IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8687888990 157>
Автор
Порака
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 00:25
ribiголема насмевка
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 00:30


Ееее се наредијаголема насмевка

Ај барајте си што ве интересира тука:

Близнаци

Риби

....и така натаму голема насмевка




Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 00:32
Јееееее....големо гушкање
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 00:47
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Шаци, ела да читаш трепкање

Општи карактеристики

Биковите се најчесто стабилни личности, кои секогаш се трудат да останат во допир со реалноста. И покрај нивната тенденција кон тврдоглаво однесување, овие луѓе знаат да бидат лојални, нежни и посветени љубовни партнери.

Бикот е првиот од земјените знаци, па токму тој е и најприземен во однос на другите два. Овие луѓе го ценат сето она кое можат да го почувствуваат со нивните сетила. Поради тоа, тие обожаваат да јадат вкусна храна, да слушаат добра музика, да помирисуваат убави парфеми и на себе да облекуваат облека од скапи ткаенини. да Венера, планетата на љубовта, која управува со бикот, му дава една сензуална и природна убавина.

Карактеристики на женските бикови

Тие се способни и трудољубиви индивидуалисти, на кои им се случува брзо да го изгубат трпението, па поради тоа се маркирани како избувливи жени.

- Со ова баш и не се согласувам, мислам дека сум и премногу трпелива далеку од тоа дека брзо го губам трпението и избувнувам. Да, знаеме да избувнеме, но кога ќе ни дојде преку глава, кога ќе ни прекипе.

Ја обожава музиката и сака да танцувасреќа

Тие имаат голема наклонетост кон музиката, така што не е невообичаено да видите некој бик да ужива во слушање и создавање музика. Овој знак исто така, многу сака да танцува, но повеќето бикови се срамежливи за да отидат да поиграат на подиумот. Покрај музиката, бикот може да го интересираат и други видови уметност, благодарение на неговата артистичка природа и љубов кон естетиката.

Тврдоглавоста на бикот

Бикот знае да биде многу своеглав и инаетлив. Може да поминат месеци, па дури и години додека тој го промени мислењето по некое прашање, кое еднаш го оформил. Промените не се лесна работа за луѓето со овој хороскопски знак. Поточно кажано, тие ги презираат промените во животот од каков било вид.да од збор до збор точно

Пронаоѓа задоволство во материјалниот свет

Бидејќи бикот  чувствува со сите свои сетила, не е невообичаено за припадниците на овој знак да инвестираат во разни модни додатоци и други статусни симболи, како на пример скап пар очила за сонце.  Баш за очила не, но се наоѓа по нешто другоголема насмевка

Бикот во љубовните врски

Тој е многу искрен, лојален и предан партнер, кој обожава да се гушка и да се бакнува со својот љубен/а. Претставниците на овој знак се фокусирани на нивната љубовна врска и тие воопшто не се плашат да се „врзат“. Всушност, тие најбезбедно се чувствуваат во длабока и сериозна врска. голема насмевка

Кога еднаш ќе се зближат со нивниот партнер, на биковите им е многу тешко да се разделат од него. Раскинувањата можат буквално да го растројат бикот. Ним им е многу тешко да иницираат прекин на врската. трепкање

Голем естетичар

И машките и женските претставници на овој знак ги привлекуваат убави луѓе и убави опкружувања. Физичката привлечност игра голема улога кај овој знак, пред да стапат во љубовна врска со некоја личност. / Игра голема улога, но сепак има и други критериуми кои се пресудни.да

Секогаш ја завршува започната работа

тие знаат како да ја завршат започнатата работа. Овие луѓе не се многу брзи додека работат, но тие со сигурност ќе ја завршат квалитетно, внимателно, целосно и темелно секоја задача која стои пред нив. да



големо гушкање кај го изнајде?
Во глобала би се согласила со напишаното, одличен обемен опис. да

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
playtoy Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Мај.2012
Статус: Офлајн
Поени: 44
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај playtoy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 21:30
pa bi sakala i nesto za rakovite ako moze :)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2012 во 12:38

КАКВИ СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ?!


Овен – Проклети гадови секогаш мора да бидат шефови и главни во се.Причината најверојатно е во малиот пенис или мали цицки.

Бик - Самозадоволни, ќутливи сероњи, досадни како клуб фалителиста

Близнаци – Главни оговарачи и трач баби,издаици и превртливи со двострани намери кои се менуваат на секои 10-15 минути.Најверојатно и самиот Јуда бил близнаци.

Рак – Посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале добро утро во правата интонација, го менуваат расположението како ќе им падне на памет

Лав – Арогантни,вечни потценувачи,полни со големи планови од кои што на крајот корист имаат само они(како да им е гајле за другите.

Девица - Опсесивно компулзивни неуротици кои од стресот се ослободуваат чистејќи го станот,редејќи ја гардаробата,цепидлаки на кои што и премногу не им е доволно.

Вага - Нарцисоидни шизофреничари, огледалото им е најдобар пријател,треба им недела дена додека се одлучат дали ќе нарачаат кока кола или песи и толку се мрзливи што е право чудо како воопшто стануваат од кревет

Шкорпија - Самосожалувачи,деструктивци кои својата мизерија не можат да ја поднесат сами па со себе мора да понесат уште сто луѓе,утре да е крајот на светот тие не би се шокирале,веројатно учествуваат во садо мазо оргии.

Стрелец - Растурикуќа и коцкари, уживаат да солат памет,ентузијазмот им е толку голем што можат да ги оживеат мртвите, секако само ако они тоа го сакаат,никако не сакаат да признаат дека чуствуваат тага.

Јарец - Вистински трагачи по  робови, слепо веруваат во судбина, зборот извини не постои во нивниот речник, би го продале газот за друштвен статус.

Водолија - Вулгарни и непристојни развратници,секогаш се мешаат во приватниот живот на другите,веројатно не изненадува статистиката дека во CIA највише вработени шпиони се со знакот на водолија

Риби - Досадни самосожалувачи,чекаат некој да ги утеши,не можат ни да мочаат без туѓа помош, и најмалата ситница ја гледаат како огромна сензација па ги малтретираат луѓето наоколу.Во моментите која се со добра волја се бават со туѓи проблеми и повторно паѓаат во депресија- и така во круг.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2012 во 12:45
Originally posted by playtoy playtoy напиша:

pa bi sakala i nesto za rakovite ako moze :)


Астролошки профил на родените во знакот рак


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2012 во 13:07
Ќе видам,ќе си ја пробам среќата во CIA.
I just wanna feel real love.
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2012 во 18:01
Хороскоп посветен специјално на дамите

Жена рибиголема насмевка

Нејзиниот карактер е полн со спротивставености и можеби не е доволно свесна за тоа, но за повеќето луѓе таа е чудна и несфатлива. Честопати го менува своето расположение и наоѓа задоволство во тоа да биде завиена со некој вид магла на која не ѝ дозволува во потполност да се растргне. Нејзината склоност кон мечтаење и недефинирани ситуации, наведува на тоа дека е преголем фантазер и дека нема чувство за реалност.

Грубите зборови, критиката и злобата можат многу да ја повредат и да ѝ предизвикаат голема емотивна болка. Таа нема енергија да се бори, ниту да ги надминува препреките на животниот пат и дозволува другите да ја водат. Сепак не е сосема без иницијатива и доколку наиде на искрена поддршка, таа храбро ќе оди напред. Оваа жена е непоправлив идеалист и фантазер. Многу е интуитивна и комплексна личност, а спрема другите луѓе е толерантна до крајност.

Љубовта ја збунува уште од првиот момент и ако почувствува наклоност кон некого таа не е сигурна во себеси, па затоа и не ја открива. Се плаши дека ќе биде изневерена, отфрлена и напуштена, а страдањето е нешто што мисли дека не може да го поднесе. Таа секогаш балансира помеѓу желбата и воздржаноста и таа рамнотежа ја смирува.

Во љубовта бара нежност, такт и таинственост, а нејзиниот партнер мора да ги одбира зборовите за да не ја повреди. Мечтаењето ѝ е неопходно на оваа личност, но тоа воопшто нема да му пречи на нејзиниот реален живот со нејзиниот партнер. Сепак љубовта која неа ќе ја врзе за еден човек, нема да биде воопшто едноставна, бидејќи нејзините чувства секогаш ќе бидат полни со вртлози.

...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 10:25
 

Жена лав   среќа

Таа е јака жена која не се препушта лесно да ја понесат брановите на судбината. Нејзината виталност, волја и авторитет ѝ овозможуваат да биде доминантна жена. Тешко ѝ е да остане на едно место, да мечтае и ништо да не работи, бидејќи сака акција и движење, а не поднесува мрзеливост. Гордоста, а понекогаш и суетата, играат голема улога во постигнувањето успех скоро по секоја цена. Претпазлива е и скоро ништо не препушта на случајноста.

Таа има премногу високо мислење за себе за да може да се задоволи со моменталната состојба. Млаки и недефинирани чувства ја доведуваат до очај, а нејзиниот карактер е таков што тешко се прилагодува кон луѓе кои се воздржани. Искрена е, а понекогаш сака и да се шегува. Нејзините ситни грижи умее да ги прикаже како големи за да го привлече вниманието на другите. Кај неа постои една контрадикторност. Среќна е и великодушна кога може на другите да им причини радост, меѓутоа понекогаш е премногу егоцентрична, па пред да помисли на друг, таа прво помислува на себе.

Нејзина најголема доблест е верноста. Има цврст карактер и затоа не поднесува туѓи влијанија. Кај другите луѓе не трпи каприци и извештаченост. Ако ѝ се допадне некој маж, таа тоа отворено ќе му го даде до знаење. Кога сака некого, потполно им се препушта на чувствата и во љубовта не поднесува да остане ништо нејасно и недокажано...задоволство

Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 23:46
голема насмевка ne se potpiram mnogu na horoskopot... ama kako da ima neshto i tamu....голема насмевка
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 23:51
..ima ,ima,..i toa kako ima!изненадување

...koga na milioni neshto se odnesuva,...verojatnosta e  epten golema  na golem del od niv i skoro se da im  ...''pogodish''.

..pogotovo shto e shirok spektarot  na,...analiziranje na  ''prognozata''.
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2012 во 00:29
МИТОЛОШКИ ХОРОСКОП

Кентаур  8 Јануари  -  12 Февруари

Кентаур – пола човек, пола коњ, така што сите родени под овој знак,во животинската природа доминира човекот. Луѓето кентаур тешко да ги контролираат таквите чувства како лутина, сексуалната желба, љубомора и страв. Тие секогаш биле независни,да го следат гласот на емоции..

 Грабител    13 Февруари  -  18 Март

Овие митолошки крилести суштества со смртоносни канџи, симбол на одмазда. Означува дека човекот-грабител тешко да даде прошка. Тоа се носи со текот на годините со своето незадоволство и завист, и големо задоволство да за лоша среќа и несреќа на неговите непријатели…

Пегаз    19. Март – 24 Април Како легендарниот крилат коњ, Пегаз – човек одеднаш сака да е над остатокот од луѓе, барем во својата имагинација. Оние кои се родени под овој знак, се исклучително горди и уверени во нивните срца дека направиле нешто за подобра судбина отколку што навистина направиле нешто. Тие мразат рутински и туѓа романса, затоа што тие секогаш мислат дека они можат да направат да биде многу подобро.

“Серберус”  25 Април – 30 Мај

Три предводени кучиња чувари на влезот во царството на мртвите – совршен симбол за овој знак. Луѓе “Серберус” се подготвени да ја раскинат главата на еден човек само затоа ако тој ги налути. Ако “Серберус” мора да ги совлада своите убиствени импулси, тој почнува да страда од акутен стрес.

Сатир 31 Мај  -  3 Јули

Секс, секс и повторно секс! Тоа е она што ги мотивира овие луѓе, и тие знаат многу добро. Машко сатир – бесрамно женкар, оставајќи го зад себе патот поплочен со скршени срца и растурен брак. Жените сатир посклони се да се мешаат во семејствата на другите луѓе и да ги уништи нив отколку да бараат слободен партнер…

Сирена  Јули 4  -  Август 10

Во античката митологија водна нимфа, позната како сирена, привлечени со нивниот сладок глас толерира колапс морнари врз карпите. Во животот, луѓе, сирени, исто така, со користење на неговиот шарм за да се постигне лични цели,ги игнорира интересите на другите. Жени сирени (често русокоса) преку имагинарната беспомошност многу добро знае како да се манипулира со мажите. Машки сирени го уживаат истиот пристап под маската на фиктивна невиност на младите.

Грифин  11 Август  -  15 Септември

Грифин – пола лав, половина орел. Тој – воинствено, силно и брутално суштество. Затоа, луѓето од овој вид ги имаат истите карактеристики. Тие се фанатични и подготвени со енергична акција да ги бранат своите верувања. Во минатиот век, луѓето кои припаѓале на овој знак, учествувале во потрагата за вештерки и други репресалии.

Химера  16 Септември  -  22 Октомври

Митскиот ѕвер со многу луѓе. Најчесто тоа е дел коза, дел лав и дел змеј. Како Химера, луѓето од овој знак, лицемери и секогаш носат маска во зависност од ситуацијата.

Сфинкс  Октомври 23  -  Ноември 30

Ладно пресметување и препредена сфинкс скромно се обидува да изигрува од друга страна. Ако сте биле во можност да заштедите пари, овој факт му дава голема радост, бидејќи имаат силна приврзаност кон материјални нешта – главната карактеристика на оваа ознака.

Mинотаур  1  Декември  -  7  ЈануариЧовекот со глава на бик – на Mинотаур – роб на својата животинска природа. За разлика од независен кентаур, тој е роден да биде управуван, дел од стадото, а не лидер. Да носат сопствени одлуки луѓето Минотаур – тешко, па така тој преферира да делува на врвот, му потпаѓа на волјата на друг, освен ако тоа е спротивно на неговата животинска инстинкт.


тотален промашај..изненадување



Изменето од Calipso - 16.Мај.2012 во 00:30
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2012 во 01:19

Хороскопските знаци и неверството


Колку вашиот партнер е подготвен на авантури и неверство, а дали ќе ви прости ако го изневерите…

Овен

Го бие глас на голем заводник. Сексот му е најважен, па често покрај партнерката има и некоја тајна врска со цел да ги задоволи своите страсти. Не се снаоѓа најдобро кога е во прашање љубовта, ама кога е заљубен дозволува со неговиот живот да управуваат емоциите, а не разумот (бидејќи длабоко во душата е романтичар). Верен е само кога е лудо заљубен. Иако не е злопамтило, ако почувствува дека неговата партнерка не му се восхитува доволно или пак се интересира за некој друг – без размислување ја напушта.

Темпераментната жена Овен често само за забава и за да си докаже дека е неодолива, ќе се обиде да го заведе оној по кој лудуваат сите, па и кога е во брак. А во исто време позеленува од љубомора кога некоја девојка е во друштво на нејзиниот партнер.

Бик

Познат е како колекционер, на поштенски марки, уметнички предмети, жени. Иако очекува лојалност и приврзаност од саканата личност, тоа не се однесува и на него. Кога ќе се најде во ситуација веднаш ја искористува, а потоа ќе се труди неговата партнерка никогаш да не го дознае тоа. Врската или бракот никогаш нема да ги прекине без голема причина. Кога е во брак е верен, се додека партнерката му е верна нему. На верност го принудува стравот дека ќе се намали неговата удобност или богатството.

За жената Бик, прељубата е навреда на нејзиното достоинство и затоа е подготвена да го возврати ударот. Кога се одлучува за неверство мора да биде сигурна дека нејзиниот љубовник е следниот брачен партнер, притоа тоа мора да биде човек со добра материјална состојба.

Близнаци

Никогаш не планираат неверство, тоа го прават дури да кажеш “кекс”. Мажот роден во овој знак не ги избира своите жртви, тој напаѓа по секоја цена. Прељубата се случува едноставно, а ако неговата партнерка дознае за тоа, тој ќе се обиде да и објасни дека “не било онака како што изгледа”.За  среќа природата ги направила “силни на зборови”. Не е осветољубив, живее во сегашноста, а неговото мото е “земи се што ти дава животот”.

Немирниот дух и широкиот круг на пријатели и даваат на жената родена во Близнаци многу шанси за авантури. Може да биде верна до крајот на животот ако наиде на интелигентен и таинствен партнер кој ќе умее да и го задржи вниманието.

Рак

Мажот Рак често размислува како би било кога би имал ”паралелна врска”. Тој сака само малку да проба од забранетото овошје и само ако премногу му се допадне ќе оди до крај. Ракот тешко простува неверство и може да се одмазди и по неколку месеци, па дури и години. Сепак, тој не е толку одмаздољубив колку што е паничар, па не знае да реагира соодветно.

Жената Рак би требало да биде модел за верност. Романтична, приврзана за домот и семејството, подготвена за семејната среќа да се откаже од амбициите… Проблемот се јавува кога не е доволно сакана и заштитена од партнерот. Тогаш посакува да се впушти во авантура со првиот човек кој ќе и го вети тоа. Ако партнерот ја изневери, тешко ќе го поднесе тоа и подготвена е за одмазда.

Лав

Мажот Лав има потреба постојано да слуша дека е најдобар во се. Најсреќен е кога не мора да се мачи, па онаа која му се допаѓа сама ќе му дојде во прегратки. Изневерува тивко и со малку зборови. Но кога е заљубен, мажот Лав е верен. Исто така ја цени верноста кај жените, па се врзува за онаа која никогаш нема да го напушти.

Кога Лавицата сака некого, друг за неа не постои. Многу е лојална, а мажот е нејзин “трофеј”, нешто што другите го сакаат ама не можат да го имаат.Лавицата сака комплименти. Затоа е опасно ако партнерот загуби интерес за неа, таа тогаш ќе се впушти во авантура со оној кој ќе ја пофали нејзината фризура или парфем. Ако е изневерена, знае да биде осветољубива.

Девица

Тој знае долго и џентлменски да ја крие тајната врска во која најчесто се впушта со колешка од работа, околината може само да погодува дали меѓу нив навистина има нешто или е во прашање само обичен флерт. Сепак го интересираат квалитетни врски и нема да се впушти во авантура на брзина и без размислување. Иако во суштина не простува лесно, ќе помине преку неверството на  партнерката без сцени и расправии.

Жената Девица сака возбудливи и конфузни ситуации, па се согласува некое време да биде и втора во врската или да влезе во тајна романса за која знае дека нема да преживее на подолг рок. Простува неверство, но не заборава, па на крајот ќе наплати за тоа.

Вага

Мажот роден во овој знак е шармантен и неодолив, умее убаво да зборува, а му се допаѓаат жени кои знаат што сакаат, што секако не е гаранција дека ќе им биде верен. Похрабар е да изневери кога знае дека има каде да се врати. Ако тој е измамен – простува, па дури не бара да ја слушне вистината.

Жената Вага е во состојба да сака повеќе мажи во исто време. Кога таа ќе сфати дека нејзиниот партнер не ја посакува, станува рационална, ладна и пресметлива, а кога ќе дојде време за одмазда – таа веќе се заљубила во друг.

Скорпија

Мажот роден во овој знак не простува неверство во никаква форма бидејќи има високи стандарди кога станува збор за љубовта. Ретко е сам и секогаш е подготвен да даде се од себе за личноста што ја сака. Иако моќта на Скорпијата лежи во сексапилот кој го пседува, кога е заљубен, партнеркатат може да го врти околу малиот прст.

Жената Скорпија знае да биде непредвидлива, па ако партнерот и здодее, нема враќање. Од друга страна, ако до разделба дошло поради недоразбирање, Скорпијата жена е подготвена да даде втора шанса, но не простува прељуба.

Стрелец

Неверен по природа, дури и кога се обидува да биде верен, едноставно му се создава ситуација и тој не може да му одолее на љубовниот предизвик. Обично има неколку долги врски или бракови, а ако остане во еден брак, не е верен, освен ако не се оженил на 40 години.

За разлика од жената Стрелец која повеќе ја сака суровата вистина отколку најслатката лага (и затоа не простува неверство), мажот роден во овој знак умее да го прости неверството на партнерката, бидејќи тој е свесен дека на некој начин и го заслужил тоа. Ако влегол во брак ќе остане верна до крајот на животот, ако работите тргнат во несакан правец прво ќе го напушти партнерот, па потоа ќе бара нов.

Јарец

Додека е во емотивна врска, најчесто е верен, а ако е во брак, склон е кон прељуба и тоа најчесто со колешка. Затоа може да има паралелна врска, но сепак се труди да го одржи и бракот, па ќе и прости на партнерката, ако се посомнева во нејзината верност. Но, со стареењето и со стекнувањето пари и моќ, станува вистински заводник кој ќе се гордее со секое освоено женско срце.

Дамата Јарец е романтичен идеалист, способна да сака и тројца во исто време (еден на јаве и двајца во својата фантазија), но не простува неверство, бидејќи премногу држи до себе. Кога ќе сфати дека е изневерена, врската ја прекинува веднаш, а често се плаши дека партнерот ќе ја злоупотреби нејзината верност, па затоа не искажува јавно колку тој и значи. Ако некогаш се одлучи за неверство, тоа ќе го направи со цел да го казни партнерот за неговата неспособност или заради некаков интерес.

Водолија

Му одговара репутацијата што ја има како заводник во друштвото, но поради неговата себичност не забележува дека тоа му пречи на лицето со кое е во врска. Иако неверен, мажот Водолија инсистира на искреност, па тешко простува, затоа што не може да поверува дека на неговата партнерка некој друг и е поинтересен од него. Затоа што од себе ги одбива сите верни, обично завршува со партнер кој ќе му биде се друго, само не верен.

Жената Водолија сака да им држи лекции за морал на другите, а самата ги крши, бидејќи сака да си приредува задоволства. Сака да флертува, ама ретко оди до крај. Но ако се најде во возбудлива, необична и бурна врска таа е верна.

Риби

Бидејќи сака да ја сочува врската или бракот, подготвен е да и прости на партнерката ако го изневерила, бидејќи знае дека ни самиот не е најверниот човек во светот. Што да прави кога не може да остане имун на женскиот шарм.

Жената Риби лесно се навредува, но и лесно простува – се во името на љубовта и вниманието за кои копнее. Иако не сака, често не може да остане рамнодушна на игрите на заведување. Ако го сретне вистинскиот отворено ќе признае дека се заљубила во друг и веднаш си заминува со него.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8687888990 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.