IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Познати жени во историјата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Познати жени во историјата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Познати жени во историјата
    Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:14
Уште во древната човечка цивилизација жената била од голема помош во човечката еволуција.Воедно таа го открила градинарството без коешто неможе да се живее долго и здраво.
Има многу значајни жени кои што се и некои национални херои како на пример Јованка Орлеанка и многуте крелици.
Кои хероини ви се фаворити можете да пишете тука и да ни објасните нешто повеќе за нив и нивните дела.

Изменето од DarlinG - 13.Октомври.2008 во 14:28
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:22
е па мене ми е фаворитка Раjна Кнjагинjа
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:27
де нешто повеќе биографија
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:31
Еве за Раjна Комитата намигнување

Изменето од Македон - 19.Ноември.2009 во 02:31
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:33
sepak ne mislev na pesna
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:36
Рајна Поп-Георгиева Футекова, позната како Рајна Кнегиња е бугарска учителка и револуционерка, која го сошила знамето на Априлското востание од 1876 година. Во денот на објавувањето на востанието, таа го развеала со комитата Георги Бенковски.

По задушувањето на востанието, Рајна е уапсена од Турците и после тешки страдања таа е оставена без леб и вода повеќе од месец време во Пловдискиот затвор.
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:37
прво што ми текна,( сега учам за тоа не за друго
намигнување) ... Хурем Султана... голема%20насмевка

имено, мажот и владеел со империја,... таа владеела со него... била ќерка на украински свештеник, со христијанско име - Рокселана... позната е по својата итрина и убавина,.... и со интригите, кои му ги правела на царот... го убедила да го озакони нивниот брак.... му родила две деца, од кое машкото, иако не било првородено, го наследило султанот на престолот.... кога починала, од тага, султанот се повлекол од престолот...


Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 14:56
Originally posted by BisernA BisernA напиша:

прво што ми текна,( сега учам за тоа не за другонамигнување) ... Хурем Султана... голема%20насмевкаимено, мажот и владеел со империја,... таа владеела со него... била ќерка на украински свештеник, со христијанско име - Рокселана... позната е по својата итрина и убавина,.... и со интригите, кои му ги правела на царот... го убедила да го озакони нивниот брак.... му родила две деца, од кое машкото, иако не било првородено, го наследило султанот на престолот.... кога починала, од тага, султанот се повлекол од престолот...


odlicno, samo uste da navedese deka toa stanala ili go ostvarila preku patot na haremot t.e. kako robinka
Кон врв
johanes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 122
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај johanes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 15:55
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 16:30
Сирма Војвода (Тресонче, 22 април 1773 - 1858)

За многумина народната хероина Сирма Војвода е легендарна личност од времето на отоманското царство и романтичен лик од македонската народна поезија. Но, Сирма е историска личност, ќерка на тресончанката Анѓа и на зографот Петре Врлески. Легендата за Сирма Војвода би требало да претставува пандан на легендите за Робин Худ во Англија или за Јаношек од чешките планини.


...

    Коде се чуло видело
    Моме војвода да одит
    Со седомдесет ајдути
    По таа Бистра планина
    Со три барјаци црвени

...

Ова се првите стихови од народната песна "Сирма Војвода" што почнала да се пее во Мијачко откако се раширила веста дека најголемиот водач на ајдуците во тоа време била всушност мома.

Ќерката на самоукиот зограф Петре, кој во својот зографски и ѕидарско-печалбарски занает течно научил да зборува грчки, албански, турски и српски јазик, уште од малечка ги впила големите способности на своите родители. Нејзината мајка Анѓа била невидена мајсторица за ткаење и везење, а долгите зимски ноќи ја направиле и одлична раскажувачка на гачки од минатото што кај малата Сирма внело страст за минатото, за храброста и пожртвуваноста на своите предци кои постојано биле на удар од разбојничките банди.

Семејството на Петре немало други деца, па Сирма била приморана подеднакво да им посветува внимание и на женските и на машките домашни обврски. Тоа особено било потребно откако стариот дедо, таткото на Петре, повеќе не бил во можност да работи и товарен со годините можел само да раскажува за годините понапред. Еден ден додека Сирма ги слушала прикажните на дедо си, Тресонче навистина го опколиле разбојници. Зографот Петре се прибрал дома и најбрзо што можел семејството го засолнил во Голем Дол, месност малку оддалечена од Тресонче на падините на планината Шкрка. Оттаму брзо-брзо ги преместил во пештерата Алилица оддалечена на час и половина од селото. Кога по два дена Петре се вратил во Тресонче затекнал запустени куќи и запалени племни. Тука се нашла и мајката на нејзината најдобра другарка, Ружа. Жената во плач раскажала дека Ружа ја одвеле арамиите заедно со уште неколку други девојки од селото. Сето тоа само ја зголемило нетрпеливоста на Сирма кон качачките банди. Во тие мигови кај неа изгледа дека се појавила намислата како да се одмазди за неправдите, со што наполно и се изменил животот.

Сирма станува војвода Но, сепак, таа никому не му ја кажала својата намисла. Се сетила дека на планината Стогово во месноста Гороцветно поле за следниот Ѓурѓовден мажите велеле дека ќе се соберат сите оние на кои зулумџиите им го докрајчиле животот, за да постројат ајдучка дружина која ќе се бори со разбојниците. Без да знаат родителите, следната година таа се облекла во бечвите на татка си и заминала на Стогово. Околу седумдесет Македонци - Мијаци се нашле на договореното место. Доаѓале од сите мијачки села во доброволен ајдутски строј. Како што понапред било договорено, средбата се случила на пролет, на денот Ѓурѓовден во 1791 година. Тогаш Сирма имала 18 години.

Стројот од Мијаци - ајдуци чекал наредба за почеток на дејствувањето, за враќање на честа на своите мајки, невести и сестри. Запишано е дека пред стројот се исправил некојси тресончанец Мицо. Откако добро се изнагледал во секој дојденец им рекол: "Како што секој човек има глава и ум во неа, така и секоја држава треба да има свој главатар што ќе ја води. Но, и нам овде построени, исто така ни треба човек кој со умот ќе нî води како што треба. Браќа, јас гледам овде меѓу нас еден таков кој ми се чини дека е најпогоден војвода". Мицо со раката покажал кон Сирма, односно кон кајмладиот и најубавиот човек во стројот, облечен во бели бечви, чоен минтан и бела долама до земја. Ајдуците се согласиле младото момче да стане нивен водач.

- Да ни е жив и многу години да нî води во битки, со душмани на овој народ - се согласиле сите седумдесет мажи. Тогаш Мицо го прегрнал избраниот војвода и му ја бакнал раката, а потоа сите дале заклетва дека ќе се стават во одбрана на својот крај од сите качачки и турски злосторници и оти за тоа нема да ги жалат животите. Кога Сирма станала пред стројот од пазувите извадила мијачки бајрак, навезен со црвена коприна и му го предала на избраниот знаменосец Вело Шпиров Крушевчанецот - Мијак од најстарото крушевско маало.

Предавајќи му го бајракот Сирма му рекла: "Овеа е знамето на нашава ајдучка дружба. Ќа го развиваш само коа ќа напаѓаме и ќа го чуваш како очите во главата. Може сите да загинеме до еден, ама тие шо ќа доет по нас ќа требет да го преземет и да го виет како свидетли на нашите чесни дела".

Така започнала новата страница од животот на Сирма Војвода, која по она што оставила зад себе претставува урнек на највисоките слободарски чувства и дострели на жена - ајдук од мијачките простори. Таа ајдукувала 23 години без никој од нејзината дружина да дознае дека не е маж. Во тоа време се велело дека на војводата му нема рамен на храброста и на подвизите, поради што подоцна се родиле и многу легенди. Тие укажуваат дека Сирма се носела рамо до рамо со мажите на разни натпревари: во фрлање камен, скокање во далечина, стрелање. Особено останало да се раскажува кога Сирма стрелала низ неколку прстени наредени еден до друг и обесени со конец на една гранка. Под нејзиното раководство нападите против разбојниците се изведувале брзо, прецизно и со невидена храброст на целата дружина без прекин од 1791 до 1813 година, кога Сирма ја предала дружината на друг. Успешното изведување на акциите било можно поради нејзината бистрина, способност и храброст, како и поради големата поддршка што им ја давале селаните од целата Бистра. Особено значајно биле нејзините добро одбрани јатаци кои во секоја прилика им овозможувале засолниште, обезбедувајќи им храна, облека и лекови за време на ајдучкиот век на Сирма.

Пишаното вели дека еден ден и се скинале неколку копчиња од кошулата и така било откриено нејзиното моминство. Се вели дека ајдуците дознале дека е женско дури откако дружината се растурила, а Сирма се омажила за Вело Шпиров, бајрактарот.

Смртта во Прилеп Тресонечката војвотка планината ја напуштила во октомври 1813 година кога станала невеста на четириесет години. Со Вело заминале во Крушево и таму живееле долго време. Подоцна се преселила во Прилеп и таму умрела во својата 85 година од животот во 1858-то лето. Била погребана со најголеми почести, а прилепчани излегле во голем број за последен пат да се поздрават со големата Сирма Војвода.

Времето го направило своето и кај новите генерации тресончани за неа останале само бледи сеќавања. Сирма одлично се познавала со Димитар Миладинов, но за жал ниту во неговите книги и дела тој не споменал подетални моменти од нејзиниот живот. Останала напишана само една куса белешка која во целост гласи вака:
"Сирма се роди во дебарското село Тресонче. Бидвешчем под машко облекло, 
обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои
таја ги водеше ја узнаха како девојка кога í се скинаха петлиците од градите".

Многу историчари и нашинци до ден денеска многу жалат што Димитар
Миладинов, кому лично Сирма му раскажувала за својот живот,
најверојатно пропуштил да запише многу повеќе податоци за неа или
можеби такви писанија некаде сî уште постојат, но чекаат да бидат
пронајдени.


Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 19:43
Валентина Владимировна Терешкова





Првата жена во Вселена
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 23:01
Магдалена Антова

На утрешен ден 14.октомври 1941 год. младата 20 годишна Магдалена Антова го положи својот живот и е запишана во Македонската историја како борец за Слободна и Независна Македонија.
Нејзиниот млад живот згасна кога Кумановската чета која на 11 октомври излезе во борба за Македонско народно ослободување беше пресретната од бугарскиот фашистички окупатор и во нерамна борба по целодневна опсада таа и нејзините другари храбро загинаа за Македонија.
Слава и вечен спомен за храбрата Македонка и нејзините другари
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 23:34
Мислам дека цела тема неможе а да не се спомне Клеопатра 7-ма којашто бај да веј е македонка




Клеопатра, припадничка на македонската династија Птоломеиди.
[уреди]Потекло на името

Името за кое викаат дека е Хеленско, мора да го прифатиме со резерва, бидејќи Хелените ги преведувале на нивен јазик топонимите..па и личните имиња(пр. Египет кој се викал КМТ..Кеопс кој се викал КУФУ и живеел пред Хелените да дојдат во Европа..)..веројатно коренот на името и доаѓа од античко Македонскиот збор АТА кој значи Татко...но иако името е извртено на Хеленски со додатоците оС и иС..сепак се препознава коренот АТА..Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело " Vie d'Alexander le Grand" (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише: "Грците ги испревертувале дури и имињата на владетелите и војсководците со кои војувале. Tиe на ce давале хеленски изглед, дури и во Индија и Персија..."..па веројатно цел свет не бил Хелени пред Хелените и да стапнат во Европа...
Таа била втората ќерка на Птоломеј XII Аулет. На смртта на татко и -51 п.н.е. на само 18 години таа станала ковладетел со нејзиниот брат Птоломеј XIII кој и станал маж. До август 51 п.н.е. таа го испуштала неговто име од официјалните документи што се носело со дотогашните египетски традиции. Понатаму на монетите се појавувало лицето на Клеопатра.
Можеби поради овој напад на независност, Потиниус ја тргнал од власта и откако таа неуспешно кренала востание отпловила со нејзината помала сестра. Есента 48 п.н.е. Птоломеј ја зацврстил својата власт мешајќи се во работите на Рим. Кога Помпеј го победил Цезар и пристигнал во Александрија барајќи прибежиште, Птоломеј наредил да го убијат за да се обедини тој со Цезар. Но, Цезар бил толку многу згрозен од ваквото предавство што го конфискувал целиот египетски капитал и станал арбитер меѓу Птоломеј и Клеопатра (треба да се спомене дека Помпеј бил маж на Ќерката на Цезар, која умрела раѓајќи го синот). По кратка војна Птоломеј XIII бил убиен и Цезар ја вратил Клеопатра на тронот со нејзиниот помлад брат Птоломеј XIV како ковладетел. Цезар престојувал во Египет во зимата 48-47 п.н.е. и Клеопатра ги зацврстила своите позиции станувајки му љубовница. Египет останал независен, но биле оставени три римски легии да го штитат. Врската меѓу овие двајца резултирала со син кој бил наречен Птоломеј Цезар (Цезариус) но самиот Цезар одбил да го назначи за наследник, и за таков го ставил внук му Октавијан. Клеопатра и син и го посетиле Рим помеѓу 46 и 44 п.н.е. и биле присутни кога Цезар бил убиен. Пред или по враќањето во Египет, Птоломеј XIV умрел мистериозно (можно е да бил отруен од Клеопатра) по што синот на Клеопатра станал ковладетел и наследник.

Во 42 п.н.е. Марко Антониј еден од триумвирите кои владееле со Рим по смртта на Цезар ја замолил Клеопатра да се сретнат во Тарсус за да ја потврди лојалноста, Клеопатра пристигнала доста привлечно и Антониј решил да ја помине зимата 42-41п.н.е. со неа во Александрија. За време на зимата таа останала бремена со близнаците Клеопатра Селен и Александар Хелиос. 4 години подоцна во 37п.н.е. Антониј ја посетил Александрија додека се подготвувал за војна со Партијаните. Ја обновил врската со Клеопатра и од тогаш па натаму Александрија станала негов дом. Можно е да се оженил за Клеопатра иако во тоа време бил венчан со сестрата на Октавијан. Тој и Клеопатра имале уште едно дете Птоломеј Филаделфус. По освојувањата на Антониј секое од овие деца добило територија со која владеело: Клеопатра и Цезарион - Египет и Кипар, Александар Хелиос - Армениа, Медија и Партија, Клеопатра Селен - Тунис и Либија и Птоломеј Филаделфус - Феникија, Сирија и Сицилија. Клеопатра го зела прекарот “кралица на кралевите”. Има многу приказни за Клеопатра како на пример таа дека на една вечера со Антониј се обложила со него дека може да потроши 10 милиони сестерци за да организира вечера. Утредента таа нарачала чаша со оцет и во неа ставила еден од своите бисери и ја испила смесата. Однесувањето на Антониј не било прифатливо за Римјаните па Октавијан го убедил Сенатот да кренат војна против него. Во 31 п.н.е. силите на Антониј се соочиле со Римјаните во поморска битка на брегот на Актиум. Клеопатра била пристуна со сопствената флота. Легендата вели дека кога таа ги видела сиромашно опремените бродови на Антониј како губат се повлекла, а тоа го направил и Антониј, но нема дополнителни докази за тоа. По оваа битка Октавијан го заседнал Египет. Како што се доближувал до Александрија, војниците на Антониј дезертирале. Клеопатра и Антониј се самоубиле таа го направила тоа користејќи отров од змија и се отровила на 12 Август, 30 п.н.е.. Синот на Клеопатра со Цезар бил погубен, а другите 3 деца со Антониј биле одведени кај жената на Антониј, Октавија. Често се вели дека Клеопатра користела асп за нејзиното самоубиство. Тоа се однесува на отров од различни змии, но првенствено од египетска кобра. Постои и друга теорија која вели дека Клеопатра не се самоубила туку била убиена од Октавијан, но ова не било толку веродостојно.
Смртта на Клеопатра го означила крајот на Египетската монархија. Римските владетели дошле во Египет да владеат со него. Птоломеидите биле Македонци во суштина, но тие владееле како Египјани, фараони. Клеопатра била последниот фараон на Египет. Нејзината посветеност на државата била огромна,Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил "македонскиот јазик"!..Плутарх пишува: "Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше. Такви беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците, Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи. Тоа беше повеќе изненадувачки затоа што повеќето од нејзините предци кралеви едвај се мачеа да го научат египетскиот јазик, а некои од нив прилично го запоставија и македонскиот јазик".(на англиски "Macedonian", a во оригиналот на грчки: Μακεδονιζειν) (Antony by Plutarch, Translated by John Dryden) ,но исто така зборувала течно 9 јазици но не и латинскиот, била одлична во матекатика и особено го ценела Цезар како многу паметен човек, за разлика од него Антониј бил помалку интелегентен.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 00:35

Нефертити (што се изговарало отприлика како нафратита) (1370 – 1330 п.н.е.) била Големата Кралска Сопруга (или главна придружничка/сопруга) на египетскиот фараон Акенатен/Акенатон/Ехнатон. Таа била мајка или маштеа на фараонот Тутанкамун. Нефертити веројатно владеела како фараонка според наследно право и тоа под името Нефернеферуатен веднаш по смртта на сопругот и пред доаѓањето на Тутанкамун, иако неговата идентификација е непотврдена според последните истражувања. Нејзиното име грубо преведено значи „убавата (или совршената) жена дојде“. Нејзиното име исто така е име за издолжен златен бисер што се нарекува нефер, со кој честопати е насликана. Таа стана славна заради нејзината биста во Берлинскиот музеј. Таа биста е едно од најкопираните дела на древниот Египет. Припишана е на скулпторот Тутмос и била пронајдена во неговата гробница. Бистата е значајна, бидејќи укажува дека древните Египќани имале познавање за реалистичните фацијални пропорции. Таа имала бројни титули. Така на пример во Карнак има натписи во кои стои; Наследничката, Полна со Доблести, Што поседува Шарм, Која зрачи Радост, Господарка на Милоста, љубената, што го утешува кралското срце во неговата куќа, Господарка на Горниот и Долниот Египет, Големата Кралска Жена, која ја љуби, Божицата на Двете Земји, Нефертити.

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.