IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 23:39
Гигс најдобар премиерлигашки фудбалер сезонава



Велшкиот ветеран Рајан Гигс (35), кој две децении го носи дресот на Манчестер јунајтед во исто толкавиот период во кој „Бебињата“ доминираат во Англија е најдобриот премиерлигашки играч за оваа сезона. Така одлучи изборот на Асоцијацијата на професионалните играчи (ПФА).

Гигс, кој има и два триумфа во ЛШ, сезонава само 12 пати беше стартер во тимот на сер Алекс Фергусон, но без оглед на сè, сите мечеви и како резерва ги одигра на највисоко ниво и многупати беше клуч во победите на „Бебињата“.

- Имав среќа што освоив многу трофеи. Двапати бев прогласен за најдобар млад играч, но ова е најголемата. Многу ми годи што признанието го добивам од колегите - вели Гигс, кој има 11 круни со Манчестер.

Уште повеќе, Гигс и Манчестер утре ги очекува првата полуфинална пресметка со Арсенал, и ако Велшанецот заигра, тоа ќе биде неговиот 800. меч во дресот на „Бебињата“. Рекордот на Боби Чарлтон од 758 меча веќе од поодамна го собори, и тоа во мајското московско финале лани во ЛШ, кога Манчестер третпат се закити со европската круна.

- Сер Алекс има големо влијание на мојата кариера. Го запознав кога имав 13 години и низ овие две децении тој ме познава подобро од кој било друг. Имаме перфектен однос - додаде Гигс.

Ешли Јанг, младото крило од Астон Вила, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер-лигата, бидејќи беше еден од клучните играчи на тимот од Бирмингем во нивната одлична сезона.
Во тимот на сезоната, дури шест фудбалери од фудбалскиот владетел Манчестер се најдоа меѓу најдобрите 11.


Тим на сезоната во Англија

Едвин Ван дер Сар (Манчестер Ј.)
———————————————
Глен Џонсон (Портсмут)
Рио Фердинанд (Манчестер Ј.)
Немања Видиќ (Манчестер Ј.)
Патрис Евра (Манчестер Ј.)
———————————————
Ешли Јанг (Астон Вила)
Стивен Џерард (Ливерпул)
Рајан Гигс (Манчестер Ј.)
К. Роналдо (Манчестер Ј.)
———————————————
Николас Анелка (Челси)
Фернандо Торес (Ливерпул)

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 23:58

Не би рекол дека Рајан Гигс е најдобриот премиерлигашки фудбалер за оваа сезона.

Ова е повеќе награда за животно дело и за неговиот допринос во Премиер лигата во последниве 18 години.
 
Колку што знам на два пати е прогласуван за најдобар млад играч на почетоткот на девесетите во Англија,а освем големиот број на титули со Манчестер Јунајтед нема друго признание се до сега.
 
Според мене ова признание е круна на неговата многу богата фудбалска кариера во кој освои се што може да се освои и мислам дека заслужи да го добие ова признание.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 21:02
Ливерпул не се откажува од тронот во Премиер

Ливерпул ја продолжува трката за титулата во англиската Премиер лига, откако денеска ја совлада екипата на Њукасл со 3:0.

Доминантна игра на домашната екипа од Ливерпул, која резултираше со многу шанси за тотална деградација на екипата на Алан Ширер.

Резултатот беше отворен преку израелскиот интернационалец Јоси Бенајунд во 22 минута.

Вториот погодок го постигна Дирк Кајт само пет минути подоцна, додека судбината на Њукасл ја запечати капитенот на бразилската репрезентација под 20 години, Лукас Леива.

Опстанокот и натаму останува голема грижа за Сандерленд кој денеска дома загуби од Евертон со 2:0.

Сандерленд остана на 35 бода. Хал со меч помалку има 34. Во најопасната зона се Њукасл и Мидлсброу со 31 и Вест Бромвич Албион со 28.

Колото утре ќе го затворат уште еден претставник во Европа и уште еден давеник, Астон Вила и Хал.

„Црвените Ѓаволи“ имаат 80 бода, три повеќе и натпревар помалку од Ливерпул. Челзи е трет со 74, следуваат Арсенал со 68, Евертон со 56.

Денеска беа и официјално промовирани двајца нови премиерлигаши. Покрај Вулверхемптон тоа е и Бирмингем.

За последната позиција што води во најквалитетното друштво во плеј оф полуфиналето ќе разигруваат:

    * Шефилд Јунајтед - Престон
    * Рединг - Барнли


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2009 во 17:23
Арсенал - Челзи во дербито на 36. коло од Премиер лигата

Поразените полуфиналисти од Лигата на шампионите Арсенал и Челзи в недела го играат дербито на колото во Премиер лигата.

Иако мечот во суштина нема големо значење за „топџиите“ сезоната ќе заврши на четвртото место, а Челзи најверојатно на третото, се очекува отворен и интересен натпревар.

Покрај нивниот внимание привлекува и вториот дуел кој ќе се одигра в недела меѓу екипите од Манчестер, Јунајтед против Сити, на „Олд Трафорд“.

Утре на програмата се натпреварите:

    * Блекбурн - Портсмут
    * Болтон - Сандерленд
    * Евертон - Тотенхем ТВ
    * Фулам - Астон Вила
    * Хал - Стоук
    * ВБА - Виган
    * Вест Хем - Ливерпул

Дербито за опстанок се игра в понеделник, а се среќаваат Њукасл и Мидлсброу.

Табела:

   1. Манчестер Јунајтед 80 бодови (натпревар помалку)
   2. Ливерпул 77
   3. Челзи 74
   4. Арсенал 68


Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 18:02
 
 
Њукасл поблиску до опстанок, Мидлзбро до испаѓање
Фудбалерите на Њукасл ја прекинаа серијата од десет натпревари без победа и славеа 3:1 против Мидлзбро, во последниот натпревар од 36-тото коло во Премиер лигата, а оваа победа ја искористи Њукасл да побегне од зоната за испаѓање.
     Воедно ова беше и премиерна победа во менаџерската кариера на некогашниот фудбалер и легенда на Њукасл Алан Ширер, кој беше доведен во клубот да го спаси од префрлање во понизок ранк.
 
    Третата минута од натпреварот на Ширер му донесе нови грижи и нервози. Неспретноста во одбраната резултираше со автогол на Хабиб Беје, од неговото подколено се одби топката по која се бореа голманот Харпер и Тунчаи Санли.
     Сепак, само шест минути подоцна Стивен Тејлор го израмни резултатот по изведениот корнер. Топката убаво ја уфрли Дени Гатри.
     За новиот гол се чекаше се до 71минита, која донесе воодушевување на Сент Џемс Парк. Вториот гол за Њукасл, и реализатор на целосниот пресврт беше Обафеми Мартинс на додавање од Марк Видука. Нигерискиот репрезентативец во пад ја упати топката во голот од некој десетина метри по средината од голот на Мидлзбро. Приказната ја заокружи Петер Ловенкрандс во 86минута.

Премиер лига 36 коло:
Њукасл - Мидлзбро 3:1
/Тејлор 9, Мартинс 71, Ловенкрандс 86 - Беје 3 аг/
 
Табела:

1. Манчестер Јунајтед 35| 26 5 4 |65-23| 83

2. Ливерпул 36| 23 11 2 |72-26| 80

3. Челзи 36| 23 8 5 |63-22| 77

4. Арсенал 36| 19 11 6 |64-36| 68

5. Астон Вила 36| 16 10 10 |52-47| 58

6. Евертон 36| 15 12 9 |50-36| 57

7. Фулам 36| 13 11 12 |38-32| 50

8. Тотенхем 36| 13 9 14 |42-41| 48

9. Вест Хем 36| 13 9 14 |39-41| 48

10. Манчестер Сити 36| 14 5 17 |56-48| 47

11. Виган 35| 11 9 15 |32-41| 42

12. Стоук Сити 36| 11 9 16 |35-51| 42

13. Болтон 36| 11 7 18 |40-51| 40

14. Блекбурн 36| 10 10 16 |40-58| 40

15. Портсмут 36| 9 11 16 |35-55| 38

16. Сандерленд 36| 9 9 18 |31-48| 36

17. Њукасл 36| 7 13 16 |40-57| 34

18. Хал Сити 36| 8 10 18 |38-62| 34

19. Мидлзбро 36| 7 10 19 |26-54| 31

20. Вест Бронвич 36| 8 7 21 |36-65| 31

 


Изменето од fiks - 12.Мај.2009 во 18:03
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 01:03
Јунајтед со пресврт го совлада Виган, Црвените Ѓаволи се на чекор до титулата
Манчестер Јунајтед со пресврт во вториот дел го совлада Виган, на Црвените Ѓаволи им е потребен само бод за да ја заверат титулата во Премиер лигата.
Нови три бода за Манчестер Јунајтед, тимот на Фергусон е на чекор до одбрана на титулата во Премиер лигата.

Црвените Ѓаволи славеа со 2-1 на гостувањето кај Виган.

Домаќините можеа да изненадат, водеа долго време, но Манчестер Јунајтед со пресврт дојде до големи три бода.

Виган дојде во водство во 28та минута, Родалега искористи еден кикс на Немања Видиќ и му донесе водство на својот тим.

Тевез кој влезе во вториот дел уште еднаш се покажа како јунак за Манчестер Јунајтед.

Во 61та минута Карик биеше млако, топката дојде до Тевез кој на мајсторски начин ја смести во мрежата на Виган.

На четири минути пред крајот Карик постигнува прекрасен погодок за голем радост на Манчестер Јунајтед и конечни 1-2.

На Јунајтед му е потребен само бод на гостувањето кај Арсенал во следното коло за да дојде до нова титула во Премиер лигата.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2009 во 10:15
Голема дилема за Фергусон?-Дали да ја чува екипата за финалето на ЛШ со Барселона или покрај сите ризици за повреда на некој од клучните играчи во тимот да изнесе на терен првотимци,се со цел да нема попуштање на Хул.
 
Ферги ги смирува страстите

Манчестер Јунајтед попушти под притисок на "давениците" во Премиер-лигата и на неделниот меч со Хул ќе излезе со силен состав. Екипите кои се борат за опстанок, Њукасл, Мидлсборо и Сандерленд се заканија со тужби против Јунајтед, ако Ферги одлучи да стартува со младински тим. Тие се повикаа на параграфот Е20 од правилникот на Премиер-лигата кој вели дека секој тим е должен да настапи со најсилниот расположив состав, па уште синоќа Сер Алекс ги смири страстите и тензијата меѓу Премиер-лигашите изјавувајќи дека ќе настапи со најсилниот расположив тим.

Нивниот гнев е голем бидејќи ако Хул победи против Јунајтед ќе си го обезбеди опстанокот, а два од трите "давеника" ќе се преселат во Втората лига.

Ферги вети дека ќе го смени своето мислење и во тимот покрај суспендираниот Дарен Флечер ќе го вклучи и неколку првотимци. Меѓу нив сигурно ќе биде и Рио Фердинанд, кој се враќа во тимот поради повреда, каде Фергусон на лице место ќе може да ја увиди неговата моментална форма и подготвеност.

"Јас одлучувам што е најдобро за Манчестер, а истовремено фер према останатите екипи. Рио веќе тренира со екипата и ќе одигра на неделниот меч, па ќе проценам дали тој ќе може да настапи на финалниот натпревар од Лигата на шампионите", рече Фергусон.

За разлика од него тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, реши да му даде одмор на својот прв тим. Како и минатата недела така и оваа со Осасуна ќе им даде шанса на фудбалерите кои не се првотимци потпомогнати со помладите играчи.


 
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2009 во 19:07
Заврши сезоната во Премиер лигата 2008/2009
  
 
  ENGLAND - PREMIER LEAGUE 2008/2009
HOME AWAY TOTAL
P. TEAM PL W D L F A W D L F A W D L F A GD +/- Pts
1 MANCHESTER UTD 38 16 2 1 43 13 12 4 3 25 11 28 6 4 68 24 +44 90 Ch.Lg
2 LIVERPOOL 38 12 7 0 41 13 13 4 2 36 14 25 11 2 77 27 +50 86 Ch.Lg
3 CHELSEA 38 11 6 2 33 12 14 2 3 35 12 25 8 5 68 24 +44 83 Ch.Lg
4 ARSENAL 38 11 5 3 31 16 9 7 3 37 21 20 12 6 68 37 +31 72 Ch.Lg QF
5 EVERTON 38 8 6 5 31 20 9 6 4 24 17 17 12 9 55 37 +18 63 UEFA Euro.Lg.
6 ASTON VILLA 38 7 9 3 27 21 10 2 7 27 27 17 11 10 54 48 +6 62 UEFA Euro.Lg.
7 FULHAM 38 11 3 5 28 16 3 8 8 11 18 14 11 13 39 34 +5 53 UEFA Euro.Lg.
8 TOTTENHAM 38 10 5 4 21 10 4 4 11 24 35 14 9 15 45 45 +0 51
9 WEST HAM 38 9 2 8 23 22 5 7 7 19 23 14 9 15 42 45 -3 51
10 MANCHESTER CITY 38 13 0 6 40 18 2 5 12 18 32 15 5 18 58 50 +8 50
11 WIGAN 38 8 5 6 17 18 4 4 11 17 27 12 9 17 34 45 -11 45
12 STOKE CITY 38 10 5 4 22 15 2 4 13 16 40 12 9 17 38 55 -17 45
13 BOLTON 38 7 5 7 21 21 4 3 12 20 32 11 8 19 41 53 -12 41
14 PORTSMOUTH 38 8 3 8 26 29 2 8 9 12 28 10 11 17 38 57 -19 41
15 BLACKBURN 38 6 7 6 22 23 4 4 11 18 37 10 11 17 40 60 -20 41
16 SUNDERLAND 38 6 3 10 21 25 3 6 10 13 29 9 9 20 34 54 -20 36
17 HULL CITY 38 3 5 11 18 36 5 6 8 21 28 8 11 19 39 64 -25 35
18 NEWCASTLE 38 5 7 7 24 29 2 6 11 16 30 7 13 18 40 59 -19 34 CHAMP.
19 MIDDLESBROUGH 38 5 9 5 17 20 2 2 15 11 37 7 11 20 28 57 -29 32 CHAMP.
20 WEST BROM 38 7 3 9 26 33 1 5 13 10 34 8 8 22 36 67 -31 32 CHAMP.
 
Погледнете само кој испадна во Шампионатот.
Некогашниот великан Њукасл вгодина ќе игра во Шампионатотголема%20насмевкаголема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2009 во 10:27
Жерард најдобар играч во Англија сезонава
Нај, нај во Премиер лигата

Интернет-страницата на Еуроспорт ги собра оценките на фудбалерите во пет угледни англиски весници од штотуку завршената сезона од Премиер-лигата и објави дека Стивен Жерард е најдобар фудбалер во англиското првенство. Петте весници ги оценуваат фудбалерите по стандарден принцип при што максималната оценка е 10. Жерард собра вкупно 35,77 што дава просечна оценка од 7.16 за капитенот на Ливерпул.

Интересно е тоа што и второпласираниот фудбалер е од тимот на Ливерпул. Се разбира, станува збор за Фернандо Торес, кој собра 34,95, а зад него се уште Френк Лампард од Челзи (34,84) и Вејн Руни од Манчестер Јунајтед (34,76).

Еуроспорт ја состави и најлошата екипа на сезоната. Во неа се истакна дефанзивецот на Њукасл, Хозе Енрике, кој има убедливо најлоши оценки во Премиер-лигата (26,67). Свое место во неа најде напаѓачот на Тотенхем, Роман Павличенко иако тој одлучи неколку натпревари во корист на својот тим оваа сезона.

Инаку, секој фудбалер мора да одигра најмалку 19 натпревари за да конк*рира во изборот на Еуроспорт. Жерард пред две недели ја доби наградата за играч на сезоната во изборот на Здружението на фудбалски новинари на Англија.

НАЈДОБРА ЕКИПА НА ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СПОРЕД ЕУРОСПОРТ

ГОЛМАН

Шеј Гивен Манчестер Сити 33,68

ОДБРАНА

Глен Џонсон Портсмаут 32,52

Бреде Хангеланд Фулам 33,56

Мартин Лаурсен Астон Вила 33,84

Лејтон Бејнс Евертон 31,77

СРЕДЕН РЕД

Шон Рајт-Филипс Манчестер Сити 33,52

Френк Лампард Челзи 34,84

Стивен Жерард Ливерпул 35,77

Ешли Јанг Астон Вила 32,90

НАПАД

Вејн Руни Манчестер Јунајтед 34,76

Фернандо Торес Ливерпул 34,95

НАЈЛОША ЕКИПА НА ПРЕМИЕР-ЛИГАТА СПОРЕД ЕУРОСПОРТ

ГОЛМАН

Скот Карсон ВБА 29,91

ОДБРАНА

Андре Ојер Блекбурн 28.70

Карлос Куељар Астон Вила 28.74

Фабрицио Колочини Њукасл 27,73

Хозе Енрике Њукасл 26,67

СРЕДЕН РЕД

Кит Ендрјус Блекбурн 26,67

Кевин Нолан Њукасл 28,63

Амди Фаје Стоук 27,47

Шарл Н'Зогбиа Виган 29,04

НАПАД

Роман Павличенко Тотенхем 27,29

Афонсо Алвес Мидлсброу 27,96

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 19:34

Премиерлигашките тимови должат над 3 милијарди фунти


И покрај доминацијата на англиските тимови на европската сцена во последните неколку години, нивните долгови сепак се трупаат, па така Daily Telegraph објавува дека вкупниот долг изнесува повеќе од три милијарди фунти.

Повикувајќи се на истражувањата од компанијата Deloitte, англискиот весник кажува дека најзадолжен е тимот на рускиот тајкун Роман Абрамович, Челзи, кој е 711 милиони фунти во минус, додека Манчестер Јунајтед во сопственост на амриканското семејство Глејзер е во 649 милиони фунти долг.

Останатите два тимови од англиската четворка се со исто така големи долгови, но со помали суми, па така Ливерпул должи 300 милиони фунти, додека Арсенал должи 318 милиони.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 16:32
прво коло резулатати 2009/10



PR CHELSEA

HULL CITY

1-1 2-1






PR ASTON VILLA

WIGAN

0-1 0-2






PR BLACKBURN

MANCHESTER CITY

0-1 0-2






PR BOLTON

SUNDERLAND

0-1 0-1






PR PORTSMOUTH

FULHAM

0-1 0-1






PR STOKE CITY

BURNLEY

2-0 2-0






PR WOLVES

WEST HAM

0-1 0-2






PR EVERTON

ARSENAL

0-3 1-6







PR MANCHESTER UTD

BIRMINGHAM

1-0 1-0






PR TOTTENHAM

LIVERPOOL

1-0 2-1




Изменето од fiks - 17.Август.2009 во 16:33
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 10:08
Манчестер Јунајтед загуби од Барнли

Четири натпревари од второто коло во англиската Премиер лига се одиграни синоќа, а за изненадување се погрижија фудбалерите на Барнли, кои на својот стадион го совладаа актуелниот шампион, екипата на Манчестер Јунајтед со 1:0.

Тотенхем како гостин ја декласираше екипата на Хал со трите гола на Џермејн Дефо, додека победи запишаа и Ливерпул против Стоук, односно Бирмингем против Портсмут.

Резултати:

Бирмингем - Портсмут 1:0

(МекФеден пен.90')

Барнли - Манчестер Јунајтед 1:0

(Блејк 19')

Хал Сити - Тотенхем 1:5

(Хант 25' - Дефо 10', 45', 90', Паласиос 14', Кин 78')

Ливерпул - Стоук 4:0

(Торес 4', Џонсон 45', Кајт 78', Н Гог 90').
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 20:01
Честитки за Ливерпул, заслужена победатага
Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 20:09
Како заврши утакмицата??
не можах да jа догледам.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.