IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Бермудски триаголник
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бермудски триаголник

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
Автор
Порака
Војо Ушевски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 149
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Војо Ушевски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 20:05
Originally posted by NiNa1 NiNa1 напиша:

Vo posledno vreme za bermudskiot trijagolnik davaat filmovi, pisuva na net sajtovi i kazuvaat na vesti. Bermudskiot trijagolnik velat deka go ima vo atlatnskiot okean kako morska struja sto progoltuva brodovi, a isto negde go ima kako  vo vozduhot i moze da progolta se sto ima na planetava zemja. Pa ajde nesto da se napise i za ova.
Јас ако може да дадам малку мое видување или мала анализа ама јас сум малку прос човек па дали ќе ме разберат.Ако подарениот живот на све што се движи или мрда како што викаат е господова или за нас не позната работа,и по добро да је оти ќе најдеме триста маани и на тоа.Е сега ,ние можеме таквите работи да ги оквалификуваме како машини но зошто и како нели рековме околу тоа нека биде мистерија.А веќе појавата на БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК И НЕШТО ТАКВО ВО ВОЗДУХОТ може малку човечкиот разум за тоа да даде некое објаснување,значи штом ти за нешто се трудиш да објасниш т.с.човештвото одма мора да го уврсти во машинството,и тогаш што-требе да се работи.Тоа е физички процес со природна машина,позната е и процесот но ај друг пат за и околу тоа.ПОЗДРАВ

Изменето од Војо Ушевски - 28.Јуни.2009 во 20:07
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 13:28

ImageРаб на изгубениот свет, триаголник на смртта, гробишта на  Атлантикот, Зона на самракот, ѓаволски триаголник, бермудски триаголник – сите  овие се називи за имагинарно подрачје на Атлантикот, со кои се врзуваат  мистериозни приказни за необјасниви исчезнувања на бродови, луѓе и авиони,  необични светла, водени вртлози и слични појави.

 

 

 

 

Image 

Станува збор за подрачје во Атлантикот, Сан Јуан во Порторико на Карибите, Форт Лаудердал на Мајами и Бермудските острови го сочинуваат „ѓаволскиот триаголник“.

Зависно од изворите, во бермудскиот триаголник од времето на  Кристофер Колумбо до денес се случиле од 200 до 1.000 несреќи. Хауард Росенберг, писател заинтересиран од тајните на триаголникот, во текот на 1973 година во своите истражувања собрал податоци за 8.000 повикувања за помош до американската крајбрежна стража, како и податок дека во ова столетие, „ѓаволскиот триаголник“ без трага однел повеќе од 50 бродови и авиони.

Бизарните случувања забележани на ова подрачје датираат уште од времето кога Колумбо допловил во близина на брегот на Средна Америка. И самиот Колумбо бил сведок на необични случувања во Триаголникот: при првата пловидба на неговиот брод Нина, Пинта и Санта Марија, во 1942 година компасот полудел, а Колумбо и екипажот виделе чудни светла на небото, за што постојат записи во бродскиот дневник.

Таинствените трагедии во бермудскиот триаголник дополнително се припишани и на откритието на бродот Мери Целеста: бродот во 1872 година исчезнал, па потоа е најден напуштен сред море, околу 400 милји надвор од к*рсот Њујорк – Женева по кој пловел пред да исчезне. Немало трага за десетмината членови на екипажот.

 

Исчезнување на „Летот 19“

Најпознатото, пак, случување врзано со бермудскиот триаголник, од кое всушност и започнува модерната легенда, е исчезнувањето на „летот 19“. Тоа се случило на 5-ти декември 1945 година кога пет морнарски бомбардери мистериозно исчезнале на рутинска задача, а исчезнал и авионот испратен за нивна потрага. Вкупно без трага останале 27 луѓе.

Ова подрачје како бермудски триаголник го „крстил“ Винсент Гадис во натписот „Смртоносниот бермудски триаголник“, што во 1964 година го објавил во Аргоса.

 Image

Интересирањето за феноменот за подрачјето од кое без трага се исчезнува е вистинска еуфорија, кога Чарлс Берлитц во 1974 година го објавил бестселерот Бермудски триаголник. За подгревањето на еуфоријата многу придонеле и мас-медиумите.

И денес, бермудскиот триаголник интригира со своите тајни, но скептиците се сè повеќе гласни: нивната теорија е дека е права мистерија како бермудскиот триаголник воопшто станал мистерија. Таинственото и необјаснивото за луѓето отсекогаш било привлечно и интересно, а со таинственоста, чудата и мистериите никако не одат рационалните објаснувања. Но, всушност такви се објаснувањата кои ги даваат скептиците. Што се однесува до Колумбо, според податоците од неговиот бродски дневник, тој полудениот компас го објаснува како отстапување помеѓу географскиот и магнетскиот северен пол. Светлата кои ги опишал како „големи огнени топки“ најверојатно биле метеори.

 

Светско проклетство!?

Пронаоѓањето на бродот Мери Целеста без екипаж исто така може да се објасни: на бродот не е пронајден ниту еден појас за спасување, што наведува да се помисли дека морнарите го напуштиле бродот за време на олујата мислејќи дека бродот нема да издржи. Но, она што најмногу оддалечува од мистерија е фактот дека овој брод е пронајден далеку од бермудскиот триаголник , дури и во близина на крајбрежјето на Португалија.

Различни извори, имено, различно ја одредуваат големината на бермудскиот триаголник: тие варираат од 500.000 квадратни милји до трипати поголемо подрачје. Имагинацијата на некои автори во триаголникот ги вклучуваат и Азорските острови и мексиканскиот залив. Му се припишуваат и несреќите кои се случувале на крајбрежјето на Ирска, на Пацификот и Индискиот океан. Така, триаголникот би можела да се нарече не бермудски, туку „светско морско проклетство“, предупредуваат „реалистите“.

Оние кои тврдат дека фактите не ја поддржуваат легендата, даваат објаснување и за случувањата врзани со „летот 19“: екипажот на сите пет авиони го сочинувале неискусни приправници, изоставајќи го водачот на патролата, поручникот  Чарлс Тејлор, кој тој ден немал желба да лета, па дури сакал и мисијата да му ја препушти на друг. Иако многу брзо увидел дека компасот не функционира, летот го продолжил на слепо, осврнувајќи се на навигацијата спрема земските ориентири. Но, надошле грмотевици, Тејлор бил дезиорентиран и покрај предупредувањата на приправникот дека „запад е на другата страна“, како и не префрлајќи ја врската на чиста радиска фрекфенција, екипажот го одвел на погрешна страна, далеку на Атлантикот. Притоа, им снемало и гориво. Поради тоа, противниците на теориите за чудата во триаголникот, говорат дека „единствена мистериозна сила била силата на гравитацијата која делувала на авионот без гориво“. Вистина е дека не се нашол ни најмал доказ за ниеден авион, но ако поручникот навистина ги однел далеку на Атлантикот, најверојатно паднале на подрачје каде што океанот брзо се полавил.

Внатре во бермудскиот триаголник лежи, всушност, девет илјади длабока порториканска дупка, најдлабока точка на Атлантикот, а авионите и бродовите кои таму потонуваат ретко можат повторно да се видат.

Image 

 

Застанати часови

Што се однесува на „мартин маринер“, авионот пратен во потрага, за кој многумина мислат дека исчезнал во бермудскиот триаголник, навистина не се вратил: експлодирал набрзо по полетувањето, што не било необично бидејќи „маринерите“ биле познати по неисправните резервоари за гориво.

Од друга страна, повторно, има многу случувања кои се случиле во бермудскиот триаголник за кои навистина е тешко да се најде какво било разумно објаснување. Во тоа спаѓа, меѓу останатото, случајот на патничкиот лет на националниот авиопревозник 727 кој на 10 минути исчезнал од радарските екрани на мајамискиот меѓународен аеродром. По доаѓањето, екипажот одрекувал дека што било се случило, освен што „десет минути летале низ лесна магла“. Меѓутоа, сите саати во авионот доцнеле десет минути, иако ги провериле од аеродромот непосредно пред необјаснетите десет минути „поминување низ лесна магла“.

Уште неколку пилоти имале слични искуства со промената на времето по поминувањето низ ненадејна магла, што нормално ја крева цената на објаснувањата  кои не се рационални, но можеби и подобро ја објаснуваат мистеријата на бермудскиот триаголник дури и ако се спротивни на природните закони на физиката. Такво објаснување е на пример она за аберантните енергетски полиња кои креираат временски дупки.

Уште еден случај кој ја поддржува оваа теорија е оној на помалку среќниот пилот по име Керолин Цасицо и нејзините патници. Керолин, пилот со лиценца, полетала со чартер лет до островот Турк во бермудскиот триаголник. Кога се приближила на островот, персоналот на земјата видел како нејзиниот авион бесцелно кружи. Радиооператорот на аеродромот не добивал одговори на обидите за радиоконтакт, но ги слушнал зборовите кои таа ги разменила со патникот: Не разбирам! Ова би требало да биде Grand Turk, но долу нема ништо. Право е местото на мапата, обликот е прав, но овој остров изгледа како ненаселен: нема згради, нема патишта, ништо! По неколку кругови, се свртела и одлетала. Керолин и нејзиниот патник веќе не се видени. Лошо време? Временска дупка? Киднапирање од вонземјани? Многу теории се обидуваат да ги објаснат случувањата на бермудскиот триаголник.

Image 

 

Што е вистина!?

Вонземјаните, делување на кристалите од Атлантида, лоши луѓе со антигравитациски уреди и други чудни технологии, како и вртлози од четврта димензија, теориите се омилени меѓу писателите на фантастика.

Меѓу технолошки ориентираните, пак, омилени се теориите за магнетските полиња за океанските флатуленции, односно метански гас од дното на океанот.

Меѓу скептиците се движат теориите за времето (бури, урагани, цунами, земјотреси), лоша среќа, гусари, експлозија на товари, неспособност на навигаторот, како и останати природни и човечки причини.

Бројот на бродоломи, кажуваат приврзаниците на реалистични објаснувања, на ова подрачје не е необичен кога ќе се спореди со големината на подрачјето, сместувањето и густината на прометот. Многу бродови и авиони, освен тоа, кои се водат како мистериозно исчезнати во бермудскиот триаголник, воопшто не биле во ова подрачје.

Image 

 

Најпознати несреќи во бермудскиот триаголник

Бермудскиот триаголник од 1945 година „проголтал“ неколку стотини авиони и бродови, како и повеќе од 1.000 луѓе. Покрај најпознатото исчезнување, она на „летот 19“ од 1945 година, несреќи кои предизвикале најмногу интересирање кај јавноста се:

  • 1918 година – броодот USS Cyclops исчезнал заедно со 300 луѓе на патувањето од Барбадос до Балтимор
  • 1941 година – бродовите Протеус и Нереус исчезнале на одвоени патувања од Девојачките острови во САД
  • 1947 година – воениот Ц-45, исчезнал 100 милји од Бермуди
  • 1948 година – четиримоторниот Тудор 4 е изгубен со 31 жртва
  • 1948 година – ДЦ – 3 е изгубен со 32 патника и екипаж
  • 1949 година – исчезнува вториот Тудор 4
  • 1950 година – американскиот товарен брод СС Сандра, 350стапки долг, потонал без трага
  • 1952 година – британскиот транспортен авион јорк е изгубен со 33 луѓе
  • 1954 година – Lockheed constellation на американската морнарица исчезнал со 42 луѓе
  • 1956 година  - хидроавионот Мартин П5М на американската морнарица исчезнал со 10 членови на екипажот
  • 1962 година – КБ – 50, танкер авион на американските зрачни сили – изгубен
  • 1963 година -  Marine Sulphur Queen, 425 стапки долг товарен брод, исчезнал со комплетниот екипаж. Никогаш не побарале помош, ниту е пронајден каков било остаток од бродот
  • 1963 година – два големи стратотанкери на американските воздушни сили исчезнуваат на едноставна вежба
  • 1967 година – воениот YC-122 претворен во товарен авион – изгубен
  • 1970 година – францускиот товарен брод Милтон Јатридес исчезнал
  • 1972 година – гермаснкиот теретен брод Анита, 20.000 тони, исчезнал со 32 члена екипаж

 

Последно исчезнување

Во јуни 1997 година на подрачјето на бермудскиот триаголник британската флота пронашла напуштена јахта.  Јахтата, како што се покажало подоцна, му припаѓала на Ралф Шилинг и на неговата сопруга, германски пар чие исчезнување е пријавено 10 месеци потоа. Работниците во британската флота забележале чуден изглед на јахтата: била без едро, јажињата виселе, а внатре е пронајдена облека, полни пепелници и отворена книга која изгледала како некој да ја оставил само за момент.

Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 13:08
ова баш ме интересира, и многу сум читала околу тоа.незнам која причина за сето ова, мене ми е прифатлива, ама дефинитивно некогаш би сакала да поминам оттаму да видам што се случува
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2010 во 19:24
Eve ja tajnata sto se krie tamu, samo mene mi tekna среќа


Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 14:35
Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?

Бермудскиот триаголник не е опседнат со вонземјани и космички сили, туку местото има вишок на гас, односно метан.
 
Професорот Џозеф Морган и студентот Дејвид Меј од Универзитетот Монаш во Австралија, на основа на океанографското истражување откриле дека на подрачјето на брегот помеѓу Порторико и југоисточните брегови на Мајами и Бермуда има голема количина на метан и траги од ерупции. На споменатото подрачје често има ерупции од метан кои по тектонското пореметување излегуваат од пукнатините и на морското дно предозвикуваат меури кои се шират на морската површина.

Морган и Меј тврдат дека големите меури при излегувањето на морската површина може да превртат големи бродови, а истиот гас може да навлезе во моторите на авионите и да предизвика нивно рушење.

Во текот на шеесетите години од минатиот век, истражувачот Иван Т. Сандерсон ги забележал сите места во светот каде исчезнуваат бродови и авиони. Покрај Бермудскиот триаголник, мистериозни се и одредени делови на Јапонското и Северното море. На истите места на морското дно биле пронадени траги од метан хидрат и траги на ерупција со што се потврдува тезата на Морган и Меј.





p.s.Prevzemeno od makedonski sajt

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 17:56
gotovo znachi!

sega brodovite mozat na raat da si propagjaat i avinite da si pagjaat,.

..se e jasno !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 23:42
пу ј‘зк ... не биле вонземјани во прашање тага
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 23:51
shteta,..navistina!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 02:17
Originally posted by Mindy Mindy напиша:

Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник?

Бермудскиот триаголник не е опседнат со вонземјани и космички сили, туку местото има вишок на гас, односно метан.
 
Професорот Џозеф Морган и студентот Дејвид Меј од Универзитетот Монаш во Австралија, на основа на океанографското истражување откриле дека на подрачјето на брегот помеѓу Порторико и југоисточните брегови на Мајами и Бермуда има голема количина на метан и траги од ерупции. На споменатото подрачје често има ерупции од метан кои по тектонското пореметување излегуваат од пукнатините и на морското дно предозвикуваат меури кои се шират на морската површина.

Морган и Меј тврдат дека големите меури при излегувањето на морската површина може да превртат големи бродови, а истиот гас може да навлезе во моторите на авионите и да предизвика нивно рушење.

Во текот на шеесетите години од минатиот век, истражувачот Иван Т. Сандерсон ги забележал сите места во светот каде исчезнуваат бродови и авиони. Покрај Бермудскиот триаголник, мистериозни се и одредени делови на Јапонското и Северното море. На истите места на морското дно биле пронадени траги од метан хидрат и траги на ерупција со што се потврдува тезата на Морган и Меј.





p.s.Prevzemeno od makedonski sajt



ГОТОВО?!? изненадување
... па време беше голема%20насмевка
..Живеам за да умрам..!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2010 во 02:28
shto i da e,...nishto ...nadnaravno!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2012 во 15:15

Џиновска пирамида пронајдена кај Бермудскиот триаголник на длабочина од 2.000 метри

Американски и француски научници со помош на сонарни истражувања откриле необична подводна пирамида на длабочина од 2.000 метри во Бермудскиот триаголник. Пирамидата во нејзината основа е долга 300 метри, а широка 200 метри. Од основата до врвот на пирамидата има околу 100 метри. Првичните резултати покажале дека оваа структура има перфектно мазна површина, па се претпоставува дека е направена од стакло или некој материјал сличен на стакло- кристал.

Џиновска пирамида пронајдена кај Бермудскиот триаголник на длабочина од 2.000 метри
Истражувањата покажале дека пирамидата е три пати поголема од древните пирамиди во Египет, а на врвот има две големи дупки низ кои морската вода влегува со голема брзина, па поради тоа, научниците претпоставуваат дека се создавале големи бранови и вртлози на површината на морето. Ова ново откритие ги зачуди останатите светски научници кои сега се обидуваат да разјаснат дали пирамидата е причина за мистериозните исчезнувања на бродовите во овој дел од светот.

Некои западни научници претпоставуваат дека пирамидата која лежи на морското дно, можно е првично да била направена на копно, но разурнувачки земјотрес ја променил структурата на земјата и таа потонала на морското дно. Други научници пак, сметаат дека Бермудскиот триаголник пред неколку илјади години бил еден од местата каде што се одвивале главните активности на луѓето од Атлантида.

Според Келвин Џонс од државниот оддел за историски ресурси во Флорида, ова џиновско археолошко откритие најверојатно е изградено меѓу 10.000 година п.н.е. и 6.000 година п.н.е. кога тој дел од земјината кора не бил покриен со вода. Со неговата претпоставка се согласуваат и најголемиот број археолози од Флорида.


Ајде да видиме и од оваа работа на крај што ќе излезе...И упс за малку ќе заборавев да пренесам што всушност изјавил горецитираниот Келвин Џонс...


"It doesn`t sound too real to me," said Calvin Jones of the Florida state Division of Historical Resources.  " I'm always open minded because we`re always learning new things. But the idea of a pyramid structure, let alone one made of glass, under more than 10 feet of water -- the chances are about one in a million."

Jones said if it is a genuine archaeological find, the pyramid would have to have been built between 10,000 B.C. and 6,000 B.C., when the continental shelf was not covered by water, said Chisholm.

You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2014 во 17:00

Откриена вистината за Бермудскиот триаголник

Во последните неколку векови, исчезнувањето на бродовите и авионите на територијата помеѓу Флорида, Пуерто Рико и островот Бермуда се сметаше како резултат на мистерија, виша сила или паранормални појави.

И покрај тоа што постојат докази и статистики по кои бројот на исчезнати во областа на Бермудскиот триаголник не се разликува толку многу со исчезнати лица во целиот океан, факт е дека многу околности останаа нерешени, па токму поради тоа овој триаголник стана синоним за Ѓаволски триаголник.

Лошата репутација за овој триаголник започна уште во 1492 година, кога Кристофер Колумбо забележал чудни навигации на својот компас. Неколку дена подоцна, тој видел необична светлина, која го вознемирила екипажот на бродот и токму поради тоа сакале да се вратат во Шпанија.

Во 1970 година, крајбрежната стража на САД се обидeла да образложи одредени причини за исчезнувањето во оваа област. Имено, ова не е единствена област во која се јавува магнетна варијација и отстапување на курсот дури од 20 степени. Магнетните варијации е нешто кое капетаните на бродовите добро го знаат и не е нешто кое би можело да ги вознемири.

Иако магнетните полиња во светот се во постојано движење, магнетното поле на Бермудскиот триаголник е во мирување. Без разлика на тоа што е точно дека магнетните вредности во внатрешноста на триаголникот се специфични, стручњаците сметаат дека оваа област не е толку невообичаена во однос на кое било друго место на Земјата.

Легендата за овој триаголник почнала да зазема голем зафат во 1950 година, кога Едвард Ван Винкл Џонс напишал статија во весник во кој го опишал исчезнувањето на неколку бродови и авиони во мошне краток период. Како докази образложил исчезнување на пет американски бомбардери кои исчезнале на 5 декември 1946 година, два патнички авиони чие исчезнување е пријавено дури на 30 јануари 1947 година и 17 јануари 1949 година, а пријавени се вкупно 135 лица за исчезнати.

Сепак, критичарот Лари Куше тврди дека некои луѓе навистина ги преувеличуваат своите статистики и дека многу случаи се сметаат за мистериозни и покрај тоа што биле навистина јасни. Во обвинувањата тој објави и неколку инциденти кои биле дел од црната листа на несреќи во областа на Бермундскиот триаголник, а сепак се случиле на сосема различно место.

Како причина за преувеличување на овој триаголник, Куше ја објаснува потребата за создавање на сензационални приказни, кои ги заслепиле стручњаците, кои не истражувале доволно, токму поради тоа што биле фасцинирани од сите исчезнувања.

И покрај тоа што неговото дело „Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник“ успеа да го сруши митот за оваа област, сепак сè уште постои мал сомнеж за она што навистина се случува. До ден денешен, бродовите и авионите ја одбегнуваат областа, само поради овие митови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2015 во 17:43

Девет страшни факти за Бермудскиот триаголник!

Мистериозната област во форма на триаголник се наоѓа во северниот дел на Атланскиот океан, од Бермудските острови па се до Мајами. Во овој мистичен триаголник досега низ историјата исчезнале многу луѓе, бродови, авиони…


bermudski

Причините за овие исчезнувања варираат од научни па се до мистериозни. Ова се деветте шокантни податоци за Бермудскиот триаголник.

  1. Триаголникот не е фиксиран и неговите ефекти може понекогаш да се почувствуваат и надвор од самиот триаголник.
  2. Луѓето ја доживеала електронската магла во триаголникот , кој „може да биде и тунел за патување низ времето“. Пилотот Брус Гернон тврди дека загубил 28 минути по летото низ облакот – тунел. Авионот исчезнал од радарот , и потоа се појавил во Мајами.
  3. Без разлика дали во триаголникот ќе исчезне брод или авион, неговите остатоци не може да се најдат.  Причина за тоа е силната Голфска струја која тече низ триаголникот и брзо ги носи остатоците низ океанот.
  4. Во последните 100 години , најмалку 1000 луѓе го загубиле живото во триаголникот . Во просек 4 авиони и 20 бродови исчезнуваат секоја година.
  5. Во внатрешноста на триаголникот , Владата на САД има АУТЕК ( дозвола за подводно тестирање на Атлантикот и развој) . Центарот на АУТЕК се наоѓа на островот Андрос на Бахамите. Во овој центар американската морнарица ги тестира своите подморници, сонари и друго оружје. Меѓутоа, според многумина тука се случува многу повеќе од самото тестирање.
  6. Исчезнувањата главно се препишуваат на „НЛО“ и на вонземјаните , градот Атлантида е исчезнат во триаголникот.
  7. Една од најголемите и најпознати американски воени загуби се случи во 1945 година . Пет бомбардери на американската морнарица летале кон Форт Лодердејл, од Флорида кон островот Бимини. Во мисијата учествувале 14 лица . По околу 90 минути радио операторите добиле сигнал дека  компасот не функционира. По што е загубена целосната комуникацијата со авионите. Бомбардерите никогаш не се пронајдени. Исчезнаа и трите авиони кои заминале во спасувачката мисија по нив.
  8. Првата личност која пишувала за Бермудскиот триаголник бил славниот морепловец Кристофер Колумбо. Тој во својот дневник напишал дека во внатрешноста на триаголникот компасот на бродот престанал да работи и дека забележал како иглата е свртена кон небото.
  9. Бермудскиот триаголник е едно од ретките места на светот на кој компасот не покажува кон Север и тоа е причината зошто се создава конфузија и зошто толку авиони и бродови го губат К*рсот во триаголникот.


Изменето од Valerija - 07.Декември.2015 во 17:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2015 во 23:57
...ima tamu najmalku edna od onie bosanskite piramidi sto imaat nadcovecka mok da unistat se so svojata nadbozja sila... i..iii....to...jasno kako den.
ja do duse nes sum videl ama mi kazuvase eden bratuced kako e toaaa...trijagolnik ...kako piramida sto lici..
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 11121314>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.