IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига Европа
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига Европа

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 13:19
Фаворитот на букмејкерите пред "грогираниот" Вердер


32 екипи од денеска стартуваат во битката за пласман во завршниот дел од најмасовното европско фудбалско натпреварување. Неколку особено атрактивни дуели не очекуваат во оваа фаза затоа што дел од големите фаворити за место во завршницата на ова натпреварување ќе мора силите да ги одмерат уште во оваа 1/16 финална фаза.

Посебен "шмек" на оваа фаза и дава пресметката меѓу екипите на Вердер и Милан. Главниот фаворит на светските букмејкери за освојување на Купот на УЕФА сезонава, Милан, влегува во пресметка со еден од германските тимови со големо реноме сиве овие години. На стадионот во Бремен, Вердер влегува по една страшна криза и лоши резултати зад себе во Бундес-лигата на стартот на пролетта, но овој пат мора да се обиде да ја поправи сликата зад себе пред своите фанови, особено откако пред себе го има големиот Милан. "Росонерите" се голема мамка за фановите на германскиот тим, кој несомнено ќе го пополнат "Везерстадионот" до последно место.

Во Русија актуелниот освојувач на ова натпреварување, екипата на Зенит, е домаќин на германски Штутгарт. Русите не успеаја да се најдат во главната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите, па сега повторно ќе се обидат да ги израдуваат своите навивачи со успешен настап во помалото натпреварување по ранг во листата на УЕФА. Зенит како бранител на трофејот има обврска за добар настап пред домашната публика на првиот дуел со Германците, кои исто така имаат амбиции за пласман дури во големото финале од ова натпреварување.

Во Киев денеска гостува шпанска Валенсија. Шпанскиот состав е голема мамка за украинските фанови, кои со нетрпение ја чекаат денешната пресметка и се надеваат на пласман на нивниот омилен тим во следната фаза. Динамо (К) очекува место меѓу најдобрите, но пред себе има една сериозна пречка. За пласман во следната рунда Украинците денеска мораат да обезбедат добра предност, пред реваншот на "Местаља".

Силна и интересна пресметка денеска се чека и на "Вила Парк". Во Бирмингем гостува еден од најдобрите руски состави, ЦСКА, кој со нов тренер ќе се обиде да ги продолжи успешните настапи во европските купови. Астон Вила е еден од најдобрите тимови во Англија, па за нив јасно е дека пласманот во 1/8 финалето од ова натпреварување е императив.

Од утрешните дуели особено внимание привлекува средбата меѓу Фиорентина и Ајакс. И двата тима имаа криза во настапите во домашниот шампионат, но полека истата ја пребродуваат. Фиорентина од 3:0 се врати во последниот дуел со Џенова на гости за 3:3, додека Ајакс го доби дербито со Феенорд.

СРЕДА:

ДИНАМО (К) - ВАЛЕНСИЈА 18:00

Киев, "В. Лобановски"

Судија: Серге Гумиени (Бел)

ЗЕНИТ - ШТУТГАРТ 18:15

Ст. Петерсбург, "Петровски"

Судија: Бјорн Куиперс (Хол)

ОЛИМПИЈАКОС - СТ. ЕТЈЕН 18:30

Атина, "Г. Караискакис"

Судија: Л. Батиста (Пор)

АСТОН ВИЛА - ЦСКА (М) 20:00

Бирмингем, "Вила Парк"

Судија: Петер Расмусен (Дан)

ВЕРДЕР - МИЛАН 20:35

Бремен, "Везерстадион"

Судија: Мајкл Дин (Анг)

САМПДОРИЈА - МЕТАЛИСТ 20:45

Џенова, "Мараси"

Судија: Павел Балај (Ром)

НЕЦ - ХАМБУРГЕР 20:45

Нијменген, "Де Гоферт"

Судија: Дарко Цеферин (Сло)

ПСЖ - ВОЛФСБУРГ 20:45

Париз, "Парк на принцови"

Судија: Свеин Моен (Нор)

БОРДО - ГАЛАТАСАРАЈ 20:45

Бордо, "Шабан Делма"

Судија: Клаудио Киркета (Шва)

АЛБОРГ - ДЕПОРТИВО 21:00

Алборг, "Алборг"

Судија: Николај Иванов (Рус)

БРАГА - СТАНДАРД 21:45

Брага, "Мунисипал"

Судија: Костас Капитанис (Кип)

ЧЕТВРТОК:

ЛЕХ - УДИНЕЗЕ 18:00

Позњан, "Мијески"

Судија: Антон Генов (Буг)

ШАХТЈОР - ТОТЕНХЕМ 19:45

Доњецк, "Олимписки"

Судија: Томас Ајнвалер (Авс)

ФК КОПЕНХАГЕН - МАНЧЕСТЕР С. 20:05

Копенхаген, "Паркен"

Судија: Павел Краловец (Чеш)

ОЛИМПИК (М) - ТВЕНТЕ 20:45

Марсеј, "Велодром"

Судија: Станислав Сухина (Рус)

ФИОРЕНТИНА - АЈАКС 20:45

Фиренца, "Артемио Франки"

Судија: Сезар Фернандез (Шпа)


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ZIKS Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 43
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZIKS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 18:30
Battle Control - Terminated
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2009 во 23:41
FT     Dynamo Kyiv     1 - 1     Valencia
FT     Zenit St. Petersburg     2 - 1     Stuttgart
FT     Olympiakos Piraeus     1 - 3     Saint-Etienne
FT     Aston Villa     1 - 1     CSKA Moscow
FT     Werder Bremen     1 - 1     AC Milan
FT     Bordeaux     0 - 0     Galatasaray
FT     NEC Nijmegen     0 - 3     Hamburger SV
FT     Paris S.G.     2 - 0     Wolfsburg
FT     Sampdoria     0 - 1     Metalist Kharkiv
FT     Aalborg BK     3 - 0     Deportivo La Coruna
FT     Braga     3 - 0     Standard Liege

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2009 во 23:48
FT     Lech Poznan     2 - 2     Udinese
FT     Shakhtar Donetsk     2 - 0     Tottenham H.
FT     FC Copenhagen     2 - 2     Manchester C.
FT     Fiorentina     0 - 1     Ajax Amsterdam
FT     Marseille     0 - 1     FC Twente Enschede

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 18:07
European Cups - UEFA Cup

18:00     CSKA Moscow     ? - ?     Aston Villa
18:00     Metalist Kharkiv     ? - ?     Sampdoria
18:15     Hamburger SV     ? - ?     NEC Nijmegen
18:30     FC Twente Enschede     ? - ?     Marseille
19:00     Wolfsburg     ? - ?     Paris S.G.
19:30     Galatasaray     ? - ?     Bordeaux
20:45     AC Milan     ? - ?     Werder Bremen
20:45     Ajax Amsterdam     ? - ?     Fiorentina
20:45     Manchester C.     ? - ?     FC Copenhagen
20:45     Standard Liege     ? - ?     Braga
20:45     Stuttgart     ? - ?     Zenit St. Petersburg
20:45     Udinese     ? - ?     Lech Poznan
20:55     Saint-Etienne     ? - ?     Olympiakos Piraeus
21:00     Deportivo La Coruna     ? - ?     Aalborg BK
21:00     Tottenham H.     ? - ?     Shakhtar Donetsk
21:30     Valencia     ? - ?     Dynamo Kyiv

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2009 во 23:27
FT     CSKA Moscow     2 - 0     Aston Villa
FT     Metalist Kharkiv     2 - 0     Sampdoria
FT     Hamburger SV     1 - 0     NEC Nijmegen
Pen.     FC Twente Enschede     0 - 1     Marseille *
FT     Wolfsburg     1 - 3     Paris S.G.
FT     Galatasaray     4 - 3     Bordeaux
FT     AC Milan     2 - 2     Werder Bremen
FT     Ajax Amsterdam     1 - 1     Fiorentina
FT     Manchester C.     2 - 1     FC Copenhagen
FT     Standard Liege     1 - 1     Braga
FT     Stuttgart     1 - 2     Zenit St. Petersburg
FT     Udinese     2 - 1     Lech Poznan
FT     Saint-Etienne     2 - 1     Olympiakos Piraeus
FT     Deportivo La Coruna     1 - 3     Aalborg BK
FT     Tottenham H.     1 - 1     Shakhtar Donetsk
FT     Valencia     2 - 2     Dynamo Kyiv

Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 00:14
Galatasaray     4 - 3     Bordeaux
 
 
CHAMPION GALATASARAYголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 16:01
Уште една бламажа на Милан

И покрај големите ѕвезди во тимот, Милан дефинитивно игра уште една очајна сезона. Откако заостанаа 11 бода зад градскиот ривал Интер во италијанското првенство, "росонерите" вчера си дозволија уште една бламажа, овојпат пред своите навивачи и испаднаа од последното натпреварување во кое имаа какви-такви шанси за титула. Пред почетокот на сезоната, но и пред одигрувањето на 1/16-финалната фаза Милан беше посочен како најголем фаворит за освојување на трофејот во ова натпреварување, но заврши полошо дури и од Баерн минатата сезона кога баварскиот тим испадна во полуфиналето.

Веројатно никој не можеше да очекува ваков развој на настаните откако по нешто повеќе од половина час имаше предност од 2:0 во дуелот со Вердер што заедно со оние 1:1 од првиот меч го носеа во осминафиналето. Пирло погоди од белата точка по играта со рака на Торстен Фрингс, а Алесадре Пато потоа постигна ремек-дело со кое конечно малку ги израдува навивачите на Сан Сиро. Но, со стартот на второто полувреме, комплетно падна играта на домаќините. Милан во вторите 45 минути немаше речиси ниеден удар кон противничкиот гол, но многу полошо од играта во нападот беше одбраната која не можеше да ги запре акциите на противничкиот тим. Како последица на тоа паднаа двата гола на Клаудио Пизаро во период од само десетина минути и двата на многу сличен начин, со глава од непосредна близина. Веќе немаше време да се постигне уште еден гол, а до крајот на мечот Вердер имаше шанса дури и да стигне до победата на Сан Сиро. Уште еден голем срам за Милан и веројатно почеток на крајот на Карло Анчелоти во миланскиот гигант. Ако за него се уште е неизвесно, јасно е дека Паоло Малдини синоќа го одигра својот последен натпревар во европските купови во кариерата.

Вистинска драма се случуваше синоќа на стадионот Али Сами Јен во Истанбул. Домашниот Галатасарај имаше 0:0 од првиот натпревар против Бордо, но уште во првата минута од реваншот прими гол и значително си ја искомплицира својата работа. Првиот пресврт се случи пред крајот на првото полувреме кога домашните фудбалер во период од само две минути преку Арда Туран и Хари Кјуел дојде во предност од 2:1 и тоа со два прекрасни голови, кој од кој поубав. Тешко дека некој на стадионот во Иснабул помислуваше дека Бордо ќе се врати во игра кога во 63. минута Туран со својот втор погодок го донесе Галатасарај во водство од два гола разлика. Прославата за пласманот во осминафиналето веќе почна кога резервистот Фернандо Кавенаги почна со своето шоу. Прво, во 74. минута му асистираше на Шамак за 3:2, за само 60 секунди подоцна самиот да се запише во листата на стрелците. Сега психолошката предност се врати на страната на Бордо кој со 3:3 обезбедуваше пласман во следната фаза. Но, ни тоа не беше доволно за францускиот тим да излезе како конечен победник. По стариот добар рецепт од европското првенство во Австрија и Швајцарија, Галатасарај чекаше да дојдат последните моменти, па преку Сабри Сариоглу да го постави конечниот резултат. Со тоа Турците ја продолжија кризата на Бордо, а во исто време му посакаа убаво добредојде на својот тренер Булент Коркмаз и останаа во игра за остварување на својот сон, настап во финалето на Купот на УЕФА кое сезонава се игра во Истанбул.

Само Манчестер Сити остана на фудбалската сцена во Купот на УЕФА од англиските екипи откако Астон Вила и Тотенхем не успеаја да излезат на крај со ЦСКА Москва и Шахтјор. Тоа и беше очекувано бидејќи и Вила и Тотенхем преку изјави во последните денови потврдија дека за нив приоритет сезонава е Премиер-лигата. Тотенхем се бори за опстанок, додека Астон Вила има шанса првпат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

РЕЗУЛТАТИ

ЦСКА - АСТОН ВИЛА 2:0

Жирков 61', Лав 90'

МЕТАЛИСТ - САМПДОРИЈА 2:0

Ваљајев 30', Јаја 40'

ХАМБУРГЕР - НЕЦ 1:0

Олиќ 9'

ТВЕНТЕ - МАРСЕЈ 0:1 (6:7 на пенали)

Бен Арфа 24'

ВОЛФСБУРГ - ПСЖ 1:3

Хасебе 63' - Луиндула 38' (п), 74', Ротен 59'

ГАЛАТАСАРАЈ - БОРДО 4:3

Туран 42', 65', Кјуел 45', Сариоглу 90' - Белион 1', Шамак 73', Кавенаги 75'

МИЛАН - ВЕРДЕР 2:2

Пирло 27' (п), Пато 34' - Пизаро 68', 78'

АЈАКС - ФИОРЕНТИНА 1:1

Леонардо 87' - Џилардино 61'

МАНЧЕСТЕР С. - КОПЕНХАГЕН 2:1

Белами 73', 80' - Вингард 90'

СТАНДАРД - БРАГА 1:1

Мбокани 78' - Агуиар 87'

ШТУТГАРТ - ЗЕНИТ 1:2

Гебхарт 80' - Семшов 42', Фајзулин 86'

УДИНЕЗЕ - ЛЕХ 2:1

Пепе 56', Ди Натале 90' - Ренгифо 13'

С.ЕТЈЕН - ОЛИМПИЈАКОС 2:1

Паје 45', Илан 57' - Оскар 75'

ЛА КОРУЊА - АЛБОРГ 1:3

Серхио 37' - Шелтон 41', Јохансон 44', Еневолдсен 45'

ТОТЕНХЕМ - ШАХТЈОР 1:1

Џовани 56' - Фернандињо 86'

ВАЛЕНСИЈА - ДИНАМО (К) синоќа

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

ВЕРДЕР - С.ЕТЈЕН

ЦСКА - ШАХТЈОР

УДИНЕЗЕ - ЗЕНИТ

ПСЖ - БРАГА

ВАЛЕНСИЈА/ДИНАМО (К) - МЕТАЛИСТ

МАНЧЕСТЕР С. - АЛБОРГ

МАРСЕЈ - АЈАКС

ХАМБУРГЕР - ГАЛАТАСАРАЈ

*Првите натпревари се играат на 12, а реваншите на 18/19 март


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Polaris Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2007
Локација: Turkey
Статус: Офлајн
Поени: 1514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polaris Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 18:32
Originally posted by fiks fiks напиша:


Вистинска драма се случуваше синоќа на стадионот Али Сами Јен во Истанбул. Домашниот Галатасарај имаше 0:0 од првиот натпревар против Бордо, но уште во првата минута од реваншот прими гол и значително си ја искомплицира својата работа. Првиот пресврт се случи пред крајот на првото полувреме кога домашните фудбалер во период од само две минути преку Арда Туран и Хари Кјуел дојде во предност од 2:1 и тоа со два прекрасни голови, кој од кој поубав. Тешко дека некој на стадионот во Иснабул помислуваше дека Бордо ќе се врати во игра кога во 63. минута Туран со својот втор погодок го донесе Галатасарај во водство од два гола разлика. Прославата за пласманот во осминафиналето веќе почна кога резервистот Фернандо Кавенаги почна со своето шоу. Прво, во 74. минута му асистираше на Шамак за 3:2, за само 60 секунди подоцна самиот да се запише во листата на стрелците. Сега психолошката предност се врати на страната на Бордо кој со 3:3 обезбедуваше пласман во следната фаза. Но, ни тоа не беше доволно за францускиот тим да излезе како конечен победник. По стариот добар рецепт од европското првенство во Австрија и Швајцарија, Галатасарај чекаше да дојдат последните моменти, па преку Сабри Сариоглу да го постави конечниот резултат. Со тоа Турците ја продолжија кризата на Бордо, а во исто време му посакаа убаво добредојде на својот тренер Булент Коркмаз и останаа во игра за остварување на својот сон, настап во финалето на Купот на УЕФА кое сезонава се игра во Истанбул.

Само Манчестер Сити остана на фудбалската сцена во Купот на УЕФА од англиските екипи откако Астон Вила и Тотенхем не успеаја да излезат на крај со ЦСКА Москва и Шахтјор. Тоа и беше очекувано бидејќи и Вила и Тотенхем преку изјави во последните денови потврдија дека за нив приоритет сезонава е Премиер-лигата. Тотенхем се бори за опстанок, додека Астон Вила има шанса првпат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.




 
 
 
Galatasaray mozno e i po vtor pat da go osvoi UEFA kupot i Super kupot kako sto osvoija vo 2000 ta godinaголемо%20гушкање
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2009 во 14:58
Источноевропска инвазија за четврт-финале

Денеска се играат првите осминафинални натпревари во Купот на УЕФА.

Дури шест источно европски екипи се најдоа во можноста да се борат за четврт-финалето, а во оваа фаза и два поранешни европски шампиони меѓусебно ќе ги одмерат силите.

Минатогодишниот освојувач на трофејот, Зенит, за пласман во четврт-финалето се соочува со единствениот "преживеан" претставник од Италија, составот на Удинезе.

Рускиот претставник со големи амбиции им приоѓа на мечевите во Купот на УЕФА, а тренерот Дик Адвокат се надева дека неговата екипа ќе продолжи успешно да се претставува како што беше случај и минатата година.

"Удинезе не е лесен противник. Тие играат дефанзивен фудбал и сигурно нема да ни дозволат да играме како што знаеме. Во секој случај мора да бидеме претпазливи, зошто кога се игра во нокаут фазата секој гол е може да биде решавачки", рече Адвокат.

Холанѓанецот не ќе може да смета на дефанзивецот Томаш Хубочан, но затоа неговото место ќе го заземе Белгиецот Николас Ламбертс, кој заздрави од повредата. Во екипата се враќаат и Тимошчук и Ширл, кои ја одлежаа суспензијата од еден натпревар.

Освојувачот на трофејот од Купот на УЕФА од 2005 година, ЦСКА од Москва, на свој терен го пречекува одличниот состав на Шахтјор.

Рускиот гигант на чело со прославениот Зико имаат големи амбиции оваа сезона како во домашните така и во европските натпревари.

"Екипата е во добра форма. Минатата недела го освоивме домашниот Супер куп, а во ист стил се подготвуваме да го елиминираме и Шахтјор. Украинците секогаш важеле за незгоден противник, но нема да дозволиме да се радуваат на наш терен", изјави Зико.

Во Киев, пак, се игра украинското дерби меѓу домашниот Динамо и Металист од Каркив. Како што успешно грабат во домашното првенство така двете екипи феноменално играат во Купот на УЕФА. За само осум дена ова ќе биде втор меѓусебен дуел. Првиот одигран на 4 март им припадна на Динамо со 2:0, но овој пат Металист нема право на грешка.

На Велодром силите ќе ги одмерат два поранешни европски шампиони, екипите на Марсеј и Ајакс. На Марсеј му беа потребни вкупно 210 минути и 13 пенали да го елиминира Твенте во претходното коло, но тренерот Ерик Геретс верува дека овој меч ќе биде сосема поинаков бидејќи и двата тима играат офанзивен фудбал.

Германскиот гигант Вердер, кој го елиминира големиот Милан, очекува да обезбеди солидна гол разлика против Сент Етјен, екипа која грчевито се бори за опстанок во француското првенство. Додека, пак, амбициозниот Манчестер Сити ќе ја тестира својата подготвеност за големи дострели против изненадувањето во Европа во оваа сезона, данскиот Алборг.

Центарот на вниманието во фудбалска Европа го привлекува и вториот германски претставник, Хамбургер, кој на Нордбанк арената го очекува пресметка со турскиот Галатасарај.



ДВОЈКИ

ХАМБУРГЕР - ГАЛАТАСАРАЈ 18 ч.

ДИНАМО (К) - МЕТАЛИСТ

ЦСКА (М) - ШАХТЈОР

ПСЖ - БРАГА 20:15

ВЕРДЕР - СЕНТ ЕТЈЕН 20:30

УДИНЕЗЕ - ЗЕНИТ 20:45

МАРСЕЈ - АЈАКС

МАНЧЕСТЕР (С) - АЛБОРГ


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2009 во 17:58
European Cups - UEFA Cup
     
March 18
FT     Saint-Etienne     2 - 2     Werder Bremen
AET     Ajax Amsterdam     2 - 2     Marseille

March 19
18:00     Metalist Kharkiv     ? - ?     Dynamo Kyiv
18:30     Shakhtar Donetsk     ? - ?     CSKA Moscow
18:30     Zenit St. Petersburg     ? - ?     Udinese
20:30     Galatasaray     ? - ?     Hamburger SV
21:00     Aalborg BK     ? - ?     Manchester C.
21:30     Braga     ? - ?     Paris S.G.

Кон врв
karlo_mkd Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 33
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karlo_mkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 14:06
јако ќе биде на вердер - удинезе
FORZA JUVE !!!
BIANCONERO FOR LIFE !!!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 11:03
Во УЕФА купот вечерва првите четвртфинални дуели

Вечерва треба  да се одиграат првите натпревари од четвртфиналето од Купот на УЕФА.

Во терминот од 18:30 часот се игра натпреварот Шахтјор - Олимпик Марсеј.

Другите три натпревари почнуваат во 20:45 часот. Двојки се: ПСЖ - Динамо Киев, Хамбургер - Манчестер Сити и Вердер - Удинезе.

Реванш дуелите се играат на 16 април (четврток).
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 18:26
Солидна предност за Германците

Диего во дуел

Двата германски преставници Вердер и Хамбургер обезбедија идентична предност од 3:1 против Удинезе односно Манчестер Сити во првите четвртфинални дуели од Купот на УЕФА. Во таква ситуација ќе се обидат да издржат во реваншот и да се пласираат во полуфиналните борби. На мечот во Бремен главна ѕвезда за домаќините на беше бразилскиот ас, Диего постигнувајќи два гола, еднаш во листата на стрелците се запиша и Хуго Алмеида, а во самиот финиш Кваљарела им даде мала надеж на гостите пред реваншот закажан за идната недела. Првпат мрежата на Удинезе беше начната во 34. минута. Диего поведе една акција и со шут по земја од косо, со десната нога, го матира голманот Хандановиќ. На почетокот на второто полувреме Италијанците ја отворија играта и притоа имаа две добри шанси. И двете ги пропушти најопасниот нивни напаѓач, Кваљарела (првата заврши покрај голот, а при втората, Визе го одбрани неговиот обид за лоб).

Во 67'. минута Диего влезе во шеснаесетникот на гостите, сам си обезбеди позиција за шут и го постигна својот втор погодок. Веќе во следната минута дефанзивците на Удинезе не поставија добра офсајд замка по која Алмеида излезе сам пред Хандановиќ и по трет пат ја тресе неговата мрежа. Во финишот италијанскиот преставник само го ублажи поразот откако Фабио Кваљарела во третата своја шанса го матира Визе.

Вториот германски преставник, Хамбургер се престави во одлично издание играјќи доста отворено и напаѓачки против англискиот претставник Манчестер Сити. Уште не беа седнати навивачите на Нордбанк арената, а веќе имаа можност да видат гол. Можеби најбрзиот погодок во историјата на ова натпреварување го постигна Стивен Ајрелнд, уште во 29 секунда на додавање на Робињо. Само осум минути подоцна Трошовски изведе корнер, топката стигна до Јорис Матијсен кој го израмнува резултатот. До крајот на полувремето имаше уште неколку шанси но резултатот не се промени. Во 63. минута дефанзивецот Ричардс игра со рака во сопствениот шеснаесетник по што следуваше пенал за Хамбургер. Трошовски сигурен и прави пресврт од 2:1. Во 71. минута во игра на местото на Олиќ влегува Гереро и само осум минути подоцна носи добра предност од 3:1 пред реваншот идната недела.

И украинскиот Шахтјор си обезбеди солидна предност над Марсеј од 2:0 пред преполниот стадион во Доњецк. Головите беа дело на дефанзивецот Томас Хубшман во првото и Жадсон во второто полувреме. Домашниот состав на чело со Мирчеа Луческу беше подобар противник и имаше шанса да обезбеди и поголема предност, но напаѓачите во неколку ситуации беа немоќни.

Единстената шанса за гостите беше ударот на Нианг во 36. минута кој заврши во гредата, а веќе три минути подоцна домашните навивачи се радуваа. По центаршутот на Срна, Хубшман успеа да го совлада Манданда и да обезбеди предност на полувремето.

Во 65. минута одличната комбинација меѓу Фернандињо и Жадсон, вториот ја претвора во водство од 2:0 што се покажа како конечен исход на овој натпревар.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,875 секунди.