IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Мистерии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мистерии

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 27>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 03:16
ImageИма нерешени злосторства, и има морничави  нерешени злосторства. „Што ли по ѓаволите се случувало таму“ – такви  загатки ги држеле полицајците будни  по цела ноќ , а исто така и сите кои слушнале за тоа.

 

 

 

 

Во продолжение  следуваат вистински случувања, кои што многу лесно би можеле да бидат групирани во случаи од типот на X-Files:

#5. Случајот  Taman Shud

Image

Жртвата била пронајдена мртва во 6:30 изутрината на 1. декември , 1948 на плажата Самертон во Австралија. И со оваа реченица се исцрпени сите податоци за идентитетот на овој човек. Нештата кои што не се познати ги збунуваат овластените лица оттогаш, вклучувајќи го и значењето на нерешливата шифрирана порака која што тој ја оставил зад себе.

Image

Но малку подоцна  за неа. Нештата почнале полека да стануваат морничави кога полицијата забележала дека сите ознаки од неговата облека биле отстранети. На крајот успеале со големи заложби да го лоцираат местото на производството на неговото палто, имено во Америка, што било чудно, бидејќи отисоците од неговите заби, како и отисоците од неговите прсти не се совпаѓале со отисоците на никој кој што воопшто некогаш живеел во Америка....или било каде во светот. Човекот како никогаш да не постоел.

Image 

Па покрај сето тоа, изгледа дека за полицајците и не било некое изненадување  кога иследникот ја соопштил  причината за смртта вака некако: „ненадејна... ма нека сум проклет ако знам од што умрел“Аутопсијата открила дека бил со исклучително здравје, со полусварени тестенини во стомакот и со згрутчувања во мозокот и стомакот кои би посочуале на труење, само што не успеале да откријат ни најмала трага на отров во неговото тело. Неговата слезина исто така била трипати поголема од нормалната големина.

Секое новооткриено нешто како уште повеќе да ја зголемувале  мистеријата. Откриле и кафеав куфер кој што очигледно му припаѓал на човекот , и во него откриле само уште повеќе облека со отстранета ознака од нив.

Полицајците исто така откриле и скриен џеб во неговите панталони, во кој што нашле парче хартија на кое што биле испечатени зборовите "Tamam Shud" (со значење "заврши" или "сврши").

Парчето хартија  како да било откинато од некоја книга. Истрагата покажала дека и навистина  била; тоа било од збирка на поеми  наречена Rubaiyat of Omar Khayyam, и тоа не било која, туку многу редок превод на збирката поеми.

Полицијата го открила тоа откако спровела неуспешна истрага низ цела Австралија, се додека некој човек не се јавил дека нашол копија од книгата на задното седиште на неговиот автомобил, приближно во истото време и на истото место на настапувањето на смртта, само што човекот кој ја нашол книгата за случајот првпат дознал на вести. Се разбира, делот со "Tamam Shud" недостигал од книгата. Најдената книга само допринела нештата да бидат завиткани во уште поголема мистерија.

За нештата  да бидат уште почудни, на задниот дел од книгата полицајците ја нашле оваа шифра:

Image

Пет реда, од како што се чини, произволно испишани букви, од кои што вториот е прецртан. Значењето на овој код до ден денес  останало мистерија.

Image

Дали тој код  бил резултат на растроен ум, или  пак едноставно последица на нечија здодевност? По се изгледа дека не. Последните обиди да се реши случајот откриле дека буквите не се напишани произволно, дека има некој ред, само што нивното значење сепак останува тајна. Дали вие мислите дека би можеле да ја дешифрирате таа порака? Кога би успеале би станале славни, со оглед на тоа дека луѓето се мачат околу тоа цели шеесет години.

 

#4. Мистеријата со стапалата од Британска Колумбија

Image

Стапала, отсечени човечки стапала, обично обуени во чевли, допливуваат на плажите на Британска Колумбија, провинција во западна Канада, северно од државата Вашингтон.

Сега, семожни  нешта допливуваат секојдневно  на бреговите, и се случува луѓе да се удават или да испаднат од рибарските бродови. Но колку отсечени стапала  би требало да најде некој за да се посомнева дека сепак нешто чудно се случува?

Image 

Биле пронајдени осум стапала во последните неколку години, од кои што пет случаи биле поставени на Google maps поради некоја причина. Чудно, но скоро сите стапала биле обуени во патики. Исто така, некој ненормален ставил животинска шепа во патика како некаква болна шега, откако случувањата се појавиле на насловните страници.

Image 

Меѓу осумте најдени стапала имало два пара стапала и шест единечни. Едниот пар бил идентификуван- левото стапало на некој човек било пронајдено четири месеци подоцна од десното. Полицијата известила дека човекот бил депримиран и дека веројатно извршил самоубиство. Мистеријата е решена?

Image

Не. Првите две стапала биле најдени во временско растојание од една седмица . Двете биле десни и биле најдени на различни места. Некои сметаат дека стапалата се од некоја бродска или авионска несреќа, но биле најдени во сосема различни места и носени од различни струи.

Другата теорија  е веројатно истата онаа на која што вие веднаш сте помислиле кога прочитавте за отсечени стапала: дело на некој сериски убиец - психопат.

Image

Прашање е дури и дали стапалата се отсечени воопшто, бидејќи ако има тела кои се распаѓаат во водата, стапалата сами се одвојуваат од релативно слабиот  глужд, патиките ги држат на површината на водата па така стапалата допловуваат до брегот. А на кого припаѓаат тие стапала, и зошто постојано се појавуваат во патики на бреговите на Британска Колумбија веројатно нема да се дознае се додека не се пронајдат и другите остатоци од телата на жртвите.

 

#3. Плочките  Тојнби

Image

Ова се некакви  скриени пораки вкопани во асфалт најдени во повеќе градови. Се смета  дека се работи за линолеум и некаква  смеса за пополнување на дупки  во асфалтот, и сите плочки на себе имале  варијации на истата кратка порака која се однесува на филмот на Кјубрик- 2001: A Space Odyssey, со сугестија да се воскреснат мртвите на планетата Јупитер.

Би изгледало  како случај на обичен вандализам само ако не би се појавувале од никаде, без  некое логично објаснување цели триесет години.

Image

Може да се види зборот "Toynbee" на почетокот кој што се однесува на името на познат историчар. И ако сте го гледале филмот Одисеја 2001 знаете дека и планетата Јупитер е во игра и.....тоа е се што може да се поврзе смисловно од самата порака. 

Image

Ќе си помислите, па ништо особено, некој лудак остава некакви пораки. Нема никаква мистерија во тоа...

Но само да можеше да биде еден човек во прашање..

Плочките можат  да се најдат во цела дузина градови  во САД, па дури и Јужна Америкa. Освен ако не се работи за некој ненормално богат ненормалник-глобтротер, веројатно се работи за организирана група која ги остава овие мистериозни пораки наоколу по западната хемисфера.

Image

Полицајците имале некој осомничен, извесен James J. Morasco. Како и да е, покрај интересот за Тојнби и Кјубрик, неговата вдовица се колнела дека во никој случај тој не би можел да биде одговорниот за поставувањето на мистериозните плочки. Да, токму така- вдовицата. Дури и тој да ги поставувал плочките, починал во 2003, а плочките не престанале да се појавуваат во 2003. А згора на тоа, човекот би имал седумдесет години во во времето на поставување на тие плочки.

Се појавиле шеесет такви само во Филаделфија, каде што е пронајдена и група од четири плочи во кои што се раскажува бизарна приказна за тоа како мафијата, FBI и КГБ го гонат авторот на овие чудни пораки.

Image

 

#2. Случајот Глико Моринага или Чудовиштето со 21 лице

Image

Во осумдесетите години на минатиот век, јапонскиот гигант во прехранбената индустрија Езаки  Глико бил уценуван од некаква  мистериозна  и моќна група  на криминалци кои што се нарекувале себеси Чудовиштето со 21 лице.

Сето тоа започнало  кога двајца вооружени луѓе провалиле  во домот на председателот на Глико, киднапирајќи го пред очите на неговото семејство. Луѓето го чувале председателот во некој склад, барајќи од компанијата откуп од сто милиони јени и сто килограми злато во прачки.  Жртвата успеала да избега од складот уште пред да дознае дали на луѓето од компанијата им значи нешто неговиот живот или не. Никој од злосторниците не бил фатен, што не било добро, бидејќи „чудовиштето“ не се согласувало приказната да се заврши на тоа.

Image

Неколку недели подоцна биле запалени неколку автомобили на паркингот на компанијата. Потоа, „чудовиштето“ почнало да испраќа  и писма.

Image 
"Драг Глико, како си? Јас сум добро, ама времето е ужасно жешко. Толку жешко што автомобилите се самозапалуваат. Лудо време“

Во првото писмо (пратено во пластичен сад заедно со хидрохлорна киселина бидејќи, а зошто па да не?) од „Чудовиштето со 21 лице“ порачале дека ги затруле сите слатки на Глико што довело до тоа Глико да изгубат 21 милиони долари поради повлекување на производите од продажба. Можеби бројката е само случајно совпаѓање, ама кој знае?! Криминалците си подигрувале со полицијата со опишување на детали за тоа како упаднале во компанијата, каква машина за пишување на писмото употребиле и други подробности. Полицијата ја преорала земјата во потрага по нив, и се вратиле со празни раце.

Набргу, само за да покажат дека си играат со сите, Чудовиштето ненадејно испратило писмо во кое што било напишано дека на Глико му е простено.

Image 
"Простено ти е!"

Потоа, Чудовиштето со 21 лице го свртело своето внимание кон друга прехранбена компанија: Моринага. Повторно било испратено писмо, слично на испратеното на Глико, само што овојпат биле откриени 21 пакувања со високо отровен содиум цијанид. Бидејќи биле добро воспитани терористи, кутиите биле грижливо означени со етикети „Внимание- отровни материи !“, пример кој што треба да го следат сите терористи со добро домашо воспитување.

Image 
Внимание: Темпирана  бомба!.

Полицијата, веќе во очај, помислила дека успеала  да го здогледа на миг главниот ум на организацијата при едно доставување  на пари. (групата во меѓувреме побарала пари од друга компанија). Полицаецот го опишал главниот на организацијата како човек со очи на лисица.

Image

Истиот мистериозен  човек бил забележан подоцна  во еден автомобил при тајна операција  на полицијата. Тој успеал да избега, но во автомобилот бил најден радио  уред со кој што ја прислушувал  полицијата за време на операцијата.

Најпосле успеале  да најдат некаква трага, ама резултатот сепак останал- никаков. Чудовиштето  вознемирувало уште неколку корпоративни гиганти со години, смеејќи и се в лице на полицијата, злосториците го уживале угледот на едни од најбараните криминалци на планетата, и пак ниеден од нив не бил фатен.  Полицискиот управител се почувствувал толку исфрустриран и посрамен од својата немоќ и од тоа што постојано бил надигруван од мистериозните изнудувачи што си поднел неотповиклива оставка. Поверувавте? Всушност, во духот на јапонската традиција, човекот извршил самоубиство- самозапалувајќи се.

Пред да исчезнат во ноќта, од „Чудовиштето “испратиле порака во која го исмевале покојниот  и објавиле дека ќе престанат да ги измачуваат луѓето од прехранбената индустрија очигледно сметајќи го сето тоа за некаква злобна детска игра. Последните зборови на Чудовиштето до јавноста биле:

Ние сме лоши момчиња. Тоа значи дека има и други лошотии кои треба да се сработат покрај злоставувањето на компании. Многу е забавно да се живее животот на лош човек.  

- Чудовиштето со 21 лице.

Image 
P.S. Се гледаме наскоро.

 

#1. Случајот  „оловни маски“

Image

Во 1966, едно момче во Бразил летајќи летало се нашло над телата на двајца инженери кои лежеле еден покрај друг во треватa. Немало никакви показатели за тоа како починале, никакви траги на насилство .

Набргу ридот  бил окупиран од полицијата кои си ги чешале главите чудејќи му се на чудното злосторство- ако и  воопшто станувало збор за злосторство.Двајцата покојници биле облечени во свечена облека како за погреб и нагрнати со непропустливи наметки. Крај нив имало испразнето шише за вода.

Зошто случајот е наречен „оловни маски“? Токму  тоа е збунувачкиот дел. Починатите носеле оловни маски за заштита од радијација.

Image

Идентификацијата покажала дека се работи за двајца електронски техничари од околината.

Полицијата собрала  докази и некако успеала да направи реконструкција на денот на нивната смрт . Според наодите, мажите купиле наметки за дожд, и потоа отишле во некој бар каде што купиле шише со вода. Од непознати причини, едниот од нив изгледал многу нервозно, и кога го напуштиле барот веднаш се упатиле кон ридот каде што сами од себе паднале мртви. Решен случај.

Image 

Но има и  уште нешто:

На местото  каде што настапила смртта бил најден бележник со следниве збунувачки пораки внатре:

Во 16:30 бидете на договореното место. 

Во 18:30 голтнете ги капсулите, откако ефектот ги заштити металите чекајте го знакот на маската.

Очигледно е  дека тие ги голтнале капсулите и  дека тоа е причината за нивната  смрт. Проблемот е во тоа што  во бележникот пишува дека тие чекале да се случи нешто откако капсулите ќе почнат да дејствуваат, што значи дека ако тоа било отров, луѓето не го знаеле тоа. Исто така, едниот од нив имал и купон за да го врати празното шише во барот што исто така посочува на тоа дека тие не планирале да умрат на ридот.Токсиколошки тестови не можеле да се направат бидејќи органите на жртвите не биле соодветно зачувани.

Што ли ги натерало тие двајца да се качат на тој  рид, да облечат облека за заштита  од радијација и да голтнат некои  чудни капсули? Каков ефект очекувале? Од што ги заштитувале нивните  маски? Дали и некоја трета страна била замешана во тоа, или се работи за некаква лудачка фантазија со фатален крај, се уште не е дознаено и кој знае даи и воопшто некогаш ќе се дознае.


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 03:20
Вселенскиот телескоп Хершел откри нешто што Европската вселенска агенција (ЕSA) го опишува како “дупка” во вселената.

 

 

 

 

 

Снимката на магловита појава означена како NGC 1999 на почеток кај научниците делуваше како уште еден космички облак со прашина и гас. Сепак снимката од Хершел откри дека тој дел од магла е всушност „дупка која е направена во маглата NGC 1999 од страна на дејствувањето на космичките гасовити ветрови, кои настанале од младите ѕвездени објекти во тој дел од вселената“, наведува ESA.

Image 

Ова откритие, како што се тврди понатаму, открива и нови информации околу тоа како се формираат ѕвездите. „Никој сè уште не забележал ваква дупка во вселената“, изјавува Том Мегит, член на тимот научници Толедо од Охајо. Тој ваквото изненадувачко откритие го споредува со сознанието кога, на пример, се будите едно утро и наеднаш во својот двор, под тревата откривате огромна дупка.  


Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2010 во 17:11
ЕДНА РЕШЕНА МИСЕРИЈА:

Кокошката е постара од јајцето     
Научниците од британските универзитети во Шефилд и во Варвик тврдат дека конечно ја разрешиле повеќевековната научна и филозофска мистерија за тоа што е постаро - кокошката или јајцето.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, тие тврдат дека откриле оти прво била кокошката, па дури потоа јајцето.

За разрешувањето на старата мистерија, научниците користеле еден супермоќен компјутер, со чија помош се фокусирале на обликувањето на едно јајце.

Компјутерот, што во научниот свет е познат како ХЕКТоР, открил дека протеинот ОЦ-17 има главно значење за да започне процесот на кристализацијата, односно на раната фаза од создавањето на лушпата ма јајцето.

Протеинот ОЦ-17 го претвора калциум карбонатот во калцитни кристали, кои пак потоа се преобразуваат во лушпата на јајцето. Цврстата лушпа, пак, е основата за зачувување на жолчката и на нејзините заштитни и одбранбени течности, додека во внатрешноста се развива пилето.

Тврдењето на британските научници се заснова врз нивното откритие дека лушпата на јајцето се создава од протеинот што се наоѓа само во јајниците на кокошките.

Целата анализа недвосмислено потврдила дека едно јајце може да живее само ако е внатре во утробата на кокошката.

„Многу долго постоеше сомнеж дека јајцето е пред кокошката, но сега по опсежните истражувања што ги извршивме, имаме научен доказ дека всушност прво била кокошката, а потоа јајцето“, изјави доктор Колин Фримен од универзитетот во Шефилд.

Професорот Џон Хардинг од истиот универзитет, смета дека е фасцинантно сознанието дека кокошката ја создава лушпата на јајцето, но објаснува дека самото тоа откритие може да помогне да се разбере како да се создаваат нови материи и процеси.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 00:55
Топ 10 неверојатни бегства од затвор


Уште од кога имало затвори, имало и бегства од затвори. Ова е листа на 10 најхрабри и најневеројатни бегства од затвор во човечката историја.


10. Бегството од затворот Мејз



Во најголемото бегство од затвор во британската историја, на 25 септември 1983 година во областа Антрим, северна Ирска, 38 затвореници припадници на ирската републиканска армија (IRA) кои што биле обвинети за тешки злосторства вклучувајќи и убиства и предизвикување на експлозии, побегнале од H7 блокот на затворот на нејзиното величество. Еден затворски службеник умрел од срчев удар поради бегството, а дваесет други биле повредени, од кои што двајца биле застрелани со огнено оружје прокриумчарено во затвотот. Затворот Мејз на нејзиното величество (HM Prison Maze) бил сметан за еден од најсигурните затвори во Европа од кој штошансите за бегство биле сведени на нула. Покрај четири метарската ограда, затворот бил ограден и со ѕид од пет метри на чиј што врв била поставена бодликава жица, и сите порти на комплексот биле направени од челик и управувани по електронски пат.

Тој ден некаде околу 2:30, затворениците ја превзеле контролата во H7 блокот држејќи ги затворските чувари на нишан како заложници. Некои од затворениците ја облекле облеката на чуварите и им ги зеле клучевите од нивните автомобили, за да им се најдат при бегството. Во 3:25 пристигнал камионот кој што носел храна за затворот и затвореиците му наредиле да им помогне во бегството. Му ја заврзале ногата за квачилото и му давале упатства каде да вози. Во 3:50 камионот го напуштил затворот носејќи ги сите 38 луѓе надвор од него. Во наредните неколку денови биле спречени 19 од бегалците. Преостанатите бегалци биле помагани од IRA, главно во помагањето при места за криење. Некои од групата завршиле во САД, но подоцна биле откриени и екстрадирани. Благодарение на политиката, за ниеден од преостанатите бгалци не било вршено активна истрага, а некои биле и амнестирани. Жиците прикажани во сликата погоре се за спречување на хеликоптери со кои што би можело да се изведат бегства. Се сметало дека од овој затвор не можела ни птица да побегне, но сепак борците на IRA побегнале од него.



9. Алфред Хајндс



„Алфи“ Хајндс бил британски криминалец и уметник за бегство кој што за време на неговата затворска казна од дванаесет години поради грабеж, успешно избегал од три строго чувани затвори. И покрај неодобрувањето на 13 негови жалби, најпосле успеал да издејствува помилување благодарение на неговото познавање на британскиот законски систем. Откако бил осуден на 12 години затвор за кражба на накит, Хајндс избегал од затворот Нотрингам провлекувајќи се низ заклучените врати и преку затворскиот ѕид од 6 метри, поради што го заслужил прекарот „Худини“ Хајндс.

По шест месеци бил пронајден и уапсен. По апсењето Хајндс поднел тужба против властите поради незаконско апсење и успешно ја употребил таа случка за да го испланира своето следно бегство криумчарејќи катанец со него. Двајца чувари го придружувале до тоалетот, но кога му ги тргнале лисиците, Алфи ги затворил во кабината заклучувајќи ги со катинарот. Се вмешал во толпата на улица, но бил фатен на аеродром пет часа подоцна. Хајндс ќе го изведе и своето трето бегство за помалку од една година во затворот Челмсфорд.

Додека ги надитрувал луѓето од Скотланд Јард, Хајндс постојано се изјаснувал за невин праќајќи меморандуми на британските власти и давајќи интервјуа и снимени пораки на новинарите. Тој продолжил да поднесува жалби поради неговото апсење поради техничкиот детал дека бегствата од затвор не се сметаат за прекршок во британскиот затвор, се додека неговата последна жалба во 1960 не била одбиена, по што тој бил упатен да отслужи шест години во затворот Паркбурст.



8. Седуммината од Тексас



Седуммината од Тексас е група од затвореници кои што избегале од затворот Џон Конели близу Кенеди, Тексас на 13 декември 2000 година. Биле фатени во јануари 2001 како директна последица на телевизиското шоу America’s Most Wanted. На 13 декмври 2000, седуммината изработиле план за бегство од затворот кој што бил максимално чуван. Преку неколку добро испланирани маневри, седумте затвореници успеале да совладаат девет надгледници цивили, пет полицајци и тројца други затвореници кои што не биле вмешани во бегството.

Бегството се случило за време на најнеактивниот дел од денот, кога што надгледувањето врз некои делови од затворот било на најниско ниво, т.е. за време на ручекот и пребројувањето. Планот почнале да го спроведуваат така што еден одпрестапниците би повикал некого, а друг би го удрил од зад грб во глава, зашаметувајќи го и затварајќи го во една просторија. На тој начин биле совладани службениците како и тројца нивни затворски колеги. Најпосле некако се пробиле до затворскиот камион кој што го употребиле за бегство од комплексот. По фаќањето сите затвореници биле осудени на смртна казна со смртоносна инекција, додека еден од нив самиот си пресудил извршувајќи самоубиство.



7. Алфред Вецлер



Вецлер бил Евреин од Словачка, и еден од малкумината Евреи кои што успеале да избегаат од Аушвиц за време на Холокаустот. Тој, заедно со неговиот колега бегалец Рудолф Врба, разработиле детален план на логорот вклучувајќи ги и деталите за гасните комори, крематориумите во запис од 32 страници.

Тоа сведоштво довело до бомбардирање на неколку владини згради во Унгарија, како и убивањето на нацистички службеници кои што биле задолжени за депортирањето на Евреи во Аушвиц.

На 7 април 1944 тие се искачиле во скришно место во куп дрва. Местото каде што се скриле било надвор од кругот на бодликавата жица, но сепак и тој дел од кампот бил активно чуван за време на денот. Другите затвореници поставиле штици да ги скријат двајцата бегалци, и потоа го посипале местото со руски тутун натопен во бензин за да ги залажат кучињата. Двајцата успешно се криеле четири ноќи.

На 10 април, носејќи холандски костуми, наметки и чисми кои што ги зеле од логорот, се пробиле на југ одејќи 130 километри паралелно со реката Сола кон границата со Словачка, ориентирајќи се со детски атлас кој што Врба го нашол во логорското складиште.



6. Славомир Равиц



Равиц бил полски војник кој што бил уапсен од советските окупациони трупи по германско-советската инвазија на Полска. Кога Полска била окупирана, Равиц се вратил во Пинск каде што бил уапсен на 19 нември 1939, и оттука бил одведен во Москва. Првин бил испратен во Харков за испрашување, и по судењето бил однесен во затворот Лубјанка во Москва. За сето тоа време ги издржал измачувањата без ништо да признае, Бил обвинет за шпиунажа и пратен на 25 години тешка принудна работа во затворски логор во Сибир. Заедно со други затвореници бил транспортиран во Иркутск, и натеран да оди 303.650 километри јужно од арктичкиот круг, за да го изградат логорот.

На 9 април 1941, Равиц успеал да избега заедно со уште шест други затвореници. Се упатиле кој југ, избегнувајќи ги градовите во страв да не бидат предадени, но очигледно дека не биле активно гонети. По пат се стретнале со уште еден бегалец, жена од Полска по име Кристина. Потоа оделе до езерото Бајкал и преминале во Монголија. За време на преминувањето на пустината Гоби, двајца од грубата, Кристина и Маковски, умреле. Другите морале да јадат змии за да преживеат. Некаде околу октомври 1941 успеале да стасаат во Тибет. Локалните жители биле пријателски настроени кон нив, тие некако успеале да ги преминат Хималаите за време на зима. За време на преминувањето умрел уште еден член на групата, и тоа во сон како последица на големиот студ,, додека друг пропаднал во ледена пукнатина и исчезнал. Најпосле во Март 1942 успеале да стасаат во Индија.



5. Бегството од Алкатраз



За време на 29-те години на неговото постоење биле извршени 14 обиди за бегство од Алкатраз, во кои што биле вклучени вкупно 34 затвореници. Секој од тие обиди пропадна, и повеќето од учесниците во бегствата биле или убиени, или брзо фатени.

Како и да е, бегалците од 1937 и 1962, при се што биле прогласени за мртви, исчезнале без трага, што довело до популарните теории дека бегствата биле успешни. За време на најпознатиот обид за бегство кој што се случил на 11 јуни 1962 година, Френк Морис и браќата Англин ископале премин од нивните ќелии, се искачиле на врвот на блокот, при што ги пресекле шипките за да се искачат на врвот преку отворот за вентилација. Од тука тие се искачиле преку олук, ја преминале затворската ограда и се упатиле кон брегот каде што нашравиле сплав и исчезнале.

Се верува дека тројцата се удавиле во водите близу Сан Франциско, и од властите се водат за исчезнати и веројатно удавени. Но како и да е, можеби тие успеале, и се упатиле некаде каде што никој не ги познава.



4. Бегството од затворот Либи



Бегството од затворот Либи е едно од најпознатите успешни бегства за време на американската граѓанска војна. Ноќта помеѓу 9 и 10 февруари 1864, повеќе од 100 заробеници од редовите на Унијата избегале од затворот во Ричмонд, Вирџинија. Од 109 бегалци, 59 успеале да стигнат до линиите на Унијата, 48 биле фатени, а двајца се удавиле во блиската река. Затворот Либи представувал цел еден блок од градот Ричмонд. На север се наоѓа улицата Кери, а на југ тече реката Џемс.

Условите за живот во затворот биле многу лоши, имало недостаток во храна, додека санитарни услови воопшто и немало. Во тој затвор умрее илјадници луѓе. Затворениците успеале да се пробијат во подрумите познати како „пеколот на стаорци“ кои што повеќе не биле во употреба поради наездата на стаорци, и таму ископале тунел. По 17 дена копање, се пробиле на источната страна на затворот.



3. Паскал Паје



Овој човек успеал да избега двапати од строго чувани затвори во Франција, и тоа со помош на грабнати хеликоптери. Исто така помогнал да се организира бегство на уште тројца други затвореници- исто така со хеликоптер.

Паје бил осуден на 30 годишна затворска казна за убиство извршено за време на грабеж. По неговото прво бегство во 2001 бил фатен и затворската казна му била зголемена со уште неколку години. Потоа избегал и од затворот Грас со помош на хеликоптер кој што бил киднапиран од четворица маскирани мажи од аеродромот Кан-Монделје. Хеликоптерот се спуштил нешто подоцна во Брињол, 38 килоетри североисточно од Тулон, на брегот на медитеранот. Паје и неговите придружници оттука побегнале, ослободувајќи го пилотот неповреден. Пофторно бил фатен на 21 септември 2007 во Матаро, Шпанија. Тој се подложил на пластична операција, но сепак бил препознаен од шпанската полиција.



2. Големото бегство



Сталаг Луфт III бил германски воен затвор за време на втората светска војна во кој што се чувале заробените припадници на воздушните сили на сојузниците. Во јануари 1943 Роџер Башел бил спровел сценарио за големо бегство од затворот. Планот бил да се ископаат три длабоки тунели наречени со шифрите „Том“, „Дик“ и „Хари“. Секој од влезовите на тунелите бил внимателно избран за да се осигураат дека нема да бидат абележани од чуварите. За да не бидат откриени тунелите, ги копале многу длабоко, некаде околу 9 метри, и биле многу тесни, нешто помали од метар квадратен. Песочните ѕидови на тунелите биле осигурани со парчиња дрво, наоѓани во логорот.

Како што тунелите станувале поголеми, неколку технички иновации ја направиле нивната работа полесна и побезбедна. Една од мерките била личноста задолжена за копање да има доволно кислород за дишење, како и за горење на лампите за осветлување. Била направена пумпа која што пуштала свеж воздух преку тунелските канали. Подоцна успеале да инсталираат и електрично осветлување. Исто така инсталирале и мал вагонски систем за полесно исфрлање на песокот. Со помош на тој систем исфрлиле 130 тони материјал за време на период од пет месеци.

„Хари“ бил конечно ископан во март 1944, но за тоа време некои од затворениците кои што работеле напорно за копањето на тунелите биле преместени. Затворениците морале да чекаат една недела за ноќ без месечина. Конечно на 24 март бил спроведено бегството. Следниот ден во 5 часот наутро од страна на чуварите бил забележан 77 по ред бегалец како излегува од тунелот. Од сите бегалци само тројца успеале да го избегнат заробувањето. 50 биле убиени, додека останатите биле вратени во затворот.



1. Бегството од Колдиц



Колдиц бил еден од најпознатите германски воени затвори за офицери за време на втората светска војна. Кампот се наоѓал во замокот Колдиц, кој што бил изграден на карпа над градот Колдиц во Саксонија. Биле изведени бројн бегства од овој затвор, но едно од нив е особено интересно. Во еден од најамбициозните обиди за бегство бил направен план за изградба на едрилица ид страна на двајца британски пилоти, Џек Бес и Бил Голдфинч, кои што биле пратени во Колдиц откако избегале од други воени затвори. Планот бил да се изгради едрилица за двајца- дел по дел.

Едрилицата била направена на таванот на една црква, и планирале да ја пуштат од покривот и така да ја прелетаат реката Мулде на височина од 60 метри. Офицерите изградиле лажен ѕид за да го скријат скришното место во таванот, и таму полека ја граделе едрилицата од украдени парчиња дрво, главо од креветни летви и подни штици. Контролниот механизам го направиле од електрична жица украдена од неупотребуваниот дел на затворот.

Експертот за едрилици Лорн Велч бил замолен да даде мислење за дијаграмите направени од Голдфинч. Иако едрилицата никогаш не полетала, била направена верна копија за документарниот филм „Бегството од Колдиц“, и таа успешно била полетана уште на првиот обид од страна на пилот на РАФ, во присуство на Бест и Голдфинч кои што го гледале тоа со солзи во очите. Иако Бест и Голдфинч не побегнале од Колдиц, бидејќи затворот бил ослободен од сојузниците при самиот крај на изградбата на едрилицата, тие секако дека направиле еден од најинтересните и највозбудливите планови а бегство во историјата на човештвото.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 01:10
Клеопатра не починала од каснување на змија     
Клеопатра не се убила така што дозволила да ја гризне змија отровница, туку испила коктел врз база на отровни треви и опиум, тврди Кристоф Шефер, германски историчар и професор на Универзитетот во Трир.
Славната египетска кралица починала во 30-та години од нашата ера, а легендата вели дека си го одземала животот така што пуштила да ја касне египетска кобра.

Во документарецот „Како починала Клеопатра“, снимен за германскиот јавен сервис ЗДФ, Шефер, меѓутоа, тврди дека таа верзија се коси со карактерот на кралицата.

- Малку е веројатно дека Клеопатра би се изложила на долго бавно умирање, кое би го изобличило нејзиното лице и би оставило траги на нејзиното тело, вели Шефер, кој е автор на бестселерот „Клеопатра“.

Тој наведува дека кралицата сакала да ја задржи својата убавина и по смртта и дека била добро запознаена со разорните последици од каснување на кобра.
- Клеопатра сакаше да остане убава и по смртта, како би се зачувал митот. Најверојатно го испила коктелот направен од отровни тревки и опиум, кој би предизвикал безболна смрт во рок од неколку часа, додека умирањето од змиски отров би траело со денови и би се претворило во агонија, објаснува Шефер, кој се консултирал со еминентни зоолози и токсиколози и ги проучувал древните медицински записи зачувани во Александрија.

Римскиот историчар Касиус Дио околу 200 години по смртта на Келопатра напишал дека таа починала „мирно и безболно“, а античките текстови потврдуваат дека добро ги познавала отровите, кои и сама ги тестирала.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2010 во 01:30
5 смешни древни верувања за кои што се испоставило дека ја кажуваат вистината


Ние, денешните модерни генерации кои што веќе многу сме научиле за светот кој што не опкружува, за луѓето од минатото мислиме дека ако не биле тотално луди со нештата кои што ги измислувале, тоа барем сигурно биле многу наивни. Тие верувале во нешта кои што се незамисливи, но од друга страна и не можете да ги обвините, бидејќи наместо научници, светогледот им го кроеле луди луѓе кои што себеси се нарекувале шамани и пророци.




Но...за некои од тие неверојатни древни митови денешната наука покажала дека се многу блиску до вистината. Како е можно тоа? Немаме поим...



#5. Коработ на дедо Ное



Митот:

Колку и да не сте религиозни и никогаш и да не сте ја ни виделе Библијата, едноставно не е можно да не сте слушнале за коработ на дедо Ное.

Господ увидел дека човештвото толку многу се расипало, па решил дека е време да го притисне копчето reset и едноставно да ја поплави планетата, и со тоа да ја измие сета валканост. Слични приказни се среќаваат во фолклорот насекаде низ светот, од древните Грци, па се до Вавилонците, во кои што голема поплава ги убива сите, освен најчистите кои што се спасуваат и благодарение на нив продолжува да живее човечкиот род. Во Кина пак, божицата Нува ја запрела поплавата и ги направила луѓето од глина.


Некои повеќе личат на глина од другите

Во библиската верзија, Бог му вели на Ное дека е најмалку расипан од сите други на земјата и го поучува да изгради еден навистина голем кораб. Толку многу голем, што во себе би можел да собере по еден пар од секое животно на планетава. Потоа Бог пуштил дожд кој што паѓал цели четириесет дни, поплавувајќи го светот и убивајќи се освен тоа што било на Ноевиот кораб. Кога поплавата се повлекла, сите животни се симнале од коработ, и почнале да се плодат како луди, веројатно затоа што за кратко време требало да ја повратат сета светска популација на животински видови.





Науката вели:

Светска природна катастрофа која што ги убива сите освен неколкумина, кои што потоа одново го населуваат светот? Па, тоа се случува често. Кога билозите ги анализираат видовите, тие често наидуваат на нешто што што го нарекуваат ефект на генетско грло од шише, посочувајќи на еволутивни собитија во кои што сите видови биле уништени или на некој друг начин биле спречени да се размножуваат.

Таков бил случајот кај гепардите и тоа не толку одамна. Знаеме дека ако на некој човек му треба трансплантација на некој орган, вообичаено се бара некој близок роднина и се земаат имуносупресиви за да се намали можноста телото да не го прифати органот. Кај гепардите не би имало потреба од такво нешто. Тие имаат толку сроден генетски материјал што практично сите денешни гепарди се роднини помеѓу себе.




А луѓето? За нас се вели дека некаква непозната катастрофа која што се случила пред 75 000 години ја проретчила човечката популација и на светот останале само неколку илјади луѓе, поточно некаде околу 10 000, или дури и само околу 1000 парови способни за разножување

Тешко дека биле собрани на Ноевиот кораб, но секако дека тие што останале би можело да ги собере на Титаник.
И кога веќе сме кај Библијата...



#4. Вавилонската кула и раѓањето на јазиците



Митот:

Значи, ете, можете да бидете горди дека сте потомок на големиот дедо Ное, и толку горди што сте потомок на единственит праведен човек на светов решавате со вашите браќа да изградите висока кула која што ќе го допре небото и вие потоа ќе бидете многу славни и што ли не...Ако го имате читано Стариот Завет, знаете дека тоа не му се допаднало многу на Господ, од некоја причина. Но си мислиме, ако Бог ги мрази бесмислените огромни проекти на човекот, тогаш на пример големата кула во Дубаи требало да биде погодена од метеор досега.



Како и да е, Бог решил да го казни човештвото и им го попречува проектот така што прави сите луѓе кои што ја граделе кулата спонтано да почнат да зборуваат на различни јазици, па така не можејќи да се разберат, пропаднала изградбата на големата кула.

Според науката:

Ако ве бива за лингвистика или сте посетувале настава во врска со оваа тема, ќе се уверите дека митот е многу сличен на теоријата за моногенеза. Тоа е една од најпознатите теории според која што сите денешни јазици кои што се зборуваат во светот всушност настанале од еден единствен јазик.

Алфред Тромбети смета дека тој еден јазик се појавил во времето кога се појавиле и првите луѓе (иако всушност е можно и сите денешни јазици да се потмци на јазикот на преживеаните од големата катастрофа).
Како и да е, според таа теорија еден единствен јазик се појавил кај една група на луѓе во еден регион, и потоа се раширил низ светот.


Но според теоријата на Холивуд, сите јазици маат британски акцент

Потоа секој регион и раса развиле неколку илјади јазици кои што се зборуваат денес во светот. Исто како во приказната за Вавилонската кула, само што науката не спомнува никаква кула.



#3. Создавањето на универзумот



Митот:

Всушност секоја човечка култура си има свој мит за создавањето, штое и логично што уште во дамнешни времиња децата ги прашувале нивните родители како настанал светот, и тие морале нешто да им кажат.


Не можете на своите деца да им кажете дека врска немате, па мора нешто бргу да смислите, особено ако живеете во време кога науката не можела да обезбеди пристојни информации.

Па така, древните Египќани на своите деца им кажале дека „ лотосов цвет се појавил од морето во вид на пупка како резултат на некаква експлозија и потоа од пупката се појавил Кепри" Илјадници километри подалеку Кинезите на своите деца им раскажале дека„ од хаосот се појавило космичкото јајце по 18 000 години собирање на хаосот и тогаш јајцето пукнало и од него се појавил Пан-Ку " Пан Ку, како и Кепри се божества кои што го создале универзумот.

Според Библијата, на почетокот било темнина, и потоа Бог кажал збор и на светот му донел светлиа и живот.
Интересно е тоа што сите митови за создавањето на светот се многу слични помеѓу себе, било да се работи за кинескиот, египетскиот, индискиот, финскиот, или кој и да е. И било да се работи за златна утроба, космичко јајце или пак цветна пупка, во основа е истата идеја, која што ја собира во следните зборови:
На почетокот немало ништо освен хаос, често опишан во вид на големо море. Потоа одеднаш „нешто“ се појавило од „хаосот/морето/ништожноста“ на некој начин, и потоа тоа „нешто“ се „распупува/распукнува/се отвора“ и од него се појавува божеството кое што го создава светот во кој што живееме.

Според науката:

Веќе погодивте, нели? Колку и да се фантастични тие древни митови за создавањето, неверојатно се слични на модерната теорија за големата експлозија . На почетокот немало ништо, дури ни празен простор- едноставно ништо.



Потоа одеднаш се формирал исконскиот атом и експлодирал, формирајќи ја вселената .
Без разлика дали верувате во натприродни нешта и сте верник или не, мора да признаете дека луѓето од древноста биле многу блиску до встинското сознание.





#2. Сонцето ги јаде ѕвездите и кака светлина



Според митот:

Во многу култури сонцето е некакво божество или пак барем му се припишува некаква персонификација. И во нашиот фолклор има такви приказни, а позната е и изреката за сонце со заби и слично.



Но има едно многу интересно опишување на сонцето во фолклорот на американските Индијанци, имено кај племињата Пајуте во западниот дел на САД . Имено, според нивното објаснување ѕвездите ги снемува за време на денот затоа што тие бегаат од сонцето. Зошто? Затоа што сонцето многу сака да јаде ѕвезди.



Всушност, сонцето дава светлина само поради тоа што ги јаде ѕвездите кои што светат навечер.

Според науката:

Денес се смета дека кога била формиран универзумот, сите ѕвезди кои се родиле биле огромни и сите составени од водород и хелиум. Металите практично не постоеле. Но потоа и тие почнале да се појавуваат откако првите ѕвезди почнале да стареат за на крај и да експлодираат.

По билиони години на ваквото случуање, тој „метален шрапнел“ се проширил низ вселената, и остатоците од тие ѕвезди кои што експлодирале биле проголтани од новите. Така и нашето сонце свети со остатоците на поранешните ѕвезди, исто како во индијанската легенда.

Пајуте индијанците исто така верувале и дека месечината му била жена на сонцето и дека тие изродиле уште многу други ѕвезди.





#1. Адам и Ева



Според митот:

И повторно, не само во Стариот Завет можете да сретнете пар како Адам и Ева од кои што произлегува целото човештво. Во скандинавската митологија Адам и Ева се наречени Аск и Ембла.



Според Монголите првите луѓе биле сочинети од глина. Во Кореја се раскажувала приказната дека некој тигар се трансформирал во првата жена, која што потоа била оплодена од богот Хван- Унг. Според Навахо индијанците првата жена настанала од пченка.



Значи според сите тие митови човештвото настанало од еден маж и една жена..

Според науката:

Се започнува со гените. Определени гени можат да се наследат само од мајката. Научниците пронашле дека овие гени се неверојатно слични во секоја личност, насекаде.

Тоа ги навело до заклучокот дека некогаш и навистина имало една единствена жена, која што живеела некаде пред 200 000 години , од која што секој човек на светов го наследил нејзиниот генетски материјал. Научниците оваа жена ја нарекле „Ева“.



Сега, не дека таа била единствената жена на земјата, но по некаква игра на случајот останатите жени веројатно не успеале да ги пренесат своите гени (нивните крвни линии изумреле, или пак имале само синови итн.)
Потоа, научниците го лоцирале и Y-хромозомниот Адам некаде пред 60 000 години.



Тој живеел во Африка, и им ги пренесол своите гени на секој маж кој што денес го чита ова.
На тој човек треба да му се изгради еден голем споменик.
Кон врв
Powerful Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Powerful Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2010 во 22:58
Се што се случува на овој свет, има логично објаснување.
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 03:14
Шест идиотски предрасуди во врска со психологијата, за кои што сите веруваат дека се вистина


Псохологијата е едно од оние нешта за кои што секој сака да мисли дека знае нешто и дека има што да каже за тоа. Просто уживаме во тоа да ги анализираме нашите пријатели и колеги и да им поставуваме „дијагнози“, и тоа за да му дадеме некаква смисла на светот кој што не опкружува, како и да се почувствуваме поумни и поважни одошто навистина сме.






Но како и секоја наука која што си го изнашла својот пат до поп културата и широките маси, многу од оние „здраворазумски“ мисли кои што можете да ги слушнете како совети од вашите пријатели, на ноќните и утринските радио емисии, или пак на некоја телевизиска контактна емисија, се граничат со чист идиотизам. Како на пример....



6. „Ако го исфрлите гневот надвор од вас, ќе се чувствувате подобро“



Секогаш ќе слушнете луѓе кои што зборуваат за „катартичкото“ искуство кое што го почувствувале, како и за тоа колку добро се чувствувале после тоа. Или пак ќе слушнете нешто вакво: „Ако го чувате гневот внатре во вас, еден ден едноставно ќе пукнете!“


И всушност го има тој стереотип за типот кој што едноставно полудува бидејќи не умее да го изрази својот гнев.

Нешта како удирање во боксерска вреќа, врескање во перница или во планина, или пак задавување на некое маче кое што сте го нашле во влезот постојано ни ги посочуваат како здрави алтернативи место на пример, да отидете во продавницата каде што најчесто купувате и да ја фатите таа продавачката што секогаш ве поткраднува некој денар, па да и ги ставите тоа крадливите прсти во касата и.....

Всушност многу терапии биле создадени врз основа на таа идеја, и во основа сите тие охрабруваат да го насочите вашиот гнев во некоја боксерска вреќа наместо во вашиот злобен шеф. Има смисла зар не? Зошто да ја треснете вашата жена од фрижидерот кога јадењето кое го пресолила ќе се распрсне поубаво и на позадоволувачки начин?

Зошто сето тоа всушност нема врска:

Истражувањата покажале дека не помага. Истурањето на вашиот гнев дури и на предмети, а не на живи суштества, воопшто нема да ве направи помалку гневни. Всушност, ве прави да сакате уште повеќе да одлепите. Знаете, ние луѓето сме такви животни кои што всушност имаат такво нешто кое што се вика „навики“. Кога ќе направиме нешто што ќе направи да се чувствуваме добро, сакаме истото да го правиме се повеќе и повеќе. Истурањето на гневот создава зависност исто како и се друго, и да се издувате врз нешто како средство за справување со гневот е исто како да пиете за да се справите со вашиот алкохолизам.



Кои се всушност лошите вести? Кога веќе еднаш сте создале таква навика секогаш кога ќе ви дојде премногу од нешто да изудирате некоја вреќа или дрво, во некоја прилика можеби и нема да има вреќа или дрво до вас, туку некоја личност која што може да си извлече подебелиот крај ни крива ни должна, а најчесто тоа се погодува да биде личност која што ви е блиска. Затоа секогаш е добро да се развива контролата врз себе, своите емоции и своите реакции, што не секогаш успева, бидејќи сме нели, само луѓе.



5. „Само верувај во себе, и успехот сам ќе си дојде“





Тоа нешто што се нарекува „самодоверба“ ни е набивано во главите со децении, божем оние што имаат поголемо самочувство се секогаш поуспешните во училиште, имаат повеќе пријатели и функционираат подобро во општеството.

Воопшто секој тинејџерски филм кој што ќе го изгледате обработува таков некој заплет. Некој депресивен аутсајдер уморен од зафрканциите на негова сметка копа длабоко во себе и успева да ја открие својата длабока внатрешна вредност токму на време за матурската, или пак за некој натпревар, патување или слично. Тогаш сите наоколу ја забележуваат таа голема ненадејна промена и некогашниот лузер станува најпопуларниот лик во својата средина.



Исто така, ќе налетате на бројни полутерапевтски програми, книги од типот помогни си сам, ќе успееш ако сакаш и сл. кои што цело време ги зборуваат истите релативизирачки нешта, ветувајќи ви дека ќе ви помогнат да си ја изградите самодовербата до тоа ниво што пречките сами од себе ќе паѓаат пред вас.

Зошто сето тоа се само глупости:

Всушност изгледа дека тука се помешани причинско-последичните врски. Наместо да помислат дека „ а можеби децата имаат поголема самодоверба и се чувствуваат подобро кога имаат успех на училиште затоа што се потрудиле и го добиле заслуженото, исто така се среќни затоа што се трудат да стекнат повеќе пријатели“, се извртуваат нештата сосема наопаку, дека успеваат поради тоа што се полни со некоја магична самодоверба. Потоа истите тие „надрилекари“ кои што заработуваат врз мрзливоста и наивноста на некои луѓе се обидуваат да ве научат да се чувствувате добро, чисто така, поради вас самите, убедувајќи ве дека нештата кои што всушност прават човек да се чувствува добро ќе си дојдат сами од себе, во некое идно време.

Токму тој став всушност нанесува поголема штета отколку корист. Од една страна, или децата на кои што им се вградува самочувството на овој начин стануваат претерано агресивни секогаш кога егото ќе им биде загрозено;



А од друга страна, самозалажувањето секогаш води кон болното соочување со реалноста. Во никој случај не се правиме некакви експерти кои што се повикани да ги учат луѓето на нешта кои што ќе им помогнат на патот кон успехот (како социјални и комуникациски вештини, подобра стратегија при справувањето со стресот и сл.) , туку едноставно укажуваме на тоа дека успехот и самодовербата се всушност последица, а не причина.



Учителот Мијаги не го учеше Карате Кид да верува во себе. Го учеше како да знае да возврати и да се брани.



4. „Членовите на култови се глупави и слаби личности кои се подведуваат како овци“



Ако погледнете некоја статија на интернет за религијата или пак за сциентологијата, еве какви коментари можат да се прочитаат под текстот:



Воопшто секогаш ќе наидете на општо согласување дека секој кој што учествува во некаков култ (или воопшто било каква религиозна организација, не мора да е само некоја сатанистичка секта, скраја да е) е или слаба личност, или пак е ретардирана, или пак е ем слаба ем ретардирана личност. Склони сме кон тоа култовите од било кој вид да ги поврзуваме со фанатизам, претпоставувајќи дека се работи за некакви ненормални луѓе (при се што има и такви, нормално, доволно е да се потсетиме на Чарлс Менсон, а и кај нас имаше такви примери на разни заведувања)

Во што е поентата:

Според истражувањата, членовите на култови се исто толку интелегентни како и останатите нормални луѓе, ако не и повеќе . Плус тоа, 95 проценти од членовите на култови се при совршено здрава свест (барем при зачленувањето) без никаква историја зад себе на некакви психолошки болести. Тие не се глупави, и не се луди.

Се разбира, тоа ги прави култовите да изгледаат уште пострашни. Како по ѓаволите овие групи успеваат во своите редови да вовлечат луѓе кои што се совршено здрави и умни исто како и вашите пријатели?

Но добро, да се запрашаме, зошто мотоциклистите веднаш почнуваат да носат иста облека како и останатите мотоциклисти?



Зошто на пример сте го правиле сето тоа што сте го правеле во тинејџерските денови?



Како социјални животни ние сме програмирани да припаѓаме на група. Тоа е потреба која што е толку реална и основна исто како и гладот и потребата за секс. Кога по некој случај ќе останеме отсечени од нашата група, како на пример кога ќе ја изгубиме работата, или кога ќе се преселиме во друг град, или кога ќе раскинеме со девојката- по малку полудуваме. Е тука настапуваат култовите. Тие се многу, многу добри во тоа да ги начекаат луѓето токму во такви моменти на слабосто, и ги кажуваат токму оние работи кои што потенцијалните нови членови сакаат да ги слушнат. Оние памфлети кои што ги делат најразличните религиозни организации а кои што ви звучат толку патетични и провидни, на луѓето кои се нашле во таква ситуација им изгледаат како свеж воздух после долго седење во загушлива просторија.

Па така, да, сите ние сме со ладна глава кога сме во нормална, стабилна состојба, и не пропуштаме да ги искритикуваме членовите на култовите, а уште повеќе пак нивните водачи кои што безочно ги заведуваат наивните души, но сепак помислете дали некогаш и вие не сте се наоѓале во таква повеќе или помалку критична состојба.

И се разбира, не секогаш членовите на култови стануваат дел од некаква бизарна самоубиствена церемонија. Повеќето од нив водат нормални и успешни животи, или барем така изгледа од страна гледано.





3. „Внимавајте! Во рекламите има наведувачки пораки кои што влијаат врз нашето размислување“



Овој мит секогаш одново се појавува во секоја декада. Во осумдесеттите таков беше примерот со песните на метал групите кои слушани наназад божем содржеле сатанистички пораки, а кои што и кога биле пуштани нормално сепак имале некаква мистериозна моќ да влијаат врз свеста на младиот металец.

Но уште пред тоа, во Америка се појавил еден мит кој што се нарекува subliminal messaging, техника со која што преку рекламите наводно им пуштале кратки пораки на екранот, толку брзо што било невозможно свесно да се забележат, но сепак кои што можеле да влијаат врз подсвеста на гледачите и да ги наведат да ги купуваат производите кои што се рекламираат.



Во денешно време се слушаат слични тврдења на пример за " невролингвистичното програмирање," со помош на кое што луѓе како магионичарот Дерен Браун тврдат дека можат да воспостават контрола врз било кој субјект преку незабележаното вметнување на одредени наредби во некоја реченица.



Сето тоа се сведува на иста основа: форми на комуникација со помош на кои што магично се премостува вашата свест и се стасува до подсвеста манипулирајќи ве како да се работи за ништо повеќе од беспомошна марионета.

Зошто сето тоа се глупости:

Не само што никоја од горенаведените техники не успеваат, воопшто и не постои таков некаков магичен метод на маѓепсување на вашата подсвест. Не, вашиот мозок не може да прими обратни пораки на нормално пуштена песна , а дури и ако намерно пуштите некоја песна наназад, повеќето од тоа што мислите дека го слушате е само производ на вашата фантазија.

Тоа проучување според кои се пуштани кратки наведувачки пораки за време на некоја кино представа, а во кои што божем пишувало „Пиј кока кола“ и „Гладен си? Јади пуканки“ и што довело до голема потрошувачка на овие два производи, денес се верува дека било базирано врз основа на лажни податоци , ако воопшто и имало такво нешто.



Изгледа дека луѓето едноставно сакаат да грицкаат нешто кога гледаат филм

Што се однесува пак до невролингвистичното програмирање, па и има некоја причина што главниот заговорник на таа техника е всушност магионичар, зар не?


Да се послужиме малку со здравиот разум. Доколку навистина има таква некоја техника со помош на која што луѓето можат да се претворат во роботи, тој кој што би ја усовршил ваквата техника би владеел со светот.

Не би им била потребна никаква армија за да нападнат друга земја, доволно е само да емитуваат некаква пропагандна програма преку масовните медиуми, и луѓето таму би биле беспомошни и совладани без никаков отпор. Фактот дека ниедна влада на светов низ целата историја на планетата не успеала во такво нешто, без оглед на тоа колку напорно се обидувала, е доволен факт сето тоа да го наречеме глупост.



2. „Лесно ќе видиме дали лаже! Ставете го на детектор на лаги!“



Што имаат заедничко осомничените за убиство и учесниците во квизови од типот на „Моментот на вистината“? Сите тие се прикачени на полиграф за да се види дали ја зборуваат вистината или не.

Полиграфските тестови (вообичаено наречен „детектор за лаги“) биле во употреба уште во раниот дваесетти век, во дваесеттите години. Во текот на изминатите осумдесет години машините биле толку унапредени што било допуштено да се употребуваат и во тв емисии и квизови.

Токму таков пример е „Моментот на вистината“, каде што натпреварувачите се прикачиваат на полиграф за да бидат фатени во нечуена лага и да се понижат себеси пред мислионската публика за пари.



Зошто сето тоа е глупост:

Проблемот всушност е во прекарот „детектор на лаги“ кој што им е даден на овие средства, имплицирајќи притоа дека машините некако ја знаат вистината, и можат да ја намирисаат измамата во воздухот. Очигледно, тие не го можат тоа, бидејќи инаку тоа би било, знаете, магија! Наместо тоа, тие всушност едноставно ги мерат телесните реакции кои што можеби значат дека лажете.

Е сега, секако дека овие машини покажуваат поголем успех отколку, да кажеме на пример, гледањето на грав, но далеку од тоа дека се апсолутно точни. Во 2003 било спроведено истражување според коe полиграфите имаат нешто поголем успех од фрлањето на паричка во откривањето на лаги. А тоа и не е толку добро, зар не? Поголеми шанси има да погодите дали некој лаже или не само врз основа на тоа дали ви се допаѓа неговиот изглед или не отколку со „детекторите на лаги“.



Проблемот е во тоа што има огромен број на варијабли кои што можат да доведат до погрешен резултат , почнувајќи од личноста и физичката состојба на испитаникот, па техниката на тој кој што ги поставува прашањата, па завршувајќи со безбројте трикови кои што луѓето ги усовршиле за да ги измамат овие машини. (Советскиот шпиун Aлдрих Ејмс го победил полиграфот...двапати).

Затоа на некој начин овој метод е полош од фрлањето паричка. Со паричката барем знаете дека се работи за чиста случајност, додека со полиграфот имате чувство на лажна сигурност,



1. „Овој е таков хомофоб што сигурно потајно е геј“



Ако гледате некој филм или тв шоу кое што се фокусира на геј личности, на крајот ќе се сретнете со ликот кој што „ги мрази хомосексуалците бидејќи и тој самиот е притаен хомосексуалец“ (како на пример во филмот American Beauty). Тоа станало таков архетип во поп културата што ако налетате на некој тип во боди билдинг клубот како јавно искажува гадење кон хомосексуалците, голема е веројатноста да си помислите дека тој всупност крие слики од некои мазни типови под креветот( или пак вистински мазни типови)

И тоа и навистина го гледаме во реалниот живот, било помеѓу обичните луѓе, било во високото општество,



Зошто е глупост:


Добро, сепак мора да се признае дека понекогаш ова е навистина точно. Било изведено едно проучување во 1996 со шеесет и четири машки студенти, од кои што триесет и пет биле хомофоби (според анкетните листови кои што ги пополнувале) Истражувачите прикачиле направи за мерење на нивните пениси (сериозно!) и им дале да гледаат порно филмови. (Да, тоа навистина се случило, и ако не верувате - еве го линкот).

Се покажало дека повеќето од хомофобите добиле барем делумна ерекција додека гледале порно филмови со хомосексуална содржина (а од не-хомофобичните личности само една четвртина добиле ерекција)

Гледате уште веднаш дека има нешто чудно во врска со овие бројки. Севкупно земено, речиси половината од тестираните се возбудиле гледајќи геј порно. Па според тоа....половината од светската машка популација се потајни хомосексуалци?! Тешко некако.....



Тогаш, што е во прашање? Тие типовите кои што биле тестирани ја имале благата жичка? Можно е, и навистина може да се доведе во прашање нивната сексуалност штом се согласиле да им прикачуваат нешта на интимниот орган и да гледаат такви филмови...

Па по ѓаволите, според тоа проучување човек може да се возбуди и од привлечност кон хомосексуалците, како и од омраза кон нив?! Ете сега ние се возбудивме од збунетост.

Главниот проблем се состои во тоа што според науката „хомофобијата“ ништо воопшто и не означува. Хомофобијата не е вброена помеѓу останатите фобии, и вашиот психијатар не може да ви постави таква дијагноза. Всушност се работи за сленг кој што означува широк спектар на ставови, од луѓе кои што имаат силен морален приговор кон хомосексуалноста поради религиозните убедувања или воспитувањето, преку луѓето кои што ги доживуваат хомосексуалците одвратни како појава, па се до луѓето кои што чувствуваат необјаснив гнев и омраза кон хомосексуалците.

Според сето ова. половина од популацијата смета дека хомосексуалноста е погрешна од морална гледна точка (при што нетолерантноста е очигледно позастапена кај повозрасните луѓе). Едноставно нема критериум според кој некој од тие луѓе би страдал од „хомофобија“.

Звучи како „барање влакно во јајцето“, но ова е одличен пример за тоа на какви проблеми можат да налетаат луѓе кои што ќе решат да изигруваат психолози аматери и да ги „дијагностицираат“луѓето наоколу. Човекот кој што држи отровни говори против хомосексуалнста можеби и навистина е некој кој што ја прикрива својата збунета сексуалност. Меѓутоа, исто така има големи шанси и тој едноставно само да си ја треска главата за глупости, мислејќи дека може да го исправи светот.


Изменето од Omar - 27.Август.2010 во 03:15
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 23:12
ponekogas e podobro i da postojat koga bi znele se?!
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 14:46
respekt OMARда
NO..jas vo nishto od ova ne veruvam niti pak postoi takvo neshto osven ovaj realen zivot shto go ziveeme i sto gledame so nasite ociсреќа
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 09:32
Топ 10 Најголеми мистерии во науката

 

Од сите необјаснети работи кои се случуваат околу нас, ние ги избравме 
најголемите мистерии за кои модерната наука сеуште не може да даде објаснување. 

 

10. Што ја води еволуцијата?

Природната селекција е прифатена од научниците како главен погон кој ги тера организмите да ги развиваат своите комплексни карактеристики. Но, објаснувањето дека еволуцијата по пат на природна селекција е единственото објаснување е малку нејасно. 

 

9. Што се случува внатре во земјотресот?

Интересно е тоа што научниците го разбираат и го објаснуваат процесот кога земјата ќе се стресе под нашите нозе, но сеуште не знаат што се случува внатре во планетата за време на земјотресот. Природата и однесувањето на плочите во земјата се сеуште непознати за денешната наука.

 

8. Кои сте вие?

Природата на свеста долго време ги зачудува психолозите и воопшто научниците. Дел од одговорот е релативно лесен: најголем дел од она што не придвижува е впишано во невралните мрежи во нашите мозоци, но проблемот е другиот дел од одговорот. 

 

7. Како постанал животот на Земјата?

Раните докази за едноставниот едноклеточен живот на планетава датираат од пред 3 милијарди години. Но, никој не знае како. Има претпоставки дека се случиле комплексни хемиски реакции во водата, или пак живиот свет дошол овде од друго место.

 

6. Како работи мозокот?

Иако работата на човековиот мозок е многу изучувана тема, сепак има многу големи нејасности во разбирањето на работата и функцијата на нервите, спиењето, гледањето, слушањето, сакањето...

 

5. Каде е остатокот од универзумот?

Навистина не е фер кога се обидуваме да изучиме нешто и најголем дел не е тука. Тоа се случува со универзумот. Пронајдени се само 4% од материјата и енергијата во универзумот. Останатите 96% се нејасни – темна материја и темна енергија. Навистина се темната страна на универзумот.

 

4. Што ја предизвикува гравитацијата?

Можеби мислите дека овој концепт е разбран. Епа се лажете. Гравитацијата е најслабата сила во универзумот, и стандардниот модел на физиката денес не објаснува како таа функционира. Само се знае дека таа е секогаш тука.

 

3. Има ли теорија на сè?

Ова е многу комплексна работа. Постои стандарден модел во физиката кој објаснува основни работи кои се случуваат околу нас. Ако може да се дизајнира теорија која би ги опфатила и објаснила неверојатните услови кои владеат во универзумот, тогаш теоријата на сè би станала реалност.

 

2. Постои ли вонземски живот?

Животот е насекаде. Барем на нашата планета. Логично е да се претпостави дека може да биде и насекаде во универзумот. Но досега го имаме истражено само нашиот свет, така што не можеме да кажеме нешто за поширок дел од вселената.

 

1. Како настанал универзумот?

Секако, ова е најважното прашање во науката, за кое денеска сеуште нема јасен и точен одговор. Постои теорија дека настанал со Биг Бенг пред 13.7 билиони години, од простор помал од точката на крајот на оваа реченица. И тоа за дел од секунда. Проблемот е што не постојат реални можности да се тестира оваа теорија. 



Изменето од емил - 06.Февруари.2011 во 09:33
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 06:25
13 Општоприфатени и глупави суеверија

Ние луѓето сме многу суеверни, веруваме дека петок 13-ти е несреќен, а дека пронаоѓањето на паричка е среќа.

Многу суеверија потекуваат од истата човекова верба која не тера да веруваме во чудовишта и духови. Кога нашиот ум не може нешто да објасни, се вкочануваме. Всушност, едно истражување од минатата година откри дека суеверијата понекогаш се корисни, бидејќи верувањето во нешто може да ја подобри ефикасноста на некоја работа.

Затоа, еве ги најпознатите 13 суеверија:

13. Почетничка среќа

Вообичаени изјава на човек кој загубил игра од почетник е „почетничка среќа“, која преставува идеја дека почениците имаат веројатност дека ќе победат кога за првпат ќе се пробаат во спортови, игри или кои било  други активности.

Почетниците во некои случаи може и да победат затоа што се помалку оптоварени околу победата. Покрај се, премногу страв може и да ја подигне ефиканоста. Може да биде и статистичка ставка, посебно во опкладите кои зависта од шансите.

Или како и во многу други суеверија, вербата дека почетничката среќа може да се појави заради „засилување на самодовербата“. Засилувањето на самодовербата е психолошки феномен кога луѓето најверојатно ќе ги запаметат настаните кои го смениле нивниот поглед на светот. Ако верувате дека ќе победите затоа што сте почетник, имате повеќе шанси да запамтите секогаш кога сте биле во право - и да ги заборавите оние кога сте биле последен.

12. Ако најдете паричка, подигнете ја...

Цел ден ќе имате добра/убава среќа. Раположението може да се подигне бидејќи пронаоѓањето паричка и самото по себе среќа. Но, може да испадне и како во старата песна „Ако најдете игла, подигнете ја, и цел ден ќе имате убава среќа; ако видите игла, оставте ја таму, и среќата ќе ве одмине“.

11. Не минувајте под скала (расчекорена бандера)

Конечно едно суеверие кое е практично. Кој би сакал да одговара ако работникот падне од скалата и се повреди себе си и вас? Но постои една теорија поврзана со ова суеверие - доаѓа од христијанското верување во Светото Тројство: бидејќи скала потпрена на ѕид прави триагнолник, „расипувањето“ на тој триаголник е богохулење.

И уште една популарна теорија вели дека стравот од минување под скала има врска со средновековните бесилки и гиљотини (всушност, со дрвените рамки на кои се поставува јаже или сечиво). Затоа околу ова суеверие првентствено ќе се придржуваме кон безбедноста.

10. Црна мачка ви го пресекува патот

Како домашен миленик на човекот веќе илјадници години, мачките играат многу и секакви митолошки улоги. Во стар Египет мачките биле обожувани, а денес Американците како домашни миленичиња чуваат повеќе од 81 милиони мачки.

Па зошто не е добро ако црна мачка ви го пресече патот? Најверојатно ова суеверие доаѓа од старото верување за вештерките и нивната поврзаност со животните, за кои често се кажувало дека земаат облик на домашни животни како мачки.

9. Зајачка шепа ќе ви носи среќа


Талисманите и емулетите отсекогаш се сметале како одбрана од ѓаволот; сетете се на крстот и лукот за кој се верувало дека ќе ве чуваат безбедни од вампири. Зајачката шепа како талисман можеби потекнува од раните келтси племиња во Британија. Можеби ова доаѓа и од вудуто, форма на афроамериканска народна магија и верба која е помешана од домородците Американци, Европејците и од африканската традиција.

8. Лошата среќа доаѓа во тројки

Се сеќавате на засилувањето на самодовербата? Верувањето дека лошата среќа доаѓа во тројки е класичен пример за ова. Кога неколку работи ќе трнат погрешно, суеверните ќе почнаат да бараат и следен знак за лоша среќа. Изгубената чевла може да биде заборавена, но веќе следнот ден да се земе како трета од серијата лоши знаци.

7. Внимателно со тоа огледало

Според фолклорот, кршењето огледало е најлошиот знак за ваше проколнување и несреќа во следните седум години. Ова суеверие најверојатно доаѓа од вербата дека огледалото не само што го одразува вашиот лик, туку дека задржува и дел од вашата душа. Ова верување од дамнина ги терало луѓето од американскиот југ да ги покриваат огледалата во куќата кога некој ќе умрел, за нивите души да не бидат заробени таму.

Како и бројот три и бројот седум често е поврзуван со среќата. Седум години е долго време да се биде несреќен, па затоа луѓето смислија противмерки да се ослободат по кршењето на огледало. Меѓу нив спаѓа допирање на парче од скрешно огледало до гроб и дробење на парчињата од огледалото во прав.

6. 666


Три шески по ред ги наежуваат луѓето. Ова е суеверие кое потекнува од Библијата. Во Книгата на откровението, 666 е даден како бројот на „ѕверот“ и често е интерпретиран како знак на сатаната и знак за крај на светот.

Според антропологот Филип Стивенс од Државниот универзитет на Њујорк во Бафало, писателот на Откровението пишувал во кодови за да ги убеди христијаните, па така броевите и имињата во книгата се вид на современи референси. Три шестки во ред се најверојатно нумерички еквивалент на хебрејските букви за Нерон, римскиот император од првиот век.

5. Чукни во дрво

Оваа фраза е скоро како говорен талисман, создадена за да не чува од лоша среќа во предизвикливата судбина: „Кршењето на огледалото не ми донесе несреќа, да чукнам во дрво“.

Фиксацијата со дрвото најверојатно доаѓа од старите митови за добриот дух во дрвјата или од асоцијацијата со христијанскиот крст. Слични фрази се појавуваат во многу јазици, што покажува дека желбата да не се предизвикува мирниот универзум е општа.

4. Посакајте си желба со кршење јадец (од кокошка или мисирка)

Традицијата за тегнење на грбната коска-чатал од кокошка или мисирка, потекнува одамна. Легендата вели дека Римјаните од првиот век го правеле ова за да се натпреваруваат со исушени коски - и случајно ја скршиле, со што добиле идеја дека кај оној што ќе остане поголемиот дел од коската ќе му се остваруват желбите. Низ историјата, коските од птици исто така биле користени за читање на судбините, при што врачевите/шаманите ги фрлале коските и ја читале нивната поставеност за да ја предвидуваат иднината.

3. Прекрсти ги прстите за среќа

Оние кои посакуваат среќа често ќе ги вкрстат прстите еден преку друг, гест за кој се верува дека потекнува од раното христијанство. Приказната вели дека двајца ги вкрстувале показалецот и средниот прст кога посакувале желба, што е симбол за подршка од пријателот за лицето кое ја посакува желбата. Се верувало дека сеж што асоцира на обликот на христијанскиот крст носи среќа. Традицијата постепено преминала во нешто што луѓе сами почнале да си го прават: денес само ќе кажеме „прекрсти ги прстите“ за да се сфати пораката од другата страна

2. Без отворен чадор во затворен простор

Не само затоа што можете некому да му истерате око, отварањето чадор во затворен простор се сметало и дека носи несреќа. Легендата дошла од приказните за некоја жена од стар Рим која случајно го отворила чадорот во домот, само неколку мига пред да се сруши таванот, па се до приказната за британскот приинц кој добил на подарок два чадори од кралот кој дошол во посета - и умрел по неколку месеци. Исто како суеверието „не поминувај под скала“, ова изгледа како мит кој првенствено се создал за да ги преупреди луѓето од правење нешто опасно.

1. Петок 13-ти

Ако не сте исплашени од петок 13-ти, треба да се ислпашите од зборот кој се користи за оние кои се: „фригатискаидекафобици“. (Како алтернатива на ова плеткање за јазикот, зборот за овој страв е „параскевидекатриафобија“).

Суеверието и стравот од петок 13-ти изгледа прилично ново, датира од доцниот 19-ти век. Петок долго време беше сметан за несреќен ден (според христијанската традиција, Исус умрел во петок), но и 13-ката има долга историја како несреќен број.

Според Центарот за управување со стрес и Институтот за фобија во Северкна Каролина, околу 17 милиони луѓе (во САД) се плашат од петок 13-ти. Многумина можеби и ќе се помолат кога желбата во човековиот ум ќе ги поврзе мислите и симболите со настаните.


Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 08:20
 
 

Проклетството на Тутанкамон (Најголемите светски мистерии)

tutankamon-mystodonia

Смртта ги косела сите што го вознемирувале сонот на фараонот
Во дворот на една англиска селска куќа сред ноќ почнал да лае пес. Непрекинатото тажно завивање ги разбудило заспаните членови на домаќинството. Кутрото животно не можело да се смири и продолжувало да завива се додека на крајот, тешко збивајќи, не паднало на земја и умрело.
Овој необичен настан се случил во куќата на ценетиот археолог-аматер, педесет и седумгодишниот лорд Карнарвон во Хемпшир. Во мигот кога кучето почнало да вие и самиот Карнарвон се тресел во претсмртна треска, илјада милји подалеку, во една соба во хотелот Континентал во Каиро. Проклетството на детето-фараон Тутанкамон ги зело своите први две жртви. По нив ќе следуваат уште многу други.

Проклетството на фараонот му било добро познато на Карнарвон, страсниот египтолог. Се сеќавал на него уште додека во Англија ја планирал својата последна и најголема експедиција за Египет во потрага по баснословната гробница на Тутанкамон полна со скапоцености. Добил предупредување од познатиот мистик од тоа време, гроф Хамон. Пораката гласела: „Лорд Карнарвон не смее да влезе во гробницата. Му се заканува опасност ако не послуша. Ќе се разболи и нема да оздрави. Смртта ќе го стигне во Египет“. Карнарвон се загрижил поради предупредувањето и двапати ги консултирал гатачите кои во двата случаи му претскажале блиска смрт под мистериозни околности.
Карнарвон сепак тргнал на пат предводејќи ја експедицијата што требало да претставува круна на неговиот долгогодишен неостварен сон. Стигнувајќи во Египет, се расфрлал со храброст и му се потсмевал на проклетството во кое исплашените домородци, што работеле под негово водство на ископувањето кај Луксор, слепо верувале. Еден од неговите блиски соработници во експедицијата, Артур Вејгал, забележил: „Ако Карнарвон слезе во таа гробница, не му давам повеќе од два месеци живот“.
Карнарвон и неговата екипа на 17 февруари 1923 година влегле во посмртната одаја на младиот крал. Во внатрешноста Карнарвон и неговиот американски партнер Хауард Картер нашле богатство за кое не ни сонувале дека постои – злато, скапоцени камења и украси, како и ковчег од чисто злато во кој лежело мумифицираното тело на Тутанкамон. Над гробницата имало натпис што веднаш бил преведен. Пишувало: „Смрт ќе го снајде тој што го нарушува сонот на фараонот“.

Два месеци подоцна, тогаш веќе славниот лорд Карнарвон се разбудил во својата соба во хотелот Континентал велејќи: „Се чувствувам како во пеколот“. Кога му стигнал синот, Карнарвон веќе бил во кома. Умрел истата ноќ. Во мигот кога Карнарвон издивнал, неговиот син се наоѓал во соседната соба. Подоцна рекол за тоа: „Одненадеж, во цело Каиро изгасна осветлението. Запаливме свеќи и се молевме“.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 20:56
А можеби се работи за погрешно користење на кирилични фонтови, па темата изворно требало да биде: Mister II - т.е. Господин 2.   
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2223242526 27>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.