IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Олимписки игри-Пекинг 2008
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Олимписки игри-Пекинг 2008

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 11:09
Првите медали во Пекинг веќе добија сопственици

Почнаа возбудувањата на олимписките борилишта во Пекинг. Стартуваа натпреварите во поголемиот број спортови, а веќе е заокружен првиот натпреварувачки ден на големиот спортски настан, кој донесе промоција на седум шампиони.

Најмногу трофеи освоија Американците, вкупно три, но прв лидер на листата носители на одличја е земјата домаќин. Кина е единствена со две злата.

Чешката стрелачка Катерина Емонс беше најпрецизна во дисциплината воздушна пушка од 10 метри и побрза да го освои првиот златен медал на 29-та Олимпијада.

Зад неа се пласираа Русинката Љубов Галкина и Хрватката Снјежана Пејчиќ.

Финале - жени, воздушна пушка 10 метри:

   1. Катарина Емонс (Чешка) 503,5
   2. Љубов Галкина (Русија) 502.1
   3. Снјежана Пејчиќ (Хрватска) 500.9
   4. Џејми Бејерле (САД) 499.8
   5. Ду Ли (Кина) 499.6
   6. Олга Довгун (Казахстан) 498.1
   7. Мари Лаура Жигон (Франција) 497.3
   8. Силвија Богацка (Полска) 495.7



Неколку часа подоцна кај мажите, но во воздушен пиштол од 10 метра Кинезот Панг Веи го освои вториот златен медал за Кина, пред Џин од Кореја и Ким од Демократска Република Кореја.

Финале - мажи, воздушен пиштол 10 метри

   1. Панг Веи (Кина) 688,2
   2. Јинг Јонг Ох (Јужна Кореја) 684,5
   3. Ким Јонг Су (Северна Кореја) 683,0
   4. Џејсон Тарнер (САД) 682,0
   5. Брајан Бимен (САД) 682,0
   6. Леонид Јекимов (Русија) 680,5
   7. Валтер Лапер (Франција) 680,3
   8. Јакрит Паничпатикум (Тајланд) 679.0


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 11:16

Пекинг порачува: "Еден свет, еден сон"

Долгочекуваната Олимпијада во Пекинг, конечно, се отвора денеска, со најавеното спектакуларно Свечено отворање и палење на олимпискиот оган, иако Олимпијадата неформално почна со натпреварите во фудбал.

Контроверзите ја следат Кина откако комунистичката нација беше избрана од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да биде домаќин на Игрите пред седум години. Политичките притисоци, слободата на медиумите и загадувањето ги следеа Игрите во месеците пред 8 август. Но, Кина се надева дека критиките ќе останат во сенка на возбудата и спектаклот на најголемото светско натпреварување на светот.

Темата е "Еден свет, еден сон" кој повикува на светот да се обедини во олимпискиот дух. Дури и американската фудбалска ветеранка Кејти Маркграф признава дека спортистите се фокусирани на тоа.

"Ако има нешто што не смее да падне во сенка, тоа е олимпискиот дух. Големите приказни доаѓаат на Олимпијадата", вели Маркграф.

Околу 10.500 спортисти ќе се натпреваруваат во 302 дисциплини во 28 спорта, само една дисциплина повеќе од тоа што беше на програмата пред четири години во Атина. Мажите ќе настапат во 165 дисциплини, жените имаат 127 дисциплини, а 10 се мешани.

Кина освои 32 злата во 2004 година, само четири помалку од Американците. За да се поминат САД на првото место, државните училишта во Кина целеа на помалку популарните спортови како стрелаштвото, кревањето товар, веслањето, боксот и велосипедизмот.

Маскотите во Пекинг се петте Фува, или кукли за добра среќа. Рибата, големата панда, оганот, тибетанската антилопа и птицата се споредуваат со петте елементи на кинеската филозофија и во исто време ги носат боите на петте олимписки кругови.

Олимпијадата ќе се одржува на 37 објекти, од кои 12 се сосема нови, 11 се реновирани, а 8 се привремени објекти. Околу 25.000 новинари од целиот свет ќе ги покриваат Игрите.

Олимпијадата официјално ќе стартува во 8:08 часот навечер (по локално време) на 8 август (8) 2008, со што Кинезите сакаат да ја "искористат" својата среќна бројка 8.

Буш пристигна во Пекинг, Кинезите лути

Американскиот претседател Џорџ Буш го чека стартот на Олимпијадата, со што ќе влезе во историјата како првиот претседател на САД кој гледал ОИ во друга земја. Но, неговото пристигнување во Пекинг во четвртокот навечер беше пречекано во атмосфера на тензија со кинеските лидери, по неговиот говор на посетата во Тајланд во кој посочи дека најнаселената земја на светот мора да даде повеќе слободи на своите жители.

Буш заедно со сопругата Лора и ќерката Барбара беше пречекан од кинескиот министер за надворешни работи, Јанг Џеичи. Буш е познат како спортски фан и изјави дека сака да ужива во натпреварувањата, иако додаде дека ќе разговара со претседателот на Кина, Ху Џинтао, за човековите права. Од Кина веднаш одговорија.

"Кинеската влада ги става луѓето на прво место, и е посветена на еднаквите основни права и слободи на секој граѓанин. Кинеските граѓани имаат право на религија, и нашиот поглед секогаш бил тој на заедничко разбирање и почитување. Не треба да има мешање во нашите внатрешни работи, користејќи ги човековите права како изговор", вели портпаролот на Министерството за надворешни работи, Кин Ганг.

Пацифичките нации со несигурна олимписка иднина

За неколкуте спортисти од јужниот Пацифик ова е можеби последна шанса да се натпреваруваат на Олимпијадата бидејќи поради растот на нивото на водите во светот нивните мали островски земји се пред уништување.

Тувалу праќа 3 спортисти во Пекинг, првата Олимпијада откако беа примени во ИОЦ во 2007. Тувалу е држава составена од девет полинезиски острови со површина од само 25.9 квадратни метри. Поради ова нивните атлетичари Асенате Маноа и Окинили Тинилау и кревачот на товар Логона Есау мораа да тренираат на поголемите острови Фиџи или Нова Каледонија.

Експертите за климатски промени предупредуваат дека Тувалу може да исчезне во следните 50 години, а зголемувањето на нивото на морето веќе предизвикува проблеми во островот и емиграцијата е зголемена.

Тувалу не е единствена држава од Пацификот со слична иднина. Кирибати, кои ќе пратат три спортисти на нивната втора Олимпијада, се под закана. Вкупно 70 спортисти од 15 нации ќе се натпреваруваат во Пекинг.

Науру, еднаш богата земја поради рудниците за фосфати, ќе прати еден спортист, Папуа Нова Гвинеја ќе го има најголемиот контингент од 7 спортисти, по што ќе следуваат Фиџи и Самоа со по шест. Маршалските Острови, кои дебитираат на ИОЦ, ќе пратат пет спортисти, како и Тонга, последното кралство во Полинезија.

Квалитетот на воздухот е подобрен!

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Жак Рог, ги пофали организаторите во Пекинг поради "неверојатните" напори да се намали загадувањето пред Игрите. Тој тврди дека нема да има опасност по здравјето на спортистите, и покрај маглата која секојдневно се гледа во кинеската престолнина.

"Тие направија с$ што е човечки можно да се реши овој проблем. Нема да има апсолутно никаква опасност по здравјето на спортиситите. Маглата која се гледа е резултат на влажноста и жештината. Маглата не значи загадување", вели Рог.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 16:01
Fudbal:

Olympics 2008 - Group A

21:58     August 10
FT     Argentina     1 - 0     Australia
FT     Serbia     2 - 4     Ivory Coast

Olympics 2008 - Group B

21:58     August 10
FT     Nigeria     2 - 1     Japan
FT     United States     2 - 2     Holland

Olympics 2008 - Group C

21:58     August 10
FT     New Zealand     0 - 5     Brazil
FT     Belgium     2 - 0     China

Olympics 2008 - Group D

21:58     August 10
FT     Cameroon     1 - 0     Honduras
FT     Italy     3 - 0     Korea Republic

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 16:03
Basketball| Peking 2008    

Avstralija 82 - 97 Hrvatska
Litvanija 79 - 75 Argentina
Spanija 81 - 66 Grcka
Germanija 95 - 66 Angola
Rusija 71 - 49 Iran

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 16:12
Rakomet:

Mazi

Germanija 27 - 23 Korea
Francija 34 - 26 Brasil
Rusija 31 - 33 Island
Hrvatska 31 - 29 Spanija

Zeni

Germanija 24 - 22 Brasil
Norveska 30 - 23 Kina
Rusija 29 - 29 Korea
Romanija 31 - 19 Kazahstan

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:21

ДЕНЕСКА УШТЕ ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЈЦИ ЌЕ ГО ИМААТ СВОЈОТ НАСТАП

Николовски и Несторов на квалификации

По вчерашниот настап на Ристовски денеска во Пекинг свое претставување ќе имаат уште двајца претставници од Македонија.

Атанас Николовски, еден од двајцата олимпијци од нашата земја кои имаат обезбедено "А" норма, ќе има тешка задача за да обезбеди место во финалните трки во кајак на диви води. Николовски во 9:50 часот по македонско време ќе ја има првата квалификациска трка, а бидејќи конк*ренцијата е неверојатно силна очекувањата се скромни.

Николовски е еден од двајцата натпреварувачи од коишто очекуваме подобар резултат, така што и на денешниот настап може да се размислува многу попозитивно.

Инаку, тој денеска ќе има два настапи бидејќи и втората трка се вози во истиот ден. Таа е планирана да стартува во 11:42 часот, а пред почетокот ќе биде познат и стартниот број.

Што се однесува до Сашо Несторов, кој се натпреварува во стрелаштво, тој денеска ќе излезе на квалификации во дисциплината воздушна пушка - 10 метри, но нема големи очекувања од него.

Ристовски на 55. место

Пливачот Михајло Ристовски како што се очекуваше немаше забележителен настап. Тој на крајот заврши на 55. место во дисциплината 200 метри слободно од вкупно 58 натпреварувачи, од кое еден нема резултат бидејќи се откажа пред почетокот. Според тоа само двајца останаа зад него, и тоа пливачите од Молдавија и Сан Марино.

Инаку, патеката ја исплива со време од 1:57.45 во првата квалификациска група во која го освои 2. место од тројца пливачи. Зад водечкиот по квалификациите Доминик Мајхтри од Швајцарија имаше заостанување од речиси 12 секунди.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:22

ОЛИМПИЗАМ - СТАРТОТ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО СЕНКА НА НЕСПОРТСКИ СЛУЧУВАЊА

Грузија останува, убиство на турист, жештина и дожд...

Стартот на Олимписките игри во Пекинг место спортски натпревари го одбележи политика, убиство на туристи и жалење или за загадувањето или за жештината. Организацијата функционира совршено, но проблемите доаѓаат од други страни.

Грузија ќе остане на Олимпијадата во Пекинг и покрај војната со Русија во која животот го загубија стотина луѓе. Европската држава прво размислуваше за повлекување од Игрите откако конфликтот во провинцијата Јужна Осетија достигна критично ниво со вмешување на руската војска.

Грузискиот олимписки комитет реши во неделата да остане на Игрите, иако нивните спортисти неминовно ќе се судрат со руските. Првиот меѓусебен дуел доаѓа в среда кога грускиот тим игра со рускиот во одбојка на плажа.

"Можам да потврдам дека Грузискиот олимписки комитет и спортистите со поддршка на нивната влада решија да продолжат со учеството на Олимпијадата во Пекинг. Тоа е одлука која го симболизира олимпискиот дух. Во исто време контактиравме и со Рускиот олимписки комитет, од каде што ни кажаа дека сигурно сакаат да продолжат", вели Жизел Дејвис, портпаролот на ИОЦ.

УБИЕН РОДНИНА НА АМЕРИКАНСКИОТ ТРЕНЕР ВО ОДБОЈКА!

Еден Кинез со нож уби еден роднина на американскиот олимписки тренер во одбојка, и повреди уште еден во туристичкото место Кулата на тапаните во Пекинг во саботата. Жртвите се Тод и Барбара Бахман од Лејквил, татко и мајка на поранешната олимпијка Елизабет Бахман, која е оженета со тренерот на машката одбојкарска репрезентација, Хју Меккачин. Напаѓачот исто така го избоде и кинескиот туристички водич, по што скокна од балконот и се самоуби.

Според Американците, жртвите не носеле ништо со што би се идентификувале како членови на американската делегација, а од американската амбасада веднаш изјавија дека го сметаат ова за изолиран акт.

Ова е редок случај на напад на странци во Кина, каде што според самите американски проценки имате помали шанси да бидете нападнати отколку во кој било голем европски град. Посебно сигурни се метрополите како Пекинг и Шангај.

ЖЕШТИНАТА ЗАМИНА, МАГЛАТА НЕ

По саботните жештини во Пекинг, неделата беше одбележана со краток дожд, но и по него остана "маглата" во кинеската престолнина. Температурите беа во просек 26 степени, далеку пониски од 34 степени во петокот и официјалните лица се надеваа дека со дождот ќе имаат и почист воздух и посино небо.

"Мислам дека ќе дојде вистинското кинеско небо по денешниот дожд", вели Ванг Веи, потпретседателот на Организациониот комитет.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:22

ОЛИМПИСКА ПРОГРАМА ЗА ПОНЕДЕЛНИК, 11/08

02.00 Коњички спорт, крос-кантри

02.30 Хокеј на трева, 1.коло

03.00 Стрелаштво, трап (м)/10 м в.пушка (м)

03.00 Ракомет, Казахстан-Франција (ж)

03.00 Одбојка на плажа, 1.коло

03.00 Кошарка, Нов Зеланд-Шпанија (ж)

04.00 Одбојка, Алжир-Србија (ж)

04.00 Стреличарство, мажи

04.00 Мечување, флорет (ж)

04.00 Кревање товар, 62кг (м)

04.00 Бадминтон, м/ж

04.20 Пливање, 100 м пеперутка (ж) финале

04.30 Пливање, 100 м градно (м) финале

04.30 Тенис, мажи/жени, 1.коло

04.45 Ракомет, Бразил-Унгарија (ж)

06.00 Одбојка, Казахстан-Италија (ж)

05.15 Кошарка, Чешка Р.-Мали (ж)

05.25 Пливање, 400 м слободно (м) финале

05.30 Пливање, 4х100 метри (м) финале

06.00 Џудо, 73 кг (м)/57 кг (ж)

06.30 Одбојка, САД-Куба (ж)

06.30 Кревање товар, 58 кг (ж)

07.00 Едрење, инглинг, фин, рс-х, 470, 49ер

07.00 Ватерполо (ж)

07.30 Бокс, перо к., лесна к., 1.коло

08.00 Ракомет, Ангола-Норвешка (ж)

08.30 Одбојка, Бразил-Русија (ж)

08.30 Скокови во вода, 10 м синх. (м) финале

08.30 Кошарка, Ј.Кореја-Русија (ж)

09.00 Кану/Кајак брзи води, Ц1 Кану (м)/ К1 Кајак (м) квал.

09.30 Веслање, сингл (ж)

10.45 Кошарка, Летонија-Белорусија (ж)

12.00 Џудо, 57 кг (ж)/ 73 кг (м)

12.30 Пливање, квал.

13.00 Ракомет, Кина-Романија (ж)

14.00 Кошарка, Кина-САД (ж)

14.30 Одбојка, Кина-Полска (ж)

14.45 Ракомет, Шведска-Русија (ж)

16.00 Одбојка, Јапонија-Венецуела (ж)

16.15 Одбојка, Австралија-Бразил (ж)

ОЛИМПИСКА ПРОГРАМА ЗА ВТОРНИК, 12/08

02.30 Хокеј на трева, 1.коло (ж)

03.00 Ракомет, Бразил-Хрватска (м)

03.00 Кошарка, Иран-Литванија (м)

03.00 Стрелаштво, 50м в.пиштол (м), двоен трап (м)

03.00 Одбојка на плажа, мажи и жени, 1.коло

03.30 Борење, грчко-римски с., 60кг (м), 55кг (м)

03.30 Софтбол, натпревари по групи

03.30 Ватерполо, Канада-Црна Гора (м)

04.00 Одбојка, Русија-Германија (м)

04.00 Стреличарство, жени

04.00 Бадминтон, мажи/жени

04.00 Гимнастика, повеќебој (м) финале

04.00 Мечување, сабја (м) финале

04.00 Кревање товар, 69кг (м) финале

04.15 Пливање, 200 м слободно (м) финале

04.20 Пливање, 100 м грбно (ж) финале

04.30 Пливање, 100 м грбно (м) финале

04.30 Тенис, мажи/жени, 3.коло

04.45 Ракомет, Египет-Русија (м)

04.50 Ватерполо, Шпанија-Австралија (м)

04.45 Пливање, 100 м градно (ж) финале

05.15 Кошарка, Русија-Хрватска (м)

06.00 Џудо, 81кг (м), 63кг (ж) финале

06.00 Одбојка, Египет-Полска (м)

06.10 Ватерполо, Италија-САД (м)

06.30 Одбојка, САД-Италија (м)

07.00 Едрење, 470 (м/ж), РС-Х (м), ласер (м/ж)

07.30 Бокс, мува к./бантам к., 1.коло

08.00 Ракомет, Кина-Франција (м)

08.00 Ватерполо, Грција-Унгарија (м)

08.30 Кошарка, Грција-Германија (м)

08.30 Одбојка, Србија-Бразил (м)

08.30 Скокови во вода, 10 м синх. (ж) финале

09.00 Кану/Кајак на брзи води, Ц1 (м), К1 (м) финале

09.20 Ватерполо, Србија-Хрватска (м)

09.45 Ракомет, Шпанија-Полска (м)

10.00 Веслање, двоец (м/ж) финале

10.40 Ватерполо, Германија-Кина (м)

10.45 Кошарка, Кина-Шпанија (м)

11.00 Фудбал, КОР-ГЕР, НГР-БРА (ж)

12.30 Пливање, квал.

13.00 Ракомет, Ј.Кореја-Данска (м)

13.15 Коњички спорт, скокови финале

13.45 Фудбал, САД-НЗЕ, КИН-АРГ, ШВЕ-КАН, НОР-ЈАП (ж)

14.00 Кошарка, Ангола-САД (м)

14.00 Одбојка, Венецуела-Кина (м)

14.45 Ракомет, Исланд-Германија (м)

16.00 Одбојка, Јапонија-Бугарија (м)

16.15 Кошарка, Аргентина-Австралија (м)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:23

ТАБЕЛА НА МЕДАЛИ

ЗЛАТО СРЕБРО БРОНЗА ВКУПНО

1.Кина 6 2 0 8

2.Јужна Кореја 3 2 0 5

3.САД 2 2 4 8

4.Чешка Република 2 0 0 2

5.Италија 1 2 1 4

6.Јапонија 1 0 2 3

7.Австралија 1 0 1 2

8.Холандија 1 0 1 2

9.Шпанија 1 0 1 2

10.Велика Британија 1 0 0 1

11.Романија 1 0 0 1

12.Тајланд 1 0 0 1

13.Русија 0 3 1 4

14.Франција 0 2 1 3

15.Северна Кореја 0 1 2 3

16.Куба 0 1 1 2

17.Австрија 0 1 0 1

18.Унгарија 0 1 0 1

19.Шведска 0 1 0 1

20.Турција 0 1 0 1

21.Виетнам 0 1 0 1

22.Зимбабве 0 1 0 1

23.Алжир 0 0 1 1

24.Аргентина 0 0 1 1

25.Белорусија 0 0 1 1

26.Кинески Тајпеј 0 0 1 1

27.Хрватска 0 0 1 1

28.Грузија 0 0 1 1

29.Германија 0 0 1 1

30.Индонезија 0 0 1 1

31.Швајцарија 0 0 1 1

32.Узбекистан 0 0 1 1

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:27

ГИМНАСТИКА - ДОМАЌИНИТЕ ОЧЕКУВААТ МНОГУ МЕДАЛИ

Кинеска доминација на квалификациите

Падот на разбој на Хе Кексин не успеа да ја сопре Кина да ги претекне сите свои ривали во женските квалификации во гимнастиката во неделата, и тие повторно беа пред САД. Двете гимнастички сили на Олимпијадата ќе се борат за злато во финалето во средата, но на прв поглед Кинеските имаат огромна предност.

16-годишната Хе, една од фаворитките за разбојот, беше во солзи откако се лизна, но нејзината рутина беше доволно да & донесе 15.725 оценка, а талентот на нејзините сонароднички беше доволен тие да освојат 248.275 поени, пред светските шампиони САД со 246.800, додека шампионките од Атина 2004 Романија беа неубедливи и завршија со 238.425 поени.

Денот почна лошо за Американките кога Саманта Пеек се повреди, со што Американката останаа со само 4 здрави гимнастичарки. Проблемите се зголемија кога Бриџит Слоун и Алиша Сакрамоун добија казни за излегување од површината на партерот и кога Настја Лиукин не беше најдобра во прескокот.

КИНЕЗИТЕ СО НЕВЕРОЈАТНА ДОМИНАЦИЈА КАЈ МАЖИТЕ

Во саботата, кога кинеската машка репрезентација не правеше грешки беше јасно колкава е нивната доминација. Само актуелните шампиони Јапонија требаа да бидат конк*ренција за домаќините и тие беа дури 5 поени зад нив во генерален пласман. Кинезите собраа 373.600 поени пред Јапонија со 369.550, европските шампиони Русија (366.225).

"Целиот тим е многу обединет и многу самоуверен. Се надеваме дека нашите добри перформанси ќе се покажат најдобро во финалето", вели Ли Ксијаопенг, кој беше најдобар во разбојот со 16.425 оценка.

Кинезите дојдоа во Пекинг како апсолутни фаворити за титулата, и тоа не се промени. Тие имаат три светски титули по ред и седум од последните осум, а во тимот имаат 13 светски титули и едно олимписко злато. Покрај тоа тие се на домашен терен и секој нивни потег беше пречекуван со силно навивање.

Рутините стануваат премногу комплексни?

Гимнастичарите се фокусираат премногу на тоа да ги пополнат своите рутини со комплексни потези место да внесат малку артистики потези, вели претседателот на Интернационалната гимнастичарска федерација, Бруно Гранди. Дека Гранди е во право се покажа кога Русинот Константин Плужњиков од круговите со доскокот падна на глава.

"Вниманието кон тежината се зголеми премногу. Би сакал гимнастиката да остане артистичка. Не се работи за само едно биомеханичко движење", вели Гранди.

ФИГ ќе ја надгледува возраста на натпреварувачите

Светската гимнастичка федерација (ФИГ) ќе успее да ја следи возраста на своите спортисти од следната година кога ќе се воведат специјални картички за идентификација. Пред стартот на Игрите, медиумите објавуваа дека во кинескиот тим има три гимнастичарки немале наполнето 16 години - Јанг Јилин, Хе Кексин и Џијанг Јујуан. Кинезите го отфрлија ова обвинување објавувајќи ги пасошите на натпреварувачките.

МЕЧУВАЊЕ - ЧУДЕН 1-2-3 ТРИУМФ НА АМЕРИКАНКИТЕ ВО САБЈА

Таљариол и Загунис со првите круни во мечување

Италијанецот Матео Таљариол стигна до златниот медал во натпреварувањето во мечување-флорет откако со 15:9 го совлада во финалето Французинот Фабрис Жене. Ова злато доаѓа во вистински момент за италијанскиот тим, кој беше ослабен со допинг-скандалот на светскиот шампион Балдини. Бронзата му припадна на Шпанецот Хозе Луис Абахо, кој со 8:7 го совлада Унгарецот Габор Бочко.

Во саботата Мериел Загунис го освои првото злато за САД на Олимпијадата предводејќи 1-2-3 триумф на американските натпреварувачки во мечување-сабја. Загунис со 15-8 ја совлада својата сонародничка Седа Џејкобсон со 15-8, додека бека Ворд го освои бронзениот медал. Како мотив повеќе Американките го имаа сопствениот претседател Џорџ Буш на трибините.

"Се надеваме дека ќе го направиме спортот малку попопуларен", вели Загунис.

РЕЗУЛТАТИ:

НЕДЕЛА, МЕЧ (М)

1.Матео Таљариол (Ита)

2.Фабрис Жене (Фра)

3.Хозе Луис Абахо (Шпа)

САБОТА

1.Мериел Загунис (САД)

2.Седа Џејкобсон (САД)

3.Анџелика Ворд (САД)

СТРЕЛАШТВО - ВИКЕНДОВ ДОДЕЛЕНИ 4 ЗЛАТНИ МЕДАЛИ

Кинезите и Чесите ги поделија златата

Катерина Емонс од Чешката Република го освои првото злато на ОИ во Пекинг откако постави два олимписки рекорда на патот до круната на 10 метри воздушна пушка. Емонс имаше 503.5 поени за олимписки рекорд откако имаше совршен скор од 400 во квалификациите. Среброто го освои Русинката Љубов Галкина, а бронзата Хрватката Сњежана Пејчиќ, а и тие имаа над 500 поени. Емонс инаку е сопруга на американскиот стрелец Мет Емонс, кој ќе се натпреварува на 50 метри пушка, а двојката се сретна на претходните Олимписки игри во 2004 година, а се земаа во 2007.

Чешка освои уште едно злато во неделата, кога Давид Костелецки го освои златото во трап, погодувајќи ги сите 25 мети во дождливото финале. Италијанецот Џовани Пелеило го освои среброто, а во дополнителна рунда Русинот Алексеј Алипов го совлада Австралиецот Мајкл Дајмонд за бронзата.

Домаќините исто така беа успешни, откако прво во саботата Панг Веи победи во машките 10 метри воздушен пиштол, неколку часа откако неговата сонародничка Ду Ли загуби во 10 метри воздушна пушка во женска конк*ренција.

Во неделата Гуо Венџун освои ново злато за Кина во 10 метри воздушен пиштол, но најголемото внимание го предизвикаа освојувачките на среброто и бронзата - една Русина и една Грузијка. Русинката Наталија Падарина го освои среброто, а Грузијката Нино Салуквадзе бронзата, и на крајот двете се прегрнаа. Тие беа колешки од поранешниот советски тим.

"Ова е мала победа за мојот народ. Мислам дека научивме дека не треба да има војни", вели 39-годишната Салуквадзе.

РЕЗУЛАТИ

НЕДЕЛА

ТРАП (М)

1.Давид Костелецки (Чеш) 146

2.Џовани Пелеило (Ита) 143

3.Алексеј Алипов (Рус) 142

10 М.В.ПИШТОЛ (Ж)

1.Венџун Гуо (Кин) 390

2.Наталија Падерина (Рус) 492.3

3.Нино Салуквадзе (Гру) 489.1

САБОТА

10М В.ПУШКА (Ж)

1.Катерина Емонс (Чеш) 503.5 ОР

2.Љубов Галкина (Рус) 502.1

3.Сњежана Пејчиќ (Хрв) 500.9

10М В.ПИШТОЛ (М)

1.Веи Панг (Кин) 688.2

2.Џонг Ох Џин (Кор) 684.5

3.Џонг Су Ким (СКо) 683.5

СТРЕЛИЧАРСТВО - КИНА НЕ УСПЕА ДА ЈА ПРЕКИНА СЕРИЈАТА НА АЗИСКИОТ РИВАЛ

Корејките повторно со златото

Јужна Кореја продолжи со "династијата" во олимпиското стреличарство освојувајќи го шестото злато по ред во тимското натпреварување откако во финалето со 224:215 ги совладаа Кинеските. Од воведувањето на спортот на Олимпијадите во 1988 година, Јужна Кореја има 6 злата, а нацијата има 15 златни медали севкупно во спортот. Бронзениот медал го освоија Французинките.

Јужнокорејскиот тим од Парк Сунг-Хјун, Јун Ок-Хи и Џу Хјун-Џунг ги совладаа Французинките со 213:184 во полуфиналето пред да ги совладаат Кинезите во финалето. Парк, Јун и Џу се првите три носители во индивидуална конк*ренција, натпреварување кое почнува во вторник.

РЕЗУЛТАТИ:

1.Јужна Кореја (Парк/Јун/Џу)

2.Кина (Ченг/Гуо/Жанг)

3.Франција (Арнол/Додемон/Шух)

ТЕНИС - ДОЖД И СЕРИЈА ОТКАЖУВАЊА НА ОЛИМПИСКИОТ ТУРНИР

Ивановиќ се откажа предвреме

Најголемото изненадување на лошиот прв ден олимписки тенис дојде од Србинката Ана Ивановиќ, која не требаше да игра. Првата носителка се повлече во неделата поради воспаление на десниот палец на раката кој ја мачи неколку недели. Нејзината одлука беше објавена по крајот на првиот ден на олимписки тенис во кој само 9 од предвидените 45 меча беа комплетирани поради дождот. Ивановиќ се реши за повлекување по првиот тренинг.

"Едноставно беше премногу болно. Не играв воопшто последните 10 дена. Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера. Многу сум разочарана", вели Ивановиќ.

Меѓу ретките тенисери кои комплетираа победи беше американскиот 8. носител во машка конк*ренција. 10 меча беа прекинати, а 26 одложени. Серена Вилијамс беше прекината со водство од еден сет, и покрај долгата пауза, Рожер Федерер воопшто не се појави на теренот.

Сепак, најфрустрирана беше Ивановиќ. Србинката вели дека е можно да треба да паузира две недели, со што е неизвесен и нејзиниот настап на УС Опен, кој стартува на 25 август.

"Се надевам дека ќе имам доволно време. Поминав толку многу лекари во последните денови, но потребно ми е само време", додава Ивановиќ.

Србинката и така ќе го загубеше првото место на ВТА листата од својата сонародничка Јелена Јанковиќ денеска. Таа водеше од 9 јуни, еден ден откако го освои својот прв гренд слем турнир на Ролан Гарос.

БЛЕЈК ГО СОВЛАДА ДОЖДОТ

Трката по медали почна со Џејмс Блејк, кој во својот прв олимписки меч на централниот терен спаси сет поен во вториот сет и го совлада Австралиецот Крис Гучионе со 6:3/7:6(7:3). Дождот двапати го прекинуваше тенисот. По 2 и полчасовна пауза мечевите беа прекинати, а Серена со 6:3/2:1 водеше против Белорусинката Олга Говорцова. Вилијамс го имаше олимпиското деби во сингл, откако во 2000 освои златен медал во двојки со својата сестра Венус.

Со дождот, тенисерите пред себе имаат тежок распоред. Тие кои ќе играат за медали ќе мораат да играат секој ден бидејќи има 7 дена на програмата да се комплетираат 6 рунди. Покрај ова многу тенисери играат во сингл и во дубл, како сестрите Вилијамс, Федерер и Рафаел Надал.

Четвртиот носител Николај Давиденко го совлада со 6:4/6:2 Ернестс Гулбис, додека носителот на знамето за Чиле, Фернандо Гонзалез со 6:4/6:4 го совлада Кинезот Сун Пенг.

РЕЗУЛТАТИ (1.КОЛО)

МАЖИ

(4) Давиденко (Рус) - Гулбис (Лет) 6:4/6:2

(8) Блејк (САД) - Гучионе (Авс) 6:3/7:6(7:3)

(12) Ф.Гонзалез (Чил) - Сун (Кин) 6:4/6:4

(17) Бердих (Чеш) - Ју (Кин) 6:1/6:2

Нимаер (Кан) - Кањас (Арг) 6:3/2:4 пред.

ЖЕНИ

Скијавоне (Ита) - Аманмурадова (Узб) 6:4/6:2

Возниацки (Дан) - Сфар (Тун) 6:4/6:1

Пиронкова (Буг) - Домаховска (Пол) 6:3/6:4

Стосур (Авс) - Ерани (Ита) 6:3/6:2

ГЕМ, СЕТ, МЕЧ

Светскиот рекет број 4, Николај Давиденко, вели дека ја загубил желбата за тенис, иако влезе во второто коло на олимпискиот турнир. "Не играм добро последните неколку месеци и навистина не знам зошто. Не можам да се концентрирам на тенисот. Никако не уживам", вели 27-годишниот Русин.

Светската тенисерка број 1, Ана Ивановиќ одбива да тренира со својот сонародник Новак Ѓоковиќ, велејќи дека тој ја чинел првата победа на турнир. "Одигравме еден тренинг заедно. Сакав да го импресионирам и удирав толку силно што потоа бев уморна. Од тогаш не сакам да тренирам со него", признава Србинката.

Линдзи Девенпорт вели дека се надева дека ќе биде подготвена за УС Опен откако се повлече од олимпискиот турнир, но не одлучила дали тоа е нејзиниот последен турнир. "Се надевам дека имам уште тенис во мене и сакам да бидам во Њујорк. По УС Опен ќе се концентрирам на семејството и ќе видам кај ќе ме одведе животот", вели 32-годишната Американка.

Хрватите Иво Карловиќ и Иван Љубичиќ се повлекоа од олимпискиот сингл турнир поради необјавени повреди. Во исто време се повлече и Французинката Татјана Головин.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:31

ЏУДО - ПРВИТЕ ДВА ДЕНА СО ЧЕТИРИ ФИНАЛНИ ДИСЦИПЛИНИ

Јапонија со најмногу медали

Натпреварувачите од Јапонија во џудо во првите два дена собраа најмногу медали. Во четирите дисциплини тие успеаја да освојат три медали, од кои и еден златен во категоријата од 60 до 66 килограми.

Масато Учишиба беше подобар за само еден ипон од Дарбеле, што на крајот беше доволно да дојде до златото.

Инаку, први носители на медали беа Мињо Чои од Јужна Кореја и Романката Думитру. Тие победија во "најслабата" категорија во двете конк*ренции така што го отворија натпреварувањто на игрите.

Покрај овие тројца со злато се закити и една домашна натпреварувачка. Донгмеи Ксиан се покрижи за радост на домашната публика и беше подобра од Кум Ае Ан од Северна Кореја во категоријата од 48 до 52 килограми.

Натпреварите продолжуваат денеска со две нови финалиња.

РЕЗУЛТАТИ

МАЖИ

до 60 кг

1. Мињо Чои (Ј. Кор)

2. Лудвиг Паишер (Аут)

3. Рубек Хоукес (Хол)

3. Ришод Собиров (Узб)

60-66 кг

1. Масато Учишиба (Јап)

2. Бенџамин Дарбеле (Фра)

3. Јорданис Аренцибиа (Куб)

3. Чои Мин Пак (С. Кор)

ЖЕНИ

до 48 кг

1. Алина Александра Думитру (Роу)

2. Жанет Бермоу (Куб)

3. Риоко Тани (Јап)

3. Паула Белен Парето (Арг)

48-52 кг

1. Донгмеи Ксиан (Кин)

2. Кум Ае Ан (С. Кор)

3. Сораја Хадад (Алг)

3. Мисато Накамура (Јап)

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - ПЕКОЛНИ УСЛОВИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ ВО ПЕКИНГ

Санчез и Кук со тешки победи

Шпанецот Самуел Санчез стигна до својата најголема победа во кариерата со златото во супер-тешката машка улична трка во Пекинг, по 245 километри. Во спринтерски финиш Санчез го победи Италијанецот Давиде Ребелин, додека светскиот шампион во трка на хронометар, Фабијан Канцелара ја освои бронзата.

Фаворитите пред трката заедно со актуелниот шампион Италијанецот Паоло Бетини заостана по одлучувачкиот напад на последното искачување на Австралиецот Кејдел Еванс. Овој потег придонесе во финишот да има спринтерски финиш на шест велосипедисти по тежок ден со 6 часа и 20 минути возење. Алехандро Валверде заврши 22 секунди во групата во која беа и Еванс и Бетини.

Санчез по победата изјави дека Шпанија ужива во "златната ера на спортот" и се надеваше дека неговата победа е само прва за Шпанците во Пекинг. Шпанија победи на Европското првенство во фудбал оваа година, Рафаел Надал победи на Ролан Гарос и Вимблдон, а велосипедистите победија на Тур де Франс (Карлос Састре) и Џиро Д'Италија (Алберто Контадор).

"Мислам дека спортот во Шпанија е конечно на врвот. Работевме совршено и знаеме како да работиме со група. Се надевам дека моето злато ќе биде само првото. Бев загрижен за времето и за жештината, но тимот беше совршен", вели Санчез.

ЖЕШТИНАТА СОЗДАДЕ ХАОС

Една третина од велосипедистите во саботата не ја завршија трката, поради високите температури од 35 степени и огромната влажност на воздухот.

"Како да си во сауна!", вели Летонецот Раивис Белохвочкис, првиот од 53 велосипедисти кои се повлекоа од трката.

Но, и некои попознати имиња не успеаја да ја завршат трката, како шампионот од Џирото, Алберто Контадор и фаворитот пред трката, Германецот Штефан Шумахер.

"Едноставно немав доволно сила во нозете", призна Контадор, шампионот од ТдФ од 2007.

КУК НАЈБРЗА НА ДОЖДОТ

Во неделата на женската трка имаше поинакви проблеми - дожд и лизгави улици. Британката Никол Кук успеа во спринтерски финиш да ги совлада Швеѓанката Ема Јохансон и Италијанката Татјана Гудерцо.

"Ова беше можеби најтешката трка во мојата кариера. Среќна сум, многу среќна", изјави Кук по победата.

За Кук ова е одличен успех, откако има три медали на Светските првенства, но ниту еднаш не стигна до златото.

Најмалку четири големи судари ја одбележија трката, вклучувајќи ја таа кога американската фаворитка Кристин Армстронг испадна. Ниту една велосипедистка не беше сериозно повредена.

РЕЗУЛТАТИ:

САБОТА, МАШКА УЛИЧНА ТРКА

1.Самуел Санчез (Шпа) 6:23:49

2.Давиде Ребелин (Ита) 6:23:49

3.Фабиан Канцелара (Шва) 6:23:49

4.Александер Колобнев (Рус) 6:23:49

5.Анди Шлек (Лук) 6:23:49

НЕДЕЛА, ЖЕНСКА УЛИЧНА ТРКА

1.Никол Кук (Бри) 3:32:24

2.Ема Јохансон (Шве) 3:32:24

3.Татјана Гудерцо (Ита) 3:32:24

4.Кристијане Зедер (Авт) 3:32:28

5.Линда Вилумсен Серуп (Дан) 3:32:33

ФУДБАЛ - БРАЗИЛ, АРГЕНТИНА И ИТАЛИЈА СО МАКСИМАЛЕН БРОЈ БОДОВИ ПО ДВЕ КОЛА

Роналдињо се "разбуди"

Капитенот на репрезентацијата на Бразил, Роналдињо, одигра одличен меч против селекцијата на Нов Зеланд и со два гола беше најефикасен на средбата. Со ова Роналдињо покажа дека полека се враќа во својата препознатлива форма и до крајот на турнирот мора сериозно да се смета на репрезентацијата на Бразил.

Овој состав воедно го забележа и највисокиот триумф во 2. коло откако против Нов Зеланд само ја потврди разликата во квалитетот, па конечните 5:0 не беа никакво изненадување. Победникот беше решен уште во првото полувреме, а до 60. минута беше и потврдено дека Бразил ќе забележи убедлива победа.

Со ова Бразилците ја наметнаа својата кандидатура за златото бидејќи заедно со Аргентина и Италија сега имаат максимален број бодови по првите две кола.

Иако потешко од очекувањата, сепак, Аргентина одигра според планот и во 2. коло совладувајќи ја Австралија со минимални 1:0. Иако пред мечот прогнозите говореа дека победата ќе биде далеку поголема, сепак, на теренот Австралијците дадоа силен отпор и до крајот се бореа за да израмнат откако во 77 минута го примија единствениот гол кој ги остави без поени на вториот дуел на игрите. Ова, пак, за Аргентина значеше четвртфинале и игра според планот во следниот дел од шампионатот.

Нова убедлива победа забележаа и Италијаните, коишто уште еднаш славеа со 3:0, а овој пат жртва беше Јужна Кореја. Роси, Роки и Монтоливо беа играчите коишто го однесоа својот тим во следната рунда.

И додека во трите групи е с$ речиси јасно околу првото место во групата "Б" САД и Нигерија во меѓусебниот дуел ќе одлучат кој ќе влезе во четвртфиналето како првопласиран. Тие имаат по четири бода откако Нигерија го совлада тимот на Јапонија, а САД иако водеше постојано, на крај само ремизираше со Холандија.

Мажите имаат два дена одмор, по што в среда ги играат следните средби.

Двајца Кинези поцрвенеа

На дуелот меѓу Белгија и Кина одново имаше црвени картони. Меѓутоа, сега не беа кај Белгијците, туку кај нивните противници. Во 53. минута црвен картон му беше доделен на Вангсонг, додека 11 минути подоцна теренот мораше да го напушти и Зи.

Само Норвешка максимално

Во делот на женскиот фудбалски турнир засега нема некои големи изненадувања. Еден од најголемите фаворити за златото, Норвешка е единствениот состав кој има шест поени по две кола, додека во Е и Ф групата работите се комплицирани и по две селекции имаат по четири бода.

РЕЗУЛТАТИ

МАЖИ - 2. КОЛО

ГРУПА А

Аргентина - Австралија 1:0

Лавеци 77'

Србија - Б. С. Коска 2:4

Мрдаковиќ 15', Ракиќ 89' - Сисе 4', Рајковиќ 24' (аг), Калу 70', Гервињо 90'

ТАБЕЛА

1. Аргентина 2 2 0 0 3:1 6

2. Б. С. Коска 2 1 0 1 5:4 3

3. Австралија 2 0 1 1 1:2 1

4. Србија 2 0 1 1 3:5 1

ГРУПА Б

Нигерија - Јапонија 2:1

Обина 58' - Аничебе 74', Тојода 79'

САД - Холандија 2:2

Кјестан 64', Алтидор 72' - Бабел 17', Сибон 90'

ТАБЕЛА

1. САД 2 1 1 0 3:2 4

2. Нигерија 2 1 1 0 2:1 4

3. Холандија 2 0 2 0 2:2 2

4. Јапонија 2 0 0 2 1:3 0

ГРУПА Ц

Нов Зеланд - Бразил 0:5

Андерсон 4', Пато 34', Роналдињо 55', 61' (п), Собис 90'

Белгија - Кина 2:0

Дембеле 8', Миралас 79'

ТАБЕЛА

1. Бразил 2 2 0 0 6:0 6

2. Белгија 2 1 0 1 2:1 3

3. Кина 2 0 1 1 1:3 1

4. Нов Зеланд 2 0 1 1 1:6 1

ГРУПА Д

Камерун - Хондурас 1:0

Мбиа 74'

Италија - Ј. Кореја 3:0

Роси 16', Роки 31', Монтоливо 90'

ТАБЕЛА

1. Италија 2 2 0 0 6:0 6

2. Камерун 2 1 1 0 2:1 4

3. Ј. Кореја 2 0 1 1 1:4 1

4. Хондурас 2 0 0 2 0:4 0

ЖЕНИ - 2. КОЛО

ГРУПА Е

Шведска - Аргентина 1:0

Фишер 57'

Канада - Кина 1:1

Синклер 34' - Ксу 36'

ТАБЕЛА

1. Канада 2 1 1 0 3:2 4

2. Кина 2 1 1 0 3:2 4

3. Шведска 2 1 0 1 2:2 3

4. Аргентина 2 0 0 2 1:3 0

ГРУПА Ф

Нигерија - Германија 0:1

Штегеман 65'

Бразил - С. Кореја 2:1

Даниела 15' - Марта 25', Ри 90'

ТАБЕЛА

1. Бразил 2 1 1 0 2:1 4

2. Германија 2 1 1 0 1:0 4

3. С. Кореја 2 1 0 1 2:2 3

4. Нигерија 2 0 0 2 0:2 0

ГРУПА Г

САД - Јапонија 1:0

Лојд 27'

Нов Зеланд - Норвешка 0:1

Виик 8'

ТАБЕЛА

1. Норвешка 2 2 0 0 3:0 6

2. САД 2 1 0 1 1:2 3

3. Јапонија 2 0 1 1 2:3 1

4. Нов Зеланд 2 0 1 1 2:3 1

ПЛИВАЊЕ - ДВА СВЕТСКИ РЕКОРДА НА ПРВИОТ ДЕН НА ОЛИМПИСКИТЕ ПЛИВАЊА

"Еден од осум" за Фелпс, Рајс пред фаворитките

Првата цел за Мајкл Фелпс е остварена - златен медал и рекорд на 400 метри мешано. Фелпс, кој стана ѕвезда на Игрите пред и да почнат, беше доминантен во својата дисциплина со што го направи првиот чекор кон неговата цел за осум златни медали на Олимпијадата во Пекинг.

Фелпс, кој освои шест злата и две бронзи во Атина пред четири години, го сруши сопствениот олимписки рекорд во квалификациите во саботата, по што во неделата до половина на трката беше блиску до неговиот сонародник Рајан Лохте, но во последните 100 метри Фелпс забрза и победи со време од 4:03.84, далеку подобро од неговиот претходен рекорд од 4:05.25 поставен ова лето.

"Кога се свртив на 150 метри мислев дека сме многу тесно и дека ќе морам да имам одлични последни 200 метри", вели Фелпс.

По победата Американецот најави дека ова е последен пат да плива во 400 мешано, можеби најтешката дисциплина.

"Му кажав на тренерот Боб Боуман дека ова е последна трка на 400 мешано и дека морам да имам добро време", додава Фелпс.

Среброто му припадна на Унгарецот Ласло Чех со време од 4:06.16, што е нов европски рекорд, додека третото место го освои Лохте со 4:05.25.

РАЈС ЈА "СУРЕДИ" ХОФ

Стефани Рајс пред Олимпијадата доби многу внимание како поранешната девојка на фантастичниот Имон Саливен, но сега Австралијката е олимписка шампионка. Рајс го врати светскиот рекорд од Американката Кејти Хоф и ја освои титулата на 400 мешано во своето олимписко деби.

"Што се случува надвор од базенот е само моја работа. Тука го покажав вистинското. Ова го чекам цел мој живот", вели Рајс.

Рајс имаше време од 4:29.45, скоро 2 секунди од рекордот кој Хоф го постави на американските квалификации во јуни. Кирсти Ковентри од Зимбабве исто така беше побрза од тоа време и го освои среброто со 4:29.89, додека фаворитката Хоф мораше да се задоволи со третото место со 4:31.71.

"Не ја гледав Кирсти на другиот крај на базенот, но дадов се од себе. Не се работеше за светскиот рекорд. Ова е Олимпијада и ваква шанса не можеш да добиеш толку често", вели Рајс откако го освои 400. медал за Австралија на Летните олимпијади.

ПАРК СУПЕРИОРЕН НА 400 СЛОБОДНО

Јужнокореецот Тае-Хван Парк го освои златото на 400 метри слободно во неделата завршувајќи ја австралиската доминација во дисциплината. Актуелниот светски шампион во дисциплината имаше време од 3:41.86, пред изненадувањето од Кина, Жанг Лин со 3:42.44 и Американецот Ларсен Џенсен со 3:42.78. Австралискиот ветеран Грент Хакет, кој беше фаворит беше само шести, но изјави дека главниот фокус му е третото по ред злато на 1.500 метри.

ХОЛАНЃАНКИТЕ ЗЛАТНИ, МЕДАЛ И ЗА ДАРА ТОРЕС

Холандскиот квартет Инге Декер, Раноми Кромовиџоџо, Фемке Хемскерк и Марлин Фелдхус скинаа 2 секунди од олимпискиот рекорд на Австралија за да освојат злато на 4х100 метри со време од 3:33.76. Американскиот тим со 41-годишната Дара Торес во последната промена го освои среброто (3:34.33) додека Австралија беше само трета со 3:35.05.

За Торес ова е 10 олимписки медал, но прв од 2000. Американката е прва пливачка која се натпреварува на пет Олимписки игри (од 1984 година).

РЕЗУЛТАТИ (ФИНАЛИЊА):

400 М МЕШАНО (М)

1.Мајкл Фелпс (САД) 4:03.84 СР

2.Ласло Чех (Унг) 4:06.16

3.Рајан Лохте (САД) 4:08.09

4.Алесио Боџато (Ита) 4:12.16

5.Лука Марин (Ита) 4:12.47

400 М СЛОБОДНО (М)

1.Тае-Хван Парк (Кор) 3:41:86

2.Лин Жанг (Кин) 3:42.44

3.Ларсен Џенсен (САД) 3:42.78

4.Питер Вандеркај (САД) 3:43.11

5.Усама Мелули (Тун) 3:43.45

400 М МЕШАНО (Ж)

1.Стефани Рајс (Авс) 4:29.45 СР

2.Кирсти Ковентри (Зим) 4:29.89

3.Кејти Хоф (САД) 4:31.71

4.Елизабет Бајсел (САД) 4:34.24

5.Алесија Филипи (Ита) 4:34.34

4Х100 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Холандија (Декер/Кромовиџоџо/Хемскерк/Фелдхуис) 3:33.76 ОР

2.САД (Кохлин/Нимаер/Џојс/Торес) 3:34.33

3.Австралија (Кемпбел/Милс/Шлангер/Трикет) 3:35.05

4.Кина (Жу/Танг/Ксу/Панг) 3:35.64

5.Германија (Штефен/Фрајтаг/Гоц/Бушулте) 3:36.85

Ковентри останува верна на Зимбабве

Кирсти Ковентри од Зимбабве, која освои сребро на 400 метри мешано во неделата, вели дека никогаш нема да се натпреварува за друга земја. Иако во 2002 доби стипендија за Обурн универзитетот во САД, кој го има еден од најдобрите пливачки тимови во САД, и покрај економските проблеми во Зимбабве, таа нема намера да го следи примерот на многуте африкански спортисти и да го смени државјанството.

"Нема да престанам да ја застапувам мојата земја. Таму сум родена, моите родители се таму и јас одам таму кога можам. Додека можам да пливам, ќе го правам тоа за Зимбаве. Одам дома две недели по Игрите", вели Ковентри.

Американската штафета со рекорд, Фелпс се одмори

Американската машка штафета на 4х100 метри во попладневните квалификации стигна до нов светски рекорд. Нејтан Адријан, Кален Џонс, Бен Вајлдман-Торбринер и Мет Гриверс победија со време од 3:12.23 подобрувајќи го претходниот рекорд од 3:12.46 поставен од САД на Пан-Пацифичките игри во Канада во 2006. САД немаа победа во оваа дисциплина од 1996 година освојувајќи сребро во 2000 и бронза во 2004.

Мајкл Фелпс по утринското злато се квалификуваше само како 4 најбрз на 200 метри слободно. Тој не водеше во својата група и заврши со време од 1:46.48, далеку од неговиот светски рекорд поставен минатата година на СП во Мелбурн.

"Ова беше само загревање за финалето. Се обидувам да сочувам што е повеќе сила", вели Фелпс.

Кирсти Ковентри од Зимбабве беше најбрза во квалификациите на 100 грбно, каде што дури четири пливачки испливаа под 1 минута и го подобрија олимпискиот рекорд.

ВАТЕРПОЛО - БЕЗ ПОГОЛЕМИ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО ПРВОТО КОЛО

Дали мустаќите им помогнаа на Хрватите?

Хрватскиот ватерполо тим верува дека нивните "тимски" мустаќи пуштени посебно за Пекинг ќе се покажат како вистинска среќа на Олимпијадата. Светските шампиони на неделниот натпревар во Италија се појавија со различни форми и должини на мустаќите, и тоа се покажа како вистински рецепт откако со 11:7 ги совладаа Италијанците.

"Тоа е за добра среќа, но не смееме да зборуваме бидејќи е тајна. Можеби работи, како што видовте денеска. С$ почна кога голманот Јосип Павиќ се појави на тренингот со мустаќи. Можеби трениравме премногу и малку полудевме", вели Игор Хиниќ.

Во другите натпревари од Б групата, Србија немаше проблем со Германија совладувајќи ги со 11:7, додека Американците не беа многу убедливи против домаќините Кина и победија со 8:4.

Во најинтересниот дуел од А групата, олимписките шампиони Унгарија во возбудлив меч против европските шампиони Црна Гора одиграа нерешено 10:10, Шпанија ја "прегази" Канада со 16:6, а Австралија изненадувачки со 12:8 ги совладаа Грците.

РЕЗУЛТАТИ:

ГРУПА А

Шпанија - Канада 16:6 (5:2/4:2/3:1/4:1)

Унгарија - Црна Гора 10:10 (3:3/3:1/2:4/2:2)

Австралија - Грција 12:8 (5:5/4:3/2:0/1:0)

ГРУПА Б

Србија - Германија 11:7 (1:3/5:2/2:2/3:0)

Хрватска - Италија 11:7 (3:3/2:0/4:1/2:3)

САД - Кина 8:4 (3:1/1:2/2:1/2:0)

СКОКОВИ ВО ВОДА - ДОМАЌИНИТЕ ГИ САКААТ СИТЕ 8 ЗЛАТА ВО СКОКОВИТЕ

Ву и Гуо ја почнаа кинеската забава

Прво Мајкл Фелпс почна со својот обид да стигне до осум пливачки злата, а потоа Кинезите ја "преземаа" Водената коцка во својот обид до осум злата во скоковите во вода. Гуо Џингџинг и Ву Минксиа победија во женското натпреварување во 3 метри штица синхронизирано во спортот кој донел најмногу олимписки медали за домаќините.

"Не бевме опуштени колку што си мислите. Сите мислат дека само треба да се појавиме да бидеме шампиони, но за овој спорт е потребно многу работа. Тренираме напорно секој ден, а за Олимпијадата од утро до вечер", вели Гуо.

Гуо и Ву, актуелните светски шампиони, ја одбранија титулата од Атина 2004 со 343.50 поени, второто место и среброто го освоија Русинките Јулија Пахалина и Анастасија Поздњакова (323.61), а бронзата германското дуо Дите Коцијан и Хајке Фишер (318.90). Гуо и Ву доминираа во сите пет рунди од натпреварувањето. Со 26 години, Гуо планира да се пензионира по Олимпијадата, а таа е неверојатна ѕвезда во Кина, најмногу поради врската со еден богат бизнисмен од Хонг Конг.

РЕЗУЛТАТИ:

1.Џингџинг Гуо/Минскиа Ву (Кин) 343.50

2.Јулија Пахалина/Анастасија Подзњакова (Рус) 323.61

3.Дите Коцијан/Хајке Фишер (Гер) 318.90

СТАРТ НА КОШАРКАРСКИОТ ТУРНИР СО ИЗВОНРЕДНА ПРЕТСТАВА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН

"Црвената фурија" ги оддува Грците

И репризата им припадна на Шпанците. И тоа повеќе од реприза на последниот натпревар од СП во Јапонија, во која Шпанија ја декласира Грција. Ја победи со 81:66, на крајот и поднослив пораз за селекцијата на Панајотис Јанакис.

Не беа напразно "зборувани" оние големи победи кои актуелниот светски првак ги имаше во периодот на подготовките за Пекинг.

Од другата страна се забележа дека Грците с$ уште се под импресиите на квалификациите во нивната Атина, кога буквално си поиграа со противниците и дојдоа во Кина.

Но наидоа, можеби не на кинескиот, но и оној шпанскиот ѕид беше превисок за некогашниот евро-шампион.

Победникот беше решен на почетокот на третата четвртина кога Шпанците поставија превисока одбрана и дојдоа до плус од 19 поени.

Претходно, шутерски тренинг за три поени на двете страни, кој го прекинаа Шпанците. Токму со зонската поставка во дефанзивата, Шпанија ја направи првата позначајна разлика (36:25) во првото полувреме.

Со двете тројки на Наваро и Калдерон Шпанците се одвоија при резултат (49:31).

"Го прегазивме противникот со нашиот ритам во одбраната во третиот период"- призна Руди Фернандез. "Фативме доста значајни топки и потоа им беше тешко да н$ сопрат. Среќен сум поради победата, особено што е ова почеток, прв натпревар. За два дена н$ чекаат Кинезите и мораме да им се посветиме исклучиво и само на нив"- дополни првиот стрелец на Шпанија.

Грците немаа решенија за зоната, но дури во последните неколку минути "се најдоа" и намалија на минус 12 (44:56)., но тогаш почаа да ги дубат и топките.

Лошиот шут за три поени (само 28%) четата на Јанакис не успеа да го подигне во финалната четвртина. Не само што не спуштија под 10, туку противникот, во 37. минута, дојде до плус од 21 поен (74:53). Грција дојде и на (66:76), на 40 секунди пред крајот, но најмладиот Рики Рубио со тројка од девет метри го "зацементира" одличниот ефект на неговата репрезентација.

Фернандез даде 16, Калдерон 13 поени, а трет со двоен број поени кај Шпанија, беше и Пау Гасол (11 поени и 7 скока).

Кај поразените, Спанулис застана на 15 поени, Дијамантидис имаше 14, а Зисис уште 10 поени.

КИНЕЗИТЕ СЕ ДРЖЕА НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ЧЕТВРТИНА

Американско СТОП за Јао

Само нешто повеќе од една четвртина траеше отпорот на Кина против одмаздничката селекција на САД. И тоа онаа првата кога Јао-Минг и колегите погодуваа за три поени.

Кога се разиграа Леброн Џејмс, и пред с$ Двејн Вејд, с$ почна да се менува во играта на Американците.

На крај, сигурни 101:70 за Американците на затворањето на првиот ден од кошаркарскиот турнир.

Требаше само малку да стегнат во одбраната учениците на Мајк Кжижевски, и тоа на почетокот на третиот период, за с$ да почне да наликува на една добро позната и веќе видена претстава во режија на професионалците од НБА.

Во последниот период Мајкл Ред отвори нова серија, а при резултат 87:54 Јао-Минг ја доби и петтата "лична".

Кај САД ниту еден играч не помина повеќе од 27 минути. Најдобро ги искористи Двејн Вејд, кој за 20 минути даде 19 поени (без утка). Џејма даде 18, а Брајант и Хауард уште по 13.

Јао-Минг дојде до двоен ефект од 13 поени и 10 скока, а солиден беше и Жу Фангжу, кој запиша 11 поени, но и 8 скокови.

ЛИТВАНИЈА СЕ ОДБРАНИ ПРОТИВ АРГЕНТИНА

Клеиза ги лизна "гаучосите"

Откако уништија висока предност од 12 поени во последната четвртина, Литванците за малку ќе загубеа практично "добиена" средба против Аргентина.

Сепак, Линас Клеиза на 2.1 секунда пред крајот погоди за три поени, а Рамунас Шишкаускас даде едно слободно фрлање за големи 79:75, за Литванија против олимпискиот шампион.

Кога Јевтокас положи за 65:53 на шест минути пред крајот, се помисли дека Литванија е победникот на овој натпревар. Посебно што "зелените" имаа одлични 11 поени разлика (75:64), кога останаа да се доиграат само 3:23 минути.

Но Џинобили, односно четирите НБА асови кај Аргентина не би биле тоа што се ако не го "свртат" резултатот и за така кратко време. Комплетираа серија од 11-0 за нерешени 75:75.

Но, токму Џинобили не го искористи последниот напад за Аргентина, и им остави 15 секунди на противниците. Плус преголем простор на Клеиза за три поени кој веднаш казни. Делфино погреши веднаш, а Шишкаускас стави точка на тримфот.

Клеиза беше и прв играч на Литванија со 13 поени (3/3 за три поени во последниот период), Јевтокас даде 12, а по 10 имаат Јасикевичиус и Шишкаускас.

Џинобили остана на 19 поени кај Аргентина, Носиони го следеше со 15, а Делфино со 13. поени.

Сигурен старт на Русите и Германците

Некако најлесен распоред на стартот имаа селекциите на Русија и посебно на Германија.

"Швабите" ја "прегазија" Ангола победувајќи со превисоки 95:66.

А одличен почеток направи НБА тандемот Дирк Новицки-Крис Кејмн.

Новицки забележа ефект од 23 поени и 6 скока, додека, пак, Кејмн за само 18 минути во игра, даде еден поен повеќе, но имаше и два скока и една асистенција.

Двоцифрен број поени дадоа уште и младите Хаман (13) како и Јагла (10).

На другата половина од теренот, одличен Мингас, кој забележа 24 поени, Мораис имаше 14, а Барос уште 10.

Помалку и неочекувано Русија немаше многу проблеми против Иран. Евро-шампионот победи со 71:49. Се загреваа Џ. Р. Холден, кој реализираше 19 поени (плус по 3 скока и асистенции), и Кириленко со 15. поени (5скока), а Завршенко заврши со 11 поени (3 скока и 4. асистенции).

И Хрватска без проблеми ја совлада Австралија (97:82). Една петорка, предводена од Пркачин и Баниќ со по 16. поени, заврши двоцифрена кај "коцкастите" наспроти три на спротивната страна од теренот.

МАЖИ

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Русија - Иран 71:49

Литванија - Аргентина 79:75

Австралија - Хрватска 82:97

ТАБЕЛА

1. Русија 1 1 0 71:49 2

2. Хрватска 1 1 0 97:82 2

3. Литванија 1 1 0 79:75 2

4. Аргентина 1 0 1 75:79 1

5. Австралија 1 0 1 82:97 1

6. Иран 1 0 1 49:71 1

ИДНО КОЛО (12. АВГУСТ)

03.00: Иран - Литванија

05.15: Хрватска - Русија

16.15: Аргентина - Австралија

ГРУПА Б

Германија - Ангола 95:66

Шпанија - Грција 81:66

САД - Кина 101:70

ТАБЕЛА

1. САД 1 1 0 101:70 2

2. Германија 1 1 0 95:66 2

3. Шпанија 1 1 0 81:66 2

4. Грција 1 0 1 66:81 1

5. Ангола 1 0 1 66:95 1

6. Кина 1 0 1 70:101 1

ИДНО КОЛО (12. АВГУСТ)

08.30: Грција - Германија

10.45: Кина - Шпанија

14.00: Ангола - САД

БЕЗ ОСОБЕНИ ИЗНЕНАДУВАЊА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЖЕНСКИОТ ТУРНИР

Американките ја "згазија" Чешка

Плус 40, таков е почетокот на најголемиот фаворит за златниот медал во женското издание на кошаркарскиот турнир.

Селекцијата на САД ја покажа сета своја моќ уште во првиот дуел на Олимпијадата.

Настрада, не по своја вина, селекцијата на Чешка, која Американките ја "прегазија" со 97:57.

Сето друго остана некако во втор план по блескавата партија на Американките.

Диана Тораси беше прв име кај САД со 17 поени (2.скокаи 2. асистенции), Силвија Фаулс дојде до двоен ефект изразен преку 16 поени и 14 скока, додека, пак, Кепи Пондекстер заврши со 12 поени и по 2 скока и 2 асистенции.

Сепак, вредна за помен е и победата на домаќинот Кина против Шпанија (67:64), и онаа на Русија против Летонија (62:57).

Изненадување, ако може така да се каже, е победата на Јужна Кореја против Бразил (68:62) и "тесниот" триумф на Нов Зеланд против нејакиот Мали (76:72).

Улогата на голем фаворит ја оправда и репрезентацијата на Австралија, која без проблеми ја совлада Белорусија (83:64), а првото име на "кенгурките" Лорен Џексон собра дабл-дабл од 18 поени и 10 скока.

ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ГРУПА А

Белорусија - Австралија 64:83

Бразил - Јужна Кореја 62:68

Русија - Летонија 62:57

ТАБЕЛА

1. Австралија 1 1 0 83:64 2

2. Јужна Кореја 1 1 0 68:62 2

3. Русија 1 1 0 62:57 2

4. Летонија 1 0 1 57:62 1

5. Бразил 1 0 1 62:68 1

6. Белорусија 1 0 1 64:83 1

ИДНО КОЛО (ДЕНЕСКА)

08.30: Јужна Кореја - Русија

10.45: Летонија - Белорусија

16.15: Австралија - Бразил

ГРУПА Б

Мали - Нов Зеланд 72:76

Шпанија - Кина 64:67

САД - Чешка 97:57

ТАБЕЛА

1. САД 1 1 0 97:57 2

2. Нов Зеланд 1 1 0 76:72 2

3. Кина 1 1 0 67:64 2

4. Шпанија 1 0 1 64:67 1

5. Мали 1 0 1 72:76 1

6. Чешка 1 0 1 57:97 1

ИДНО КОЛО (ДЕНЕСКА)

03.00: Нов Зеланд - Шпанија

05.15: Чешка - Мали

14.00: Кина - САД

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:34

СТАРТ НА КОШАРКАРСКИОТ ТУРНИР СО ИЗВОНРЕДНА ПРЕТСТАВА НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН

"Црвената фурија" ги оддува Грците

И репризата им припадна на Шпанците. И тоа повеќе од реприза на последниот натпревар од СП во Јапонија, во која Шпанија ја декласира Грција. Ја победи со 81:66, на крајот и поднослив пораз за селекцијата на Панајотис Јанакис.

Не беа напразно "зборувани" оние големи победи кои актуелниот светски првак ги имаше во периодот на подготовките за Пекинг.

Од другата страна се забележа дека Грците с$ уште се под импресиите на квалификациите во нивната Атина, кога буквално си поиграа со противниците и дојдоа во Кина.

Но наидоа, можеби не на кинескиот, но и оној шпанскиот ѕид беше превисок за некогашниот евро-шампион.

Победникот беше решен на почетокот на третата четвртина кога Шпанците поставија превисока одбрана и дојдоа до плус од 19 поени.

Претходно, шутерски тренинг за три поени на двете страни, кој го прекинаа Шпанците. Токму со зонската поставка во дефанзивата, Шпанија ја направи првата позначајна разлика (36:25) во првото полувреме.

Со двете тројки на Наваро и Калдерон Шпанците се одвоија при резултат (49:31).

"Го прегазивме противникот со нашиот ритам во одбраната во третиот период"- призна Руди Фернандез. "Фативме доста значајни топки и потоа им беше тешко да н$ сопрат. Среќен сум поради победата, особено што е ова почеток, прв натпревар. За два дена н$ чекаат Кинезите и мораме да им се посветиме исклучиво и само на нив"- дополни првиот стрелец на Шпанија.

Грците немаа решенија за зоната, но дури во последните неколку минути "се најдоа" и намалија на минус 12 (44:56)., но тогаш почаа да ги дубат и топките.

Лошиот шут за три поени (само 28%) четата на Јанакис не успеа да го подигне во финалната четвртина. Не само што не спуштија под 10, туку противникот, во 37. минута, дојде до плус од 21 поен (74:53). Грција дојде и на (66:76), на 40 секунди пред крајот, но најмладиот Рики Рубио со тројка од девет метри го "зацементира" одличниот ефект на неговата репрезентација.

Фернандез даде 16, Калдерон 13 поени, а трет со двоен број поени кај Шпанија, беше и Пау Гасол (11 поени и 7 скока).

Кај поразените, Спанулис застана на 15 поени, Дијамантидис имаше 14, а Зисис уште 10 поени.

КИНЕЗИТЕ СЕ ДРЖЕА НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ЧЕТВРТИНА

Американско СТОП за Јао

Само нешто повеќе од една четвртина траеше отпорот на Кина против одмаздничката селекција на САД. И тоа онаа првата кога Јао-Минг и колегите погодуваа за три поени.

Кога се разиграа Леброн Џејмс, и пред с$ Двејн Вејд, с$ почна да се менува во играта на Американците.

На крај, сигурни 101:70 за Американците на затворањето на првиот ден од кошаркарскиот турнир.

Требаше само малку да стегнат во одбраната учениците на Мајк Кжижевски, и тоа на почетокот на третиот период, за с$ да почне да наликува на една добро позната и веќе видена претстава во режија на професионалците од НБА.

Во последниот период Мајкл Ред отвори нова серија, а при резултат 87:54 Јао-Минг ја доби и петтата "лична".

Кај САД ниту еден играч не помина повеќе од 27 минути. Најдобро ги искористи Двејн Вејд, кој за 20 минути даде 19 поени (без утка). Џејма даде 18, а Брајант и Хауард уште по 13.

Јао-Минг дојде до двоен ефект од 13 поени и 10 скока, а солиден беше и Жу Фангжу, кој запиша 11 поени, но и 8 скокови.

ЛИТВАНИЈА СЕ ОДБРАНИ ПРОТИВ АРГЕНТИНА

Клеиза ги лизна "гаучосите"

Откако уништија висока предност од 12 поени во последната четвртина, Литванците за малку ќе загубеа практично "добиена" средба против Аргентина.

Сепак, Линас Клеиза на 2.1 секунда пред крајот погоди за три поени, а Рамунас Шишкаускас даде едно слободно фрлање за големи 79:75, за Литванија против олимпискиот шампион.

Кога Јевтокас положи за 65:53 на шест минути пред крајот, се помисли дека Литванија е победникот на овој натпревар. Посебно што "зелените" имаа одлични 11 поени разлика (75:64), кога останаа да се доиграат само 3:23 минути.

Но Џинобили, односно четирите НБА асови кај Аргентина не би биле тоа што се ако не го "свртат" резултатот и за така кратко време. Комплетираа серија од 11-0 за нерешени 75:75.

Но, токму Џинобили не го искористи последниот напад за Аргентина, и им остави 15 секунди на противниците. Плус преголем простор на Клеиза за три поени кој веднаш казни. Делфино погреши веднаш, а Шишкаускас стави точка на тримфот.

Клеиза беше и прв играч на Литванија со 13 поени (3/3 за три поени во последниот период), Јевтокас даде 12, а по 10 имаат Јасикевичиус и Шишкаускас.

Џинобили остана на 19 поени кај Аргентина, Носиони го следеше со 15, а Делфино со 13. поени.

Сигурен старт на Русите и Германците

Некако најлесен распоред на стартот имаа селекциите на Русија и посебно на Германија.

"Швабите" ја "прегазија" Ангола победувајќи со превисоки 95:66.

А одличен почеток направи НБА тандемот Дирк Новицки-Крис Кејмн.

Новицки забележа ефект од 23 поени и 6 скока, додека, пак, Кејмн за само 18 минути во игра, даде еден поен повеќе, но имаше и два скока и една асистенција.

Двоцифрен број поени дадоа уште и младите Хаман (13) како и Јагла (10).

На другата половина од теренот, одличен Мингас, кој забележа 24 поени, Мораис имаше 14, а Барос уште 10.

Помалку и неочекувано Русија немаше многу проблеми против Иран. Евро-шампионот победи со 71:49. Се загреваа Џ. Р. Холден, кој реализираше 19 поени (плус по 3 скока и асистенции), и Кириленко со 15. поени (5скока), а Завршенко заврши со 11 поени (3 скока и 4. асистенции).

И Хрватска без проблеми ја совлада Австралија (97:82). Една петорка, предводена од Пркачин и Баниќ со по 16. поени, заврши двоцифрена кај "коцкастите" наспроти три на спротивната страна од теренот.

МАЖИ

ГРУПА А

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Русија - Иран 71:49

Литванија - Аргентина 79:75

Австралија - Хрватска 82:97

ТАБЕЛА

1. Русија 1 1 0 71:49 2

2. Хрватска 1 1 0 97:82 2

3. Литванија 1 1 0 79:75 2

4. Аргентина 1 0 1 75:79 1

5. Австралија 1 0 1 82:97 1

6. Иран 1 0 1 49:71 1

ИДНО КОЛО (12. АВГУСТ)

03.00: Иран - Литванија

05.15: Хрватска - Русија

16.15: Аргентина - Австралија

ГРУПА Б

Германија - Ангола 95:66

Шпанија - Грција 81:66

САД - Кина 101:70

ТАБЕЛА

1. САД 1 1 0 101:70 2

2. Германија 1 1 0 95:66 2

3. Шпанија 1 1 0 81:66 2

4. Грција 1 0 1 66:81 1

5. Ангола 1 0 1 66:95 1

6. Кина 1 0 1 70:101 1

ИДНО КОЛО (12. АВГУСТ)

08.30: Грција - Германија

10.45: Кина - Шпанија

14.00: Ангола - САД

БЕЗ ОСОБЕНИ ИЗНЕНАДУВАЊА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЖЕНСКИОТ ТУРНИР

Американките ја "згазија" Чешка

Плус 40, таков е почетокот на најголемиот фаворит за златниот медал во женското издание на кошаркарскиот турнир.

Селекцијата на САД ја покажа сета своја моќ уште во првиот дуел на Олимпијадата.

Настрада, не по своја вина, селекцијата на Чешка, која Американките ја "прегазија" со 97:57.

Сето друго остана некако во втор план по блескавата партија на Американките.

Диана Тораси беше прв име кај САД со 17 поени (2.скокаи 2. асистенции), Силвија Фаулс дојде до двоен ефект изразен преку 16 поени и 14 скока, додека, пак, Кепи Пондекстер заврши со 12 поени и по 2 скока и 2 асистенции.

Сепак, вредна за помен е и победата на домаќинот Кина против Шпанија (67:64), и онаа на Русија против Летонија (62:57).

Изненадување, ако може така да се каже, е победата на Јужна Кореја против Бразил (68:62) и "тесниот" триумф на Нов Зеланд против нејакиот Мали (76:72).

Улогата на голем фаворит ја оправда и репрезентацијата на Австралија, која без проблеми ја совлада Белорусија (83:64), а првото име на "кенгурките" Лорен Џексон собра дабл-дабл од 18 поени и 10 скока.

ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

ГРУПА А

Белорусија - Австралија 64:83

Бразил - Јужна Кореја 62:68

Русија - Летонија 62:57

ТАБЕЛА

1. Австралија 1 1 0 83:64 2

2. Јужна Кореја 1 1 0 68:62 2

3. Русија 1 1 0 62:57 2

4. Летонија 1 0 1 57:62 1

5. Бразил 1 0 1 62:68 1

6. Белорусија 1 0 1 64:83 1

ИДНО КОЛО (ДЕНЕСКА)

08.30: Јужна Кореја - Русија

10.45: Летонија - Белорусија

16.15: Австралија - Бразил

ГРУПА Б

Мали - Нов Зеланд 72:76

Шпанија - Кина 64:67

САД - Чешка 97:57

ТАБЕЛА

1. САД 1 1 0 97:57 2

2. Нов Зеланд 1 1 0 76:72 2

3. Кина 1 1 0 67:64 2

4. Шпанија 1 0 1 64:67 1

5. Мали 1 0 1 72:76 1

6. Чешка 1 0 1 57:97 1

ИДНО КОЛО (ДЕНЕСКА)

03.00: Нов Зеланд - Шпанија

05.15: Чешка - Мали

14.00: Кина - САД

 

ОЛИМПИСКИОТ ШАМПИОН ОД АТИНА ПОЧНА СО ПОБЕДА ВО ПЕКИНГ

Шпанците без одговор за Хрватска

Освојувачот на златниот медал од игрите пред четири години, Хрватска ја почна одбраната на титулата со победа во дуелот со Шпанија од 31:29, но во натпревар во кој имаше многу проблеми и повреда кај најдобриот ракометар.

Хрватите наметнаа свое темпо уште на стартот на средбата. Многу брзо покажаа дека се решени игрите да ги почнат со победа и на средина на првиот дел веќе водеа со 9:5. Иако Шпанците се обидуваа да направат с$ за да се вратат и да фатат приклучок, сепак, не успеваа, а голманите Хомбрадос и Баруфет беа далеку од нивото на кое сме навикнати да ги гледаме. Заедно имаа само шест одбрани на крајот на средбата, што секако е една од причините за поразот на крајот.

Падот во играта на Хрватска се случи откако теренот го напушти Ивано Балиќ. Тој заработи повреда на ногата и поради тоа мораше да ја напушти играта. Тоа значеше и целосно менување на концепцијата во играта на селекцијата на Хрватска, така што без Балиќ беше далеку потешко во нападот. Сепак, го имаа Дувњак, кој ја презема одговорноста во свои раце и до крајот на првиот дел одново се дојде до пет гола позитива, 16:11.

Второто полувреме мина во израмнета игра. Шпанците одново се обидоа да намалат, но немаа доволно сили за да успеат порано да стигнат до нерешен резултат и да влезат во финишот со поголеми шанси. Тоа го направија во 51. минута при 26:26. Дури успеаја и да поведат потоа, но како да застанаа, па дозволија Хрватска да се врати во игра и до крајот на мечот да добие шанса за победа. Херојот се вика Домагој Дувњак бидејќи неговиот гол на 50 секунди до крај го реши победникот.

Со победа од стартот може да се пофалат уште два фаворити од групата "А". Полска немаше никаков проблем со Кина и забележа убедлива победа, додека Франција одигра смирен меч со Бразил. Во другата група единствено Германија одигра според планот во однос на бодовите. Ја совлада Кореја, но со многу проблеми.

Изненадувања се случија на другите две средби. Бронзените од Атина, Русите ја почувствуваа силата на Исланд и беа немоќни за да дојдат до триумф на својот прв настап на игрите. Русија загуби со 33:31. Европскиот првак, Данска играше со шампионот на Африка, Египет. По многу борба во меч со малку голови двете селекции ремизираа со 23:23.

"КОЦКАСТИТЕ" ОСТАНАА БЕЗ НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ

Балиќ не игра на три средби

Репрезентативците на Хрватска ќе мора да играат три средби без својот најдобар ракометар. Ивано Балиќ во 23. минута од дуелот против Шпанија мораше да го напушти теренот, а причината е во повредата на мускулот на ногата во пределот на листот,.

"Почувствував силна болка, како некој да ме пресече со нож. Не можев да продолжам, но се надевам дека многу брзо ќе се вратам назад", вели Балиќ.

Информациите од докторите говорат дека тој нема да може да игра на следните три средби, но дека би требало да биде подготвен за последниот дуел од разигрувањето по групи, а потоа и за четвртфиналето.

ГРУПА "А"

ХРВАТСКА 31 (16)

ШПАНИЈА 29 (11)

Хрватска: Алиловиќ (12 одб.), Лацковиќ 5, Џомба 5...

Шпанија: Хомбрадос (5 одб.), Гарсиа 8, Рокас 6...

ФРАНЦИЈА 34 (19)

БРАЗИЛ 26 (11)

Франција: Карабуе (8 одб.), Жиро 7, Карабатиќ 5...

Бразил: Сантос (9 одб.), Ертел 5, Оливеира 4...

ПОЛСКА 33 (21)

КИНА 19 (10)

Полска: Сцмал (13 одб.), Јурасик 8, Јахлевски 5...

Кина: Л. Ванг (10 одб.), Л. Циу 3, К. Ванг 3...

ГРУПА "Б"

РУСИЈА 31 (16)

ИСЛАНД 33 (19)

Русија: Грамс (8 одб.), Игропуло 9, Черноиванов 5...

Исланд: Густавсон (8 одб.), Гудјонсон 12, Атласон 6...

ГЕРМАНИЈА 27 (10)

КОРЕЈА 23 (13)

Германија: Битер (15 одб.), Крауз 7, Гландорф 4...

Кореја: И. Канг (11 одб.), Ч. Чо 7, Ј. Јеонг 4...

ДАНСКА 23 (11)

ЕГИПЕТ 23 (10)

Данска: Хвидт (8 одб.), Кристиансен 6, Јенсен 4...

Египет: Накиб (17 одб.), Ел Ахмар 8, Заки 5...

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА "А"

1. КОЛО

Хрватска - Шпанија 31:29 (16:11)

Франција - Бразил 34:26 (19:11)

Полска - Кина 33:19 (21:10)

2. КОЛО (12.08.2008)

03:00 Бразил - Хрватска

08:00 Кина - Франција

09:45 Шпанија - Полска

3. КОЛО (14.08.2008)

04:45 Полска - Бразил

09:45 Кина - Шпанија

14:45 Франција - Хрватска

4. КОЛО (16.08.2008)

03:00 Бразил - Кина

08:00 Франција - Шпанија

13:00 Хрватска - Полска

5. КОЛО (18.08.2008)

04:45 Шпанија - Бразил

09:45 Хрватска - Кина

14:45 Полска - Франција

ГРУПА "Б"

1. КОЛО

Русија - Исланд 31:33 (16:19)

Германија - Кореја 27:23 (10:13)

Данска - Египет 23:23 (11:10)

2. КОЛО (12.08.2008)

04:45 Египет - Русија

13:00 Кореја - Данска

14:45 Исланд - Германија

3. КОЛО (14.08.2008)

03:00 Германија - Египет

08:00 Кореја - Исланд

13:00 Данска - Русија

4. КОЛО (16.08.2008)

04:45 Египет - Кореја

09:45 Русија - Германија

14:45 Данска - Исланд

5. КОЛО (18.08.2008)

03:00 Исланд - Египет

08:00 Русија - Кореја

13:00 Германија - Данска

ВО НАЈВОЗБУДЛИВИОТ ДУЕЛ КАЈ ДАМИТЕ, СВЕТСКИОТ ПРВАК ЕДВАЈ СПАСИ РЕМИ

Русија разочара во финишот

Репрезентативките на Русија, кои се актуелни светски шампионки, не одиграа како што се очекуваше во првиот меч на Олимпијадата. Поточно не одиграа во последните 15 минути од дуелот против Кореја и не знаеја како да зачуваат дури девет гола позитива.

Русинките одиграа едно просечно прво полувреме. Кореја е квалитетен тим и поради тоа не можеше лесно да се скрши отпорот. Се играше добро од двете страни и на полувреме се замина со резултат од 16:13. Очекувањата беа дека и во вториот дел ќе се игра во ист ритам и нема да има големи осцилации.

Меѓутоа, текот на настаните донесе нешто сосема друго. Русија излезе на теренот решена с$ да одлучи уште на стартот и по само неколку минути предноста беше многу поголема. Постојано водството се зголемуваше, а Корејките никако не успеваа да надоместат и да дојдат до пристојна негатива. Во 43. минута на семафорот стоеше резултат од 26:17 во корист на Русија и практично од тој момент почна прославата на првата победа на игрите.

И тогаш на сцена стапија Корејките. Ја казнуваа секоја грешка на противникот, го доведуваа до лудило нападот на Русија, па дури се утнуваа и седмерци, па со серија од 9:0 во 53 минута резултатот беше нерешен. Русинките не можеа да постигнат гол повеќе од 11 минути, па тоа им се одрази на крајот на резулатот.

Сепак, имаше нова шанса. Одново беа направени два гола позитива и на три минути до крајот резултатот беше 29:27. С$ што беше потребно беше уште само еден гол, кој никако не можеше да се постигне. Со тоа Кореја искористи шанса за да дојде до нерешено, а немаше време за да се обиде и да ги освои сите бодови од овој меч.

Ова беше единственото изненадување на стартот бидејќи Франција, Романија, Германија, Норвешка и Унгарија, како што се очекуваше стартуваа со победа.

Три гола од Аморим

Ракометарката на Кометал Ѓ. Петров, Едуарда Аморим играше само 11 минути на средбата против Германија во која Бразил загуби со 24:22. За тоа време упати вкупно шест шута, а трипати ја погоди целта со што беше трет стрелец во репрезентацијата.

ГРУПА "А"

ФРАНЦИЈА 32 (13)

АНГОЛА 21 (14)

Франција: Лејно (10 одб.), Хербрехт 8, Тункара 4...

Ангола: Педро (13 одб.), Бенгу 5, Алмеида 5...

РОМАНИЈА 31 (13)

КАЗАХСТАН 19 (10)

Романија: Дину (9 одб.), Елисеи 6, Амареи 4...

Казахстан: Парфенова (2 одб.), Ајидерскаја 10...

НОРВЕШКА 30 (13)

КИНА 23 (12)

Норвешка: Харалдсен (15 одб.), Хамерсенг 7, Јохансен 4...

Кина: Г. Лиу (5 одб.), В. Ли 8, Ш. Ванг 5...

ГРУПА "Б"

УНГАРИЈА 30 (15)

ШВЕДСКА 24 (14)

Унгарија: Палингер (15 одб.), Фертен 7, Горбич...

Шведска: Бенгстон (8 одб.), Ислас 6, Торстенсон 5...

РУСИЈА 29 (16)

КОРЕЈА 29 (13)

Русија: Сидорова (16 одб.), Мареникова 6, Кареева 5...

Кореја: Ј. Ох (5 одб.), О. Ким 7, К. Хонг 5...

ГЕРМАНИЈА 24 (11)

БРАЗИЛ 22 (12)

Германија: Волтеринг (11 одб.), Краузе 6, Јурак 4...

Бразил: Масон (13 одб.), Сантос 6, Насцименто 4...

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЖЕНИ

ГРУПА "А"

1. КОЛО

Франција - Ангола 32:21 (13:14)

Романија - Казахстан 31:19 (13:10)

Норвешка - Кина 30:23 (13:12)

2. КОЛО (11.08.2008)

03:00 Казахстан - Франција

08:00 Ангола - Норвешка

13:00 Кина - Романија

3. КОЛО (13.08.2008)

04:45 Романија - Франција

09:45 Кина - Ангола

13:00 Норвешка - Казахстан

4. КОЛО (15.08.2008)

03:00 Казахстан - Кина

09:45 Романија - Ангола

13:00 Франција - Норвешка

5. КОЛО (17.08.2008)

04:45 Ангола - Казахстан

08:00 Норвешка - Романија

09:45 Франција - Кина

ГРУПА "Б"

1. КОЛО

Унгарија - Шведска 30:24 (15:14)

Русија - Кореја 29:29 (16:13)

Германија - Бразил 24:22 (11:12)

2. КОЛО (11.08.2008)

04:45 Бразил - Унгарија

09:45 Кореја - Германија

14:45 Шведска - Русија

3. КОЛО (13.08.2008)

03:00 Русија - Бразил

08:00 Кореја - Шведска

14:45 Германија - Унгарија

4. КОЛО (15.08.2008)

04:45 Бразил - Кореја

08:00 Германија - Шведска

14:45 Унгарија - Русија

5. КОЛО (17.08.2008)

03:00 Шведска - Бразил

13:00 Русија - Германија

14:45 Унгарија - Кореја

ФАВОРИТИТЕ БЕЗ ПРОБЛЕМИ НА ОТВОРАЊЕТО НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО ПО ГРУПИ НА ОИ

Самба во Капитал стадион

Актуелниот носител на олимпиското злато, Бразил, на одличен начин ја почна одбраната на тронот, откако во првото коло од разигрувањето во групата "Б" со 3:0 ја порази селекцијата на Египет. "Караоките" доминираа во текот на целиот натпревар и немаа проблеми со репрезентативците на Египет.

Полска и покрај максималната победа од 3:0 во сетови се намачи во средбата со Германија. Полјаците имаа сигурен старт и по водството од 1:0 имаа и сет- топка во продолжението, 24:21, која не само што не ја искористија туку и му дозволија на противникот да изедначи 25:25 по што следеше игра поен за поен. Маратонскиот сет заврши со резултат 33:31 во корист на Полска. Поучени од грешката во претходниот сет во продолжението полските одбојкари ја презедоа иницијативата и концентрирано го завршија мечот во своја корист.

Во оваа група силите ги одмерија и Србија и освојувачот на бронзата во Атина, Русија, дуел во кој "Зборнајата" направи комплетен пресврт и со 3:1 дојде до првата победа на Олимпијадата. Србите имаа одличен старт, особено со непробојниот троен блок на мрежата и силниот сервис, што им донесе предност од 1:0. Но во продолжението Русите ја сменија тактиката, наметнаа свое темпо и ги покажаа своите квалитети. Српските одбојкари кои како да попуштија под притисокот на противникот последниот сет го загубија со убедливи 25:14.

Во групата "А" на првиот натпреварувачки ден Италија и Бугарија имаа проблеми со азиските тимови Јапонија, односно Кина, но и двата тима успеаја да ги совладаат со идентични 3:1 во сетови.

Венецуела му приреди непријатно изненадување на освојувачот на Светската лига 2008, САД, која "падна" дури во тајм- брејкот. Американците имаа предност од 2:0 во сетови, но како пред време да се опуштија со што му дозволија на венецуелскиот состав да намали на 2:1, а подоцна и да се избори за петти сет. Селекцијата на САД успеа да се консолидира во финишот и со 15:10 да го заврши натпреварот.

Мажите денеска имаат слободен ден, а во вторник ги очекува второто коло од натпреварувањето по групи и новите противници.

РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО:

ГРУПА "А":

Италија - Јапонија 3:1

(25:19, 25:18, 23:25, 25:17)

САД - Венецуела 3:2

(25:18, 25:18, 22:25, 21:25, 15:10)

Бугарија - Кина 3:1

(25:20, 25:21, 26:28, 25:19)

ТАБЕЛА:

1. Италија 1 1 0 3:1 2

2. Бугарија 1 1 0 3:1 2

3. САД 1 1 0 3:2 2

4. Венецуела 1 0 1 2:3 1

5. Кина 1 0 1 1:3 1

6. Јапонија 1 0 1 1:3 1

ГРУПА "Б":

Србија - Русија 1:3

(25:20, 21:25, 22:25, 14:25)

Бразил - Египет 3:0

(25:19, 25:15, 25:18)

Полска - Германија 3:0

(25:17, 33:31, 25:20)

ТАБЕЛА:

1. Бразил 1 1 0 3:0 2

2. Полска 1 1 0 3:0 2

3. Русија 1 1 0 3:1 2

4. Србија 1 0 1 1:3 1

5. Египет 1 0 1 0:3 1

6. Германија 1 0 1 0:3 1

ОДБОЈКА НА ПЕСОК (М)

РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО:

ГРУПА "А":

Кси/Ву (КИН) - Гош/Хортс (АВТ) 2:0

Херера/Меса (ШПА) - Каис/Весик (ЕСТ) 2:0

ГРУПА "Б":

Риџерс/Далхаусер (САД) - Самоиловс/Плавинс (ЛЕТ) 0:2

Хејер/Хеушер (ШВА) - Конде/Баракети (АРГ) 2:0

ГРУПА "Ц":

Шахт/Слак (АВТ) - Геор/Гиа (ГРУ) 2:0

Рикардо/Емануел (БРА) - Фернандез/Мораиш (АНГ) 2:0

ГРУПА "Д":

Марцио Араујо/Фабио Луиз (БРА) - Лионе/Аморе (ИТА) 2:0

Барсок/Колодински (РУС) - Допер/Гертмајер (АВТ) 1:2

ГРУПА "Е":

Нумердор/Шуил (ХОЛ) - Лацига/Шнидер (ШВЕ) 2:0

Клемперер/Коренг (ГЕР) - Кемпедур/Скарлунд (НОР) 2:1

ГРУПА "Ф":

Бринк/Дикман (ГЕР) - Асахи/Ширатори (ЈАП) 2:0

Гиб/Росентхал (САД) - Берсма/Ронес (ХОЛ) 2:0

ПРВО КОЛО ОД РАЗИГРУВАЊЕТО ПО ГРУПИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ (Ж)

"Аѕурките" лесно преку Русија

Репрезентацијата на Италија имаше одличен прв натпреварувачки ден од разигрувањето во "Б" групата во борбата за олимпиското злато откако на стартот со 3:1 во сетови ја совлада селекцијата на актуелниот светски првак и олимпискиот вицешампион, Русија. "Аѕурките" освен во вториот сет, кога имаа пад на концентрацијата и го загубија со убедливи 25:17, во останатите три сета доминираа на теренот во салата на Институтот за технологија во Пекинг. Италија го освои првиот сет со 25:20, за во продолжението Русинките да се вратат во игра изедначувајќи на 1:1. Италијанките прикажа одлична игра во третиот сет и со високи 25:16 дојдоа до водство од 2:1. "Зборнајата" се трудеше да го возврати ударот во последниот сет, но противникот со многу внимателна игра го доби четвртиот сет со 25:23 за конечни 3:1.

Во групата "Б" се сретнаа и дебитантите на ОИ, Србија и Казахстан, каде фаворитот дојде до победа од 3:1. По освојувањето на првите два сета, Србинките имаа "кикс" во третиот и го загубија со минимални 25:23. Сепак, ја поправија играта во финишот на мечот, но откако направија висока предност од 24:14, се опуштија и пропуштија седум сет- меч топки, за на крајот со 25:21 да дојдат до победа од 3:1.

Од оваа група најлесна задача имаше освојувачот на Светскиот гран при, Бразил, кој како на тренинг со максимални 3:0 го порази аутсајдерот Алжир.

Во групата "А" лесен предизвик имаше и бранителот на олимпиското злато, домаќинот Кина, која со 3:0 славеше во натпреварот со Венецуела. Полска загуби од Куба со 3:1. Репрезентативките на Полска имаа солиден старт, доаѓајќи до водство од 1:0, за во продолжението Куба да направи комплетен пресврт на резултатот и со 3:1 да го заврши дуелот во своја полза. Јапонија и САД го затворија првиот натпреварувачки ден со интересна средба која со 3:1 ја добија Американките.

Денеска на програмата се натпреварите од второто коло каде во групата "А" се среќаваат САД и Куба, организаторот Кина и Полска, како и Јапонија со Венецуела, додека во "Б" групата дуелите ќе ги отворат Алжир и Србија, Италијанките го пречекуваат Казахстан, додека меч кој ќе го привлече вниманието и би требало да донесе многу возбудувања и неизвесност е дуелот Бразил- Русија.

РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО:

ГРУПА "А":

Полска - Куба 1:3

(25:21, 17:25, 20:25, 17:25)

Венецуела - Кина 0:3

(13:25, 13:25, 18:25)

Јапонија - САД 1:3

(20:25, 25:20, 19:25, 21:25)

ТАБЕЛА:

1. Кина 1 1 0 3:0 2

2. Куба 1 1 0 3:1 2

3. САД 1 1 0 3:1 2

4. Јапонија 1 0 1 1:3 1

5. Полска 1 0 1 1:3 1

6. Венецуела 1 0 1 0:3 1

ГРУПА "Б":

Италија - Русија 3:1

(25:20, 17:25, 25:16, 25:23)

Србија - Казахстан 3:1

(25:21, 25:17, 23:25, 25:21)

Алжир - Бразил 0:3

(11:25, 11:25, 10:25)

ТАБЕЛА:

1. Бразил 1 1 0 3:0 2

2. Србија 1 1 0 3:1 2

3. Италија 1 1 0 3:1 2

4. Русија 1 0 1 1:3 1

5. Казахстан 1 0 1 1:3 1

6. Алжир 1 0 1 0:3 1

РАСПОРЕД - 2. КОЛО:

ГРУПА "А":

06:35ч. САД - Куба

14:00ч. Кина - Полска

16:00ч. Јапонија - Венецуела

ГРУПА "Б":

04:00ч. Алжир - Србија

06:00ч. Казахстан - Италија

08:30ч. Бразил - Русија

ОДБОЈКА НА ПЕСОК (Ж)

РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО:

ГРУПА "А":

Тиан Џиа/Ванг (КИН) - Кун/Швер (ШВЕ) 2:0

Масеиде/Глеснес (НОР) - Ван Бредам/Моха (БЕЛ) 2:0

ГРУПА "Б":

Волш- Мај/Тренор (САД) - Тери Саики/Кусухара (ЈАП) 2:0

Нила/Ингрид (НОР) - Грасет/Пераза (КУБ) 0:2

ГРУПА "Ц":

Ана Паула/Лариса (БРА) - Сака/Ртвело (ГРУ) 2:1

Барнет/Кук (АВТ) - Урјадова/Ширјаева (РУС) 2:1

ГРУПА "Д":

Голер/Лудвиг (ГЕР) - Аугустидес/Нел (ЈАР) 2:0

Ксуе/Жанг Кси (КИН) - Кутроманиду/Цирциани (ГРЦ) 2:1

ГРУПА "Е":

Пол/Рау (ГЕР) - Рибалта/ М. Креспо (КУБ) 2:0

Бранаг/Јангс (САД) - Кадик/Морен (ХОЛ) 2:0

ГРУПА "Ф":

Талита/Рената (БРА) - Канделас/Гарсиа (МЕК) 2:1

Карантасиу/Арванити (ГРЦ) - Шваигер/Швајгер (АВТ) 0:2

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
WhizKid Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 13.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 82
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај WhizKid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 23:00
Луѓе ако може да давате линкови од видеа од свеченото отварање.
Отварањето не го гледав бидејќи бев на семинар каде немаше телевизија, а ни дома немаше никој.
Кога семинарот заврши, барав на Youtube ама се што било постирано избришале поради „пиратерија„
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 23:02
епа поради тоа ни ние не можеме да најдеме...
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.