IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храна која лечи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храна која лечи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2010 во 17:07
Ако боледувате од дијабетес, во исхраната додадете...



Брокули - Научниците од Универзитетот во Англија, отркиле дека состојката од составот на брокулата - сулфоратанот, му помага на организмот да создаде ензими, кои ги штитат крвните садови. На тој начин го смалуваат ризикот од кардиоваскуларните болести, кај дијабетичарите. Исто така, ова е посебно важно, затоа што дијабетичарите пет пати повеќе заболуваат од срцеви болести.

Чај од камилица - Едно истражување, кое е објавено во часописот за земјоделство и хемија, покажало дека овој популарен чај, може да спречи компликации, кои настануваат по пат на дијабетесот, како што се оштетувања на нервите и бубрезите, како игубење на видот. Чајот од камилица инхибира ензими и собитол кај дојабетичарите, чии што зголемено ниво се доведува во врска со овие компликации.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 12:22

Црно грозје за појако срце

Црното грозје би требало почесто да се најде на трпезата, пред се поради изобилството на калиум, витамините Ц, Б1 и Б6 и минералот манган. Покрај тоа, содржи и флавоноиди кои го забавуваат згрутчувањето на крвта, го намалуваат лошиот холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви болести. Неодамнешното истражување покажа дека црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, неопходен за добар сон, а високата концентрација на резерватол во неговата лушпа позитивно влијае врз моторните и менталните функции на мозокот, го намалува ризикот од мозочен удар и помага за флексибилност и за здравје на срцевиот мускул.
Некои истражувања покажаа дека резерватолот има важна улога во спречување на малигните болести и оти може да го забрза уништувањето на веќе постојните клетки на ракот.

***

Освежете го лицето со грозје

Искористете ја сезоната на грозје и подгответе едноставна маска за освежување на лицето. Исцедете една лажица сок од свежо грозје, додадете малку мед, брашно и маслиново масло и мешајте го сето тоа додека не добиете компактна смеса (каша). Маската нанесете ја на лицето и одморете се 15 минути. Потоа, измијте ја со млака вода.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2010 во 16:50
Броколи како антибиотик

Жените кои често боледуваат од запаленија на мочните канали треба секој ден да изедат 200 до 300 г варени броколи. Во нив има глукоинолати, т.е. секундарни растителни состојки кои ги уништуваат бактериите во мочниот меур. 200-300 г од овој зеленчук содржат 43 милиграми од овие корисни состојки. Затоа може да се каже дека броколите имаат дејство слично на антиобиотик. Пред се, спречуваат појава на нови инфекции.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 14:15

Со риба против срцеви заболувања

Во подолгата листа на корисност од конзумирањето риба може да се запише уште една - намалување на ризикот од срцева аритмија, соопштија истражувачите. На скара или во рерна, но не и пржена во масло, рибата помага во намалување на ризикот од фибрилација на срцевите комори - соопшти д-р Драјфус Мозафаријан од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард во Бостон. Резултатите покажуваат дека редовното земање на туна или на други видови печени риби може да биде едноставна, но и важна брана на запушување на срцевиот мускул и на крвните садови кај постарите жени и мажи. Заслугите за таквата ситуација д-р Мозафаријан ја припишува на масната киселина омега-3 која може да се најде во многу видови риба, но и во оревите, лененото семе и во зеленолисниот зеленчук. Се верува оти омега-3 го намалува ризикот од широкиот спектар на срцеви заболувања, но и дека е исклучително важна за развој и за функционирање на мозокот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 14:49
Доматите лекуваат и отрпнати нозе

Во случај често да чувствувате дека нозете ви отрпнуваат, тогаш, веројатно, се работи за исхрана сиромашна со калиум, елемент кој ги поттикнува контракциите, но и олабавувањето на мускулите. За да го избегнете тоа, треба да јадете домати, модри патлиџани, банани, но и да пиете минерална вода. Сирењето и млекото не се препорачуваат.

Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 15:26
За недостаток на железо;1/2к.рендано цвекло
                        1/2к.цеден лимон
                        1 лажица шеќер
да отстои 24 часа,да се прецеди низ газа.Откако ќе се исцеди се меша со 1/2к.мед.Се зема, не повеќе од 3 лажички на ден.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 13:27
Оревот лекува рани

Без оглед што кај оревот најчесто се користи плодот, не е за занемарување ни лековитоста на неговите лисја. Народната медицина препорачува чајот од листовите да се пие во случај на скофулоза и катар на желудникот и цревата, а купките или облогите да се ставаат кога ќе дојде до воспаление на очите или кога раната ќе се загади.
Кога веќе станува збор за оревот, во традиционалната медицина се користи и зелениот плод. Бидејќи е исклучително богат со витамин Ц, тогаш зелените плодови се ставаат во мед и медот се дава на анемични деца.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:41

Болести што можете да ги излекувате со храна

Болести што можете да ги излекувате со храна

Некои болести со кои често се среќаваме нема потреба да ги лекуваме со лекови, едноставно е потребно само малку знаење во комбинирањето на храната и болеста за кратко време ќе исчезне. Еве за што станува збор.

Висока температура – овошен јогурт

Покачена темперетура – Вашиот организам се подготвува за борба против инфекција. Помогнете му, правилно! Одлично решение за ова е овошниот јогурт кој го забрзува метаболизмот, ја обновува енергијата и ја намалува температурата. Секогаш кога ќе забележите покачена температура, помогнете му на Вашето тело со вкусен овошен јогурт.

Габична инфекција – јогурт

Ова е делумно лек, делумно превентива. Луѓето кои редовно користат јогурт имаат за 75 % помал ризик од габични инфекции. Доколку веќе патите од некоја габична инфекција, користете редовно јогурт. Тој со своите “добри” бактерии секогаш ќе ви биде од корист.

Инфекција на мочен меур – сок од брусница

Само две чаши дневно сок од брусница ќе го спречат размножувањето на бактериите во мочниот меур, особено на бактеријата ешерихија коли која е најчест причинител на инфекција на мочниот меур.

ПМС – сирење

Сирењето е продукт кој изобилува со калциум. Според истражувањата кои ги направиле истражувачите, храната богата со калциум е одличен ублажувач на симптомите на пред-менструалниот циклус.

Настинка – супа

Да, ова е многу познат лек кој едноставно делува. Одлична е за белодробни воспаленија, рехидрација при темперетура, ринитис и сите симптоми на настинка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 23:29

Направете природен антибиотик од пет состојки за помалку од 100 денари

Направете природен антибиотик од пет состојки за помалку од 100 денари
Во текот на зимскиот период кога помалку се движиме а повеќе јадеме, нашиот имунитетен систем слабее и станува помалку отпорен на надворешните фактори.

Затоа клуч за здрав организам е да се зацврсти и појача имунитетот за да се подготви за сезоната на настинки и грип, а во тоа најмногу помага природните сојузници на здравјето. За тоа ви потребни само пет природни продукта кои нема да ве чинат ни 100 денари, а резултатот е природен антибиотик кој ќе го штити вашиот имунитет и организам како најцврст оклоп.

Состојки:

- 1 чешне лук
- 2 лажици мед
- 2 лажици свежо рендан ѓумбир
- 1/2 лажици мелени чили пиперки
-1/2 лажици цимет
-1дл свеж исцеден сок од лимон

2013-12-03 12_46_28-Google Image Result for http___www.therebelpreppernetwork.com_wp-content_uploads

Подготовка:

1. Исцедете го лимонот и во него ставете ги сечканото чешне лук, ѓумбир, чили и цимет.

2. Сите состојки добро промешајте ги и на крај додајте го медот за да добиете густа смеса.

3. Подготвената смеса ставете ја во стаклен сад со поклопец и добро затворете го, и оставете така да стои три часа на собна температура, а после тоа, сирупот чувајте го во фрижидер.

Совет:

Земајте по една лажица од сирупот еднаш дневно, најдобро наутро на празен стомак за да се зајакне имунолошкиот систем. Ако сте веќе болни или настинати, земајте од сирупот три пати дневно пред секој оброк.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 23:35

Купете ги уште денес и поминете ја зимата без болести

Купете ги уште денес и поминете ја зимата без болести

За да се чуствувате подобро, поздраво и да останете во форма, не морате да држите диета, можете да ги искоритите следниве зачини, кои ќе ви помогнат да ја одржите линијата и подобрите имунитетот.

Црн пипер

Еден од зачините кој се наоѓа во секоја кујна може да виде и сојузник против таложењето на вишокот килограми. Црниот пипер содржи пиперин, кој помага во спречувањето на формирањето на нови масни клетки, откри една неодамна студија во весникот The Journal of Agricultural and Food Chemistry.

Цимет

Циметот, од друга страна помага во опуштање на мускулите по напорна работа. Жените кои конзумираат една лажица цимет секој ден во тек на шест недели, успеале да ја намалат болката после вежбање, покажало истражувањето објавено од весникот Journal of Preventive Medicine.

Ѓумбир

Не само што ѓумбирот ќе ви помогне во абдоминалната болка, туку ќе се чуствувате послаби и ќе стопите повеќе калории. Дебелите мажи кои за доручек пиеле чај од ѓумбир, јаделе помалку во текот на денот за разлика од испитаниците кои не пиеле чај од ѓумбир.

Ванила

И самиот мирис на ванила може да ви помогне да ја контролирате желбата за благо. Дебелите испитаници кои имале фластер со мирис на ванила на нивните зглобови, го намалиле внесот на слатки за половина, додека оние испитаници кои имале фластер со мирис на лимон или биле без фластер, не покажале никакви промени во исхраната.
За да не претерате со внесување на слатки за време на празниците, можете да запалите свеќа со мирис на ванила или пак да ставите парфем од ванила.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2014 во 22:48
Порано не сакав да му опонирам на Сторм на глупостите али еве сега

Нека храната биде твојот лек,а твојот лек нека биде храната - Хипокрит

Во потполност се слагам со изреката на Хипокрит,а исто и со насловот на темата,но?

На сите членови им препорачувам да ја прочитаат,и да видат до кои налудничави крајности доаѓаат припадниците на разните " прехрамбени секти" од типот Вегетаријанци,Макробитичари,Вегани,Суровојадци и слични идолопоклонички начини на исхрана.

Исто така не можам а да не го споменам Богот Мичио Куши,нему му се поклонува Сторм.

Све што е тука,во најголем дел е чиста глупост,во постовите од Сторм има безбројни апсурди,не сакам да ги цитирам,секој може да ги пронајде.

Тврдењата дека месото и млекото се отровни се врховниот апсурд на темава.

Тврдењата дека човекот е создаден да јаде само растителна храна се тотално неосновани.
-Би ги запрашал тие што ова го тврдат зошто имаме киселина во желудникот и кратки црева,ако сме создадени за растителна храна и зошто немаме повеќе желудници како Кравите пример?
Зошто имаме Жолчна кеса која испушта жолчка во дванаесетпалачно црево која има задача разложување на маснотии??????

Човекот е омнивор или сештојад,така да све треба да јаде.

Според мене сите треба да се храниме со храна од околината во која сме се родиле,со храна која нашите дедовци ја носеле а бабите приготвувале,т.е. храна од пред ерата на прехрамбените преработувачки системи

Месо,риба(речна,не од рибници),маснотии,путер,сланина,јајца,сирење,овошје и зеленчук,тоа треба да се наоѓа на масата.

Тврдењата дека од ова што го набројав се дебелееме,се неточни според многу нутриционисти и лекари.

Се дебелееме од индустирски преработена храна,од премногу јагленхидрати,газирани сокови,колачи,разни грици и све од таа група на глупости и секако преголеми количини на житарици во вид на леб.

Слушајте си го својот организам,тој најдобро ќе ви каже што му годи и од што се чувствува најдобро.

Не потпаѓајте на реклами од разно-разни волшебни овошја од далечен исток,некакви си прашуми и скриени места,се што имаат тие се наоѓа и во нашите Круши,Јаболка,Сливи,Малини,Капини,Боровинки и слично.

Нутритивниот состав на нашите локални овошја и зеленчуци е потполно ист или многу сличен со други не карактеристични за нашите простори,така да тоа е бадијала врлена пара по Манго,Ананас,Гоџи,Јапонски јаболка и слично.

Во разните вегански и вегетаријански исхрани многу работи недостасуваат или се во тотален дефицит,како во минерали така и во витамини,а посебно во протеини и есенцијални аминокиселини,тоа на почеток не се приметува,али по години ќе си направите големи проблеми со истоштување на организмот.

Организмот треба да се храни со протеини и маснотии за да врши навремена регенерација,во спротивно се јаде сам себе за обнова или во случајов преживување.

Ова е голема тема,така да ако е некој заинтересиран за дискусија ќе дискутираме.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,201 секунди.