IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 32>
Автор
Порака
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2009 во 14:09
Најновата песна на КАРОЛИНА
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 11:25
 
Македонска Музичка Мрежа ги дознава имињата на композиторите и насловите на песните кои се избрани за националниот Евросонг 2010. На конк*рсот пристигнaле вкупно 126 песни, а селекционото седумчлено жири одбирало во два елиминациони круга.
Еве ги песните и нивните автори...
 
1. Чорбаџија - Димче Китрозоски

2. Најмила - Бертан Аслани

3. Бог го има секој клуч - Сашо Ливрински

4. Џипси Денс - Симеон Атанасов

5. Север и југ - Стојанче Аврамов

6. Заборави на се - Зоран Алексиќ

7. Се што чекаме - Јова Радевска

8. Мразам - Горан Мицов

9. Болест зараза - Душко Темелкоски

10. Ти си киси  феномен - Сашо Паркет

11. Браво Дамир Имери

12. Денес како си - Владимир Дојчиновски

13. Немој да си себичен - Григор Копров

14. Никој на овој свет - Ванчо Димитров

15. Малечка - Бобан Апостолов Џани

16. Солза - Ристо Апостолов

17. Фама - Александар Масевски

18. Акција реакција - Александар Масевски

19. Бели коњи - Ана Мојсовска

20. Ангели - Раде Врчаковски

21. Сни - Даниел Митревски

22. Лаги - Лазар Цветкоски

23. Летам кон тебе - Лазар Цветкоски

24. Љубовна песна - Валентино Скендеровски

25. Јас ја имам силата - Кристијан Габроски

26. Забораваш - Мартин Вучиќ

27. Таа има се - Мартин Вучиќ

28. Остани - Симон Трпчески
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 14:51
London Calling 30 роденден на албумот кој го промени светот
Ремек дело на групата The Clash важи за еден од најдобрите дупли албуми на сите времиња .
 
 
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2010 во 10:25

Дали кралот на попот постхумно има уште еден хит?

Песната се вика “Another Day“ и се верува дека е дует на Мајкл Џексон и Лени Кравиц. Како потврда на ова се посочува писмото кое Лени му го пратил на свој пријател во времето кога е снимана песната.

„Во моментов работам со Мајкл на песна која сеуште не е објавена и ова е дефинитвно најубавото време кое го имам поминато во студио. Мајкл е многу духовит и цело време се смеевме“, вели Кравиц во писмото.

Но, затоа што никаде не е официјално потврдено дека навистина е во прашање соработка на Мајкл и Лени, снимките биле пратени на вештачење.
Кон врв
dimigor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dimigor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2010 во 17:54
Новата песна и спот на Кирил Џајковски:
Kiril Dzajkovski feat. Ras Tweed Esma - Raise Up Your Hands
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2010 во 17:39
Дали некој има информација каде може да се најдат карти за хуманитарниот концерт во чест на Тоше? Знам дека се 250 ден, ама каде се продаваа низ Скопје? А може и веќе да нема, многу “рано“ ми текна да прашам тага
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2010 во 09:26
Оваа година, на Евроснгот во Норвешка , Србија ќе ја преставува песна од  Горан Бреговиќ....... 
Бреговиќ ќе напише три песни и за нив самиот ќе ги одбере изведувачите, а потоа публиката меѓу нив ќе го одбере српскиот претставник.
Еве ја неговата изјава околу тоа .....
 
 Не можам да кажам дека знам што правам, но работите се движат така што некој ве прашува: Дали знаете?, а вие велите дека знаете. Ќе направам се што е во моја моќ тоа што ќе го напишам да биде добро. Не знам да пишувам песни како Жељко Јоксимовиќ и претходните наши претставници на Евросонг, но верувам дека ниту тие тогаш не знаеле. Евросонг секогаш знае да изненади. Само што ќе помислите дека оваква или онаква песна ќе победи, а на крајот ќе триумфира хеви метал музика или како минатата година „народњак“ од Норвешка. Па веројатно за толку години имам и јас право еднаш да зафркнам нешто, истакна Берговиќ, објаснувајќи дека песните кои ќе ги напише за изборот за Песна на Евровизија ќе бидат „весели и едноставни“.....
 
Кон врв
dimigor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 102
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dimigor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 12:48
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2010 во 00:58
 
...Многу екс ју ѕвезди биле  шпиони на УДБА ... !!!
 
Живан Велисављевиќ, кој наводно работел како висок службеник на Државната безбедност на СФРЈ, тврди дека ги контролирал сите најпознати музички ѕвезди од тогашната заедничка држава. Според него, тој по налог на Стане Доланц ги регрутирал најпопуларните поп- и рок-бендови и музичари. 

Интернет-порталот „Урбана Србија“ неодамна објави статија под наслов „Големиот заговор на југословенскиот рокенрол“, во која наводниотЖиван Велисављевиќ, тврди дека ги контролирал сите најпознати музички ѕвезди од тогашната заедничка држава. 

Според неговите зборови, тој по налог на Стане Доланц ги регрутирал најпопуларните поп- и рок-бендови и музичари што биле цврсто приклонети на хедонизмот и употребата на опојни дроги, и со тоа успеал да ја отапи борбената острица на протестите и многубројните прогресивни младинци да ги претвори во безопасни кловнови без јасна револуционерна идеја.

Ангажманот на Велисављевиќ во Службата за државна безбедност почнал во 1968-та и траел до почетокот на 1990-тите години. Студентските демонстрации сериозно го погодиле Тито, но, и покрај тоа што успеал да ги смири, тој забележувал дека постојано се појавуваат нови жаришта. 

Во тој момент се појавуваат студентската криза и инвазијата на Чешка, па било потребно да се смири барем еден од фронтовите. По кратко време на Доланц му било дадено зелено светло да ја почне операцијата под шифрирано име „Милјацка“ и да ги регрутира младите музичари. Во соработка со своите најблиски соработници, Срѓан Андрејевиќ и Обрад Џорџевиќ, Доланц го избрал тогаш младиот Живан Велисављевиќ, за да раководи со операцијата „Милјацка“.

Првиот регрут ми беше Горан Бреговиќ и со него немаше проблеми, вели Велисављевиќ.

- Брега ја сакаше идејата за југословенството, сексот и дрогата, така што лесно се договоривме. Со Горан дури и применував еден систем што Службата го користеше со криминалците – им овозможуваше да крадат во странство, а да добиваат засолниште во Југославија, во замена понекогаш да работат за нас. Така и јас му овозможував на Бреговиќ да краде странски песни, да ги објавува овде како свои и во нив да го пропагира она што ќе му го кажевме ние - сведочи Велисављевиќ.

По Горан Бреговиќ, кој бил „лесен плен“, следен на листата бил Здравко Чолиќ, кој во тоа време не бил толку едноставен за регрутирање.

- Здравко Чолиќ беше исклучително талентиран изведувач и него не можевме да го регрутираме така лесно. Откако Чола беше уапсен во Охрид, поради размена на девизи, јас го посетив во затворот и за само 15 минути падна договорот - додава Велисављевиќ во своето сведочење.

Откако и Здравко Чолиќ бил регрутиран, во одделот што го водел Велисављевиќ било решено целата југословенска поп-естрада да застане зад него. За тоа бил организиран таен состанок во „Скендерија“, на кој биле донесени сите битни композитори, меѓу кои: Арсен Дедиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Корнелие Ковач, Бојан Адамиќ, Момчило Бајагиќ, Злаја Арсланагиќ од „Црвена јабука“, Изток Турк, Јасенко Хоура - „Прљаво казалиште“, Јура Стублиќ - „Филм“, Влада Дивљан - „Идоли“, Зоран Лесендриќ...

- Ги сместивме во „Скендерија“, а тие не ни насетуваа што ги чека. Тогаш јас излегов на говорницата, се почувствував како Тито, и им реков дека секој од нив е должен да подготви по една песна за повратничкиот албум на Чола - додава Велисављевиќ.

По состанокот во „Скендерија“, тимот задолжен за овој проект се согласил дека не може да се контролира безбедноста со толкав број луѓе, па на крајот било решено целиот албум да го сработи Бреговиќ.

- Чола и беше потребен на Југославија во тоа време, и затоа на крајот се решивме за Брега. Во еден момент се чинеше дека повратничкиот албум на Здравко Чолиќ ќе биде најголем албум во историјата на поп-музиката. Се надевавме дека тоа за Чолиќ ќе биде истото она што своевремено „Смиле“ беше за легендарните „Бич бој“ - објаснува Велисављевиќ.

Во своето признание Велисављевиќ вели дека во текот на работата еднаш се сретнал и со двоен агент. Тоа бил Изток Турк, лидерот на љубљанската група „Видеосекс“.

- Изток работеше за нас, но во периодот кога групата го сними албумот „Лацримае Цхристи“, тој беше контактиран од германската безбедносна служба. Тој подоцна сакаше да ги прекине контактите со нив, но ние инсистиравме да ги продолжи. Не сум сигурен дека Турк ја предаде Југославија, и мислам дека и беше лојален до самиот крај. Но, како што поминуваше времето, тој полека се оддалечуваше од Југославија. За тоа сведочат неговите неуспешни обиди со „Видеосекс“ да сними песна на англиски јазик - раскажува Велисављевиќ.

Според него, снимањето песни на англиски јазик всушност било смислена провокација од странските разузнавачки служби за да може да се колонизирала југословенската музичка сцена. Тој дополнува дека Брега, Чола, Бора Чорба и „Азра“ ги држеле како во окови.

- Албумот на групата „Дивље јагоде“, кој беше снимен на англиски јазик, беше класичен заговор на британската тајна служба МИ6. Нив како свои агенти во тој период ги држеше озлогласениот Ентони Монктон. Тој својата кариера ја почна како рокенрол-оперативец за СФРЈ, за на крајот да заврши во Белград. За среќа, службата имаше свој адут во групата.Ален Исламовиќ беше наш човек и англиската кариера на „Дивље јагоде“ ја труеше од внатре. Тој беше здрав елемент во таа група и затоа и го наградивме со местото пејач и на „Бијело дугме“ - вели Велисављевиќ.

И ден-денес, Велисављевиќ верува оти самите републички служби на државната безбедност работеле против заедничката држава, дури и во доменот на рокенролот.

- Јасенко Хоура беше човек на хрватската републичка служба. Одговорно тврдам дека неговата песна „Мојој мајци“ е масло на загрепското одделение. Кога забележавме дека Бог и црквата често се споменуваат во песните на „Пилоти“, го приведовме Зоран Лесендриќ-Кики. Во текот на ноќта ни се јави шефот на белградското одделение и ни рече дека тој е нивен. Моравме да го пуштиме. Дури тогаш сфатив дека секоја републичка служба има свој бенд - додава Велисављевиќ.


Покрај овие работи, Службата за државна безбедност била задолжена и за подготвување концептуални албуми, кои би се пуштале на радио во случај на војна, па дури и нуклеарна апокалипса. Тоа биле плочи подготвени за таканаречениот „Суден ден“. Според Велисављевиќ, на албумите работел кремот на југословенската сцена, во соработка со тим психолози. Некои од песните ги пишувал Кики Лесендриќ, а ги пеелеЗана Нимани, Ања Рупел и Марина Перазиќ.

- Вакви песни во принцип се прават по нуклеарна војна, кога луѓето во бункерите и во скривниците треба да се стимулираат на продолжување на расата. Да се пушти таква песна во етер во регуларни околности е кривично дело. Тие снимки денес се наоѓаат во сефот на началникот на Службата - додава Велисављевиќ.

Живан се гордее и со податокот дека Службата ангажирала дури тројца професори од Музичката академија и еден професор по книжевност, за да му помогнат на Бреговиќ да ја направи песната „Липе цвату“.

Овие шокантни сведочења на Живан Велисављевиќ ја разбрануваа поранешната југословенска рок-сцена, особено вмешаните музичари. За да се потврди дали навистина постоела ваква обемна операција, која во детали ја објавува Велисављевиќ, некои српски весници контактирале со детективската агенција СИА за да ја откријат вистината. Но од таму доаѓаат уште помистериозни информации, дека Живан Велисављевиќ никогаш не работел во Државната безбедност на СФРЈ.....
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2010 во 13:00
 
 
  Оваа година на Греми...
Бијонси Ноулс го одбележа 52 годелување на Греми наградите. Пејачката доби 6 награди што е најголем број на награди што до сега ги има освоено одеднаш. "Single Ladies" е прогласена за најдобра песна на годината и доби голем број награди кои беа дел од аренби категориите. .

"Fearless" е прогласен за најдобар албум на годината, а Тејлор доби уште три награди главно во кантри категори...

Контровезната Лејди Гага освоила 2 Греми во категориите денс. Таа ги отворила наградите во дует со Елтон Џон. Додека настапувала викала како сака да стане ѕвезда. Блек Ајд Пис добија 3 Греми наградо и за најдобар рок албум беше прогласен "21st Century Breakdown" на Грин Деј.
 
Пинк дополнително ја вжештила атмосферата на доделувањето на Греми наградите изведувајќи акробации облечена во сексипилен костим.
 
Пејачката дефинитивно помогнала оваа година Гремите да бидат запаметени по женските изведувачи. Иако Бијонси зема 6, а Тејлор 4 Греми сепак настапот на Пинк како и оној на Гага дадоа обележје на вечерта.
Кон врв
databis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 177
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај databis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2010 во 10:00
Видео од настапот на P!NK

Изменето од databis - 02.Февруари.2010 во 10:01
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2010 во 11:56
 
 
 
                    Како изгледа Бијонсе наутро?

 

Конечно во јавноста излезе вистинскиот изглед на Бијонсе. Британскиот таблоид The Sun успеа да ја улови популарната пејачка на балконот на еден хотел во Рио, облечена во пижами. Бијонсе веќе неколку дена се наоѓа во Бразил каде се подготвува за турнејата низ Јужна Америка.

- Сигурно сите се прашувате како изгледаат познатите ѕвезди наутро. Верувајте дека тие не изгледаат толку убаво како што ги замислуваме. Нивниот изглед на црвениот тепих лаже. Тоа морате да си го запомните. Познатите ѕвезди изгледаат исто како нас. Еве ја Бијонсе. Дали гледате некоја разлика помеѓу нејзиниот изглед рано наутро и вашиот. Сигурно дека не, изјави репортерот на The Sun.


 


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2010 во 12:04
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 11:42
 
...Шаде се враќа после  десет годишна пауза....
 
 
Со носталгија се сеќаваме на песните "Smooth Operator", "Hang on to Your Love" и "Cherish the Day", додека пеjачката од нигериско – британско потекло го најавува своето враќање на сцената по десет години пауза.

Нејзиниот нов албум со наслов "Soldier of Love", се најде на продажба од вторникот. Ова е шести студиски албум на оваа пеjачка во 25-годишната кариера и прв после најуспешниот "Lovers Rock" од 2000 година.
 
Сите нејзини албуми се најдоа на табелата на Топ 10 листата, а "Lovers Rock" е продаден во 3,9 милиони примероци. 

Во музичката индустрија иако не снимаше многу остави голем впечаток, додека деталите од нејзиниот приватен живот не ги откриваше...........
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.