IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 153154155156157>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:04

НИКОЈ НЕ МУ МОЖЕ НИШТО: ОВОЈ ЗНАК ВО ХОРОСКОП Е УБЕДЛИВО НАЈЈАК!

6

Лесно се носат со проблемите во животот и за нив не постои препрека.

Верувале или не, во прашање е знакот Риби!

Веројатно сте изненадени, бидејќи Рибите се многу романтични и нежни, но исто така се и подготвени да се соочат со проблемите кои се пред нив во животот.

Рибите се воден знак и како такви се одликуваат со емпатија и изразен емоционален капацитет. Како и ракот и скорпијата, лицата родени во овој знак се често подлабоки од останатите и тежнеат да земат во предвид и работи кои не можат да се објаснат кои животот ги носи како би се чувствувале среќно и исполнето.

Рибите интуитивно имаат разбирање за животните циклуси, па со самото тоа остваруваат најдобра емотивна врска.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2016 во 21:06

ДОЗНАЈТЕ ДАЛИ СТЕ ЕДНИ ОД НИВ: 3 НАЈПРИВЛЕЧНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ!

5

Шкорпија

Ако некогаш сте запознале Шкорпија, знаете дека има неодолива моќ на привлечност. Мистеријата со која се опкружени никого не остава рамнодушен, а најдобро од се`, тие се храбри, доверливи и многу заводливи.

Лав

Лавот ќе направи се` за вас, а вие ќе се чувствувате како да сте во центарот на светот. Се` што некој ќе направи, Лавот ќе го направи подобро. Лавот има најубава насмевка и неверојатно тело.

Рак

Раковите се освојуваат тешко, а уште потешко се преболуваат. Ќе ве привлече нешто на нив, а ќе засакате се`.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2016 во 21:59

Хороскоп за жени: Кој маж не е за вас, а кој ќе ве сака безусловно


ljubov

Во овој хороскоп детално ви објаснуваме кои мажи треба да ги избегнувате, а со кои е пожелно да влезете во врска.

Овен

Вие и љубовта: За вас љубовта е страст и возбудување. Сакате да флертувате и речиси секогаш успевате да го освоите она момче што ќе го посакате затоа што не е возможно тој да одолее на вашиот шарм и духовитост. Тој во целост е маѓепсан од вашата желба да го имате и од сето она што сте посготвени да го направите за да му ја докажете вашата љубов.

Проблем за романса: Премногу се потпирате на инстинктите и се обидувате со глава да туркате ѕид, наместо да направите мала пауза и да размислите за се’. Обично зажалувате поради вашата импулсивност, но не паѓате во депресија ако нештата не одат онака како што сте си замислиле.

Вашата сродна душа: Момчињата ловци како што се стрелецот и лавот се најобар плен.

Не се за вас: Сентименталниот рак ги разгорува вашите емоции, но не е за вас.

Бик

Вие и љубовта: Моќниот бик е еден од најромантичните знаци во Зодијакот. Вие сонувате за совршен принц којшто ќе ве држи за рака и постојано ќе ви дава мали подароци. За возврат ќе ви биде задоволство да го разгалите. Вие не играте игри во љубовта, ниту ги сакате оние што играат. Трпението и одлучноста ви допуштаат да го чекате совршеното момче пред да трошите време на некоја безнадежна врска.

Проблем за романса: Понекогаш сте премногу внимателни кога треба да го подарите вашето срце. Мора да се ослободите од вашите стравови и да и’ дадете шанса на љубовта за нешто да започнете.

Вашата сродна душа: Момчињата во знакот риби се привлечни за вашата емотивна страна, но силните скорпии прават срцето да ви чука забрзано.

Не е за вас: Од брборењето нема никакво фајде, а тоа е она што близнаците може да ви го понудат кога станува збор за љубовта.

Близнаци

Вие и љубовта: Вие сте мајстор за флерт и каде и да се појавите зад вас оставате еден куп скршени машки срца. Вие не сакате да повредите никого, но момчињата едноставно се вљубуваат во начинот на кој што се смеете или на кој си играте со косата. Вие уживате да ги играте овие игри се додека не најдете некого покрај кого ќе сакате да се смирите.

Проблем за романса: Потребен ви е простор – и оние што се лепат за вас како пијавици немаат шанси. Не сакате ниту љубоморни мажи, ниту пак мажи што сакаат да ве смират.

Вашата сродна душа: Вас ве привлекува самостојната водолија, но за вас идеален е стрелецот затоа што ќе го сака вашиот авантуристички дух и затоа што е вистински мајстор за флерт, исто како вас!

Не е за вас: Во целост ве привлекува изгледот на јарците, но тие незнаат како да се изборат со вашата независност.

Рак

Вие и љубовта: Иако вашиот знак има клешти, вие во суштина сте доста емотивни. Вам ви е потребен некој што ќе сака да се гали исто како и вас, но во исто време и да ги почитува вашите старомодни стандарди. Важно ви е тој да им се допаѓа на вашите родители, затоа што сепак, за вас е најважно семејството. Вашиот идеален состанок со некое момче е кога ќе останете дома и ќе уживате во некој филм.

Проблем за романса: Емоциите за вас се се’ на светот, и ниту едно момче несмее да го занемари фактот дека вас е мошне лесно да ве повредат. Кога тоа ќе се случи, вие се повлекувате во вашиот оклоп и страдате во тишина, со големо количество чоколада.

Вашата сродна душа: Нежната страна на девицата ќе излезе на површина во ваше присуство.

Не е за вас: Момчето во знакот водолија ќе знае да ви погледне во душата, но нема да биде нежен колку што ви е потребно.

Лав

Вие и љубовта: Кралската лавица сака да биде главна во љубовта. Момчињата помалку се плашат од вашата самоувереност и независност додека да ве запознаат. Вистина е дека моќната кралица на дивината може да стане преплашено маче кога некој ќе и’ го скрши срцето. Длабоко во душата, вие сте маченце што сака само едно момче што ќе биде нејзино. Длабоко сте предадени и тоа го барате и од вашето момче.

Проблем за романса: Понекогаш вашата величествена гордост може да се испречи пред вистинската љубов затоа што ви е тешко да признаете дека сте згрешиле.

Вашата сродна душа: Близнаците и стрелецот нудат возбудување, но покрај еден рак ќе се чувствувате сигурно и сакано.

Не е за вас: Бегајте од критички настроените девици, кои што се плашат од вашата отворена самодоверба.

Девица

Вие и љубовта: Срамежливата девица не од оние што прво љубат а потоа говорат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу вас и вашиот дневник. Вашиот љубовен стил е прво да го оставите да се прашува, а не да го направите првиот чекор или бесрамно да се фрлите врз некое момче. Вие не сакате да бидете мистериозни. Во суштина вие сте во целост отворени и искрени, штом ќе му дозволите некому да ви се приближи. Меѓутоа, пред тоа да се случи, тој ќе мора да ве импресионира со неговиот ум.

Проблем за романса: Склони сте брзо да ги отпишувате момчињата, дури и по само еден разговор. Ќе бидете и понатаму пријател со нив, но ако не е супер интелегентен и ако не размислува брзо како вас, тој ќе замине во заборав.

Вашата сродна душа: Вие го посакувате сензибилетот на јарецот.

Не е за вас: Вас ве одбиваат луѓето што се мајстори за драма. Може ли да кажеме – лавови?

Вага

Вие и љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да го привлечете баш оној тип на маж што го сакате, а потоа да направите тој безнадежно да се вљуби во вас. Ова не значи дека вие не сте пребирливи. Вашето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро исто како вас.

Проблем за романса: Понекогаш сте повеќе вљубени во чувството на вљубеност, отколку во вашата посилна половина. Ова се случува затоа што вие сте идеалист и го гледате само она што сакате да го гледате кај вашето момче.

Вашата сродна душа: Неможете да го игнорирате начинот на кој што овенот влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за вас, затоа што ракот ќе ве обожава како никој друг.

Не е за вас: Водолијата размислува на сличен начин како вас, но не се пронаоѓа во вашата романтична страна.

Скорпија

Вие и љубовта: Скорпијата не се плаши да се бори за љубовта. Штом некој ќе ви падне во очи, вие инстинктивно знаете што да кажете и што да направите за тој да ве посака. Всушност, вие сте толку добри во играта на заведување, така што тој си мисли дека тој ве брка вас. Вие секогаш ги држите конците во вашите раце. Емоциите ги држите заклучени се додека не сте сигурни дека можете да му верувате. А тогаш, тој нема да има можност да запознае поинтензивна љубов од вашата.

Проблем за романса: Вашата љубомора се гледа на километар. Ако ви тргне од рака да ја чувате под клуч љубомората, вашиот сакан никогаш нема да ве напушти.

Вашата сродна душа: Губите памет на риби и ракови.

Не е за вас: Вам ви е потребно многу повеќе време и внимание од она што стрелецот може да ви го даде.

Стрелец

Вие и љубовта: Кога станува збор за љубовта, вие сте опуштени. Момчињата губат разум заради вас, затоа што не ги заморувате и не драматизирате без потреба. Вие сакате личности што сакаат добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што вие ги почитувате нештата какви што се. Длабоко во вашето срце, копнеете за патувања, па често ве привлекуваат момчиња со егзотичен изглед или оние што потекнуваат од некои оддалечени места.

Проблем за романса: Вашето срце без проблем скока од едно до друго момче, поради што често ве следи репутација на срцекршачка. Во суштина, вам може да ви се верува, но момчињата често се несигурни во вашата близина затоа што сте премногу отворени.

Вашата сродна душа: Најдобро е да се држите до некое момче со слободен дух како што се водолиите или близнаците.

Не е за вас: Момчето родено во знакот на рак е премногу чувствително за вас.

Јарец

Вие и љубовта: За вас љубовта е мошне сериозна работа. Нема шанси да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Вие сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да впловите во некоја врска. Во вашите романси пријателите играат голема улога затоа што често ви доставуваат важни информации.

Проблем за романса: Кога еднаш ќе воспоставите врска со некое момче, вие сте за љубов на долги патеки. За вас раскинувањето е речиси невозможно поради вашата верност и одлучноста врската да успее.

Вашата сродна душа: Бикот и девицата ве разбираат подобро од било кој друг.

Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките типови како што се лавот и овенот.

Водолија

Вие и љубовта: Вие сте независни. Најголемата грешка што некој може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Вие не сакате љубовта да управува со целиот ваш живот. Во петок навечер сакате да се гледате со него, но затоа во сабота излегувате со пријателките. Ако тоа не му одговара, тогаш ќе го заборавите. Исто така, потребно е тој да има самодоверба за да разбере дека вашето срце е доволно големо за да ги сака сите.

Проблем за романса: Внимавајте премногу често да не ги одбивате, затоа што момчињата реченицата „Ќе разговараме подоцна“ ја прифаќаат само одреден број пати.

Вашата сродна душа: Момчето родено во знакот девица е добро за вас затоа што и тие сакаат да бидат слободни.

Не е за вас: Лавот кој бара да ја обожавате дури и земјата по која што чекори не е добар за вас иако меѓу вас постои неверојатна хемија.

Риби

Вие и љубовта: Астролошката божица во љубовта е најсреќна кога е вљубена – навистина вљубена. Вие сте романтичар кој што во целост верува во постоењето на сродните души. Всушност вие сте подготвени да ги превртите и небото и земјата за да ја најдете вашата сродна душа. Кога ќе го најдете совршеното момче, ќе бидете подготвени да направите се’ за него, но понекогаш грешите затоа што неговите потреби ги ставате пред сопствените.

Проблем за романса: Вам ви е потребно чувствително момче, некое што ќе ги рабере вашите емоции. Ако не е на иста бранова должина како вас, вие емотивно се затворате и врската тоне во неразбирање и незадоволство.

Вашата сродна душа: Ракот ја чувствува вашата болка и ја дели вашата радост подобро од било кој друг знак.

Не е за вас: Егоцентричниот овен ужива во вашето внимание, но го искористува и вашето нежно срце.



Изменето од Valerija - 08.Ноември.2016 во 22:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2016 во 22:01

Што носи месец ноември во љубовта? Водолиите ќе се вљубат во постара личност, Стрелците ќе се расправаат

Љубовниот хороскоп за ноември 2016-та година ни носи многу изненадувања на полето на љубовта, емоциите, симпатиите и романтичните моменти, но и прекини на врските и нови љубовни искуства.

ljubov

Овен

Компромисот дефинитивно е главен збор кога се во прашање Овните, како и сè она што ќе се случува на љубовен план во месец ноември. Бидете подготвени за прилагодување, бидејќи само така ќе постигнете успеси. Ве очекуваат доста убави моменти и одлични сексуални моменти, па ќе бидете задоволни со она што ви се случува во моментот. Бидете внимателни со партнерот, а посебно внимавајте на комуникацијата со него, за да ги избегнете проблемите и расправиите кои не ги посакувате. Новите љубовни врски ќе донесат многу убави моменти на слободните Овни.

Бик

Биковите ќе бидат емотивни и чувствителни во текот на овој месец и секако, сето тоа многу ќе влијае на нивните односи, како на пријателските и семејните, така и на љубовните. Ќе се зближите со партнерот, што секако, тоа многу ќе ви одговара, бидејќи така уште подобро ќе се запознаете. Покрај сето тоа, вашиот сексуален живот ќе се подобри. Слободните Бикови можат да се подготват за нови случувања на љубовно поле, посебно кога се пријателствата во прашање, бидејќи истите можат да се претворат во нешто повеќе.

Близнаци

Близнаците во суштина имаат еден добар период кога е во прашање љубовта, само треба да внимаваат на комуникацијата и на начинот на кој се обраќаат на партнерот. За да не дојдете до нешто што вас не ви одговара и да не си создадете непотребни проблеми, внимавајте на изговорените зборови и постапките. Доаѓа интересен период за сите слободни Близнаци, бидејќи ќе имаат можност да запознаат некоја интересна личност со која ќе посакаат и траен однос. Внимавајте, бидете смирени и трпеливи при донесувањето на одлуки за да не погрешите.

Рак

За многу припадници на овој хороскопски знак доаѓа мирен период. Ако сте слободни, така ќе сакате и да ви остане ситуацијата за да можете повеќе да се посветите на семејството, пријателите и најблиските луѓе кои ги гледате секојдневно. Токму тоа ви е најпотребно во овој момент и нема да се обидувате да градите нова врска. Меѓутоа, еднаш што ќе се најдете во пријатно опкружување, ќе се исполните со позитивна енергија и нема да останете незабележани од спротивниот пол. Ако сте во врска, ќе имате малку тешкотии, но истите брзо ќе ги решите благодарение на трпеливоста и толеранцијата.

Лав

Периодов не ви беше баш најзадоволителен, барем не кога е во прашање љубовта, но сето тоа многу брзо ќе се реши и поправи. Ако со партнерот сте имале проблеми, ова е одличен момент да ги решите и така да си го подобрите односот во врската за потполно да бидете задоволни. Кај оние кои се во врска сè повеќе ќе се враќа позитивната состојба. Слободните Лавови ќе имаат можност за запознаат некоја интересна личност, па и да започнат поквалитетен однос со таа личност.

Девица

Наредниот период ќе биде одбележан со добар однос со партнерот, па ќе бидете многу задоволни од својата емотивна состојба. Вашите спонтаност и непосредност посебно добро ќе влијаат на вашиот љубовен живот, а тоа секако и понатаму позитивно ќе влијае на сите останати случувања. Ако сте слободни, излегувајте и уживајте – ве очекува нешто ново и интересно. Флерт ќе ве очекува насекаде, а тоа секако, ќе ви годи.

Вага

Вагите ги чекаат бројни промени кога е во прашање љубовта. Ќе посакате вашиот партнер да биде одговорен, посветен и да ги споделува вашите размислувања, а ако тоа не се случи, ќе бидете разочарани. Ќе ви се вртат во главата бројни прашања во врска со партнерот и врската. Но, немојте премногу да се опседнувате со негативните работи, потрудете се да се релаксирате, бидејќи сè ќе се реши и ќе си дојде на свое место. Баш тој „студен“ став ќе ве направи попривлечни кај партнерот, а тоа дополнително ќе ве зближи.

Скорпија

Скорпиите целата своја сила ќе ја вложуваат во љубовните односи и емоциите, па нормално, тоа ќе влијае на подобрување на врската со партнерот. Овој месец посебно ќе уживате во љубовта. Ако не сте во врска и сè уште сте во потрага по вистинската личност, имајте на ум дека искреноста многу ќе ви помогне при искажувањето на емоциите. Ако некој ви се допаѓа, отворено кажете го тоа. Сигурно ќе успеете, потребен е само еден чекор да направите.

Стрелец

Страственоста и силните емоции доста ќе влијаат на вашиот однос со партнерот. Доколку е тоа потребно, остро ќе се расправате со некого за саканата личност и спротивно, ако партнерот направи нешто и тоа не ви се допаѓа, нема да премолчите и да останете смирени. Слободните Стрелци ќе бидат воздржани во изразувањето на емоциите. Премногу ќе ја прашуваат и истражуваат личноста која им се допаѓа, па тоа може и да ја избрка. Бидете малку посмирени и не влегувајте тактички во љубовта. Дозволете страста да завладее.

Јарец

Ве очекува период со многу дружба, бидејќи само така ќе се чувствувате најдобро. Најмногу ќе водите сметка на тоа да имате активен друштвен живот, да бидете покрај пријателите, а можни се и нови познанства. Ако посакате, некое ново пријателство може и да премине во нешто посериозно. Јарците кои се во врска ќе имаат добри односи со партнерот, ќе имаат доста романтични моменти, а и сексуалниот живот ќе им се подобри.

Водолија

Водолиите ќе имаат потреба да размислуваат за некои идни планови со партнерот, а тоа доста ќе го зацврсти односот, бидејќи и двајцата ќе имаат исти животни цели. Можеби во моментот тоа ќе ги залади страсните односи меѓу вас, но тоа воопшто нема да штети на вашата врска. Ако сакате одмор, можете да заминете на кратко патување со партнерот и да заборавите на проблемите. Слободните Водолии ги следи интересен период, бидејќи ги очекува невообичаен однос со постара личност или врска на далечина.

Риби

Ако имате мали проблеми во врската, запрашајте се дали истите сте ги имале и во минатото и како можете да ги решите. Не дозволувајте истите да влијаат на вашиот однос, туку само сетете се како сте реагирале и како треба исправно да постапите за да ги поправите грешките. Ако не сте во врска, ќе ве заинтересира личност за која пријателите и семејството нема да ве поддржат. Ќе бидете меѓу овие две страни, бидејќи од една страна ќе ви биде важно мислењето на семејството, а од друга страна, ќе сакате да бидете покрај личноста која ве привлекува. Но, ова не е поволен момент за врска.



Изменето од Valerija - 08.Ноември.2016 во 22:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2016 во 08:35

4 хороскопски знаци на кои во ноември ќе им се исполнат љубовните желби


Дали ноември ќе ви донесе остварување на љубовните желби или ќе биде само уште еден просечен месец во низата?

4-horoskopski-znaci-na-koi-vo-noemvri-ke-im-se-ispolnat-ljubovnite-zelbi-1.jpg

Овие 4 хороскопски знаци ги следи среќа на поле љубов во 11-от месец од 2016-та година:

Бик

Сè до 21-ви ноември 2016-та година, љубовниот живот на Биковите ќе им биде на прво место. Нивната главна грижа ќе бидат партнерите и односот. За жал, во одредени моменти ќе мора да одберат дали ќе им веруваат на очите или на срцето. Саканата личност ќе оствари успех од кој и вие ќе имате индиректна корист. На еден или друг начин, во текот на октомври можно е да се помешаат љубовните и професионални интереси.

Близнаци

Очекувајте подобрување на љубовните врски во текот на ноември 2016-та. Очекувајте многу емоции, но и сериозност. Овој период од вас побарува подлабоко поврзување. Во последните две декади од месецот можете да очекувате важни случувања, одлуки, остварувања и пронаоѓање на решенија на проблемите кои долго време ве мачат. Ќе мора да пребродите одредени проблеми и да замижите ако сакате да стигнете до каде што сакате. Но, овој ноември ќе успеете.

4-horoskopski-znaci-na-koi-vo-noemvri-ke-im-se-ispolnat-ljubovnite-zelbi-2.jpg

Вага

Ноември е прилично возбудлив месец за Вагите. Страствениот Марс е на ваша страна од 9-ти ноември, па потребна е само мала искра за да се вивне пламенот од љубов и страсти. А, тој пламен може да ве однесе во неочекувани правци. Истражете ги. Ве очекува динамичен период кој е одличен за почнување долги врски, но и за обновување на старите премолчени страсти.

Јарец

Во првите две декади од ноември очекувајте страствени понуди. Жешките авантури се и тоа како можни во периодот до 20-ти ноември и може да се случат нагло, неочекувано, и тоа значи дека нема да потраат. Истовремено ќе имате моќни искуства, интензивни расправи и ситни инциденти. По 12-ти ноември може малку да се смирите. Кон крајот на месецот може да почнете поемотивни врски доколку имате желба. Вашата моќ за заведување ќе биде очигледна овој месец.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2016 во 08:27

Толкувања стари 200 години: Народен календар за сите 12 хороскопски знаци


Народниот календар е книга која порано ја имало во речиси секој дом. Во него можеле да се најдат разно разни толкувања и предвидувања.

tolkuvanja-stari-200-godini-naroden-kalendar-za-site-12-horoskopski-znaci-1.jpg

Она што веќе 200 години останало запаметено се толкувањата за сите 12 хороскопски знаци.

Астролошките толкувања се објаснети на едноставен, народски начин, според кои секој хороскопски знак се изедначува со еден месец во годината.

Јануари или Водолија

Родените во овој хороскопски знак себрбливи, досетливи, со непостојано мислење, односно едно ќе кажуваат, друго ќе прават. Искрени се и добродушни, но за жал лесно се разгневуваат и лутат. Кога ќе се опијат, занесени се и ги гушкаат и сакаат сите.

Можно е да имаат белег од раѓање на градите, рамениците, ноктите или плешките.

Во месец февруари ќе имаат најголеми шанси за заработка на пари, а во јуни ќе бидат склони на болести. Во јули ќе стапат во брак, но до 30 години добро ќе проживеат, уживајќи во секакви задоволства.

Болките ќе бидат најчести во жилите, колениците и главата.

Водолиите сакаат долго да спијат, ништо не им е по ќеиф, а околу нив луѓето често ќе го чувствуваат краткото трпение и долгиот јазик.

Февруари или Риби

Родените во овој знак се со среден раст, дебели усни и тешко тело. Лесно се навлекуваат на науките кои ги интересираат, сакаат да патуваат по сестрани предели и се добри газди. Ќе се збогатат лесно, веројатно по линија на наследство.

Можно е да имаат белег од раѓање на образот, рацете или главата.

Добри ловци се, па никој не може да ги нападне. Склони се на афери со мажени/женети лица.

Најчести се болките во нозете, забите и очите.

Родените во февруари треба да се чуваат од немирниот дух, од зимата и од недостатокот на железо. Живеат пристоен живот и обожаваат кога добиваат пофалби.

Март или Овен

Родените во овој знак често се слабокрвни, добри и верни службеници, имаат големи усни, мудри се, чесни, со јуначки дух и не знаат за страв. Лесно се лутат, но за среќа уште полесно им поминува.

Се очекува во животот да шета низ светот, да достигне голема слава, но само ако се чува од незгодното друштво.

Во март има среќа во сè. Август е најризичен за болести. Во септември и ноември би било добро да се посвети на стекнување богатство.

Знаците родени во Март се склони на болки во колениците, срцето и на повремени депресивни моменти.

Април или Бик

Луѓето родени во април се вредни и добронамерни, заради што целиот свет ги почитува. Имаат страшен поглед по кој ќе го познаете. Сака игри на секое поле и сака да му се предаде на немирниот дух.

Сака кога му се доверуваат тајни.  Не прашуваат за совети, ниту ќе послушаат туѓ совет, колку и да е добронамерен.

Биковите не знаат што значи да се врзеш за еден човек.

Месец април му е среќен за пари и добивки. Во мај го очекува успех на работното место.  Да се чува од лоши друштва, бидејќи може од нив да добие сериозни болести.

Лесно се противи на секаква неправда. Не сака да има пријателства кои не му ги исполнуваат критериумите.

Најчесто пати од главоболки и болки во очите.

Мај или Близнаци

Родените во овој месец се итри, со остар поглед и полни со многу мудрости, заради што лесно стекнуваат слава. Паметни се, лесно се сожалуваат и се надарени со добар дух.

Лесно заработува пари, но не знае да ги цени, па затоа често запаѓа во неволји. Често се лути, многу зборува.

Белег од раѓање веројатно ќе има на главата или ноктите.

Најголеми шанси за брак има во септември, во октомври го очекуваат немоќ и слабост.

Треба да се чуваат од болки во стомакот и градите, но и од силни главоболки и мигрени.

Јуни или Рак

Јунските деца, односно Раковите, се разумни, сакаат да бидат секогаш дотерани,имаат убаво тело, бел и нежен тен. Среќата им е непостојана, од јадење и пиење не можат да се воздржат, а на лагите лесно им веруваат.

Сака да биде фален и озборуван, но честопати лесно верува. Поборник е за вистина и искрени пријатели.

Најголеми болки ќе има во забите, рацете и нозете. Сепак, долгиот живот им се препишува токму нив.

Имаат добар карактер, добри намери и уште подобро срце, но може да бидат несреќни во љубовта.

Мај му е најнесреќниот месец, па мора да внимава на секое поле.


tolkuvanja-stari-200-godini-naroden-kalendar-za-site-12-horoskopski-znaci-2.jpg

Јули или Лав

Родените во овој знак се склони на добри и јуначки дела, трудољубиви се, ја сакаат правдата и затоа се омилени. Добронамерни се и со чист образ.

Белег од раѓање веројатно имаат на градите или на страната од торзото.

Жедни се за власт, но кога ќе ја достигнат, им недостасува топлината на семејството и домот.

Во јули имаат голема среќа, но во август ефективноста им се намалува. Родените во месец јули може да очекуваат богатство во втората половина од животот.

Имаат жесток карактер, па затоа страдаат од чести главоболки, а понекогаш и болки во забите.

Август или Девица

Родените во овој месец се милосливи, со добра волја и лесно учат новитети. Треба да се чува од големи и моќни луѓе, бидејќи тие никогаш нема да му бидат пријатели.

По природа е зборлест, а во сопствената чест ќе вложува најмногу.

Треба да се чува од вода и од болки во очите, главоболки и грозници.

Во јули треба да се воздржи од стапување во брак, а среќата и парите му се наклонети во август.

Белег од раѓање веројатно има на срцето, градите или вратот.

Септември или Вага

Вагите имаат лут и жесток карактер, голем нос и среден раст. Сака откачен живот, луди забави и чести патувања, но во втората половина од животот ќе сфати дека не е исполнет.

Септември му е успешен месец на секое поле, а во октомври го следи среќа во напредокот на работното место. Јули исто така му е успешен месец.

Се разбира во многу работи, па затоа кога родените во септември зборуваат, сите ги слушаат.

Во бракот се среќни, сакаат и планираат да имаат многу деца, а избегнуваат луѓе кои сакаат да наштетат на било кој и било како.

Најчесто имаат болки во прстите, главата и грбот.

Октомври или Скорпија

Кај Скорпиите најважно е домашното воспитување. Ако од рана возраст не бидат воспитани внимателно, понатаму во животот ќе имаат лош и непредвидлив карактер. Сакаат пари и склони се на лаги.

Физички е со среден раст и жилав. Карактерно е ладнокрвен.

Во месец мај треба сериозно да биде загрижен за своето здравје.

Лесно се зближуваат со моќни луѓе и значајни имиња, затоа што сакаат да бидат забележани. Но, уште полесно се лутат и влегуваат во конфликти.

Патат од болки во главата, стомакот и коските.

Ноември или Стрелец

Родените во овој знак се разумни, паметни, со темни очи и мускулесто тело. Лесно ќе ве купат со зборови.

Белег од раѓање имаат на градите или челото.

Добар соговорник е, но знае брзо да се разлути. Сепак, лесно се смирува. Забавувач е во друштвото, а кога некој ќе му довери тајна знае да ја сочува.

Месец ноември му е среќен на секое поле, а во декември што и да почне, ќе заврши со успех.  Во април треба посериозно да се грижи за здравјето.

Најчесто боледуваат од главоболки, болки во очите и забите.

Декември или Јарец

Луѓето родени во декември се силни, убави и зборуваат гласно. Остри се, лути, личат на мајката, а благите пцовки им се секојдневие. Ветуваат многу, исполнуваат малку.

Ако се оженат во јули, ќе имаат среќен брак. Во јануари  ќе ги следи среќа и успех на секое поле. Внимателно со здравото во јули.

Белег имаат на средина на телото.

Не зборуваат многу, но зборуваат и се советуваат сами со себе. Тежнее кон слава и пофалби упатени на сопствена сметка.

Треба да внимаваат од болки во нозете, главата и стомакот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2016 во 08:56

Една од најинтересните астролошки дисциплини е кармичката астрологија.

golem-karmicki-horoksop-zosto-se-naogate-tuka-kade-sto-ste-1.jpg

Суштината на ваквото проучување не лежи во тоа да се открие што била личноста во претходниот живот, туку да се утврди какви се нејзините сеќавања, зошто има ирационални стравови и најважно - која е нејзината кармичка лекција.

Зошто сте тука каде што сте и која е целта на вашето постоење?

Откријте според хороскопот:

Овен

Овој знак укажува дека за време на минатите инкарнации сте биле премногу зависни од туѓите мислења. Од непозната причина сте мислеле дека другите се поинтелигентни од вас, па од тука потекнува чувството на инфериорност. Сепак, со право сте одбрале во сегашноста да имате доволно храброст и да ги браните сопствените уверувања.

Можно е уште да се чувствувате како да не сте доволно сакани. Само со помош на борбеноста и упорноста, ќе дојдете до напредок.

Исто така одбравте да не бидете зависни. Во оваа инкарнација за да бидете среќни, неопходно е да научите како да бидете сами. Неопходно е да остварите било каков вид на независност.

Бидејќи порано повеќе сте ги вреднувале туѓите мислења, сега имате проблем со истрајноста. Во врска со тоа мора да го научите следново - не се плашете да пробате одново и одново.

На добар пат ќе застанете само ако утврдите што сакате, а за тоа е потребна голема самодоверба, без страв од туѓите реакции. Кога ќе ги развиете ваквите ставови, ќе го освоите светот.

Бик

Лекцијата која треба да ја совладате во сегашноста се состои од балансирање на материјалното и духовното. Вашиот претходен живот бил неверојатно духовно богат, но материјално сиромашен. Некои од вас уште го помнат недостатокот на материјални добра, па сега се јавува во облик на ирационален страв од сиромаштија.

Сега сте родени со погрешни уверувања дека духовното и материјалното е невозможно да се спојат. Затоа е важно да научите дека не е потребно да имате многу пари, туку потребно е да знаете што да правите со оние што ги имате.

Препуштете се на напорната работа и дозволете парите природно да си дојде.

Заради тензијата која ја чувствувате на оваа тема, можно е да имате погрешен морален модел. Обидете се емотивната нестабилност да не ја покривате со непотребни трошоци.

Ако научите да бидете целосно искрени кон себе и другите, ќе си помогнете многу. Неопходно е да научите да го сакате своето тело такво какво што е, но и вашиот дух. Оние кои лошо ја сфатиле лекцијата на животот мислат дека парите се замена и решенија на сите проблеми.

Важно е да сфатите дека парите не управуваат со вас, туку вие со парите.

Близнаци

Минатиот живот сте го посветиле на проучување на животот од религиски и филозофски аспект. Сте дошле до ситуација во која сте се изолирале од луѓето, па лекцијата во овој живот е да ги совладате меѓучовечките правилни односи.

Треба да научите како подобро вербално да се изразувате и обраќате. Веројатно досега сте почувствувале многубројни потешкотии при остварување на нови контакти. Сметате дека другите не ве разбираат.

Бидејќи во минатата инкарнација сте биле одвоени од луѓето, можно е сега малку и да им се плашите. Ваша задача е да научите да бидете подруштвени, но не да ги преувеличувате работите, па да ги пласирате погрешно.

Исто така, мора да научите да им кажете „не“ на другите, без оглед на ирационалниот страв дека ќе бидете исмеани и отфрлени од друштвото. Кога сето тоа добро ќе го избалансирате, ќе ја научите лекцијата заради која сте на овој свет.

На Близнаците често им се случува да прекинат веќе стекнати пријателства, без добра причина или конкретен проблем.

Во овој живот мора да научите да остварите искрена комуникација, да ги стабилизирате своите емоции и да не се сомневате во наклонетоста на другите.

Рак

Ваша задача е да научите да остварувате контакти со луѓето и да ги стабилизирате емоциите. Можно е во минатото да сте биле премногу зависни од семејството, па сега ги очекувате истите односи.

Во оваа инкарнација допирате до луѓе кои не сте ги знаеле во минатото, така што меѓу членовите на семејството се чувствувате најсигурно.

Во минатото сте се чувствувале далеку посакани, отколку во овој живот, па големи се шансите да се чувствувате отфрлено. За да го надминете тоа чувство, мора да научите да си припаѓате само самите на себе и да се ослободите од зависноста. За да научите правилно да сакате, не одете против себе, по цена да им удоволите на другите.

Бидејќи сте изразено емотивни, мора да внимавате да не им го расипувате расположението на луѓето околу вас. Мора правилно да ги согледувате работите. Ако некој ви упати критика, тоа не значи дека не ве сака, напротив.

Не смеете да градите лажна сигурност, потпирајќи се на член од семејството или брачниот партнер. Вашата лекција е да научите да бидете посигурни и повеќе да се сакате.

Луѓето имаат право на различни мислења, а ваше е да научите дека „не ми се допаѓа твојата кошула“ не е навреда или знак на омраза, туку само изразување на мислењето.

Лав

Во некоја од изминатите инкарнации толку сте ја прошириле индивидуалноста, што сте заборавиле дека другите луѓе постојат. Сега сте тука за да научите дека е важно што мислат и другите луѓе околу вас.

Верувате дека ако премногу се препуштите, може да го изгубите идентитетот. Се плашите за својата индивидуалност и егото, но време е да направите нешто без себичност, полно со љубов и почитување.

Во некоја од минатите инкарнации сте правеле се од љубов, сте ги сакале луѓето, па сега може да имате некој ирационален страв доколку некој ве повредил. Ви треба време за одново да ги засакате луѓето, но вреди да се потрудите.

Не ги избегнувајте односите во кои треба емотивно да се врзете. Вашата кармичка задача во овој живот е да сфатите дека е природно да сакате, како и да бидете сакани. Не смеете да бегате од таквите ситуации. Не сте послаби само затоа што имате некој на кој ќе се потпрете.

Девица

Во претходната инкарнација во нешто сте претерале, па сега мора да научите цврсто да стоите на земја. Лекцијата која треба да ја совладате се состои во тоа да не верувате во се што другите ви зборуваат и да се ослободите од наивноста.

Не се оптоварувајте со тоа кој ја зборува вистината, а кој ве лаже. Не сте родени за тоа да го разликувате и би требало да го надминете ирационалниот страв дека постојано некој ве манипулира.

Вашата лекција се состои во тоа да научите да го слушате сопственото тело. Покрај тоа, неопходно е да научите да преземете одговорност за сопствените постапки.

Луѓето родени во Девица се предадени работници кои се неверојатно успешни. Во позадина, сепак може да се потпираат на поддршката од партнерот и нему да му го препишуваат сопствениот успех. Тоа мора да промени и да научат да се потпираат само на себе, за лекцијата во овој живот да биде успешно совладана.

Не смее да станете студени кон себе, да се изолирате од сопствените желби, бидејќи така ќе се доведете до психички дисбаланс.

Вага

Вашата лекција се состои во тоа да научите да бидете праведни на сите животни полиња. Би требало да научите подеднакво да се вложувате и да барате. Заради сеќавањата од минатиот живот во кој сте имале проблеми со искрените односи со луѓето, чувствувате одбивност кон поголеми групи и недоверба.

За да остварите успешна социјализација, мора да научите да се вложите. Типична грешка која може да ја направите е повторно да не балансирате добро меѓу она што го нудите и она што го барате. Не запаѓајте во крајности.

Не е добро ниту да се чувствувате искористени, ниту да ги користите другите.

Правилно распоредете ги емоциите и енергијата. Можно е во минатиот живот да сте биле изразен индивидуалец, па сега тешко да ви паѓа зависноста од другите луѓе.

Тоа ве доведува до следната потточка и лекција - замолувањето за помош не е најлошото нешто што може да ви се случи.

Мора да им дозволите на луѓето да почувствуваат дека имаат некаква улога во вашиот живот, во спротивно, ќе почувствуваат отпор бидејќи сметаат дека се потребни.

Скорпија

Овде сте за да изградите правилен систем на вредности и да научите да преземете одговорност за сопствените постапки. Во минатиот живот многу сте се грижеле за блиските, па во овој живот имате изразена потреба за грижа за другите, иако тоа никој не го бара од вас.

На вас останува да ги откриете сопствените граници и границите на другите луѓе. Проценливи сте и во се одите до крај.

Во претходниот живот сте научиле што е зло, па во овој живот ви е лесно да го препознаете. Интуитивно знаете што е добро, а што лошо, па затоа мора да научите да му верувате на внатрешниот глас.

Не се обидувајте да манипулирате со другите. Мора да сфатите дека константното контролирање е невозможно и дека таквиот чин не ве прави добри и посакувани.

Стрелец

Дојдени сте на овој свет за да ги разбиете сите предрасуди околу вас. Незаситни сте, сакате да истражувате, да го проширувате знаењето и жедни сте за информации.

Во оваа инкарнација мора да и се спротивставите на минатата. Некогаш сте биле традиционални и со ограничени видици, па на сите сте им се објаснувале за секој чекор во животот. Затоа, во овој живот претрпувате многу конфликти околу вашиот систем на вредности и работи во кои верувате.

Во минатиот живот сте знаеле само една вистина, а сега сте жедни да ги проширите хоризонтите.

Си поставувате најразлични прашања и сакате да откривате мистерии. Истражувањето на туѓите култури е најдобрата работа која може да ја направите како би ги зацврстиле своите верувања.

Кога ќе утврдите дека вие не сте мерка, туку сите прават како што сакаат и веруваат во што сакаат, тогаш ќе започнете мирно да спиете.

Во постојана потрага сте за вистините, чекате одговори, и имате мал проблем со идентитетот. Преку анализирањето на секој и сешто најлесно ќе откриете што ви е потребно лично вам.

Јарец

Тука сте за да ја научите вредноста на добрата репутација. Како да се вклопите во друштвата, како да станете одговорни за своите постапки и како да им бидете корисни на другите. Доколку не ја научите оваа лекција, очекувајте долги периоди на изолација.

Во минатата инкарнација не сте ги сакале луѓето од некоја причина, па пред вас е задача да ги засакате. Престанете да ја одбивате понудената помош и поддршка. Ако сте ладни и безобразни, луѓето можеби ќе ве почитуваат и ќе ви се плашат, но сигурно нема да ве сакаат.

Неопходно е да остварите позитивни контакти со луѓето. За да напредувате, поработете и на трпеливоста. Бидејќи во минатото околината ве контролирала вас, сега настојувате вие да ја контролирате. Внимавајте, контролирањето на другите е тешко и непотребно.

Научете да бидете корисни и да им бидете на располагање на другите. Доаѓате од инкарнација во која сите биле авторитети и над вас, но тоа не значи дека сега вие треба да ја имате таа улога.

Оние кои погрешно ќе ја сфатат задачата, може да станат претерано амбициозни и да веруваат дека сите средства се дозволени за да извојуваат победа. Не му се препуштајте на бескрупулозното однесување.

Водолија

Предизвик ви е да ги одвоите посесивноста и љубомората. Големи се шансите во минатото да сте растеле во некое богато, кралско семејство во кое постојано ви се повторувало „ова мораш да го направиш - во спротивно некој подобар од тебе ќе го направи.“

Мора да научите да го разбиете сопственото его, за да размислувате што е добро за другите.

Задачата која ја имате во овој живот е повеќе да размислувате на луѓето околу вас, отколку на себе и своите блиски. За да напредувате, мора да сакате и почитувате.

Ако сметате дека работите се однапред утврдени и не може да се променат, тогаш нема напредок. Затоа собирате посесивност и љубомора. Чувајте се од предрасуди и верувајте во променливиот тек на настаните.

Да сакате без да барате љубов за возврат е уште една важна, но тешка лекција за вас. Во минатиот живот сте биле сакани затоа што сте имале добра положба, но во овој живот мора сами да ја стекнете.

Во овој живот имате идеална шанса да откриете како изгледа кога човекот е сакан заради она што навистина е. Кога ова ќе го постигнете, тогаш може да уживате во вашите нескротлив дух.

Риби

Во оваа инкарнација сте за да научите како да излезете на крај со емоциите. Во минатиот живот сте биле посебно критични и сте сакале се да биде на свое место. Сега сте тука за да сфатите дека работите се убави и кога се хаотични.

Мора да научите да го слушате внатрешниот глас, но да го разликувате од фантазијата. Не би требало да се плашите од емотивноста и да ги одвоите прстите од земјата.

Важно е и да бидете селективни околу луѓето во ваша близина. Негативно ви влијаат и најситните кавги, бидејќи во минатото сте биле сведоци на бурни недоразбирања. Вие сте луѓе - сунѓери и ја впивате енергијата од околината.

Луѓето родени во Риби го имаат најизразениот и најточниот внатрешен глас, па затоа не смее да го игнорираат. Така може да се повредите и себеси и другите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2016 во 08:30

Тие мораат да ја анализираат до детаљ ама баш секоја ситница, а потоа да ја преиспитаат со својот аналитички ум, за дури на крајот да донесат некаква одлука.

cuvajte-se-od-nego-ova-e-najpresmetliviot-znak-vo-horoskopot-001.jpg

Во нивниот свет сè е испланирано и организирано. Тие се точни и пресметливи.

Сите нешта ги расчленуваат на најмали делови, внимателно ги пресметуваат сите можни опции, за да крајот да донесат одлука која не би можела да биде погрешна.

Тoa се Девиците.

Кај нив нема пропусти. Тоа ги навредува, па е речиси невозможно да се случи.

Нивниот мозок е сличен како тој на Близнаците, што не е ни чудно, имајќи гo на ум фактот дека нивни владетел е МерК*р.

За разлика од Близнаците кои се луди и забавни, Девиците не знаат како да се забавуваат.

Не сакаат кога некој ги прекинува на средe реченица и во тој момент стануваат многу нервозни. Имаат многу „краток фитиљ“ и знаат лесно да избувнат.

Она што ги ужаснува се човечката глупост, непромисленост, неточност...

Знаат да бидат големи злоамтила, а во некоја кавга ќе ве потсетат на деталите од пред многу години, на кои вие и секој друг , нормално не би се сетиле никогаш.

Поседувањето на изразена логичка интелигенција, честопати ги доведува во конфликт со самите себеси, но и со нивните емоции.

За нив во сè мора да има логика. А, кај емоциите таа е најмалку присутна. Токму затоа, емоциите се вечен проблем за кој не можат да најдат логичко објаснување.

Сè она во кое нема логика и точност, за Девиците е еднакво на хаос, а често знаат да го изгубат тлото под нозете и да бараат некој на кој ќе се потрпат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2016 во 14:00

Хороскопски знаци кои имаат најдолг животен век


1

Но сепак хороскопот е тука да ни ги открие тајните на ѕвездите кои “управуваат“ со знаци под кои сме родени.

Верувале или не, хороскопот може да ја открие и должината на нашиот животен век.

Иако начинот на кој живееме од стресот па се до исхраната имаат големо влијание на нашиот животен век, би можело да се каже дека хороскопот е тесно поврзан со тоа. Всушност се испоставува дека три хороскопски знаци имаат подолг живот од луѓето кои се родени под другите знаци во Зодијакот.

Станува збор за Овенот, Девицата и Ракот.

За Овенот важи дека знае што сака и дека е многу одговорна личност која знае како да ужива во животот, што и се претпоставува дека е неговата тајна за долг и убав живот.

Девицата која е позната како конзервативна личност која се грижи за своето здравје и води сметка за тоа колку и што јаде, дали истата храна е здрава или не и редовно оди на лекарски контроли.

Сите овие рутини укажуваат на тоа дека Девиците можат да живеат долго бидејќи навистина се грижат за себе. Тие едноставно не можат без да вежбаат, особено јога која ги смирува, а јасно е дека живот без стрес е долг и среќен живот.

И Раковите водат сметка за начинот на живот, бидејќи знаат дека урамнотежената исхрана и здравиот дух го продолжуваат животот.

Бидејќи Раковите се сметаат за еден од најемотивните знаци, тие својот живот му го посветуваат на семејството.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2016 во 08:07

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници многумина веќе си ја проектираат совршената вечер дома, покрај елката или каминот, со вкусна храна и пијалаци.

kade-treba-da-otpatuva-sekoj-horoskopski-znak-za-praznicite-01_copy_copy.jpg

Но, дел имаат нескротлива желба за патување и освојување нови хоризонти.

Возбудата при пакување на куферот, преминувањето граници и престојот во хотелски соби е неспоредлив со топлата домашна атмосфера.

Па, каде би требало да отпатува секој хороскопски знак за празниците?

Можеби еден дел овие дестинации ќе станат реалност:

Овен

Исполнет со енергија која не му дозволува да седи долго на едно место, Овенот сака истражување и авантури кои ќе му го задржат вниманието. Одличен избор е Аргентина, Нов Зеланд и Австралија. Дубаи целосно ќе го освои, а за доза возбуда и адреналин, упатете се кон Јужна Африка или Перу.

Бик

Приземјените Бикови треба да се упатат кон места со доволно добра храна, уметност, театар и архитектура за да бидат среќни. Градовите како Даблин, Париз, Фиренца, Барселона и Прага ќе им го нахранат телото и умот ќе ги задоволат нивните потајни уметнички склоности.

Близнаци

Екстровертните весели Близнаци бараат живописно и среќно опкружување за празниците. Тренди модерни градови со богат ноќен живот се нивната идеална дестинација. Идеално ќе се вклопат во Сан Франциско, Њујорк, Лондон или Хонгконг.

Рак

Љубителите на убава храна ќе се чувствуваат како дома секаде каде што ќе имаат можност да пробаат вкусна традиционална храна. Како типичен претставник на водените знаци, Раковите функционираат одлично на места со прекрасни плажи, реки или водопади. Островите во Грција, Рим, Карибите или Малдивите како и Тајланд се солидни избори за патување.

Лав

Лавовите сакаат гламур и градови кои едноставно блескаат со својата естетика. Париз, Њујорк, Милано, Капри или Женева се во состојба да им понудат првокласна услуга и богато опкружување каде што и самите ќе се чувствуваат како ѕвезди. Одморот мора да биде зачинет со шопинг, за да биде доволно екстравагантен за знак каков што е Лавот.

Девица

Девиците обожаваат да планираат. Сакаат да прават списоци и листи и добро да го истражат местото пред да се упатат кон одбраната дестинација. Места богати со историја и култура ќе го нахранат нивниот глад за информации. Египет, Грција, Мадрид, Берлин или Рим се идеални за тоа. Девиците сакаат да учат, не само да се одмараат и забавуваат додека се на одмор.

kade-treba-da-otpatuva-sekoj-horoskopski-znak-za-praznicite-2.jpg

Вага

Шармантната Вага сака да се меша во големи толпи и ќе ѝ биде удобно секаде каде што има многу случувања, особено од општествен аспект. Романтични и балансирани, тие преферираат патувања кои ќе им го исполнат срцето, како патиштата кои водат кон Франција, Турција или Шпанија.

Скорпија

Страсните Скорпии сакаат мистерии. Егзотичната клима во Куба, Египет или места кои дишат со историја како Рим или Њу Орлеанс се одличен избор. Длабоко во себе, Скорпиите се големи романтичари, па не се исклучени и градот на светлината Париз и атрактивната Венеција.

Стрелец

Стрелецот е дефиниција за патување и авантура. Како вистински истражувач, го привлекуваат места кои ќе може детално да ги разгледаат. Сакаат да комбинираат авантура, но и знаење слично како и Девиците, па идеалните локации за зимскиот одмор се Шпанија, Будимпешта, Турција, Виетнам, Јужна Африка, Прага, Мексико и верувале или не – Кенија.

Јарец

Јарците сакаат предизвици и добро се подготвуваат за истите. Логистички одлично испланиран одмор исполнет со задоволство и удобност е нивниот сон. Омилени локации: Тајланд, Фиџи, Швајцарија, Австралија и Германија, каде што ќе имаат доволно време за шетање, но и одмор и релаксација за целосно уживање.

Водолија

Независната и неконвенционалната Водолија сака да избега кон не толку атрактивните дестинации, каде што со ранецот на грбот ќе ја истражува локацијата, подалеку од туристите и големите гужви. Токму затоа, ќе се упати кон Камбоџа, Исланд, Шведска, Куба или Русија, каде што ќе го искусат скриеното и неистраженото.

Риби

Убавите и романтични Риби ги привлекуваат магични места кои потсетуваат на бајки или соништа. Па така, Венеција, Париз, Копенхаген, Рим, Јапонија, Mароко или Монако ќе ја задоволат нивната потреба за љубов и убавина.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2016 во 20:56
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Каде треба да отпаува секој хороскопски знак за празниците?

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници многумина веќе си ја проектираат совршената вечер дома, покрај елката или каминот, со вкусна храна и пијалаци.



... а што ако се пар? а не се со ист хороскопски знак ? како ќе се одреди дестинацијата на новогодишната ноќ , кога истите не се поклопуваат ? тага


Изменето од bijonse1 - 19.Декември.2016 во 20:56
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2016 во 08:39

Сезоната на одбројување и подарување започна. Време е да се прошетате низ продавниците и да се впуштите во потрага по идеалниот подарок за своите најблиски.

Sto-bi-sakal-da-dobie-sekoj-horoskopski-znak-za-praznicite-001.jpg

Некои луѓе имаат талент и дарба да одберат одличен подарок, но на добар дел им е потребна мала помош. Идеите не секогаш доаѓаат така лесно. Но, без очајување, ѕвездите се тука да ви помогнат.

Каков подарок би сакал да добие секој хороскопски знак во пресрет на празниците?

Овен

Овните се оние кои сакаат нови работи - нова технологија, ново хоби, нови искуства. Нема да погрешите доколку им купите безжични слушалки за мобилен, а нема да се противат и на нов мобилен телефон.

Сакаат забавни нешта кои носат доза адреналин и авантура, па пријатно ќе ги изненадите со платени часови за качување на вештачка карпа, брканица со ласери, картинг или летање со параглајдер.

Одлична идеја за подарок е и спортска опрема која добро се вклопува со изборот на нивната физичка активност – фитнес, велосипедизам или планинарење.

Бик

Сензуалните Бикови сакаат уживање и хедонизам, односно сакаат добро да се чувствуваат во својата кожа. Идеалниот подарок за нив е нешто во кое ќе уживаат и ќе се чувствуваат луксузно и пријатно.

Комфорен, но скап дебел џемпер, свилени пижами или долна облека. Неколку различни шишиња добро вино или увозни брендови на пиво во добро завиткана кутија...

Тие обожуваат мали гурмански залчиња, па предвид доаѓаат и солени и благи вкусови. Природна квалитетна козметика и добри парфеми е нешто кое исто така ќе им донесе насмевка на лицето.

Близнаци

Близнаците сакаат забави 24/7 и најмногу од сè, сакаат да бидат добро информирани. Доколку им овозможите неколкумесечна претплата на омилените списанија ќе бидат среќни. (Полу)годишна влезница за музеј, кино или театар исто така искрено ќе ги израдува.

Таблет е одличен избор за подарок или аксесоар за мобилниот телефон.

Бидејќи сакаат да гестикулираат со рацете, идеален подарок за жената близнаци е скап маникир или сет за домашен маникир, доколку е вешта самата да си го направи.

Рак

Топла домашна атмосфера е на врвот на листата на желби за Ракот. Дезенирани перничиња, интересни ѕидни часовници или кашмирни прекривки ќе ги израдуваат Ракчињата.

Гаџет за музика во облик на старинско радио или грамофон ќе им го привлече вниманието, како и луксузен готвач за специфична храна.

Карти за опера и балет се исто така еден од подобрите подароци за Раковите.

Лав

Сè што сјае - тоа е девизата на Лавот кога станува збор за подароци: накит, шминка или некоја скриена тетоважа.

Добро парче облека како квалитетна кошула или кожена јакна и модни додатоци од типот на огромни шалови и шешири кои веднаш влегуваат во очите на околината.

Производи или апарати наменети за нега и стилизирање на косата се одличен избор за Лавиците, а генерално обожуваат карти за театарски претстави.

Девица

Сè што ќе го направи животот полесен и поедноставен е одлична идеја за подарок за Девиците. Со еден збор, тоа што другите ќе го сметаат за здодевно, Девицата ќе го дочека со ентузијазам.

Ароматични свеќи за домот, средства за одржување хигиена на природна база или организатори за облека, чевли или ситници.

За себе посакуваат органска козметика која ќе им даде свежина и сјај на лицето и телото. Доколку вашиот избор е накит за Девицата, нема да погрешите со тиркиз.

sto-saka-da-dobie-sekoj-horoskopski-znak-za-praznicite-1.jpg

Вага

Пуфкасто, убаво, романтично - таков треба да биде подарокот за Вагите.

Луксузни мали сапуни спакувани во слатки кутии или убави свеќи... Нежни парфеми со лесни ноти или некое добро парче облека со кое ќе го подноват гардероберот...

Вагите кои се интелектуални и сакаат културни случувања особено ќе ценат добра книга или автобиографија на некоја позната личност.

Скорпија

Сензуалните Скорпии ќе се израдуваат на чипкана долна облека или некоја секси играчка. Сакаат и полускапоцени камења, особено оние кои имаат моќ за лекување.

Доколку им подарите платено учество во работилница за изработка на накит и украси или работилница која се занимава со себеистражување и сопствен напредок, ќе бидат особено задоволни.

Стрелец

Квалитетен и цврст куфер за патување или авионска карта на попуст е супер избор за авантуристичкиот Стрелец. Книга со инспиративни приказни или цитати или голема корпа со додатоци за пикник во природа.

Стрелците сакаат и сентиментални подароци, па врамени семејни фотографии или гравиран часовник или приврзок за клучеви со иницијали или скриена порака е одлична идеја.

Јарец

Најпрактичниот и најпродуктивниот знак обожава два типа на дијаметрално спротивни подароци: практични и луксузни. Ќе биде среќен со планер за работа или со дизајнерски часовник.

Сакаат подароци со кои лесно и едноставно ќе ги завршуваат работите, но истовремено да изгледаат модерно и убаво.

Сепак, имајте на ум дека Јарците не сакаат многу изненадувања, па доколку сакате да ги изнесете на некоја убава вечера, прво поминете го целиот план со нив.

Водолија

Водолијата е иноватор, сака да истражува и да ги поместува границите, па добро би ги израдувал еден телескоп или барем билет за планетариум.

Тарот карти или натална карта исто така, е одлична идеја за подарок за интуитивната Водолија.

А, доколку им подарите сет за рачна изработка на производи и силиконски пиштол, ќе ја разбудите нивната страст за „Направи сам“ проекти.

Риби

Комфорни кадифени пижами, уред за музика кој може да го наполните со фин џез или други пријатни мелодии се идеални за Рибите.

Ваучер за спа третман, или скап педикир ќе ги разгали, а може да дадете и донација во нивно име, бидејќи Рибите се алтруисти и емпатични и секогаш сакаат да помогнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2017 во 19:15

Единствената работа која треба да ја направите оваа година според хороскопот

Најверојатно до сега веќе сте го прочитале годишниот хороскоп, па знаете што ви предвидуваат ѕвездите во текот на целата година. Овој пат, за секој знак посебно, ви прикажуваме на што треба да поработите токму во новата година.



Овен

Останете прибрани. Сочувајте го својот мир. Немојте да бидете ирационални. Одлуките донесувајте ги мудро, а не наеднаш за да не зажалите подоцна.

Бик

Ставете се себе на прво место, бидејќи го заслужувате тоа. Најдете време за себе и потрудете се да се опуштите со масажа и со јога.

Близнаци

Не го трошете времето на луѓе кои ви изгледаат дека се опуштени. Повеќе време посветете им на вистинските пријатели.

Рак

Верувајте им на своите инстинкти. Сами одлучувајте и немојте да им дозволите на другите да доминираат во вашите животни избори.

Лав

Потребни ви се книги кои ќе ве инспирираат. Пронајдете ги оние кои навистина ќе допрат до вашата душа.

Девица

Оваа година потрудете се да не бидете роб во својата работа. Потребно е да работите „паметно“. Пронајдете ја рамнотежата во вашиот живот. Фирмата нема да исчезне, па не мора толку многу да „се трошите“ на работа.



Вага

Понекогаш е во ред да кажете „не“, другите нема да ве осудат поради тоа. Почнете да работите на работи кои ќе ве усреќат и немојте да допуштите обврските да го дефинираат вашето уживање во животот.

Скорпија

Оваа година пронајдете некое ново хоби или активност. Запишете се на некој К*рс. Потребно ви е да го забавувате вашиот ум.

Стрелец

Не мора да го чувате своето срце така силно. Не дозволувајте од страв да не ви го скршат, да го пропуштите запознавањето на вистинската личност за вас. Ако сте веќе во врска, потрудете се да ја подобрите и поработете на комуникацијата.

Јарец

Ова е година кога треба да го запознаете новиот во вас и да ги проширите границите. Искусете нова авантура, поминете добро време со пријателите и искористете ги сите можности.

Водолија

Потрудете се да пронајдете повеќе време за себе и она што навистина ве интересира. Поминувајте повеќе време сами и немојте постојано да сте опкружени со луѓе. Потребно ви е тоа за вашиот душевен мир и развој.

Риби

Време е да ја покажете вашата креативна страна. Претворете ја својата страст во кариера. Работете нешто што навистина ќе ве инспирира и не дозволувајте желбите на другите да влијаат врз вас.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2017 во 19:28

Кој природен феномен сте според хороскопскиот знак


Секој од нас има незапирлива енергија, која не се контролира кога ќе ја зафати напливот од емоции. Затоа проверете на која природна појава, прекрасна, но истовремено и деструктивна, најмногу наликувате според зодијакот.

Овен – вулкан: непредвидлив, насилен и експлозивен.

Бик – земјотрес: дестаблизирачки, моќен, ослободува тони енергија.

Близнаци – вртлог: премногу деструктивен, жив, но не и возбудлив.

Рак – цунами: доминантен, може да донесе пустош.

Лав – шумски пожар: заразен, брзо се шири, тешко се запира.

Девица – магла: блага, нејасна и условена.

Вага – монсун: непредвидлива, неурамнотежена.

Скорпија – бура со грмотевици: моќна, мрачна, деструктивна.

Стрелец – торнадо: краткотрајна експлозија на енергија.

Јарец – снежна бура: студен и непопустлив.

Водолија – северна светлина: мистична, ретка и феноменална.

Риби – изгрејсонце: симбол на нов почеток.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 153154155156157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.