IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - GP Italy
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

GP Italy

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 01:26
Рос очекува фер финале



По трката за Големата награда на Италија, повеќето од главните протагонисти имаа различни изјави објавени преку тимските соопштенија или дадени за акредитираните медиуми. Ви пренесуваме избор на најинтересните од нив.

Тимскиот шеф на Браун има полно право да се надева на хепи енд од дебитанстката сезона, но по 1-2 триумфот во Монца порача дека сака чесна борба меѓу Батон и Баричело.

Рос Браун:

- Се што барам од моите возачи е да се натпреваруваат фер и отворено. Тие мора да соработуваат чесно, доволно се возрасни за да се справат со тоа.

Рубенс Баричело:

- Монца отсекогаш била одлична патека за мене и се чувствувам чудесно што победив повторно тука. Имавме неколку добри одлуки во текот на викендот и благодарение на сработеното во петокот имавме добро штелување денес. Во квалификациите моравме да размилсуваме стратешки поради болидите со КЕРС, па затоа нашата стратегија со едно застанување се исплатеше. Имав добар старт и излегов пред Хеики, а од тука натаму ја имав и брзината што беше потребна за да ги победам оние што одеа со два стопа. Возев фантастичен болид со фантастичен мотор од Мерцедес Бенц, и целиот тим одработе фантастична работа. Ова ќе биде здрава борба за првенството и навистина со нетрпение ја очекувам. Две победи во три трки е мошне добро и ќе продолжам да давам се од себе. На крајот, ја посветувам оваа победа на моите два сина, Едуардо и Фернандо, бидејќи и обајцата имаат роденден овој месец.

Џенсон Батон:

- Имав навистина добра трка денес и беше фантастично чувството да се биде повторно на подиумот. Тимот одлично си ја заврши работата и му честитам на Рубенс за втората победа оваа сезона. Болидот работеше добро и балансот беше добар за време на трката, што значеше дека можам да постигнувам конзистентни времиња, и тоа брзи, тогаш кога требаше. Стратегијата што ја одбравме во саботата беше перфектна за нас и бев во можност да излезам пред Хеики, а тоа беше круцијално за мојата трка.

Кими Раиконен:

- Имав среќа што сум повторно на подиумот, иако за тоа овој пат беше потребна навистина голема доза. Резултатот е добар за шампионатот, за нас, за навивачите во Монца. Имав добар старт и за малку ќе го минев и Хамилтон, но и покрај тоа што не успеав, резултатот на крај е ист. Разочаран сум што не можев да се борам за победата, немавме доволна брзина, но стратегијата беше најдобрата за нас. Со Зутил не бев во потешкотија, знаев дека мора да се воздржам од правење грешки и да возам така како што можам најмногу да извлечам од нашиот болид. Меките гуми повеќе ни одговараа, со тврдите имавме мали проблеми, особено на почетокот од таа етапа. На следните трки ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе, а можеби на некои од нив можеме и да се обидеме да се бориме за победа.

Фернандо Алонсо:

- Среќен сум со денешниот резултат, иако КЕРС уредот на стартот не ги исполни моите очекувања. Имав добар ритам во текот на трката, болидот се однесуваше перфектни, а стратегијата работеше добро. Финишот на петтото место е добар резултат, но наша цел во остатокот на сезоната е да имаме подиум финиш, па дури и победа.

Себастијан Фетел:

- Имав добар старт, но по првиот круг имав проблеми да останам во чекор со оние напред. Најголемата забелешка денес се однесува на првите пет до десет круга, кога контактот со подлогата беше слаб, па изгубив доста време и многу пролизгував. Вкупно, денес ја немавме потребната брзина и можеби ова не беше најдобрата патека за нашиот болид. Ќе пробаме со повеќе потисна сила и можеби ќе биде подобро. Првенството не е готово, наша цел е да го дадеме најдоброто од себе. Тука сме за да победуваме во трките и во првенството, па ќе се фокусираме на тоа. Се друго е надвор од наш дофат.

Луис Хамилтон:

- Ја немавме потребната брзина и секој круг го возев како да се квалификации. Болидот беше и денес добар, но не и доволно добар. Можам само да им се извинам на сите во тимот и на моите навивачи.

f1almanah.com
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.