IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - За градинките
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За градинките

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 15:37
и што ќе прават сега децава без греење?
ќе понесе ли некој одговорност за тоа?
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 20:09
Во градинка како на крстосница

Без дворови, покрај улици, меѓу високи згради или сместени во станови на неколку ката се условите во кои работат повеќето градинки во земјава. Според правилникот за детски установи, пак, секое дете треба да има најмалку по 15 квадратни метри простор од дворот, а објектите да се изградени на локации заштитена од врева и од издувни гасови. Просториите за играње треба да бидат свртени кон сончевата страна и на секое дете мора да му се овозможи слободен простор од четири квадратни метри. Вакви стандарди пропишува новиот правилник за дејноста на детската градинка, кој го изработи Министерството за труд и социјална политика, а стапи во сила овој месец. Покрај другото, и во игралиштето на објектот за секое дете треба да има доволно простор за играње. Во новиот документ се пропишани правила и за најмалиот детаљ, од тоа со какви материјали да се изработуваат играчките, каква опрема да има во кујните, со што да се поплочат патеките во дворот и колку да бидат загреани просториите за играње. Пропишано е писоарите во градинките да работат на сензори, а градинките треба да воведат системи со кои ќе се заштити прелевање на миризбата од кујните и од тоалетите во другите простории. Родителите, пак, во практика се соочуваат со сосема поинаква слика од пропишаното. Тие што живеат во центарот на поголемите градови најчесто се жалат дека во градинките нема двор каде што децата можат да се истрчаат слободно, а и групите секогаш се поголеми од законски пропишаните. - Градинката во која го носам детето е во зграда, нема двор, а нема ниту парк или зелен простор во близината, па децата не можат да си играат надвор. Поголемите, на возраст од две и повеќе години, пак, мораат секој ден да се качуваат по скали затоа што нивната просторија за играње се наоѓаат на вториот кат, што, исто така, не е во ред. Градинките не треба да се отвораат во згради и“8211; раскажува родител кој го запишал својот син во една градинка во центарот на Скопје. Во ресорното министерство велат дека досега се градело по стандарди кои биле донесени во 1987 година, а единствената нова градинка која во моментот се гради е таа во Ѓорче Петров, која е според најновите нормативи. - Со оглед на фактот дека постојната мрежа на јавни установи за деца е изградена до 1991 година, при изградбата се почитувале важечките стандарди за тој период. Затоа постојните градинки немаат обврска да се приспособуваат според новиот правилник, освен во делот на кадарот бидејќи има потреба од усогласување на бројот на вработените и“8211; велат од Министерството.

ME INTERESIRA DALI KOGA PRAVAT GOSPODAVA OD VREME PRILOG KORISTAT SOODVETNI FOTOGRAFIII....GO SLEDAM SEKOGAS OVOJ NATPIS ZA GRADINKITE I IMAM VPECATOK DEKA NIKOGAS NE KORISTITE SOODVETNI FOTOGRAFII....KOLKU PRILOZI KE NAPISETE KORISTEJKI ODNOSNO ZLOUPOTREBUVAJKI NECIII FOTOGRAFII?


Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 20:12
PATEM KAKVI SAKATE DA BIDAT KOGA UPLATATA ZA EDNO DETE E 1500 DENERI,A ZNAETE DEKA DO SKORO VREME DO PRED DOAGANJETO NA VLAST NA OVAA VLADA NEMASE NI ZA SAJKI PARI A KAMO LI ZA NESTO POSOFISTICIRANO DA RECEME SOLJICKI ZA VO TOALETITE SO SENZORI KOGA NEMA SREDSTVA ZA PLASTICNITE KAPACINJA I CESMICKI DA SE SMENAT , ODGOVOROT BARAJTE GO NA SOODVETNATA ADRESA A PRI TOA VNIMAVAJTE DA NE VI SE SOPPADNE FOTOGRAFIJATA SO NEKOJ OD PRETHODNITE PRILOZI
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 09:13
За тоа што го пружаат градинките,и многу е 1500
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 12:31
...ne e mnogu!..sto se 1500 denari?
....a zabeleziv ima i novi mami vo gradinkite....i toa plavusi...голема%20насмевка
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
ellie_ Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ellie_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 17:59
Iskreno da Vi kazam mnogu me izraduva noviot pravilnik za standardi i normativi vo koi smee i treba da se vrsi vospitno-obrazovna dejnost vo gradinkite.

Bas sakam da vidam koi junaci od privatnicive koi se nashminkani so chicco plastika ili china toys kje aplicira i kje dobie licenca.

Vo pravilnikot jasno pisuva sto treba da imash i da ispolnish za da vrtish biznis t.n. gradinka.

Chest na iskluchoci, od privatnite ama vo Septemvri mnogu "gradinki" nema da se narekuvaat gradinki.

Pozdrav od epten zadovolna mama na dete koe vekje vtora godina odi vo privatna gradinka.
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 12:37
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=53518&kategorija=1
Е иста ваква слика има и во тафталиџе одма до градинката Мајски Цвет само мене не ми текна да сликам!
Срамота!На што личи ова ,сигурно не на една метропола и една држава што сака да оди во Европа!?
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2009 во 09:33
Од згрижувачки се повеке тенденција за претворање во образовни институции.
МТСП ги презентираше стандардите за рано учење и развој кај децата до шест години

Скопје, 16 април (МИА) - Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ денеска ги промовираше стандардите за рано учење и развој кај деца до шест години.

Стандардите се воведени со цел да се поттикнат на учење децата од најрана возраст. Тие се резултат на подготвителен процес на кој преку разменувања на мислење, искуства и истражување две години работеа експерти од тоа поле.

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами во своето обраќање рече дека стандардите се од големо значење за обезбедување на најдобра грижа и поддршка на децата од најмала возраст.

- Во тек е изработка на национална политика на ран детски развој која е насочена кон целосно искористување на капацитетите на градинките, организирање на обука и програми за родители и овозможување на просторни услови за најмаргинализирани групи деца. Таа опфаќа и мобилизација на медиумите во системската и континуирана едукација на родителите, истакна министерот Бајрами.

Истражувањата покажаа дека децата од првите години од животот ги развиваат когнитивните, физичките и социоемоционалните вештини потребни за успешно започнување на формалното образование, но и воопшто за животот.

- Стандардите ќе се користат за зголемување на опфатот на децата со разни форми на рано учење и развој, за подобрување на квалитетот на учењето, односно нови предучилишни програми, мониторирање на достигнувањата кај малите деца итн..., додаде министерот Бајрами.

Тој потенцираше дека ресорното Министерство заедно со единиците на локалната самоуправа ќе ги зголеми инвестициите за раниот детски развој.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 07:00
Проблем со сместување на децата во градинките секогаш имало и ќе има. Многу родители заради ниската цена и заради социјализација на детето иако не работат ги носат децата во градинка.Можеби ова им прави проблем на вработените родители но...

Низ инка во градинка во Аеродром

Општината со над 80.000 жители, во која за само 16 месеци се родиле повеќе од 800 бебиња, има две градинки

Во Аеродром се чека ред за упис во детска градинка. Се фаќаат врски, се прават листи на чекање, а градинките се пребукирани. Општината со над 80.000 жители и со претежно млади брачни двојки има само две градинки - „Бубамара“, со клоновите „Пчелка 1“ и „Пчелка 2“ и „Срничка со клоновите „Калинка“, „Црвенкапа“, „Изворче“, „Бамби“, „Чекорче“.

- Не знам како е можно во државните градинки да нема место за децата. Порано тоа се правеше плански. Се знаеше точно на колку жители колку градинки и колку училишта треба да има. Ова е хаос, се трошат пари за споменици, а за децата нема градинки, срамота - вели Панче Деспотовски, кој живее во најмладата општина.

Според податоците од пописот во 2002 година, на територијата на Аеродром има 72.009 жители. Од општината сметаат оти на нивната територија живеат и над 80.000 жители. Од 1 јануари 2008 до денеска во Аеродром се родиле повеќе од 800 бебиња.

- Имам пријатели со две деца, кои нема кој да им ги чува, а за нив нема место во најблиската градинка. Се мачат како црни ѓаволи, молат баби, дедовци да им се најдат, зашто немаат пари да платат дадилка. Често одат и на боледување за да останат со дечињата, може да ги избркаат од работа - вели Деспотовски.

Во Министерството за труд и социјална работа потврдуваат дека имаат сериозен проблем со недостиг од места за децата по градинките. Спиро Ристовски, заменик-министер за труд и социјална политика, вели дека наскоро ќе почне изградбата на две нови градинки во Аеродром.

- Постојните градинки се преполни. Проблем е тоа што од 1991 година тука не е изградена ниту една нова градинка, а прирастот на населението е голем. Градинките во Аеродром прават листи на чекање, што е недозволиво. Во една група треба да има најмногу 20 деца, но практиката покажува дека има групи и со двојно повеќе дечиња. Изградбата на две-три градинки би ги задоволило потребите. Едната поголема градинка треба да биде во Реонскиот центар, а втората во Мичурин, но прво треба да се донесат урбанистичките планови - вели Ристовски. Градоначалникот Ивица Коневски вели дека најдоцна за три месеци очекува да се донесат детаљните планови и оти веднаш потоа ќе почнат подготовките за изградба на градинките. По барање на родителите, градинките може да бидат и билингвални, односно децата да учат и на друг јазик освен македонскиот - вели Коневски.

Цената останува 1.500 денари

Директорките во двете детски градинки „Бубамара“ и „Срничка“ потврдуваат дека чуваат повеќе деца од стандардите, имајќи го предвид капацитетот на објектите. Убавка Шивачева, директорка во градинката „Бубамара“, вели дека се преплавени.Во градинката „Срничка“ во моментов се запишани 1.240 деца, од кои 342 се бебиња.

- Има и такви што се на листа на чекање. На општината реално и' се потребни повеќе градинки - вели директорката на „Срничка“, Тодорка Грпчевска. Директорките на градинките сметаат дека и цената од 1.500 денари не е доволна за потребите на градинката и бараат да се зголеми сумата. Но, од Министерството за труд и социјала велат дека нема да ја покачат цената. Ние ја гледаме реалната слика за стандардот на граѓаните во Македонија. Не тврдам дека тоа е најдобрата цена, но моментов не е погоден за каква било корекција - вели заменик-министерот.

Децата на листи на Чекање

При уписите на децата во градинка надлежното министерство е должно да одговори на секое барање, без разлика дали родителите на деца се вработени или не и колкави се нивните примања.

- Немаме посебни правилници за тоа кои деца и од кави социјални средини имаат или немаат предност. Сите деца при упис во градинка се рамноправни. Токму од овие причини ние мора да се ангажираме и да изградиме уште градинки.Имаме реален проблем - недостиг од простор. Правиме и нов правилник на стандарди за градинките. Даваме можност да се отвораат вакви установи по принципот на јавно приватно партнерство. Правилникот е готов, треба уште да биде одобрен од Владата - објаснува Ристовски.

Директорката на градинката „Срничка“ потврдува дека уште сега прават листи на чекање за деца што треба наесен да тргнат во градинка. Грпчевска вели дека листите ги прават оти имаат неверојатна побарувачка за место во градинките и оти на овој начин родителите што се пријавуваат порано, имаат поголеми шанси да си го запишат детето во градинката. Таа додава дека имаат доволно воспитувачи и оти децата од ниту еден аспект не ја чувствуваат пренатрупаноста.

- Мојата ќерка има три години. Со врски ја запишав во градинката, но сега гледам дека згрешив. Таа е труматизирана. Проблемот не е во вработените. Тие сакаат да помогнат, но реално немаат време оти имаат премногу деца на грб. Воспитачките се искрени, ми кажуваат што се случува, но тоа не е оправдување - вели една мајка што го носи детето во градинката „Срничка“. Во Законот за заштита на децата се направени дополнувања и се поставени нормативи и стандарди кои приватните градинки треба да ги исполнуваат за да влезат во евиденцијата на Министерството, а со тоа да ги следат прописите што важат и за државните градинки.

Марија ТАсев


Кон врв
elektro Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 07.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 81
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elektro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 23:38
ooh bre o malive gi ceka tezok pat :(
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2009 во 18:54
Nekoi gradinki se zalat na prekubrojnost, golemi grupi deca, nemanje mesto za priem na novi deca a drugi kuburat so deca.
Родителите ги бојкотираат градинките
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 07:57
Една акција која можеби е добра ама која предизвикува скепса и недоверба. Времето ке покаже колку се во право и дали е ова уште еден експеримент со најмалите.
Во градинките млеко со флуор
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.