Тоа се ред, дисциплина и казни: рано наутро во строј, подредени, без ниту еден да биде понапред или поназад, погледот устремен право во челото на Аритон Јаковлески (ни погоре ни подолу), смрзнати, голи, со мраз во душата прават утрински вежби за загревање, преку целиот ден послушност, поткажување на непослушните, предавство - а како награда се добива парче хартија со добра карактеристика. Покрај лошиот однос на воспитувачите, ѕидот со кој е опкружен целиот дом, високиот ѕид без ниту едно дупче, е најстрашното нешто за децата, затворени, опкружени со страв, без можност да ѕирнат кон големата вода, кон широчината, кон слободата.
            Аритон Јаковлески бил специјално одреден во домот за деца по негово барање, од љубов кон таа работа. Времето го минувал самотно, без дружба со другите вработени, единствено бил со своето куче Андруша. Тој сè уште одел со војничка униформа, со титовка и црвена петокрака. За него, како војната да не била завршена. Тој имал нови задачи - задачи да ги изведе кутрите душички на прав пат. Во иронија Лем, вели:

Татенцето беше редок во тој поглед, мислеше со рацете. И со десната и со левата, но тој можеше да биде и помисловен, не еднаш се случуваше со двете да проработи. Се разбира тоа при особени случаи, кога беше расположен за шеги.

            Едно такво шегување“ му се случува на Лем и на неговиот другар Исак. Шегата“ започнува со долгото вртење на Аритон околу дрвото и гледање кон нив, па со силен удар глава од глава, па со мислење“ со десната, па со левата рака преку ушите, со мачно испрашување и заканување, со уште една десна и уште една лева, со крв преку лицето, со кутнување на земја. Но, Исак не се предава. И покрај силните удари, тој не паѓа на земја, и покрај болката и преколнувањето од другите деца да падне и така да се спаси, тој не паѓа:

Од тој ден Кејтеновиот син беше л и ч н о с т  во домот. А таков, најблаго речено, не беше пожелен во тоа време. Во домот никој не смееше да има своја волја, свои мисли. Колку тоа ќе се разбереше побргу, толку страдањата беа помали, успехот подобар. Карактеристиката одлична.

            По случката, за казна, Лем е одделен од Исак и на ниедно место не смееле да бидат видени заедно.
            Во продолжение е опишана аудицијата, изборот на таленти, случување кое го разбранувало Домот, според Лем, циркусот на секакви чудни поети, артисти, оперски пејачи, балерини, свирачи. Секое од децата подготвувало своја точка, за да го покаже својот талент. Тоа се среќните мигови во Домот, мигови кои децата посакуваат да траат вечно.
            И покрај забраната, еден ден, Исак доаѓа кај Лем и го води на најскришното и најпосакуваното место. Високо на поткровјето, далеку од сите очи, Исак пронашол отвор од кој се гледала големата вода. Гледајќи ја водата, тие се чувствуваат убаво, ослободено и кај нив повторно се раѓа надежта за слободата. Многу ноќи поминуваат таму, гледајќи во водата и уживајќи.
            Следната поголема работа што се случува во Домот е несреќата со вошките. Нечистотијата и сиромаштијата го направиле своето. Вошките се вовреле насекаде, од спалните до кујната. Чешањето постепено станувало неподносливо, грозно, чешање до крв. Единствен излез од вошките била наредбата за општо и до кожа стрижење. Децата ги носат двајца по двајца до брегот и како јагниња, покорно ги легнуваат под ножиците. Тие денови, бидејќи немало доволно облека, децата остануваат полуголи, во гаќи. Такви истрижени и голи долго време не можеле да се распознаат меѓу себе.
            Строгоста и суровоста на другарката Оливера Срезоска е опишана преку случката на исчезнатите гаќички. Таа повеќе се грижела за девојчињата, но во нејзини раце паѓале и другите деца, кога Аритон Јаковлески ќе смета дека заслужуваат поблага казна. Но, казните на Оливера Срезоска воопшто не биле благи и сите деца се плашеле од неа. Таа постепено станала мајстор за казни, бидејќи обичните, евтините казни повеќе на ја задоволувале.
            Спортските, црвени, крос-гаќички што Оливера ги носела само во специјални прилики, ги снемало. На нејзиниот бес и гнев сите му се тргале од патот. Прво ги построила сите девојчиња во дворот, девојчињата кои најчесто оделе без или со многу износени и искинати гаќи. Откако тие немаат што да и кажат за исчезнатите гаќички, таа темелно ги претресува сите соби и на крајот ги заклучува девојките голи во мијалницата, додека не се решат да и кажат сè што знаат. Машките остануваат покрај ѕидот да се молат за девојчињата кои поради студената и влажна мијалница уште истата пролет проплукале крв. Многу подоцна, некој ги пронашол гаќичките во кујната каде ги употребувале за мивки. Но, Лем не може да и прости, а ја замразува од дното на душата Оливера Срезоска, кога таа не можејќи да го запре смеењето на Кејтеновиот син, го боде со перодршка по целото лице, а потоа и по рацете кои се обидувале да ги засолнат очите. Од присутните на крајот таа добива и поддршка со ракоплескање, а само Лем плаче и вика по своето другарче. Тогаш Кејтен го затвараат во подрумот, а Лем знае дека ако брзо не направи нешто, тој ќе умре. Затоа пишува расказ со кој оди кај единствениот добродушен наставник, Трифун Трифуноски, занесеник по пишувањето, божем да го процени неговиот талент, а всушност да моли за ослободување на другарот. Кога Кејтен го вадат од подрумот, тој е полумртов, уште поосамен, потажен и туѓ. Воопшто не се радува на слободата. Таму со денови одбивал храна и вода и сакал да остане глувците да го изедат:

Кејтеновата болест сосема ме зароби. Не ги видов ниту пролетта, ниту летото, ниту зимата, кога дошле. Чинам заедничка беше таа болест. Проклет да бидам, з а е д н и ч к а. Очевидно, некоја лоша, страшна треска, страв, ја изгоре неговата душа. Целото лице, глава, раце, нозе, насекаде по телцето му беа исфрлани темни, црни, малечки болчиња. Толку векови не го отвори своето светло око. Лежеше во сон, во некој чуден, долг сон. Проклет да бидам, илјада векови траеше неговата болест.
            Спасот дојде од една страна, неочекувано.

            Спасот, всушност е Аритоновата жена, која ретко се појавувала. Таа дошла до неговото креветче и го фатила за рака. Мајчината љубов го излекувала Кејтеновиот син.
            Децата во Домот секојдневно се бореле за добивање на добра карактеристика и како одминувало времето, тие сè повеќе и со сите средства се труделе да се здобијат со карактеристика. Кејтеновиот син, во Домот дошол без карактеристика. Неговото однесување, неговата постојана желба за слобода го прават лош, го обележуваат. Но, по оздравувањето, тој малку се променува, почнува да глуми послушност и да се здобива со позитивни карактеристики. Тоа не му се допаѓа на Лем, зашто знае дека е лажно и лицемерно, а на тој начин и самиот ја губи надежта.
            Потоа, Кејтен учествува во изведба на претставата Ранетиот партизан“, каде го глуми партизанот, а Методија Гришкоски, детето со најдобри карактеристики, се сложува да го глуми бугарскиот фашист, бидејќи така му се пружила можност јавно да го истепа Кејтен. Толку се соживува со улогата, што со чизмата гази врз неговиот врат и зема јаже за да го обеси. Итриот Кејтен, успева со умешност на вистински актер, веќе сериозно повреден, со раскрвавени раце да и се обрати на публиката, надвор од текстот на претставата:

            — Другари умирам. — Да живее слатката слобода. Да живее Револуцијата. Долу тиранијата, смрт на фашистите.

            На оваа реплика Аритон реагира многу бурно, скокнува врз кутриот Методија Гришкоски со вперен револвер. Тогаш се вмешал професорот по географија (Метеорот), кој божем го фатил фашистот за гуша и на тој начин го потсмирил татенцето“.
            Од обична претстава настанала вистинска драма во која најмногу настрадал Методија Гришкоски кому во тој момент му биле избришани сите добри карактеристики. Затоа тој му подготвувал на Кејтеновиот син одмазда и го прател во секој чекор. Тоа се случило зимата, кога децата ги растоварале дрвата. Кејтен земал едно дрво и некаде го скрил. Методија постојано го прател и набљудувал и на крајот напишал реферат во кој го опишал секој чекор од кражбата на дрвото. Пред стројот од децата, по прочитаниот реферат, Кејтен бил повикан да каже сè за својата кражба. Тој негира дека нешто украл, а парчето делкано дрво Аритон му го покажува пред очи, го тепа, го обвинува и го прашува за што му било дрвото. Храбро и дрско, Кејтен упорно кажува дека ништо не украл. По извесно молчење, со наведната глава, тој почнува да плаче, да липа, и едвај земајќи воздух, одговара:

            — Сакав да направам мајка.

            Оваа случка го скршува татенцето“. Тој му го враќа делканото дрвце на Кејтен, сосема омекнувајќи и сфаќајќи ги своите грешки во односот кон овие деца, чија единствена желба е да имаат некој близок, да имаат родители, да имаат мајка.

            Во романот безброј пати е употребена фразата Проклет да бидам“. Авторот на тој начин ни го сугерира проклетството на домскиот живот, проклетството на таквото детство - бездетство. Во ниту еден момент не можеме да избегаме од проклетството, од ужасот, од тешкото чувство на растењето во невозможни услови. Постојано нè притиска сожалувањето, осудата, но и желбата ние да бидеме подобри. Затоа, иако романот е постојано во темни, мрачни расположенија, не предизвикува песимистички чувства.

            Ликови

            Поделбата на ликовите во романот е поделба на деца и на возрасни. Некои деца се во светот на возрасните, како Методија Гришкоски, а некои возрасни се во светот на децата - Трифун Трифуновски.
            Лем е главниот лик во романот, раскажувач на случките и на сопственото детство и растење во Домот. Тој доаѓа во Домот како дванаесетгодишно момче, со завршено само едно одделение. Се потпишувал со Ем, бидејќи не ја сакал и не ја научил буквата л, која го потсетувала на нешто лошо. Единствено образование“ добил од дедо му - богат речник од вулгарни зборови. Неговиот вујко го дава во дом.
            Во неговите очи Домот е зандана, тврдина на злото, мочуриште, пекол, во кој децата се препуштени на милост и немилост на група нечовечни воспитувачи. Наместо Домот да биде заштита, место каде тие ќе се чувствуваат згрижено, каде ќе ги учат и поттикнуваат добрите човекови особини - домот е токму спротивното. Тоа е ѕидина без излез, валкано, вошливо место, а најрозачарувачко е однесувањето на воспитувачите кон кутрите осамени душички. Тие децата ги третираат како гнасни суштества, како нивни непријатели. Им го рушат достоинството, им го расипуваат карактерот, им ја грдат душата. Од ваквите чувства, Лем, а и другите деца се обидуваат да побегнат преку сонот за големата вода, за Сентерлевиот рид - за сè што значи бегство, па макар и во мислите. Сонот, мечтите и желбите не можеле да им бидат одземени од никого, па ни од воспитувачите. Покрај сите црнила на домот, сите преживеалици, уништеното детство, сепак крајот е оптимистички зашто големата вода доаѓа.
            Посебно место во животот на Лем зазема Исак, другарот од стројот, кој му го доделиле да се грижи за него и неговото однесување. Исак, Кејтеновиот син, Лем веднаш го засакува заради неговата добрина и заради способноста со мислите и фантазијата да обезбеди убаво и сигурно место за живеење. Тој ја измислува големата вода и Сентерлевиот рид, го оживува неговиот сон и го пренесува на сите деца. Тој е многу храбар, единствен им се спротивставува на воспитувачите, издржлив, достоинствен. Кејтеновиот син не ја продава својата душа, не се грижи за здобивање со позитивни карактеристики, не може да биде лицемерен како другите. Цврсто стои на своите ставови без разлика во каква неприлика го доведуваат. Со овие особини, тој е веќе изградена личност, возрасен човек. Но, сепак, на крајот, го гледаме како дете на кое му недостига мајката, разнежнет, длабоко чувствителен.
            Наспроти децата, кои се олицетворение на добрината, на чистото и невиното, претставени се возрасните, кои во желбата за себедокажување и неостварени лични соништа се истураат врз она што можат. Меѓу нив, најмногу се истакнуваат другарот Аритон Јаковлески (татенцето) и Оливера Срезоска.
            Аритон Јаковлески, управителот на Домот, како учесник во Револуцијата, се однесува како божем сè уште војната не е завршена. Децата за него се непријателите кои треба да се изведат на вистинскиот пат. Неговиот систем на образование и превоспитување е премногу суров, навредлив, омаловажувачки и често со примена на физичка сила. Без соодветно образование, без искуство во педагошка работа, тој не знае за поинаков начин на воспитување. За среќа, на крајот тој ја сфаќа својата грешка и за него има надеж. Кога ќе им се доближи и кога ќе почне да ги сфаќа децата, тој ќе може вистински да им се посвети и вистински да си ја извршува својата работа.
            Не помалку внимание авторот и посветува на другарката Оливера Срезоска, помошник на управителот на Домот. Таа е типичен лош наставник, применува непедагошки методи и ужива да ги казнува и омаловажува децата. Нејзино најголемо задоволство е да измислува нови казни и да го гледа страшниот ефект од нив. Таа не може и не сака да ги разбере децата. Нејзиниот однос предизвикува само омраза
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:52

Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана)


            Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)е роден во Дојран, но за време на Првата светска војна, неговото семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 година каде се школува, учи гимназија и студира право. Членува во „Македонскиот литературен кружок“ заедно со Вапцаров, Неделковски и други, каде ја започнува својата литературна дејност. 1948 доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот.
            Неговото целокупно литературно творештво му припаѓа на жанрот на историската белетристика. Напишал неколку збирки раскази од кои најпознати му се: „Епопејата на ножот“  и „Последна средба“  и два романа: „Арамиско гнездо“  и „Пустина“


Пустина

            „Пустина“ е историско - психолошки роман.
            Темата е земена од историјата, односно периодот пред Илинденското востание, пролетта 1903.
            Опишани се солунските атентатори - гемиџиите (за нив повеќе на мојот друг блог), поточно внатрешната состојба на двајцата преживеани извршители на акциите - Арсо и Глигор.
            Идеја - секој на свој начин треба да го плати долгот кон татковината.
            Авторот употребува дијалог, монолог - интроспекција (влегување во сопствената внатрешност) и ретроспекција (враќање во минатото).

            Содржина

            Романот е составен од осум глави.

            1. Презир   

            На почетокот од романот се запознаваме со двата главни лика, Арсо и Глигор кои по атентатите се затворени, како и со филозофијата на гемиџиите:

            „На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои не се херои... Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.

            Овие зборови храбро изречени од Глигор, ни го претставуваат како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и со судбината на татковината. Тој стои гордо, предизвикувачки ги гледа сите со своите живи костенливи очи, неговото тело е јадро, косата непокорна и дива. Неговата појава ги дразни сите присутни, а неговиот ироничен говор уште повеќе. Тој им вели:
            „Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца. Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носеви да го сетат лошиот мирис... Само тоа. Што можеме ние друго?“

            За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и само чека да помине целиот циркус (судењето), за конечно да дојде пресудата и смртта која ја ветил.
            Преку судскиот процес кој е во тек, се запознаваме со акциите кои ги извршиле, за  потопувањето на францускиот брод „Викторија“, за разрушувањето на Отоманската банка и со казната што ја добиваат - смрт со бесење.

            2. Реалност 

           Во оваа глава е опишан затворскиот живот и правилата кои владеат таму. Авторот воведува нови ликови : Џемаил - ага - насилник и господар во затворот, кој од сите зема пари за заштита, а оние кои немаат да му дадат, ги убива. Тој може да избега од затворот, но не сака, бидејќи тука сите го почитуваат и се плашат од него за разлика од надвор, каде е презрен. (Тој имал многу жени, но по љубовта со нив, ги убивал и ги фрлал во море.) Патрокле е една од неговите жртви во затворот. Тој бил имотен трговец, кој за да си го зачува животот му дава пари на Џемаил-ага.
            Арсо и Глигор се сосема спротивни ликови и физички и психички. Во затворот, Арсо постојано седи во некој агол, не сака да разговара со никого, се му е здодевно, размислува, се навраќа на минатото, купува хашиш за да се самоубие и едвај чека да дојде судниот час. Глигор, напротив, цело време е во движење, ги запознава сите во затворот, интересни му се туѓите животни приказни, ведар е, полн со живот и изнаоѓа начин да избегаат од затворот, но при бегството тој успева, а Арсо - не.
            Во меѓувреме султанот ги амнестира и наместо смртна казна тие добиваат доживотен затвор.

            3. Распнување 

         Осамениот Арсо живее во минатото, опкружен со звуците од дворот на затворот. Се сеќава на сестра си Анѓа, на родителите кои не ни претпоставувале во што ќе се впушта, на ликовите од прочитаните книги на кои им завидува бидејќи тие ја бараат и ја наоѓаат смислата на своето постоење, за разлика од него.

            4. Карпа 

           Во четвртата глава преку сеќавањата на Арсо се прикажани подготовките на атентатите - копањето тунел од берберницата до банката. При копањето наишле на водоводна цевка која ја совладуваат, па на карпа која речиси не може да се совлада, но Арсо бил посилен и од неа. Тогаш тој бил упорен, силен и истраен.
            Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска љубов кон неа и нејзината женственост и страст кои тој не сакал да ги задоволи за да не ја врзе за себе. (Според Глигор, таа е една обична жена која сака да биде задоволена и е навредена од односот на Арсо кон неа.)

            5. Пак заедно 

         Фатениот Глигор е повторно со Арсо и му раскажува за патешествието низ Сахара, за девојката Смарагда која го лекувала. Раскажува дека во бегството му помогнал чуварот Едип кој бил многу сиромашен и имал несреќна семејна судбина. Синот му бил осуден, а жена му и ќерките болни. Се наоѓал во вистински безизлез, но Глигор со својот оптимизам му помогнал и му ја вратил желбата за живот. Затоа тој го водел низ пустината, но при невреме, во една песочна бура - исчезнал.
            Арсо се разболува, паѓа во бесознание и во своето бладање и халуцинации ги меша неговата девојка Ана и девојката на пустината Смарагда.

            6. Жрепка 

            Оваа глава е сеќавањето на Арсо на атентатот. Тој бил уапсен бидејќи излегол од зградата на банката пред да експлодира, но тоа го направил од хумани причини. Забележал семејство со дете кои не можел да не ги спаси, ги фрлил последните бомби и не успеал да се самоубие.

            7. Во детството 

           Болниот Арсо оди уште подалеку во своите сеќавања - во неговото детство. Тој бил многу добар и примерен ученик, а на една приредба се покажал и како многу надарен. Покрај тоа, му помагал на татка си во дуќанот, но шивачкиот занает не го привлекувал, па го праќаат во Солун да учи.

            8. Излез 

           Последната глава е враќање кон реалноста: Глигор решава да копа тунел од ќелијата за повторно да избегаат. Арсо не сака да учествува, тој е сосема паднат во духот. Со неговата ведрина и оптизимам, Глигор го бодри, му вели дека тој ќе копа, дека задачата на Арсо е само да лежи врз дупката и да стражари, дека тој ќе му помага во се. Но, за Арсо нема бегање - неговиот излез е смртта - она што го ветил на другарите пред атентатите. Затоа на крајот Арсо се обесува оставајќи на ѕидот мал траг од себе: „Тука згасна Арсо во лето 1903“, а Глигор бега преку ископаниот тунел кон француската граница и кон слободата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2013 во 22:57

Пустина - Ѓорѓи Абаџиев


Пустина - Ѓорѓи Абаџиев

Иако Пустина е роман со историска тема, тој е всушност психолошки роман.

Земајќи ја за основа на анализа историската тема на солунските атентатори,чии протагонисти се заколнуваат сите до еден да умрат во името на Македонија, Абаџиев свесно се откажува од акциониот дел на солунските атентатори.

Пустина почнува од часот кога сета акција на уривање е завршена, кога солунските атентатори гинат остварувајќи ја, со чинот на својата егзистенцијална саможртва, заклетвата пред себе и пред Македонија, а единствено според некоја ирационална игра на случајот, остануваа живи двајца од атентаторите.

Пустина е всушност драма на овие двајца што ја имале несреќата да не загинат, кои останале живи, а морале да умрат.

Пустина е драма на Арсо и Глигор, драма на луѓе кои избирајќи ја свесно смртта како во тој даден историски час најсоодветен и највозвишен начин да ѝ се спротивстават на тиранијата и гневот, стојат сега пред една непредвидлива егзистенцијална ситуација која секој од нив од свој сопствен аспект, настојува да ја реши токму низ прашањето: Зошто сме живи?

Kаква смисла има сега животот кој бил завештан на смртта, завештан на македонската слобода?

Одеднаш се покажува пред нив драмското сознание, кое како длабока јанѕа ги нагризува дали сега, по сѐ што се случи, да се живее понатаму, не е предавство? Дали да се остане жив не е веќе злосторнички чин?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Mamacitta Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mamacitta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2013 во 00:00
1Demonskata sila na parite- vo dramata Parite se otepuvacka od R.Krle
2.Tragicnosta na pecalbarstvoto- vo dramata Pecalbari od A.Panov
3.Kostadin sinonim na pecalbalbarstvoto-Pecalbari A.Panov
4.Makedonska krvava svadba-Vodjan Cernodrinski

Ako ima nekoj sostavi za temive ili nesto povrzano so delata ve molam da mi gi pustite vo licna poraka...Falaaa
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2013 во 08:47
            "ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА"

Ристо Крле е драмски писател,кој е роден 1900год,како син на струшки чевлар.
Напишал повеќе драми,но најголем успех имал со драмата Парите се отепувачка.
    Во драмата се раскажува за една случка во с.Аларуп каде родителите не препознавајќи го својот син Ангеле го убиле.
Татко му Митре пред богатството на овој туѓинец кој полн со пари враќајќи се од Америка преноќува во неговиот дом како туѓинец на местото на синот.
Драмското дејство е составено од 5 чина.
Во куќата на Митре и Мара,еден зимски ден имало роднини,пријатели за да го испратат Ангеле на печалба во Америка.
Од Ангеле се очекувало да им помогне на луѓето во сиромаштијата,во подготовките за свадбата на сестра му Кате и кога ќе се врател да се оженел и да оформел семејство.
Имало маси полни со храна,пијалоци,со здравици и благослови го испратиле Ангеле на печалба под турско,илинденско востание.
После 20год во селото,ненајавено се вратил Анеле од печалба во куќата на неговата сестра Кате и ја препознал неговата внука Ана.
Откако разбрале,неговите блиски го прославувале неговото враќање.
Потоа неговата сестра,заедно со него заминала во куќата на нивните родители Митре и Мара.
Остарените родители не го препознале својот син и мислеле дека е туѓинец кој се претставува како Ангеле.
Тогаш почнале да го опишуваат нивниот син Ангеле и го прашале дало го сретнал некаде во Чикаго.
Потоа Ангеле си легнал да се одмори,а неговиот татко Митре сакал да дознае што имало во куферот на туѓинецот.
Кога го отворил куферот,се зачудил бидејќи внатре имало злато.Тогаш ја викнал неговата жена Мара и се договориле да го убијаат туѓинецот,бидејќи сметале дека толкаво богатство неможело да се стекни на чесен начин за 5-6 год.
Тогаш тие го убијале,со секира.
Другиот ден кога неговата ќерка им отишла на гости им кажала дека тоа навистина бил нивниот син Ангеле.
Во тој момент неговата мајка умрела од инфаркт,а неговиот татко се самооубил,се прободил со нож во срцето.


   "ПЕЧАЛБАРИ"

„Печалбари“ е драма во која ни се презентира љубовна приказна меѓу двајца млади(Констадин и Симка) кои се лудо влубени , но припаѓаат на различни сталежи, тој е сиромашен – а таа богата.
Оваа противречност му била потребна на авторот за да го развие драмското дејство. Љубовта ќе биде главен двигател во драмското дејство, но и кочничар во развојот на љубовта меѓу младите. На нивната голема ќе влијаат непишаните правила според кои двајца млади од различни класи не си припаѓаат еден на друг. Панов тука го вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже незадоволството и ќе се постигне бунтот.
Љубовта е таа што двајцата влубени ѓе ги води напред. Но за жал, нивната среќа нема да биде целосна бидејќи посегнувањето по парите и стремежот за исконската печалба трајно ќе уништи едно семејство.
Во оваа драма Панов ги запазува драмските фази и класичното драмско дејство. При преминот од чин во чин, од појавата од појава во појава авторот не води низ дејство за да го доведе читателот до кулминација на случувањата каде зетот заминува на печалба.
Јордан во печалбари е лик кој најмногу ги сака парите. Претставен е како чорбаџија кој е мек на зборови но тврдоглав на дела, среброљубец кој гледа низ призмата на парите. Секогаш бил загрижен за мислењето на другите луѓе, а тоа најмногу се гледа кога ја “продал“ својата ќерка, сметајќи оти таков бил адетот. Но бидејќи Симка се заљубила во сиромашниот Констадин, се договориле да му ја даде ќерка си поставувајќи му услов да замине на печалба, туркајќи го во смрт.
Јордан стапува на сцена во оној момент кога младите очекуваат принова и кога за нив започнуваат новите обврски. Но, тој е бескорисен, не знае да ги покаже чуствата бидејќи за него пред се се парите.
Јордан донесува одлука која ќе ја плати прескапо, можеби не со својот, но се нечиј друг живот. Наспроти ликот на Јордан, стои Констадин, прикажен као млад човек кој има многу напредни сфаќања во споредба со времето во кое живеел. Како бунтовник, со своите постапки сакал да уништи дел од напишаните правила, како што била печалбарската традиција „ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“ Сфајќајќи ги причините за тоа општествено зло, цврство стоел на ставот дека печалбата носи и несреќа и смрт.

Божана, мајка на Констадин, е жена која робува на патријахалните традиции. Таа е жена која останала млада вдовица. Но, сепак знаејќи дека печалбата е несреќа, го наговара синот и тој да биде печалбар. Таа знае како е да се живее без пари, да се одгледува дете без татко, но воедно справува и страмува што ќе рече светот и како ќе излезе пред другите со крената глава. Велејќи му на Констадин дека мора поради Јордан да оди на печалба, Констадин враќа со зборовите: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму во туѓина? Далеку, може дури преку море...На секого си туѓ...Нема со кого збор да промениш, солза да размениш! И не година, не две. Години, години да изврват, скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!... Ако паднам болен дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула дами размени, јорган да ми фрли?... Ех, црна и крвава е нашата печалба, мајко? Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони тамо! Проклет да и е коренот!... И големо има лечко нишан носи од неа за цел век!... Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж – роб! Жена – роб! Син - роб! Ќерка – роб! А мајките, само за солзи се родени!...
Овие се најтажните зборови што ги проговорил некој печалбар во македонската драма. Во овој цитат Констадин ја насетува својата судбина. Можеби Панов намерно ова го направил се со цел да го стави читателот на размислување, каков е животот на печалбарите и низ каков тежок период поминуваат на печалба за да заработат парче леб. Кога Констадин мислел дека ја остварил својата цел, кога со Симка живееле убав живот и чекале принова, иднината ја нарушува Јордан кој доаѓа по своите пари. Нивната средба не е нималку пријатна бидејќи меѓу нив двајца доаѓа до конфликт. И покрај тоа што Констадин го моли Јордана да го остави барем уште една година да се порадува со својот пород, да сети таткова радост, тој немилосрден велејќи дека не е негово да мисли на пелени, туку на пари.
Констадин заминува на печалба, но не по своја желба. (Надвор од селото. Во природата. Големо старо дрво. Планинска патека води на печалбарската чешма. Тоа е место на печалбарската разделба. Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седам, пијам и замислено пеам.

Во наредниот чин Констадин веќе се спрема за на печалба. Се збогува со Симка и со Божана. Прима од нив совети, но и ги прекорува и остава аманет детето што ќе се роди да го носи името на неговиот татко. Испратен е со песна впрочена како што тоа бидува со традицијата. За традиционалното испраќање на печалбарот поканува и моментот кога `рснува тапанот и зурлата, кога се прават и последните адети пред тргнувањето Тука е и размислувањето на Корама Атенас кој најубаво ја пишува тежината на печалбата. “...Разделба е разделба!...И камен на шијата полесно се носи од пустата печалба!“
Четвртиот чин дава најдобра слика на печалба кога веќе Констадин е во Белград. Таму болен од туберкулоза небаре од црна чума. Со пот и мака спечалил парите, но платил со сопствениот живот. Печалбата за него била многу кобна, тој не успева да го издржи товарот на тешката работа, но желбата да го види Коле, неговиот син е поголема од се. Тажи за својата мајка, за Симка. Свесен е дека ја доживува судбината на татка си, кого никогаш и не го видел. Судбината се повторува со него и тој повеќе никогаш нема да се врати дома. Овде смртата е нормална последица. Но дали вреди по секоја цена да се оди на печалба, да се жртвува сопствениот живот и животот на тие што чекаат дома, да се вратат печалбарите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2013 во 08:50

Македонска крвава свадба (раскажана)



Војдан Чернодрински, Софија 1900 година: „Што направив јас? - Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија она што читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот. Крвожедноста на нашите Турци-бегови, готовноста на Македонците да умрат, но верата да не си ја менуваат, а машкоста на Македонецот јуначки да им се одмаздува на оние крвници што ја извалкаа или ќе се обидат да ја извалкаат неговата семејна чест - ете, во тоа главно се состои содржината на пиесата. Успеав ли? Дали точно препишав? - не знам; за тоа нека се искажат г-дата критичари. Ако сум успеал, се радувам, ако пак не, сиот грев го фрлам на оние што можат поубаво да ја извршат оваа работа, која мене не ми беше по силите. Пред себе сум оправдан, зашто не мислев да бидам писател ниту мислам, ниту ќе мислам со тоа да го исплаќам долгот кон мојата поробена татковина. Г - дата критичари, читателите и гледачите, кога ќе ги имаат предвид горните околности, верувам дека ќе бидат снисходливи ќе се зафатат да напишат нешто за нашиот многустрадален живот и ќе ги раздвижат спокојните, лабави струни на македонскиот роб!“

Македонска крвава свадба“ за првпат е поставена на сцена 1900 година. Инспирацијата за пишување на драмата е вистински настан, прочитан во весник.
Според жанрот таа е битово-социјална трагедија.
Темата во драмата е љубовта на двајца млади (Цвета и Спасе), која не може да се оствари заради самоволието на турските владетели (Осман-бег).
Идејата е да се прикаже тешкиот живот на македонскиот народ во последните години на турското владеење.
Композициски драмата е градена класично, во пет чина со: експозиција, заплет, кулминација, перипетија и расплет. Таа е драма на конфликтот.
Како битово-социјална, јасно е дека во драмата е прикажан начинот на живеење на Македонците и нивните обичаи. На нива се пеат жетварски и комитски песни, јазикот е народен испреплетен со народни поговорки, на свадбата се прикажани обичаите на земањето на невестата, исто така проследени со песна. Прикажано е и верувањето во сонови и нивното толкување, како и судирот меѓу доброто и злото.

            Содржина

            1 чин - експозиција
            На почетокот е прикажан тешкиот, кулучки живот на Македонците кои по цел ден работат на нива. Ја претставува и љубовта меѓу жетварката Цвета и овчарот Спасе.
            Мирната работа и љубовната идила ја прекинува доаѓањето на Осман-бег, господарот на чифлигот, со своите вооружени слуги. Тие насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег.

            2 чин - заплет
            Во меѓувреме е прикажан домот на Цвета каде се наоѓаат старите баба Кузманица и дедо Кузман и стрината Митра со нејзините ситни деца. Во куќата доаѓа Турчин кој ја искористува положбата на господар и ги малтретира старците барајќи од нив вечера, а да го служи младата снаа.

            3 чин - кулминација
            Дејството се случува во харемот на Осман-бег. Тој  и ветува на Цвета убав и богат живот ако доброволно се потурчи и остане кај него. Но, таа револтирано го плеснува по образот, бранејќи ја својата чест. Потурчените Македонки, Крста и Петкана, ќе треба да ја убедат Цвета да попушти иако и тие самите не се уверени дека тоа е добро. По нивниот неуспех, Селим-оџа со билки ја замајува свеста на Цвета.
            Под водство на Дуко (братот на Цвета) и Спасе, како и другите роднини и блиски, групата се собира пред сарајот на Осман-бег и протестира за грабнувањето на девојката. Затоа што на тој начин не можат да ја вратат, тие случајот го пријавуваат кај битолските конзули. На нивно барање ја претресуваат куќата на Осман-бег, но тој девојката ја скрил.

            4 чин - перипетија
            Во Битола, во присуство на Цветините блиски и на странските дипломатски претставници се одвива судењето. Цвета, под дејство на наркоза изјавува дека доброволно и од љубов избегала за Осман-бег. Но, во последен момент таа се освестува и ја кажува вистината. Неа ја ослободуваат да се врати дома со родителите, но Осман-бег не може да се помири со поразот и ваквото навредување на неговата суета.

            5 чин - расплет
            Среќните младоженци, со сите обичаи прават свадба мислејќи дека ќе се оствари нивниот сон да бидат заедно. Но, веселбата ја прекинува Осман-бег со неговата придружба. Тој повторна сака да ја грабне Цвета. Осман-бег го убива Дуко и настанува крвав хаос во кој Цвета успева да го убие Осман-бег, а Шефкија ја убива Цвета. Последните зборови во драмата се нејзини : „Умрев, ама Турчинка не станав...“


            Ликови

            Како драма на судирот, сите ликови во драмата се претставени црно-бело, како претставници на едната или другата страна. Од една страна се Македонците, кои иако се поробени, се борат да ја зачуваат честа, името, верата, обичаите, самобитноста и гордоста, а на друга страна се поробувачите на чело со Осман-бег. Значи, сите Македонци се претставени позитивно: како чесни, мирни, достојни, а Турците негативно: како злосторници, насилници, убијци.
            Цвета е млада убава девојка која е принудена да работи на нива поради сиромаштијата. Таа е вљубена во Спасе и сака да ја оствари таа љубов. Иако и се нуди убав и богат живот, таа не сака да го погази своето достоинство и да се продаде. Непокорна е во своето решение, храбра во постапките (му удира шлаканица на силникот), чесна и верна на својата љубов, но и на својот народ и вера. На крајот одбранувајќи ја својата слобода го дава и животот - истрајувајќи на своето - Турчинка не станува!
            Осман-бег е насликан целосно негативно. Тој е неприкосновен господар кој не прифаќа некој да му се спротистави, па дури и поголемите од него (пресудата да ја ослободи Цвета). Тој смета дека е господар на сè - на нивите, ливадите, добитокот, па и на луѓето. Затоа тој ја грабнува Цвета, сметајќи дека треба целосно да му припаѓа, како што му припаѓаат и други македонски девојки во харемот. Тој со сите насилнички средства сака да го добие она што мисли дека е негово. Толку е суетен и осветољубив што оди повторно да ја грабне Цвета.
            Дуко е претставник на помладата и понапредна генерација. Тој не сака да ги пее старите песни, туку новите - комитски. Во себе носи нешто револуционерно, тој е со немирен дух и му се спротивставува на насилникот. Тој ги поведува луѓето да ја бараат правдата за неговата сестра, па дури е подготвен со сила да врати на силата. Сака лично да влезе во сарајот на Осман-бег, да се пресмета со него, да ја ослободи сестра си и на тој начин да ја истера правдата. Неговата решителност, храброст и подготвеност веднаш да реагира  ќе резултира со смрт (Осман-бег прв  ќе го убие него).
            Спасе е сличен на Дуко, подготвен да ја одбрани неговата сакана. Ги мрази насилниците особено зашто се сеќава на смртта на татка си кој е убиен од турски силник. Иако во драмата Дуко е поизразито револуционерен, на крајот Спасе останува жив, го напушта селото и оди во планините за да им се придружи на комитите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2013 во 08:51
Македонска крвава свадба

Македонска крвава свадба

Сте се запрашале ли некогаш колку бил тежок и макотрпен животот на македонскиот народ под турско ропство? Верувајте ова дело најдобро го опишува тоа. „Македонска крвава свадба“ е драма, напишана во пет чина, во која доминира деспотството и фашизмот што Турците го применуваат врз македонскиот народ, особено врз сиромашните.

Жртва на самоволието на Осман Бег, главниот турски војсководец во тоа време, ќе биде и љубовта меѓу Цвета и Спасе. И двајцата се млади, убави, но иако сиромашни и двајцата си ја возвраќаат љубовта. Секој ден од утро до мрак работат, жнеејќи жито на житните полиња на Осман Бег, кој еден ден занесен од убавината на Цвета, ја грабнува од полето, пред очите на сите нејзини најблиски, меѓу кои и Спасе.

Од тој момент Цвета живее како робинка во сарајот на Осман Бег, којшто ја сака за своја жена. Но, Цвета не сака да се потурчи и да се откаже од љубовта кон Спасе. На почетокот е стрплива надевајќи се дека селаните и Спасе, на некој начин ќе успеат да ја ослободат. Тие пак се обраќаат кај битолските конзули, кои свикуваат судење, на кое Цвета треба да ја каже својата волја - дали сака да се врати кај своите или да остане во сарајот на Осман Бег како негова жена. Иако најпрво се плаши, поради заканите на Осман Бег, сепак потоа Цвета ја изразува својата вистинска волја - да се врати кај своите и судот пресудува во нејзина корист, што го разгневува Осман Бег.

Сега навидум сè е исполнето за да конечно тие се венчаат. Но, така не мислеше и Осман Бег, кој беше полн со гнев што не е по негово и постојано се закануваше дека свадбата нема да се реализира. И конечно доаѓа денот на свадбата на Спасе и Цвета. Сите се среќни и применувајќи ги сите свадбарски обичаи ја прославуваат венчавката. Но, тогаш се појавува Осман Бег со своите наоружени луѓе за да ја спречи свадбата. Во настаната збрка, Цвета успева да го убие Осман Бег со неговата кама, но Шефкија пука кон Цвета и смртно ја ранува. Таа нѝ е претставена како жена - херој, која и покрај сè останува на своето и не се потурчува, меѓутоа цената што ја плаќа е превисока - го губи својот живот. Нејзините последни зборови, со кои воедно и завршува драмата, најдобро го отсликуваат тоа: „Умирам ама Туркина, не ќе станам!“

Верувам дека на сите ви се допаднала драмата и ако не сте ја прочитале досега, сигурно сте ја гледале како театарска претстава или пак сте ја погледнале филмската верзија, која малку е изменета на самиот крај, т.е. Осман Бег ја убива Цвета, која се испречува меѓу него и Спасе, а потоа Спасе самиот го убива Осман Бег. Се надевам дека одлично ве потсетив на драмата со апел во најскоро време повторно да ја препрочитате...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
IVVVAD Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 05.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IVVVAD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2013 во 00:39
Дали може некој да ми помогне ми треба есеј за походот игорев, есеј на било која тема
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6263646566 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.