IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111112113
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (4) Благодарам(4)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 21:39
КЛИМЕНТ   И  НАУМ ОХРИДСКИ

Охридскиот крај уште во втората половина на ВИИИ век станал привлечно подрачје за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Со вклучувањето на поголемиот број "склавини" во рамките на бугарската држава, бил прекинат нивниот самостоен развиток.

Во Охридскиот крај христијанството како официјална вера се наложило уште во ИВ век. Градот Лихнид од првата половина на ИВ век постанал дури и седиште со епископ.Со паѓањето на Охридскиот крај под бугарска власт, кнезот Борис и овде го наложил христијанството, затоа што тој сакал и преку црквата да ја зацврсти својата власт. Христинизацијата во Охридско особено се засилила по 864 година кога Борис прифатил грчки свештеници да ги покрстат поданиците на неговата држава.

Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македонија со важна државна мисија. Тој бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа ја опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол. Овие два градови тогаш биле седиште на соборните, односно катедралните цркви. За време на својата учителска дејност Климент имал голем број ученици. Бројот на таквите "избрани" ученици изнесувал околу 3500. Изградувајќи толкав број словенски црковен кадар, Климент за кратко време успеал насекаде во Охридско и низ Македонија да ја воведе словенската богослужба во возобновените и новоизградени цркви. Со таквата своја активност Климент ги удрил темелите на словенската црква во Македонија. По седумгодишна учителска дејност во 893 година Климент бил поставен од новиот бугарски владетел Симеон (893-927) за епископ на Дрембица или Велика. Бугарскиот владетел на местото на Климент за учител го поставил Наум. Неговата учителска дејност главно била насочена во градот Охрид, за што сведочи и манастирот, изграден на самиот брег на Охридското Езеро.

Како учител и епископ Климент заедно со Наума ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Самиот Климент напишал или превел околу 50 дела со што ги зацврстил темелите на македонската и општословенската литература и култура. Благодарејќи на дејноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на ИЏ век израснал во еден од најразвиените и најпознатите средновековни словенски културни центри. Колку Климент и Наум биле поврзани со овој крај говори и фактот што и двајцата по нивната смрт биле погребани во манастирите што самите си ги изградиле на брегот на Охридското Езеро. Наум умрел 910, а Климент 916 година .

Св. Климентовото дело-поука за Велигден и похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот

            Св. Кирил и Методиј на Словените им го дале најсилото оружје во борбата против асимилацијата-азбуката. Нивниот најистакнат ученик, доследен на делото на своите учители, со успех го продолжил нивното дело во ширењето на словенската писменост и култура. Овој ученик, основач на првиот унивирзитет во Охрид и прв словенски писател на патот на писменоста пишувал слова и похвали со кои ги водел верниците кон патот на светлината. Св. Климент во својата просветителска дејност посебно внимание им посветувал на верниците. Со своите дводелни морално-поучни слова ги поучувал верниците да ги почитуваат Божјите заповеди и да ги применуваат во живот,  на основните христијански добрини: вера, надеж и љубов кон Бога и Неговата црква и за прославувањето на празниците.

 Во „Поуката за Велигден“,  во првиот дел почнувајки со зборовите: „ Послушајте возљубени браќа и синови, да ви раскажам за силата и честа на овој ден, во кој нашиот Господ Бог го сотре ѓаволот...“ им го објаснува значењето на овој голем христијански празник. Во вториот дел ги поучува  како да се однесуваат во деновите на пости, во црква и дома. Потоа, на наредните миси со реторски прашања ги прашува за ползата од постите и ги бодри да издржат со зборовите“ Се ближи денот на нашето спасение“. На мисите ги повикува да ги отфрлат: злобата, гневот, срамните мисли,  а да ги возљубат : мирот, кроткоста, постот и чистотата.

Св Климент како писател во своите дела,  посебно место им посветил на своите сакани учители. Во едно од најпоетските и највдахновени творби , химната на љубовта и благодарноста „Похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот“ му  оддава признание на својот учител за неговото големо дело. Похфалното слово се состои од 15 нееднакво  долги строфи. Секоја од нив започнува со „блажени“ и ги опева деловите на телото, усни, очите, лицето... на својот првоуичтел св. Кирил  Филозофот. Со избрани зборови ја опева целата негова личност и завршува со опевањето на неговата смрт. Словото обилува со бројни епитети и споредби, со пофалби и со разни украсни средства. Неговите најсакани изрази за споредба се: сонцето, светлината, зората, зраците и слично, кои му даваат на словото живот, светлина, оптимизам и надеж. Св. Кирил се споредува  со орел кој го прелетал целиот свет, со сонце кое ја озарува вселената. Користи цитати од псалмите:”Благодат се излива од Твојата уста, затоа Бог те благословил довека”. Св Кирил Филозофот е опеан како духовен учител и просветител на словенскиот народ и на целиот свет, апостол во кој  Премудроста Божја создал свој храм.  

„Поуката за Велигден“ и ,„Похфала на нашиот блажен  татко и учител Кирил Филозофот“   се од извонредно значење за историјата, литературата и постоењето на словенските народи. Тие беа, се и ќе бидат најбогатиот извор од кои се црпат податоци за првите словенски просветители,за вербата во Бога и христијанската вера.

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:15
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2008 во 21:16
 Deneska so promenite vo obrazovnite sveri, voveduvanje vrednuvanje na razni aktivnosti neophodna  e pomosh pri ispolnuvanje na mnogu zadaci. Najteshka zadaca na mnogu ucenici/studenti  e snaogjanje so literatura za izvrshuvanje na mnogu proektni aktivnosti . zatoa mnogu cesto kje sretneme baranje za pomosh pri podgotovki za pismeni, odgovaranje za ocena so razrabotka na nekoe literaturno delo, pishuvanje seminarska rabota.  .
Na mislenje sum deka na site ni se potrebni odredeni vekje objaveni linkovi od kade mozeme da crpime pocetni idei, a moze i gotovi pismeni sostavi na razni temi. Ima mnogu, sekoj od nas znae po nekoj. da ne talkame, ajde da pomogneme da gi sobereme na edno mesto.

www.seminarskirad.com
http://seminarski.blog.com.mk
 
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (3) Благодарам(3)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 14:59
Originally posted by zive zive напиша:

zdr.Mi treba sostav za makedonski jazik tema "Svet vo koj Ziveam" ve molam da mi napisete mi za vtora godina.cao



Светот во кој живеам е составен од прости материи и прости луѓе кои остануваат такви без разлика на удобностите и знаењата што ги стекнале. Простотилакот е дел од нашата традиција и грижливо го негуваме кој потоа дава плодови составен од себичност и незаинтересираност за секој оној од кого немаме корист. Склони сме и кон брутална сила кон оние на кои можеме да ја искажеме, но заради осуда од светот ни ја забранија и затоа ја искажуваме на горенаведените начини. Љубовта кон ближниот ја сваќаме како апел за хомосексуалност или перверзија со која тешко се сложуваме и затоа го правиме баш спротивното во знак на протест и несебично гледаме да се замразиме со интензитет во зависност од блискоста со личноста со која сме во интеракција т. е. што ни е поблизок му ставаме поголеми сопки и гледаме што повеќе да му го отежнеме животот за да имаме со кого да се тешиме кога ќе наидат тешки моменти кога мислиме дека цел свет не мрази, а најчесто е така, но охрабрува мислата дека не сме седеле со скрстени раце и .ние некому сме направиле да му биде лошо, ако не и полошо.
Најдобрите од нас во умешноста на простотилакот се најчесто видни личности кои ги има во политиката, шоу бизнисот и економијата. На пример нашите преставници од власта не бираат средства и начини да не вратат кон нашите корени и да ја побијат теоријата за Адам и Ева и не вратат кон одамна заборавените пештери во кои  нашите предци така убаво живееа и се слагаа на едноставни начини така да сега често вршиме пошумување за да си го повратиме заборавениот рај.
Во секој случај нас ни е добро и нема начин да не натераат или излажат да го измениме нашиот начин на живот...
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2008 во 17:06
СВЕТ ВО КОЈ ЖИВЕАМ

Мојот свет, за разлика од светот на моите родители кои воопшто не ми помагаат при учењето, е светот на компјутерите и интернетот. Таму си имам многу другарчиња од кои си барам да ми напишат домашни задачи, состави и.т.н. Како и секогаш, така и овој пат, од нив побарав да ми го напишат овој состав во кој се раскажува за мојата мрзливост ...
Ете гледаш! Јас не сум како ОноА збунетион и ОнаА навивачкана на Вардарнамигнувањеплазењеголема%20насмевка кои само ве зезаат дека сте играле игриплазење Многу знаат тие. Они Вас   А гледаш како чичко Златник се ти кажува? Барем те насочив кон нешто, а ти продолжи понатамуплазењеголема%20насмевка

Р.Ѕ. Живе, а за кога ти е?збунетост голема%20насмевка
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (9) Благодарам(9)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2008 во 08:19

Originally posted by luckyboy luckyboy напиша:

Ми треба состав или концепт како да напишам еден состав на тема „Партиотизам“ .  Ми треба за писмена по македонски јазик и требало да се пишува за македонштината и сл....Фала ....
ПАТРИОТИЗМОТ е љубов кон сопствената држава која се изразува на најразлични начини, а не само со пушка во рака. Еден од тие начини е зачувување, негување и правилна употреба на сопствениот јазик. Затоа почни со сопствениот патриотизам. Внимавај на правописот. Секогаш, пред да испратиш порака, прегледај ја, а потоа испрати ја. Исто така, колку можеш избегнувај странски зборови, како што е во случајов српскиот збор „фала“. Македонски е „благодарам“. Или, има уште еден многу убав стар македонски збор „сполајти“, кој во последно време многу ретко се употребува.Понатаму, бараш помош, но не наведуваш дали си во основно училиште или во средно, бидејќи (сигурно ќе се согласиш), стилот на пишување на деца од тие возрасти многу се разликува.И на крај, што е толку тешко за да неможеш самиот тоа да го сториш? Материјалот кој го учите во редовна настава е доволен да се напише убав состав. Исто така, обиди се да најдеш друга, додатна литература меѓу која и таа од интернет.Или во прашање е нешто друго? Немаш време (за да си бидеш со девојчетонамигнување ) или те мрзи да пишуваш?нека%20ти%20е%20срамсреќа

Изменето од Andjelina - 25.Февруари.2011 во 01:24
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
luckyboy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 285
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (36) Благодарам(36)   Цитирај luckyboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 20:37
Ми треба состав или концепт како да напишам еден состав на тема „Партиотизам“ .  Ми треба за писмена по македонски јазик и требало да се пишува за македонштината и сл....


Фала ....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111112113
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,336 секунди.