IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Украси за домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Украси за домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 14>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:06
Направи сам: цветен лустер




За да добиете убав и атрактивен лустер, инспириран од природата, потребно е малку труд и трпение. Еве како да изработите еден ваков цветен лустер:


Потребни материјали и алати:

• 100-125 бели корпички за ситни колачиња
• 100-125 корпички за ситни колачиња со вертикални линии
• абажур од хартија со дијаметар 45-50 cm
• кабел со фасонка



Постапка:


Најпрво поставете го абажурот во тркалезен сад кој ќе послужи како постолие.




Првиот круг со корпички нека биде блиску до врвот на абажурот. Земете бела корп**ка и ставете малку топло лепило на опачината на корп**ката. Притиснете додека се залепи.




Продолжете со лепење додека да се оформи прстен. Растојанијата меѓу центрите на корпичките треба да бидат околу 2,5 cm.

Излепете го целиот лустер, така што долниот отвор на лустерот да биде покриен.

Потоа залепете ги корпичките со вертикални линии во центарот на белите корпички.








За крај, може нежно да ги обликувате корпичките по желба, на пример како на сликата, во органски облик.






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:07
Направи сам: декорирање на саксии



Со само неколку саксии со весели бои, лично осмислени и декорирани, може да внесете живост во вашата соба или тераса.

Еве неколку постапки како да ги украсите вашите саксии. Бојата на саксиите усогласете ја со боите и амбиентот на просторијата или терасата. На дадените примери, со употреба на црвената и жолтата боја, во прв план се истакнува цвеќето.


Декорирање со креп хартија

Потребно е да набавите три ролни креп хартија во различни бои, лепило за хартија (да не биде пресилно) или лак за дрво, и четкичка.

Исечете ја креп хартијата на парчиња. Со четкичката нанесете на саксијата лак за дрво или лепило.

Доколку употребувате лепило, нека не биде пресилно бидејќи ќе ја симне бојата од креп хартијата. Лепете ги парчињата харија едно покрај друго, сè додека не се покрие целата саксија.
Декорирање со коноп

За овој вид на украсување потребно е коноп, лепило, бои (акрилни или спреј).

Конопот обоете го во неколку бои, а кога бојата ќе се исуши, обвиткајте го конопот околу саксијата, на тој начин што истовремено и ќе го лепите на саксијата.
Декорирање со туфни

Потребно е да набавите акрилни или темперни бои, и четкички.

Обојте ја саксијата во една боја. Со молив нацртајте туфни со еднакви димензии по ваш избор. Обојте ги туфните во друга боја.

Вака украсена саксија може да се добие и на друг начин. Прво обојте ја, па потоа од самолеплива хартија направете туфни. Залепете ги по саксијата, па обојте ја неа во друга боја. Кога бојата ќе се исуши, одлепете ја хартијата и ќе се покажат туфните.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:08
Цветна кулиса за тераса




Доколку сакате да внесете свежина во својата тераса, изработете симпатична кулиса на која ќе одгледувате летни саксиски цвеќиња, која ќе ги замени жардинјерите поставени на работ на терасата.


Материјал и прибор:

• MDF плоча (медијапан) со димензии 60 x 140 cm
• Сребрена акрилна боја за дрво (мат)
• Пластични и стаклени кутии со соодветни димензии
• Црвена акрилна боја со висок сјај во спреј
• Кукички за закачување
• Завртки со соодветни типли
• Садници за саксиско свеќе по избор


Постапка:

MDF плочата може да ја искроите на посакуваната димензија. Притоа, најчесто на местото каде што се продаваат плочи се нуди и услугата кроење. Со сребрена боја во два слоја обојте ги двете страни на плочата. Со завртки прицврстете ја на ѕидот од терасата, но имајќи во предвид дека треба да го одберете она место што ќе овозможи непречено поминување или поставување на маса, поради фактот што ќе загубите простор во широчина на монтираните кутии. Стаклените, лимените и пластичните кутии добро измијте ги. Издупчете отвори на кутиите за закачување на плочата.

Откога сте ги направиле отворите, обојте ги кутиите со црвена боја. Нацртајте план за закачување на истите пред да ги монтирате кукичките за закачување.

Пред садењето, ставете на дното на садот ситни камчиња заради дренажа на земјата, а после садењето насипајте ги врз земјата до работ на кутијата, така што земјата воопшто да не се гледа.

Најтешката кутија не ја закачувајте, туку поставете ја на под.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:08
Направи сам: аквариум


Неколку напомени пред да почнете со изработката:

Пред да го исечете стаклото, направете добра скица што каде ќе оди.

Користете прецизен метар. Со ова го осигурувате квалитетот на изработката.

Пред да го исечете стаклото, проверете во табелата која дебелина на стакло ви одговара за аквариум со саканите димензии.

 

 

 

 

 










Пред да почнете со изработка, проверете дали имате се при рака:

Работна површина - работна маса во работилница е најдобра, а ако работите во кујна или во дневната соба задолжително ставите некоја стара прекривка, парче платно или стари весници. Со ова ќе спречите силиконот (кој инаку многу добро се лепи на мазни површини) да не се залепи на вашата маса.

Стакло – ако не сте многу вешти во сечењето на стаклото нека тоа ви го направи стаклар. Предната и задната страна треба да имаат иста должина, бочните страни да се со иста широчина на дното намалена за двојната дебелина на стаклото.

Силикон – Користете нетоксичен 100% силикон. Силиконите со додатоци на антибактериски средства се штетни за рибите. Тој може да биде провиден, бел, црн или во боја – изберете Вие. Тој истотака мора да биде свеж!

Ацетон

Леплива лента

Крпа за раце

Помошник

Пред било што да почнете да работите, подгответе го стаклото. Стаклото после сечењето има остри ивици. Нема ни да осетите кога ќе се исечете. За да не се случи ова пред да почнете да работите со брусна хартија, фина турпија или со оштрач за ножеви поминете ги сите ивици на стаклото и симнете го оној остар дел на кој може да се исечете.

Кога тоа сте го направиле, потребно е да ги спарите страните на аквариумот. Предната и задната страна треба да бидат идентични, а исто така и бочните страни. Но тоа ретко се случува. Затоа земете ги бочните страни (кај нив ова е поважно), ставете ги една преку друга, а потоа ставите ги да стојат на рамна површина (на пример стаклото за дното). Ако ивиците не се во линија (не се поклопуваат, едната малку штрчи во однос на друга), заротирајте ја едната страна во однос на другата за 180 степени и пробајте сега да ги спарите. Ако повторно не успеете, свртете ја едната страна наопаку. Ако никако не успеете да ги спарите, исечете уште една нова страна.

После ова со ацетон избришете ги сите ивици на стаклото на кое доаѓа силикон. Ивиците мораат да бидат чисти и суви пред лепењето.

Стаклото може да го исечете и сами, но стаклар тоа ќе го направи многу попрецизно.

Бочните страни треба да стојат помеѓу задната и предната страна како што е прикажано на дијаграмот, а предната, задната и двете бочни страни ги поставувате на страната која служи како дно. На овој начин можат да се изработуваат аквариуми кои имаат волумен до 100 литри. Поголеми аквариуми се изработуваат на друг начин кој сега нема да го опишеме.

 

На масата распоредете ги страните на аквариумот како што е прикажано на сликата: страна за дното е на средина, од лево и од десно се наоѓаат бочните страни, пред и позади страните се наоѓа предната и задната страна на аквариумот.

Страните за напред претходна и страната за дното се со иста должина.

Подгответе десетина парчиња леплива лента со должина од десетина сантиметри.

Со црвена боја е означено на кои ивици се нанесува силиконот.

Силиконот се нанесува со пиштол за силикон.

Силиконот море да биде свеж. Тоа се препознава по тоа што е бистар и течен.

Трудете се кога го нанесувате силиконот да нема прекини.

Не смее да има места на ивицата на кои нема силикон.

Дебелината на слојот силикон треба да биде со иста ширина како и дебелината на стаклото и малку потесна.

 

Поставете прво една бочна страна

Помошникот треба само благо да ја придржува да стои под агол од 90 степени во однос на дното.

Ако имате два помошника тогаш може да ги поставите обете бочни страни.

Страната треба да се најде на средината на страната за дно така да остане место од двете страни за предната и задната страна.

 

Внимателно ставете ја предната страна на дното и при тоа страната треба да биде под агол.

Кога долната ивица ќе дојде на свое место полека исправајте ја страната.

Силикон на бочната ивица треба да налегне на бочната страна и убаво да ги залепи.

Помошникот само треба со еден прст да го придржува спојот на страните одозгора.

 

Другата бочна страна ја поставуваме така што ја ставаме на дно и ја прислонуваме на силикон кој се наоѓа на предната страна страна, а предната страна ја придржуваме да не побегне.

Помошникот сега со другата рака го придржува и овој спој.

Задната страна ја ставаме прво на дното под агол, а потоа ја исправаме со корекции на бочните страни ако е потребно) така да силиконот кој се наоѓа на нејзината ивица се залепи на бочната страна.

 

Кога сите страни се на своите места, поставите леплива лента како што е прикажано на сликата.

Лентата прво залепете ја на предната и задната страна, а потоа затегнете ја и залепете ја на бочната страна.

Ако некоја страна малку побегнала, сега може да ја вратите на место.

 

Кога сите страни се на свое место, со показалецот прејдете ги сите ивици на кои има силикон.

Силиконот кој истекол на тој начин го залепуваме на страните и врската е уште посилна.

Ако стаклото е подебело, па нема силикон кој истекол, прво со пиштол за силикон нанесуваме тенок слој на силикон.

На силиконот му е потребно 5-10 минути да почне да се врзува, а потполно сув ќе биде во рок од 24-36 часа.

Типични грешки се:

 

Погрешен тип на силикон или силиконот не е свеж.

Недоволно силикон сте нанеле на ивиците.

Не сте оставиле силиконот доволно да се осуши пред да го наполните аквариумот со вода.

Стаклото не е исчистено и подготвено како треба.

Страните не се еднакви или не се поставени под прав агол.

Големата влажност го забавува сушењето на силиконот, па може да се случи страните да се поместат од своето место.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:09
Абажур од коноп




Овие ретро-абажури од коноп може едноставно да ги направите и вие самите, и тоa во различни димензии и бои. На нив може да нанижете и/или залепите перлички, туфни ... Препуштете се на фантазијата и уживајте во изработката!





Материјал и прибор:

• Клопче коноп
• Балон на дување
• Лепило за дрво
• Ножици
• Фломастер, игла


Постапка:

Надувајте балон и заврзете го. Од неговата големина ќе зависи и големината на абажурот. Со фломастер обележете го местото за отвор кое се одбегнува при намотување на конопот, бидејќи низ него ќе треба да се провлечат електричните инсталации и сијалицата.

Намачкајте го балонот со лепило со помош на прстите. Замотајте го конопот во сите насоки околу балонот и одвреме-навреме со прстите нанесувајте лепило и на балонот и на конопот.

Кога ќе бидете задоволни од густината на балонот, оставете го да се исуши преку ноќта. На крајот треба да изгледа отприлика вака ...

Со иглата дупнете го балонот и извадете го од абажурот. Сега е потребно уште да ја провлечете електричната инсталација низ новиот абажур и да уживате во прекрасната светлина.


Мали совети:

• Доколку се определите за изработка со потенок коноп, може на одредени места да нанижете со игла стаклени перлички, па да продолжите со лепењето како на основниот пример.

• Кога абажурот ќе биде готов може со акрилна боја во спреј да го обоите.

• На абажурот како декорација може да се аплицираат свилени пеперутки или школки.

• Доколку се работи за светилка над маса во трпезарија, може да направите и сет од прстени низ кои ќе протнете салвети.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:10
Направи сам: соба во соба


Кога во станот нема просторија која може да ја претворите во детска соба, сепак може да се најде решение: Пробајте во дневната соба да омеѓите простор за игра и учење. Оваква соба-во-соба може да испланирате доколку во своите размислувања ја вклучите и третата димензија. Таа може да изгледа како поголемо парче мебел во вашата дневна соба. Во сите планирања на просторот, креветот е најголем проблем. Тој зафаќа околу два квадратни метри од подот и му е потребен најмалку еден квадратен метар простор за приоѓање. Но ако ја подигнете подлогата на висина 60 см над подот, лесно ќе сместите неколку функционални целини на иста површина.

Во просторот под подлогата е сместен кревет на извлекување. На издигнатата површина ќе има доволно место за ормар, маса, полици и стол, како и површина за игра. Заради сигурност, над предниот раб на подлогата направете челична ограда која истовремено ја означува границата на детското царство. Челичниот профил е избран поради едноставна изработка, цврстината, малиот пресек и доброто прицврстувње. За изработка е избрана плава иверка и иверка со дезен на бука.


(сл.1) Големите плочи иверка треба да бидат исечени во помали парчиња кои одговараат на конструкцијата на скицата. Така потоа ќе може да ги исечете според димензиите на поединечните елементи.

(сл.2) Најчист рез ви овозможува порталната пила со предрезач, па при купувањето на иверката може да нарачате и кроење и машинско порабување – што дополнително се наплатува. Во домашната работилница потребна ви е кружна пила за да ги исечете потребните елементи.

(сл.3) Изборот на бои и разни рабни ленти ви овозможува разновидно комбинирање. Исечениот раб на иверката фино избрусете го и отстранете ја прашината. Потоа на неа ставете ја рабната лента и постапно притиснeте ја со пегла загреана до 150°C. Правете го тоа полека и изедначено, за да растопеното лепило би се залепило за подлогата.

(сл.4) Лентата е поширока од иверката, па вишокот од обете страни одстранете го со остар нож. Острицата мрдајте ја накосо и надоле, континуирано, така да исеченото парче обликува непрекината спирала. На крај ивиците избрусете ги со надолжни потези со помош на брусна хартија.


(сл.5) Скроените делови споете ги шрафови и дрвени чепови. На местата каде споевите не се гледаат, се завртуваат шрафови 4x45мм, додека плочите на видливите места ги составуваме со дрвени чепови со пречник 8 мм, налепени во претходно издупчените дупки.

(сл.6) На задната страна на ормарот со клинчиња е прилепен лесонитот за лицето во иверицата.

(сл.7) Целото постолие е направено на подконструкција од правоаголен челичен профил со пресек 40x20 мм што му дава поголема стабилност и цврстина, за да подлогата може да се оптовари со останатите парчиња мебел. Тоа е и најпрактично решение за мостот над креветот кој се извлекува.

(сл.8) Оградата од правоаголни челични профили која е прицврстена преку плочите на иверката, директно на челичната подконструкција, со шрафови 2x120 мм. Челикот е одмастен и премачкан со сива основна боја , а потоа обоен со лак со зрнца што е пријатен на допир и овозможува да не се валка лесно.


(сл.9) Основната рамка на креветот ја сочинува челичен профил 40x20 мм, со што е заобиколен проблемот на избор на аголни окови. На неа од надвор се прицврстени ламелирани букови плочи (со дебелина 28 мм) со шрафови 4x35мм, зашрафени одвнатре низ дупките издупчени во челичниот профил.

(сл.10) Подлогата на креветот е изработена од иверка со дебелина од 19 мм во која со крунска пила се издупчени дупки со пречник 55мм, во правец кој е над челичната рамка поставена на тркалца. Предните тркалца на креветот се подвижни, додека задните не ја менуваат својата положба.

(сл.11) Вратата од плава иверка е обрабена со лента со дезен на бука. И рачките на сите врати и на фиоките се од буково дрво. Во склад со боите на вашата соба, може да изберете и други решенија во поглед на боите.

(сл.12) Фиоките имаат метални бочни страни со водилки со должина од 55мм – што е сосема доволно за ормарчињата под работните плочи. Заднатите страни и дното на фиоките се направени од иста иверка како и ормарчето, а споени се со шрафови 3x17мм.


(сл.13) Готовите бочници на фиоките многу ја олеснуваат изработката, но основната скица во тој случај треба однaпред да биде прилагодена на типските елементи. Предната страна на фиоката се прицврстува со шрафови кои овозможуваат фино подесување во однос на останатите фиоки.

(сл.14) Kомбинацијата на готови и прикроени елементи овозможува брза и прецизна изработка на повеќе фиоки кои со помош на шрафови за миг се прицрвстуваат на плавите предни страни кои се порабени со лента во дезен на буква.

(сл.15) Успехот во многу зависи и од доброто планирање и мерење, па положбата на водилките треба два пати да се провери. Без либела и метален аголник течко ќе ги одмерите вистинските растојанија и точки на прицврстување.

(сл.16) На вратата од ормарот треба пред вградувањето да се прицврстат окови за спојување. Прво со сврдел треба да се издупчат дупки длабоки 12мм со пречник 30 мм во кои ќе влезат спојниците.


(сл.17) Оддалеченоста на дупките од работ на крилото еднаква е за сите спојни окови и тука треба најмогу да се внимава. При изработка на дупките најсигурно е да се примени дупчалка за стакло и водилка со точно определено растојание.

(сл.18) Спојниците се прицврстуваат на крилото со помош на шрафови 3x17. Тие не смеат да бидат подолги бидејќи дебелината на иверката е 19 см. Проверете дали надолжната оска на спојниците е нормална на работ на вратата.

(сл.19) Крилото се изработува заедно со спојниците. Притоа ви треба помошник кој крилото ќе го држи во точна положба. Мали грешки во положба на спојницата и крилото ќе ги отстраниме со фино подесување на двата чрафа на самата спојницата.

(сл.20) Работната површина е изработена од ламелирана буковина со дебелина 28мм што и дава крутост и цврстина. На правоаголниот спој на двете плочи на масата плочите се пресечени под агол од 45 степени.


(сл.21) Овие коси прерези се составуваат со жлеб и перо. Најпрво на двете страни од спојот со длабочина од 15мм се зарежуваат жлебови со ширина од 4мм. За овој зафат најдобро е да се примени стабилна кружна пила или рачна електрична глодалка.

(сл.22) Во жлебовите нанесете лепило, а потоа споете ги плочите со втиснување на перото од шперплочата со дебелина од 4мм. Ширината на ова перо мора да биде помала од длабочината на жлебот (на пр. 28мм). Припазете да не ги оштетите рабовите.

(сл.23) За постигнување на сигурен и траен спој подгответе долги стеги кои ќе овозможат уредно налегнување на косите прерези. Двете плочи треба да се постават на рамна подлога, а истиснатото лепило треба веднаш да се исчисти.

(сл.24) Кога лепилото во спојот ќе се исуши, спојот и останатите површини треба фино да се пребрусат, а после нанесувањето на основната боја и да се прелакираат со два-три слоја боја на безбоен лак.


(сл.25) На челичната ограда се наслонува еден крај на работната плоча, па мерките треба да се усогласат. Плочите се прицврстуваат низ дупките со пречник 5 мм издупчени во правоаголни челични профили.

(сл.26) Украсните летви кои го прикриваат работ на плочата на подлогата и видливата челична потконструкција наједоставно е да ги залепите со силиконско лепило. Обојте ги и излакирајте ги исто како и работната плоча на столот.





Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 11:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:17
Направи сам: сталажа за музички систем


За изработка на оваа сталажа ви се потребни:

• 2 квадратни метри медијапан со дебелина 18 мм

• две челични шипки со навои, поцинкувани, М16

• 24 челични навртки, М16

• 24 челични подлошки, М16

• четка

• бела основна и зелена боја, разредувач

• брусилица и хартија за шмирглање

• 2 француски клучеви број 24,

• либела

• столна дупчалка, бургија 16 мм

Обработка на медијапанот

Прво треба да купите медијапан кој најчесто се продава како плоча со димензија 244x122 см од која може да се добијат 5 плочи со димензија 60x40 см. Димензијата на бургијата треба да биде малку поголема од димензијата на шрафовите. Со оглед на тоа дека дупките треба да бидат издупчени под совршен прав агол, немојте да ги дупчите со рачна дупчалка, туку со столна. Секоја дупка се дупчи на оддалеченост 38мм од рабовите (слика 2).

Потоа доколку сакате, пред се од естетски причини се обработуваат рабовите. Оваа опреација е најдолга од сите. Прво, грубо се симнуваат рабовите, па потоа со вибрациска дупчалка (на која се монтира брусна хартија број 30). Следува рачно брусење со брусна хартија број 40, и на крај со број 120. Во столарскиот занает брусењето е свето. Потоа со чиста и сува крпа се отстранува пилевината или прачината. На пр. доколку боиме на нечиста или масна подлога, по одредено време боењето ќе треба да се повтори од почеток.

Следи боењето кое започнува со нанесување на основна бела боја. Не заборавајте дека треба добро да ја протресете бојата и дека четката треба да биде совршено чиста. За секоја полица се оди со само една рака основна боја. Оставете бојата да се осуши 24 часа. По нанесувањето на една рака основна боја, земете брусна хартија број 150 или пофина и лесно неколку пати помонете по полицата за да сите нерамнини исчезнат и за да подлогата која ја подготвуваме за нанесување на зелената боја е максимално глатка.

По нанесувањето на една рака зелена боја, чекаме 24 часа пред да ја нанесеме втората. Доколку зелената не ви е најомилена, можете да употребите и потрадиционална боја (срна , сребрена или боја на дрво).

 

Челични шипки

Понатаму следи зашилување на шипките кое се прави со брусилица (сл.3). Тоа се прави со цел подобро да се изолира сталажата од вибрации кои доаѓаат од околината со цел да се произведе подобар звук на системот. При брусењето треба да се стави заштитната капа на брусилицата за да ги отфрла искрите спротивно од вас. Доколку работите во гаража искрите не треба да бидат насочени кон вашиот автомобил бидејќи може да ја оштетат бојата. Доколку работите на отворено, ветерот би можел да ги насочи искрите во вас, па затоа користете заштитни наочари!

 

Монтажа

При монтажа прво се става подлошката, а потоа и матицата. Растојанието на полиците треба да биде опеделено во зависност од вимензиите на компонентите кои ги имате. На прикажаниот пример, растојанието помеѓу долната и средната полица е 24 см (тука може да се стави засилувачот на кој му е потребен простор поради загревање), а помеѓу средната и горната полица растојанието изнесува 16 см. Цврсто стегнете ги матиците за да не се олабават после некое време. Со либела урамнотежете ги полиците пред цврсто да ги стегнете.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 21:18
Направи сам: пеперутки на вазна


Со употреба на малку фантазија, може на креативен начин да ги украсите вашите вазни за цвеќе. Тие и сами по себе претставуваат украс, но со дополнително украсување ќе станат уште поубави. Во дадениот пример е дадена декорација со пеперутки, но можностите се неброени и зависат од вашата фантазија.

Материјал и прибор:

• керамичка вазна по избор
• ножици
• бел картон
• шаблон со пеперутки
• пиштол за топло лепило
• самолеплива лента

Постапка:

Изберете нежен мотив на пеперутка за вашата вазна, во склад со атмосферата во вашиот дом.

На паус кој ќе ви служи како шаблон отпечатете пеперутки, а потоа прицврстете го со самолеплива лента на бел картон.

Со ножици или со скалпел исечете ги пеперутките според обележаните линии на шаблонот. Пред да се залепат, вазната треба да биде добро измиена и оставена да се осуши. На крај, пеперутките прицврстете ги со пиштол за топло лепило.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 22:39
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 22:45
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 17:09
Mind blown - Turn a shoebox and a magnifying glass into your own smartphone projector.
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 17:44
Eve edna ideichka za praznicive среќа
 


Изменето од Kastro - 29.Декември.2013 во 17:46
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 17:51
Направи сам: клупа





За да имате убава и цврста клупа за градина, можете и самите да направите една таква. Летвите за клупата скројте ги според нацртот, спојте ги меѓусебно со торбан завртки со матица, а седалото и наслонот прицврстете ги за рамката со хол шрафови за дрво, кај кои при шрафењето главата ќе ја внесете во дрвото. Површината обработете ја со брусна хартија, а на крај дрвото заштитете го со средство за таа намена.


Потребни материјали:

• обработени летви со димензии 100x50: 18 метри;
• 8 парчиња M12 не’рѓосувачки торбан завртки со должина 110 mm;
• 2 парчиња M12 не’рѓосувачки торбан завртки со должина 150 mm;
• хол не’рѓосувачки завртки за дрво со должина 90 mm.






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 15:52
                                                                           
                  Направете совршени машнички со помош на виљушка


Доколку сакате да ја разбудите вашата креативност и да направите совршени украси, потребно е само да следите 5 едноставни чекори дадени во видеото.
Денес сите тежнеат да ја отријат нивната креативна страна, а верувале или не, за минијатурна машничка потребно ви е малку време, малку фантазија и една виљушка. Денес веќе не е доволно да подарите нешто на некому, туку е важно подарокот да биде уникатен и по можност украсен на необичен начин.


Доколку немате идеја како да украсите некој подарок, еве многу оригинално видео кое чекор по чекор ви покажува како да направите мала машничка. Ваквите машнички не само за подароци, туку можете да ги користите и како украси во домот или во косата.

За да направите ваква машничка ќе ви требаат две тенки ленти од шифон и од сатен.


Земете една виљушка и полека намотувајте ја лентата околу запците, додека да стигнете до врвот. Многу е важно лентите да бидат тенки, за да се направат што повеќе слоеви.


Кога виљушката ќе се исполни, земете ја сатенската лента и низ средината преврзете ја машната, како што е покажано во видеото. Потоа извадете ја машничката од виљушката и исечете ги непотребните краеви, кои може да ги допрете до пламен од свеќа за да не се разресуваат.


Секогаш можете да комбинирате разни бои и да ги украсувате подароците за вашите најмили.



Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.