IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СВЕТИ МОШТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СВЕТИ МОШТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
Автор
Порака
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: СВЕТИ МОШТИ
    Испратена: 29.Септември.2008 во 17:24

СВЕТИ МОШТИ

Свети мошти се остатоците од телата на светителите. Црквата не го вовела почитувањето на светите мошти со позитивна наредба, туку тоа го сторил народот, а Црквата само го допуштила.
Светителите се осветени како луѓе кои имале тело и дух. Оној којшто го почитува ликот на светителот, не може а да не го почитува и неговото тело, кое за време на животот било во најтесна врска со духот на светителот, а кое и по смртта, во извесна смисла, ја задржува таа врска.
Најстар пример за почитување на моштите е забележан кај св. Игнатиј Богоносец, епископ антиохиски и апостолски ученик, кој во ИИ век пострадал маченички во Рим, растргнат од дивите животни. Коските од светителот биле собрани со пиетет, донесени во Антиохија и сочувани во еден ковчег. За почитување на моштите се говори и во во едно писмо, каде е забележано мачеништвото на свети Поликарп, епископ од Смирна. Тамошните христијани, откако ги собрале неговите коски, ги чувале со побожност, како големо богатство и го славеле со голема свеченост споменот на светителот. Колку почитувањето на моштите било вообичаено во ИИИ век ни сведочи и податокот дека за време на гонењата од страна на царот Диоклецијан гонителите, со цел да се оневозможи укажувањето на соодветната почит, ги фрлале моштите од светителите во морето.
Кога гонењата престанале, над гробовите на мачениците се издигувале цркви и капели. Оттаму во времињата по гонењата, па и денес, еден храм не може да се освети без мошти од светител, кои при чинот на осветување се ставаат во престолот од олтарот. Тоа е утврдено и со 7. канон од Седмиот вселенски собор.
Антиминс - така се нарекува четвороаголното платно на кое е насликано погребението Христово, а во кое се вшиени мошти од маченици или светители. Неговите почетоци датираат од времињата на гоненијата, кога многу често незнабожечките гонители ги изненадувале христијаните за време на богослуженијата и на светата Евхаристија. Затоа, наместо постојан престол се користело осветено платно, во коешто, при ненадејните напади од гонителите, можеле да се завиткаат светите дарови и да не ги остават да бидат осквернети. А бидејќи најстарите цркви биле подигувани над гробовите на мачениците, подоцна се започнало во платното да се вшиваат и мошти од мачениците. Денес во секоја црква обично има антиминс, којшто за време на светата Литургија се распостелува на престолот во олтарот.  Според св. Исидор Пелусиот, антиминсот го означува платното со кое било обвиткано телото на Господ Исус Христос во гробот.
 Уште одамна, откако моштите на светителите почнале да пројавуваат чудотворна моќ, а посебно од 4 век па наваму, христијаните почнале да практикуваат и поклонички патувања на гробовите од светителите.
Нетрулежноста на телата од светителите е веќе посебен знак на Божја потврда за светоста, а често се случува од нив да излегува добромирисно миро. Тие светители, како свети Димитриј, свети Никола и др., затоа и се нарекуваат мироточиви.
Моштите на светителите се изложуваат на јавно почитување. Но, почитувањето на светителите, на иконите или моштите, всушност, е почитување на Бога, Кој е „прекрасен меѓу своите светии“.

Извор: Православен пат

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 17:33

Преподобен Јустин Поповиќ

brjancaninov.jpg

Материјата во човековото тело, без сомнение, е претставена на најзагадочен, најтаинствен и најсложен начин. Мозок!? Какви чидесни тајни се извршуваат меѓу неговата материја и душата! Колку и да се обидуваат луѓето, нема да можат да ги разберат тие тајни. Само мал дел од нив му се достапни на човековото сетилно–разумско спознание. Исто е и со срцето човеково – сето е исткаено од небо-земни тајни. Така е исткаена и секоја клетка во човечкото тело, и секоја молекула, дури и секој атом. Сè се движи по својот таинствен пат кон Бога, кон Богочовекот. Зашто, материјата е создадена од Бога Логосот, и со самото тоа таа е богоцентрична. Со своето доаѓање во нашиот земен свет и со своето севкупно богочовечко домостроителство за спасение на светот, Господ Исус Хрстоис покажал дека не само душата, туку и материјата е создадена од Бога и за Бога; покажал дека постои Богочовек. Зашто, создадената материја од Бога Логосот со сиот свој внатрешен нерв е – богостремежна и христоцентрична.

Очигледен доказ за тоа е што Бог Словото станал тело, се вочовечил (Јован 1:14). Со самото тоа материјата била удостоена со божествено величие и влегла во благодатно-добродетелен подвиг на боговочовечување, на охристовување. Бог станал плот, се вочовечил, за да, станувајќи човек, сето тело го прими во себе Бога и се исполни со Негови чудотворни сили. Со Богочовекот Господ Христос, со Неговото тело, сета материја се упатила по Христовиот пат: пат на боговочовечување, преобразување, осветување, воскресение, вознесение кон надхерувимска слава и вечност. И сето тоа се случува преку богочовечкото тело на Црквата, која е Богочовек Христос во целосна полнота на својата богочовечка личност, полнота којашто „исполнува сè во сè“ (Ефесјаните 1:23). Со тој свој богочовечки живот во Црквата, телото како материја, како твар се осветува од Светиот Дух и со самото тоа се утројчува од Пресветата Троица. Така материјата ја достигнува својата највисока божествена смисла и цел, своето вечно блаженство и својата богочовечка бесмртна радост.

Светоста на светиите, светоста на нивните души и на нивните тела, како свој извор го има ревносниот благодатно-добродетелен живот во богочовечкото тело на Црквата Христова. Така, светоста ја опфаќа сета севкупност на човековата личност: сета душа и сето тело, сè што влегува во таинственото устројство на човековото битие. Светоста на светиите не се состои само во светоста на нивната душа, туку неминовно се распростира и на нивното тело – во светиите, свети се и душата и телото. И ние благочестиво ги почитуваме светиите, ја почитуваме нивната севкупна личност, не разделувајќи ја притоа на света душа и на свето тело. Оттука и побожното почитување на моштите на светиите – природен составен дел на побожното почитување и молитвено повикување на светиите. Сето тоа останува единствен неделив подвиг, како што и телото и душата остануваат единствена неделива личност на светиот. Во текот на својот земен живот, светиот со постојано и хармонично благодатно-добродетелно содејство на душата и телото ја постигнува светоста на својата личност, ги исполнува со благодатта на Светиот Дух и душата и телото, и така ги претвора во сад со свети тајни и со свети добродетели. Затоа е сосема природно да се оддава побожно почитување и на едниот и на другиот сад исполнети со Божја благодат. Зашто, благодатната Христова сила проникнува и ги исполнува со благодат и сите други составни делови на човековата личност, и сета личност како целина. Со постојани евангелски подвизи светите постојано се исполнуваат со Светиот Дух, така што и нивните свети тела стануваат храм на Светиот Дух (1 Коринтјаните 6:19; 3:7). Вселувајќи го со вера Христос во своето срце, со дејствена љубов и со исполнување на заповедите – Бога Отецот, и утврдувајќи се со благодатни подвизи во Светиот Дух, светите се утројчуваат, стануваат пребивалиште на Пресвета Троица, храм на живиот Бог, и сиот нивен живот протекува – од Отецот, преку Синот во Светиот Дух. Почитувајќи ги светите мошти на светиите, Црквата ги почитува храмовите на Светиот Дух, храмовите на живиот Бог, во кои Бог живее со својата благодат и по телесната смрт на светиот, и според свое премудро благоволение, твори чуда – од нив и преку нив. И тие чуда, коишто се случуваат преку светите мошти, сведочат дека нивно побожно почитување од страна на луѓето му е угодно на Бога.

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 00:32
Паганите верувале дека душите на умрените се маткаат околу гробовите, па тие ги обожувале јунаците, им посветувале храмови, внесувале болни пред ликовите на јунаците особено пред Ескулап (татко на лекарите).
Како што се ширело христијанството, за жал тоа наидувало на веќе пагански средини кои тешко можеле одеднаш да се откажат од нивните многувековни обреди, татковски преданија, традиции, обичаи, ритуали итн.
Во 4-от век христијаните од Египет ги балсамирале телата на христијаните и ги чувале по куќите. Зацарувало суеверие, по баснословни цени се продавала на пример грутка земја од Палестина, заб од “светец“, коска од некој "апостол" итн.
За време на крстоносните војни овие заблуди уште повеќе зеле замав. Католиците веруваат дека имаат глави од апостоли, капки од Христовата крв, коса од дева Марија, главата на Јован Крстителот, заб од апостол Петар, еден куп парчиња од Христовиот крст итн.
Непосредно пред реформацијата во 16-от век оваа заблуда земала толкав замав што тезгите изобилувале со некакви "парчиња" од "светците" - мошти, а луѓето ги купувале, или за да ги препродаваат (ќе го купиш од Рим за 10 златника, а ќе го продадеш некаде за 20 златника), или пак заведени од заблудата на официјалната црква, ги купувале за себе, им се молеле, им се поклонувале, ги бакнувале, ги фетиширале и мислеле дека со тоа си купуваат бонуси за своето спасение тага
Но дали ваквото обожавање на лешевите на верниците било и пракса на првите - изворните Христијани?
 
НЕ. Во Библијата нема да најдете ниту еден единствен пример каде што некој се молел пред посмртните останки на некој апостол или пак истакнат Христов следбеник. Во Библијата нема да најдете ниту еден пример каде што некој се поклонил пред некој таков леш. Во Библијата нема да најдете пример каде што христијаните ги третирале посмртните останки на свои починати браќа и сестри како што тоа е праксата на католиците и православните кон нивните мошти.
 
Кога Ирод му ја отсекол главата на Јован Крстителот, неговите ученици го земале Јовановото починато тело и го погребале.
 
"И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исус"
(Матеј 14:12)
 
Христос за Јован кажал дека е "најголемиот меѓу родените од жена" (Матеј 11:11), а сепак учениците не земале неговото тело за да го "моштифицираат", туку го погребале како што постапувале и со секое друго тело. Ако денес во католицизмот и православието имаме еден куп мошти од разно разни "светци", и ако тоа е богоугодно, тогаш колку повеќе требале учениците да не го погребаат телото на обезглавениот Јован и да направат од Него "свети мошти" пред кои потоа ќе се поклонуваат, ќе се молат, ќе ги бакнуваат, мирисаат итн како што денес се прави врз другите мошти на "светците"? Но, такво нешто не читаме во евангелијата.
 
Исто така, маченикот Стефан бил каменуван и починал, христијаните исто така не почнале да го фетишираат неговото тело, туку истото го погребале.
 
"А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него."
(Дела 8:2)
 
Истото се случило и со Христовите апостоли, истото се случило и со смртта на Авраам, на Мојсеј, на Илија, на Исак, Јаков, иста била судбината со телата на сите истакнати имиња на Божјите луѓе во Библијата - по смртта, тие не биле шетани по разно разни манастири, никој не им се поклонувал, никој не им се молел, никој не го бакнувал нивните лешеви, никој не точел "миризливо миро" од нивните безживотни тела, туку сите, сите до еден биле погребани.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 05:01
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Во 4-от век христијаните од Египет ги балсамирале телата на христијаните и ги чувале по куќите. Зацарувало суеверие, по баснословни цени се продавала на пример грутка земја од Палестина, заб од “светец“, коска од некој "апостол" итн.
За време на крстоносните војни овие заблуди уште повеќе зеле замав. Католиците веруваат дека имаат глави од апостоли, капки од Христовата крв, коса од дева Марија, главата на Јован Крстителот, заб од апостол Петар, еден куп парчиња од Христовиот крст итн.
Непосредно пред реформацијата во 16-от век оваа заблуда земала толкав замав што тезгите изобилувале со некакви "парчиња" од "светците" - мошти, а луѓето ги купувале, или за да ги препродаваат (ќе го купиш од Рим за 10 златника, а ќе го продадеш некаде за 20 златника), или пак заведени од заблудата на официјалната црква, ги купувале за себе, им се молеле, им се поклонувале, ги бакнувале, ги фетиширале и мислеле дека со тоа си купуваат бонуси за своето спасение тага
Но дали ваквото обожавање на лешевите на верниците било и пракса на првите - изворните Христијани?
 
НЕ. Во Библијата нема да најдете ниту еден единствен пример каде што некој се молел пред посмртните останки на некој апостол или пак истакнат Христов следбеник. Во Библијата нема да најдете ниту еден пример каде што некој се поклонил пред некој таков леш. Во Библијата нема да најдете пример каде што христијаните ги третирале посмртните останки на свои починати браќа и сестри како што тоа е праксата на католиците и православните кон нивните мошти.
 
 
ЕВАНГЕЛОСголемо%20гушкање 
 
ЗА ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ!!!
 
КЕ ТЕ МОЛАМ  ПОТСЕТИ МЕ КОГА (год.) ОФОРМЕН БИБЛИСКИОТ КАНОН И БИГЛИЈАТА КАКО КНИГА И ОД КОГО?
 
 
 
Кога Ирод му ја отсекол главата на Јован Крстителот, неговите ученици го земале Јовановото починато тело и го погребале.
 
"И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исус"
(Матеј 14:12)
 
Христос за Јован кажал дека е "најголемиот меѓу родените од жена" (Матеј 11:11), а сепак учениците не земале неговото тело за да го "моштифицираат", туку го погребале како што постапувале и со секое друго тело. Ако денес во католицизмот и православието имаме еден куп мошти од разно разни "светци", и ако тоа е богоугодно, тогаш колку повеќе требале учениците да не го погребаат телото на обезглавениот Јован и да направат од Него "свети мошти" пред кои потоа ќе се поклонуваат, ќе се молат, ќе ги бакнуваат, мирисаат итн како што денес се прави врз другите мошти на "светците"? Но, такво нешто не читаме во евангелијата.
 
Исто така, маченикот Стефан бил каменуван и починал, христијаните исто така не почнале да го фетишираат неговото тело, туку истото го погребале.
 
"А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него."
(Дела 8:2)
 
Истото се случило и со Христовите апостоли, истото се случило и со смртта на Авраам, на Мојсеј, на Илија, на Исак, Јаков, иста била судбината со телата на сите истакнати имиња на Божјите луѓе во Библијата - по смртта, тие не биле шетани по разно разни манастири, никој не им се поклонувал, никој не им се молел, никој не го бакнувал нивните лешеви, никој не точел "миризливо миро" од нивните безживотни тела, туку сите, сите до еден биле погребани.
 
 
 
 
Објасни го феноменот св.СПИРИДОН - еден од отците на I-от Вселенски Собор - Неговото тело после погребувашето останало НЕРАСПАДНАТО  и по БОЖЈА ПРОМИСЛА  изегло од замјата
за да СВЕДОЧИ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!
Зарем Бог нема да ги прослави оние кои Негпо непрекинато го слават за време на нивноит живот тука на земјата?
 
Тие се живи сведочи за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!
Тогаш што е тука со черепите на ПРВИТЕ МАЧЕНИЦИ ЗА ХРИСТА (ВИТЛЕЕМСКИТЕ МЛАДИЧИ - МОМЧИЊА) 
 
Нивните черепи денес денес се наоѓаат во КИЕВО-ПЕЧЕРСКАТА ЛАВРА - и испуштајќи миро сведочат за Христовите настани!!! -
 
Зарем некој 2000 години во нивните кивоти става „нешто“ ... за да течи и да мириса?
 
зарем не се нашол еден паметен да им каже: чекај те бре луѓе што правите?
 
или ова е уште еден феномен за СВЕТСКАТА НАУКА - РУСКИТЕ (УКРАИНСКИ ) НАУЧНИЦИ
 
ДНК -  анализа - интересна работа!!!
 
Каде е тука св. ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ - МИРОТОЧИВ!!!
 
Неговата чудотворна моќ многу години го објавува ИМЕТО ХРИСТОВО!!! И ХРИСТОВАТА ВЕРА КАКО ВИСТИНСКА!!!
 
За неговото миро сведочат Крстоносците, (бтв -  не заборавајте дека КРСТОНОСНИТЕ ВОЈНИ БЕА ДИРЕКНО НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ЦРКВАТА НА ИСТОК!!! за ова сетете се кога покојниот папа ПАВЛЕ  јавно му се ИЗВИНИ  на Вселенскиот Патриарј Вртоломеј - за жртвите од крстоносните војни)
 
Значи самите Крстоносци кажуваат дека со мирото што излегува од главата на св Димитриј - си „пржеле јајца, си ги бришеле чевлите, ... и уште многу  други погани работи ... јасно сведочи за историската реалност (мироточивост) на Божјите слуги - кој непрестајно го слават името Божјо !!!
 
Зарем некој е луд 1700 години да си игра мајтап со нас?
 
Зарем јас и ти сме попаметни од ЖИВАТА ЦРКВА И ЖИВОТО ПРЕДАНИЕ
?
 
Како можеме да ги негираме живите ХРИСТОВИ ИСПОВЕДНИЦИ - кои целиот свој живот го предале на Христа;
кои за врем на целиот свој живот и со дела и со зборови непрекинато сведочеле  за Него
 
ЗАРЕМ БОГ НЕМА ДА ГИ ПРОСЛАВИ СВОИТЕ СЛУГИ!!
 
Сети се на разбојникот!!
 
Божјите слуги кој денес се ОД ДЕСНАТА СТРАНА И НЕПРЕКИНАТО ГО СЛАВАТ ИМЕТО БОЖЈО - СЕ НАШИ МОЛИТВЕНИЦИ И ЗАСТАПНИЦИ ПРЕД СПАСИТЕЛОТ - ЗА ДА СЕ СЛАВИ НЕГОВОТО ИМЕ ВЕЧНО - СЕГА, СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ! АМИН!!
 
Тие заедно со разбојникот се молат за нас -  БОГ ДА ГИ ПРОСВЕТЛИ НАШИТЕ ДУШИ. И СИТЕ ПРЕКУ НЕГО ДА ДОЈДЕМЕ ДО ПОЗНАВАЊЕ НА ВИСТИНАТА!!!
 
АМИН!!!
 
 
 
п.с.
 
незнам колку време ке ми треба да седнам да пишувам за чудата на божјите угодници кои го слават Христа и сведочат за неговото СЛАВНО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!!
 
те чекам негогаш, негде на кафе!!!!
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 


Изменето од Tetratka - 30.Септември.2008 во 05:04
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 05:45
Најстар пример за почитување на моштите е забележан кај св. Игнатиј Богоносец, епископ антиохиски и апостолски ученик, кој во II век пострадал маченички во Рим, растргнат од дивите животни. Коските од светителот биле собрани со пиетет, донесени во Антиохија и сочувани во еден ковчег. За почитување на моштите се говори и во во едно писмо, каде е забележано мачеништвото на свети Поликарп, епископ од Смирна. Тамошните христијани, откако ги собрале неговите коски, ги чувале со побожност, како големо богатство и го славеле со голема свеченост споменот на светителот. Колку почитувањето на моштите било вообичаено во III век ни сведочи и податокот дека за време на гонењата од страна на царот Диоклецијан гонителите, со цел да се оневозможи укажувањето на соодветната почит, ги фрлале моштите од светителите во морето.
Кога гонењата престанале, над гробовите на мачениците се издигувале цркви и капели. Оттаму во времињата по гонењата, па и денес, еден храм не може да се освети без мошти од светител, кои при чинот на осветување се ставаат во престолот од олтарот. Тоа е утврдено и со 7. канон од Седмиот вселенски собор.
 
 
 
МОрам да те потсетам на ова од погоре!!!
 
факт е дека ништо не си прочитал....
 
 
ајт поззголемо%20гушкањељубовголемо%20гушкањељубовголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 12:41
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Во 4-от век христијаните од Египет ги балсамирале телата на христијаните и ги чувале по куќите.


Балсамирањето на тела не постои во православието. Господ е Тој кој што прави чуда преку своите праведници на земјата. За да се тврди некои вакви квази-теории треба да се има доказ за тоа. Ако сакаш и на оваа тема да дискутираш, почни да бараш докази!!! п.с. св. Игнатиј Богоносец не е од 4-ти век.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 

НЕ. Во Библијата нема да најдете ниту еден единствен пример каде што некој се молел пред посмртните останки на некој апостол или пак истакнат Христов следбеник. Во Библијата нема да најдете ниту еден пример каде што некој се поклонил пред некој таков леш. Во Библијата нема да најдете пример каде што христијаните ги третирале посмртните останки на свои починати браќа и сестри како што тоа е праксата на католиците и православните кон нивните мошти.


Пред да почнеш пак да тврдиш нешто што ти нема основа, прво прочитај ја убаво Библијата, зашто ќе најдеш интересни делови за моштите!
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


 

Кога Ирод му ја отсекол главата на Јован Крстителот, неговите ученици го земале Јовановото починато тело и го погребале.

 

Повторно поради непознавање на православната пракса се кажуваат невистини и за моштите. Некој претходно го спомена ова на друга тема, ама еве јас пак ќе повторам - кога некој се упокојува, потоа се погребува. Мошти се нетлени делови од телото на светител. А нетленоста се гледа после години и години. Откако светителот е погребан, тој престојува во својот гроб се додека Бог, по својата голема милост, не покаже чуда на неговиот гроб, благоухан мирис, мироточивост, или доколку се разгледа животот на светителот од страна на црковна комисија, која решава дека треба да се откопа за да се види дали телото е труло (каков што е случајот со нас, грешниците и непокајаните) или пак е целосно - нетлено (какво што е телото на светителите - Божји угодници). А како потврда на ова е сведоштвото на моштите кои се наоѓаат по манастирите во нашата земја, а и ширум светот. Доколку некој сака да види таков пример, нека појде до манастирот св Георгиј Победоносец во Рајчица, Дебарско, каде може да се видат мошти на светителот кои шират благоухан мирис. А дополнителен доказ е нивното чудотворење.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Истото се случило и со Христовите апостоли,


Од каде знаеш што се случило со Христовите апостоли кога не е запишано во Светото Писмо, а ти не го прифаќаш Светото Предание?

Изменето од Maran Ata - 30.Септември.2008 во 12:42
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 12:51
neznam zosto e potrebno da se slavat mosti!!!!!
sto dobivame nie so toa sto gi slavime mostite na nekoji nasi pocinate svetci??????????????????????????
zar so toa sto gi slavime mostite na nekoj svetec ce mu ugodime na bog?????????????
zar na boga ne mu se ugoduva ako nekoj gi sledi negovite pravila i zakoni!!!!!!!!!!!!
neka bozjata mudrost gi osvetli srcata na ljujgeto, neka bozjata ljubov se izlee na zemjava toa e ona sto vistinski ni treba .
pozdrav do site!
site ve ljubam!
----------osana--------
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 13:51
Originally posted by melhisedek melhisedek напиша:

neznam zosto e potrebno da se slavat mosti!!!!!
sto dobivame nie so toa sto gi slavime mostite na nekoji nasi pocinate svetci??????????????????????????
zar so toa sto gi slavime mostite na nekoj svetec ce mu ugodime na bog?????????????
zar na boga ne mu se ugoduva ako nekoj gi sledi negovite pravila i zakoni!!!!!!!!!!!!
neka bozjata mudrost gi osvetli srcata na ljujgeto, neka bozjata ljubov se izlee na zemjava toa e ona sto vistinski ni treba .
pozdrav do site!
site ve ljubam!


Православните ги почитуваат светите мошти затоа што Господ рекол дека ќе ги прослави своите праведници и дека таквите треба да ги почитуваме.
Православните ги почитуваат светите мошти затоа што преку тоа се укажува почит кон светителот (како што изразуваме почит и кон нашите упокоени ближни кога ќе појдеме на гробишта).
Правосланите ги почитуваат светите мошти затоа што укажуваат на Божјата милост кон свеителите, а и кон нас, мироточејќи(лачат масло) и благоухајќи(испуштаат прекрасна миризба).
Православните ги почитуваат моштите затоа што тие се чудотворни, извор на исцеленија, утеха, помош во немоќта...
Православните ги почитуваат моштите затоа што се сведоштво на идното воскресение и затоа што се доказ дека Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.

итн....итн....итн...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 14:01
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

св. Игнатиј Богоносец не е од 4-ти век.

Никој не рече дека Игнатиј не бил од 4-то век. Јас само зборував локално, како култот за обожавање на лешевите се појавил во Египет. А и тоа што се случувало порано, демек телата на верниците не се рапаѓале, испуштале парфем, чуда се случувале бла бла се само бапски приказни.

Како тоа вие денес имате еден куп "свети мошти" од разно разни светци, а евреите и христијаните од 1 век немале ништо? збунетост
Зошто евреите ги немале моштите на Авраам, Исак, Јаков, Јосиф, Мојсеј, Давид, Соломон, Јов, Лот, Ное, некој од Божјите слуги - прорците, било кој од пророците? Еве да земеме било кој пример од нив. Давид е еден од истакнатите Божји луѓе во Библијата. Дури и Христос е наречен по него - "син Давидов". Одговори ми зошто неговото тело се распаднало и никој не откопал некакви "свети мошти" од неговиот гроб? Зарем е можно да имате еден куп мошти од разно разни светци кои не се ни спомнати во Библијата, а да немате од оние чие име Бог го прославил во Неговиот пишан Збор?
Размислете малку трезвено што и како верувате.

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Пред да почнеш пак да тврдиш нешто што ти нема основа, прво прочитај ја убаво Библијата, зашто ќе најдеш интересни делови за моштите!

Воопшто нема да звучам нескромно ако кажам дека Библијата ја познавам далеку подобро од тебе. Тоа го знаат и атеистите, и муслиманите, а и твоите православни браќа и сестри.

Еве јас повторно ќе кажам: Обожавање, фетиширање на мошти, поклонување пред мошти, молење на мошти, точење парфеми од мошти, шетање на мошти по манастири, правење туристички атракции со мошти и слично НЕМА во Библијата. А ако има, повели наведи некој цитат, па ќе дискутираме намигнување

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

А нетленоста се гледа после години и години. Откако светителот е погребан, тој престојува во својот гроб се додека Бог, по својата голема милост, не покаже чуда на неговиот гроб, благоухан мирис, мироточивост, или доколку се разгледа животот на светителот од страна на црковна комисија, која решава дека треба да се откопа за да се види дали телото е труло (каков што е случајот со нас, грешниците и непокајаните) или пак е целосно - нетлено (какво што е телото на светителите - Божји угодници).
 
Пази молимте, "црквената комисија" одлучува дали тој починат човек бил "светец" или не бил. Па не е ни чудна аферата дека МПЦ сакала да го откопа гробот на Тоше за да видат дали и тој станал светец голема%20насмевка Не знам дали аферата беше и официјално потврдена, баш ме интересира доколку знаете напишете.
Сепак тезгарчиите ги претркаа овие од МПЦ и веќе се појавија икони од Св.Тоше голема%20насмевка Пред некој месец бев на Св. Пантелејмон и по тезгите вриеше од икони на Св. Тоше ставени меѓу иконите на Марија. Да не знае човек дали да се смее или да плаче, гледајќи како пред наши очи се подигаат култовите и се измислуваат "чудата" на починатите верници со цел црквената комислија да ги направи "светци" и потоа да заработува од нив. Сите бевме сведоци на трагикомичните чуда што се објавуваа по весници, по телевизии, па и тука на интернет, демек Тоше се појавил на кокошкино јајце, па потоа на слика од маскенбал, па се кажуваа и разни измишљотини и за неговота посета во Израел итн итн (мора да се признае дека режисерите на чуда од првите векови биле покреативни голема%20насмевка) баш као што реков, да не знае човек дали да се смее или да плаче гледајќи го нашиов народ заблуден во празноверието, во култовите, во потребата од обожавање на луѓе, во способноста да измислува пародии.
 
Родителите на Тоше се згрозија од овој чин и ако добро се сеќавам оние беа тие што ги запреа овие пародии што се прават околу нивниот несреќно починат син.
 
Јас музиката и телантираноста на Тоше многу го почитувам, и затоа ќе направам се што можам за да не дозволам од него да се направи култ, да се откопуваат неговите посмртни останки, да се измислуваат разни невистини за него итн.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:06
Ние, правослваните верници, како што веќе реков, ги почитуваме светиите од проста причина што тие биле луѓе како и нас, но имале далеку поголема љубов кон Бога која се изразувала во подвиг и молитва, а некои тоа го докажале со својата маченичка крв. Тие ги осветиле своите мисли, го очистиле своето срце од страстите и стекнале Христово смирение, со еден збор – се обожиле. Ние, пред се, тргнувам од себе, сеуште не сме го достигнале тоа. Нам, како сеуште недораснати во духовниот живот, должност ни е таквите да ги почитуваме, така и советува св.апостол Павле.

Познато ни е дека Господ ги слуша молитвите на праведниците, затоа и светителите ги почитуваме како наши молитвени застапници пред Бога. Дека тие се молат за нас, дека треба да ги почитуваме и љубиме, и дека постојат светители уште од првите векови, ни откриваат многубројните стихови од посланијата, но и од последната книга на Светото Писмо – Откровение. Во некои од наведените стихови јасно се гледа разликата помеѓу обичните верници и Господовите светии.

2 Коринтјани 9,1 Во врска со помагањето на светиите сметам дека не треба да ви пишувам...

Ефесјаните 1,1 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос

Ефесјаните 1, 15 Ете, затоа и јас, кога слушнав за вашата вера во Христос Исус, и за љубовта
кон сите светии

Ефесјаните 1, 18 и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите

Ефесјаните 2, 19 И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство

Откр 5
И кога ја зеде книгата, четирите животни и дваесет и четирите Старешини
Паднаа пред Јагнето, држејки секој од нив харфа и златни часи, полни со темјан
Кои се молитвите на светиите;

Откр 8
Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот;
И му беше даден многу темјан
Та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.
Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.


А дека светителите се молат за неа пред Бога и се наши застапници има многубројни примери и во Стариот Завет – кога Мојсеј се застапувал пред Бога за својот народ кој отстапил од Него, кога Јоахаз се помолил пред лицето на Бога за Израилот ..............

Во самото Свето Писмо се споменува за моштите на Елисеј, кои доколку не беа свети посмртни останки и доколку не требаше да се почитуваат, немаше да го направи Господ преку нив следното чудо

4 Цар 13, 20-21 Елисеј умре и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата.
И ете, додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи
на нозете свои.


А низ историјата покрај гробовите на светителите, се случувале големи исцеленија.

Аферата за Тоше воопшто не е официјално потврдена, затоа што за такво нешто не ни спомнал Светиот Синод (ова го кажувам од блиски извори). Тоа се само муабети кои си ги измислува народот мислејќи дека со тоа ќе му придаде поголема важност на почитуваниот Тодор Проески. За да се канонизира некој како светител, како што веќе реков, ако некој и ме читаше погоре, треба да помине време, години и години. Обично тоа се случува после неколку десетина години, но има и такви случаи каде светителите биле канонизирани после стотици години, како што е примерот со св Никодим Агиорит кој е канонизиран после 200 год.

А што се однесува до тоа што некои од луѓето си почнале да прават икони од Тоше и слично, тоа воопшто нема никаква врска со православието. Тој што тоа го направил – го направил своеволно, без да знае што всушност претставува иконата, и без благослов од Православната црква.
Затоа, да не мешаме баби и жаби.





Изменето од Maran Ata - 30.Септември.2008 во 15:10
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:38
Неспорно е дека Библијата го користи зборот "свети" или "осветени", но работата е во тоа што таа така ги нарекува сите Христијани, а не само одредена група ткн. "светци" (или со православен жаргон "светии") со ореоли на главата и посебни овластувања на Небото да примаат молитви, да им се јавуваат во сон на луѓето, да прават чуда итн.
 
Апостол Павле им пишува на светите во Ефес (Ефешаните 1:1) и во Филипи (Фелипјаните 1:1) и на СИТЕ СВЕТИ по цела Ахаја (2 Коринтјаните 1:1).
 
Божјото Слово вели: "Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш" (Евреите 10:10).
Христовото тело беше принесено за сите христијани, а не само за одредена привилегирана грпуа како што тврдат православните. Секој што го има Светиот Дух е СВЕТ и ОСВЕТЕН во Исус Христос. А ако пак некој го нема Светиот Дух, тогаш тој не е Христов т.е. не е христијанин.
 
Зборот "свет" во Библијата воопшто не значи "безгрешен", туку "одвоен" за посебна, во случајов, Божја служба. Сите христијани се повикани да земат учество во Божјата служба и да бидат дел/орган од Христовото тело - Црквата. На тој начин, сите се свет, осветени и одвоени за посебна намена. А ако некој не се чувствува така, тогаш подобро да си ја преиспита својата вера - дали навистина поверувал во Исус Христос, отколку да тврди дека тој не е свет и дека тие таму на Небото горе се светци.
 
Светецот апостол Павле во своето послание до Римјаните јавно признава дека не е безгрешен и во старт го разбива митот на православните дека светците се безгрешни и посебна класа на луѓе. (Римјаните 7:9-26)
 
 
А случајот со Елисеј воопшто не е аргумент за "светите мошти".
Елисеј побарал двојна мера од Божјиот Дух кој бил во Илија.
 
"Илија му рече на Елисеј: „Барај што да сторам уште за тебе пред да бидам земен од пред тебе?” А Елисеј одговори: „Духот што го имаш ти нека биде двоен во мене! А тој рече: "Бараш нешто многу тешко; ако видиш, како ќе бидам земен од тебе, така ќе ти биде; ако, пак, не видиш, нема да ти биде."
(2 Цареви 2:9)
 
Елисеј го видел Илија како бил земен на небо и затоа Бог му дозволил да има двојна мера од Духот во Илија.
Бог преку Илија направил 7 чуда. Додека пак, додека Елисеј бил жив, Бог направил 13 чуда. За да го исполни одобрувањето за "двојна мера" од Илиевиот Дух во Елисеј, Бог направил уште едно дополнително чудо по неговата смрт. И така станале 14 чуда. 14 = 2*7 намигнување
Ете затоа се случило тоа чудо, а не како потврда на моштите.
Од друга страна, веќе наредниот стих воопшто не се зборува за "моштите" на Елисеј. Нема да најдеш ниту еден стих каде што некој ги прибрал посмртните останки на Елисеј и ги чевствувал, ги бакнувал, им се поклонувал, точел миро од нив итн. Значи не станува збор за некакви "свети мошти", туку само за уште едно дополнително чудо на Бог заради исполнувањето на ветувањето за двојна мера на Илиевиот Дух во Елисеј.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:51
Originally posted by EvAngelos

Во 4-от век христијаните од Египет ги балсамирале телата на христијаните и ги чувале по куќите. Зацарувало суеверие, по баснословни цени се продавала на пример грутка земја од Палестина, заб од “светец“, коска од некој "апостол" итн.
За време на крстоносните војни овие заблуди уште повеќе зеле замав. Католиците веруваат дека имаат глави од апостоли, капки од Христовата крв, коса од дева Марија, главата на Јован Крстителот, заб од апостол Петар, еден куп парчиња од Христовиот крст итн.
Непосредно пред реформацијата во 16-от век оваа заблуда земала толкав замав што тезгите изобилувале со некакви "парчиња" од "светците" - мошти, а луѓето ги купувале, или за да ги препродаваат (ќе го купиш од Рим за 10 златника, а ќе го продадеш некаде за 20 златника), или пак заведени од заблудата на официјалната црква, ги купувале за себе, им се молеле, им се поклонувале, ги бакнувале, ги фетиширале и мислеле дека со тоа си купуваат бонуси за своето спасение тага
Но дали ваквото обожавање на лешевите на верниците било и пракса на првите - изворните Христијани?
 
НЕ. Во Библијата нема да најдете ниту еден единствен пример каде што некој се молел пред посмртните останки на некој апостол или пак истакнат Христов следбеник. Во Библијата нема да најдете ниту еден пример каде што некој се поклонил пред некој таков леш. Во Библијата нема да најдете пример каде што христијаните ги третирале посмртните останки на свои починати браќа и сестри како што тоа е праксата на католиците и православните кон нивните мошти.
 
 
ЕВАНГЕЛОСголемо%20гушкање 
 
ЗА ПРВИТЕ ХРИСТИЈАНИ!!!
 
КЕ ТЕ МОЛАМ  ПОТСЕТИ МЕ КОГА (год.) ОФОРМЕН БИБЛИСКИОТ КАНОН И БИГЛИЈАТА КАКО КНИГА И ОД КОГО?
 
 
 
Кога Ирод му ја отсекол главата на Јован Крстителот, неговите ученици го земале Јовановото починато тело и го погребале.
 
"И неговите ученици дојдоа, го зедоа телото и го погребаа, и отидоа и Му јавија на Исус"
(Матеј 14:12)
 
Христос за Јован кажал дека е "најголемиот меѓу родените од жена" (Матеј 11:11), а сепак учениците не земале неговото тело за да го "моштифицираат", туку го погребале како што постапувале и со секое друго тело. Ако денес во католицизмот и православието имаме еден куп мошти од разно разни "светци", и ако тоа е богоугодно, тогаш колку повеќе требале учениците да не го погребаат телото на обезглавениот Јован и да направат од Него "свети мошти" пред кои потоа ќе се поклонуваат, ќе се молат, ќе ги бакнуваат, мирисаат итн како што денес се прави врз другите мошти на "светците"? Но, такво нешто не читаме во евангелијата.
 
Исто така, маченикот Стефан бил каменуван и починал, христијаните исто така не почнале да го фетишираат неговото тело, туку истото го погребале.
 
"А побожни луѓе го погребаа Стефана и направија голем плач над него."
(Дела 8:2)
 
Истото се случило и со Христовите апостоли, истото се случило и со смртта на Авраам, на Мојсеј, на Илија, на Исак, Јаков, иста била судбината со телата на сите истакнати имиња на Божјите луѓе во Библијата - по смртта, тие не биле шетани по разно разни манастири, никој не им се поклонувал, никој не им се молел, никој не го бакнувал нивните лешеви, никој не точел "миризливо миро" од нивните безживотни тела, туку сите, сите до еден биле погребани.
 
 
 
 
Објасни го феноменот св.СПИРИДОН - еден од отците на I-от Вселенски Собор - Неговото тело после погребувашето останало НЕРАСПАДНАТО  и по БОЖЈА ПРОМИСЛА  изегло од замјата
за да СВЕДОЧИ ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!
Зарем Бог нема да ги прослави оние кои Негпо непрекинато го слават за време на нивноит живот тука на земјата?
 
Тие се живи сведочи за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!
Тогаш што е тука со черепите на ПРВИТЕ МАЧЕНИЦИ ЗА ХРИСТА (ВИТЛЕЕМСКИТЕ МЛАДИЧИ - МОМЧИЊА) 
 
Нивните черепи денес денес се наоѓаат во КИЕВО-ПЕЧЕРСКАТА ЛАВРА - и испуштајќи миро сведочат за Христовите настани!!! -
 
Зарем некој 2000 години во нивните кивоти става „нешто“ ... за да течи и да мириса?
 
зарем не се нашол еден паметен да им каже: чекај те бре луѓе што правите?
 
или ова е уште еден феномен за СВЕТСКАТА НАУКА - РУСКИТЕ (УКРАИНСКИ ) НАУЧНИЦИ
 
ДНК -  анализа - интересна работа!!!
 
Каде е тука св. ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ - МИРОТОЧИВ!!!
 
Неговата чудотворна моќ многу години го објавува ИМЕТО ХРИСТОВО!!! И ХРИСТОВАТА ВЕРА КАКО ВИСТИНСКА!!!
 
За неговото миро сведочат Крстоносците, (бтв -  не заборавајте дека КРСТОНОСНИТЕ ВОЈНИ БЕА ДИРЕКНО НАСОЧЕНИ ПРОТИВ ЦРКВАТА НА ИСТОК!!! за ова сетете се кога покојниот папа ПАВЛЕ  јавно му се ИЗВИНИ  на Вселенскиот Патриарј Вртоломеј - за жртвите од крстоносните војни)
 
Значи самите Крстоносци кажуваат дека со мирото што излегува од главата на св Димитриј - си „пржеле јајца, си ги бришеле чевлите, ... и уште многу  други погани работи ... јасно сведочи за историската реалност (мироточивост) на Божјите слуги - кој непрестајно го слават името Божјо !!!
 
Зарем некој е луд 1700 години да си игра мајтап со нас?
 
Зарем јас и ти сме попаметни од ЖИВАТА ЦРКВА И ЖИВОТО ПРЕДАНИЕ
?
 
Како можеме да ги негираме живите ХРИСТОВИ ИСПОВЕДНИЦИ - кои целиот свој живот го предале на Христа;
кои за врем на целиот свој живот и со дела и со зборови непрекинато сведочеле  за Него
 
ЗАРЕМ БОГ НЕМА ДА ГИ ПРОСЛАВИ СВОИТЕ СЛУГИ!!
 
Сети се на разбојникот!!
 
Божјите слуги кој денес се ОД ДЕСНАТА СТРАНА И НЕПРЕКИНАТО ГО СЛАВАТ ИМЕТО БОЖЈО - СЕ НАШИ МОЛИТВЕНИЦИ И ЗАСТАПНИЦИ ПРЕД СПАСИТЕЛОТ - ЗА ДА СЕ СЛАВИ НЕГОВОТО ИМЕ ВЕЧНО - СЕГА, СЕКОГАШ И ВО ВЕЧНИ ВЕКОВИ! АМИН!!
 
Тие заедно со разбојникот се молат за нас -  БОГ ДА ГИ ПРОСВЕТЛИ НАШИТЕ ДУШИ. И СИТЕ ПРЕКУ НЕГО ДА ДОЈДЕМЕ ДО ПОЗНАВАЊЕ НА ВИСТИНАТА!!!
 
АМИН!!!
 
 
п.с.
 
незнам колку време ке ми треба да седнам да пишувам за чудата на божјите угодници кои го слават Христа и сведочат за неговото СЛАВНО ВОСКРЕСЕНИЕ!!!!
 
те чекам негогаш, негде на кафе!!!!
 
големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
 
 
EVANGELOS БРАТЕ!!!!!!
 
Ги пастирам моите коментари!!!!
зашо факт е дека не ми одговараш на многу прашања - или воопшто не ги читаш - а тропаш глупости!!!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:51
п.с. Според следново
Бог го создаде човекот за нераспадливост и го направи слика на Своето вечно битие (Прем. Сол. 2:23).
Јасно е дека треба да го почитуваме образот на Господа кој го има во човекот, и тоа особено во обожениот човек. Доколку не го почитуваме, тоа значи дека не го почитуваме ниту праобразот.
Св. Јо0ван Златоуст (347-407)
Кога сите излегувале од Египет и едни носеле злато, други сребро, тогаш Мојсеј наместо какво и да е богатство, ги носел коските на Јосиф, понесувајќи го со нив во домот највеликото сокровиште, изполнето со неброени блага.

Исход 13, 19 И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израил, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 15:56
 
 
EVANGELOS
 
 
Најстар пример за почитување на моштите е забележан кај св. Игнатиј Богоносец, епископ антиохиски и апостолски ученик, кој во II век пострадал маченички во Рим, растргнат од дивите животни. Коските од светителот биле собрани со пиетет, донесени во Антиохија и сочувани во еден ковчег. За почитување на моштите се говори и во во едно писмо, каде е забележано мачеништвото на свети Поликарп, епископ од Смирна. Тамошните христијани, откако ги собрале неговите коски, ги чувале со побожност, како големо богатство и го славеле со голема свеченост споменот на светителот. Колку почитувањето на моштите било вообичаено во III век ни сведочи и податокот дека за време на гонењата од страна на царот Диоклецијан гонителите, со цел да се оневозможи укажувањето на соодветната почит, ги фрлале моштите од светителите во морето.
Кога гонењата престанале, над гробовите на мачениците се издигувале цркви и капели. Оттаму во времињата по гонењата, па и денес, еден храм не може да се освети без мошти од светител, кои при чинот на осветување се ставаат во престолот од олтарот. Тоа е утврдено и со 7. канон од Седмиот вселенски собор.
 
 
 
МОРАМ ДА ТЕ ПОТСЕТАМ НА ОВА ПОГОРЕ!!! 
факт е дека ништо не си прочитал....
 
 
ајт поззголемо%20гушкањељубовголемо%20гушкањељубовголемо%20гушкање
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.