IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Разно
  Активни теми Активни теми RSS - Денес...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Денес...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 562563564
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2020 во 20:23
Денес видов нешто,што само го имав слушано од постарите.
Впрочем не,доживеав!
Брат ми некако среќа задутре се враќа,после сите перипетии
од Португалија.Со молитва сме се да испадне по планот.
Жива среќа што беше официјален учесник во натпревари.
Неважно тоа,денес праиме план во зависност од мерките како
да се организираме.Моите повозрасни,мораше да се надвор од дома.
Ни беше опција станот во Охрид.Но јас заради работните обврски
да платам хотел,доколку мерката биде самоизолација за брат ми.
Поминува комшијата педесетина метри од мене.Израснавме таму ко
деца,имаше билјард и флипери.Ме праша шо како е со брат ми.
Му кажав и си отидов некои обврски да истерам низ град.Ми
ѕвони телефонов по половина час.Татко ми.Отпаѓа Охрид.
Шо е сеа?-Прашувам.
Помина Пеце ај нека биде името на комшијата,рече да не сме
мрднале ако биде во самоизолација.Сите тројца може да отседнеме
кај него на вториот спрат.
Ете без вонредни мерки има и луѓе!
А се тоа стоката од утре ќе ве видам.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2020 во 13:44
Денес работам од дома!
Абе се укршив.
Станав у 06:30.Бокалот го наполнив со
вода за кафе.Извадив тавчето,така ќе му дојде не
е тенџере тоа плиткото за у релна.Упс,се фатив у расчекор.
Си ја најдов шољата за кафе опнав три-четири зрнца шеќер.
Обично го пијам без шеќер,но денес некако имав потреба и
од него.Стаив кафето и тргнав тоа на страна до бокалот.
Вадам зејтинот од тоа кујна шо го викаат,на ѕид тие закачените
плакари.Го посипувам тавчето.Извадив кесе со јуфки!
Оркаааа!-Си се опоменувам сам себе.
Еднаш глеаше и сеа ќе си праел јуфки,у овие тешки времиња ако
ги утнеш ќе те каменуваат по дома.Го расцепив кесето од јуфките.
Полошо од тоа да одам до продавница и денес нема да има.
Буп јуфките у тавче,посипав од горе малце зејтин и сол.Кога им
влегов со две вилушки,ги збунив не знаеа јуфки ли се сарма ли се.
Али сЕ по план само шо завршив ова,палам релната го ставам тавчето,се
исклучува водата за кафе.На десна рука фрижидерот тука,лапам млекото
и ете ме пред бокалот.Се поднамрштив кога го забележав шеќерот.
-Не требаше,ајде бидна...
И си се плеснав на тераса со чибукот и кафето.
Прв пут у живот кафе на раат да не пијам.
Не било лесно пијам кафе,јуфките у релна ми се потпекуваат!
Една цигара,втора цигара...Станувам,почнале да жарат да палат јуфки.
Ги промешав,и му ја седнав да одморам со уште една цигара.
Атер за кафето шо останало.
А!У меѓувреме пред да излезам стаив вода у бокалот за јуфките да
зоврие.И ете ме назад испушив цигарата,извадив тавчето и ги поплавив
со водата.Назад у релна.Отварам фрижидерот колку ли јајца треба.
За да испаднат птка јуфкиве,пет доста ќе се.Така и бидна,ги оставив
до чорбалакот.Едно двеста грама сирење убаво го испасирав,па заедно со
јајцата како смеса го уедначив.Пуштам ишарет на релната,има вода уштеее.
По некоја минута ги извадив и промешав.Водата веќе се прибрала.Таман,за
уште една цигара.Се враќам,намалуам релната од 250 на 200 и ги посипувам
јуфки со јајца и сирење.Замив тоа шо напраив лом,кога отварам релна шо
да видам!Абре ко на сонце печени!
И така драги карантинци,самоизолирани некако оди спремањето на нашиот доручек.
Оние кои на таква мука се нашле,освен кукањето и броењето денови може
да научат нешто.Јуфкиве јас еднаш имам глеано само како се прават.
И ете успеав.Битно у настанов беше шо сите спиеа,па немаше кој сеир да ми фаќа.
Со сите Вас би се сменил и против оваа стихија така би се борел.
Но кај мене е поинаку.На друга линија јас ќе се борам.Скоро секој
ден надвор,со ракавици,со маски,со влажни марамици у кола,со гелови
со сФе!Дајте да биде што пократко...
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2020 во 23:02
Денес таман се прибрав по дома.
Ручав,сумирав неделава и кафето
на тераса.Ми ѕвони надвор од
работно време не мемориран број!
Си вратив филмот се треба да е завршено.
Сркнав од кафето и додека со левата го
држам телефонот и цигарата земам дим,а
со десната клизачи по скринот од телефонот
отварам линија.
-Молам?
-Почитувани,јас сум таа и таа по случаен
избор добитник сте на пар женски обетки.
Ќе речев и се изнасмеав у фаца,али и се
изнасмеав на уво.Пу пу скраја ќе се засркнев.
-Задржете ги како поклон и кажуам.
И не ни стигнав да докажам,во овие тешки
времиња како мало внимание од мене оти сепак
си ја вршите Вашата работа...Ми затвори!
Па неблагодарен народ сме бре.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 562563564
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.