IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - ФИФА СП (Мундијал)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ФИФА СП (Мундијал)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 38>
Автор
Порака
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2014 во 10:08
Колумбија - Брегот на Слонова Коска 2:1 (првиот точен резултат оваа првенство во моето типување голема насмевкаплазење). Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, и иако Колумбија беше фаворит на натпреварот доста се намачија за да победат.

Голови:

Rodriguez 64'
Quintero 70'
Gervinho 73'


Натпреварот кој јас го чекав беше Уругвај - Англија, само поради фактот што тој беше пресуден за понатамошното учество на двата тима. Секако дека навивав за Уругвајиако се сомневав дека ќе успеат да ја победат Англија. Руни коначно го тргна проклетсвото кое го следеше и успеа да даде гол ( облозите во обложувалниците во Англија дека ќе успее изнесувале некаде околу 10 милиони фунти) но сепак не беше доволен наспроти двата гола на Суарез. Сега само многу тешка „виша“ математика може да ги задржи англичаните во понатамошното натпреварување. Резултатот беше 2:1.

Голови:

Suarez 39'
Rooney 75'
Suarez 85'

Јапонија - Грција заврши без голови со резултат 0:0. Иако јапонците беа со играч повеќе откако во 38’ по втор жолт картон Katasouranis доби црвен, не успеаја да стигнат до победа. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2014 во 11:20
Човекот со кој Суарез ги прославуваше головите против Англија е физиотерапевтот
Валтер Фереира (63).. имено, тој боледува од рак и го одложи своето лечење само
да помогне во опоравувањето на Суараз.. овој му се оддолжи со два прекрасни гола..

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2014 во 22:48
Ви текнува на времето за кечерите,и сите оние муабети
стварно се тепале море не се тепале.Циркусот си течеше.
Еве ни го новиот циркус светски и тоа.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2014 во 14:18
Поради вчерашното отсуство нема да надокнадувам за испуштените коментари (ниту за испуштената обложувалница, и така немаше да погодам ништо голема насмевкаплазење) ... ќе го искоментирам натпревараот на Германија со Гана, јас искрено навивав за Гана (no offence колешке голема насмевка), играа со срце и изджаа до крај за нерешен резулат против големата Германија. 

Она што е интересно за овој натпревар е фактот дека Клосе го постигна својот 15 гол и се изедначи со Роналдо по дадени голови, но уште поинтересно е што Роналдо својот 15 гол го има дадено во Германија (а нели тој е бразилец) и тој гол бил токму против Гана а сега Клосе (германец) својот 15 погодок го постигна во Бразил пак против Гана ... голема насмевка

Се изнервирав за поништениот регуларен гол на Босна синоќа против Нигерија, фатална грешка на судиите поради која Босанците треба да се спакуваат и да си заминат од оваа СП прерано. Еве го доказот, и слепиот ќе видеше дека не постоеше ниту најмала шанса за офсајд ... лутина


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 12:42
Вчерашниот ден и не беше нешто што со нетрпение го очекував.... Освен натпреварот САД - Португалија. И нели се наметна прашањето за кого сум за американците или за португалците? голема насмевкаплазење

По првото полувреме иако голот на Нани во 5’ беше фантастичен, заклучив дека навистина повеќе ми се допаѓа како играат американците. И требаше да победат бе а не да примат гол во 94’ за изедначувачки 2:2. Кики очигледно се пази поради повредата и не влегува во посериозни дуели што накрајот може да го наведе да плаче поради тоа што не постигнал гол, но нели сепак негова беше асистенцијата за вториот. Туку не ми е јасно како може една репрезентатија да биде толку голем баксуз уште на самиот почеток на првенството, па мислам дека веќе половина од португалската репрезентација е повредена и не игра. Поради тој факт и фактот дека американците навистина можат да пружат шанса за атрактивен фудбал во понатамошното натпреварување, јас бев за американците ... смеење


Изменето од Blue Scarlet - 23.Јуни.2014 во 12:43
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2014 во 10:30
Е сега вчерашниот ден беше исполнет со убави натпревари иако ме нервира фактот што беа по два во ист термин. Но јас не се откажувам па ги следам и двата во исто време голема насмевка.

Шпанија на заминување успеа да победи и тоа да даде 3 гола против Австралија. Интересен е фактот што тие три гола ги дадоа натпреварувачите кои ја делеа клупата за резерви на претходните натпревари, Виља, Торес и Мата. Како и да е тие сепак си одат дома, но барем последниот натпревар на ова СП им овозможи тоа да го направат со малку достоинство.

Холандија се намачи со Чиле, иако баш и не мораа многу да се трудат. Натпреварот заврши со резултат 2:0 ( ништо со ветувањето на чилеанската порно ѕвезда за нови 16 часа бесплатни „услуги“ ако победи Чиле смеење) . Головите беа дадени во 77’ и 90’ кога веќе се измори одбраната на Чиле. голема насмевка

Бразилците коначно со сигурна победа и резултат 1:4 со Камерун. Искрено ако и овде се мачеа ќе почнев да навивам за камерунците кои секако се најслабата репрезентација на ова СП. Дури и најкритикуваниот играч на Бразил - Фред успеа да постигне гол за да им ја затвори устата на оние кои се прашуваа зошто тој уште има место во репрезентацијата и во првиот состав. 

И на крај Мексико ги спакува хрватите со резултат 1:3. Искрено јас навива за Мексико и кога вече босанците мораа да си заминат (неправедно) сакав да си заминат и хрватите кои отсекогаш ме нервирале ( дури и фактот дека Нико Ковач им стана селектор не го смени моето мислење голема насмевкаплазење)
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 11:14
Како одминува времето се повеќе сум убедена дека ќе гледаме латино-американско финале. Големите репрезентации на стариот континет многу бргу го завршија натпреварувањето на ова СП. По Шпанија, Англија и Португалија, сега и Италија .... 

Уругвај успеа да ја совлада репрезентацијата на Италија со 1:0 во или-или натпреварот за опстанок. Она што е интересно е што Суарез почна повторно да гризе овој пак жртвата беше Киелини ... голема насмевка
Фифа започнала со официјална истрага и ако се докаже дека навистина е така Суарез се соочува со суспензија од две години ... 

Костарика и Англија изиграа 0:0.

Грците имаа среќе, или подобро ќе биде да кажам дека репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска немаше среќа. Откако Грците поведоа во 42’ со голот на Самарис, „слоновите“ изедначија во 74’ и тој резултат ги водеше нив во осминафиналето. Но во 92’ прават фантастична грешка и грците со пенал и резултат 2:1 одат понатаму. 

Јапонија - Колумбија заврши со убав резултат (Ли голема насмевка) 1:4 во натпревар во кој Колумбија беше апсолутен фаворит. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 16:19
Босанците можат сега достоинствено да се вратат дома по победата над Иран со резултат 3:1, тоа никако не ја брише неправдата која им беше нанесена со поништениот гол и која можеби ќе го сменеше целокупниот тек на настаните во нивната група, но што е тоа нема уште технологија за судиите ... 

Нигерија - Аргентина атрактивно ја завршија групната фаза до резултат 2:3 во корист на Аргентина. 

И Еквадор - Франција заврши без голови иако се надевав барем на еден ако ништо повеќе од страна на французите кои играа скоро со резервниот состав ... 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 15:31
Вчера заврши групната фаза на натпреварувањето ....

Португалија ја совлада Гана со 2:1 (Кики успеа да даде гол и нема да плаче иако Португаилија си оди дома). Сали Мунтари и Кевин Принц Боатенг се суспендирани од репрезентацијата на Гана поради вербални и физички пресметки со членови на репрезентацијата (што и не е многу битно нели голема насмевка)

САД - Германија заврши со 0:1 со голот на Милер во 55’ ... ништо возбудливо ... 

Алжир - Русија беше натпревар на денот затоа што се бореа за место во осминафиналето. Завршија со 1:1 што на Алжир му овозможи историско место во осмина финалето и тоа по прв пат (така мислам барем замисленост). Русите имаа водство до 60’ што нив ги водеше понатаму но со голот на Ислам Слимани алжирците се изборија за таа позиција.

Јужна Кореја - Белгија беше повеќе како формален натпревар, заврши 0:1 со гол на белгијците во 78’ иако од 45’ играа со играч помалку поради црвениот картон на Стивен Дефур ...
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 08:29
Колумбија - Уругвај 2:0.. реакцијата на Суарез после поразот ..

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2014 во 12:09
газење од смеењеголемо гушкање

Во првите осминафинални натпревари Бразил - Чиле во регуларните 90 мин. заврши со 1:1. И на мое задоволство и после двете продолженија резултатот остана непроменет и имаше пенали (пенал рулет што би рекол Златко Калински голема насмевкаплазење). Чиле немаше среќа и Бразил ја продолжува својата приказна во понатамошното натпреварување.

Колумбија - Уругвај заврши со 2:0 (не знам зошто мислев дека Уругвај далеку ќе стигне на првенството замисленост). Она што беше врв на овој натпревар е првиот гол на Родригез во 28’, фатнтастичен гол - според мене најубав на ова првенство ... да


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2014 во 11:29
Срамна победа на Холандија во натпреварот со Мексико. Освен лоша и некоординирана игра не покажаа ништо од она што досега го гледавме. Мексико од друга страна се бореше со срце за историска позиција и влез во четвртфиналето. И можеби ќе беше во ред да останеше 1:1 и да се играат продолженија па и можност за пенали беше подобра и пофер опција од срамниот пенал во 92’. Што дека Робен признал дека го изглумил пеналот сега кога штетата е веќе направена. Холандија - Мексико 2:1, Холандија е во четвртфиналето.

Од друга страна натпреварот Костарика - Грција имаше сосема поинаков резултат. Иако грците изедначија во 90’ (а играа со ирач повеќе од 66’) се играа две продолженија и на крајот на пенали Костарика го доби заслуженото место во четвртфиналето на ова СП. 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2014 во 12:40
Франција - Нигерија завршија со 2:0 со головите на Погба и авто гол во 90’ на Јобо. Сосема очекуван пласман на француската репрезентација која беше апсолутен фаворит на мечот иако се намачија до првиот гол кој беше постигнат дури во 78’.

Кој би рекол дека големата Германија ќе има проблем во совладување на репрезентацијата на Алжир кога пред неа паднаа далкеу помоќни репрезентации голема насмевка .... Отпорот на алжирците за првпат беше пробиен во 92’ во првиото продолжение а вториот гол за германците го постигна Озил во 120’. Коначни 2:1 со почесниот гол за Алжир на истекот на второто продолжение, кој секако го заслужија. 


Изменето од Blue Scarlet - 01.Јули.2014 во 12:41
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2014 во 10:49
Ете завршија и осминафиналните натпревари на ова СП и морам да признаам се изнагледавме фудбал .... и тоа во минутажа а не во квалитет .... 
По групната фаза јас искрено сум разочарана од текот на натпреварите во осминафиналето и  искрено се надевам дека тоа ќе се поправи  во понатамошните натпревари ... 

Вчера два натпревари со продолженија.
Аргентина - Швајцарија заврши со резултат 1:0 по одиграни 120’, а голот беше на Ди Марија во 118’ ( возбудливо у ПМ замисленост)

Вториот натпревар Белгија - САД иако се играше и тој 120’ беше далеку повоздбудлив и поатрактивен за гледање посебно во продолженијата кога и двете репрезентации на крајот на силата се обидуваа да ја сменат својата судбина. Натпреварот заврши со 2:1 за Белгија иако беше неизвесно до последен момент. Интересен е фактот што Хауард има 15 одбрани што значи нов рекорд на ова СП за одбрани по натпревар. голема насмевка

Сега два дена пауза па потоа од почеток ... 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 38>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.