IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Технологија
  Активни теми Активни теми RSS - Новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
Автор
Порака
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 21:21

Мило ми е што си пак тука
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 12:37
Kомпанијата Samsung го промовираше моделот i637 Jack кој е всушност Windows Mobile смартфон. Овој модел е достоен наследник на моделот Samsung i607 BlackJack.



Моделот i617 BlackJack II се очекува да се промовира преку AT&T оваа недела, заедно со комплетната листа на спецификации.

Samsung i637 Jack работи на Windows Mobile 6.1 Standard оперативниот систем, но ќе биде надграден со Windows Mobile 6.5, подоцна кога ќе биде достапен.

Моделот i637 Jack ја има подобрено функционалноста на моделот Samsung i617 BlackJack II, со додавање на WiFi, повеќе RAM меморија од 256 Мb, појак процесор од 528MHz како и 3.5 мм аудио приклучок. Samsung i637 Jack исто така ќе поседува и 3 мегапикселна камера, наместо 2 мегапикселната кај моделот BlackJack II.

Остатокот од функциите се скоро идентични. GPS исто така е вклучен, заедно со AT&T Navigator, и исто така Bluetooth v2.0 и USB конективноста. Целосната QWERTY тастатура задолжително е застапена кај овие модели.

Samsung i637 Jack поддржува quad-band GSM конективност и tri-band UMTS (со HSDPA), што го прави достапен низ целиот свет. Дисплејот е со големина од 2.4 инчи и QVGA резолуција.

Овој модел Samsung i637 Jack ќе биде достапен ексклузивно за корисниците на AT&T во Америка и ќе се појави во продажба на 19-ти Мај. Овој телефон ќе чини 99.99 долари секако со двегодишен договор.


[превземено од GSM Macedonia]
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 07:32
Официјално претставен Zune HD

Microsoft конечно и официјално го претстави својот нов уред Zune HD, за кој долго време слушавме различни гласини и непроверени информации.


Опциите на овој уред горе-долу се слични со оние за кои веќе пишувавме, па така тој доаѓа со 3,3-инчен OLED екран чувствителен на допир, со резолуција 480 x 272 пиксели, вграден HD Radio ресивер, HD излез на посебен dock а не на самиот уред и поддршка за Wi-Fi.

Zune HD, кој поседува и интернет пребарувач базиран на Internet Explorer, на американскиот пазар ќе се појави во текот на есента. Повеќе детали, како што е големината на интерната меморија и цената на самиот уред, остануваат непознати.
Кон врв
Flix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Клабинг

Регистриран: 14.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 9229
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Flix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2009 во 22:28
Originally posted by Iron Man Iron Man напиша:

Официјално претставен Zune HD

Microsoft конечно и официјално го претстави својот нов уред Zune HD, за кој долго време слушавме различни гласини и непроверени информации.


Опциите на овој уред горе-долу се слични со оние за кои веќе пишувавме, па така тој доаѓа со 3,3-инчен OLED екран чувствителен на допир, со резолуција 480 x 272 пиксели, вграден HD Radio ресивер, HD излез на посебен dock а не на самиот уред и поддршка за Wi-Fi.

Zune HD, кој поседува и интернет пребарувач базиран на Internet Explorer, на американскиот пазар ќе се појави во текот на есента. Повеќе детали, како што е големината на интерната меморија и цената на самиот уред, остануваат непознати.


Секап мислам дека HTC HD е многу подобар :/
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2009 во 04:53
Батерии на воздух

Научниците од универзитетот St. Endrews во Велика Британија дојдоа до резултати кои во блиска иднина можат повеќекратно да го зголемат капацитетот на денешните батерии со повторно полнење.



Целта на истражувањето е да се заменат електродите на литиумскиот кобалт оксид со порозни електроди на карбон, кои би им овозможиле на јоните и електроните на литиумот да реагираат со кислородот од воздухот во средината. На овој начин батериите би го зголемиле својот капацитет и до десет пати повеќе од сегашниот.

Освен зголемениот капацитет, производството на овие батерии би било драстично поевтино, бидејќи порозниот карбон е неколку пати поевтин од кобалт-оксидот на литиумот. Освен тоа кислородот е бесплатен за разлика од реагенсите кои во моментов се ставаат во куќиштето на батеријата.



Оваа технологија би можела да се искористи за производство на батерии за сите уреди, од класични батерии до оние за мобилни телефони и автомобили.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2009 во 04:46
Топка која се одбива од водени површини

Waboba топката на прв поглед изгледа како и секоја друга топка, но сепак не е така. Таа е одлична разонода за врелите летни месеци, а може да се користи на било која водена површина, нешто што досега сè уште не сме виделе.



Доколку сакате да се подавате со топка во вода, Waboba сигурно ќе ве воодушеви бидејќи прави подобри скокови од обичната топка. Мала е и може да ја собере в рака, поради што е идеална и за девојки и за деца, а како и секоја топка не може да потоне и плута високо на површината.



Сигурно веќе сте правеле „жапчиња“ со фрлање камен по површината на водата. Waboba топката е крал на сите жапчиња. Топката не може да потоне, секој скок може да биде повисок од претходниот, а исто така и аголот на фрлање може да биде многу поголем отколку кога тоа се прави со камен.
Иако овој одличен реквизит се уште не може да се најде во Македонија, цената во странство е особено привлечна и изнесува само 6 евра, поради што ризикот за купување преку интернет е прифатлив


Waboba Ball - Short clip bouncing on water
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2009 во 05:08
Промовиран најголемиот ласер во светот



Во Калифорнија викендот е промовиран најголемиот ласер во светот, кој теоретски може да симулира нуклеарна фузија и да произведе исто количество на енергија како и една ѕвезда.

Ласерот кој се состои од 192 големи ласерски снопови, лоциран е во состав на лабораторијата „ National Ignition Facility “ (- NiF) во Ливермор, во близина на Сан Франциско.



На промоцијата на новиот комплекс присуствуваше и гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер, кој истакна дека сега со огромниот ласерски систем „е можно да се создадат ѕвезди на Земјата“.

NiF е финансирана од американската агенција за нуклеарна безбедност, но пред се е лабораторија во која се извршуваат експерименти за воени цели. Со новиот ласер нема да биде неопходно да се извршуваат нуклеарни проби да се провери дејството на нуклеарното оружје, но исто така може да се дојде и до нови сознанија за ѕвездените експлозии и црните дупки во вселената.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 04:10
МОБИЛЕН СО 12-МЕГАПИКСЕЛНА КАМЕРА

Компанијата Samsung Electronics денеска го претстави првиот мобилен телефон со 12-мегапикселна камера, Pixon 12.



Pixon 12, кој има поголема резолуција од повеќето фотоапарати, сериозно ќе и наштети на индустријата на камери и фото-апарати, која во последните неколку години бележи пад поради појавата на различни мобилни телефони со напредни камери.

Покрај 12-те мегапиксели, телефонот кој потсетува на моделот Samsung M8800 Pixon, ви нуди автоматско стабилизирање на сликата, како и опција за препознавање лик и насмевка. Големината на фотографиите варира од два до 18 мегабајти, а следната фотографија можете да ја направите после две секунди, што е особено импресивно со оглед на тоа дека станува збор за мобилен телефон.



Телефонот има 3,1-инчен екран осетлив на допир, GPS, ФМ радио и 150 MB интерна меморија со можност за надградба до 16 GB со помош на micro SD картички.

Pixon 12, чија цена сè уште не е позната, на европскиот пазар ќе пристигне кон почетокот на јуни.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 11:43
u pichku mater,.изненадување..задоволство
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Flix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Клабинг

Регистриран: 14.Септември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 9229
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Flix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 14:29
Готово , кај да е и DSLR со мобилен ќе извадат, да можи одназад и објектив да му се стави на мобилниот голема%20насмевка
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:58
Радио од внатрешното уво



Научниците од Massachusetts Institute of Technology (MIT) развија радио инспирирано од работата на внатрешното уво. Самото радио се состои од поле на електронски спроводници и кондензатори кои ги фаќаат радио брановите и со помош на транзистор ги проследуваат до чипот со димензии од 1 мм со 3 мм, каде истите се обработуваат.



Радиото работи на сличен начин како и човечкото внатрешно уво, но наместо звук тоа фаќа радио фреквенции. Имено, научниците истакнуваат дека внатрешното уво брзо добива слика што се случува во звучниот спектар, слично како што ќе работи и радиото кое паралелно ги обработува 3.500 канали.

Ова радио ќе биде значително побрзо од било кој постоечки анализатор на фреквенции, а ќе троши 100 пати помалку енергија во однос на останатите радио приемници.


Investigator Profile: Rahul Sarpeshkar by Greg Hren
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 02:11
Пристига iPhone 3GS



Компанијата Apple објави дека новата верзија на iPhone ќе се појави на пазарот во текот на месецов, поради што цената на актуелниот модел ќе падне на 99 долари. Ова го соопшти Филип Шилер, потпретседателот на маркетинг одделот на Apple, за време на годишната конференција на компанијата во Сан Франциско.

Шилер истакна дека новиот „iPhone 3GS“, кој ќе може да снима и видео фајлови, ќе може да се купи од 19-ти јуни.

-Ова е најмоќниот iPhone кој досега сме го произвеле. Тоа што се наоѓа внатре е нешто сосема ново, рече Шилер



Новиот телефон ќе има меморија од 16 гигабајти и ќе чини 199 американски долари, додека моделот со двојно поголема меморија ќе чини 299 долари.

Новата верзија на оперативниот систем iPhone 3.0 ќе стане достапна на 17 јуни, а сопствениците на iPhone телефони веднаш ќе можат бесплатно да го надградат својот OS.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 02:13
Тинејџерите незаинтересирани за Nokia

Популарноста на Nokia телефоните помеѓу тинејџерската популација започнува да опаѓа. Падот е особено забележлив во последните три години откако компанијата започна да заостанува зад конк*ренцијата



Во истражувањето спроведено врз 112.000 тинејџери од 30 земји, само 21 процент од испитаниците изјавил дека кога станува збор за телефони, ја преферираат Nokia. Мината година овој процент изнесувал 29 проценти.

Се претпоставува дека намалената заинтересираност се должи на тоа што компанијата не создава кул телефони какви што посакува пазарот.



Претставувањето на моделот Nokia 5800 во почетокот на оваа година делумно ја поправи ситуацијата, но тоа не е доволно за враќање на старата популарност која своевремено ја имаше Nokia.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 02:18
Почнуваат олимписките игри за роботи



RoboGames е најголем фестивал на светот во кој главни ѕвезди се роботи. Натпреварувачите кои доаѓаат од 20 земји ќе се сретнат овој викенд во Сан Франциско, а секој од нив ќе ја донесе својата креација.

На RoboGames ќе бидат претставени работи од најновата генерација, било тоа да се креација на некоја позната компанија или пак на некој тотален анонимус. Минатата година присуствуваа дури 504 роботи и 563 инженери.



Само некои од категориите во кои работите се натпреваруваат се во директна борба, фудбал, хокеј, кунг-фу, и борење. Околу 2/3 од роботите се автономни, додека со останатите се управуваат со помош на далечински управувач.

Погледнете како беше минатата година.

RoboGames 2008
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.