IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Украси за домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Украси за домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 13>
Автор
Порака
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2010 во 16:44
Направи сам: полица за компакт дискови

Пред да почнеме со опишување на изработката, на сликата ќе ја прикажеме скицата на полицата каде сите димензии се во сантиметри.

Сите делови од кои е изработена оваа полица се стари остатоци од дрвенарија. Позадинската плоча порано била странична плоча од ормар, материјалот е иверица со дебелина 18 мм, додека предните плочи се од медијапан, со дебелина 18 мм.

 

Прво ќе почнеме со спојување на предните плочи (од медијапан), при што прво се ги стегнеме со стеги, а потоа ќе ги зашрафуваме.

Употребуваме шрафови со димензија 45x4 мм, бургија 3 мм. Медијапанот понекогаш знае и да испука кога се дупчи од бочна страна, па поради тоа треба да се внимава дебелината на шрафот да не биде многу поголема од дебелината на употребуваната бургија. Пред да го зашрафиме, секој шраф се потопува во лепило за дрво. Потоа фарбаме, со три раце бела основна и три раце светло сива боја.

 

 

Потоа задната плоча (иверката) фино ја брусиме и ја боиме со бела основна боја една рака и со бело-кафена три раце.

Следи спојување на тие две плочи. Користењето на стеги практично е неизбежно, а употребуваме шрафови 6x70мм, бургија 4,5 мм.

На крај, следи монтирање на полицата на ѕид. Употребуваме типли Ø10 (10x50 мм), шест шрафа (три од лева и три од десна) кои се со димензии 6x70мм и со нешто пошироки плочи како подлошки

На тој начин добиваме полица која лесно се изработува и може да прими 354 CD-a.


Кон врв
Mramoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

drtiot

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 434
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mramoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 01:49
Nisto ne mozam da napravam sam, zimi majka sum, kako fanat sum vo raceto i nozete
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 13:10
a, zoshtoda se machite,изненадување....koga jas mozam da vi ja napravam?намигнување

samo "zvrnete",....i tolku !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 19:54
Napraviv cela spalna soba pred 3 godini...komplet...posle dolgo planiranje , merenje i premeruvanje...I zastediv 200 e ...Dva ednokrilni , eden dvokrilen ormar, agolen ormar ( tie se do plafon), komoda, dve natkazni, i lezaj...abe majstorce...да...doduse napraviv i dve pomali greski, ali ko za prva e super....намигнување
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13742
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 18:18
... Нешто навистина интересно .... и лесно .....намигнување
.... направи сам .... Собна Фонтана ....
 
Во домот може да уживате и во жуборот на фонтаната. Собната фонтана овозможува овлажување и јонизирање на воздухот околу себе, правејќи го на тој начин просторот попријатен за престој. 

Малите собни фонтани може да бидат со различни облици и димензии, еве како да направите сами една собна фонтана во комбинација со растенија.
 
 
Потребен материјал: декоративен сад, водонепропусен сад, земја за цвеќе, камен, чакал, пумпа за вода, црево.
 
Во соодветен декоративен сад (керамички, пластичен) сипете земја за цвеќе.
За резервоар во кој ќе стои пумпата може да употребите било каков водонепропусен сад...
 
 
Садот втиснете го во земјата, внимавајќи притоа нејзиниот раб да биде малку повисок од нивото на земјата во која ќе се садат растенијата.
 
Посадете ги растенијата...Низ шупливиот или продупчен камен провлечете го цревото...
 
 
Каменот со пумпа внесете го во резервоарот. За да не паѓа, прицврстете го со помош на чакал.Резервоарот наполнете го со вода, а пумпата вклучете ја во струја. Редовно долевајте вода во резервоарот за да пумпата не работи на суво. ...
 
 
 
 
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12849
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 11:24
...дете!за машко потребно е малку повеќе труд,одрекувања од многу нешта...фантазии..можеби и совет..ама вреди да се проба.мене ми оди од рака...
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2013 во 23:10

Доколку за домот ви е потребна масичка за кафе, нема потреба да фрлате многу пари купувајќи нова од салон за мебел. Со мала инвестиција и труд, можете да си направите одлична масичка за вашиот дом.

Направете сами: масичка од гајби за вино

Потребни работи:
  • 4 дрвени гајби
  • 2 подолги летви
  • 4 тркалца
  • завртки
  • темно кафена боја
  • бормашина
Начин на изработка:

1. Гајбите наместете ги како на сликата.

Направете сами: масичка од гајби за вино

2. Потоа измерете ги должината и ширината на споените гајби. Откако ќе го направите тоа, исечете ги летвите и направете рамка, која ќе ја искористите како основа на масичката.

Направете сами: масичка од гајби за вино

3. Со помош на бормашина зацврстете ги гајбите со по неколку завртки. На основата прицврстете ги тркалцата и потоа зацврстете ја основата заедно со гајбите. Во централниот дел на масичката ќе ви се создаде празнина во која можете да прицврстите две летвички во средината.

Направете сами: масичка од гајби за вино

4. Следен чекор е боење на целата дрвена површина.

Направете сами: масичка од гајби за вино

5. Откако масичката ќе се исуши, наполнете ја средината со камчиња или тапи од вино и таа е спремна и целосно функционална.

Направете сами: масичка од гајби за виноНаправете сами: масичка од гајби за вино


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2013 во 23:12
              висечки полици

Доколку ви се допаѓаат овие полици, може и вие самите да ги изработите и да ги поставите во вашата дневна соба, кујна, детска соба или друга просторија. 




Потребни материјали и алати:

• коноп - со должина околу 10 m и дебелина околу 2 cm;.
• дрвени типли – се купуваат готови, а може и сами да ги изработите со должина околу 5 cm;.
• даски – треба да имаат димензија 70 x 30 cm, 4 парчиња од масивно дрво;
• боја за дрво и четка;
• метална кука.


Постапка:

На даските кои ќе послужат како полици треба да се издупчат 4 отвори, кои треба да бидат доволно широки за да може непречено да пројде конопот. Доколку сакате може да ги обоите во боја по избор.

Со остри ножици исечете две парчиња коноп со претходно измерена должина.

Откога ќе го провлечете конопот низ отворите, на краевите врзете цврсти јазли. Измерите го растојанието меѓу полиците, па провлечете низ конопот типли кои ќе овозможат полиците да стојат хоризонтално.

Кога полицата е готова, треба на ѕидот да се постави метална кука која ќе биде доволно голема за да ја држи полицата со предметите кои ќе бидат поставени на неа. 











Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2013 во 00:08
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 101076
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 09:57
Kако да направите јајце-срце

Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика


Изменето од Valerija - 08.Декември.2013 во 10:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 101076
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 10:12


Слика
Слика


Изменето од Valerija - 08.Декември.2013 во 10:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 101076
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 12:59

Непишано правило е на жените секогаш да им останува барем по малку неискористен лак во шишенце. Некогаш тоа е многу повеќе отколку што мислите, па ако веќе не ги користите за боење на ноктите, употребете ги за неколку забавни и уникатни проекти.

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-01

Создадете уникатен дезен на саксиите за цвеќе

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-02

Обичните алки обојте ги во повеќе бои и создадете интересна шара како на фотографијата

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-03

Потполно изменете го изгледот на летните сандали

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-04

Еднобојниот прстен претворете го во накит со силни бои

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-05

Направете шарени магнети од капачиња и лак за нокти

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-06

Освежете ги платнените патики

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-07

Направете неодоливо дно на чашите за ликер

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-08

Плик чантите пропрскани со неонски бои се вистински летен хит

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-09

Направете апстрактна уметност со лакот за нокти

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-10

Декорирајте ги летните вазни за цвеќе

neocekuvani-upotrebi-na-lakot-za-nokti-11

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 101076
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 15:36

Денес постојат многу освежувачи за простор, но сте се запрашале некогаш дали се тие сосема безопасни и здрави кога ги вдишуваме?

napravi-sam-osvezuvac-na-prostor-01

Разните спрејови содржат хемикалии кои би можеле да му наштетат на вашето здравје.

Оние кои страдаат од астма, посебно би можеле да бидат погодени од овој проблем, во вид на појава на алергии, главоболки па дури и депресија!

Токму затоа, еве пар совети како сами да си направите природен, пријатен освежувач за простор.

napravi-sam-osvezuvac-na-prostor-2

Природни масла

Користете мирисни масла како освежувач за вашиот дом. Земете една лажица од вашиот омилен мирис на природно масло, помешајте го со пола шолја оцет и две шолји вода. Течноста исипете ја во сад со распрснувач и ете ви природен освежувач!

Цветни екстракти

Вашиот омилен цветен мирис претворете го во освежувач на вашиот дом. Како? Земете ливчиња од некој свет (јасмин, ружа, лаванда) и варете ги во вода на средна температура околу 30 минути. Процедете ја водата и сипете ја во шишенце со распрснувач. Оставете да се олади, а потоа напрскајте низ просторот.

napravi-sam-osvezuvac-na-prostor-1

Зачини

Земете по една лажица од вашите омилени зачини како цимет, кардамон, каранфилче и слични и провријте ги во вода на висока температура од 20 до 25 минути. Сипете во шише со распрснувач и нека вашиот дом замириса на Индија.

Свеќи од пчелин восок

Не одете во супермаркет за да набавите скапи мирисни свеќи. Направете си сами од пчелин восок, бидејќи тој емитува мек мирис и го освежува просторот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Онлајн
Поени: 101076
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 22:21

Уредувањето на домот не мора секогаш да биде скапо и напорно, особено ако во изработката на декорациите ги вклучите вашите десет прсти.

napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka-1

Деталите како на пример завесите сликите, огледалата и ламбите за час ќе го освежат наједноставниот простор, а на вас останува да бидете креативни.

Еве како од една жица, една фасонка и инка да направите најоригинален лустер во боја.

Материјал за изработка:

  • Приклучок за сијалица (грло) со кабел
  • Изолирана жица (потенка за полесно да се обликува)
  • Инка

napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka-2

Постапка:

  1. Жицата почнете да ја мотате околу инката од самиот врв.
  2. Мотајте густо до самата инка се додека не добиете спирала со сакана должина. Од густината зависи колкава ќе биде должината на лустерот.
  3. Пресечете ја жицата и низ добиената спирала провлечете го приклучокот за сијалица со кабелот и ламбата е готова.

 

Совети:

Постојат разни бои на приклучоци за сијалица, а најчесто се користат белата и црната. Одберете ја онаа што подобро ќе се вклопи со бојата на жицата.

Жици има во најразлични бои така што можете д аја одберете онаа што најдобро се вклопува со вашиот простор.

napravete-efekten-luster-od-zica-i-inka-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.