IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7172737475 157>
Автор
Порака
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 21:01
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Originally posted by vlad0 vlad0 напиша:

дечки за риби ако може еден краток извештај.намигнување


Izmresteni u prolet, porasnati u tek na leto, uloveni vo docna esen, na trpeza so belo vino na 19ti dekemvri...

за хороскоп мислев не за како се јадет или спремет
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 21:12
sorry.
Incredible Blue
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 01:10

             HOROSKOP 19 10 2010

Овен - вљубени

Односот со партнерот и денеска е исполнет со страсни љубовни чувства. Одржувајте емотивна смиреност, бидејќи имате добри шанси до крајот на денот да бидете разочарани од сопствените чувства. Не донесувајте избрзани одлуки туку концентрирајте се на нештата што можете и знаете да ги сработите. Здравје: добро, повеќе движете се во природа.



Бик- оптимисти

Позитивното и убаво расположение ќе ве одржува во текот на целиот ден. Вечерта ќе бидете незадоволни од ставот на пријателите кон вас. Потребно е да одржувате добар однос со децата и со партнерот, воопшто. Проблемите најдобро се решаваат со разговор и со меѓусебно почитување. Подгответе се за компромисни решенија. Здравје: одлично, повеќе течна храна.



Близнаци- парите на дофат

Финансиската ситуација бавно, но сигурно се подобрува. Но, и понатаму сте незадоволни од тоа како се одвиваат работите на професионален план. Односите со партнерот деновиве ќе влезат во критична фаза, поради што треба да бидете претпазливи со зборовите. Можни се недоразбирања со колегите или со претпоставените. Внимателно анализирајте ја ситуацијата.



Рак - безгрижни

Оптимизмот, безгрижноста и леснотијата во решавање на задачите денеска повторно ќе бидат забележани од страна на колегите. Воспоставувате пријатни односи со другите, посебно со децата. Можно е да заминете на кратко патување. Бидете малку поотворени кон партнерот. Заедно решете ги проблемите што ве измачуваат и ви задаваат пречки во реализација.



Лав - расположени

Се чувствувате се' подобро и тоа е така благодарение на подобрата финансиска ситуација. Некои проблеми поврзани со домот полека се разрешуваат, што значи дека конечно може малку да се отпуштите и да уживате во изненадувањата. Можни се проблеми во љубовта. Личноста со која сте во брак или во врска има јасна визија за тоа што сака, но вие сте неодлучни.



Девица-комуникативни

Многу сте комуникативни и добро расположени. Ве очекува голема финансиска добивка. Не сте многу исполнети со љубов деновиве. Изгледа дека не ви е лесно да ја разберете саканата личност. Ако сакате да бидете разбрани и прифатени тогаш треба да направите добра самоанализа на своите постапки, доблести и мани. Здравје: добро, повеќе пешачете во природа.



Вага - правилна исхрана

На прагот сте да излезете од повеќедневната криза во која некој друг ве вовлекол. Ситуацијата на работното место полека се подобрува, а со тоа и вашата материјална состојба. Се сомневате во верноста на партнерот. Наместо да се нервирате и да се сомневате во неговите постапки, отворено кажете му што ве мачи. Поведете повеќе сметка за исхраната и здравјето.



Скорпија - активни

Ве очекуваат многу активности. И понатаму сте во центарот на вниманието, што посебно ви годи и ве прави среќни и задоволни. Иако денеска ќе добиете пари, внимавајте да не ги изгубите. Избегнувајте игри на среќа. Уживајте во друштво со пријателите и дозволете си мал луксуз. Здравје: добро, внимавајте на исхраната и почнете да вежбате за да ја подобрите вашата физичка кондиција.



Стрелец- патување

Денеска сте професионално успешни и задоволни. Се приближува денот на вашето долго планирано патување. Водете повеќе сметка за домашните и семејните прашања отколку за туѓите проблеми. Можни се недоразбирања во семејството. Бидете иницијатор на решавање на напнатата ситуација во домот. Здравје: добро, почнете да внесувате повеќе витамини и минерали во исхраната.



Јарец - силни

Оставате многу силен впечаток кај лицата од посилниот пол. Ве очекува личен и професионален успех во друштвото во кое се движите. Односот со партнерот е одличен. Очекувајте средба со невообичаена личност. Новата личност во вашиот живот може да внесе позитивна енергија и силен поттик за излегување од кризните ситуации. Отсекогаш ви значела поддршката од другите.



Водолија - стабилни

Денеска сте многу стабилни, како на работа така и во односот со саканата личност. Наскоро ви претстои патување, па добро испланирајте ги сите детали. Финансиската ситуација неочекувано се подобрува, што ви дава за право да си дозволите и мал луксуз. Бидете спортски наклонети и денот поминете го во друштво со пријателите. Здравје: добро, чувајте се од настинки.



Риби - потрезвени

Емотивно се чувствувате одлично. Таквото чувство се должи на тоа што со партнерот имате одлично воспоставена комуникација и однос. На работа, меѓутоа, ситуацијата не е баш добра, а тоа лошо се одразува на вашата финансиска состојба. Внимателно со пиењето алкохол. Подобро е да бидете трезни отколку пијани, зашто проблемите само ќе ви се зголемат.


#
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 11:49
              Завдување по хороскопски знак.


Еден од начините да ги усовршите тактитиките на заведување е и да ги прилагодите на хороскопскиот знак на личноста која ве интересира. А откако зодијачкото заведување ќе ви успее, може да ја искористите следната листа и за да одберете подарок или патување за вашиот партнер.

Овен
1. Пристепете смело - Овенот ќе ја цени вашата директност
2. Закочете и уживајте додека вашиот Овен ве вовлекува во виорот на страста
3. Бидете подготвени да ве осветли сјајот на вашиот патнер - Овенот ќе биде ѕвездата на ваше сопствено приватно шоу
Како се бакнува: Бакнежите се брзи страстни парчиња соблазиво задоволство што во еден миг се тука, а следниот исчезнале.

Скапоцени камења: аквамарин за родените во март, дијамант за родените во април
Бои: црвена
Цвеќиња: анамска рака (honeysuckle)
Метал: железо, бакар
Држави: Англија, Франција, Германија, Полска


Бик
1. Згответе му го омиленото јадење - комплетирајте го доживувањето со убава музика, интересни чинии и свеќи
2. Гушкајте се, ова е секогаш добар избор за Бикот.
3. Давајте суптилни комплименти, а наскоро Бикот ќе ви покаже колку задоволувачка може да биде врската со него.
Како се бакнува: Бакнежите се внимателни, бавни и од срце, и може да траат и траат...

Скапоцени камења: Сафир, смарагд за родените во мај, дијамант за родените во април
Бои: светло сина, розова, лимон жолта
Цвеќиња: фрезија, ружа, љубичица
Метал: бакар
Држави: Ирска, Швајцарија, Шведска, Русија

Близнаци
1. Забавувајте се во играта на флертување со Близнаците
2. Бидете недопирливи, заводливи и секогаш со едната нога во бегство. Близнаците ја обожаваат потерата
3. Стимулирајте го нивниот ум - а потоа и нивното тело. Близнаците не можат да одолеат на интелигентен љубовник
Како се бакнува: Бакнувањето е испрекинато со насмевки, кикотење и забавни коментари.

Скапоцени камења: ахат, бисер, смарагд за родените во мај, месечев камен за родените во јуни
Бои: жолта, боите на виножитото
Цвеќиња: момина солза, лаванда, ружа
Метал: жива
Држави: Австралија, САД, Велс, Шкотска, Ирска, Англија


Рак
1. Испланирајте тивка вечер во домашна атмосфера.
2. Опсипете го Ракот со добрина и внимание - Ракот ќе возврати десетпати повеќе
3. Покажете дека сте ранливи и Ракот ќе ви го покаже патот до вистинската емоционална сигурност во љубовна врска
Како се бакнува: Бакнежите се топли и нежни и никогаш нема да поскате да престанат

Скапоцени камења: смарагд, бисер, месечев камен за родените во јуни и рубин за родените во јули
Бои: сребрена, морско зелена
Цвеќиња: хризантема
Метал: сребро
Држави: Јужна Кореја, Шкотска, Холандија, Нов Зеланд


Лав
1. На вашиот Лав кажете му колку е сјаен, прекрасен и златен
2. Отстапете му го центарот на вниманието и тој ќе посака да го подели со вас
3. Бидете кротки и покорни. Лавот ќе ве поттикне да се препуштите на вашите најчудесни фантазии
Како се бакнува: Диво и без инхибиции, со гризење и зграпчување, Лавот очекува аплауз по изведбата

Скапоцени камења: рубин за родените во јули, оливин за родените во август
Бои: златна, портокалова
Цвеќиња: сончоглед, невен
Метал: злато
Држави: Франција, Италија, Перу, Романија

Девица
1. Појавете се со беспрекорен изглед. Перфекционистичката страна на Девицата ќе ја привлече вашето внимание за детаљи
2. Кажете им колку сте импресионирани од нивната остроумност и моќни аналитички способности
3. Покажете колку ви се допаѓа нивната постојана потрага по совршенството
Како се бакнува: Бакнежите се суптилни и уредни, како и самата Девица

Скапоцени камења: карнеол, син сафир, оливин за родените во август, сафир за родените во септември
Бои: темно сина, кафена
Цвеќиња: Крин
Метал: жива
Држави: Грција, Турција, Крит, Бразил, Кариби, Уругвај


Вага
1. Покажете дека сте заинтересирани за уметност и литература. Вагата ја сака музиката, визулените уметности и поезијата.
2. Барајте го нивното мислење за секоја тема. Вагата се залага за еднаквост во врската и сака да се чуе што има да каже.
3. Разгалете ја Вагата со екстравагантност и комплименти, а потоа уживајте во восхитување и сензуалноса што сигурно ќе ги добиете за возврат
Како се бакнува: И тоа како знае да ужива, тогаш кога не е премногу зафатена.

Скапоцени камења: сафир, жад, опал
Бои: розова, зелена, лаванда
Цвеќиња: ружа, маргаритка (бела рада)
Метал: бакар
Држави: Јапонија, Бурма, Австрија, Тибет и Кина


Скорпија
1. Изгледајте привлечно, Скопрпијата го цени приордниот сексипил
2. Инвестирајте во сатенски чаршави и ароматизирани свеќи. Скорпијата ќе се погрижи за музиката и масажата
3. Отворете се. Скорпијата ќе сака да ги дознае сите ваши скриени желби - и ќе ја исполни секоја од нив.
Како се бакнува: Ги прескокнуваат бакнежите и веднаш одат на... следното нешто

Скапоцени камења: опал, топаз
Бои: црна, темно црвена, костенлива
Цвеќиња: гераниум, гербер, анамска рака (HONEYSUCKLE)
Метал: железо, челик, магнезиум
Држави: Египет, Сирија, Алжир, Мароко, Норвешка, Холандија и Замбија



Стрелец
1. Бидете ентузијастички расположени, енергични и секогаш подготвени за авантура
2. На Стрелецот дајте му емоционална и физичка слобода
3. Бидете подготвени за патување. Стрелецот веројатно ќе ве одведе на егзотична (и еротична) дестинација
Како се бакнува: Бакнежите на Стрелецот се изненадувачки и спонтани, а другиот секогаш ќе бара повеќе...

Скапоцени камења: топаз за сите, цитрин (жолт кварц) за родените во ноември, тиркиз, син топаз и циркон за родените во декември
Бои: виолетова, светло сина
Цвеќиња: лале
Метал: калај
Држави: (медитеранска клима) Шпанија, Австралија, Јужна Африка, Португалија, Мексико


Јарец
1. Навистина треба да има го погодите вкусот, изгледот му е многу важен на Јарецот
2. Подарете им нешто што ќе ја покаже вашата посветеност и способност да ги менаџирате финансиите
3. Бидете трпеливи. Кој чека, ќе дочека. Ќе дочека вистински убави нешта
Како се бакнува: Бакнежите се интензивни мигови на сублимирано опуштање од стресниот ден

Скапоцени камења: рубин за сите, тиркиз за родените во декември
Бои: темно кафена, црна, сива
Цвеќиња: бршлен, каранфил
Метал: сребро, олово
Држави: Индија, Авганистан, Пакистан, Мексико, Куба

Водолија
1. Изненадете ги. Подарете им нешто необично и ретко.
2. Поврзете се со нивниот ум, пред да се поврзете со телото. Ќе ги маѓепсаат вашите мисли и целосно ќе ве заинтригираат
3. Покажете дека ви се допаѓа нивната посветеност кон идеалите. Тие ќе ви ја откријат вредноста на создавање подобар и покреативен свет
Како се бакнува: Сочно и непредвидливо

Скапоцени камења: аметист
Бои: сина, тиркизна
Цвеќиња: Орхидеја
Метал: алуминиум
Држави: Канада, Русија, Норвешка, Финска, Шведска, Индија, Иран

Риби
1. Рибите ја ценат чувствителноста и особено ќе им се допадне ако забележат дека сте трогнати од прекрасна музика
2. Комуницирајте преку илјада изразувања на љубовта - без да кажете ни збор. Рибите ќе ја прочитаат вашата душа преку вашите очи
3. Покажете им дека љубовните приказни од класиците може да постојат и ден денес.
Како се бакнуваат: Бакнежите се долготрајни и чувствителни.

Скапоцени камења: месечев камен, аметист
Бои: зелена, нежно виолетова, сино-зелена (аквамарин), виолетова
Цвеќиња: љубичица, лотус
Метал: калај, платина
Држави: Перу, Бразил, Аргенитна, Венецуела, Скандинавија, Португалија

What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2010 во 01:30
dali datumot i godinata na raganje mozat da kazat mnogu poveke za vas?
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 12:44
Линк за нумеролошка карта.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 16:29

Хороскоп



Овен-недоверливост

Недовербата кон некои луѓе од блиската околина, љубомората и врзувањето за постар или на кој било начин несоодветен партнер укажува на тоа дека се соочувате со многу подлабоки проблеми. Мора за кратко време да најдете најдобро решение и да почнете да живеете понормален живот. Здравствената состојба е нежна, внимавајте на психофизичката кондиција.



Бик-работливи

Го давате максимумот бидејќи знаете дека тоа води кон решавање на обврските и таквото темпо не ви задава проблеми. Бидете внимателни бидејќи во таква ситуација може да предизвикате големи непријатности. Успешно ќе ги надминувате емотивните кризи. Ве нервира начинот на кој размислува вашиот партнер, како и некои негови постапки. Не губете го времето напразно.



Близнаци-среќа

Може да имате среќа, не само во комуникациите туку и во приспособувањето кон новата животна ситуација. Бидејќи премногу сте загрижени за материјалната положба, време е малку да се опуштите. Вашите потрошувачки апетити се поголеми од можностите. Постои можност да се судрите во мислењата со партнерот. Здравје: многу добро, повеќе движете се или спортувајте.



Рак-изразување

Одличен ден во кој ќе може да се изразите до максимум. Сега ќе мора да реагирате многу мудро и самоуверено, што сигурно нема да ви претставува никаков проблем. Попладнето ќе го поминете во друштво со пријателите или ќе останете на работа за да ги дозавршите работните обврски и да го испланирате утрешниот ден. Здравје: можно е да чувствувате мали главоболки.



Лав-измени

Ако работите самостојно, тогаш не одбивајте ја понудата за соработка и за работа во тим. Секој обид за заедничко дејствување би можел да даде многу добри резултати. Потрудете се квалитетно да ги завршите сите задачи што ви се дадени. Вашиот љубовен живот е нестабилен, но и покрај тоа вие се чувствувате среќни и задоволни од моменталната ситуација. Здравје: добро.



Девица-оптимизам

Зрачите со ведрина и со силен оптимизам. Тоа најмногу им е потребно на родените во третата декада. Ако некој изрази сомневање дека не сте извонредни во работата, тогаш со сигурност ќе имате можност тоа да го демантирате. Финансиската состојба ви е многу стабилна. Сентименталниот живот не ве радува многу, а здравјето одлично ве служи.



Вага-нова љубовна приказна

Ако сте во врска, тогаш денешните настани се многу важни за вашата заедничка иднина. Слободните би можеле да почнат нова љубовна приказна. Некој ќе преземе се' за да ве освои. Некои настани ќе ве прават несигурни, а ќе наидете на некои промени во кои околината го наметнува темпото и го контролира вашиот стил и начин на живеење.



Скорпија-поддршка

Деловните соработници не ви се наклонети, сепак разговорите со претпоставените ви се добро аспектирани, па може да очекувате поддршка од нив за работата што моментално ја извршувате. Односите во семејството се многу чувствителни и внимавајте како се однесувате, особено со постарите членови на вашето семејство. Емоционално сте во многу стабилна позиција.



Стрелец-среќата е во вас

Многу од постапките зависат од другите луѓе, првенствено од некои личности од спротивниот пол. Ако бидете задоволни во врска со тоа, воопшто нема да ви пречи што работите не функционираат така како што треба. Незадоволството и желбата за дистанцирање стануваат нормална појава. Ако сакате среќа, побарајте ја во себе. Здравје: внесувајте витамини.



Јарец-недостиг на информации

Многу ви е важно се' да биде во идеален ред, но сметате дека ви недостигаат основни информации за работните можности. За среќа, ве очекува некоја добивка што не сте ја планирале. Задоволни сте поради настаните што ве следат во љубовта. Важно е правилно да вреднувате нечии чувства и постапки. Се наоѓате во одлична психофизичка форма.



Водолија-моменти на инспирација

Вложувате голема енергија, но ќе заостанува очекуваниот успех и впечатокот што сакате да го оставите врз околината. Некој друг го присвојува поголемиот дел од резултатите и го игнорира вашето влијание. Сепак, немојте да ги заборавите основните правила во професионалното однесување. Планирате средба со личност која може да ги задоволи вашите емотивни потреби.



Риби-непријатна ситуација

Постои опасност поради вашето невнимание да предизвикате непријатна ситуација. Посебно тоа важи за оние понетрпеливите претставници. Ќе уживате со партнерот, а ако сте сами, тогаш ќе запознаете многу интересна личност. На работното место не донесувајте заклучоци брзо и непромислено, можеби нема да бидете во право. Здравје: добро.


Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 18:21
Како реагираат кога ќе им кажете дека лажат?

Овен: Добро сте поминале ако истиот момент не ве зграбил/а за коса, исплука и на чело ви го изгравира она на што ќе се сеќавате секое утро пред огледалото -Овенот никогаш не лаже (кој тврди спротивно, не му се гледа никаква трага или не се чувствува добро)

Бик: Напрво ќе се однесува како да не слушнал/а што сте му кажале. Потоа ќе негодува и ќе се спротиставува (мора да се работи за грешка). Ако не ве увери како што треба -следи мито.

Близнаци: Истата секунда кога ќе ги обвините за лажење, тие ќе почнат со раскажување вицови, еден по друг, за Шехерезада и 1001 ноќ и така во недоглед. Како и обично, ќе заборавите што сте сакале да кажете и како се викате.

Рак: Ако се почувствувате храбри и одлучите да ги обвините за прекривање вистина, припремете нуркачко одело. Подобро да бидете подготвени, бидејќи сте зафркнале работа и тој плач ќе трае со денови... и денови... и на крај, ќе рече дека ве сака, но не може да ви прости-сте го навредиле премногу.

Лав: Припремете се за предавање за друштвено-политичките импликации кои ветувале избор и повеќе од добар одговор на предизвиците дадени во тој момент. Ако станете и го обвините за лажење, ќе ве обвини за колаборација со непријателот.

Девица: Нејзините постојани оправдувачки анализи ќе ве доведат до ваша умвствена парализа. Пред впуштање во такво макотрпно искуство, подобро проверете дали вашиот кефициент на интелигенција е помеѓу 240 и 260 или набавете позитронски мозок.

Вага: Толку мило ќе ве гледа и ќе трепка со очињата како Бамби па вас нема да ви падне на памет да ја наречете со некое непримерно и неприкладно име или назив. Ако пак пробате ќе ви вети брак и ќе се заколне на вечна љубов која само се спомнува во големите епови.

Скорпија: Не сте нормални ако сте одлучиле да и кажете на една типична Скорпија дека лаже. Деталите од вашата доживеана трагедија не е пожено да се опишуваат поради низата брутални сцени. Ако по некаква случајност имате добри односи со Скорпијата (постои ли такво нешто?) ќе ви понуди сексуални услуги.

Стрелец: Нив е задоволство и се исплати да ги фатите во лага бидејќи вадат такви чудни оправдување па тоа постанува забавно искуство. Тие не знаат да лажат. Тоа ви звучи невино и убаво? Не се залажувајте, ауреолата на недолжноста е најмоќна одбрана на стрелецот.

Јарец: Да, лажел, ама тоа било потребно за неговите деловни проблеми. Всушност, тоа била негова должност. Што повеќе го слушате, толку повеќе ќе се црвенеете и ќе ве фаќа срам. Така и ви треба кога се `рчкате со професионалец.

Водолија: Тој лажел? Ни случајно! Што е лагата? Тоа не постои. Постојат само различни погледи на вистината. Треба да се има отворен ум и разбирање спрема она што е различно од нас... бла... бла... бла... и некои такви психо њу-ејџ мотања и плетки.

Риби: Не, не, не. Рибите не лажат. Тоа не е можно, нивната вероисповед не им го дозволува тоа. Редовно одат на миса, примаат прошка на исповед. Всушност, тоа да не го направат, Севишниот нема да им прости никогаш, сигурно моментално би ги спржил со молња.


_______




Изменето од Tiggy Vicious - 02.Декември.2010 во 18:23
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 19:35
Бик: Најпрво ќе се однесува како да не слушнал/а што сте му кажале. Потоа ќе негодува и ќе се спротиставува (мора да се работи за грешка). Ако не ве увери како што треба -следи мито. смеење
--------------------------------------------------------------------------------
Има вистина во оватрепкање
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 19:41
Хороскопот владее со јазикот
 
Прочитајте како вашиот хороскопски знак ви налага да се однесувате.

Ви се случува ли да го изгубите трпението и да кажете работи кои можеби вистински, не ги мислите?!

Како хороскопот влијае на вашиот "јазик"?

Некои хороскопски знаци полесно проценуваат кога е исклучително важно да ја држат устата затворена.

Знаци, кои ќе ви кажат сè в лице без разлика на последиците се Стрелец, Водолија, Овен и до извесен степен Близнаци. Стрелецот и Овенот се огнени знаци и тие се многу импулсивни и имаат тенденција да кажуваат работи пред да размислат на последиците.

Водолијата ја цени искреноста, и смета дека луѓето треба секогаш да бидат подготвени да ја чујат вистината.

Близнаците исто така се склони да кажат повеќе работи одошто е потребно, и потоа да се каат за тоа.

Девицата знае да биде многу критична и секогаш наоѓа маани во туѓите планови и постигнати резултати. Таа не е многу избувлива по природа, но нејзиното постојано барање кривец во ситуациите, може да доведе до драстични последици ако соговорникот е чувствителен.

Шкорпиите се промислени, но тие знаат да бидат непријателски настроени кога се под голем притисок и знаат луто да им возвраќаат на своите соговорници, со цел да им олесни и да се чувствуваат подобро. Можеби не звучи добро, но тие уживаат во тоа.

Бикот, Вагата и Рибите преферираат да останат смирени и мили, секогаш кога тоа е возможно и тие ќе ги задржат за себе сите лоши мисли кои ги имаат. Но, ако доволно го иритирате Бикот, тој ќе "експлодира" и најверојатно ќе си го расипе односот со личноста со која разговара.

Лавот нема тенденција остро да одвраќа, но затоа често се лути и мурти ако нешто го мачи. Оваа негова тактика можеби нема толку директен ефект како што има искрениот разговор и таа може да ја наруши неговата популарност кај пријателите или колегите. Лавовите едноставно треба да научат да бидат поотворени и директно, но нежно да го кажат на глас тоа што им пречи.

Јарецот е свесен за својата местоположба во општеството и почитта која ја добива од другите луѓе, па тој не би си ни дозволил да го расипе тој свој статус со неколку нетактични реченици. Јарците на животот гледаат како на скалила по кои треба да се искачуваат за да стигнат поблиску до успехот, па затоа тие секогаш попрво би избрале да ја следат својата амбиција, отколку искрено да ви ја кажат вистината.
 
Ракот и Рибите не сакаат бурни ситуации, па затоа тие гледаат што е можно повеќе да избегнуваат конфликти. На овие два знака може да им се случи да бидат испровоцирани да го кажат она што им пречи, но тоа го прават на суптилен начин за да не бидат премногу очигледни.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 14:31
Љубовната врска помеѓу  ВАГА и СТРЕЛЕЦ

претставува рај за двата знака. Тие се на некој посебен начин длабоко поврзани и имаат огромно разбирање еден за друг.

 http://images04.olx.com.br/ui/2/15/90/20371590_1.jpg   http://mobilewallpapers.narod.ru/zodiac/images/strelec_1.gif   http://www.zamirzine.net/IMG/jpg/zena-muskarac-vaga.jpg    luk%20i%20strela

Стрелецот има авантуристичка природа, поради која постојано е во потрага по некаков облик на слобода. Вагата пак има вродена дарба за уметност и естетска убавина. Таа е стимулирачко друштво на стрелецот во нивните заеднички патувања и го збогатува неговото искуство. Оваа врска секогаш е свежа бидејќи и двата знака знаат како да ја задржат возбудата. Нивното меѓусебно разбирање си доаѓа по природен пат и прави партнерите да се чувствуваат како да ја пронашле својата сродна душа. Заеднички тие ги прошируваат своите хоризонти во љубовта и во животот воопшто.Покрај тоа што се одлични љубовници, овие два знака добро се согласуваат и како пријатели. Меѓу другото, вагата и стрелецот се високо компатибилни и како резултат на нивниот здрав, оптимистички и младешки поглед кон светот. Двајцата се големи ентузијасти кои трагаат по вистината и убавината во искуствата кои ги собираат.

http://fineartamerica.com/images-medium/sagittarius-katerina-tsibouraki.jpg      http://nd01.jxs.cz/945/500/1c8e43f3b2_36040360_o2.jpg      http://media.comicvine.com/uploads/0/8632/270709-190008-libra_large.jpg         http://x79.xanga.com/b60864637073212159868/z7570814.jpg

Несогласувања помеѓу овие два знака се навистина реткост. Тоа е можно, доколку стрелецот каже нешто пред да размисли и со тоа ги повреди чувствата на вагата. Вагата пак од своја страна, може понекогаш да биде премногу затворена и да не му кажува на стрелецот како се чувствува. Благодарение на вродената дипломатија кај вагата, која навистина мрази да се расправа, таа ќе успее да ги „измазни“ недоразбирањата со стрелецот. Надминување на несогласувањата е навистина лесна задача за овие два знака, бидејќи тие имаат дарба за брзо опростување и заборавање.Вагата е предводена од Венера која е симбол на љубовта, а стрелецот од Јупитер, кој ги претставува среќата и филозофијата. Женственоста која Венера ѝ ја дава на вагата и мажественоста која Јупитер му ја дава на стрелецот, го прави овој љубовен пар многу компатибилен и хармоничен. Стрелецот е секогаш во потрага по крупни одговори – вистината, значењето на животот и смртта. Во тој контекст, секогаш кога на вагата ќе ѝ надојде нова идеја, тој е спремен да ја поддржи и да тргнат заедно во потрага по нови доживувања. Ова е навистина страсна и возбудлива врска, во која авантуристичките походи немаат крај.

http://lava360.com/wp-content/uploads/2010/08/fantastic_worlds3.jpg         http://fortunita.info/Image/zodiak/strelec.jpg         http://1.bp.blogspot.com/_EBVu9ShWDgA/SUAbmvkc0gI/AAAAAAAAAhg/-d8Z03xTrjc/s320/sagittarius.jpg

Стрелецот е лидерот кој ги контролира конците во врската, но вагата на посуптилен начин ги одржува во рамнотежа ситуациите, во моментот додека се случуваат. И двата знака се екстремно енергични и активни личности, кои можат да постигнат многу успеси заедно. Оваа врска е во својата најсовршена фаза кога стрелецот се чувствува независно и слободно во неа. Вагата е иницијаторот на нови идеи и места кои треба да се посетат, но таа има тенденција да се предомислува во последен момент, како резултат на нејзиниот неодлучен карактер. Како и да е, стрелецот е многу флексибилен и се прилагодува и ги прифаќа сите измени кои вагата сака да ги направи во нивните планови. Најдобриот аспект од оваа уникатна љубовна врска е нивниот заеднички интерес за култивирање на знаењето и проширување на интелектуалните капацитети. Тие добро се согласуваат на емотивен и на географски план...да



Изменето од bijonse1 - 26.Декември.2010 во 14:46
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 20:19
Бик: Напрво ќе се однесува како да не слушнал/а што сте му кажале. Потоа ќе негодува и ќе се спротиставува (мора да се работи за грешка). Ако не ве увери како што треба -следи мито.

Близнаци: Истата секунда кога ќе ги обвините за лажење, тие ќе почнат со раскажување вицови, еден по друг, за Шехерезада и 1001 ноќ и така во недоглед. Како и обично, ќе заборавите што сте сакале да кажете и како се викате.

Vistina :))))
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 22:37

Хороскопските знаци во староста

Не постои личност која барем еднаш не се запрашала како ќе изгледа кога ќе остари.

Пронајдете го својот хороскопски знак и дознајте нешто за вашата иднина.

Овен

Овните ниту во староста нема да се откажат од спортските активности, а ако во случај на болест бидат спречени да спортуваат ќе станат вистински гњаватори. Тие ќе се обидат да го задржат ритамот на дневни обврски, како и додека биле млади.

Бик

Биковите и во староста ќе се вртат околу материјалното богатство. Нема лесно да го делат. Во случај на немаштија во староста, ќе станат личност исполнета со горчини и незадоволства.

Близнаци

Близнаците се друштвени луѓе, поради тоа и во старите денови многу ќе се дружат. Доколку покрај себе имаат брачен другар сличен на себе, никогаш нема да им биде здодевно, нивната старост ќе биде исполнета со разни активности и патувања. Доколку останат сами, нема да им треба многу време за да ги обноват старите пријателства или пак да создадат нови.

Рак

Целиот живот се многу емотивни, па тоа нема да го променат ни во староста. Доколку имаат семејство, староста ќе им биде исполнета со постојани посети, а ако останат сами староста ќе им биде тажна и полна со меланхолија.

Лав

Често со своите вистински, претерани или измислени приказни ќе ги "воодушевуваат" своите блиски. Ако навистина постигнале нешто во животот ќе бидат многу горди.

Девица

Ќе се занимаваат со секојдневни активности и ќе уживаат во малите нешта. Ако имале среќен живот или пак брак, ќе бидат задоволни и во староста. Девиците сакат да имаат домашна аптека во која може да најдат лек за физичките и менталните проблеми.

Вага

Идеал гледаат во брачниот живот и ако во староста останат без брачниот партнер, лесно ќе ја пронајдат своја друга половина. Љубовта и искреноста им се водичи низ животот, друго ништо не им е важно.

Шкорпија

Кога ќе ги победат сите важни животни борби и ќе постигнат нешто важно, ќе ги пребродат сите проблеми, староста ќе ја поминат размислувајќи за своите борби. Никогаш нема да се препуштат на годините, секогаш ќе се занимаваат со различни активности.

Стрелец

Заштитен знак за староста на овој знак ќе бидат мудрите совети кои ќе ги дели насекаде. Постои можност и да се повлечат сами во себе, но со веселиот темперамент ќе успеат да го надминат тоа.

Јарец

Староста на Јарците е како виното - колку постаро, толку подобро. Тие се личности кои сигурно ќе уживаат во залезот на животот, па дури и ќе се препуштат на задоволствата кои ги нуди животот, и тоа повеќе отколку во деновите на младоста.

Водолија

Никогаш не е предоцна да научите да возите автомобил, да се занимавате со јога, па дури и да имате 80 години. За вас не постои клaсична старост, бидејќи нема да се чувствувате старо или барем тоа нема да го признавате. Со вас никогаш нема да биде здодевно, бидејќи секој ден ќе откривате нешто ново.

Риби

Интересно хоби, креативна работа или одмор - тоа целосно зависи од вас. Нема да биде необично ако живеете во свој свет, но некои остроумни Риби ќе бидат во состојба и да глумат. Не се грижете доколку староста ја поминете во излежување. Во тоа ќе уживате.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2010 во 17:02
Mora da mi e los horoskopot .... kako da sum blokirana ..... замисленост
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7172737475 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.