Направи сам - Вазни од стаклени епрувети и дрвени рамки

Ако сакате цветни аранжмани во ентериерот, сигурни сме дека ќе бидете импресионирани од овие уникатните минималистички вазни кои дизајнерката и архитект Со Јунг Ли ги има креирано во своето студио во Сеул.

Дизајнирани од стаклени епрувети и тркалезна дрвена рамка, овие необични мали куќички за свежи мали букети, се детали кои совршено се вклопуваат во најразлични стилови на ентериери.