IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Технологија
  Активни теми Активни теми RSS - Новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2008 во 12:23
Motorola AURA

Инспирирана од луксузните часовници и рачната изработка, компанијата Motorola го претстави својот нов модел AURA – уред кој повторно ги комбинира уметноста во дизајнот и производството на мобилни телефони.

Фината изработка, кружното отворање и кружниот екран на AURА се повеќе придонесува уредот да наликува на луксузен часовник.

При кружното отварање, од задната страна се отвора прозорецот кон неговото механичко срце: главно лежиште со „swiss-made“ натпис, запчаници изработени од Rockwell 50-50 челик и 130 прецизни топчести лежишта.

CrystalTalk технологијата на Motorola гарантира високо квалитетен и јасен звук при секој разговор, додека Stereo Bluetooth технологијата овозможува разговори без користење на раце. Aura се очекува да се појави на пазарот кон крајот на годинава.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 17:41
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:01
Робот куќна помошничка

Компанијата Тојота Мотор Корп и Универзитетот од Токио заедно развиле прототип на робот со назив АР.


Роботот е во состојба да извршува куќни работи како што се чистење со правосмукалка, раскренување после оброк, бришење прашина и ставање на нечистите алишта во машина за перење. Роботот може и да го поместува мебелот за да чисти со правосмукалката.

Роботот е висок 155 сантиметри, тежок 130 килограми и се движи со помош на тркала.

Специјалната технологија овозможува овој робот да ги разликува објектите како што се мебел и опрема за чистење и одржување хигиена. Порано роботите биле во состојба само да ракуваат со цврсти предмети. АР ги препознава облеките и ги крева дури и ако ги испушти.

Роботот е опремен со две раце, поседува пет камери за препознавање и ласерски сензор. Моменталната подвижност на АР не е голема бидејќи е бавен и несмасен но се очекува дека наредните верзии би можеле да донесат подобрување во брзината и ефикасноста.

Тојота и Универзитетот во Токио веруваат дека комерцијалната верзија на овој робот би можела на пазарот да се појави за околу седум години.
 
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:02
James Bond Sony Ericsson C902 Cybershot

После успешната соработка на филмовите Casino Royale и Spider-Man 3, Sony Ericsson и T-Mobile ја продолжуваат соработката со Холивуд и на промоцијата на новиот James Bond - Quantum Of Solace.

Во новото продолжение, тајниот агент го користи лимитираното издание на C902 Cyber-shot мобилниот телефон со титан сребрена боја. Со него ги слика доказите, ного користи  и при извршувањето на другите задачи. Уредот поседува 5 мегапикселна камера, со функција за препознавање на лице, блиц и автофокус. Овие опции му овозможуваат на славниот агент брзо да ги испрати високо квалитетните фотографии во МИ6 и брзо да го идентификува непријателот.

Во август 2006 година Sony Ericsson исто така се здружи со James Bond за да го претстави лимитираното издание на James Bond Casino Royale, сребрениот K800i Cyber-shot телефон со фотоапарат, во 2002 година одредени членови од актерската постава на James Bond - Die Another Day се користеа со мобилните телефони Sony Ericsson P900 и T68i.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2008 во 11:30
Vo nekoi drzavi ovaa tehnologija e veke so godini aktuelna, vo makedonija sega novo среќа
Говор, интернет и телевизија - Се во едно преку T-Home

Македонски Телеком АД Скопје од 17-ти овој месец ја воведува услугата Телевизија преку интернет протокол IPTV, под брендот MaxTV. Комерцијалниот старт на услугата ќе биде дел од триплплеј пакетот, сервис со кој компанијата исто така првпат настапува на пазарот, и ќе нуди, покрај IPTV, фиксна телефонија и интернет.

Раководството на компанијата денеска на прес-конференција информира дека корисниците ќе добиваат три услуги на иста сметка, преку два пакета: 3 Мах Комфорт по цена  од 1.999 денари и 3 Мах Комфорт плус по цена од 2.499 денари. Ќе се наплаќа и еднократен надомест од 1.299 денари за инсталирање на потребниот приклучок и опрема. 

Според главниот извршен директор на Македонски Телеком, Николај Бекерс со воведувањето на MaxTV услугата, граѓаните на Македонија ќе уживаат во производите и бенефитите на најсовремената технологија и ќе имаат дополнителни опции кои стандардната телевизија не е во можност да ги понуди.


- Со MaxTV услугата се добиваат различни мултимедијални и интерактивни телевизиски и видео содржини со многу подобар квалитет на ТВ сигналот. Телевизијата нуди единствена опција за снимање на програмите кога корисникот не е дома, паузирање на програмите дури и кога се во живо, враќање наназад на програмата што се гледа  и други содржини, објасни  Манче Трендафилов, од раководството на Македонски телеком.

Тој информира дека услугата MaxTV овозможува избор на видео содржини на барање на корисникот, ТВ водич за содржината на програмата за 14 дена, можност за контрола и ограничување на содржини што не се прилагодени за деца, како и снимање разновидни содржини, со меморија од 160 гигабајти.

Пакетот 3 Мах комфорт, содржи интернет од 25 гигабајти сообраќај, 500  минути разговор на локално и национално ниво, 20 проценти попуст на меѓународни разговори кон мобилните мрежи, бесплатни меѓународни разговори кон 10 земји и 70 телевизиски канали. Содржината на 3 Мах Комфорт плус пакетот опфаќа неограничен интернет и разговори во мрежата на Телеком, 30 проценти попуст на меѓународни разговори и 20 проценти попуст на разговорите кон мобилните мрежи, како и 70 телевизиски канали.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:32
Toshiba прожектор што зборува

Компанијата Toshiba го претстави прожектор кој може да дава говорни инструкции за разни функции и задачи кои треба да се извршат, како на пример прилагодија ја работата на апаратот.

Прожекторот TLP-X200U исто така ќе ве потсети кога треба да ги смените филтрите, но ќе ви даде и информации за работата на кулерот.

Од Toshiba сметаат дека говорниот прожектор ќе може да им помогне на корисниците сами да го решат проблемот, со тоа не само што ќе им заштеди пари на корисниците за сервисирање, туку ќе ги поштеди и своите овластени сервисери од решавање на минорни проблеми.

Toshiba TLP-X200U прожекторот, кој поседува Wi-Fi поддршка, може да репродуцира слика со резолуција 1024 x 768 пиксели, а поседува контраст 600:1.

Доколку се поврзат четири вакви прожектори би можело да се создаде супер голема слика, или пак две слики кои се испраќаат од ист PC извор. Прожекторот поседува USB порт и HDMI конектор.

Говорниот Toshiba TLP-X200U прожектор на пазарот се продава по цена од 1740 американски долари.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:33
Sony Ericsson W705 со Wi-Fi

Sony Ericsson го претстави новиот мобилен телефон од Walkman серијата – моделот W705.

Интересно е што W705 е првиот музички телефон на оваа компанија кој има поддршка за Wi-Fi, но за разлика од некои други модели, барем како што се дознава од неофицијални извори овој апарат пак нема поддршка за GPS.

Телефонот доаѓа со 2.4 инчен QVGA екран со 256 илјади бои и 3,2 мегапикселна камера, ФМ радио со RDS и поддршка за 3G.

Кога станува збор за Walkman телефон, сосема е јасно дека тука се и следните опции SensMe (создавање на плејлиста според жанрот или артистот ) и Shake контролата (со едно протресување да се смени песната или зголеми гласот.

Телефонот поседува 120MB интегрирана меморија, YouTube апаликација за гледање на видеа на интернет, Bluetooth, 4GB мемориска карта и Google Maps.

Според најавите новиот Sony Ericsson W705. би требало да се појави на пазарот во првиот квартал од 2009 година.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 09:11
И iRiver ќе му конк*рира на iPhone

Откако Apple го протресе пазарот со својот iPhone и iRiver се одлучи да ги следи стапките на компанијата на Стив Џобс.

Претседателот на компанијата ReignCom, која инаку стои зад брендот iRiver, најави дека првиот мобилен телефон од оваа компанија ќе се појави во март следната година. Мобилниот телефон ќе го дистрибуира корејскиот мобилен оператор KTF. Засега  дадени се само „груби“ спецификации: „голем екран“ осетлив на допир, внесување на текст преку транскрибирање на ракопис во компјутерски испишан текст, Wi-Fi и пристап на музичкиот сервис Bugs.

Мобилниот телефон, барем во форма на концепт за првпат беше прикажан на CES, во јануари годинава. Засега нема информации за цената на телефонот, ниту пак дали ќе биде достапен надвор од корејскиот пазар.

Веќе подолго време iRiver му конк*рира на Apple во подрачјето на музичките плеери. Компанијата веќе во својата понуда на плеери има такви кои се осетливи на допр.
 
 
 
јас се прашувам само што има тука да се конк*рира? На иПрохе уште многу многу му треба да биде совршен телефон!
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 11:57
И со iPod може да се телефонира

Компанијата за интернет телефонија „Truphone“ понуди софтвер кој овозможува музичките плеери „iPod Touch“ да се користат и како телефон.

Корисниците на „ iPod“ со екран осетлив на допир можат, благодарение на бесплатниот програм „Truphone“ да разговараат со другите корисници на овој музички плеер, како и со корисниците на услугата за комуникација „Google Talk“

"Truphone" соопшти дека веќе работи на софтвер кој ќе овозможи корисниците на„ iPod“ да можат да разговараат и со претплатниците од фиксната телефонија.

Порталот Cnet објави дека компанијата Apple, која стои зад „iPod-от“ и „iPhone“ не смета дека ваквата понуда ги загрозува, а како доказ за тоа може да послужи и фактот што и самата компанија во својата интернет продавница го стави и бесплатниот „Truphone“.

Оваа апликација создава виртуелна тастатура на екранот осетлив на допир, кој се среќава кај моделот „iPod Touch“.

За телефонирање треба само да додадете слушалки и микрофон. Програмчето е достапно на www.truphone.com
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 12:02
ako se zeme od tehnicka strana pritvoranjeto na BUCKOVSKI e eptem cool
e toa e novost za da ne e of topik
drugo kje e moe smeenje oti tuka moze pojke od 1 smajli

газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 08:45
Мобилен со екран на склопување

Тајванскиот институт за истражувања го презентираше првиот мобилен телефон со 5-инчен екран на склопување. Кога ќе се отвори телефонот, кој наликува на стандарден мобилен со преклоп, се гледа екранот, а на долниот дел е гравирана тастатурата. Сепак, тоа што корисникот го гледа на горниот дел од телефонот е само дел од екранот, кој може да се отвори надолу за да добие поголемо видно поле.

За сега овој модел на телефон е достапен со 5 инчен екран, но тајванскиот институт подготвува нови модели со поголем екран на склопување.

Дизајнерите признаваат дека 5 инчи е мошне мал екран, но тврдат дека истиот нуди многу можности. Преклопот и флексибилниот дел од телефонот може да се постават на различни места, со што се менува и местоположбата на самиот екран.

Фотографиите на телефонот се испрекинати со линија која се појавува на центарот на екранот, па се добива впечаток дека телефонот има два одделни екрани, што не е случај. Линијата всушност претставува помошно мени, слично на старт менито на персоналните компјутери кое се наоѓа на дното од екраните. Помошното мени или таскбарот од мобилниот може да се придвижува низ целиот екран и не мора да биде во центарот, како што е фабрички подесен. Со тоа корисникот може да си обезбеди екстра простор за разгледување фотографии.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2008 во 08:45
Nokia N97 - новиот smartphone ѕвер

Откако го претстави моделот 5800 со touchscreen, Nokia го претстави апаратот кој на пазарот ќе може достојно да се натпреварува со конк*рентите, iPhone, Google G1 и BlackBerry Storm.

Моделот N97 е атрактивен уред, која работи на Symbian S60 OS, има лизгачка QWERTY тастатура и 3.5 инчен екран со резолуција 360 x 40 пиксели. Освен добриот екран и тастатура, тука е интегрираната меморија од неверојатни 32GB, слотот за microSD картица со капацитет од 16GB, потоа дигиталната камера со резолуција од 5 мегапиксели, WiFi, како и поддршката за 3G и GPS.

Оваа Nokia ќе можете да ја поврзете и со вашиот телевизор, благодарение на ТВ излезот. N97 поседува Bluetooth и ФМ радио со RDS. Овој одличен мултимедијален уред во моментов е и најјакиот smartphone на пазарот, барем  на хартија.

Сите оние кои сакаат да се подноват со овој модел на Nokia ќе мора да почекаат барем до вториот квартал на следната година, за кога е најавен и официјалниот старт на продажбата на N97.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2008 во 13:50
Безжичен полнач за мобилни

Најголемите електронски компании го основаа „Wireless Power Consortium“ со цел за стандардизација и ширење на можноста за безжичен пренос на енергија која во прв план ќе се користи за полнење  батерии и уреди што трошат електрична енергија.

Конзорциумот се надева дека ќе успее да развие стандард кој би користел контактна плоча која  ќе дава струја на апаратите кои ќе бидат поставени над неа. Електронските компании се надеваат дека ќе успеат да го развијат проектот каде мобилните телефони од различни производите ќе можат да се полнат на ист извор.

„Wireless Power Consortium“ најпрво планира да произведе уреди кои ќе трошат помалку од 5 волти за полнење на мобилните телефони и преносните аудио уреди како „Ipod“ и слично, а во иднина ќе се развие проект кој ќе ги полни поголемите електронски апарати.

Конзорциумот го сочинуваат Logitech, Philips, Sanyo, National Semiconductor и Texas Instruments. Готовите производи треба да се појават во текот на идната година. Електронските компании се надеваат дека Конзорциумот ќе се прошири и дека во иднина ќе се вклучат и останатите производители.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2009 во 20:47
Еден од најефтините и најпопуларните модели низ светот - Nokia 1100 се најде во во банкарски измамнички скандал, според холандски разузнавач



Наводно, криминалците плаќаат "рака и нога" за еден Nokia 1100 во исправна состојба се разбира половна, но која е произведена во Nokia фабриката во Bochum, Германија.

Разузнавачите, навестуваат дека тие даваат голема сума на пари за еден ваков модел. Најголемата регистрирана сума е 25.000 евра, која е 11 пати поголема доколку телефонот би бил целосно златен.

Причината поради која овие модели се толку многу барани и платени, е тоа што тие може да се користат за да се направи копија од нечија телефонска линија. Секако не се знае поточно дали се работи за хардверски дел или пак софтвер што им вреди на криминалците.

Со вакви криминални хакирања, на Nokia 1100 се примаат истите повици па дури и текстуални СМС пораки кои ќе ги прима и "оргиналниот" корисник на линијата, без никакви сомневања.

"Дупката" која криминалците ја користат е исто така, фактот што повеќето Европски банки праќаат привремени трансакциски броеви за автентичност или mTAN, како СМС до закупците на акаунтите, ова е секако за сигуност при онлајн трансферот на пари.

Ова е секако најпрофитабилниот дел во кој стапува Nokia 1100 на сила. Кога тие ќе добијат СМС со број за автентичност, криминалците ќе можат да добијат mTAN и ќе започнат трансфер кои тие ќе го украдат преку онлајн ID кредитерите, преку некој нивни начин.

Од Nokia ги демантираат обвиненијата дека во нивните модели имаат некоја "дупка" која ја користат криминалците за криминални дејствија.

Како и да е, истражувањето продолжува ...

[превземено од GSM Macedonia]




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.