IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 32>
Автор
Порака
Phantomlord Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ThrasheR

Регистриран: 11.Септември.2008
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 434
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Phantomlord Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2008 во 11:49
Истакнатиот германски треш-метал бенд Креатор подготвуваат нов албум кој ќе биде насловен Хордс оф Кејос.Албумот се очекува да излезе на 16 септември 2009 година.Исто така Креатор ќе тргнат на турнеја,а интересни локации за нас се Во Софија и Белград

Изменето од Phantomlord - 05.Октомври.2008 во 11:50
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 17:39

Таксират номиниран за најдобар европски фестивал!

Нашиот традиционален фестивал Таксират е номиниран за најдобар европски музички фестивал! Во конк*ренција на редица реноминирани европски музички настани (Роскилде, Егзит, ГуртенРок, Кримфилдс, Кеслпалуза...), се најде и нашето чедо кое годинава ги полни своите 10 години. Наградата Јуроп (YOUrope) ја доделуваат престижните ЈуКеј Фестивал Авордс (UK Festival Awards) – велат од дирекцијата на Таксират – Литиум рекордс.

На следниот линк можете да го дадете својот глас за најголемиот мал зимски Југоисточно Европски музички фестивал.

Оваа номинација претставува чест за нашиот фестивал кој веќе започна со своите активности. Конк*рсот за традиционалниот Винер Фест трае до 15. октомври, а се ближи и 20. кога како дел од првиот Таксират промо настан во МКЦ ќе настапи најсвежата четворка во инди рок светот - Енимал Колектив – велат Литиумци.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2008 во 17:46
Датата за Депеш Мод во Белград одредена: 20-ти мај 2009. Концертот ќе се одржи на локацијата Ушќе, изјавија од бендот вчера на прес конференција во Берлин.
Новиот албум со експлозивен наслов, кој се чува во тајност, треба да биде готов до крајот на оваа година.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 01:12
Guns N’ Roses конечно ќе го издадат новиот долгоочекуван албум следниот месец. Албумот 'Chinese Democracy' во Америка ќе излезе на 23-ти ноември.
Последниот студиски албум 'The Spaghetti Incident?' го издадоа во 1993 година, последна снимка заедно со Slash и Duff McKagan.
 
Кон врв
rus mkd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Max Arena Admin

Регистриран: 13.Март.2007
Локација: Russian Federation
Статус: Офлајн
Поени: 232
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rus mkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 01:54
Групата AC/DC конечно повторно на европска турнеја, која ќе започне веднаш по новогодишните и божиќните празници. Најблиска дестинација за нас, според до сега закажаните концерти е Будимшешта, но сепак ростерот на градови не е затворен, што остава можност за некоја уште поблиска метропола да се најде на листата на градови. Во својата историја AC/DC успеа да се наметне како еден од највлијателните бендови во рок музиката, стекнувајќи десетици милиони фанови ширум светот. Имаат издадено преку 15 студиски албуми, а дел од нив достигнале мултиплатинеста продажба. Последната европска турнеја во 2001 година им донесе заработка од 90 милиони евра.

Во својата историја овој бенд имаше многу големи проблеми, меѓу кои најстрашна беше загубата на нивниот прв вокалист, Бон Скот, кој подоцна беше заменет со Брајан Џонсон кој и денес е првиот вокал на бендот. Дел од текстовите од песните беа прикажани како мошне контроверзни, што доведе до делумна забрана за консумирање на нивната музика во Северна Америка некаде на средината од 80тите години. Но сепак, модерното време со себе си донесе и промени и така непречено продолжи манијата наречена AC/DC.
Heaven wouldn't be so high i know, if the times gone by hadn't been so low, the best laid plans come apart at the seams, shatter all my dreams...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 15:02
 
Имено, Стил во 2004 година ја напишал „(Man I Really) Love This Team”, песна посветена на бостонскиот безбол тим Ред Сокс и тоа откако овој тим во 86-годишното постоење прв пат го освои насловот светски првак, а песната е користена и во промотивни цели.
„Знам дека сум малечка риба, а Џови е голема риба. Но, тој се завртел кон погрешна пирана. Сакам кредибилитет, признавање дека е тоа моја песна и јавно извинување. Знам дека сум во право”, рече Стил, пејач и гитарист на бендот The Chelsea City Council.
Според него, Џови спорната песна ја слушнал во Бостон кога Стил настапувал во рамки на поддршката на претседателската кампања на Џон Кери, а подоцна песната „(Man I Really) Love This Team” ја прекопирал и ја нарекол “I Love This Town”.
Да биде работата уште полоша, песната на Џон Бон Џови се емитувала во текот на плеј офот во безбол. Џови песната ја пријавил како производ на својата соработка со гитаристот Ричи Самбора и текстописецот Били Фалкон, а триото ги поделило заслугите.
Она што Џови го заборавил, е дека Стил својата песна ја пријавил како авторско дело во 2006 година, многу пред тој да ја напише својата верзија на песната.
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 15:51

Мултимедијален спектакл - Омаж за ЕКВ, ќе се случи на 28. октомври во Загреб...

Целиот проект на оживување на легендарниот фронтмен на Екатарина, го осмисли преживеаниот тапанар Иван Феџе – Фирчи, кој заедно со седумчлениот состав ќе го следи гласот на Милан Младеновиќ.

За што всушност станува збор? Со специјална техника на синхронизација и монтажа, а со помош на врвните британски техничари и монтажери, создадена е можност на сцената, во текот на концертот, паралелно да одат звук и слика од концертот на Екатарина Велика, со покојниот Милан Младеновиќ.

Сепак, место бенд од платно, музиката ќе ја изведува бенд предводен од Фирчи, додека гласот на Милан ќе биде единственото пеење што ќе се слушне на концертот...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 02:09
 
27. СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ
17-21 октомври 2008

17. октомври

RABIH ABOU-KHALIL AND MACEDONIAN PHILHARMONIC ORCHESTRA

feat. Michel Godard & Jarrod Cagwin

Универзална сала | 20:30ч. | 500 ден.

JASON MORAN AND THE BANDWAGON

Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден.

18. октомври

50 Years of Bossa Nova

MARCOS VALLE feat. WANDA SA • MARCIO FARACO / TRIO ESPERANZA /

MARCEL POWELL / MARIANA DE MORAES / PHILIPPE BADEN POWELL

Универзална сала | 20:30ч. | 700 ден.

ZUCO 103

Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден.

19. октомври

Норвешка џез вечер*

BUGGE WESSELTOFT • KARL SEGLEM QUINTET

Македонска опера и балет | 20:00ч. | 400 ден.

MUNGOLIAN JET SET

Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден.

20. октомври

RON CARTER FOURSIGHT "Dear Miles" • JOSHUA REDMAN TRIO

Македонска опера и балет | 20:00ч. | 600 ден.

FRANCESCO CAFISO QUARTET

Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден.

21. октомври

MANU KATCHE PLAYGROUND • HENRY THREADGILL ZOOID

Македонска опера и балет | 20:00ч. | 600 ден.

JUSTIN ADAMS & JULDEH CAMARA TRIO

Клуб Хард Рок | 24:00ч. | 300 ден.

Комплет влезници за сите вечери: 2.500 ден.
(во комплетот се вклучени и билетите за клубот Хард Рок)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 02:15
Синтезис промовираа спот и најавија нови концерти
 
Македонската етно-гордост Синтезис денес во просториите на Стопанска комора на Македонија го промовираше видео-спотот за темата Сам легнувам, која е дел од нивниот актуелен албум Идентитет.
Станува збор за песна стара околу 250 години, која потекнува од источниот крај на Македонија. Сам си легнувам е балада со љубовна тематика и со побрз ритам. Спотот е со модерен израз, снимен е летото во Охрид и во него има снимки од филмот Вода.
Синтезис е добитник на меѓународна награда од Европската организација на туристички новинари, за придонес за развој на туризмот во 2008 година.
По враќањето од Сплит Синтезис ќе заминат за Шпанија каде ќе настапат на Фестивалот Еволуциона музика 2008. Синтезис ќе снимат два концерти, ќе го презентираат најновиот албум, а на 2. ноември ќе настапат со симфонискиот оркестар.
Според најавите, во декември групата ќе свири во Цанкарјевиот дом во Словенија.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2008 во 13:37
 
 
 

ЕДНА ГОДИНА БЕЗ ТОШЕ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЕДНА ГОДИНА ОД СМРТТА НА НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА ЅВЕЗДА

Семејството, најблиските, пријателите, фановите од Македонија и Балканот денеска ќе одбележат една година од трагичната смрт на македонската музичка икона Тоше Проески, миленикот на сите генерации.

Поп ѕвездата го загуби животот на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа на 16 октомври минатата година кај Нова Градишка - Хрватска на пат кон Загреб.

Македонската јавност денеска на неговиот вечен дом на Гумење во Крушево, повторно ќе пролее солзи кои не престануваат ниту по една година без него. На одбележувањето на првата годишнина од смртта на Тоше ќе присуствува и владина делегација - министрите за образование и наука и за информатичко општество Перо Стојановски и Иво Ивановски, и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, кои ќе положат цвеќе на неговото  почивалиште.

Меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ во спомен на својот долгогодишен  пријател ќе организира специјална изложба на околу 30 слики со ликот на Тоше, која ќе биде отворена пред Националната галерија на „Мал битолски Монмартр“ во битолската чаршија. Во спомен-домот на Мајка Тереза во Скопје, пак, Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ во спомен на хуманоста на Тоше ќе промовира аудио цеде со репортажи, во кое  за Тоше Проески говорат стотина музички ѕвезди и авторитети од земјава и од светот. 

 Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година како второ дете во семејството на мајката Доминика и таткото Никола. Учел во ОУ „Никола Карев“ во својот роден град. Како петтоодделенец првпат настапува јавно на „Златно славејче“ и на влашки јазик ја пее „Јас и дедо ми“. Љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, а подоцна на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Со победата на тинејџерскиот фестивал „Мелфест“ (1996) и со дебито на штипскиот „Макфест“ идната година со „Пушти ме“ започнува неговиот пат до славата.

Македонската легенда во текот на својата музичка кариера издаде седум соло албуми - „Некаде во ноќта“, „Синот Божји“, „Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“, „Божилак“ и „Игри без граници“, а изведе и голем број странски хитови. Поп иконата покрај статусот на балканска ѕвезда беше и амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ и постхумно прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

Во 2004 година со песната „Лифе“ Тоше ја претставуваше Македонија на Евровизискиот избор во Истанбул и заврши на 14 место. Со концертот на 29 јуни 2004 година тој беше првиот македонски изведувач кој го наполни Градскиот стадион во Скопје. Тоше соработуваше и со странски продуцентски куќи, а освои и многу интернационални награди. Договорот со англискиот менаџер Ричард Енглард и композиторот и продуцент Енди Рајт требаше да му ја отвори кариерата во Европа и патот до светските ѕвезди.

Секаде каде што настапуваше во и надвор од Македонија беше проследен со преполни сали, стадиони и бурни аплаузи. Неговата несебична љубов, како и познатата изрека „Ве сакам сите“ навистина беше без граници. Токму поради сите негови квалитети и човечки особини, неговата голема хуманост и искрена насмевка, Тоше беше омилен кај сите генерации.

Последниот концерт го одржа на Градскиот стадион во Скопје на 5 октомври минатата година пеејќи пред околу 25.000 публика. Тричасовниот концерт беше од хуманитарен карактер, а средствата беа наменети за обнова на училиштата во земјава.

Македонската икона на последниот концерт пред домашна публика посака повторно да ги види сите живи и здрави, обвиени во неговото ѕвездено небо.

По една година, желбата на Тоше се исполни на истиот датум годинава. Дваесетина музички имиња и над 40.000 илјади луѓе од земјава и регионот скоро четири часа пееја за него, во негова чест, на големиот меѓународен хуманитарен концерт насловен „Те сакаме сите Тоше“. Петти октомври да стане ден на хуманост и музика е пораката што преку концертот беше пренесена низ целиот свет.

Во негова чест на концертот настапија Калиопи, Симон Трпчески, Аки Ракимовски, Адријан Гаџа, Руслана, Синтезис, Биља Крстиќ, Марија Шестиќ, Бојан Маровиќ, Гоца Тржан, Тони Цетински, Нина Бадриќ, Жељко Самарџиќ,..., оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на Саша Николовски - Ѓумар, како и бендот на Тоше.

На 5 октомври годинава, покрај ѕвезденото небо кое присутните со запалки и мобилни телефони неколку пати го направија за Тоше, беше исполнета уште една негова желба - на концертот премиерно беше пуштена изведбата на дуетот на англиски јазик со неговиот внук Кристијан.

Неговата верност и посветеност кон Бога го инспирираа да почне со сопствени средства да го обновува манастирот „Св.Преображение“ во Крушево. По неговата смрт, многу познати и непознати ликови, институции, фирми и фондации донираа за доизградба на манастирот и исполнување на уште една негова желба. Со донација од Владата на Република Македонија изграден е патот до светиот храм. Сега „Св.Преображение“ е пред крајот на своето обновување.

По смртта на македонскиот непребол за зачувување на ликот, делото и за продолжување на неговата хуманост во Крушево е оформена Меѓународната фондација „Тоше Проески“. Тој и самиот важеше за голем хуманист. Тоше постојано и несебично донираше средства за лицата на кои им беше најпотребно.

Една година по кобното утро во скопското Обвинителство се комплетира обвинителниот акт против Ѓорѓи Ѓорѓиовски, другарот на Тоше, кој го управуваше џипот марка „Туарег“. Откако обвинителството ги прими и проучи вештачењата од Машинскиот и Техничкиот факултет, реши да покрене обвинение против Горѓи, бидејќи го управувал џипот со поголема брзина од пропишаната на автопатот и доцна започнал да го претекнува камионот пред него. Во „Туарегот“ со Ѓорѓи и Тоше беше и неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која во несреќата помина со полесни повреди.

Генерациите кои живееја со неговата музика, како и оние постарите секогаш ќе се сеќаваат на неговиот лик и дело. По една година од неговата смрт луѓе со солзи во очите дојдени од целиот свет постојано го посетуваат неговиот вечен дом во неговото сакано и родно Крушево.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 01:57
„Таксират 10“
 
 
Трите групи кои први ќе настапат на годинешниов јубилеен “Таксират 10“ се познати: The Roots, Swayzak и Суперхикс.
 
Бендот  The Roots доаѓа од Филаделфија, работи повеќе од 20 години, има издадено 8 албуми и имаат седум номинации за Греми.
 
Swayzak се дип даб хаус дуо од Лондон, работат од 1994 година.
 
Суперхикс со настапот на Таксират 10 ќе го промовираат албумот “...И Сега Што ???”.
 
Кон врв
n1k0La Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Ride To Live Live To Ride

Регистриран: 31.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 357
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај n1k0La Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2008 во 02:02
muzicki vesti samo 4etvrtok Club Coloseum i dobro house zurce
Otvori Se Zezame ! Da Ne Vlezeme Sose Vrata!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 03:24
Зоран Маџиров ја компонирал музиката за филмот на Иво Трајков
 

Извонредиот македонски музичар Зоран Маџиров ја компонираше музиката за филмот Созерцание, на уште еден прекрасен уметник од Македонија – режисерот Иво Трајков.

Иво со овој филм ме направи и подобар музичар и подобар композитор – вели Маџиров за режисерот, а не ги штеди и комплиментите за екипата со која го работеше филмот.
Доведувајќи го музичкото его на Зоран Маџиров во судир со потребите на филмот, дојдов до невидени звучни решенија, а со самото тоа и до невидени звучни придобивки – напоменува маестро Зоран.
Она што е посебно важно да се истакне е дека филмот Созерцание е и револуционарен филм, оти по прв пат во филмската историја во текот на целиот филм присатна е стаклената музика, произведена од шишиња. За Маџиров ова е потврда на постоењето и иднината на инструментот Bottlephone, кој самиот го има изработено од ништо, но и неговото потполно разбирање.

Во филмот Зоран Маџиров е композитор на 15 авторски теми, а како соработници се јавуваат: Тони Китановски, Ален Хаџи-Стефанов, Петар Ташев, Александар Спасоски...
 

 
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2008 во 16:49
 
 
  ВО ЧЕСТ НА СВОЈОТ КОЛЕГА
Пријателите го довршуваат албумот на Дино

Пријателите на неодамна починатата фанк-ѕвезда Дино Дворник го завршуваат неговиот албум за да биде објавен кон крајот на ноември. - Ги слушав песните што наместо Дино ги довршија неговите пријатели и мислам дека Дино би бил задоволен од начинот на кој сето тоа е реализирано - изјави неговата сопруга Даниела Дворник. За албумот „Пандорина кутија“, Дино планираше 12 нови песни, а девет сними пред својата смрт. Насловниот сингл „Хипнотизер“ подолго време е на радиопрограмите. Давор Гобац, водачот на групата „Психомодо поп“, рекол дека снимил вокали за песната „Среќна Нова година“, па истата ќе стане дует со него и со Дино.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,125 секунди.