IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 596061
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 17:38
ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СИНГАПУР

Уапсен Дан Тан, мозокот на сите „местенки" во фудбалот!

Сингапурската полиција објави дека го уапси, Тан Сет Енг, популарниот Дан Тан, мозокот на сите наместени средби во фудбалот.

Во голема полициска акција уапсени се вкупно 14 лица, меѓу кои е и осомничениот лидер на обложувачката мафија која е виновна за сите местенки во светот.

Еуропол во февруари годинава соошти дека група од Сингапур е поврзана со стотици наместени натпревари во целиот свет, вклучително и средби од Лигата на шампионите како и квалификациски мечеви за пласман на СП.

Деветмина од уапсените добиле право да се бранат од слобода и се пуштени со кауција, а петмина се во притвор. Според сингапурските закони, осомничените можат да останат во притвор и до една година.



E ај сега да видам реклами со местенки , блогови со сигурни типови и бла бла слични глупости плазење

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2013 во 07:36
Јаневски промовиран во новиот клуб: Мојата работа во Монс започнува веднаш 
Се уште актуелниот македонски селектор Чедомир Јаневски попладнево официјално беше промовиран како нов тренер на клупата на белгискиот прволигаш Монс Берген. 

Без информација до Фудбалската федерација на Македонија, како што за ЕКИПА изјави претседателот Илчо Ѓорѓиоски, со која се уште е под актуелен договор до крајот на квалификацискиот циклус, Јаневски како што самиот нагласи на официјалната прес-конференција во Берген од денеска му започнува работата во Монс.

 

„Меѓу 1989 и 1995 година живеев во Белгија. Мојот син е роден тука. Ја чувам мојата куќа во Бриж. Секогаш кажував дека сакам да се вратам во Белгија, па сега ја искористив можноста која ми се укажа. Ја почитувам досегашната работа во овој клуб досега. Мојата работа, пак, започнува веднаш штом го завршам ова интервју“ – истакна Јаневски на денешната прес-конференција во просториите на Монс. 


Како што пренесува официјалната интернет страница на Монс, Чедомир Јаневски веќе го раскинал договорот со ФФМ за селекторската позиција по што веднаш може да се стави на располагање на новиот клуб. Со тоа што, претстојниот натпревар на Монс против Бриж на 29.септември во белгиското првенство ќе го следи од трибините.

 

Но, претходно претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски потенцираше дека нашата федерација нема официјална информација директно од Јаневски за такво нешто, поради што и не може да се даде било каков одговор во овој момент.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2013 во 19:33


МАКЕДОНИЈА VS. ЦРНА ГОРА

На последното рангирање според ФИФА, репрезентацијата на Македонија се искачи на 84-та позиција, а 31 место пред нас е Црна Гора, репрезентацијата која е доказ дека големината, историјата и парите не се многу важни за добри фудбалски резултати.

Поголемите држави треба да се подобри во фудбал затоа што имаат повеќе фудбалери и поголем избор, но репрезентацијата на Црна Гора е пример дека тоа не е така.

Репрезентацијата која пред две години беше и на 16-та позиција е доказ дека не треба да се вадиме на тоа дека сме мали, немаме голема фудбалска историја, немаме пари, немаме фудбалска инфраструктура и дека лигата ни е тапа.

Црна Гора

површина: 13.812 km2
број на жители: 625.266

БДП
вкупно: 4,28 милијарди долари
по глава на жител: 11.800 долари

Членка на ФИФА од 2007 година

Натпревари:

Вкупно: 52
Победи: 20
Нерешени: 14
Порази: 18

Вкупна вредност на репрезентацијата: 79,3 милиони евра
Најскап фудбалер: Стеван Јоветиќ - 26 милиони евра

Македонија

површина: 25.713 km2
број на жители: 2.058.539

БДП
вкупно: 22.147 милијарди долари
по глава на жител: 10.718 долари

Членка на ФИФА од 1994 година

Натпревари:

Вкупно: 185
Победи: 53
Нерешени: 48
Порази: 84

Вкупна вредност на репрезентацијата: 23,4 милиони евра
Најскап фудбалер: Горан Пандев - 10 милиони евра

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 21:49
Две вести:

Андреш Виљаш Буљаш доби отказ во Тотенхем.

Шимуниќ доби забрана од 10 утакмици играње за Хрватска заради усташкиот поздрав. Конечно нешто позитивно и од ФИФА...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 08:53

Новески најдобар фудбалер за 2013. година 


Новески најдобар фудбалер за 2013. година 


Признанието Новески го заслужи со своите настапи во дресот на бундеслигашот Мајнц и за македонската репрезентација.

Фудбалерот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски беше избран за најдобар во домашното првенство.

Ниту еден клуб не доби награда за најдобра екипа за минатата година, а најдобар тренер е Благоја Милевски од Вардар.

Претседателот на Работнички, Драган Поповски е најдобар фудбалски работник за 2013. година, а тимот од Дебар маало го доби и Фер-плеј признанието.

Јован Костовски со 22 постигнати гола е најдобар стрелец во изминатото првенство. За најдобар млад фудбалер е прогласен Марјан Радески од ФК Металург, најдобар тренер во младинска категорија е Александар Васоски, а најдобра екипа во младински фудбал е ФК Металург. За најдобар стрелец во младинските категории е прогласен Мартин Христов, членот на Македонија ЃП.

Најдобар фудбалски судија за 2013. година е Димитар Мечкаровски.

Наградата за најдобра фудбалерка заслужено и припадна на Наташа Андонова. Најдобар стрелец во женски фудбал е Елена Јаковска, а најдобар тренер во женски фудбал е Астрид Мерко, тренерот на Ас Јунајтед и селектор на селекцијата до 19 години.

Најдобар футсал играч во Македонија за 2013 е Драган Петровиќ, додека најдобар тренер во футсал е Зоран Лекиќ, двајцата од Скопје 2011.

Наградата за животно дело му припадна на поранешниот македонски селектор, предводникот на првата фудбалска генерација по осамостојувањето, Андон Дончевски.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 12:34

Португалската фудбалска легенда Еузебио почина на 71-годишна возраст


Португалската фудбалска ѕвезда, Еузебио да Силва Фереира, кој беше најдобар стрелец на Светското Првенство во 1966 година, почина на 71-годишна возраст.


Еузебио е роден во Мозамбик во 1942 година, додека земјата беше португалска колонија, а за репрезентацијата на Португалија одигра 64 пати и постигна 41 гол.

Поранешниот напаѓач на Бенфика постигна 9 погодоци во 1966 година на Светско во Англија, 4 од нив против Северна Кореја.

Во светот познат како еден од најдобрите фудбалери во историјата, тој има постигнато вкупно 733 погодоци во 745 професионални натпревари.

Изминатава година, Еузебио беше лекуван во болниците неколку пати со третмани за неговото срце, како и проблеми со дишењето.

Познат по неговата брзина и вештите дриблинзи, Португалецот беше именуван за Европски фудбалер на годината во 1965 година.

Го освои Европскиот куп со Бенфика во 1962, а изгуби од Манчестер Јунајтед во финалето на Вембли во 1968.

Еузебио ќе остане запишан во историјата со 10 клубски титули и 5 португалски купови во неговите 15 години поминати во португалскиот клуб, а беше Најдобар стрелец на Португалија дури 7 пати. 


вечна му памет на човекот 
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 11:05
Штета тага

Министерството за внатрешни работи за К*рир ја потврди сообраќајќата во која загина поранешниот македонски голман, а сега директор на репрезентацијата Петар Милошевски.

milosevski-pero-500

Според информациите од МВР синоќа околу 23:35 часот на патот Крива Паланка – Куманово, на клучката кај населбата Карпош се случила сообраќајка во која загинал поранешниот голман на фудбалската репрезентација Петар Милошевски.

Имено, сообраќајката се случила кога мини комбе марка „УАЗ“ управувано од 62-годишниот Ж.Б. од кумановско Мaлотино, кое се движело од Куманово кон Крива Паланка, директно се судрило со автобомил марка „Пежо“ во сопственост на ФФМ кое било управувано од страна на Илчо Ѓорѓиоски, претседател на федерацијата и кое по судирот излетало од патот, а кое се движело во правец од Крива Паланка кон Куманово.

Во сообраќајката на лице место загинал Петар Милошевски, додека Илчо Ѓорѓиоски се здобил со полесни повреди. За тешката сообраќајка говори и фактот што повредените биле тешко извлечени од автомобилот.

Заедно со Милошевски и Ѓорѓиоски, во автомобилот се наоѓале уште две лица, а неофицијално се работи за Зоран Зафиров од ФФМ и Рахила Илиева. Тие двајца заедно со возачот на мини комбето Ж.Б. се здобиле со тешки повреди и се пренесени на Клинички, но според информациите се надвор од животна опасност.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2014 во 10:56

Појма немам за какви квалификации играа синоќа Србија и Албанија, ама она што го направија на натпреварот не е само фудбалска провокација и навивачки срам.не
Во право е Дачиќ:


Да се вееше знаме на голема Србија во Тирана, веднаш ќе заседаваше Советот за безбедност на ОН


-За мене е централно прашање како ќе реагираат ЕУ и УЕФА, затоа што ако некој развееше знаме на голема Србија во Приштина или Тирана тоа ќе беше на дневен ред на Советот за безбедност. Особено е спорно тоа што сето ова го направи братот на премиерот на Албанија, кој требаше да ни биде гост. Ова е политичка провокација- вели Дачиќ.




Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2015 во 22:45
Ете Кики по третпат ја доби златната топка, не можам да кажам дека не е заслужено но јас искрено навивав за Мануел Ноер ќе беше убаво прв пат наградата да ја добие голман. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2015 во 23:30
ЕВЕ како гласале, ако некого го интересира (како мене голема насмевкаплазење)
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 09:27
на Кики му вреди само Ирина Шајк...

Идивиди модераторската секција вака гласаше:

5 поени - Азар
3 поени - Меси
1 поен - Крос

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44089
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2015 во 21:47
Никогаш не ми бил посебно драг како играч...
Но на страна од фудбалот,за потегов симнувам капа.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 596061
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.