IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6869707172 157>
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2010 во 20:04
 
..Првпат читам хороскоп во кој ..пронајдов многу мои
особини и  сличности......среќа
 

Име: лат. Virgo, Девица

Планета: Мерк*р 

Боја: сива, кафеава и сите ладни бои 

Животно: мрави, пчели и сите мали влакнести животни 

Метал: жива 

Благородни камења: ахат, мермер

Билки: сите зрнести како пченка, пченица и зоб 

Најнеправедна изрека: Девицата е ситничар. трепкање

Замисли како е да одиш наоколу со речник, наострени моливи, гумени ракавици и разновидни алатки во глава... Девицата сето тоа секогаш го носи и користи.....хи,%20хи... 

Карактеристики: Девицата сака да работи и во работата е прецизна и усмерена на поединости кои носат совршени резултати. Проблемот е во тоа што овој знак е плашлив и критичен толку колку што е добар работник, па затоа е мала веројатноста себеси да си даде висока оценка. Девицата има посебен дар да им служи на другите. Исто така е заинтересирана за телото и чување на здравјето. Цревата се органите кои се поврзани со овој знак, веројатно заради нивниот сложен облик, како и заради многу брзото реагирање на страв..среќа. Девицата е прецизна, совесна, пожртвувана, рационална и недоверлива. Одличен соработник на кој секогаш можеш да се потпреш. Повеќе верува во разумот, отколку во интуицијата. Свртена е кон здравјето, земјоделството но и кон уметноста.Живее од сопствен труд....кул 

Љубов: Девицата не е подготвена на разлики посебно не во љубовта. Нејзин главен советник во животот е разумот. Во интимни односи стапува после детална анализа. Еросот е без топлина, страста често одглумена. Од партнерот бара повеќе отколку што може да пружи. Голема среќа ретко и се насмевнува....ух 

Пријателство: Значајни пријатели на девицата се паметни и духовити особи, а на дното на списокот се пријателите кои сакаат да ја изненадат, било тоа да е со добри или лоши намери.Нејзината природа мрази кога е затекната на спиење, станува вознемирена истиот момент кога ќе го забележи натрапникот. Блиските пријатели секогаш ќе можат да се потпрат на нејзината интелигенција и љубезност. Никогаш не е сентиментална или восхитена, но има јасна претстава и остроумни шеги....црвенеење 

Работа: За Девицата работата е од витална важност, и таа ќе има што да прави дури и на одмор. Рутината ја опушта, и многу е посреќна кога работи во тишина, отколку пред осветлени рефлектори. Не бара да биде главна, но потребна и е стабилна,ментално освежителна работа која осигурува користење на оштро око и сигурна рака. Со парите постапува разумно, парите не ја мотивираат па дури и да пронајде кокошка која неси златни јајца, Девицата не престанува да работи.....трепкање 

Занимања: Фармецевт, трговец, писател, јазичар, пијанист, сликар, актер, спортист, правник 

Гардероба: Девицата се чувствува сигурно и елегантно во добро скроена и не премногу нападна облека. Нежни тонови најдобро и одговараат,среќа а нејзини омилени бои се светло кафеава, сина и сива. 


Кон врв
Astro Venus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Astro Venus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 15:36
Врз личноста влијаат не само - во кој знак е Сонцето во моментот на нејзиното раѓање - туку и сите планети, Месечината, аспектите кои тие меѓусебе ги градат, астролошките куќи, планетите во нив.....

За себе можеш повеќе да научиш на овој сајт https://sites.google.com/site/astrologyfreenatal

(патем - бесплатно е)

позз

Изменето од Astro Venus - 19.Август.2010 во 16:01
Кон врв
Astro Venus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Astro Venus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 15:43
Originally posted by Mindy Mindy напиша:


Овен - злобни гадови, секогаш мораат да бидат шефови и главни во се.Сето
тоа е најверојатно резултат на малиот пенис или минијатурнитегради.
Болни посесивци кои на партнерот би му ја одземале целатаслобода, а
себе би си дозволиле харем љубовници. Секогаш целат коннеосвоиви
тврдини и не познаваат пораз се додека комплетно психички небидат
уништени. Многу се несредени во мозокот, скокаат за се и сешто исе
што ќе замислат мора да биде така, не тактизираат, а ги нервирачекање.
Истакнат Овен: Адолф Хитлер

Бик - самозадоволни, ќутливи,полни себе, досадни како клуб нафилателисти.
Ним сe им е супер и немојте да ги мачите со вашитепроблеми затоа
што тие немаат сопствени.
Истакнати Бикови: Јосип
Броз Тито и Садам Хусеин

Близнаци - главни оговарачи, трачари, издаици и превртливци со двојнимислења
кои се менуваат на секои 10-15 минути. Веројатно и самиот Јудабил
близнак во хороскоп.
Истакнат Близнак: Џон Кенеди

Рак - посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале “доброутро“
со правилна интонација, го менуваат расположението како ќе импадне
на памет.
Истакнат Рак: Џорџ Буш

Лав
- арогантни, вечно потценуваат, полни со големи планови од каде накрајот
корист ќе извлечат само за себе - не им е гајле за другите.
Истакнат
Лав: Слободан Милошевиќ

Девица - опсесивни невротици кои се ослободуваат од стресот чистејќи подома,
средувајќи алишта или кинески порцелан - премногу цепидлачат и нипремногу
не им е доволни. Не познаваат љубов, кај нив не постојатемоции и се
води кон секс. Ако некој знак се смета за проститутка -тогаш тоа е
овој.
Истакната Девица: Мајкл Џексон

Вага
- нарцисоидни шизофреници, огледалото им е најдобар пријател.Потребно
им е цела недела да се одлучат дали ќе нарачаат Кока-кола илиПепси,
толку се мрзливи - вистинско чудо е како воопшто стануваат одкревет.
Знаат да сакаат само ако сте финансиско истакнати. Зборотпријател
за нив не постои, колку и да им се отворите нема да добиете ниприближно
еднакво за возврат затоа што тие само внимателно слушаат, ане ги
отвараат своите карти. Подраги им се 1000 убави лаги, отколкуедна
болна вистина, затоа се најуспешни во лажењето па дури и кога селажат
сами себе.
Истакната Вага: Владимир Путин

Скорпија - самосожалувачи и деструктивци, неможат да се поднесат самитесебе
па затоа повлекуваат уште 100 луѓе со себе. Ако утре е крај насветот,
тие не би се шокирале, веројатно би го дочекале со садо-мазооргии.
Смртта не им е ништо страшно, се палат на крв и се она кое наобичните
смртници им е језиво. Ги следи карактеристика на љубоморнопосесивни
психопати.
Истакната Скорпија: Хилари Клинтон

Стрелец
- штеточини и коцкари, уживаат да солат памет, а ентузијазмотим е
толку голем што за нив и оживување на мртвите е возможно -нормално
само ако тие го прават тоа. Не признаваат дека го познаваатчувството
на тага. Не стапувајте во брак со Стрелец никако, затоа што икога е
уверен дека ве сака, тоа ќе му помине за месец дена.
Истакнат Стрелец: Сталин

Јарец - вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот “извини“не
постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, дабидете
во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат.Чувствата
незнаат да ги искажат со зборови, па наместо “те сакам“ честоможе да
ве дочека со “губи се“. Би си ја продале душата за друштвенстатус.
Истакнат
Јарец: Стипе Месиќ

Водолија - вулгарни и непристојни перверзњаци, секогаш се мешаат воприватниот
живот на останатите. Веројатно не би ве зачудил фактот деканајмногу
шпиони од ЦИА се токму Водолија во хороскоп
Истакната
Водолија: Карла Дел Понте

Риби - самосожалувачи, досадни, чекаат да дојде некој да ги утеши.Неможат
ни да отидат во ве-це без туѓа помош, и најмала ситница јагледаат
како врвна сензација па им досаѓаат на луѓето наоколу. Вопауза, кога
се со добра волја, се занимаваат со туѓите проблеми иповторно
паѓаат во депресија - и така во круг.
Истакната
Риба: Осама Бин Ладен



оф оф оф ова беше страшно
Само да додадам - сите знаци имат и убави особини.
Ако немаше и по некое негативно влијание, немаше да се нарекуваме - човечки род, туку ангелски род.

позз

Изменето од Astro Venus - 19.Август.2010 во 15:46
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 16:17
Originally posted by Astro Venus Astro Venus напиша:

Врз личноста влијаат не само - во кој знак е Сонцето во моментот на нејзиното раѓање - туку и сите планети, Месечината, аспектите кои тие меѓусебе ги градат, астролошките куќи, планетите во нив.....

За себе можеш повеќе да научиш на овој сајт https://sites.google.com/site/astrologyfreenatal

(патем - бесплатно е)

позз


Браво за сајтов!да
Ми најде забава.............голема%20насмевка
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Charmedgirl18 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 868
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Charmedgirl18 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 16:26
Рак - посесивни лудаци, се навредуваат ако не сте им посакале “доброутро“
со правилна интонација, го менуваат расположението како ќе импадне
на памет.
Истакнат Рак: Џорџ Буш
се е точно, освен тоа со добро утрото, па некогаш ни јас не викам добро утро, а не па да се навредам...
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand
We'll walk this road together, through the storm
Whatever weather, cold or warm
Just let you know that, you're not alone
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 17:52
Јарец - вистински робови, веруваат потполно во судбина, зборот “извини“не
постои во нивниот речник. Можете да живеете покрај нив цел живот, дабидете
во брак, а никогаш да не дознаете што имаат да ви кажат.Чувствата
незнаат да ги искажат со зборови, па наместо “те сакам“ честоможе да
ве дочека со “губи се“. Би си ја продале душата за друштвенстатус.
Истакнат
Јарец: Стипе Месиќ


Хахаа... баш не верувам во судбина и не ми е битен друштвениот статус...
ама нема везе, интересно е за читање.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2010 во 21:49
Јас сум МАЈМУНсмеење во кинески хороскоп.
Кон врв
Командантица Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Командантица Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 00:56

Мозокот и устата на близнаците им се како експресна машина, секогаш се движат со неверојатна брзина. Тоа е така зашто овој знак е управуван од Мерк*р, планетата на комуникацијата. Оваа планета исто така е симбол на технологијата и умот, правејќи ги близнаците едни од најљубопитните знаци во хороскопот.

Ако сте родени во овој знак вие секогаш се стремите да соберете максимално количество информација и сакате да учите нови работи. Кога се двајца, забавата е двојно поголема. Во вас секогаш постојат најмалку две личности. Таа ваша двојна природа ви помага многу полесно да ги решавате проблемите, но од друга страна многу често се откажувате и сте непостојани.

Можете да исполнувате повеќе дејности едновремено, умеете да ги инспирирате другите, но не останувате долго време верни на една идеја. Вашето расположение и мислење се менуваат побрзо од времето и еден ден сакате нежни, женски работи, а веќе следниот ден сте најголемите авантуристи.

Ако е можно, обидете се да се задржите на само дел од многуте ваши страсти за подолг период и да станете многу добри во нивно изведување. Близнаците кои се научиле да се концентрираат врз една работа се недостижни.

Во љубовната врска не се задлабочувате многу, па многу ви е лесно да прекратите со вашата врска, да започнете веднаш нова или да имате неколку врски едновремено. Вие сте шармантни, симпатични и имате многу пријатели во сите сфери на вашиот живот.

Сакате да разговарате, а имате и милиони добри идеи. Искористете го вашиот брз ум и раце во полза на испраќање е-mail, пишување СМС пораки и водење на добри разговори. Внимавајте на искушението за озборување. Држете при рака нотес за забележување на вашите мисли во секое време.

Симбол:
Близнаци

Симболизира:
Комуникација, дволичност, трговија, интелектуална дејност, пријатели од детството, кратки патувања, јазици.

Елемент:
Воздух

Планета:
Мерк*р – планетата на комуникацијата и интелектот.

Ден од седмицата:
Среда

Боја:
Жолта и небесно сина.

Број:
5

Скапоцени камења:
Опал и ахат.

Најдобри професии:
Преведувачи, писатели, оратори, адвокати, новинари, учители, политичари, трговци, дипломати, шофери, пилоти и секаква професија сврзана со комуникација.

За да се спријателите со нив:
Однесувајте се меко со нив, постојано галете ги и бидете трпеливи! Тие секогаш ќе си останат мали деца.

Дел од телото:
Рамена, раце, дланки.

Добри карактеристики:
Забавни, фасцинантни, оригинални, шармантни, авантуристи, снаодливи, интелигентни, комуникативни, весели, љубопитни, љубезни.

Лоши карактеристики:
Непостојани, често лажат, дволични, депресивни, лесно совладливи, недискретни, неверни, нервни, брбливи.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Палави очи, изразувајќи се со нивните раце.

Омилени работи:
Мобилни телефони, брзи коли, тренди облека, гитари, мрачна музика, книги, клуб за комедија.

Работи кои ги мразат:
Рутина, тишина, луѓе со авторитет.

Можете да ги најдете:
Зад камерата, зад диџејскиот штанд, на двете страни од тимот за дебатирање, разговарајќи.

Скриена желба:
Да имате одговор за сè!


...како само за мене да го пишеле изненадувањеизненадувањеизненадување



..Живеам за да умрам..!
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 15:06
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Јас сум МАЈМУНсмеење во кинески хороскоп.

Еј стварно?
Како се смета тоа?
Според година на раѓање?

Мислам на фемина проверив, јас бев свиња.
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2010 во 15:41

 Ne citam i ne veruvam vo horoskopi нека%20ти%20е%20срам
Кон врв
Hedonistka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Shapeshifter

Регистриран: 17.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hedonistka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 22:16

Veruvam i mn raboti mi se imaat pogodeno od horoskop ama neznam podznak niso ascendent ili kako i da se vikase nekoj da mi kazi neso interesnichko za rak?

If you are reading this, get a life!
Кон врв
Powerful Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Powerful Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 22:34
РАК (21. VI – 22. VII)

Сабота, 21 Август 2010
Не плашете се да бидете директни, но избирајте погоден момент. Ако криете некаква одбивност или пак презир кон дадена личност, подобро е денес да ја избегнете комуникацијата со неа.

Агресивноста нема да ви донесе ништо добро. Можете само да ја изгубите почитта на другите.

Општи карактеристики за рак

Ракот е управуван од постојано променливата Месечина, која што поминува низ многу циклуси и со тоа го прави расположението на ракот многу променливо. Исто како ракот и родените во овој знак најголемиот дел од својот живот го поминуваат скриени под една черупка, која не може лесно да биде скршена.

Ако вашиот знак е рак, тогаш вие сте изолирани од опасностите, но тоа многу често ве прави луѓе без чувство за хумор. Како воден знак вие сте многу чувствителни. Во секоја ситуација внесувате многу емоции, но во текот на вашиот живот сфаќате дека многу лесно можете да бидете повредени и поради тоа често се криете зад маската на бесчувствителноста.

Традиционалисти сте и покажувате огромен интерес кон вашите корени и вашите предци. Вие сте многу поголеми националисти од другите знаци во хороскопот, поради тоа што го сакате вашето родно место и сте силно приврзани за него. Најважната ваша цел е да создадете ваше семејство и обожавате да бидете во домашна атмосфера.

Ракот е спротивен знак на Јарец. Јарците ги интересира каква е нивната положба во општеството и како другите гледаат на нив, додека ракот е загрижен само за неговото семејство. Како рак, вие знаете да штипнете кога ќе почувствувате дека вашето семејство е понижувано или е во опасност. Раковите се блиски со своите мајки, па кога ќе сте во лошо расположение јавете ѝ се на вашата мајка. Тоа ќе ве направи среќни.

Вие можеби сте неофицијална мајка на сите кои ги сакате, поради вашата грижа за нив. Чувствителни сте и лојални и вашите пријатели секогаш имаат рамо за плачење. Лесно ранливи сте и кога не сте расположени сакате да бидете оставени сами, опкружени со удобност: удобен џемпер, омилена книга, доверливи пријатели и склад со вашите омилени работи. Тоа го подобрува вашето расположение.

Во љубовната врска сте многу нежни, верни и романтични. Поради влијанието на Месечината вие сте многу интуитивни. Обрнете им повеќе внимание на вашите соништа особено во деновите кога има полна Месечина.

Симбол:
Рак

Симболизира:
Мајчинство и мајчинска љубов, семејство, дом, жена, чувства, родина, реки.

Елемент:
Вода

Планета:
Месечина - божествено тело на расположението и емоциите. Месечината симболизира женственост, семејство, мајка, емоции и потекло.

Ден од седмицата:
Понеделник

Боја:
Бела, сива и виолетова.

Број:
2

Скапоцени камења:
Сребро и перли.

Најдобри професии:
Пејачи, артисти, поети, готвачи, географи, картографи, акушерки, педијатри, социолози.

За да се спријателите со нив:
Секогаш однесувајте се кон нив со почит. Направете да стекнат доверба и сигурност во вас. Пробајте да им го разберете начинот на мислење.

Дел од телото:
Гради, стомак.

Добри карактеристики:
Мајчински загрижени, трпеливи, готови да помогнат, гостопримливи, штедливи, чувствителни, патриоти, весели и неверојатно забавни, грижливи, романтични, креативни.

Лоши карактеристики:
Озборувачи, изолирани, некомуникативни, хиперсензитивни, премногу компетитивни, премногу емоционални, мрзливи, слаби, љубоморни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Чекорејќи со градите напред; тркалезно како месечината лице.

Омилени работи:
Гурманска храна, работа со деца, музеи и ликовни галерии.

Работи кои ги мразат:
Стари алишта, замрзнати јадења, јавно говорење, да бидат избрзувани.

Можете да ги најдете:
Купувајќи стари и ретки антиквитети; создавајќи ремек дело; во кујната; слушајќи бендови во живо.

Скриена желба:
Да се грижат за своето семејство и пријателите!


Не верувам многу во хороскоп, но го читам за забава.
Некои работи се интересни и ми ги погодува, додека пак за некои сосема спротивно.
Кон врв
Astro Venus Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Astro Venus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 12:02
од Hedonistka

Veruvam i mn raboti mi se imaat pogodeno od horoskop ama neznam podznak niso ascendent ili kako i da se vikase nekoj da mi kazi neso interesnichko za rak?

Мојот одговор на твоето прашање е:
Можиш да си го одредиш подзнакот сама на овој сајт https://sites.google.com/site/astrologyfreenatal/
а воедно ке си прочиташ и толкување.

И изработката на наталната карта е бесплатна.

позз

Изменето од Astro Venus - 23.Август.2010 во 12:05
astrovenus@yahoo.com
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 13:20
Подзнак Скорпија и тука ми искочи.

„Како последица на влијанието на вашиот подзнак Скорпија, вие имате борбена личност, силна и чесна природа, со склоност кон посесивност, било да е тоа од материјална, ментална или спиритуална природа. Вашето расудување е последица на вашите ставови кои се искрени, скептични, реалистични, стабилни и лојални, но сепак вие сте љубопитни и критични за различни идеи. Одредени контрадикторни инстикти може да ве прават некогаш тежок човек за да се живее со него. Тоа е изворот на ироничен и циничен подбив кој некогаш ги повредува другите. Вие тежнеете да се спротивставите на било каков авторитет, вие се чувствувате способни да донесете свои одлуки и сте доволно лукави со слаткоречивост да ги убедите луѓето да не ви стојат на патот за остварување на вашите намери. Освен тоа вашите интелектуални можности исто така ви даваат потенцијал да бидете талентиран истражувач и донесување на заклучоци на било кое поле. Други ваши природни одлики се вашата крутост и едностраното гледање, вашата голема способност за само-контрола и вашата упорност и енергија со која ги надминувате сите препреки. Вие треба да сте свесни за потребата да го канализирате вишокот на својата енергија во конструктивни цели или ќе станете распуштени. Спортови или психички вежби (борбени спортови) исто така се потребни за да се чувствувате добро. Вие многу ја цените својата работа. Секојдневниот живот и вообичаените активности за вас се одлични извори за себеисполнување. Вас ви се потребни другите за да се чувствувате комплетни и да ги реализирате своите амбиции.“

Чудно е како погодуваат луѓево што ги пишувале текстовиве...
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6869707172 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.