IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Каде оди духот по смртта?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Каде оди духот по смртта?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 192021
Автор
Порака
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 08:56
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Pica pica, благодарам на одговорот.

Како што забележав порано, имаме различни разбирања за нештата.

Tи првин велиш дека ништо не е наше, потоа за духот велиш дека е збир на нашите фантазии и дека е под наша контрола, па затоа не е ништо точно дефинирано туку варира од ништо до с'е, според нашите желби (повторно- како ние управуваме со духот кога не сме ништо ?) , за на крајот да завршиш со мислењето дека ние во суштина сме синови на нашиот дух-Бог.

Не знам, веројатно не умеам да ги следам добро твоите објаснувања.

Во секој случај, уште еднаш благодарам на одговорот.



Не ме разбра!
Се концентрираш на јавето и све што се случува во него и ти го контролираш истото.Затоа можеби не ме разбра.
Но,дали според тебе,ти го контролираш сонот и све што се случува во него?


Ќе ги повторам зборовите.
Помислата го создаде духот,духот ќе ја создаде душата.




Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 11:57


Biblijata uste na prvite svoi stranici
kazuva deka nema besmrtna dusa, nitu besmrten duh! Citame
vo nea: “I Gospod Bog rece: ‘Ete, covekot stana kako eden
od nas, znaejki sto e dobro i sto e zlo. No sega da ne ja ispru-
zi svojata raka i da ne skine od drvoto na zivotot za da vkusi
od nego i da ZIVEE VECNO!’ Zatoa Gospod Bog go istera
nadvor od Edemskata gradina za da ja obrabotuva zemjata od
koja e i zemen” (1. Mojseeva 3,22.23). - Jasno, Bog go isteruva
Adama od rajot za da ne zivee vecno!

No, ako veke Bog mu duvnal na Adama vo nosot besmrtna
dusa ili besmrten duh, sozdavajki go so toa besmrten, zosto
sega, koga go isteruva od rajot, kazuva “za da ne zivee vecno”?
Ako e sozdaden besmrten, togas toj e i vecen. No gorniot
tekst kazuva deka Adam ne e vecen. Ili, Bog prvo mu dava besmrtnost,
a sega istata mu ja odzema!? Kakva smisla ima toa?
Jasno, zar ne! Besmrtnosta i vecniot zivot na Adama i
Eva Bog gi povrzal so “drvoto na zivotot”. Ako jadat od nego,
ke ziveat vecno, a ako ne jadat od nego, ke umrat, nema da
ziveat vecno. Spored toa, tie nemaat vrodena vecnost ili
besmrtnost vo sebe. Taka i se slucilo. Zaradi nivnata
neposlu{nost Bog gi isteral od rajot i tie, nemajki moznost
da jadat od “drvoto na zivotot”, umrele, ja zagubile prednosta
vecno da ziveat. Sto znaci, Bog ne mu duvnal na Adama
vo nosot nikakva besmrtna dusa, nitu besmrten duh, tuku samo
bezlicen “zivoten duh” ili “zivoten zdiv” koj gi stavil vo
dvizenje i vo funkcija negovite organi, celiot negov organizam,
negovoto telo sto go sozdal od pravot na zemjata (1.
Mojseeva 2,7).
Komponentata “zivoten duh” ili “zivoten zdiv” nikade
vo Biblijata nema prerogativi na licnost, odnosno, taa ne e
licnost, i spored toa, nema moznost po smrtta vecno da egzistira
kako licnost nekade vo raj, vo cistiliste, vo pekol
ili na koe i da e drugo mesto vo vselenata.
Pocituvani, Bozjite zborovi: “Da ne ja ispruzi svojata
raka i da ne skine od drvoto na zivotot za da vkusi od nego
i da ZIVEE VEcNO”, gi simnuvaat site svetci od rajot na
neboto i gi vadat site gresnici od cistilisteto i od pekolot,
kade sto gi pratile crkvite, i site zaedno, i svetcite
i gresnicite, gi vrakaat vo nivnite grobovi, kade sto im e
i mestoto, tamu da pocivaat vo mir do prvoto ili do vtoroto
voskresenie - da voskresnat vo konecen vecen zivot ili
vo konecna vecna smrt.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 14:41

  7 и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.

                     ( Проповедник 12:7)


Еве директен одговор од Библијата.
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 16:25
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


  7 и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.

                     ( Проповедник 12:7)


Еве директен одговор од Библијата.

Амин!

Tелото има само привремено времетраење, а духот се враќа кај оној кој го креира.

За разлика од конкретното тело, духот трае неограничено.





Изменето од Messenger - 01.Март.2012 во 18:27
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 18:27
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:



Biblijata uste na prvite svoi stranici
kazuva deka nema besmrtna dusa, nitu besmrten duh! Citame
vo nea: “I Gospod Bog rece: ‘Ete, covekot stana kako eden
od nas, znaejki sto e dobro i sto e zlo. No sega da ne ja ispru-
zi svojata raka i da ne skine od drvoto na zivotot za da vkusi
od nego i da ZIVEE VECNO!’ Zatoa Gospod Bog go istera
nadvor od Edemskata gradina za da ja obrabotuva zemjata od
koja e i zemen” (1. Mojseeva 3,22.23). - Jasno, Bog go isteruva
Adama od rajot za da ne zivee vecno!

No, ako veke Bog mu duvnal na Adama vo nosot besmrtna
dusa ili besmrten duh, sozdavajki go so toa besmrten, zosto
sega, koga go isteruva od rajot, kazuva “za da ne zivee vecno”?
Ako e sozdaden besmrten, togas toj e i vecen. No gorniot
tekst kazuva deka Adam ne e vecen. Ili, Bog prvo mu dava besmrtnost,
a sega istata mu ja odzema!? Kakva smisla ima toa?
Jasno, zar ne! Besmrtnosta i vecniot zivot na Adama i
Eva Bog gi povrzal so “drvoto na zivotot”. Ako jadat od nego,
ke ziveat vecno, a ako ne jadat od nego, ke umrat, nema da
ziveat vecno. Spored toa, tie nemaat vrodena vecnost ili
besmrtnost vo sebe. Taka i se slucilo. Zaradi nivnata
neposlu{nost Bog gi isteral od rajot i tie, nemajki moznost
da jadat od “drvoto na zivotot”, umrele, ja zagubile prednosta
vecno da ziveat. Sto znaci, Bog ne mu duvnal na Adama
vo nosot nikakva besmrtna dusa, nitu besmrten duh, tuku samo
bezlicen “zivoten duh” ili “zivoten zdiv” koj gi stavil vo
dvizenje i vo funkcija negovite organi, celiot negov organizam,
negovoto telo sto go sozdal od pravot na zemjata (1.
Mojseeva 2,7).
Komponentata “zivoten duh” ili “zivoten zdiv” nikade
vo Biblijata nema prerogativi na licnost, odnosno, taa ne e
licnost, i spored toa, nema moznost po smrtta vecno da egzistira
kako licnost nekade vo raj, vo cistiliste, vo pekol
ili na koe i da e drugo mesto vo vselenata.
Pocituvani, Bozjite zborovi: “Da ne ja ispruzi svojata
raka i da ne skine od drvoto na zivotot za da vkusi od nego
i da ZIVEE VEcNO”, gi simnuvaat site svetci od rajot na
neboto i gi vadat site gresnici od cistilisteto i od pekolot,
kade sto gi pratile crkvite, i site zaedno, i svetcite
i gresnicite, gi vrakaat vo nivnite grobovi, kade sto im e
i mestoto, tamu da pocivaat vo mir do prvoto ili do vtoroto
voskresenie - da voskresnat vo konecen vecen zivot ili
vo konecna vecna smrt.



Благоја, духот не живее и не умира, тој постои. И тој постои вечно како што е вечен и Бог, како што е вечен и Неговиот животен здив.

Телото живее. И тоа живее с'е додека духот е во него, с'е додека е анимирано од Божјиот здив (животниот дух во телото).

Вкусувањето од дрвото на животот ќе ги направело Адам и Ева да живеат телесно вечно, животниот дух да биде вечно врзан за нивното тело.
 



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 22:59
Pri kamenuvanjeto Stefan se molel: “Gospode
Isuse, primi go mojot duh” (Dela 7,59). Hristos na krstot isto
taka se molel: “Oce, vo racete tvoi go predavam mojot duh”
(Luka 23,46). - Ova dokazuva deka pri smrtta vistinskiot covek,
besmrtnata edinka, narecena “duh”, go napusta teloto.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 06:21
Е па, што велиме неколкумината тука ? среќа
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 09:40
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


  7 и се врати правот во земјата како што дојде од неа; а духот се врати при Бога, Кој го даде.

                     ( Проповедник 12:7)


Еве директен одговор од Библијата.


ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН
Глава 1      
1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.

Ќе се врати во книга.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2012 во 14:32
смеење Токму така излага кога буквално се разбира. газење од смеење
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 11:10
Кон врв
zoranjanev1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 07.Септември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zoranjanev1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 13:59

Според некои религии (Православие, Католицизам, Протестантизам, Ислам, ...) има и Рај и пекол; а според некои религии (Баптизам, Будизам, ...) има само Рај а нема пекол. (а и во самото Христијанство, Светиот Отец на Црквата Ориген тврдел дека има само Рај а нема пекол).

Визиите кои ги имале некои луѓе за пекол се толку меѓусебно различни и контрадикторни, што тоа навистина е збунувачко.

_________________________

Јас овде ќе наведам неколку примери за доживувањата на луѓе после смртта, кои се, меѓусебно, толку различни и контрадикторни, што се наметнува прашањето: кои од нив се вистински, а кои не ?!
Или, можеби, различни луѓе доживуваат различни нешта после смртта ?!
(овие примери сум ги наоѓал на различни места и од различни извори).

_________________________

 1. Има два примера на луѓе кои доживеале клиничка смрт, и, потоа, кога биле вратени во живот, со паника раскажувале за силен и мачен оган кој ги горел додека биле во клиничка смрт;

 2. Пребодобна Теодора, после смртта, им се јавила на неколку луѓе во сон, и им кажувала како, непосредно после смртта, душата гори сѐ додека не изгори до пепел, а потоа, со голема тескоба, почнуваат митарствата: ангел ја водел од демони до демони, и ја прашувале каков грев направила (дали украла, дали излажала, дали извршила прељуба, и сл.); Преподобна Теодора немало направено никаков грев, и отишла право во Рајот, тамо да го чека Сеопштиот Суд;

3. Некои луѓе, после доживеаната клиничка смрт, кога биле вратени во живот, раскажувале како некаде од горе (од таванот на собата) го гледале своето мртво тело и сѐ друго во собата;

 4. Некои луѓе, вратени во живот од клиничка смрт, раскажувале како, додека биле во клиничка смрт, гледале некој вид на тунел, на чиј крај се гледала силна светлина;

 5. Еден човек раскажувал како, во некоја прилика, додека седел покрај прозор, наеднаш му дошло да умре од сласт; он, во моментот, одлучил да остане жив, на Земјата;

 6. Во почетокот на 20-ти век, во Русија, некое 12 годишно дете на некој трговец, се разболело од дифтерија, и умрело; по неколку часа, детето оживеало, и на присутните им раскажувало како било на некое место со преубави цвеќиња, преубави дрвја, преубави куќи, и сл., и, самото, по своја слободна воља, решило да се врати на Земјата, за да се збогува со мајка му; исто така, тоа дете им рекло на присутните дека наскоро и они ќе дојдат на тоа преубаво место; а, за да му веруваат во тоа што го зборува (т.е., да не помислат присутните дека тоа се некој вид на илузии од болеста), детето им рекло на присутните дека по два дена кај нив ќе дојде некоја негова братучетка и ќе биде многу изненадена кога ќе ѝ кажат дека детето умрело; потоа, детето пак умрело; (по два дена, навистина дошла некоја братучетка на детето и била многу изненадена кога ѝ кажале дека детето умрело);

 7. Будистички монаси кои, со медитација, доживеале Нирвана, потоа раскажувале дека во Рајот, кај што биле додека биле во Нирвана, било толку убаво, што со жалење се враќале во телото; и, тие монаси кажувале дека, додека биле во Нирвана, нивната душа им била поврзана со телото со некој вид на јаже, по кое јаже они се враќале во телото; доколку тоа јаже се скине, човекот дефинитивно умира, и повеќе не може да се врати во телото од Рајот;

 8. Опишани се неколку случаи на луѓе кои умреле со толку нагла и неочекувана смрт, што неколку часа после смртта не биле свесни за тоа дека се умрени, и продолжувале, нормално, со своите вообичаени активности; кога, на тие луѓе, ќе почнеле да им се случуваат чудни работи, они, малку по малку, почнувале да сфаќаат дека се умрени.

Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 14:07
Smrtta ne postoi, postoi samo idejata za smrt i taa "odi"... duhot(chistata svest) nitu doagja, nitu odi.... sega i ovde, sekogash i sekade.
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2012 во 16:20
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

Според некои религии (Православие, Католицизам, Протестантизам, Ислам, ...) има и Рај и пекол; а според некои религии (Баптизам, Будизам, ...) има само Рај а нема пекол. (а и во самото Христијанство, Светиот Отец на Црквата Ориген тврдел дека има само Рај а нема пекол).

За да немаме забуни ние луѓето, Бог и чистите битија од небесните светови ни излезе во пресрет праќајќи свои пророци (таков бил на пр.Ориген.) за повторно да ни го објаснуваат она кое некогаш многу оддамна сме го заборавиле и коешто поради нашата ограниченост која самите сме си ја предизвикале, не можеме сеуште самите да го видиме и спознаеме. Така и денес Бог ни испрати Свој пророк, Габриеле од Вирцбург, преку која ни ги објавува овие работи, но уште подлабоко и посеопфатно. Дали и колку ние од тоа ќе прифатиме како вистина, тоа е наш слободен избор. Кај Бога нема присила.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:


Јас овде ќе наведам неколку примери за доживувањата на луѓе после смртта, кои се, меѓусебно, толку различни и контрадикторни, што се наметнува прашањето: кои од нив се вистински, а кои не ?!


Самиот го даде одговорот, дека:
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:


...различни луѓе доживуваат различни нешта после смртта ?!
(овие примери сум ги наоѓал на различни места и од различни извори).

Имено, секој човек е со поинаква состојба на духовна свест и затоа различно може да ги доживува работите, како во текот на овоземниот живот така и после смртта.

Оттаму јас и не гледам ништо противречно од изјавите кои ти ги наведе:
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:


 1. Има два примера на луѓе кои доживеале клиничка смрт, и, потоа, кога биле вратени во живот, со паника раскажувале за силен и мачен оган кој ги горел додека биле во клиничка смрт;


Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

 2. Пребодобна Теодора, после смртта, им се јавила на неколку луѓе во сон, и им кажувала како, непосредно после смртта, душата гори сѐ додека не изгори до пепел, а потоа, со голема тескоба, почнуваат митарствата: ангел ја водел од демони до демони, и ја прашувале каков грев направила (дали украла, дали излажала, дали извршила прељуба, и сл.); Преподобна Теодора немало направено никаков грев, и отишла право во Рајот, тамо да го чека Сеопштиот Суд;

Веројатно сите тие биле врзани за православното гледиште. Душите обично истото сфаќање и си го задржуваат по смртта на телото, па отприлика низ таа призма и ќе ги доживуваат работите. Меѓутоа душата никој не ја присилува на ништо, освен ако таа самата доброволно не ја препуштила својата слобода на други битија(енергетски полиња на тнр. гуруи, црковни институции, демонска хиерархија и тн.) кои потоа ја водат нејзе како марионета.

Во душата е меморирано сето она што таа како човек во оваа и претходните инкарнации го чувствувала, мислела, зборувала и правела. Сите тие работи влијаат врз тоа како таа ќе се чувствува после смртта. Она што им е сторено на другите а било противно на изворната состојба на душата, а тоа е божественоста, мора да се доведе во ред и да се исчисти. Душата низ слики гледа и чувствува како изгледало навистина тоа што на другите им го правела, какви сè последици имало тоа по луѓето, природата и тн.

Таа низ тие слики и чувства на страдање е поттикната на чистење. Имено таа би сакала да престане страдањето, ангелите учители љубезно и` објаснуваат дека единствен излез од таа пеколна состојба е душата да ја спознае својата вина, да ги моли оштетените за прошка и да им прости на оние кои што тие и` згрешиле, бидејќи како што таа сака да престане да се мачи поради сопствената вина, така сакаат и другите. Во сето тоа таа може да го моли за помош и сила избавителот на сите луѓе и души, Христос(тоа е една од причините зошто се нарекува спасител) кој тогаш повеќе чекори и` излегува во пресрет.
Меѓутоа дали, кога и колку ќе прифати од тие совети, секоја душа самата одлучува за себе.

Наместо тоа многумина тврдоглаво инсистираат дека другите биле виновни, дека другите би требале први да замолат за прошка, или дури сакаат да се расправаат со ангелите, погрешно мислејќи дека тие се виновни, дека би можеле или дури дека би морале тие да им ја средат работата. Ангелите тука не можат повеќе ништо да помогнат, бидејќи според Божјиот закон тие мораат да ја почитуваат слободната волја на душата. На пр. лекарот објаснува како треба да се земе лекот, но не може лекот да го земе наместо пациентот. Така е и таму. Ако не е подготвена да се преобрати, душата останува во својата пеколна состојба. Таа состојба на некои души може да им делува како да горат до пепел. Дури кога ќе се променат односно кога симболично кажано „ќе изгорат гревовите до пепел„ (оганот земен како симбол за нешто кое има својство да преобразува и прочистува) тогаш можат да се упатат во повисоки подрачја на животот каде што нема такви страдања. Значи тие во еден момент толку веќе ќе се изморат од тоа страдање што на крај конечно креваат раце од своите погрешни сфаќања и почнуваат поинаку да постапуваат.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

3. Некои луѓе, после доживеаната клиничка смрт, кога биле вратени во живот, раскажувале како некаде од горе (од таванот на собата) го гледале своето мртво тело и сѐ друго во собата;

Имам роднини кои истото искуство го имале. Едниот од нив иако религиозен, сопственото искуство го отфрли сметајќи дека тоа се должело на анестезијата, бидејќи според неговата вера не постои душа, туку воскреснување на физичките тела судниот ден. Тој всушност привремено се одвоил од телото.

Понекогаш тие впечатоци на душата и е можно да ги предаде на мозочните клетки и тогаш човекот може да се сеќава и на такво доживување. Таквите искуства не вредат многу ако човекот не вади од нив поука за својот живот, на пр. дека ние не сме ова тело и дека нашиот престој е само привремен - дали го користиме правилно? и тн.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

 4. Некои луѓе, вратени во живот од клиничка смрт, раскажувале како, додека биле во клиничка смрт, гледале некој вид на тунел, на чиј крај се гледала силна светлина;

Тоа исто варира од свест до свест. Други тоа ќе го доживеат како преоѓање низ долга ливада, трети како се качуваат на некој чуден воз и тн.
На едно лице од моето потесно семејство (кој не беше ниту во кома ниту под анестезија) едноставно исчезнаа ѕидовите од болницата и се појави бескраен светол хоризонт во кој се наѕираа светлечки битија.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

 5. Еден човек раскажувал како, во некоја прилика, додека седел покрај прозор, наеднаш му дошло да умре од сласт; он, во моментот, одлучил да остане жив, на Земјата;

Земјата е само бедна фотокопија од врвната реалност, но за да може да се стигне таму мора најпрвин правилно да се извршат некои задачи на Земјата како човек - накратко кажано што повеќе да се живее според Божјите закони бидејќи само оние битија кои самите станале едно со Законот можат да влезат во Апсолутниот закон, бидејќи сличното тендира кон слично.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

 6. Во почетокот на 20-ти век, во Русија, некое 12 годишно дете на некој трговец, се разболело од дифтерија, и умрело; по неколку часа, детето оживеало, и на присутните им раскажувало како било на некое место со преубави цвеќиња, преубави дрвја, преубави куќи, и сл., и, самото, по своја слободна воља, решило да се врати на Земјата, за да се збогува со мајка му; исто така, тоа дете им рекло на присутните дека наскоро и они ќе дојдат на тоа преубаво место;

Тоа што детето го доживеало не било рајот, туку тнр. одморалиште за душите. Тоа се различни планети во царството на душите тнр. астрални светови каде душите доколку сакаат имаат можност да се одморат и окрепат од земскиот живот кој содржел разноразни тешкотии. Таму има преубави паркови, куќарки за одмор, езерца и тн. Од таму можат да бидат водени на планетите каде можат да посетуваат духовно школување полно со интересни доживувања. На пр. учат за мирот помеѓу животните, како да си го уредат поубаво својот животен простор и тн. Меѓутоа сето тоа е исто така привремено,како што беше и привремен животот на Земјата. Целта е тие така одморени и поучени да можат да се упатат понатака на патот кон вистинското дома. Тоа вистинско дома е Царството Небесно - Апсолутноста. Кој сака да влезе во Небото мора и самиот со себе да донесе Небо. Некои се решаваат да одат напред, кон уште поубаво и повисоко, некои се решаваат за враќање на Земјата во ново тело кога ќе се создадат содветни услови.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

негова братучетка и ќе биде многу изненадена кога ќе ѝ кажат дека детето умрело; потоа, детето пак умрело; (по два дена, навистина дошла некоја братучетка на детето и била многу изненадена кога ѝ кажале дека детето умрело);

Па, обично луѓето се изненадени кога ќе слушнат дека некој починал... нема тука ништо чудно.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

 7. Будистички монаси кои, со медитација, доживеале Нирвана, потоа раскажувале дека во Рајот, кај што биле додека биле во Нирвана, било толку убаво, што со жалење се враќале во телото; и, тие монаси кажувале дека, додека биле во Нирвана, нивната душа им била поврзана со телото со некој вид на јаже, по кое јаже они се враќале во телото; доколку тоа јаже се скине, човекот дефинитивно умира, и повеќе не може да се врати во телото од Рајот;

Тоа што тие го виделе не мора да бил рајот, туку некое повисоко подрачје во однос на материјата.

Секоја душа е привремено поврзана со телото со тнр. сребреникава нишка наречена и информациона лента. Кога луѓето успеваат да ги оживеат со реанимација, или кога Исус ги воскреснувал тнр.„мртви„ тоа се случувало само со оние кај кои сеуште таа лента не била прекината. Ако таа се прекине, телото не добива веќе дотур на етерични сили кои всушност го прават живо. Но вистинскиот живот продолжува во духовните светови.

Постои и обратна можност: пред да настапи смртта(на пр. по тешка несреќа), значи пред да се прекине таа лента, со разни хемикалии и медицински апарати телото долго време да се одржува вештачки во некаков вегетирачки живот. За душата тоа представува големо страдање бидејќи не може на мира да се одвои од своето тело туку мора да остане во негова близина и нит е ваму нит таму. Лекарите и роднините мислат дека на тој начин му прават добро, но всушност прават да биде само полошо. Слични проблеми има и при трансплантирањето органи.

Вистинската љубов им остава слобода на ближните да одат каде што сакаат, а не таму каде ние мислиме дека треба да им биде убаво бидејќи моментално и нас така ни е убаво.
Originally posted by zoranjanev1 zoranjanev1 напиша:

 8. Опишани се неколку случаи на луѓе кои умреле со толку нагла и неочекувана смрт, што неколку часа после смртта не биле свесни за тоа дека се умрени, и продолжувале, нормално, со своите вообичаени активности; кога, на тие луѓе, ќе почнеле да им се случуваат чудни работи, они, малку по малку, почнувале да сфаќаат дека се умрени.

Затоа што, како што вели една истоимена книга на божјата пророчица, Твојот живот во овдестраното е твојот живот во отадестраното. После смртта душата си останува со истите сфаќања, навики и желби кои ги изградила како човек. На пр. оние кои цврсто верувале дека нема живот после смртта, можат да бидат во истата заблуда уште долго време после смртта. Кога и како тие работи душата ќе ги прифати, промени(ставовите) и разгради(претераните човечки навики) за да не и пречат повеќе и се остава на нејзината слободна волја, иако ангелите водители и ангелите учители веднаш се подготвени да и помогнат на душата.
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
Stranger90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Август.2016
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Stranger90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2016 во 16:42
Ниту една мистерија не била толку силна колку смртта, ова е нешто што најмногу од се сакам да го дознаам. Во продолжение моите претчувства.

Значи се чувствува смртта, односно одделувањето на телото од духот, независно од тоа дали мојата смрт или на некој близок. Дури се уште не можам да прифатам дека изгубив некој што многу ми значи
Знаев, еве неколу докажувања. Почина некој од моето семејство, ми беше како мајка, дури и повеќе од мајка ме сакаше, но ете болеста не раздели, знаевме дека ќе се збогуваме, но не сакав да го прифатам фактот дека ќе морам да продолжам со животот после неа. Почнав да сонувам дека неа ја немаше на местата каде бевме заедно, знаев дека ќе нема следен пат да одиме на црква или било каде, почнав да не мислам за иднината со неа бидејќи немаше иднина. Знаев дека тој ден е близу, но имав надеж. Ете со таа проклета надеж не и пружив љубов колку што треба, не поминав повеќе време со неа, Мислев смртта е со свирки и тапани, но таа кога доаѓа усмртува, не чека да промениш нешто
Според сето ова, еве поминаа повеќе од 40 дена, а ми се чини како да беше вчера, болката не се намали, туку се зголеми. Чувствувам големо каење и празнина, никогаш не сум се чувствувала толку безвредно.Се каам бидејќи не верував дека болеста е посилна, наместо да и помогнам јас не верував, мислев ќе ја победи битката. Медицината крена раце, болеста се ширеше, целата крв се истури, така да животот се истури, не му го посакувам никому тоа, ова е најтешка болест што постои

И да се надоврзам на темата, духот до 40 дена е во домот на починатиот, потоа се оддалечува и оди кон патот вечен, не знам дали е може да ги гледа и следи своите сакани. Ама јас сум сигурна, дека духот постои и по физичката смрт, бидејќи јас не почувствував до 40 дена празнина, туку недостиг, а 40тиот ден сонив како заминува, предходно сонував дека таму кајшто е упокоениот дух има некој свет и ме поздрави од таму, демек таму било поубаво, еднаш сонував како ми рече да се помолам и ќе ме внесе бог таму кај неа. Нон стоп сонував, најчесто преку еден ден, соновите се вистина. Така преку сонот ги признав чувствата и своите немири, мислам дека сега знае како се чувствувам

Имав едно претчувство дека на 40тиот ден враќајќи се од гробишта,ќе заврне дожд и навистина заврна

Мака ми е што и покрај толку знаци, не ја докажав својата љубов. Во моето срце се уште не можам да прифатам дека не е жива, нешто ми вели дека иако не е тука сепак живее. А присутна бев тој проклет ден

И од мене еден мудар совет, поминувајте повеќе време со вашите сакани, споделете ги вашите моменти со нив, бидејќи семејството е тоа што ќе остане со вас и во добро и во лошо, прифатете ги онакви какви што се, простувајте и барајте да ви простат бидејќи животот е краток, денес си сдрав и жив, утре ќе добиеш рак или туберкулоза... и твоите денови ќе бидат избројани. Не сум била сведок на друг близок со ваква болест, затоа имав надеж, но ете болеста победи. Само едно е вистина сите ќе умреме, ете со тоа се утешувам, и едвај чекам да заспијам за да почнам да сонувам, бидејќи додека сонувам постојам.

И знам дека ова овде е бела лага, ова не е вистински живот, не сум се почувствувала ниту еднаш како живеам вистински бидејќи нешто ми вели дека ова е сон и еден ден ќе се разбудам. Ама тоа нема да биде еден ден овде, туку некогаш и некаде

Молете се да не подлегнете на искушение, правете добро, независно дали ви враќаат со зло или добро, се што правите, го правите за себеси, облечете се во љубов и добрина и славете го името божјо, бидејќи само тој ми помогна, многу пати ми помогна и ме тргна од злото
Следете ја неговата патека за да наследите живот вечен
И запомнете ако правите добро на друг исто како себеси да сте си направиле, ако правите лошо, сбеси сте си направиле. Бог гледа и знае се
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 192021
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.