IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6061626364 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
MARIC Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MARIC Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2013 во 13:59
najposle se ajdov vo forumot ajde ako nekoj e dobar vo sostavi ve molam pomagajte blagodaram odnapred
Кон врв
lazarovski95 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lazarovski95 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 01:24
Да не има некој состав за овие .. ми треба за понеделник.

1. Мотиви и инспирации во поезијата на Гане Тодороски
2. Народното творештво како инспирација во поезијата на Блаже Конески
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 01:33
,,,za koj ponedelnik,,,,,,tiki kolku ponedelnici ,,,pominale,,,hm,,,тајм аут
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
lazarovski95 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lazarovski95 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 01:59
вој шо иде... т.е утре
Кон врв
jelena123 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Февруари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај jelena123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 02:00
Доколку ви треба помош за семинарски и проектни задачи пишете ни на facebook http://www.facebook.com/seminarski.proektnizadaci.7?fref=ts
Кон врв
Arsov12 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Arsov12 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 15:28
Дали ќе може некој да ми прати состави околу следниве теми:
-Зависта како негативна човечка особина
-Вредноста на трудот
-Погледите и сфаќањата на животот преку обичаите и празнувањата
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2013 во 15:33
Za tvoreshtvoto na Gane Todorovski mozhete da iskoristite neshto od ova:



gane-todorovski
Гане Тодоровски е еден од великаните на Македонската литература во 20-тиот и 21-от век. Постигнатите научни резултати во областа на Македонистиката, го вбројуваат помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

Импозантното литературно творештво на Тодоровски, критичарите го делат во две главни насоки - во поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката.

Гане Тодоровски спаѓа во редот на највпечатливите ангажирани и остроумни личности во македонската литература, потенцираше  Раде Силјан на  промоцијата на Избраните дела во дест тома од Гане Тодоровски и во оваа прилика за генијалноста на творецот ќе додаде: Неговите стихови извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и со сиот свој сјај (естетски и идеен) проблеснуваат пророчки, секавично. Тежиштетот на неговата поезија е насочено кон повеќе тематски пунктови кои во изразната целост се проткајуваат и се надополнуваат, нудејќи возбудливи слики и силни пораки



Во Македонската литература, Гане Тодоровски заора бразди, обликува препознатлива и широко прифатлива и трпеливо градена поетика, која стана репер за високите естетски вредности. Уметничките дострели на неговите бројни книги го воздигнаа на пиедесталот на една многустрана поетска големина, која може да се именува како национална гордост. Неговите поетски остварувања претставуваат неодминлива лектира во современата македонска литература. Тие се наша реалност, но и наша препознатлива традиција.“

Академик Гане Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година, почина 23 мај 2010.

Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што бил дологодишен професор.

Тодоровски беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на ДПМ.

Тој е автор на импозантно литературно дело во две магистрални насоки: автентично литературно писмо, кое се остварува во доменот на поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката. Академик Тодоровски е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и, истовремено, оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература.

Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна и во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода. Понатаму, овој исклучително плоден поет учествуваше во сите творечки периоди низ кои минуваше македонската поезија, давајќи богат придонес кон нејзиниот развој.

Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик. Неговата дејност на ова поле е ориентирана кон руската поетска школа, англосаксонската, германската, француската, полската и чешката, а кон тоа треба да се додадат и огромен број препеви од литературите на балканскиот книжевен круг.

Еден дел од активностите на поетот литературниот критичар и есеист Тодоровски е сврзан и со историјата. Академик Тодоровски беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век, книжевно-историска област кон која тој целиот свој творечки век беше доследно приврзан. Тој ги толкува делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни фактори и моделатори на нашиот современ литературен израз и на состојбата на нашата современа национална свест.

Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката го вбројуваат академик Гане Тодоровски помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

Со Литературна активност започнува непосредно по ослободувањето, и тоа во „Нова Македонија“, „Пионерски весник“, „Нов ден“ и др. Претежно се занимава со поезија и препеви. Има издадено повеќе збирки поезија. Се занимава и со критика и есеистика. Бил уредник на литературните списанија: „Иднина“, „Современост“, „Културен живот“, „Млада литература“, „Разгледи“ и други. Пишува и филмски сценарија, а дебитира со документарниот филм Проштевање (1963), како ко-сценарист.

Во 1951 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврати (1969-1971 и 1985-1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970-1971) и одговорен уредник на списанието „Млада литература“. Член е на МАНУ.

Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК, а подоцна е назначен за амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

Современиците за Гане Тодоровски

За поетското творештво на академик Гане Тодоровски, Веле Смилевски, истакнува: „Гане Тодоровски е поет на непосредноста. Таа непосредност го чини и поетскиот чин сложен, по многу нешта деликатен, зашто станува збор за простор на кој е потребна крајна прецизност во преточувањето на една реалност во друга, од фактичката животна материја во поетска суштина, во песна која треба во себе да содржи, како што вели поетот: „Многу проценти сегашнина,/ Многу промили од едно становито ЈАС“. Дел од песните на на Гане Тодоровски претставуваат своевидни прилози за духовната биографија на поетот, еден од оние осамени патувачи кон брегот во ноќта без интерпункција. Сега, на почетокот на новиот век, од другата страна на времето во кое останаа повеќедецениските длабоки траги на поетот, можеме да констатираме дека генерациите кои допрва ќе доаѓаат ќе имаат можност под едноставниот наслов „Епитаф“ да прочитаат: „Палавев, пиев, пеев/Зборој сеев-ветрој жнеев!/Најбогатник божем некој/цел се раздадов на веков!“

На препејувачката дејност на академик Тодоровски Ефтим Клетников во својата реч под наслов „Во најгорните возвишенија на препејувачката уметност“ подвлече: „Едно е неоспорно јасно: Гане Тодоровски има најголем препејувачки опус кај нас во севкупната историја на македонскиот препев. Но, не само со голем обем, препевот на Гане Тодоровски се одликува и со врвен квалитет, сместувајќи се во најгорните возвишенија на таа уметност. Во што е тајната, магијата на препевот на Тодоровски. Веројатно најмногу во неговата екстатична страст за овој вид творештво во кое безмалку не постои разлика меѓу сопствената, автентична и препеаната песна. Како и двете да бликаат од исти извор. Гане Тодоровски поседува вродена страст за препевот. Нагон за тој вид израз. Но исто така поседува и јасна свест за него како културолошка и хуманистичка визија, како најубав начин за градење на духовни мостови меѓу народите. Гане Тодоровски е еден од тие неуморни градители на такви мостови“.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
elenaaa91 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elenaaa91 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2013 во 19:36
Здраво ми треба состав на тема:"смртта е среќна,животот срамен"од делото Pustina-Gjorgi Abadziev е темата.
Прво ми треба општо на темата да се пишува и во средината малце да се опиши и за делото од писателов...позз
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2013 во 19:41
Elena,iskoristi neshto od ova:)

Ѓорѓи Абаџиев „Пустина“ (раскажана)


            Ѓорѓи Абаџиев (1910-1963)е роден во Дојран, но за време на Првата светска војна, неговото семејство емигрира прво во Грција, а потоа во Бугарија. Во Софија живее до 1948 година каде се школува, учи гимназија и студира право. Членува во „Македонскиот литературен кружок“ заедно со Вапцаров, Неделковски и други, каде ја започнува својата литературна дејност. 1948 доаѓа во Скопје каде живее до крајот на животот.
            Неговото целокупно литературно творештво му припаѓа на жанрот на историската белетристика. Напишал неколку збирки раскази од кои најпознати му се: „Епопејата на ножот“  и „Последна средба“  и два романа: „Арамиско гнездо“  и „Пустина“


Пустина

            „Пустина“ е историско - психолошки роман.
            Темата е земена од историјата, односно периодот пред Илинденското востание, пролетта 1903.
            Опишани се солунските атентатори - гемиџиите (за нив повеќе на мојот друг блог), поточно внатрешната состојба на двајцата преживеани извршители на акциите - Арсо и Глигор.
            Идеја - секој на свој начин треба да го плати долгот кон татковината.
            Авторот употребува дијалог, монолог - интроспекција (влегување во сопствената внатрешност) и ретроспекција (враќање во минатото).

            Содржина

            Романот е составен од осум глави.

            1. Презир   

            На почетокот од романот се запознаваме со двата главни лика, Арсо и Глигор кои по атентатите се затворени, како и со филозофијата на гемиџиите:

            „На хероите ликот им е чист само кога се мртви. Живите херои не се херои... Ние сме дојдени да не се согласуваме, ние сме создадени да го порекнуваме она што постои“.

            Овие зборови храбро изречени од Глигор, ни го претставуваат како бунтовник, како човек кој не се помирува со својата и со судбината на татковината. Тој стои гордо, предизвикувачки ги гледа сите со своите живи костенливи очи, неговото тело е јадро, косата непокорна и дива. Неговата појава ги дразни сите присутни, а неговиот ироничен говор уште повеќе. Тој им вели:
            „Се уплашивте? Вие сте многу. Ние сме останале само двајца. Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носеви да го сетат лошиот мирис... Само тоа. Што можеме ние друго?“

            За разлика од него, Арсо е тивок, мирен, молчалив и само чека да помине целиот циркус (судењето), за конечно да дојде пресудата и смртта која ја ветил.
            Преку судскиот процес кој е во тек, се запознаваме со акциите кои ги извршиле, за  потопувањето на францускиот брод „Викторија“, за разрушувањето на Отоманската банка и со казната што ја добиваат - смрт со бесење.

            2. Реалност 

           Во оваа глава е опишан затворскиот живот и правилата кои владеат таму. Авторот воведува нови ликови : Џемаил - ага - насилник и господар во затворот, кој од сите зема пари за заштита, а оние кои немаат да му дадат, ги убива. Тој може да избега од затворот, но не сака, бидејќи тука сите го почитуваат и се плашат од него за разлика од надвор, каде е презрен. (Тој имал многу жени, но по љубовта со нив, ги убивал и ги фрлал во море.) Патрокле е една од неговите жртви во затворот. Тој бил имотен трговец, кој за да си го зачува животот му дава пари на Џемаил-ага.
            Арсо и Глигор се сосема спротивни ликови и физички и психички. Во затворот, Арсо постојано седи во некој агол, не сака да разговара со никого, се му е здодевно, размислува, се навраќа на минатото, купува хашиш за да се самоубие и едвај чека да дојде судниот час. Глигор, напротив, цело време е во движење, ги запознава сите во затворот, интересни му се туѓите животни приказни, ведар е, полн со живот и изнаоѓа начин да избегаат од затворот, но при бегството тој успева, а Арсо - не.
            Во меѓувреме султанот ги амнестира и наместо смртна казна тие добиваат доживотен затвор.

            3. Распнување 

         Осамениот Арсо живее во минатото, опкружен со звуците од дворот на затворот. Се сеќава на сестра си Анѓа, на родителите кои не ни претпоставувале во што ќе се впушта, на ликовите од прочитаните книги на кои им завидува бидејќи тие ја бараат и ја наоѓаат смислата на своето постоење, за разлика од него.

            4. Карпа 

           Во четвртата глава преку сеќавањата на Арсо се прикажани подготовките на атентатите - копањето тунел од берберницата до банката. При копањето наишле на водоводна цевка која ја совладуваат, па на карпа која речиси не може да се совлада, но Арсо бил посилен и од неа. Тогаш тој бил упорен, силен и истраен.
            Арсо се сеќава и на својата девојка Ана, неговата платонска љубов кон неа и нејзината женственост и страст кои тој не сакал да ги задоволи за да не ја врзе за себе. (Според Глигор, таа е една обична жена која сака да биде задоволена и е навредена од односот на Арсо кон неа.)

            5. Пак заедно 

         Фатениот Глигор е повторно со Арсо и му раскажува за патешествието низ Сахара, за девојката Смарагда која го лекувала. Раскажува дека во бегството му помогнал чуварот Едип кој бил многу сиромашен и имал несреќна семејна судбина. Синот му бил осуден, а жена му и ќерките болни. Се наоѓал во вистински безизлез, но Глигор со својот оптимизам му помогнал и му ја вратил желбата за живот. Затоа тој го водел низ пустината, но при невреме, во една песочна бура - исчезнал.
            Арсо се разболува, паѓа во бесознание и во своето бладање и халуцинации ги меша неговата девојка Ана и девојката на пустината Смарагда.

            6. Жрепка 

            Оваа глава е сеќавањето на Арсо на атентатот. Тој бил уапсен бидејќи излегол од зградата на банката пред да експлодира, но тоа го направил од хумани причини. Забележал семејство со дете кои не можел да не ги спаси, ги фрлил последните бомби и не успеал да се самоубие.

            7. Во детството 

           Болниот Арсо оди уште подалеку во своите сеќавања - во неговото детство. Тој бил многу добар и примерен ученик, а на една приредба се покажал и како многу надарен. Покрај тоа, му помагал на татка си во дуќанот, но шивачкиот занает не го привлекувал, па го праќаат во Солун да учи.

            8. Излез 

           Последната глава е враќање кон реалноста: Глигор решава да копа тунел од ќелијата за повторно да избегаат. Арсо не сака да учествува, тој е сосема паднат во духот. Со неговата ведрина и оптизимам, Глигор го бодри, му вели дека тој ќе копа, дека задачата на Арсо е само да лежи врз дупката и да стражари, дека тој ќе му помага во се. Но, за Арсо нема бегање - неговиот излез е смртта - она што го ветил на другарите пред атентатите. Затоа на крајот Арсо се обесува оставајќи на ѕидот мал траг од себе: „Тука згасна Арсо во лето 1903“, а Глигор бега преку ископаниот тунел кон француската граница и кон слободата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2013 во 19:46
Eve ushte neshto:

Пустина
започнува со диск*рс кој застапува една наследна наративна „придавка“: постои една состојба на работите, од претходно дејство: Арсо и Глигор, двајцата преживеани од акцијата на солунските атентарори се наоѓаат во затвор; нив ги изведуваат на судење и паралелно со текот на судењето, во ретроспекција се дава текот на акцијата. Пресудата е првото јадро во романот: оние што се бореле за слобода се осудени на смрт со бесење. Втората глава се случува во еден малоазиски затвор.
(..) Тука станува збор за наративна единица од типот на чекање (пресудата ќе се изврши или не), која ќе му послужи на нараторот да исцрта цела една галерија престапници во затворот.
(..) Се трага по смислата на злосторот и од гледна точка на ликовите се обидува да се оправда тој кога е во функција на позитивна антрополошка вредност (револуцијата на Глигор и Арсо).

Конечно крајот на втората глава отвара простор за ново јадро: добиено е ветување од еден човек дека ќе ги изведе Глогора и Арсо од затворот. Се отвара бинарна алтернатива: ликовите или ќе избегаат од казната што ги очекува, или ќе останат во затворот. Сижето се наоѓа пред нова критична точка“; проблемот е во тоа што новото јадро, ветувањето не е само дистрибутивна, ами и интегративна функција која упатува и на вертикално читање: јадрото станува и индиција за моралната состојба на ликот Арсо: „Може ли и каде да се избега од совеста, тој необичен тиранин?“.
Од тоа јадро натаму (бегство = слобода) Арсо и Глигор имаат различни наративни цели: Глигор ја гледа слободата во животот, додека Арсо гледа конечно ослободување во смртта (прави план да се убие). Тоа го носи третото јадро во романот: бегството кое само делумно е успешно – Глигор успева да избега низ отворот на пештерата, а Арсо останува внатре.

Четвртата глава („Пак заедно“) Арсо и Глигор се повторно заедно и тоа отвора можност за нова наративна програма. Арсо е во нов затвор веќе две-три години, кога, еден ден Глигор влегува во неговата ќелија: бегството на Глигор било од „времен“ карактер. Следува ретроспекција: се соопштуваат случките на Глигор со јатакот Едип, потоа љубовната епизода со Арапката Смарагда.

Повторно бегство, Глигор е на излезот, Арсо веќе се има обесено пред излезот, внатре. Паралелизам со претходното дејствие, само што овој пат Арсо одлучува да си го одземе животот и да стави крај, вистински финиш на својата револуционерна приказна.
Тоа повтроно бегство на Глигора на наратот само му служи да го докомплетира ликот на Глигора, да го оправда неговиот витален став кон животот, додека пак, за Арсо, неговата одлучност и поврзаност од животен карактер кон идеалот и целта што ги поставува пред себе.

Пустина е во вистинска смисла на зборот роман на ликот, дури, би можело да се рече дека тој е роман со само еден лик, лик на револуционер во кој остро се јавува моралната дилема: револуција (смрт) или живот (ропство). И Арсо и Глигор сакаат да се слободни, само станува збор за различни интерпретации на еден ист наративен субјект – слободата.

Во разговорот со ладнокрвниот убиец Џемаил-Ага, тој не може да ја сфати смислата на убивањето во револуцијата, па ја поистоветува неа со обичниот злостор. Арсо, за разлика од Глигор кој е активен лик, доживува грозно измачување на совеста, тој е пасивен лики. Дури и кога разговараат за љубовта Арсо (во сеќавањата за Ана) се залага за „духовна“ , а Глигор за „телесна“ љубов. Ана на Арсо е видно интелектуализирана, соучесник во револуцијата и во дебатите на смислата на животот и слободата, додека Смарагда на Глигора е егзотично еротизирана.

Во најголем дел од романот гледната точка е онаа на Арсо (со исклучок на епизодата со судењето во кое на неколку странички се допушта гласот на нараторот да раскажува гледајќи со очите на Глигор, како и некои други помалку важни партии). Нараторот е многу помалку со Глигор, тој дури кога настанува физикално разделување на двата лика се решава за гледната точка на Арсо, а потем, откако Глигор е фатен и вратен, самиот лик раскажува за своите доживувања низ пустината. Значи, нараторот покажува извесна склоност кон гледната точка на Арсо; тоа е оној ефект што Ејтен Сурио, пишувајќи за драмските ситуации го нарече ефект на „симпатичен лик“.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
elenaaa91 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elenaaa91 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2013 во 20:06
Фала

А нешто општо на оваа тема може да ми помогнете
зошто прво ми треба воведен дел да пишувам за темава,а кон средината мал дел да посветам на делово...позз
Кон врв
janat. Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 04.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај janat. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2013 во 21:55
дечки ми треба состав "Белезите на старогрчката драма во трагедијата цар Едип" ве молам некој ако знае да ми даде хитно е :)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2013 во 08:10
Izvadi nekoj biten segment od sledniov post:)


Софокле - „Цар Едип“

Трагедијата е вид драмско дело кое што настанало во античка Грција, а била гледана само од благородниците, поради што била пишувана само во возвишен стил. Во трагедијата се пишува за безгрешни јунаци, чиј живот на почетокот е навидум среќен, имаат се што еден човек може да посака, но на крајот тој станува трагичен, но не по вина на главниот лик, туку по вина на судбината. По гледањето на овој вид драма, гледачот ќе треба да се соочи со чувство на катарза.
Софокле како еден од најистакнатите трагичари на сите времиња, напишал многу драми, меѓу кои и „Цар Едип“, која се смета за совршена трагедија, бидејќи ги содржи сите елементи, а особено е истакнат моментот на трагедија и е прикажан еден трагичен човечки живот. 
Едип, син на кралот Лај и кралицата Јокаста; Според пророштвото, кое на Едипа му било проречено уште пред неговото раѓање, тој го убива татка си и се жени за мајка си. Кралот Лај од страв да не се исполни пророштвото, кога се родило детето, наредил да го однесат на планината Китерон и да го остават таму. Таму го пронашле овчарите на кралот Полиб и го однеле во кралскиот дворец. Кралот Полиб, бидејќи бил бездетен, го одгледал Едип како свое чедо. Како младич, Едип разбрал дека не е син на Полиб и отишол во Делфи со цел да ја дознае вистината за своето потекло. Пророчиштето наместо одговор, му соопштило дека ќе го убие татка си и дека ќе се ожени за мајка си. За да го избегне отстварувањето на пророштвото, Едип не се вратил повеќе во Коринт. Неговиот вистински татко, кралот Лај, вознемируван од дамнешното пророштво дека ќе биде убиен од синот, тргнал кон Делфи за да го праша пророчиштето што се случило со детето оставено на Китерон. На пат кон Делфи, на едно тесно распаќе се сретнува со Едипа кој се враќал од истото место. Помеѓу нив избувнала кавга, и Едип го убива Лаја не знаејќи дека тоа е неговиот татко. Тој го продолжува својот пат. Веќе подолго време, во близината на Теба стоело крилатото чудовиште - Сфинга (Химера=козјо тело, женска глава, змијска опашка), кое на патниците им поставувало една загатка (кое суштество оди на четири нозе, па на две, па на три), и доколку немала повратен одговор, сфингата ги голтала патниците. Граѓаните на Теба, прогласиле дека на оној кој што ќе ја реши загатката ќе му ја дадат кралицата Јокаста за жена а воедно и тронот. Едип кога дошол пред Теба, ја одгатнал загатката на Сфингата, и и го дал одговорот (човек), а таа од мака се фрлила од карпите. Едип се оженил за Јокаста (незнаејќи дека таа е неговата мајка). Откако тој завладеал со Теба, таму завладеале чума и глад. Пророчиштето кажало дека таа несреќа од Теба ќе исчезне тогаш кога ќе се пронајде убиецот на Лај. Едип, незнаејќи дека тоа е самиот тој, наредил да се бара, и го проколнал да биде изгнаник, и никој да не го прима во својот дом. Не знаејќи, тој сам си ја изрекол својата пресуда. Пророкот Тиресиас ја открил големата вистина... Јокаста се обесила во својата соба кога разбрала за лошата вест, особено за инцестот. А Едип ги извадил иглите од нејзината коса и си ги избодел очите, за да не мора да ги гледа своите родители во подземниот свет. Кога се открило дека Едип е убиецот на Лај, неговите синови Етеокле и Полинејк, го симнале татка си од престолот и го заклучиле во одаите на дворецот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2013 во 08:13
I od ovoj text iskoristi neshto:)


Софокле кариерата на драмски автор ја почнал кога имал околу 27 години. Во 468 година се пријавил на натпреварот за најдобро драмско дело и го освоил првото место пред Есхил, кој тогаш бил познат и признат трагичар. Софокле во еден период од својот живот активно учествувал во политичкиот и општествениот живот на Атина. Извесно време бил стратег и учествувал во походот против Самосците. Според зборовите на царот Перикле имал малку дарба за воен стратег, па затоа по Самоската војна(441-439 година) Перикле му доверил дипломатска служба. Во дипломатката мисија бил на островите Хиос и Лезбос. Извесен период бил свештеник на богот Амин(бог на лекарите). Освен што бил пријател на Перикле, одржувал пријателски врски со многу поети и уметници во тоа време. Животот го поминал, главно, во Колон и во Атина, и му бил исполнет со семејна среќа и незначителни успеси. Умрел во 406 година и бил погребан во семејната гробница. Државникот Ликург се погрижил за неговата биста заедно со биститие на Есхил и Еврипид да биде ставена во Атинскиот театар, а драмите да му се препишат и да се чуваат во државниот архив.


Книжевната работа на Софокле опфаќа период од шест децении, во кое време според сведоштвата на некои антички писатели, тој напишал 123 драми. До нас се дојдени само седум. Тие се: „Цар Едип“, „Едип во Колон“, „Антигона“, „Електра“, „Тројанки“, „Ајакс“ и „Филоктет“. Античките митови и ХомероватаИлијада“ се изворите од каде Софокле црпел материјал за своите трагедии. Митот за Едип му послужил како содржина за трилогијата: „Цар Едип“, „Едип во Колон“ и „Антигона“. Според митот, на Едип, синот на тебанскиот цар Лај, претскажувачите му претскажале ужасна судбина. Тие му претскажале на Лај дека синот што ќе му се роди ќе му донесе голема несреќа. Ќе го убие него и ќе се ожени за својата мајка. Лај, за да го ибегне пророштвото кога се родил Едип наредил да го однесат и да го остават на планината Китерон. Едип останал жив и го одгледале туѓи луѓе за кои верувал дека му се татко и мајка. Кога пораснал на една гозба некој пијан гостин му подрекол дека луѓето што ги смета за родители, не му се татко и мајка. Сакајќи да ја дознае вистината, отишол во Делфи кај пророчиштето. Штом слушнал дека ќе го убие татка му и дека ќе се ожени за својата мајка, не се вратил дома за да не се исполни претскажувањето. Но, за жал, никој не може да избега од својата судбина. Се упатил кон Теба и случајно се судрил со Лај на еден крстопат. Во кавгата го убил царот Лај, без да знае дека му е татко. Дошол во Теба, каде со својата бистрина и поникливост ја одгатнал загатката што ја поставила сфингата:

„Двоножно и четириножно оддава еднакви звуци;
а и со три нозе; менува става сал тоа од сите
коишто се движат по земја, во воздух, или, пак, во море;
сепак, додека потпрено на четири нозе оди
тогаш баш телото негово најмала брзина има“.

Одговорот на гатанката што го кажал Едип гласел:

„Злокрила сфинго, музо на Мрија, нерадо макар,
слушни ја мојата реч - тоа ќе биде твој крај:
Загатнуваш човек, којшто, кога се движи по земјата,
прво - во телото слаб, тој четириножник е;
стар пак, се потпира с бастун ко с трета нога да оди,
грпка носејќи на врат, стуткан во старечки грч“.


Точниот одговор на Едип значел крај и за Сфингата, која сама скокнала во бездната, во која претходно ги фрлила сите луѓе што се обиделе да ја одгатнат загатката и не успеале. За награда што го спасил народот од поморот, Едип го добил престолот и раката на царицата Јокаста, вдовица на царот Лај и негова мајка. По повеќе години среќен живот се појавил страшен помор во Теба. Едип сакал да го открие виновникот за гневот на боговите што вака немилосрдно го казниле градот. Кога дознал дека тој е виновникот, дека е таткоубиец и родоскверник, си ги ископал очите, а жена му - мајка Јокаста се обесила.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6061626364 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.