IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 154155156157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2017 во 19:30

Плодна година: Овие хороскопски знаци ќе ја најдат љубовта на својот живот во 2017-та


Ѕвездите откриваат дека оваа година некои знаци ќе имаат многу среќа во љубовта.

Водолија

Многу жени родени во знакот на Водолија ќе се остварат во улогата на мајка затоа што оваа година според астролозите е поволна кога станува збор за семејните врски. Ова ќе биде особено плоден период за придвижување на љубовните врски, додека за двојките кои се долго време заедно, ова е совршено време за да го кажат судбоносното „да“.

Рак

Тие конечно ќе успеат да се извлечат од лоши врски или да формализираат нешто што долго посакувале. Нежните и емотивни Ракови тежнеат за брак и верен партнер, така што во текот на 2017. ќе запознаат некој токму таков. Ако сте се вљубиле во воздушен знак – може да имате незаборавни моменти кои ветуваат сериозна врска.

Лав

2017-та на Лавовите ќе им донесат смеа, љубов, среќа и предлози.

За Лавовите во врска ова ќе биде вистинско време за кажување „да“ или барем да размислат за тоа, додека оние кои се сами може да очекуваат фатална љубов на која нема да можат да ѝ кажат не.

Најново од Интересно

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2017 во 09:50

Хороскоп: Каква жена стои пред вас?

Жена Овен

Концентрирани главно на себе, жените во знакот овен флертуваат директно, бестрашно и секогаш подготвени за предизвик. Имаат детски шарм и потреба да добијат се во моментот кога ќе го посакаат. Огнени се, импулсивни и полни со ентузијазам и не поднесуваат пасивни партнери. Повремено имаат изливи на бес и може да бидат мошне груби. Сакаат да бидат први и најдобри, па потребата за натпревар им е во крвта. Презираат рутина и постојано сакаат некој да им се додворува.

Жена Бик

Жената во знакот бик ретко кога не носи квалитетна облека и импресивен накит. Таа е посесивна и сензуална партнерка која сака комфорна врска во која ќе може да им се препушти на задоволствата. Понекогаш материјалната сигурност и е поважна од емотивната, па бара партнер кој може да и е стабилна иднина. Не сакаат кога некој ги форсира да направат нешто што не сакаат бидејќи во суштина тешко се прилагодуваат на промени.

Жена Близнаци

Ова е жена со нагласена смила за хумор и досетливост. Потполно е отворена во комуникацијата, што остава впечаток дека постојано флертува. Но, нека не ве залаже нејзиниот детски шарм, затоа што под површината се крие личност која добро ја анализира секоја ваша постапка. Секогаш е во потрага по интересен тип на маж кој ќе ја привлече со својата интелигенција и способноста да дискутира на најразлични теми. Доколку сакате да ја задржите покрај себе секогаш изнаоѓајте нови начини со кои што ќе ја стимулирате нејзината љубопитност.

Жена Рак

Овој знак отсликува жена полна со емоции во потрага по вистинска љубов. Мошне е чувствителна, пожртвувана, а понекогаш дури и депресивна кога некој ќе си поигра со нејзините чувства. Може да биде каприциозна дама која лесно менува расположенија и не е задоволна од она што имате да и го понудите барајќи постојан доказ за вашата љубов. Најдобро се чувствува кога се грижи за некого без разлика дали тоа се партнерот, пријателите или децата.

Жена Лав

Овој знак открива дами кои се драма кралици. Сакаат се освен рамнодушност. Избираат претставителен партнер кој ќе го покажуваат пред другите луѓе и секогаш паѓаат на ласкање и комплименти. Кај нив љубовта и сексот одат рака под рака бидејќи сакаат врска која ќе биде исполнета со страст и меѓусебно разбирање. Што се однесува до физичкиот изглед, жената со лав како што кажува и самиот знак сака да биде во центарот на вниманието секогаш средена од глава до пети и во чекор со модата.

Жена Девица

Скромни и посветени, овие жени нема да ве заведат со флертување туку со отворен пријателски пристап на кој нема да можете да му останете рамнодушни. Нивното логично и приземно однесување остава впечаток дека ви се најдобри другарки со кои што можете да споделите буквално се. Лошата страна е во тоа што многу внимаваат на детали и ситници и лесно може да излезат од контрола кога нешто не е како што треба да биде. Иако изгледаат како чисти логичари, во суштина се полни со емоции кои вешто ги задржуваат за себе.

Жена Вага

Вистинска жена, елегантна и шармантна секогаш подготвена да остави најдобар впечаток пред другите луѓе. Ужива во уметноста и во префинетоста на животот. Мрази вулгарности и непристојно однесување. Знае одлично да флертува, но понекогаш се опседнува со изгледот. Иако сака стабилна врска, не е покажува голема страст во своите љубовни односи.

Жена Скорпија

Жената  скорпија е мистична, таинствена и магнетно привлечна дури и кога физички не е посебно убава. Зрачи со харизма, па затоа каде и да оди мажите едноставно се лепат за неа. Љуби интензивно и длабоко, а исто толку знае да биде деструктивна кога има епизода на љубомора и посесивност. Ќе ве направи мошне среќен човек во креветот се додека сте подготвени да и бидете потполно лојални и посветени.

Жена Стрелец

Жена во знакот стрелец дава особини на вечен оптимизам, отвореност и спонтаност. Оваа жена е интелектуалец кој ужива да патува, учи и истражува. Често кокетира и храбро се впушта во авантури, но си ја сака слободата, па поради тоа тешко може да се задржи во врска. Мрази рутина и предрасуди како и патетични емотивни сцени. Секогаш е отворена за нови предизвици, па можеби токму затоа стапува во брак во подоцнежните години од животот.

Жена Јарец

Вечната потреба за љубов е скриена под ладната надворешност на жената со знак јарец. Таа е стабилна, пристојна, не ретко резервирана, но и амбициозна и пресметлива. Тешко е да се заведе затоа што и треба многу време додека ги изрази своите емоции. Сака долги врски во кои ќе се чувствува сакана и материјално обезбедена. Освен тоа најчесто и се допаѓаат постари партнери за кои мисли дека се доволно зрели да и го понудат она што и е потребно.

Жена Водолија

Ориентирани кон иднината овие жени секогаш имаат специфичен и необичен пристап кон нештата. Два чекори пред сите, жените во знак водолија бараат партнер со либерални сфаќања кои се двојат од толпата и не ги следат правилата. Овие ексцентрични жени во еден миг се нежни, а веќе во другиот прават нешто сосема непредвидливо што ги шокира сите околу нив. Кога ќе почувствуваат дека партнерот се обидува на било кој начин да ги ограничи стануваат ладни и почнуваат со својата потрага по нова љубов.
Жена Риби
Жени кои се многу шармантни, тивки, со необично и меко срце. Изгледаат еротично и мистично како да кријат некоја голема тајна, но во суштина се многу едноставни. Се што треба да направите е безусловно да ги сакате. Рибата им ја нагласува фантазијата што прави да бидат едни од оние луѓе кои одат и со сонуваат со отворени очи. Ненаметливи се и постојано го идеализираат парт
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2017 во 09:52

ХОРОСКОП ОД ТРИ ЗБОРОВИ: Најкраток и најточен!

12


Ова веројатно е најкраткиот хороскоп кој некаде ќе го најдете, а можеби и најточен.

Овен

Мисли – многу
Зборува – малку
Прави – исправно

Бик
Мисли – за се
Зборува – убедливо
Прави – без подготовка

Близнаци
Мисли – за себе
Зборува – што мисли
Прави – мисли дека прави многу добро

Рак
Мисли – постојано
Зборува – привлечно
Прави – што ќе му кажат

Лав

Мисли – точно
Зборува – премногу
Прави – она од што не може да побегне

Девица
Мисли – едно
Зборува – друго
Прави – трето, но добро

Вага
Мисли – премногу
Зборува – искрено
Прави – одговорно

Скорпија
Мисли – сконцентрирано
Зборува – точно
Прави – што му се допаѓа

Стрелец
Мисли – дека само тој…
Зборува – дека сите, освен него…
Прави – како со туѓи раце

Јарец
Мисли – она што ќе му дојде во глава
Зборува – она што го мисли
Прави – она што го знае

Водолија
Мисли – „а што треба?“
Зборува – „па, ако е потребно…“
Прави – подобро од сите

Риби
Мисли – дека никој не знае
Зборува – дава памет
Прави – зависно од тоа дали некој ќе го проверува

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2017 во 22:28
Мисли – дека никој не знае изненадување
Прави – зависно од тоа дали некој ќе го проверува размислувањечекање
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2017 во 09:33

Таа влегува во собата и сите замолчуваат - за кој хороскопски знак станува збор?

Таа има само една желба: Да владее со светот! Она што најмногу ја плаши е да биде игнорирана од страна на околината, па затоа ги користи сите свои квалитети да биде забележана.

Taa-vleguva-vo-sobata-i-site-zamolcuvaat-za-koj-horoskopski-znak-stanuva-zbor-01.gif

Кога влегува во просторијата, сите замолчуваат како хипнотизирани. Можеби тоа го постигнува со бујната коса, смелиот став или пак изостреното чувство за хумор.

Таа е единствена и неповторлива, таа е жената Лав!

taa-vleguva-vo-sobata-i-site-zamolcuvaat-za-koj-horoskopski-znak-stanuva-zbor-2.jpg

Лавиците се многу чесни и лојални. Умеат добро да се организираат, но точно знаат со кого сакаат да комуницираат, а кого со задоволство би го ставиле на црната листа на луѓе со кои не преферираат да зборуваат или да соработуваат.

Тие се по малку драматични, но на некој својствен и забавен начин. Вообичаено мислат дека се центарот на светот, но тоа не е нималку чудно, бидејќи се управувани од Сонцето кое е центар на сончевиот систем.

Кога е топло и сончево тие се најсилни, кога сонцето блеска, блескаат и Лавовите.

Лавот е роден лидер со високи амбиции и има магнетска харизма. За нив важи правилото дека се суетни, надмени и егоцентрични, но вистината е дека имаат широко срце и се прилично добродушни и дарежливи.

Воедно, сакаат да подаруваат и да примаат подароци.

Умеат да бидат прилично арогантни кога им се сака и прилично агресивни кога сакаат да исполнат некоја своја цел. Сепак, само една е кралицата на џунглата, зарем не?



Изменето од Valerija - 28.Јануари.2017 во 09:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ina94 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 31.Јануари.2017
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ina94 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2017 во 21:47
Риби подзнак девица и да верувам
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2017 во 10:42

Ви го претставуваме вашиот целосен хороскоп за 2017 во две секунди

Сé што треба да знаете за годината што ви претстои.

 

Овен

Прифатете: Спојување  со други во моќна комбинација како животен стил – ќе стигнете далеку со комплементарна сила на ваша страна!

Ослободете се од: Не пробувајте да го промените (или изградите) светот во еден ден.

Позната личност во овој знак: Скај Џексон (8 април)

 

Бик

Прифатете: Здрави ритуали и навики што прават да се чувствувате секси во сопствената кожа.

Ослободете се од: Да се плашите премногу за иднината – живејте ден за ден.

Позната личност во овој знак: Џиџи Хадид (13 мај)

 

Близнаци

Прифатете: Легендарна оригиналност – вашето име ќе го изговараат сите оваа година.

Ослободете се од: Не дозволувајте други луѓе да летаат на вашите крилја.

Позната личност во овој знак: Анџелина Џоли (4 јуни)

 

Рак

Прифатете: Нека биде вашиот дом ваш замок. Ви треба приватност. Точка.

Ослободете се од: Играње на улогата на спасител за пријатели кои имаат потреба и комплицирани роднини.

Позната личност во овој знак: Ариана Гранде (26 јуни)

 

Лав

Прифатете: Пристапот „пробајте пред да купите“ – бидете дилетант оваа година.

Ослободете се од: Прекумерната употреба на „емотиконки“.

Позната личност во овој знак: Кајли Џенер (10 август)

 

Девица

Прифатете: Неспоредливата сестраност на црните хеланки, нека ви биде 2017 година на комфортот и ефикасноста.

Ослободете се од: Судењето како одбранбен механизам – и тоа уште пред да сте ја пробале работата!

Позната личност во овој знак: Зендаја (1 септември)

 

Вага

Прифатете: Следете ги вашите страсти и соништа без да се извинувате на другите.

Ослободете се од: Претрупување на вашиот распоред така што немате време за себе.

Позната личност во овој знак: Ким Кардашиан (21 октомври)

 

Шкорпија

Прифатете: Полабав, послободен распоред на вашето време што ќе остави простор за спонтаност.

Ослободете се од: Престанете да фрлате сомнеж на невините.  

Позната личност во овој знак: Ема Стоун (6 ноември)

 

Стрелец

Прифатете: Сé што е колективно – соработки, живеење заедно, делење превоз и активизам во заедницата.

Ослободете се од: Фиксирање на завршетокот и заборавање да уживате во процесот.

Позната личност во овој знак: Тејлор Свифт (13 декември)

 

Јарец

Прифатете: Отклучете ја вашата повисока свест (и релаксирајте се!) со медитација и метафизика.

Ослободете се од: Престанете да разговарате за статусот.

Позната личност во овој знак: Габи Даглас (31 декември)

 

Водолија

Прифатете: Глобален номадски статус – имајте повеќе печати во пасошот оваа година!

Ослободете се од: Стравот од преземање водство – со твоите високи идеали, луѓето тебе те чекаат, водолијо.

Позната личност во овој знак: Ема Робертс (10 февруари)

 

Риби

Прифатете: Делувајте повеќе дрско – тоа ќе ги држи сите непосакувани додворувачи подалеку од вас.

Ослободете се од: Сексуалните инхибиции: кога се чувствувате жешко, не се воздржувајте.  

Позната личност во овој знак: Ријана (20 февруари)

 



Изменето од Valerija - 01.Февруари.2017 во 10:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2017 во 08:56

Секој човек си има одредени работи кои го нервираат и прават да се чувствува анксиозно и напнато. На пример, некои луѓе се плашат од јавно говорење, а други кога ситуациите се вон нивна контрола.

shto-pravi-da-bidete-anksiozni-lavot-koga-ne-e-vo-kontrola-ribite-koga-drzat-javen-govor-01.jpg

Анксиозноста најчесто потекнува од вашиот хороскопски знак.

Што прави да бидете анксиозни?

Овен

Чувствувате како светот да не може да функционира без вас, па често премногу работите и на крајот сте целосно „потрошени“. Земете здив и малку забавете. Универзумот нема да пропадне, ако се одморите малку.

Бик

Биковите премногу се грижат околу тоа нешто да не утнат. Да бидете неколку минути подоцна на работа или да направите некоја минимална грешка во работата, понекогаш, нема да направи луѓето да ве презираат. Сè е само во вашата глава.

Близнаци

Престанете да се грижите и за најмалите детали и работи. Дозволувате и најмалите работи да ви влезат под кожа и потоа правите „од мува - слон“. Оставете да поминат, ќе се чувствувате многу подобро.

Рак

Вашите анксиозности дефинитивно ги вклучуваат и другите околу вас. Не сакате кога ве критикуваат или кога гледате група на луѓе која „зјапа“ во вас и чека ваша реакција. Никој нема да ве презира, ако го изразите вашето мислење, обидете се.

Лав

На Лавовите светот им се врти околу контролата. Ако не сте главни и одговорни во секоја ситуација, не се чувствувате многу добро. Тоа значи дека лесно можете да се преоптоварите. Вратете се чекор назад и дозволете, барем некогаш, некој друг да ги носи одлуките.

Девица

Тоа што секогаш мислите премногу е вашиот најголем проблем. Еднаш штом ќе почнете да се грижите, тешко ви е да ги извадите мислите од глава. Сопрете и обидете се за заборавите, ќе се чувствувате многу подобро.

Вага

Вие сте мајстор во правење на листи „за и против“, бидејќи сакате работите да бидат фер. Ако нешто не е така, на крајот, дефинитивно ќе ве мачи. Ама знајте дека не можете да го анализирате секој момент од животот, обидете се некои работи да оставите сами по себе да се случуваат.

Скорпија

На Скорпиите најмногу им треба простор. Кога премногу работи ви се случуваат наеднаш, тогаш имате потреба да избегате од реалноста, барем на пет минути. Бидете сигурни дека сите знаат на вашите граници и не се плашете дека ќе ги разлутите, ако сте искрени.

Стрелец

Вие не сакате да ви кажуваат што и како да правите. Не сакате кога некој се обидува да ве вклопи во „нормите“. Морате да барате слобода во однесувањето инаку многу брзо ви станува здодевно.

Јарец

Вие самите сте си најлош непријател. Секогаш сте напнати за крајни рокови, за вашите цели кои сами си ги поставувате... А, грижите не ви помагаат, напротив. Дозволете си малку издишка.

Водолија

Најголеми проблеми имате со организацијата на времето и често се нервирате кога работите не се одвиваат така како што сте замислиле. Се обидувате да правите многу работи за многу краток временски период. Научете дека е во ред понекогаш на направите пауза и да заборавите на мултитаскинг.

Риби

Рибите не сакаат кога се издвојуваат од групата. Јавните говори за вас се најстрашната работа на светот. Морате да бидете на дистанца и далеку од центарот на вниманието. Ако се најдете во таква ситуација, запомнете дека треба да дишете длабоко и смирено.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2017 во 14:48

Особина од која најтешко се ослободувате според зодијакот


На некои знаци им е тешко да излезат од својата зона на удобност, а некои премногу мислат или се перфекционисти. Дознајте од која од овие особини ви е најтешко да се ослободите според хороскопскиот знак.

Овен – Нетрпеливост: Не можете да очекувате се` да се случи веднаш. Ако постојано брзате, може да ги пропуштите работите на кои им треба подолго време за да се случат. Научете се на трпение, и ќе бидете долгорочно наградени.

Бик – Лутина: Важно е да се ослободите од натрупаната лутина во себе, само со простување ќе се чувствувате подобро и ќе одите напред во животот и ќе ви се отворат прекрасни можности во иднината.

Близнаци – Премногу размислување: Понекогаш е важно малку да го замолчите вашиот мозок. Ако постојано сте зафатени со размислување, ја пропуштате сегашноста. Опуштете се, успорете малку и уживајте во сегашноста без многу размислување.

Рак – Зона на удобност: Знаете како велат, дека животот почнува на работ од вашата зона на удобност? Сега е совршен момент да пробате нови нешта и нови искуства. Ќе бидете изненадени од тоа што ќе го откриете.

Лав – Его: Не сакаме да звучиме грубо, но светот не се врти околу вас. Се случуваат и негативни работи, што не значи дека светот ви мисли лошо. Ако го сфатите тоа ќе можете да се фокусирате и да не ви влијаат толку интензивно туѓите дејства и мислења.

Девица – Перфекционизам. Време е да престанете да очекувате совршенство од себе и од другите. Сите имаат мани, совршенство не постои. Ако научите да ги прифаќате ситуациите и луѓето, па и себеси такви какви што се значително ќе го подобрите квалитетот на вашиот живот и ќе ви помогне да се чувствувате поопуштени и позадоволни.

Вага – Удоволување на луѓето. Вие сте експерт за удоволување, но време е да се откажете од тоа. Треба да сфатите дека е невозможно да ги усреќите сите, а ќе се изгубите себеси во процесот. Концентрирајте се на приоритетите и грижата за своите потреби. И вие заслужувате да бидете среќни.

Скорпија – Копнеење. Многу се трудите за да го добиете тоа што го сакате, но понекогаш работите во животот не излегуваат како што сте планирале. Наместо да мислите на тоа што го немате, концентрирајте ја енергијата и ценете ги прекрасните нешта што веќе ги имате во животот. Така јасно ќе согледате што е вистински важно и што навистина сакате.

Стрелец – Натпревар. Ослободете се од вашата потреба постојано да се натпреварувате со себе и со другите околу вас. Верувајте дека е доволно кога сте дале се од себе. Ако се ослободите од високите стандарди, ќе ги подобрите и вашата самодоверба и вашите врски.

Јарец – Контрола. Дајте си дозвола да ја намалите контролата и да ве понесе текот на животот. Можеби ќе се шокирате, но контролата е само илузија. Ако се откажете од неа, светот нема да пропадне, напротив, ќе уживате во новодобиеното чувство на слобода и радост.

Водолија – Проценување. Се гордеете со својата објективност, но со овој начин на размислување лесно можете да влезете во навика на проценување. Ако верувате дека секогаш знаете што е правилно, не оставате простор за однесувањето на другите луѓе. Ако и одолеете на таа навика, повеќе ќе сочувствувате со луѓето, ќе ги сослушувате и ќе ги разбирате.

Риби – Тага. Бидејќи сте длабоко чувствителна личност, одземате многу од енергијата околу вас, но тоа не значи дека не можете да научите да се опуштите. Ослободете се од тие тешки чувства и ќе почнете да се чувствувате полесно и поживо. Ако се ослободите од тагата во вас, ќе бидете поприсутни и ќе го искусите животот каков што е сега.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2017 во 14:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2017 во 13:45

Каде се заљубуваат зодијачките знаци


Местата каде што најмногу сакаме да го поминуваме времето најчесто се и места каде најмногу се поврзуваме со другите луѓе, а понекогаш токму таму може да ја сретнеме љубовта на нашиот живот. „WNQ Astrology“ ни дава можност да ѕирнеме во омилените катчиња на секој хороскопски знак, па вие проверете дали сте барале на вистинското место.

Овенот е авантуристичко суштество, па ќе го најдете на такви места како што се патеки за пешачење низ шуми, планини, но и тивки фарми, каде што често тргнува да истражува дури и сам.

Бикот ја цени сигурноста и стабилноста, па може да сака места кои ги нудат и двете: изложби на природа, тивки градини или можеби во осаменоста на својот дом.

Близнаците како најенергични и импулсивни во зодијакот, ја сакаат возбудата од предизвикот. Казино, атлетски центри, па дури и аркади за видео игри се нивните најчести места за забава.

И покрај неповерливата природа на Ракот, тој многу ја сака традицијата. А еден од традиционалните начини каде што можат да се запознаат самци се местата каде што има дружење, танцување и многу пиење.

Лавот е приврзаник на довербата, па можете да го најдете секаде. Го сака дивиот свет, па може да го најдете како посетува прибежишта за животни, зоолошки и сафари паркови.

Аналитичната Девица живее за правилата, како и за активности кои и го стимулираат умот. Ќе ја најдете на спортски натпревари или како игра билијард или фудбалче во бар.

Вагата е исто така авантуристички знак, и сака животот да го живее до максимум. Тоа значи да се качи на балон со хелиум, да лета со параглајдер, се од што ќе и чука силно срцето и од што ќе и бучи ветрот во ушите.

Иако Скорпијата е комплицирана кога станува збор за нејзините чувства, таа е најстраствена кога станува збор за нејзиното хоби. Ќе ја најдете на големи групни средби, во фан клубови и на конвенции, каде што учествува со голем ентузијазам.

Како Овенот и Вагата, и Стрелецот ја сака возбудата, како, на пример, трките со коњи. Ќе го најдете покрај тркачката патека, или како навива за својот облог во кладилница. Но можете да го најдете како сам се упатил надвор, во природа.

Јарецот е самоуверен и независен, и се гордее со своите вештини и моќ. Ќе го најдете на места на големи достигнувања, како во музеј, кај историска железница или на изложба на класични автомобили.

Водолијата е белјаџија и бунтовник. Затоа и ги сака бунтовниците од минатото, па ќе ја најдете на ренесансни саеми, или во посета на историски места, па дури и да учествува во пресоздавање на некоја историска битка.

Рибите се најчувствителниот знак, и сакаат места каде што можат да бидат сами со своите мисли. Нив ќе ги најдете како уживаат во моментот сами со себе во некое кафуле или тивко место во паркот.



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2017 во 13:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2017 во 19:28

Тајната која не ја знаете на секој хороскопски знак


Сите носиме маска зад која се скриени нашите вистински чувства, но ѕвездите кажуваат што се крие под површината на секој знак во зодијакот.

Овен: Има многу сомнежи и несигурен е заради притисокот кој си го наметнува сам за да успее.

Бик: Се вознемирува при секоја промена во својот живот затоа што се плаши од непознатото и од работи на кои не е навикнат.

Близнаци: Го кријат своето променливо расположение затоа што сакаат сите да мислат дека секогаш се среќни и дека им е добро.

Рак: Многу тешко им верува на луѓето.

Лав: Има потреба да биде потребен 24/7.

Девица: Има потреба да ја ценат за работите што ги прави.

Вага: Тешко и е да им рече „не“ на луѓето.

Скорпија: Се плаши од неуспех.

Јарец: Постојано се прашува колку вреди самиот тој.

Стрелец: Лесно го повредуваат себичните постапки на другите.

Водолија: Скромно се прашува дали луѓето воопшто ја прифаќаат таква каква што е.

Риби: Секогаш се обидува да избега од/избегне конфликтна ситуација наместо да се соочи со неа.



Изменето од Valerija - 17.Февруари.2017 во 19:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2017 во 08:23

Пред да го кажете судбоносното „Да“ добро е да знаете со каква личност ќе си имате работа односно, да ја запознаете според хороскопскиот знак со сите нејзини позитивни и негативни страни.

treba-da-gi-znaete-pred-da-stapite-vo-brak-pozitivnite-i-negativnite-strani-na-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Ова се доблестите и мааните на секој хороскопски знак:

Овен

На ваша среќа, животот никогаш нема да ви биде здодевен со Овенот, бидејќи се интересни, диви, забавни личности покрај кои е возбудливо да бидете. Но, од друга страна пак, понекогаш знаат да бидат тврдоглави и себични, па и имаат тенденција да наредуваат.

Бик

Добрите вести? Биковите се верни, трудољубиви и ќе си доаѓаат дома секоја вечер во истото време. На Бикот ќе можете секогаш да се потпрете. Но, од друга страна, тоа знае да стане и здодевно после некое време, посебно ако сте слободоумни по природа.

Близнаци

Близнаците ја добиле дарбата за дрдорење, што може да биде и позитивна и негативна страна. Од една страна тие се разговорни, интересни и паметни, но од друга страна, понекогаш знаат воопшто да не ве слушаат вас, заради нивната потреба постојано да зборат.

Рак  

Секој сака да има едно големо плишано мече покрај себе, а Ракот е токму таков по природа. Сака прегратки, ја сака својата мајка и добро ги разбира вашите емоции. Но, од друга страна знае да има големи промени во расположението, што може да нервира.

Лав

Како и со Овенот, така и со Лавот животот никогаш нема да ви биде здодевен, бидејќи тој е роден забавувач кој секогаш ужива да е во центарот на вниманието и на забавите. Но, кога не е во центарот на вниманието знае да стане многу гневен и суетен.

Девица

Ако сакате да живеете организиран живот, посебно кога станува збор за финансиите, тогаш Девицата е вистинскиот избор за вас. Но, од друга страна оваа потреба за организираност може да стане и опсесивно-компулсивна и неподнослива за толерирање.

Вага

Вагите по природа се дружељубиви, романтични и нежни, па лесно е да бидете с нив. Но, од друга страна, често се неодлучни и знаат да бидат и неверни. Ова е така заради нивната потреба да ги шармираат сите кои се во нивната околина.

Скорпија

Според хороскопот, Скорпиите се верни, страсни, одлучни и неверојатни во кревет. Ова веројатно веќе и го знаете, ако сте во врска со Скорпија. Но, од друга страна тие знаат да чуваат премногу тајни од вас, а нивните зборови да ве пресечат како врел нож.

Стрелец

Стрелците се секогаш расположени за авантури и патување. Тие покрај својата љубов ќе ви ги подарат и нивната интелигенција и ентузијазам, но од друга страна со нив никогаш нема да победите ниту еден аргумент, бидејќи самите презираат кога губат.

Јарец

Јарците се вредни, трудољубиви и одлучни да успеат во животот, па затоа обично, сигурни сте дека ќе се грижат за семејството. Но, од друга страна тие знаат да бидат и тврдоглави и независни, па понекогаш емоционално ќе ве контролираат и ќе бидат тврдоглави.

Водолија

Водолиите се секогаш млади во срце, секогаш расположени за забава и се прилично иновативни. Но, од друга страна пак, тие понекогаш можат да бидат и многу зависни или пак, бунтовни, па заради тоа никогаш нема да бидете сигурни на што сте.

Риби

Рибите се неодоливи, секогаш слушаат, романтични се и страсни. Тие кога сакаат, ги даваат и својата душа и своето срце. Но, од друга страна, заради тоа можат да бидат и злоупотребени. Исто така, брзо знаат да го менуваат своето расположение, па да не бидете сигурни на што сте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2017 во 15:48

Кои се тајните на хороскопските знаци?


Сите ние се обидуваме да го сокриеме нашите тајни и она што не прави да бидеме слаби, но хороскоп сепак ги открива.

Овен

Делува самоуверено, но постојано се сомнева во себе и си наметнува притисок дека мора да биде најдобар.

Бик

Се вознемирува при секоја промена во својот живот, затоа што се плаши од непознатото и од работи на кои не е навикнат.

Близнаци

Го кријат своето променливо расположение, бидејќи сакаат сите да мислат дека секогаш се среќни и дека се чувствуваат добро.

Рак

Никогаш целосно не им верува на луѓето во неговиот живот.

Лав

Има огромна желба да биде потребен некому 24/7, затоа што така се чувствува моќно и силно.

Девица

Има потреба да ја ценат за работите што ги прави.

Вага

Не знае да им каже „не“ на луѓето.

Скорпија

Се плаши од неуспех.

Јарец

Постојано ја преиспитува сопствената вредност и се прашува колку е добар.

Стрелец

Пати заради себичните постапки на другите, но се преправа дека сè е во ред.

Водолија

Потајно се плаши дали луѓето воопшто ја прифаќаат таква каква што е.

Риби

Наместо да се соочат со проблемите или луѓето кои ги предизвикале, тие бегаат од конфликтните ситуации.



Изменето од Valerija - 25.Февруари.2017 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2017 во 14:20

Како што е познато, хороскопските знаци се поделени во две групи, оние кои имаат смирен карактер и тие што се поекстровертни и лесно избувливи.

top-5-drama-kralici-spored-horoskopot-001.jpg

Овие пет знаци од хороскопот, имаат најнемирен дух и лесно се наоѓаат во драматични ситуации, од кои повеќето неретко и сами ги креираат.

Рак 

Раковите немаат проблем со искажување на своите емоции во било кое време, на било кое место. Амбициозноста кај Раковите е доста оправдана, но, некогаш преминува и во натпреварување. Доколку доживеат некој постресен емоционален настан, можат во истата секунда да се сменат и да станат ранливи и бесни.

Лав 

Ако некој е на прво место по драматичноста, тоа се лавовите. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат да живеат по највисок стандард. Меѓутоа има граница помеѓу тоа да ве привлекува луксуз и да правите драми доколку добиете нешто помалку од тоа, а кај лавовите таа граница е сосема нејасна. Доколку нешто не испадне како што тие планирале, знаат да станат арогантни, егоистични и гласни.

Скорпија 

„Страст” е второто име на секоја Скорпија. Тие се страствени и во љубовта и во работата, но таа страст секогаш може да премине за кратко време во нешто повеќе. Кога стануваат емоционални, овие девојки не се повлекуваат, туку знаат да станат агресивни и да не внимаваат на речникот и туѓите чувства.

Стрелец

Стрелците се родени ентузијасти, па кога се однесуваат драматично, тоа најчесто не е поврзано со никаков негативен настан. Но, доколку оваа девојка не е вознемирна за нешто конкретно, сепак има талент да ви каже нешто толку искрено што ќе ве повреди.

Кога емоционално се повредени, зборуваат толку многу што не можете да ги запрете, и најчесто тоа ги воведува во поголеми недоразбирања. Кога оваа девојка сака да добие нешто, не претставува проблем да ви ја симне и месечината со зборови, дури и по цена да се доведе самата во незавидна ситуација.

Водолија

Водолиите не се типични драма девојки. Нивниот смирен став и незаинтересиран поглед, ќе ви покажат слика на стабилна личност, но, нивните емоции се всушност најдраматични од сите. Поради тоа што се тивки поголем дел од времето, кога ќе ја достигнат границата на емоционална толеранција, ненадејно стануваат агресивни и бунтовни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 154155156157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.