IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 36>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:38
не%20знам
Ами чаре?...збунетост
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2008 во 15:45
ako ne moze pod mostot..togas pravec nakaj .....kumanovo de....среќа
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 00:46

Индустриското производство паднало за 9,9% во октомври во однос на истиот месец лани. Октомври е прв месец годинава кога е регистрирано намалување на производството. Досега бројките покажуваа пораст, јави Заводот за статистика.

Првите три квартали од годинава во однос на 2007-та завршуваат со пораст од 8,1%. Новите показатели за октомвриското производство се резултат на глобалната економска криза. ДЗС веќе објави дека октомври е лош месец за компаниите, со намален обем на производство како резултат на глобалната рецесија.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 01:07

Јапан Тобако Интернешнл (ЈТИ), третата најголема тутунска компанија во светот, влегува на македонскиот пазар.

Лансирајќи ги своите светски познати брендови Винстон и Камел за првпат во Македонија, генералниот менаџер на ЈТИ за Западен Балкан, Кристијан Кринг истакна дека ЈТИ, како компанија со најбрз раст во тутунската индустрија во светот, дојде во Македонија со цел долгорочно да инвестира и да го развие својот бизнис на овој пазар.


“ЈТИ планира да го прошири својот асортиман во Македонија со дополнителни брендови, што е можно поскоро. Планираниот обрт за следната година е 10 милиони евра. Нашата компанија има репутација на внимателен и посветен инвеститор. Ние сме горди што дојдовме во Македонија и планираме долгорочно да го развиеме нашиот бизнис. Претставувањето на нашиот познат бренд на пазарот ќе и донесе на македонската влада приход од 6,08 милиони евра во следните 12 месеци“.

Македонските потрошувачи за првпат имаат можност да ја купат втората најпродавана цигара во светот- Винстон. Овој светски познат бренд датира од 1954, кога беше создаден како најдобар избор на првокласни сорти на тутун.

ЈТИ е филијала на Јапан Тобака Инц. (ЈТ), третата најголема светска глобална тутунска компанија. Произведува три од врвните пет светски брендови на цигари: Винстон, Милд Севен и Камел. Други интернационални брендови ги вклучуваат Бенсон и Хедгс, Силк Кат, Собрание, Гламур и ЛД. Јапан Тобако Интернешнл чие седиште се наоѓа во Женева, Швајцарија има повеќе од 22.000 вработени,  во 120 земји и годишена нето-продажба од 8 милијарди американски долари.

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2008 во 19:46
...poradi padot na naftata na svetskata berza (pod 100 usd od barel)najverojatno vo bliska idnina ke se namali i cenata na proizvodite za siroka potrosuvacka,cenata na javniot gradski i prigratski prevoz kako i komunalnite davacki i cenata na parnoto greenje..samo po se izgleda od 1 april...aprililiiiii....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 02:21
Идните директори на јавните здравствени установи ќе треба да потпишат менаџерски договор со Министерството за здравство, со што точно ќе се прецизираат нивните надлежности и одговорности. Причина за тоа биле преголемите заработки на некои од директорите на здравствените установи.

“Веќе е побарано од сите јавни здравствени установи да почнат процедури,огласи односно конк*рси за директори. Штом ќе заврши процедурата ќе ги дадеме решенијата, ќе потпишеме договор во зависност од програмата што ја даваат и ние ќе размислиме кој ќе биде најдобриот кадар за да ги раководи тие здравствени установи. 
Директорите на секои шест месеци треба да дадат извештај. Доколку двапати по ред дадат негативен финансиски извештај, според менаџерскиот договор, министерот за здравство ги разрешува“ - изјави министерот Бујар Османи. 
Постои голема шареноликост во платите на директорите на здравствените установи. Има директори што прекувремено работеле како хирурзи, па и дежурале. Нивната месечна заработка надминала и 70.000 денари, многу висока сума над платата, која изнесува околу 45.000 денари. Во договорите треба да бидат одредени сите услови и за дежурање и за дополнителна работа. Она што го нема во колективен договор.
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2008 во 02:40
Последни податоци од ДЗС: бројот на работниците во индустријата во октомври 2008 година, во однос на истиот месец лани е намален за 2,2%.

Бројот на работници во индустријата и рударството во октомври 2008 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 6,6%.

Бројот на работници во секторот вадење на руди и камен во октомври 2008 година, во однос на просечниот број на работници од 2005 година, е намален за 16,4%, во преработувачката индустрија е намален за 5,3% и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода е намален за 8,6%.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 10:37
... pa ne sme ni taka loshi...
Европските признанија за квалитет се адут повеќе македонските производи

8Со признанија за квалитет на производ, и сертификатите кои Европа ги бара но и дава за исполнетите барани стандарди во производството, македонските производители на храна во костец со острата конк*ренција за обезбедување место на европскиот пазар. Се поблиску до здобивање на довербата на пребирливите Европејци е и ова признание за квалитетот на нашето масло за јадење излезено од погоните на штипски Брилијант.

 

-Добиеното признание претставува и ширум отворени порти за пробив на нашиот производ на пробирливиот европски и светски пазар - вели Златко Михајлов, технички директор во Брилијант, Штип.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 23:38

Владата воведе олеснувања во данокот на доход што треба да го плаќаат земјоделците. Со измените во Законот за данок на доход, земјоделците кои остваруваат годишен приход до 5.000 евра, ќе бидат ослободени од плаќање данок.

За земјоделците кои имаат годишен приход од 5.000 до 21.000 евра, даночната основица што ќе треба да ја платат од остварениот приход ќе биде намалена за 80%.

Земјоделците што требало да платат 5.000 евра за данок, ќе платат 1.000 евра, оние од најгорната граница ќе плаќаат 4.200 евра данок на доход.

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 23:40
OLESNUVANJATA SE SEKOGAS ZA BIZNISMENITE A KOJ MISLI ZA VRABOTENITE,PAK KE GI OTPUSTAT OD RABOTA I POKRAJ DANOCNITE OLESNUVANJA A IMA I TAKVI STO NE NI PLAKAAT DANOK
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2008 во 23:43
Месечинке, ова е за земјоделците, не за бизнисмените...намигнување
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 02:54
Ванчо Каргов, директор на Царинската управа на Македонија
 
Едношалтерскиот систем ќе им заштеди многу време и пари на фирмите
Се што треба да имаат фирмите за користење на новиот електронски систем за поднесување царински документи е Интернет, како и дигитален потпис со кој може да влезат на порталот www.exim.gov.mk
 
Едношалтерскиот систем значи дека компаниите, наместо да ги поднесуваат документите потребни за издавање на разни увозно-извозни дозволи во писмена форма до сите надлежни институции, можат да ги внесат на посебен портал подготвен од Царинската управа, седум дена во неделата, 24 часа на ден. За да го направат тоа мора да имаат своја корисничка лозинка за пристап, за што мора да поседуват електронски дигитален сертификат, бидејќи се работи за податоци што мора да бидат заштитени од обете страни. За да биде валидно барањето од фирмата кога е во електронска форма, потписот мора да биде сертифициран, а за добивање на таков потпис треба да се обратат до клириншката куќа КИБС или на “Македонски телекомуникации”, бидејќи тие засега се единствени што издаваат вакви дигитални сертификати.
Фирмите ги внесуваат своите податоци преку порталот www.exim.gov.mk, низ системот се проследуваат електронски до секоја надлежна институција за конкретниот тип- дозвола (Ветеринарна управа, Министерство за економија и уште петнаесетина други институции), каде што има координатор што е надлежен да го управува системот. Сите овие институции исто така мора да имаат дигитален сертификат (некои веќе го имаат, а другите го добиваат деновиве). Тие институции ги обработуваат предметите и потоа, одобрувањето или неодобрувањето, на ист начин, во електронска форма, пак го внесуваат во системот, за да го добие назад поднесувачот на барањето. Ова не е едношалтерски систем на Царината, ова е едношалтерски систем на Република Македонија за издавање лиценци и одобренија за спроведување увозно-извозни постапки.
Доколку сакаат компаниите, можат да продолжат да го прават сето ова како и досега, во писмена форма, од различни институции да бараат потребни уверенија, дозволи и сл. Никој нема да ги присилува да го користат овој систем доколку не сакаат. Но, придобивките од негово користење се големи.
Пред се, помалку хартиена документација и бирократија, како и скратување на времето за давање одобренија. Се разбира дека остануваат роковите за давање одговор на барањето што сите надлежни институции треба да ги запазат согласно законот.
Друга голема придобивка е што компаниите што не се од Скопје, ќе штедат време и пари, бидејќи отсега не мора да патуваат до метрополата за да поднесуваат различни документи.
Значи се што им е потребно на фирмите: компјутер, Интернет и секако, дигитален сертификат, кој што не чини многу пари и е со важност од една година. Во врска со одредени проблеми што може да се јават, бидејќи сепак е почеток на платформата, формиравме и хелп- деск, односно тимови што ќе им нудат техничка и друга помош на корисниците. Освен тоа, придобивка од едношалтерскиот систем ќе биде и популаризирањето на дигиталниот потпис, кој што не заживеа баш многу во практика.
Во делот на увозот за облагородување, повеќе проблеми што постоеја во врска со нераздолжени увози, нераздолжени отпади, со подолги времетраења за добивање одобренија, со големи административни такси и сл., сето тоа е елиминирано. Сепак, увозот за облагородување претставува голем дел од економската активност. Едношалтерскиот систем е одлична работа, што се повеќе ќе доаѓа до израз. Намалени се надоместоците, а некаде е овозможено и бесплатно извозно царинење на некои гранични премини. Овозможена е нула гаранција за обезбедување на потенцијален царински долг, што веќе се користи, можеби не до нула, но за разлика од поранешните 100%, сега е сведено на 30% и помалку. Овозможено е директно спроведување на царинската постапка на самите гранични премини, и елиминирана е потребата од транзитна гаранција и декларација.
 
Таканареченото “куќно царинење“ е обезбедено со последниот царински закон што е донесен кон крајот на 2005 година. На пример, фирмата има одобрение, при извоз, наместо да ги носи камионите натоварени со стока на царински терминал, таму да чека додека трае постапката и да ангажира шпедитери, тој ги има камионите кај него во кругот на магацинот. Со одобрение што го добива од царинската управа, нивните овластени лица ги внесуваат сите податоци во царинскиот систем за извозното царинење, чекаат од половина до еден час во зависност од видот на стоката, информација од царинската управа за тоа дали ќе биде потребно да се изврши физички преглед. Доколку тоа не го добијат, самите ставаат пломба и вршат извоз. Тоа може да го прават и по 16:30, може да го прават навечер, може да го прават кое било време, бидејќи сервисот за оваа работа, работи 24 часа.
 
 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 13:55
...jas ovakvo neshto sigurno nema da dobijam...ama e dobra vest...koja vredi da se procita...
ОД 1 ЈАНУАРИ
Со закон ќе се дозволи 13-та плата
Фирмите што сакаат да ги стимулираат своите работници или, пак, што оствариле висок профит ќе можат да исплатат тринаесетта плата. На платата ќе се уплаќаат и придонеси, кои ќе влезат во пензиската основица н

  Работодавците што сакаат да ги усреќат своите работници пред новогодишните празници можат да им исплатат тринаесетта плата. Со новите измени на Законот за работни односи, кои се во владина процедура, за првпат во Македонија се воведува оваа можност.
Тринаесеттата плата не е задолжителна за сите. Фирмите сами ќе решат дали ќе ги стимулираат работниците. Тринаесеттата плата ќе биде различна од новогодишниот бонус што досега го исплаќаа некои фирми. Таа нема да биде линеарно еднаква за сите вработени, туку треба да изнесува колку редовната месечна плата на секој работник поединечно.
Работодавецот ќе треба да ги плати сите давачки на тринаесеттата плата вклучувајќи ги и социјалните придонеси за работниците.
"Штом се води како плата, мора да се плаќаат придонесите за пензиско, здравствено осигурување, придонесот за вработување, како и персоналниот данок", велат во Министерството за финансии. "Тие дополнително ќе влезат во пензиската основица на работникот. Досега кога се исплаќаа новогодишните бонуси, работодавците најчесто плаќаа само персонален данок. Имаше и случаи кога работодавецот сакаше да плати придонеси и на тој надоместок, но тоа навистина многу ретко се случуваше", тврдат во Финансии.
Во Министерството за труд и социјална политика велат дека тринаесеттата плата ја ставиле по примерот на западните земји, но и по долгогодишните барање на синдикатите.
"Во делот на плаќање на работникот, се проширува членот 105 и се додава дека работодавецот може да му исплати на работникот и тринаесетта плата. Синдикатите го бараат тоа уште од 2005 година, кога се укина К-15. Бидејќи кај нас досега некои фирми исплаќаа новогодишен бонус, сакавме да го ставиме тоа во рамките на законите", објаснуваат во Министерството за труд и социјална политика.
Во повеќето земји тринаесеттата плата се дели на крајот од ноември. Тогаш почнува и потрошувачкото стампедо, кое завршува на денот спроти Нова година

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2008 во 16:15
 
Со измени на Законот за царинска тарифа, се опфатени намалувања на царинската стапка на 498 видови производи од кои 286 се со целосно укинување на царинските стапки, а останатите 212 се со делумно намалување, како на пример, царината за машините од металопреработувачката индустрија се намалува од 15 на 5%.

Со овие намалувања или укинување на царинските стапки државата се откажува од приход во износ од 211 милиони денари, со што се дава значајно олеснување за работењето на деловната заедница во Македонија. Со овие измени Владата предлага во делот на примарните земјоделски производи целосно укинување на царинските стапки на пченицата, `рж, сурутка во прав со содржина на маснотија до 1,5%, сорго и ориз наменети за сеидба, како и пиварскиот јачмен.

Намалени се царинските стапки на лозoвите и другите садници, добиточниот и друг јачмен, слад, семе од луцерка и друго. За заштита на растенијата предложено е укинување на царинските стапки на сите видови ѓубрива, инсектициди, хербициди, фунгициди, дезинфектанти и други слични производи. Укината е исто така и царинската стапка за гајбите за пакување на зеленчук и овошје кои се битен фактор при извозот на нашите производи во земјите од ЕУ. Во делот на опремата целосно е укината царинската стапка со сушилници за земјоделски производи.

Во делот на индустријата, т.е во металопреработувачкиот сектор намалени се царинските стапки за широк дијапазон на алатни машини за обработка на метал, како на пример стругови, трансфер-машини и алатни машини за брусење, ковање и глодање. Кај производите што се однесуваат на текстилната индустрија укинати се царинските стапки за предиво од различни видови влакна наменети за понатамошно производство, а кај опремата за оваа индустриска гранка намалени се царинските стапки за машини за печатење на текстил, како и различни машини за шиење. Во делот на фармацијата намалени се царинските стапки за течен парафин, а целосно се укинати стапките за широка лепеза на чисти супстанции за производство на лекови.

Укинати се царинските стапки на разни екстракти и адитиви за употреба во индустријата на храна и пијалаци. Кај производите што се однесуваат на хемиската индсутрија укинати се царинските стапки на различни суровини - материи и пигменти за боење, активен јаглен, катализатори и слично. Исто така, со овие измени се предлага укинување на царинските стапки на мултифункционалните печатари и монитори.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,701 секунди.