IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Господова вечера, Евхаристија, Причест
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Господова вечера, Евхаристија, Причест

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Господова вечера, Евхаристија, Причест
    Испратена: 07.Јули.2008 во 10:06
Навистина нов сум на форумов и имам најмалку право да поставувам нови теми, но сепак се осудив на тоа зашто темава предизвикува недоумица во мене. Околу оваа тема се кршат копјата меѓу христијаните, поточно околу прашањето дали лебот и виното се вистинското тело и крв Христова или се симболи на Тоа? Па браќа и сестри по Христа очекувам ваши мислења на оваа тема.
Доколку има веќе започнато дискусија на оваа тема го молам модераторот да ја избрише темата и да ме упати на местото каде е таа тема поставена.

Изменето од AlDra - 07.Јули.2008 во 11:43
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 12:00
А кој тоа кажал дека се симболи?
 
Дали Христос кажал, “Примете јадете ова е претстава / симбол на моето тело...“ или кажал “Примете, јадете, ова е моето тело...“?
 
И кажал ли: “Кој го јаде симболот на моето тело и го пие симболот на мојата крв има Живот вечен“ или кажал “Кој го јаде моето тело и ја пие мојата крв има живот вечен“?
 
Кој е тој човек што смее да си даде право да ги толкува на начин кој е инаков од она што лично Господ го кажа?
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 18:12
И уште едно прашање... како дополнување на она на АлДра...
Каде е разликата во случајов, ако се има во предвид дека станува збор за Бога...? Дури и да ги земеме како симболи на телото и крвта Христови... дали тие не Се Тело и Крв Христови?

п.с. Секој има право да отвори нова тема, особено ако провоцира квалитетна дискусија.
Do what is right, come what may...
Кон врв
the king Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 458
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the king Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 18:52
kako be toa gospodova vecera?????
!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 20:30
Мислам дека е јасна е разликата меѓу симбол на нешто и нештото само по себе па овде не планирам да се впуштам во филозофска расправа околу овој сегмент.
Проблемот Православие е во тоа што Светото Писмо на други места јасно кажува да не се консумира крв. Тогаш како Исус ни вели ,,пијте ја мојата крв’’ а на друго место вели:,,не консумирајте крв’’? Тоа е она што мене ме збунува.Еве и потврда на ова што го велам:

,,Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’’(Левит 17:12)
,,Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!’’(Левит 19:26)
,,Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.
(12:23) Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.’’(12:26 - Второзаконие)
,,И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”(1 Самоилова: 14:33)
,,А за народите, кои ја примиле верата, одлучивме и им пишавме: да се воздржуваат од жртвувано на идоли; и од крв, и од удавено, и од блудство.”(Дела 21:25)
Од друга страна пак Исус вели:,,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.’’(Јвн. 6:54)




Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 20:33
Има некои предводи во кои Исус вели дека тоа ја ПРЕТСТАВУВА Неговата крв и Неговото тело.

Изменето од AlDra - 07.Јули.2008 во 20:35
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 21:22
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Светото Писмо на други места јасно кажува да не се консумира крв. Тогаш како Исус ни вели ,,пијте ја мојата крв’’ а на друго место вели:,,не консумирајте крв’’? Тоа е она што мене ме збунува.Еве и потврда на ова што го велам:

,,Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’’(Левит 17:12)
,,Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!’’(Левит 19:26)
,,Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.
(12:23) Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.’’(12:26 - Второзаконие)
,,И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”(1 Самоилова: 14:33)
,,А за народите, кои ја примиле верата, одлучивме и им пишавме: да се воздржуваат од жртвувано на идоли; и од крв, и од удавено, и од блудство.”(Дела 21:25)
Од друга страна пак Исус вели:,,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.’’(Јвн. 6:54)



Сака да каже да не се јаде месо...
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 22:29

Светата Евхаристија во Православното Предание се вика Тајна на Тајните или Тајна на Црквата. Таа е срце на црковниот живот, извор и цел на сите црковни учења и установи. Зборот евхаристија значи благодарење. Општото значење на Евхаристијата како господова трпеза е благодарење на Бога во Христа и Светиот Дух за сè што Тој направил во создавањето, спасението и прославување на светот.

Тајната Евхаристија исто така се вика и Света Причест, зашто таа е мистична заедница на луѓето со Бога, на едни со други и заедница на сите луѓе и сите созданија во Бога преку Христа во Светиот Дух.

Тајната Вечера и Евхаристијата

На ТајнатаВечера, Господ Исус Христос за прв пат ја востановува Светата Тајна Евхаристија. Како што може да се прочита во Новиот Завет

И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: „Примете, јадете; тоа е Моето тело.“ Потоа ја заеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: „Тоа е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина. “

Господ ја нагласи важноста на оваа света тајна (Јован 6,53-54):

„Вистина, вистина ви кажувам; ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“

Оваа заповед, и оваа света тајна апостолите и првите Хрстијани ја вршеле редовно. Постепено на светата тајна Причестување се додавале други молитви, песни и проповеди, и така настанала Светата Литургија или централното богослужење во Црквата.

Бескрвна Жртва

Жртвите постојат уште од Стариот Завет, и тоа како крвни жртви, при кои се принесувале: овци, кози, грлици и гулаби, и бескрвни: класови, брашно, зејтин, темјан, леб и вино. Според својата цел, пак, тие се делеле на жртви сепаленици (за грев и кривица) и жртви на мир и спасение (жртви на фалење и благодарност).

Старозаветните жртви не можеле да ја отстранат вината на прародителскиот грев, иако биле заповедани од Бога. Тие биле само знаци и символи кои укажуваат дека човекот пред Бога е грешен и треба да копнее за искупување, и го наговестувале тоа што требало да се случи во иднината, т.е. големата Жртва на помирувањето – Господ Исус Христос. И токму тоа што жртвите на Стариот Завет не успеале да го сторат, беше остварено преку жртвувањето на Агнецот Божји, овоплотениот и единородниот Син Божји.

Литургијата, како Света Жртвена богослужба, е Жртва на потполно почитување (од Синот кон Отецот); Жртва на потполно помирување (преку оваа Жртва човештвото се помири со Бога); Жртва на потполна молба и Жртва на потполна благодарност (Бог покажа најголема добрина кон луѓето со Жртвата на Својот Син, а луѓето не може подобро да ја изразат својата благодарност, од тоа кога постојано се сеќаваат на таа добрина во Светата Литургија).

Литургијата е постојана Жртва на Новиот Завет, во која Исус Христос, во вид на леб и вино, на бескрвен начин се жртвува, со рацете на свештеникот, на небесниопт Отец, како што некогаш се жртвуваше на Крстот на крвен начин. Светата Литургија по својата суштина е истата Жртва како и таа која Христос ја принесе на Крстот, и тоа со една и иста цел: за простување на гревовите на светот.

Само начинот на жртвувањето е различен: Жртвата на Крстот беше крвна, а тука станува збор за жртвување на прославениот Христос на бескрвен начин; на Крстос Синот Божји се жртвува само еднаш и на едно место, а овде повеќе пати и на многу места; на Крстот – за да ни стекне богатство на дарови, а овде за да нè причести со изворот на Своите дарови.

Символизмот на Евхаристијата

Православната Црква го отфрла учењето за тоа дека евхаристиските Свети Дарови се само интелектуални и психолошки симболи. Меѓутоа, зборувајќи за евхаристиските Дарови, православното предание, сепак, често го употребува терминот символи, а литургијската жртва ја нарекува духовна и бескрвна.

Црквата се користи со овие зборови затоа што во Православието - реалното, изворното, стварното не му се спротивставува на символичкото, духовното или мистичкото. Напротив, според православното гледиште сета стварност: светот и самиот човек - се реални и притоа и символични и мистични до таа мерка, што самата таа стварност ни го открива и објавува Бога.

Евхаристијата во Православната црква е сфатена како вистинско Тело и вистинска Крв Христова. Така, јадејќи го лебот и пиејќи го виното коишто се мистично осветени со Светиот Дух, имаме вистинско соединување со Бога преку Христа којшто самиот се нарекува Леб на животот (Јован 6.34,41).

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 22:31
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Светото Писмо на други места јасно кажува да не се консумира крв. Тогаш како Исус ни вели ,,пијте ја мојата крв’’ а на друго место вели:,,не консумирајте крв’’? Тоа е она што мене ме збунува.Еве и потврда на ова што го велам:

,,Затоа им реков на Израелците: ‘Никој од вас нека не јаде крв; нека не јаде ни странецот, кој живее меѓу вас.’’(Левит 17:12)
,,Не јадете со крв! Не вражајте и не гатајте!’’(Левит 19:26)
,,Ама крв не јади; излејте ја на земја како вода.
(12:23) Само внимавај да не јадеш крв! Па крвта е живот. Не смееш да го јадеш животот со месото.’’(12:26 - Второзаконие)
,,И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”(1 Самоилова: 14:33)
,,А за народите, кои ја примиле верата, одлучивме и им пишавме: да се воздржуваат од жртвувано на идоли; и од крв, и од удавено, и од блудство.”(Дела 21:25)
Од друга страна пак Исус вели:,,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.’’(Јвн. 6:54)



Сака да каже да не се јаде месо...


Неможеш твердењата за новиот завет да ги поткрепуваш со цитати од стариот зашто со доаѓањето на Христа Стариот завет завршува
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 22:32
Мислам дека доста експлицитно се укажува на крв а не на месо! Те молам Мајкл погледни ги уште еднаш цитатите кои ги наведов и верувам дека ќе се согласиш со мене. Зашто не вели само месо со крв туку ,,да се воздржуваат од жртвувано на идоли, КРВ, од удавено и од блудство’’-овде не гледам да станува збор за месо!
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 22:36
Па ете наведов цитати и од Новиот Завет. Згора на тоа Исус не дојде да го укине туку да го исполни Законот и Пророците (Мт. 5:17).
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 22:38
Чаир те почитувам тебе но ти ми наведуваш црковни доктрини а јас ти давам Библиски докази. Таму ја гледам несогласноста и барам Библиско објаснување а не црковно!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 23:04
Токму ова го имав во предвид кога пишував за симболите, но некако се прескокна таа тема...

Чаир: "Црквата се користи со овие зборови затоа што во Православието - реалното, изворното, стварното не му се спротивставува на символичкото, духовното или мистичкото. Напротив, според православното гледиште сета стварност: светот и самиот човек - се реални и притоа и символични и мистични до таа мерка, што самата таа стварност ни го открива и објавува Бога."

Затоа - лично не правам разлика меѓу симболичниот и реалниот приказ на жртвата при причесната.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 23:21
,,Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.’’(Јвн. 6:54)

Токму ова ја прави разликата меѓу принесувањето на телото и крвта Исусова и останатото жртвување... затоа што телото Исусово е човечката манифестација на Бога. Тоа е дел од Бога. Преку причесната, не принесуваме само жртва кон Бога, туку Бог се принесува како жртва кон нас...
Не, за ова немам Библиски цитати... но мене лично не ми ни требаат...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.