IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонскиот јазик и македонската азбука
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонскиот јазик и македонската азбука

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 146>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2009 во 12:39




Тука нешто ме збуни. За еден Галичанец - Пулевски, бугарскиот јазик е неразбирлив во Македонија, а другиот размислува за истиот јазик.

ПС Зографски, Партений. Мисли за българския език, Български книжици, 1/1858, с. 35-42 (Zografski, Pertenie. Thoughts about Bulgarian language, magazine "Bulgarian letters", 1/1858, p. 35-42)



Изменето од macedon_alex - 26.Август.2009 во 14:20
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2009 во 13:51
Originally posted by Cercetator Cercetator напиша:


Види што ќе ти каже и Галичанецот Партенија Зографски во своите „Мисли за болгарскиот јазик“




Тука нешто ме збуни. За еден Галичанец - Пулевски, бугарскиот јазик е неразбирлив во Македонија, а другиот размислува за истиот јазик.


Кога веќе зборуваме за јазикот на Пулевски и Зографски и двајцата зборуваат за македонскиот јазик. Првиот, иако самоук, како човек кој знае што зборува додека другиот во одредени моменти како поданик на некоја иституција.

Меѓутоа и двјацата во основа ја имаат Македонија и македонскиот јазик.






Изменето од macedon_alex - 26.Август.2009 во 14:18
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2009 во 14:55
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Алекс, се чини дека со учеството на бугаризираните членови на овај форум, бугаризацијата и на оваа тема е неизбежна. Се гледаат преку некаква си словенобугарска призма.


На оваа тема нема да дозволам бугаризација,па макар и санкции да треба да давам, а како тргнало, брзо ќе има кандидати за истите! Овде се разговара за македонскиот јазик и македонската азбука од историско-лингвистички аспект, а не за бугарскиот јазик.

Черчетаторе, општобугарскиот јазик да си го чуваш за на друга тема, овојпат прав е Платеникот, овде треба да дискутираме за македонскиот јазик, а не за тоа што некој размислувал за општобугарски јазик. Како би било сега јас на тема за бугарски јазик да почнам за грчки како за општ јазик меѓу Буагрите и Грците во минатото да си зборувам, па за оние кои зборувале грчки, па за оние кои си ширеле грчка култура ?!

Сега темава јас ќе ја прочистам, гледам многу работи веќе одат надвор од контрола.


Изменето од macedon_alex - 26.Август.2009 во 14:58
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 16:00
Македонскиот јазик споменат во грчкиoт весник "Скрип" 8-ми Јули 1905 година

Еве и линк со превод, но не е најсоодветен, поради тоа што некои изрази на англиски не можат да се преведат од грчки

Грчки весник од 1905 (англиски и грчки )


Превод на македонски:

„Оваа вест веќе ви ја имав телеграфирано. Денес ги додавам овие детали: Пред неколку месеци во Битола беше формирана една комисија од страна на Македонската Организација која има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија имаат наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се постават основите за создавање независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги, а Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“.



Изменето од Македон - 02.Септември.2009 во 18:53
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 16:10
Тоа е интересно, мислам имавме разговарано на база една статија во весник, каде се зборуваше за граматиката на Сандански и т.н. Сега го гледаме црно на бело напишано.
Ако некој може, нека ја најде статијата, јас точно кога стана интересно треба да работам нешто друго.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 18:32
Originally posted by Македон Македон напиша:


П.С. Ќе се обидам да ги преведам овој грчки документ и оние кои  планирам да ги поставам овде во иднина, сепак, иако станува збор за оригинален документ, во ред би било да е на разбирлив јазик.


Ете професионален превод

Истовремено, на 8 јули 1905 година, алармантна вест ја објавил и атински „Скрип“. Според веста на „Скрип“, се создава „нова



Македонска граматика

која ќе се употребува во бугарските училишта во Македонија“. Известувачот на весникот вели:

„Оваа вест веќе ви ја имав телеграфирано. Денес ги додавам овие детали: Пред неколку месеци во Битола беше формирана една комисија од страна на Македонската Организација која има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија имаат наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се постават основите за создавање независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги, а Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“.



No i tuka ne e se` prevedeno, falat prvite nekolku reda.

PS Greshka moja - mislam deka ne e profesionalen prevodot.
Neznam zoshto no linkot do stranata na "Nova Makedonija" kade bil materialot ne raboti. Na eden drug forum imashe tema no ne ja naogjam.
Da ne napravile novinarite nekoj gaf?



Изменето од cercetator - 02.Септември.2009 во 18:40
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 18:44
Statijata
Словените во Македонија ќе печатат граматика за да дојдат до автономија
Автор: Дарко Јаневски; Мирка Велиновска
Грчкиот весник „Емпрос“ на 8 јули 1905 година донел алармантна вест. Претходниот ден, нивниот репортер од Виена го испратил текстот отпечатен во весникот „Неа Имерисиа“ (весник во Австрија што го издавале Грци), врз основа на телеграфирана вест од Белград, по што „Емпрос“ пишува:

„Како пример за словенските итроштини, ја пренесуваме од виенската Неа Имерисиа следната вест телеграфирана од колешката од Белград, бидејќи Бугарите обично ги испраќаат до европскиот печат сите тие работи што не им одговара да се гледа дека доаѓаат директно од Софија.

Од пред неколку месеци, беше формирана во Битола, од страна на Македонската организација, комисија чија задача е создавање македонска граматика.

Комисијата се состои од седум професори по лингвистика (каде постојат овие професори и на кој универзитет предаваат лингвистика? Во Софија? Таму има само виша школа, а не факултет и нема ниеден професор по лингвистика. Во Белград? Но и таму не постои катедра по лингвистика...).

Како основа на граматиката ќе се земе дијалектот (се разбира словенскиот) што се зборува во битолскиот вилает и ќе се прогласи и од страна на Комисијата како македонски јазик! (Јазиците според Словените се прогласуваат!)

Учителите на словенските училишта во Македонија ќе имаат наредба да предаваат на овој јазик, наместо на српскиот или бугарскиот за да се постават преку тоа основите на автономна Македонија.

Наскоро на овој јазик ќе се издадат читанки и други книги.
Штом ќе се постигне ова, Организацијата планира да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик во Македонија.

Се чудиме како еден таков сериозен весник како што е Неа Имерисиа од Виена прифаќа да објавува такви глупости.“

Вовед во независност

Од самиот текст на „Емпрос“ во 1905 година, се гледа каков шок била таа вест за Грците. Тоа е само девет месеци откако Грците започнаа позасилено да ги испраќаат своите андартски чети во Македонија со цел да ја „ослободат“, и само 7-8 месеци откако го добија првиот херој во таа борба - Павлос Мелас, официјално убиен од Турците по предавство од Македонците, а неофицијално убиен од еден од неговите соборци за да му го земе ќесето со злато (Димитрис Литоскоу - Грчката антимакедонска борба). Печатењето македонска граматика и протерувањето на другите јазици од македонските училишта, како вовед во создавање автономна Македонија, повеќе од сигурно би значело крај на „ослободителните“ грчките аспирации и многу веројатно, ќе ја изменело и денешната карта на Балканскиот Полуостров. Тоа, пред еден век и четири години, многу добро се сфаќало.

Истовремено, на 8 јули 1905 година, алармантна вест ја објавил и атински „Скрип“. Според веста на „Скрип“, се создава „нова македонска граматика која ќе се употребува во бугарските училишта во Македонија“. Известувачот на весникот вели:

„Оваа вест веќе ви ја имав телеграфирано. Денес ги додавам овие детали: Пред неколку месеци во Битола беше формирана една комисија од страна на Македонската Организација која има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија имаат наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се постават основите за создавање независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги, а Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“.

Грците и грчкиот јазик не се споменуваат во двете вести, но ако од македонските училишта си заминел бугарскиот јазик, протерувањето на грчкиот останувало како мала шега. Какво е значењето на еден таков чекор, доловиле и самите известувачи - тоа е вовед кон автономна и независна Македонија и тоа на севкупната нејзина територија.

Една од клучните причини поради која подоцна големите сили ја аминувале поделбата на Македонија е стравот од нејзино евентуално приклучување кон Бугарија. Во тоа време, најголемиот дел од македонските цркви биле под надлежност на бугарската егзархија, а училиштата и јазикот, исто така, го имале епитетот бугарски. Се сметало дека со можното приклучување на Македонија кон Бугарија, би се нарушила рамнотежата на Балканот меѓу Србија, Грција и Бугарија, на што големите сили не се согласувале. Русија не сакала поради таквата можност да го изгуби сојузништвото со Србија, која ја сметала за брана од Австро-Унгарија, а Австријците пак, стравувале дека на тој начин би се зајакнало руското влијание на Балканскиот Полуостров. Излез од оваа ситуација се гледало во останување на Македонија под Турција, до нејзината поделба меѓу трите соседи.

Во таква положба, појавата на активна идеја за создавање македонска граматика и протерување на српскиот и бугарскиот јазик од училиштата (нужна последица би била создавање брана и за грчкиот јазик), неминовно водело кон уверување на големите сили дека Македонија може да биде независна за што лесно ќе добиела поддршка (што е потврдено од британскиот крал и рускиот цар во Ревал - Талин - во 1908 година). Евентуален противник би била Франција, но подоцна и кај нејзе се јавуваат поинакви размислувања (во 1916 година, токму францускиот разузнавач Рене Пикард и препорача на својата влада став за создавање автономна Македонија).

Во такви услови, сосема е јасно зошто веста за македонски јазик и македонска граматика изгледала безмалку апокалиптично во Атина, Белград и Софија и зошто, ако тоа се остварело, денес картата на Балканскиот Полуостров би изгледала многу поинаку.
Оттука, таквата информација и не можела да биде пренесе поинаку во Грција освен со многу гнев. Но, што навистина станало со печатењето граматика во Македонија и дали за такво нешто, освен медиумски написи, постои и некаква одлука на ВМРО?

Потрага по одлуката

За жал, пишан документ за такво нешто досега не е откриен. Д-р Михајло Миновски, д-р Ванчо Ѓоргиев, академик Блаже Ристовски, д-р Зоран Тодоровски и д-р Ване Стојчев, кои ги консултиравме во последните неколку седмици во врска со ова прашање се едногласни: идејата за македонска посебност постоела и пред посочената 1905 година, но за некаков документ во врска со граматиката и јазикот во македонските училишта, веројатно, ќе треба да почекаме попријатни времиња помеѓу државите на Балканот и поголема отвореност на нивните архиви. Д-р Михајло Миновски вели дека постои голем дел од архивата на ВМРО, посебно таа која му била предадена на Иван Гарванов, а која се уште е недостапна. Не дека тој очекува да види документ потпишан од Гарванов за македонски јазик, но го наведува како пример дека мислењето оти тој период од нашата историја е горе-долу истражен, е заблуда. За затвореноста на грчките архиви, и да не зборуваме.

Сепак, постојат низа причини кои упатуваат на тоа дека е можно формална одлука на ВМРО за македонска граматика и македонски јазик во училиштата во 1905 година и да не била донесена, иако во Неа Имерисиа се зборува за одлука на „Македонската Организација“. Еден од клучните авторитети на ВМРО во тоа време, Даме Груев, пролетта 1905 година се наоѓал во Бугарија, а најмногу што си дозволил е да дојде до скопскиот регион. Во април 1905 година била донесена и наредба од битолскиот судија - истражител за апсење и судење на Даме Груев и Ѓорги Сугарев заради револуционерна активност, а отоманската држава побарала од Софија тие да и бидат испорачани. На 28 април, односно 11 мај 1905 година, со нотата број 284 бугарското Министерство за надворешни работи одговорило негативно на таквото барање, со образложение дека „нивната врска со наведените дејства по судски пат не е утврдена, ниту е утврден барем еден конкретен факт кој би налагал екстрадирање“. Но, тоа што е битно за овие редови е дека оваа турско-бугарска преписка ја покажува положбата во која тогаш се наоѓале клучните луѓе на Организацијата. Во Македонија им се заканувало апсење, а единствена шанса за спас им била Бугарија. Во такво услови, очигледно е дека по однос на прашањето за македонска граматика тие би се однесувале внимателно во смисла на оставање официјален писмен траг кој би им ја загрозил заштитата од Бугарија.

Истовремено, самата Организација се наоѓала речиси пред распаѓање, што фактички и се случило по неколку месеци на Рилскиот конгрес. Заради тоа, донесена е одлука револуционерните окрузи во Македонија да имаат што поголема автономија. Можно ли е тогаш една таква одлука за македонска граматика и за протерување на српскиот и бугарскиот јазик од македонските училишта да била донесена од Битолскиот револуционерен округ, а потоа во извештаите во весниците тоа да било оквалификувано како одлука на целата Организација?

Англичанецот Хенри Брејлсфорд, еден од водечките коментатори на „Дејли њуз“ и член на хуманитарниот Македонски помошен комитет, во својата книга „Македонија, нејзините народи и нејзината иднина“, издадена 1906 г. напишал:

„Комитетот или некои негови делови, дури размислува (1905) за политика на наметнување на македонскиот словенски дијалект, наместо литературниот бугарски, како јазик во сите егзархистички училишта во Македонија. Се зборува дека за таа цел се печатени граматики. Ова, ми се чини, ја докажува искреноста на локалниот автономистички патриотизам“.

Пиштол в уста на Чуповски

Брејлсфорд, кој пет месеци престојувал во Македонија и секако имал можност изворно да се запознае со многу работи, зборува за Комитетот или некои негови делови и за локален автономистички патриотизам. Тоа не води кон Битола, чиј Комитет, според белградска Политика од 26 март 1905 година, го сочинувале Димитар Ризов, Наум Ристов, Петар Лигуши, Анастас Лозанчев, Алтипармак и д-р Владев. Белградскиот весник односно неговиот известувач од Битола, кој го криел идентитетот заради страв од ликвидација, тврди дека овој состав дури испратил и меморандум до големите сили во однос на положбата на Македонија, нешто што исто така недостига како документ во нашата историја. Но, Ризов, Лозанчев, како и Груев, во тоа време се надвор од овој регион, што ја исклучува нивната улога во сето ова.

Останува тогаш да се разгледа можноста дека одлука за печатење македонска граматика била донесена во друг состав, можеби од останатите членови на округот, но и по повеќе од еден месец истражување (што за историската наука е малку, но за еден весник премногу долго време) поконкретни податоци за тоа не најдовме.

Сепак, постои друга линија што упатува на тоа дека пролетта 1905 година во Битола и Битолско навистина се подготвувало такво нешто. Тогаш, таму пристигнува Димитрија Чуповски со иста идеја и цел. Академик Блаже Ристовски тоа го опишал на следниот начин:

„Во 1905 година, кога во Одеса се печати списанието Вардар на Мисирков, Д. Чуповски доаѓа во Македонија и во текот на неколку месеци држи тајни состаноци и има многу средби со истакнати македонски дејци во врска со организирањето на просветата на македонски јазик... Европскиот печат почна да пишува дека во Македонија се подготвуваат македонски учебници, македонска граматика и сл., што предизвика аларм среде заинтересираните кругови во соседните метрополи“, запишал Ристовски.

Но, продолжува тој, „некои бугарофилски формации на ТМОРО, во велешко... му се заканија на Чуповски со смрт и тој мораше да се врати во Русија“. Станува збор за војводата Стефан Димитров кој му ставил пиштол в уста на Чуповски, по што тој немал избор освен да си замине.

Дали тука пропаднала целата идеја? Не, и во тоа не уверија Англичанецот д-р Карло Билд и д-р Ванче Стојчев, кој во 1993 година открил и публикувал еден друг текст од странски весник.

Граматика и кај Сандански

На 5 јули 1905 година, д-р Карло Блинд, противник на македонската идеја, во лондонскиот весник Пал Мал Газете објавил текст кој од битолско не води во спротивниот крај на Македонија под контрола на Јане Сандански. Блинд расправајќи се со идејата на Сандански за независна Македонија вели дека таа не е оправдана, па оттука било залудно „Македонскиот комитет да се обидува да создаде јазик единствен за сите“. Тоа што нас не интересира, следи во следните редови на Блинд:

„Учените од Комитетот на Сандански создаваат граматика на македонски јазик како јазик на целата област. Дијалектот на битолскиот вилает се земал за основа на тој нов македонски есперанто. Новиот македонски јазик требало да го истисне српскиот и бугарскиот јазик од Македонија, бидејќи македонскиот јазик бил различен од тој што се зборувал во Бугарија и Србија“.

Ова веќе внесува поинаква димензија на целиот случај. Потребата еден Англичанец да ја напаѓа оваа идеја укажува на тоа дека станувало збор за многу посериозен проект, кој очигледно излегувал од битолските рамки и ја покривал цела Македонија.

Како и да е, улогата на Сандански во серскиот регион, на Чуповски во битолскиот, пишувањата на Неа Имерисиа, на Хенри Брајлсфорд, на Карло Блинд, се премногу факти на едно место за да може да се каже дека станува збор за работа преку која може лесно да се помине. Тоа што досега не се откриени документи во врска со ова, не значи и дека ги нема. Сосема друга е работата што е очигледно дека целата идеја не била реализирана, но се чини, допрва ќе треба да се утврдува како и зошто.

Во секој случај, станува збор за една непријатна работа за нашите соседи, пред се за Грците и Бугарите, кои македонската посебност сакаат да ја врзуваат за Коминтерната. Ова дава и поразбирлива слика зошто целиот проект е обвиткан со еден вид мистерија. Документите за македонското прашање, сепак, повеќе ги има во туѓите архиви отколку во нашите.





Изменето од Македон - 02.Септември.2009 во 20:39
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 20:36
Мојата теза за ова статија за сега е следнава

Преводот во статијата на „Нова Македонија“ е погрешен.

Μακεδονικής Οργανώσεως επιτροπή мислам не е комисија од страна на Македонската организација, туку Македонски организационен комитет, т.е. комитет или комисија кој ќе организира напишувањето на Граматиката и воведувањето на македонскиот јазик во ушилиштата.
Групата од 7 професори може да биде групата на Чуповски, имајќи предвид дека токму тој се појавил во Македонија, а организацијата му ставила пиштол во устата.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 20:40
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Мојата теза за ова статија за сега е следнава

Преводот во статијата на „Нова Македонија“ е погрешен.

Μακεδονικής Οργανώσεως επιτροπή мислам не е комисија од страна на Македонската организација, туку Македонски организационен комитет, т.е. комитет или комисија кој ќе организира напишувањето на Граматиката и воведувањето на македонскиот јазик во ушилиштата.
Групата од 7 професори може да биде групата на Чуповски, имајќи предвид дека токму тој се појавил во Македонија, а организацијата му ставила пиштол во устата.



Сепак јасно е дека станува збор за обид за кодификација на македонскиот народен јазик во еден македонски стандарден јазик!
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 21:05
Да, ама да бидеме сигурни дека весникот намерно не дава погрешен превод, наметнувајќи дека ВМОРО го сакала тоа.
Јас мислам дека станува збор за Чуповски и неговата група, а сите знаеме како се однесувале вмровците кон него.

А и Мисирков тогаш издава весникот Вардар.

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2009 во 21:19
Oвој процес кој се случувал во 1905 година треба да се поврзе со оној процес на отфрлање на бугарскиот и грчкиот јазик, и предавањето на македонски народен јазик во Костур, во 1892 година, во селата Личишта, Тихолишта и Шештеово.

Телеграма до српскиот министер за костурските училишта (англиски јазик)
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 01:01
Јон Драгумис го признал постоењето на македонски јазик во 1907 година!



И да преведеме

-Не можеш да го поседувате секој град кој е населен со Грци. Ако е така, тогаш и Марсеј и Одеса треба дa бидат ваши.
- Истата работа можам да ја кажам и јас за вас
Вие сакате да ја направите битолската околија ваша , затоа што таму постојат гратчиња каде се зборува македонскиот јазик, кој вие го викате бугарски.
- Многу градови! Сите градови во таа област зборуваат бугарски!

Дали тие сакаат да бидат Грци или не?
А штом тие сакаат да бидат(Грци), јас не сум сигурен дека јазикот е доволен доказ за етничкото потекло.
Прво, јазикот кој е во прашање не го зборуваат сите, туку само некои македонски селани. Тие кои го зборуваат, го прават тоа дома, а не во јавноста (плоштадите) каде зборуваат дома. И конечно, тој јазик не е бугарски, туку е мешавина од словенски и грчки. И не е бугарски, бугарски не постои ниту во Бугарија. Градовите во Македонија се грчки, луѓето од оваа област се Грци, историјата на оваа област е грчка, дури и земјата ( почвата ) е грчка.

- Не можам да ја разберам, а и никогаш нема твојата теорија дека Македонците го изгубиле својот јазик и го земале бугарскиот.
- Не можам да сфатам како Бугарите, кои се Хуно-Татари го изгубиле својот јазик и го земале...

Јон Драгумис (грчки и англиски)


Изменето од Македон - 04.Септември.2009 во 14:18
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 12:31
Сите тези кои сега ги застапувате се од времето на Грчката пропаганда, кој тогаш била отфрлена, а сега некако ја прифаќате. Зошто?

Ете кој ве научил за Татарите. Што ве учеле Грците пред 100-150 години сега веќе е научено.

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 13:42
Само да покажам 3 реченици од документот

кога двајца се караат третиот користи
Кој?
...дупките од македонскиот вокабулар да бидат пополнети со зборови од српскиот литературен јазик

...Tие ќе се согласат да ги заменат бугарските учебници со српски!

Значи имаме некакви успеси на српската пропаганда.
Да не го забораваме Новаковиќ и неговите учебници наменети за училиштата во Македонија.(види на темата за српската пропаганда)

Изменето од Македон - 03.Септември.2009 во 14:51
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.