IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Технологија
  Активни теми Активни теми RSS - Новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
Автор
Порака Обратен редослед
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 10:42
Najnovo od Sony Ericsson
 
Sony Ericsson F305 - гејмерски телефон

Компанијата Sony Ericsson го претстави својот нов entry-level модел на мобилен телефон F305 кој првенствено им е наменет за гејмерите. Телефонот доаѓа со копчиња кои се прилагодени за играње, а во него се вградени и сензори кои се осетливи на движењата за управување со играта. На пример со движење на телефонот ќе може да управувате со топките при куглање.

Од Sony Ericssona соопшти дека компанијата и претходно користела технологија осетлива на движења, но овој пат таа е интегрирана и како една од опциите за начинот на играње на игрите.

F305 телефонот на лизгање има поддршка за 3D која се користи при играњето на игри кои се направени во landscape модот. Со самиот телефон доаѓаат и три прединсталирани игри, а од сајтот на Gameloft може да се симнат уште 50 други.

Освен опцијата за гејмери, телефонот има и media player, поддршка за Bluetooth и EDGE како и браузер за интернет страници.

Засега не е позната цената на новиот модел, кој на пазарот ќе се појави во третиот квартал од годинава.

Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:42
Робот за осамени мажи

На јапонскиот пазар наскоро ќе се појави роботот Ема, нова играчка која е наменета за осамените мажи.

Фирмата „Сега тојс“ го произведе малиот робот со висина од 38 сантиметри кој работи на батерија и со стискање на копче може да бакнува, а ќе се продава по цена од 175 долари (113 евра).

Со инфрацрвени сензори и електронски мотор, малата играчка со име Ема се приближува со усните кога во своја близина ќе почувствува човечко лице. Нејзините творци велат дека таа знае да биде многу мила.

- Таа е прекрасна иако не е човек, но со момчето може да се однесува како права девојка, рече претставник на фирмата „Сега тојс“, кој додаде дека очекуваат првата година да продадат 10.000 роботи.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:27
prezemeno od idividi vesti
 
„Космофон“ од денеска и во фиксната телефонија

Скопје, 18 јуни (МИА) - Мобилниот оператор „Космофон“ од денеска го најави стартот на фиксната телефонија „АЛЛО“, со понуда за корисниците и во пост-пејд и во при-пејд.

„АЛЛО“ на корисниците им нуди фиксна линија која брзо и лесно ќе ја поврзат во својот дом и притоа ќе зборуваат по најповолни цени, информираат од „Космофон“. Корисниците имаат можност да одберат уред за фиксна линија со кој ќе го поврзат својот постоечки телефон или да одберат целосно решение, односно телефон со вграден уред за фиксна линија. Користењето на уредите во промотивниот период е бесплатно со склучување на договор од 24 месеци.

Услугите во фиксната телефонија преку својата ГСМ мрежа ја нуди низ целата земја, која во моментов покрива  99,8 проценти од населението.

Во пост-пејд „Космофон“ нуди три тарифни модели - АЛЛО 199 со месечна претплата од 199 денари, АЛЛО 299 со месечна претплата од 299 денари, која вклучува 100 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи и АЛЛО 599 со месечна претплата од 599 денари, која вклучува 600 бесплатни минути кон сите национални фиксни мрежи.
 
Сите нови „АЛЛО” корисници во пост-пејд сегментот кои ќе се активираат во промотивниот период до 31 август добиваат и 1000 бесплатни минути за разговор кон сите „АЛЛО” корисници, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација и три месеци без месечна претплата.

Во при-пејд сегментот, АЛЛО го нуди тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ кој овозможува фиксна линија без месечна претплата и без договор, како и достапност во период од 12 месеци без дополнување на сметката и 100 денари бесплатни разговори кон сите мрежи при активација на фиксната линија.

За сите нови корисници на тарифниот модел „АЛЛО ПРИ-ПЕЈД“ активирани во промотивниот период до 31 август добиваат дополнителни 1000 бесплатни минути кон сите „АЛЛО“ броеви, кои треба да ги искористат во рок од три месеци од денот на активација.


По повод влезот на „Космофон“ во фиксната телефонија, главниот извршен директор Петрос Лефковиц изјави дека со воведувањето фиксни телефонски услуги, Космофон уште еднаш го одржува своето ветување кон корисниците за конк*рентна, едноставна и достапна комуникација за сите. - Влезот во фиксната телефонија претставува уште едно значајно достигнување за Космофон, по добивањето на 3Г лиценцата и четирите регионални WiMAX лиценци. Со нивното воведување на услугите кое се планира во блиска иднина, Космофон ја зацврстува својата позиција на компанија која нуди комплетни комуникациски решенија, најквалитетни интегрирани комуникациски услуги и воведува вистинска конк*ренција на телекомуникацискиот пазар, истакнува Лефковиц. 

Космофон работи на пазарот во Македонија од јуни 2003. Во овие пет години постоење, компанијата изгради широка телекомуникациска мрежа, која во моментов обезбедува 99,8 проценти покриеност на населението, нудејќи широко портфолио на конк*рентни производи и квалитетни услуги, а истовремено создавајќи малопродажна мрежа од 218 продавници и над 5.540 продажни места низ земјата. Корисничката база на  Космофон ја надминува бројката од  618.000 корисници.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2008 во 17:25
tuka mozete sekoj vid na novosti okolu tehnika da se stavite i da diskutirate!

Изменето од seka - 19.Јуни.2008 во 17:26
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 789
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.