IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - КОШАРКА - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОШАРКА - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 21>
Автор
Порака
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 23:35

МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО ЛИТВАНИЈА

Грција и Хрватска повторно во нашата група

Речиси сите балкански кошаркарски сили се противници на Македонија во групата "Ц" за претстојното Европско првенство што од 31 август до 18 септември ќе се одржи во Литванија.

Ждрепката во Вилнус сакаше македонскиот национален тим да се најде во силната група "Ц" во која се Грција, Хрватска, Црна Гора, БиХ и квалификантот број 2 (Унгарија, Португалија и Финска ќе разигруваат за последните две места на ЕП).
Грција и Хрватска ни се должници од претходното ЕП во Полска на кое и двете не поразија, со Босна и Херцеговина се среќаваме речиси секогаш во квалификациите за ЕП, Црна Гора е дебитант на Европските првенства, а последниот противник ќе го дознаеме дури во август по дополнителниот турнир.
Групата "Ц" ќе се игра во градот Алитас во јужна Литванија, а Македонија ќе го отвори турнирот со репрезентацијата на Црна Гора на 31 август.
На 1 септември ќе се сретнеме Хрватска, потоа по ден пауза, на трети играме со јужниот сосед Грција, а овој натпревар ќе предизвика најголемо внимание во јавноста поради спорот со името. Последниот тим што ќе обезбеди учество на ЕП ќе и биде противник на четата на Марин Докузовски на 4 септември, а на 5 ќе ја затвориме првата фаза против БиХ.
Првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза во која ќе се формираат две нови групи со по шест екипи. Нашата "Ц" група ќе вкрстува со групата "Д" во која фаворити за пласман се Словенија, Русија и Белгија.
Според квалитетот на нашите противници, клучен ќе биде дуелот со Црна Гора на стартот од ЕП, а триумф е потребен и против БиХ и квалификантот.
- МКФ е задоволна од ждрепката. Противниците не се лесни, но имаме верба во нашиот тим и со добри подготовки мислам дека ќе се пласираме во втората фаза. Најважно е сите играчи да се јават на време на собирот - изјави генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ кој во живо ја следеше ждрепката во Вилнус заедно претседателот Димевски и директорот на репрезентациите, Мерџановски. (О.К.)

***

Обезбедени силни противници за подготовките

Првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација го искористија присуството на 24 земји кои ќе бидат дел од ЕП и веќе и обезбедија силни противници на А-селекцијата во подготовките во јули и август. По собирот и одработувањето на физичкиот дел, Македонија ќе замине во Словенија каде што со истоимената селекција ќе одигра две пријателски средби. Потоа патува во Бормио на турнир на кој ќе учествуваат и Италија, Канада и Бугарија.
Договорено е и силниот ексјугословенски турнир во Љубљана. Македонија е во група со Србија и БиХ. Пред заминувањето за Литванија, во Скопје ќе се одржи турнир на кој ќе се појават Израел, Бугарија и најверојатно Србија, а истиот ќе биде последен тест за квалитетот на Македонија пред настапот на ЕП.

***

ГРУПА А (Пеневежис): Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска, квалификант 2;
ГРУПА Б (Шљауљај): Србија, Франција, Германија, Израел, Италија, Летонија;
ГРУПА Ц (Алитас): Грција, Хрватска, Црна Гора, Македонија, БиХ, квалификант 1;
ГРУПА Д (Клајпеда): Словенија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија, Украина
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:25

Екипата на Фенербахче Улкер се зацврсти на првата позиција на табелата во групата Х во кошаркарската Евролига.

 

Тимот од Истанбул синоќа на домашен терен го совлада Жалгирис со 80:72. Иако на полувремето беше нерешено, Фенербахче ги реши третата и четвртата четвртина во своја корист, и на крајот го славеше и третиот триумф во групата.

Најефикасни во редовите на победничкиот тим беа Огус Савас и Марко Томас кои постигнаа по 15 поени.


РЕЗУЛТАТИ И ПАРОВИ
СРЕДА

ГРУПА Х

Фенербахче - Жалгирис 80:72
Олимпијакос - Валенсија 77:62

Табела: 1. Фенербахче (3-0), 2. Олимпијакос (2-1), 3. Валенсија (1-2), 4. Жалгирис (0-3).

ЧЕТВРТОК

ГРУПА Е
Каха Лаборал - Панатинаикос (20:30)
Уникаха - Литвос Ритас (20:45)

Табела: 1. Панатинаикос (2-0), 2. Каха Лаборал (1-1), 3. Литвос Ритас (1-1), 4. Уникаха (0-2)

ГРУПА Ф
Макаби - Унион Олимпија (20:00)
Барселона - Лотоматика (20:45)

Табела: 1. Барселона (2-0), 2. Макаби (1-1), 3. Унион Олимпија (1-1), 4. Лотоматика (0-2).

ГРУПА Г
Партизан - Монтепаски (20:45)
Реал Мадрид - Ефес Пилсен (20:45)

Табела: 1. Реал Мадрид (2-0), 2. Ефес Пилсен (2-0), 3. Монтепаски (0-2), 4. Партизан (0-2).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 09:56
  

Монтепаски пред два дена доживеа дебакл во Пиреа губејќи со 41:89, но само 48 часа подоцна тимот од Сиена ги изненади сите со победата над Олимпијакос од 82:65 за изедначување на плеј-оф серијата на 1:1.

 

По првиот четвртфинален плеј-оф дуел помеѓу Олимпијакос и Монтепаски малкумина мислеа дека Грците ќе имаат тешка задача со Сиена, пред се поради неверојатната победа од 48 поени разлика.

Сепак, тимот на нашиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб одигра како некоја друга екипа во споредба со средбата од вторникот и сред Пиреа славеше со 82:65. Со тоа Италијанците ја изедначија серијата на 1:1 и сега тие ја имаат предноста на домашниот терен пред двата дуели во Сиена.

Од самиот старт Монтепаски го диктираше темпото и имаше најниска предност од плус седум, која редовно ја одржуваа. Всушност, гостите имаа предност во текот на целата средба и на крајот сосема заслужено славеа со плус 17 над домаќините кои како да беа опиени од првата неверојатна победа.

Мекејлеб на теренот мина само две минути во кои не успеа да се запише во листата на стрелците, а имаше само еден обид од игра за два поени. Најдобар кај Сиена беше Малик Херстон со дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови следен од 12 поени на Милован Раковиќ.

Кај Олимпијакос, за кој повторно не настапи минатогодишниот најдобар европски играч Милош Теодосиќ, најефикасен беше Лукас Маврокефалидис со 16 поени.

Резултати:
Олимпијакос - Сиена 65:82 (1:1)
Каха Лаборал - Макаби 81:83 (1:1)
Барселона - Панатинаикос 71:75 (1:1)
Реал Мадрид - Валенсија 75:81 (1:1)

Четвртфиналните серии се играат на три победи, слеедните средби се играат на 29. март



Изменето од емил - 25.Март.2011 во 09:57
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 20:12
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт


 

По успесите на клупски план, Јорданчо Давитков е избран за селектор на националниот тим на Кувајт, со што стана првиот македонски тренер со селекторска функција на друга земја.

Давитков помина три успешни клупски сезони во Кувајт, во кои освои пет титули, а по потпишувањето на договорот со новиот клуб Јахра, македонскиот тренер се договори и со Федерацијата на Кувајт за ова престижно место во репрезентацијата.

„Изборот за селектор на Кувајт ми претставува голема чест и признание за работата и успесите во последниве години во оваа заливска земја. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на луѓето од Федерацијата, иако нема да биде воопшто лесно бидејки паралелно ќе работам и со репрезентацијата и со мојот нов клуб кој има големи амбиции. Сепак, веќе сум бил во ваква двојна улога во Македонија и со многу работа се надевам на успех на двете полиња“, изјави Давитков

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2011 во 21:06
Whats next?


Incredible Blue
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2011 во 17:31
cestita pobedaaaaaaa na nasite kosarkari
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 22:31
Whats next?

Kvalifikacii za LOI London 2012...

Nema Hrvatska, nema Srbija, nema Slovenija... Mozebi (ako dade Gospod i nasite zlatni momci) tamu kje ja ima Makedonija...

Kvalifikanti
-od Evropa: Rusija, Makedonija, Litvanija, Grcija
-od Amerika: Portoriko, Dom. Republika, Venecuela
-od Afrika: Nigerija, Angola
-od Okeanija: Nov Zeland
-od Azija: +2 reprezentacii (momentalno se igra prvenstvoto na Azija)

Tri reprezentacii od ovie, kje im pravat drustvo na vekje ucesnicite na LOI: Velika Britanija, Spanija, Francija, USA, Tunis, Argentina, Brazil, Avstralija i prvakot na Azija.

Изменето од Marko Polo 1 - 19.Септември.2011 во 22:34
Incredible Blue
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2011 во 22:57
Koga sme kaj Aziskoto prvenstvo da kazeme zbor dva za 'zanimlivostite ' koi se slucuvaat tamu. Prvenstvoto se igra vo Kina i glaven hit na prvenstvoto e ekipata na Katar ama ne poradi rezultati kako nas tuku poradi druga pricina. Imeno FIBA im diskvalifikuvase petmina kosarkari poradi dvojno drzavjanstvo taka da Katarcite ostanaa so sedum igraci od koi dvaica im se navodno povredeni. Kako protest protiv FIBA Katarcite izleguvaat na teren so pet igraci bez rezervi na klupa, brzaat koj poskoro od niv da napravi po pet licni za da ostanat na eden igrac i da se prekine natprevarot spored pravilata. Taka eve gi guraat 'uspesno' so idejata vece vtor natprevar so porazi protiv Uzbekistan od 27:12 i Iran od 40:4

Site 22 minuti od natprevarot Iran-Katar


Inaku gorespomenatiot Iran uspea na ova prvenstvo da pobedi so 94 poeni razlika. Zrtvata bese tokmu Uzbekistan a rezultatot 132:38 голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2011 во 18:38
ZA OLIMPIJADA LONDON 2012 konecen spisok:
 
Kvalifikanti:
-od Evropa: Rusija, Makedonija, Litvanija, Grcija
-od Amerika: Portoriko, Dom. Republika, Venecuela
-od Afrika: Nigerija, Angola
-od Okeanija: Nov Zeland
-od Azija: J.Koreja, Jordan (ne e Michael Jordanизненадување)

Tri reprezentacii od ovie, kje im pravat drustvo na vekje ucesnicite na LOI: Velika Britanija, Spanija, Francija, USA, Tunis, Argentina, Brazil, Avstralija i NR Kina.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 10:15
Самарџиски го помина Будуќност и оди на Цибона
 
На квалификацискиот турнир за Евролигата во Вилнус, Литвос Ритас на нашиот репрезентативец славеше со 83-64 против Будуќност и обезбеди пласман во полуфиналето
 
 
Никола Вучевиќ имаше добар шутерски почеток и го одржуваше Будуќност во водство, но до крајот на полувремето Литвос Ритас, поддржан од домашните фанови, направи солидна позитива која не ја испушти до крајот. Во четвртата четвртина Црногорците имаа последен обид да се вратат, но Литвос Ритас казни и на крајот замина со убедлив триумф од 19 поени разлика (83-64).

Македонскиот центар, Предраг Самарџиски се најде меѓу стартните пет на Литвос Ритас и за 21 минута на паркетот реализираше седум поени без промашување (3/3 од поле, 1/1 од линијата за слободни фрлања). На поените, додаде четири скока и две блокади, за комплетирање на нов солиден перформанс. Инаку, најефикасен на мечот беше Вучевиќ од поразената екипа со 18 поени, додека кај победникот, Реналдас Сеибутис постигна 17, а Тајрес Рајс 16.

Со овој триумф, Литвос Ритас продолжува во полуфиналето на турнирот каде ќе игра со загребска Цибона која денеска го победи Шоле Баскет со 77-70. Тој натпревар е закажан за сабота, а времето на почетокот ќе биде дополнително одредено. Само победникот на турнирот обезбедува пласман во Евролигата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2011 во 09:19
Пораз на Илиевски и Ефес во трилер завршница
 
Иако Спиру Шарола имаше двоцифрена предност рано во натпреварот, Анадолу Ефес успеа да се врати, но не успеа да комплетира пресврт во неизвесната завршница
 
 
При два поени предност за тимот од Белгија (76-78) на 10 секунди до крајот, Ефес имаше напад за победа, но не реализираше. Македонскиот репрезентативен бек, Владо Илиевски, играше фантастично во текот на средбата и беше еден од најзаслужните што неговиот тим доби можност за победа. Во самата завршница оствари два важни скокови, погоди важни слободни фрлања и додели неколку одлични асистенции, но гостинот беше поприсебен во последните напади и славеше со 80-79.

Илиевски помина повеќе од 26 минути на паркетот во Истанбул и заврши со 9 поени и дури 8 асистенции, а додаде и три скока и една украдена топка. На средината на третата четвртина ја заработи четвртата лична грешка, но не направи петта до крајот. И покрај тоа што според бројот на постигнати поени не беше најефикасен во својот тим, беше најдобар на паркетот, разигрувајќи ја екипата и одлично организирајќи ги останатите играчи. 

По победата во Белград во минатото коло, ова е прв пораз на Анадолу Ефес во Евролигата, но и натаму тимот од Турција ги задржува високите амбиции за пласман на самиот врв. Во третото коло од најквалитетната континентална лига, Ефес гостува на Емпорио Армани, а натпреварот е закажан за 3 ноември во 20.45 часот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 12:07

Македонците во Европа се подобри

 
 
Голем дел од македонските кошаркари веќе играат важна улога во своите екипи низ Европа. Тоа особено се однесува за репрезентативците кои беа фантастични последниот викенд. Победи остварија Олимпијакос на Антиќ, Литвос Ритас на Самарџиски, Лукоил Академик на Дамјан Стојановски, а во одлично светло се покажа Војдан Стојановски, кој, сепак, самиот не можеше да го спречи новиот пораз на Черкаси.

ГРЦИЈА - 2. КОЛО

Перо Антиќ се подобро се вклопува во играта на Олимпијакос. Добро е позната неговата игра во одбраната, но во грчкото првенство капитенот на нашата репрезентација одлично се снаоѓа и во нападот. На вчерашниот меч против Маруси, Антиќ на теренот помина само околу 15 минути, но и тоа му беше доволно да постигне 12 поени (5/7 за два, 0/2 за три поени, 2/3 слободни фрлања), четири скока, една асистенција и една украдена топка. Олимпијакос го победи Маруси со 92:63 и по две кола од првенството има исто толку победи.

БАЛТИЧКА ЛИГА - 4. КОЛО

Предраг Самарџиски Со Литвос Ритас беше уште поефективен од својот репрезентативен колега. На гостувањето кај Јенисеј во четвртото коло од Балтичката лига, македонскиот центар одигра 18 минути и реализира 14 поени (7/9 за два поени, 0/1 од линијата за слободни фрлања) со четири скока и една асистенција. Литвос Ритас славеше со 82:75 и се израмни со ЦСКА и Азовмаш на делба на второто место во својата група.

БУГАРИЈА - 3. КОЛО

Дамјан Стојановски помина само десет минути на теренот во дуелот на Лукоил Академик во дербито против Рилски Спортист, па поради тоа заврши со само два поена (0/1 за два, 0/2 за три поени и 2/2 за слободни фрлања) плус два скока и една украдена топка. Сепак, Академик славеше со 82:71 и го задржа првото место на табелата без пораз.

Во бугарското првенство свои настапи имаа уште Златко Гоцевски со Јамбол и Кирил Павловски со Черноморец, но двајцата претрпеа пораз. Гоцевски немаше поени во поразот од Черно Море со 72:62, додека Павловски реализира десет поени (4/11 за два поени, 2/3 за слободни фрлања) со седум скока и една асистенција за 37 минути на теренот во поразот од Спартак Плевен со 91:79.

УКРАИНА - 6. КОЛО

Черкаски Мавпи останаа на претпоследното место во украинското првенство откако во шестото коло го претрпеа и петтиот пораз, овој пат од Доњецк со 96:74. Сепак, Војдан Стојановски повторно беше најдобар во својата екипа со 14 поени (4/7 за два, 1/3 за три поени, 5/10 за слободни фрлања) за речиси 34 минути на теренот, плус три скока, три асистенции и една украдена топка.

Пораз во петтото коло доживеа уште Политехника Галичина и тоа со 88:81 од Азвомаш, но Ненад Зивчевиќ не се појави во својот тим.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2011 во 10:10

ПЕРО АНТИЌ - СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА ВО МАКЕДОНИЈА







Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови денеска ги избираа најдобрите спортисти во 2011 година. Покрај Антиќ, од кошарката, награди добија и Докузовски, Мекејлеб, Кошаркарската Репрезентација и МКФ.


На свеченоста одржана вчера во Универзалната Сала во Скопје, наградени беа најдобрите во македонскиот спорт. Во годината која изминува и во која Македонската кошаркарска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата на спортот во нашата земја, овие награди претставуваат потврда за квалитетот, посветеноста и пожртвуваноста во секој момент од настапот во македонскиот дрес.





Капитенот на нашата репрезентација, Перо Антиќ ја доби наградата за најдобар спортист во 2011 година во конкуренција на Димитар Ѓорѓиев (кик-бокс), Наумче Мојсовски (ракомет), Дејан Недев (традиционално карате). Најуспешен тренер е нашиот селектор, Марин Докузовски, во конкуренција на Бошко Заборски (карате) и Звонко Шундовски (ракомет). Кошаркарската машка репрезентација победи во конкуренција на Ракометната и Ватерполо репрезентацијата, а награди добија и Лестер Бо Мекејлеб, за најпопуларен спортист во 2011 година и МКФ за најдобра федерација во Македонија.


Наградени:


Перо Антиќ - Најдобар спортист во Македонија

Марин Докузовски - Најдобар тренер во Македонија

Лестер Бо Мекејлеб - Најпопуларен спортист во Македонија

Кошаркарска репрезентација - Најдобра репрезентација во Македонија

Македонска Кошаркарска Федерација - Најдобра федерација во Македонија

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2011 во 13:18

Репрезентативецот на Македонија е избран за најдобар македонски кошаркар во изминатава година, додека признанието за најдобар македонски кошаркар во странство му припадна на Лестер Бо Мекејлеб.

Vojdan

Војдан Стојановски имаше голем удел во фантастичната година за македонската репрезентативна кошарка, во која нашите најдобри кошаркари го изненадија цел свет со одличните игри и пласманот во полуфиналето на Евробаскетот во Литванија. Неговите игри на ЕП, во комбинација со одличните настапи за Фени Индустри во текот на изминатата сезона, кога беше лидер на кавадарчани во освојувањето на титулата, му го донесоа признанието за најдобар македонски кошаркар за 2011. година во изборот на Македонската кошаркарска федерација.

Откако беше прогласен за МВП на финалната серија со Работнички, Војдан кариерата ја продолжи надвор од Македонија и сега е член на украински Черкаски Мавли. Екипа во која тој е главен играч, заедно со Американецот Вил Соломон. 

Покрај Војдан, посебна награда доби и Лестер Бо Мекејлеб, кој е прогласен за најдобар македонски кошаркар во странство, а Марин Докузовски е најдобар тренер во машка конкуренција. Тоа признание во женска конкуренција го доби Перо Стамески, а најдобра кошаркарка е Елена Раденковиќ



Изменето од емил - 25.Декември.2011 во 13:19
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.