IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Власи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Власи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 66>
Автор
Порака
ZoraNaSlobodata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3392
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZoraNaSlobodata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 13:57
Како и да е еден дел од власите се латинизираното население од македонците и другите домородци по окупацијата


Изменето од mamamd - 21.Март.2009 во 07:07
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
Кон врв
Vargar Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vargar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 15:15


Италија - Olaszország (ung.), Włochy (pol)

Влькъ(старосл) Волк, Волки,мн.(рус)

ВОЛОХИ, ВЛАСИ = Римјани?

Изменето од Vargar - 03.Април.2009 во 15:35
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 13:24
U[te edno semejstvo koe ostavilo svoja traga
Хо­тел "Брис­тол" го из­гра­ди­ле се­мејс­тво­то Ка­ра­џа
Пишува Ана Антевска

Хо­те­лот "Брис­тол" кој се на­о­ѓа на се­гаш­на­та ули­ца Ма­ке­до­ни­ја, или во ми­на­то­то ули­ца Крал Пе­тар, во бли­зи­на на Же­лез­нич­ка­та ста­ни­ца е кр­сен спо­ред ис­то­и­ме­ни­от ла­нец хо­тел. Хо­тел "Брис­тол"бил сопс­тве­ност на Рис­то Ка­ра­џа кој го из­да­вал под ки­ри­ја.Се­мејс­тво­то Ка­ра­џа се до­се­ли­ло од Гр­ци­ја во Ве­лес. На воз­раст од 12 го­ди­ни, од­нос­но во 1899 го­ди­на, ка­ко нај­стар син на се­мејс­тво­то Ка­ра­џа, Таш­ко до­шол да учи за­на­ет во Скоп­је и се вра­бо­тил кај скоп­ски­от тр­го­вец Пе­тар Ата­на­сов Чу­чук­пет­ров ка­де што по­ма­гал во тр­го­ви­ја­та на го­ле­мо. По не­кое вре­ме, Таш­ко во Скоп­је го пов­ле­кол и сво­јот брат, а по­доц­на и сес­тра­та. Бра­ќа­та Ка­ра­џа за­ед­но со зе­тот Ан­дро­виќ во 1912 го­ди­на ја ос­но­ва­ле фир­ма­та "Ка­ра­џа, Ан­дро­виќ и Ко", ко­ја пос­то­е­ла сй до 1947 го­ди­на, но со пов­ле­ку­ва­ње­то на ка­пи­та­лот на зе­тот Ан­дро­виќ, фир­ма­та го сме­ни­ла име­то во "Бра­ќа Ка­ра­џа". Таш­ко по­чи­нал во Со­лун во 1931 го­ди­на, а не­го­во­то мес­то во фир­ма­та го за­зел син му Јо­ван. Бра­ќа­та Ата­нас и Рис­то Ка­ра­џа, кои би­ле це­не­ти скоп­ски тр­гов­ци и уг­лед­ни гра­ѓа­ни, го из­гра­ди­ле хо­те­лот "Брис­тол" во 1924 год
Хо­те­ли­те во Скоп­је по 1918 го­ди­на, спо­ред сво­јот из­глед и сво­ја­та фун­кци­ја, би­ле да­ле­ку од вис­тин­ски хо­те­ли, но спо­ред удоб­нос­та и хи­ги­е­на­та, би­ле по­доб­ри од ка­ра­ван-са­ра­и­те. Хо­те­ли­те има­ле нај­мно­гу по 10 со­би, со по не­кол­ку скром­но на­мес­те­ни чис­ти кре­ве­ти, а на дол­ни­от кат обич­но има­ло ка­фе­а­ни кои би­ле на­ре­ку­ва­ни 'би­ра­рии' или 'ло­кан­три'. На­југ­лед­ни­те хо­те­ли ме­ѓу кои бил и "брис­тол" во со­би­те во­ве­ле и те­ле­фон­ски прик­лу­чо­ци, има­ле га­ра­жа со ка­па­ци­тет за не­кол­ку ав­то­мо­би­ли.,
Нај­плод­на го­ди­на за раз­во­јот на хо­те­ли­ерс­тво­то во Скоп­је би­ла 1925 го­ди­на.
Со го­ле­ми­от на­лет на тр­гов­ци и ту­рис­ти во гра­дот, здру­же­ни­е­то на ме­ан­џи­ско-ка­фе­ан­ски­те ра­бот­ни­ци, во 1923 го­ди­на по­ба­ра­ло да се во­ве­де ред во ра­бо­та­та со што би се за­до­во­ли­ле ос­нов­ни­те хи­ги­ен­ски ус­ло­ви. Се ба­ра­ло хо­те­ли­те да би­дат кла­си­фи­ци­ра­ни и да се во­ве­дат од­ре­де­ни про­пи­си во ра­бо­та­та. За прес­тој во хо­те­ли­те би­ле од­ре­де­ни так­си, спо­ред ква­ли­те­тот на ус­лу­ги­те.


Кон врв
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 11:45
Eve vi druga perspektiva:

Quote:
"Vlach is itself an interesting word. It seems to be a derivative from the same Germanic word cognate to welsch in German and Welsh in English,  both meaning Roman, whether the Romans be Latin-speaking or Celtic-speaking. Vlach itself is Slavic (taking that form in Czech) and could mean Italian or Romanian, though the same word, with appropriate case endings, turns up in mediaeval Latin (Blachi) and Greek (Blakhoi, pronounced Vlakhi), only applied to the Romance speakers of the Balkans. It also occurs in Polish as Wloch, in Hungarian as Olasz, in Russian as Volokh, in Yiddish as Walach, and in various other forms even in those same languages (cf. "Vlach," A Dictionary of Surnames, Patrick Hanks and Flavia Hodges [Oxford University Press, 1988], p. 558). Vlach also significantly turns up in the name of the first Romanian principality: Wallachia (or sometimes "Walachia"). Thus, we can imagine the word being left behind in the Balkan Sprachbund by the German tribes during their stay in Eastern Europe and the Balkans.

For many centuries Vlach was a spoken and not a written language. When it was committed to writing, the Cyrillic alphabet was used, in line with the Orthodox faith of the people. Later, a national consciousness arose in the principalities of Wallachia and Moldavia, where the language came to be called "Romanian."
- The Vlach Connection and Further Reflections on Roman History - Kelley L. Ross, Ph.D


"Welsh - O.E. Wilisc, Wylisc (W.Saxon), Welisc, Wælisc (Anglian and Kentish), from Wealh, Walh "Celt, Briton, Welshman, non-Germanic foreigner;" in Tolkien's definition, "common Gmc. name for a man of what we should call Celtic speech," but also applied to speakers of Latin, hence O.H.G. Walh, Walah "Celt, Roman, Gaulish," and O.N. Valir "Gauls, Frenchmen" (Dan. vælsk "Italian, French, southern"); from P.Gmc. *Walkhiskaz, from a Celtic name represented by L. Volcæ "ancient Celtic tribe in southern Gaul." The word survives in Wales, Cornwall, Walloon, walnut, and in surnames Walsh and Wallace. Borrowed in O.C.S. as vlachu, and applied to Romanians, hence Walachia. Welsh was used disparagingly of inferior or substitute things, hence Welsh rabbit (1725), also Welsh rarebit (1785) "
- ONLINE ETYMOLOGY DICTIONARY

Source
Bottom line:
Quote:
We know that variants of the name/word are used in a number of countries that were once part of the Roman Empire, that the word appears to have a Roman/Latin origin, and it has a meaning of: the others - the strangers - the foreigners - the ones that are not like us.



Изменето од naemnik - 09.Април.2009 во 11:47
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 12:57
Дедо Стефан на поправен.
ПОРАДИ ТОА ШТО НЕ ГИ СПОМЕНУВА ВО ПОСЛАНИЈАТА
Власите му се налутија на г.г. Стефан

Не е коректно архиепископот Стефан во своите посланија да се обраќа само кон верниците Македонци, а не и кон останатите православни христијани, реагираат Власите од Македонија. Според нив, поглаварот на МПЦ при божикните и велигденските посланија, како и во беседите што ги држи при празнувањето на големите христијански празници, никогаш освен Македонците не ги споменува другите православни христијани. - Нема ништо лошо во тоа што се обраќа до верниците Македонци, но не е убаво тоа да го прави само кон нив затоа што и ние Власите, Србите, православните Албанци или Ромите ја признаваме јурисдикцијата на МПЦ и таа е и наша црква. Обраќањето на архиепископот не би требало да биде политичко послание, туку верско обраќање до сите православни верници - вели Никола Бабовски од Демократскиот сојуз на Власите. Според него, неразбирливо е како архиепископот Стефан смета да се гради братска љубов кога тој не сака овие верници ниту да ги спомне во посланијата и беседите иако, како што вели Бабовски, голем број цркви во Македонија се изградени токму со донации на Власите. Меѓу нив е и црквата „Св. Константин и Елена“, која сега премиерот сака да ја обнови на скопскиот плоштад. Власите се најголеми донатори и за велешката црква „Св. Петка“, која меѓу велешани е позната и како влашка црква. - И битолската централна црква „Св. Димитрија“ е изградена со наши донации, исто како црквата „Св. Константин и Елена“ во овој град. Ист е случајот и со „Св. Јован“ и „Св. Никола“ во Крушево, како и со црквите во битолските села Маловиште, Трново, Магарево и Нижо Поле, иако се разбира дека во изградбата учествувале и други донатори - објаснува Бабовски. Карактеристичен е случајот со црквата „Св. Константин и Елена“ во Битола, каде што свештеникот на МПЦ дел од службата ја држи и на влашки јазик. Според Бабовски, не доаѓа предвид Власите да ја оспоруваат јурисдикцијата на МПЦ, но бараат соодветен третман од архиепископот, со што во никој случај не би им се нанела штета на православните христијани Македонци. И професорот на Филозофскиот факултет во Скопје, Љубомир Цуцуловски, вели дека црквата треба подеднакво да им се обраќа на сите верници. - Ова се случува затоа што се врши едно катастрофално поистоветување меѓу верската и националната припадност, не сфаќајќи дека на една иста вера можат да и припаѓаат припадници од повеќе нации, како што и една нација може да има верници од повеќе вери - вели Цуцуловски.
Од МПЦ демантираат дека се врши национална дискриминација и велат дека поглаварот на МПЦ им се обраќа на сите православни верници во Македонија. Од црквата велат дека посланијата се со слична содржина речиси секоја година и дека до нив не стигнале никакви реакции во врска со содржината.


Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 07:32
Руските обиди за бугаризација на Македонците и Македонија

--------------------------------------------------------------------------------

Зошто од крајот на 18 век, Русија почнувала премногу активно да се вклучува во балканската политика, со крајна цел создавање голема Бугарија? Сите руски поморски пристаништа во текот на есента и зимата биле замрзнати и вон употреба, освен Црноморието, од кое пак Русија немала слободен меѓународен излез, поради Отоманската контрола на Босфор. Таквата лоша логистика на Русија била катастрофална не само по руската економија, туку и по опстанокот на самата држава, оти не можела зиме ниту да увезе жито за да го прехрани своето население. Поради овие егзистенцијални прашања, Русија очајно се стремела да излезе на Средоземието и пристаништето Солун. Затоа и политиката на Русите, од Петар Велики до последниот Романов беше во барањето на некоја причина да се замеша во внатрешните работи на Отоманската империја, за да го оправда својот агресивен акт, за постигнување на горенаведените цели (“Раѓањето на македонската нација“, Драган Ташковски, стр. 129). Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море, Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми. Рускиот цар се титулирал и како Самодржец Болгарски, поради владеењето со Волшка Бугарија. Новата балканска Бугарија требало да обезбеди на Русија нејзина вазалска држава. Руските стремежи за нивна сателирска држава се оствтарија 1878 г., која ја ослободија Бугарија и и` создадоа држава.

Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, за што постајат многу историски извори. Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќаат на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дейност на Хаджи Партения". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.

Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински, кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија.

Секретарот на бугарската егзархија од крајот на 19 век, Шопов, известува дека по притисок на рускиот конзул од Солун, само семејството Роби прифатило да се декларира како бугари. “Тие со тоа влијаеја и врз простото население, кое обично ги следеше своите првенци“ си спомнуваше Шопов (А. Шопов, “Материјали за б`лгарското в`зраждание в Македонија“, Периодическо Списание, Средец 1885 г., XVIII, 447). Но, српските дипломати за Димитре Робе во 1878/78 г. напишаа “Денеска тој веќе не сака да биде бугарин, а уште помалку грк, туку сонува за независна Македонија“ (“Збирка Јована Ристића“, кутија 18, инв. Бр. 12/581, сиг. XII-5, Историски Институт Србије).

Во 1858 г., Русија формира “Московски доброволен словенски комитет“ за бугаризација на Македонците. По налог на овој комитет, А. Рачински и Е. Јужаков ја собираа интелегентната македонска младина, која што беше жедна за образование и ја праќаа во Русија на школување, каде што, како што наведува и самиот секретар на бугарскиот егзарх од тие времиња, А. Шопов, каде покрај просвета “добиваа и бугарски дух“ (А. Шопов, цит. Статија, стр. 444).

Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).

Во Русија, Македонците ги образувале дека најјужното словенско племе е бугарското, дека Бугарите биле всушност чисти словени од Волга, руски собраќа, а не турки народ. Иако на Русите предобро им било јасно дека бугарите се турки народ, бидејки вистински Бугари биле Татарстанците, Чувашите и АлМаринци, сите турко-татарски народ од исто потекло, со чиста турки култура и турки јазик, во склоп на руската империја. Сепак, заради својот интерес за создавање голема Бугарија, русите ја искривувале историската вистина.

Еден од најголемите руски шпиуни и ширач на бугарската пропаганда е Димитар Миладинов (Миладинис). Неговиот татко бил потекнувал од влашкото село Магарево (битолско), од каде семејството се преселило во Мислешево, па на крај во Струга. Неговиот зет Кузман Шапкарев, негов следбеник, во биографијата на Д. Миладинов, сакајки да го скрие неговото вистинско влашко потекло, измислува дека неговото семејство избегало од с. Магарево поради влашките зулуми . Но, историските извори сведочат дека с. Магарево е основано од власи, преселници од Епир и никогаш немало Македонци во истото (Ибид, стр. 218). Мајката на Димитар Миладинов, Султана, е родена во с. Магарево и е ќерка на познатиот влашки поп, Натаил Москополецот, творецот на “Четиријазичникот“. Семејството на Султана од Москополе прво се преселило во Охрид, за подоцна да се закотви во село Магарево. Дури, Шапкарев фалсификува едно цело писмо од Димитар Миладинов до Јанаки Стрези (негов вујко) со наводна критика и омаловажување кон Власите: “къв начин и със всички средства, не само арнауто-власи, безезични и безотечественици, но и най-многолюдния, най-храбрия, най-кроткия и най-питомния славянски наш род“ (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма. стр. 481/482, Кузман Шапкарев).

Истиот принцип на антивлашки написи ги користи и Рајко Жинзифов (роден Ксенофон Зинзифи), самиот од влашки род по мајка и татко. Кузман Шапкарев признава за Рајко Жинзифов и татко му Јоан (Иван) дека “тие по род беа власи – цинцари од град Велес“ и дека заедно со Димитар Миладинов ширеле бугаризам (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 399, Кузман Шапкарев, издава Български писател, София 1984)). Како што видовме погоре, Рајко Жинзифов заедно со Костадин Миладинов биле испратени од страна на рускиот конзул во Варна, Рачински, на обука во Москва (Офейков, Материали за българското възраждание в Македония, София 1885 г., стр. 441).

Ние мораме да ја разбереме нивната позиција и декларативното антивлашко расположение на хартија, зошто како Власи морале на секој начин да го оттргнат сомнежот за нивното вистинско потекло и да се представат како најголеми Бугари, во склоп со нивната задача, зададена и финансирана од Русија. Жинзифов во стихотворбата “Гулаб“ пишува:
Места свободно, б'лгарско,
Дека всите се Б'лгари,
Нема Грци, клети Власи.

Во “Крвава кожуља, Жинзифов го велича Марко Крале кој се борел против Власи и Каравласи:
Тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал,
е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б'лгарска е бранил земја
роду си помагал.

Да се навратиме пак кон браќата Миладиновци. Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димитър Райков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното село на нивните родители Магарево (пак таму, стр. 201).

Интересно е, што во нивните млади години не го познавале македонскиот јазик, нит словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин Миладинови забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братя Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трайков. С., 1964, стр. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братя Миладинови. Биография. С., 1966, стр. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.

Прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на школување во Москва, во 50-те години на 19 век, како руски стипендисти од страна на руската амбасада во Цариград (Табаков, Н. Братя Миладинови. Биография. С., 1966, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александър Рачински за Братя Миладинови. Училищен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, стр. 114).

Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 67).

На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Семъя Д. Миладинова. Из донесений консула М. Хитрово (1864 г.) — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 65).

За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од страна на тогашна Царска Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.
Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "Димитар Миладинов е еден руски пропагандист“ (Никола Трайков. Братя Миладинови..., стр. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице е агент на руската пропаганда" (Никола Трайков. Братя Миладинови..., стр. 217.).

Англискиот дипломат од Битола St. Pisani до неговиот надреден Sir H. Bulwer пишува дека “Миладинов примал плата од руската влада и неговиот брат живее во Русија како агент на пропагандата“ (ориг. “Miladenoff, he said, was receiving a salary from the Russian Govt and his brother is residing in Russia as an Agent of the Propaganda“ , извор St. Pisani, Public Record Office, Foreign Office 195/685 Turkey, Monastir; “Братя Миладинови – преписка", ред. Никола Трайков, III. Дипломатически документи -АНГЛИЙСКА ДИПЛОМАТИЧЕСКА ПРЕПИСКА, Писма 94 — 96 .).
Миладинови, како руски соработници во Македонија, ја презеле улогата на руските конзули по Балканот и испраќале свои ученици на школување, односно бугаризација; дури, Димитар Миладинов испраќал млади Македонци во Русија без знаење и согласност на нивните семејства, кои се противеле на нивната бугаризација. Забележан е протестот на македонскиот револуционер Ѓорѓи Капчев од Охрид до турските власти, каде тој го обвинува Димитар Миладинов дека без знаење на семејството го пратил брат му Иван Капчев на школување во Русија (ДИМИТЪР И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ стр. 215/216, Димитър Райков, Софија 1986 г.).

Кузман Шапкарев има дадено повеќе имиња на Македонци кои Д. Миладинов ги испратил на обука во Русија, како пријателот Рајко Жинзифов, Константин Н. Станишев, Никола Делииванов, Георгија поп Стаменов од Дојран, Андреја Стојанов од Воден. Воедно, многумина Македонци, Димитар Миладинов исратил во Цариградското бугарско училиште за да станат бугарски учители кои ќе предаваат по новоотворените бугарски училишта во Македонија (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 402, Кузман Шапкарев, изд. Български писател, София 1984).

За Зборникот на Миладиновци...

Васил Чолаков, пријател на Константин Миладинов во преписка со Фрањо Рачки опишува како Зборникот на Миладиновци станал б`лгарски “мојот покоен другар Констандин Миладинов ме замоли да му дадам сто песни од источните краишта на Бугарија, за да може на својата збирка да и даде наслов Б`лгарски народни песни (Драган Ташковски, “Раѓањето на македонската нација“, стр. 104). Меѓутоа, Константин Миладин свесен дека словенските лингвисти ќе ја забежат јазичната разлика меѓу македонските и бугарските песни, тој ги превел бугарските песни на македонски јазик. За овој македонски превод на бугарските песни, бугарскиот лингвист Л. Каравелов пишува “браќата Миладиновци направиле неколку јазични грешки, особено во тоа што ги измениле во јазикот и ги дале на свое наречје (А. Стоилов, Показалец за печатените през XIX век б`лгарски народни песни, Софија 1918 г., стр. 11).Во Зборникот на Народни Песни од Македонија, браќата Миладинови измислуваат 3 песни каде се спомнува бугарското име. Имено, требало да го претстават македонскиот фолклор како бугарски, а немало во Македонија ниту една песна, предание каде се спомнува бугарското име или некој бугарски владетел. За овие нивни измислици пишува и ширачот на српската пропаганда, Симеон Кончар во својата брошура "ПРАДОМОВИНА СРБА", 1894 год., кој пак тврди дека Македонците се Срби, оти никаде во нивниот фолкор не се спомнува бугарското етничко име, ниту пак постоела бугарска национална свест кај Македонците.

За да не стана преочигледна политичката врска на браќа Миладинови со Русија, самиот Зборник на народни македонски песни ги обајавуваат во Загреб, а не во Русија, како што претходно било договорено со нивните руски ментори. Тој факт го потврдува и Димитар Миладинов во писмо до Константин Роби од 17 јули 1857 г. каде што му најавува дека Зборникот ќе се објави во Москва (Трайков, Н. Братя Миладинови. Преписка. Софија, 1964 г., стр. 33).

Димитар Миладинов: “Македонците се словено-пелазгиски народ“
Важно е да истакнеме дека Димитар Миладинов премногу добро знаел какво е етногенетското потекло на Македонците и за него Македонците биле “словено-пелазгиски народ“ (види писмо на Димитар Миладинов до Наум и Николаки Роби од 20 август 1857 г. објавено во "Братја Миладинови – преписка" стр. 35, ред. Никола Трајков, Б'лгарска академија на науките, Институт за историја. Издателство на БАН, Софија 1964 г.). Општопознато е дека Пелазгите се најстарите жители на Балканот, а античките историчари ги представуваат Пелазгите како предците на античките Македонци.
Кузман Шапкарев е зет на Димитар Миладинов за една од неговите ќерки. Неговото крстено име е Космос Пасхали. Во својата биографија Кузман Шапкарев запишува “дедото и стриковците на татко ми биле нешто влијателни во Цариград...Кога станало грчкото востание на Хиос, меѓу многуте обвинети и обесени во Цариград Грци, обесиле и двјаца од нашите, имено дедо му и едниот од стриковците на татко ми“. Од една страна вели дека меѓу обесените Грци биле и негови предци, за понатаму да истакне дека потекнува од Бугари, подоцна преселени во Охрид, познати како Пасхалевци, но дека старото семејно презиме им било Шапкареви. За своето презиме пишува “Старото презиме Шапкареви, само ние двајцата браќа го подновивме во 1856 г. откога почнавме да учиме бугарски“ (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 27, Кузман Шапкарев, објавено во Български писател, София 1984). Дилема за секој читател на автобиографијата на К. Шапкарев е зошто еден “бугарин“ од “бугарско“ семејство не знаел бугарски, па морал да учи бугарски, како и зошто неговите предци “Бугари“ од Цариград учествувале во востанието на Грците од островот Хиос? За разлика од тоа што морал да учи “бугарски“, Кузман Шапкарев без никакво едукација говорел влашки и албански јазик, а творец е и на влашко-бугарски и албано-бугарски речник (Български прикаски и вѣрования съ прибавление на неколко Македоновлашки и Албански, Събралъ и издава К. А. Шапкаревъ, Сборникъ отъ български народни умотворения, кн. VIII и IX, 1892, 1894. София, Печатница на “Либералний Клубъ“).

Од преписките на Кузман Шапкарев со неговите пријатели од Охрид дознаваме дека во својата Биографија излажал дека го променил своето презиме во Шапкарев 1856 г., исто како што излажа дека дедото на Димитар Миладинов избегал од с. Магарево од влашките зулуми, за да го скрие влашкото потекло на Миладинови. Во сите свои писма до охриѓани, Кузман Шапкарев се потпишува како Космос Пасхалис или Паскали и секогаш комуницирал на грчки јазик, за што сведочат подолуобјавените писма од 1861 г. на натаму. Од писмата јасно се гледа дека не го користел “бугарското“ презиме Шапкарев од 1856 г., како што самиот напишал во својата Биографија, објавена во Софија.
Вујко на Кузман Шапкарев е Јанаки Стрези, познат учител и собирач на народни умотворби. Неговиот дедо по мајчина страна, Георги Стрези целиот негов живот бил домаќин на грчкиот владика Калиник во Охрид (За възраждането на българщината в Македония. Неиздадени записки и писма, стр. 475, Кузман Шапкарев).

Најголем впечаток остава меѓусебната комуникацијата на рускиве стипендисти или како што во тоа време отоманските власти и странските дипломати ги нарекуваа “руски агенти“. Секогаш комуницирале на грчки јазик и грчко писмо, а ги користеле нивните родени крстени имиња, а не словенизираните. Така, Кузман Шапкарев се потпишувал и именувал како Космос Паскалис, Јанаки Стрезов како Јанаки Стрези, Димитар Миладинов како Миладинис, Миладинос или Миладинович во зависност од тоа каде живеел (Н. Еничарев, “Кузман Шапкарев за Прилеп и Охрид“, стр. 238, 239 и 237). Додека престојувал во Белград во 1861 г., Димитар Миладинов го променил своето презиме во Миладиновиќ (види сликата подоле).

Сепак, делото на Миладинови и нивните ученици Жинзифов и Шапкарев е особено значајно за македонската историја, јазик и литература. Сите тие се надарени поети, прозеисти, собирачи на македонски народни умотворенија и иако несвесни, пишувајки на македонски јазик, истиот го промовираа. Го промовираа и македонскиот фолклор, како уникатен и својствен само на македонскиот народ, едно богатство и сведошто на посебноста на еден цел народ.

Како еден во нишката на руската пропаганда во Македонија, треба да го спомнеме и Јордан Хаџи Константинов – Џинот. Тој бил назначен во 1848 г. за скопски учител од страна на Ѓорѓи Попович, угледен скопјанец и почесен конзул на Русија во Скопје.

Васил К`нчов, бугарин од Бугарија, кој работел како егзархиски професор во солунската гимназија во последните децении на 19 век и бил современик на Џинот, во своите белешки забележува: “Хаџи Георги (Попович) си турил грижа да најде достоен учител за Скопје. ..Тоа бил велешкиот ентузијаст Јордан хаџи Константинов, наречен од населението Џино“ (Град Скопие. Бележки за неговото настояще и минало, стр. 137, В. Кънчов/ I. изд. Периодическо списание, кн. LV —LVI, 1898; Библиотека, II, кн. XIII, 1896).

За политички врски на скопските првенци со Русија, Васил К`нчов пишува “Помалиот брат, хаџи Христо (Попович), одел по трговски работи во туѓина. Неколку пати бил и во Русија. На враќање носел книги и ги распространувал меѓу населението. Бугарските патриоти навистина имале некакви врски со Русија; веројатно тие биле во преписка со одеската бугарска колонија, која се грижела во тоа време за разбудување на бугарите. Кога обвинувањата против Поповичи зајакнале, тогаш тие издејствувале од руската влада да ги земе под свое покровителство. Тоа се случило околу 1850 или 1851 година. Хаџи Георги (Попович) бил назначен за почесен руски консул“ (Град Скопие. Бележки за неговото настояще и минало, стр. 148/149, В. Кънчов/ I. изд. Периодическо списание, кн. LV —LVI, 1898; Библиотека, II, кн. XIII, 1896 ).

Дури по назначувањето на Џинот за скопски учител во 1848 г. од страна на рускиот почесен конзул, од кого добивал и плата, започнал да соработува со бугарските пропагадни организации, основани и финансирани од Русија и започнал да пишува пробугарски текстови и да ги објавува истите во бугарските емигрантски весници, како ’’Цариградски Вестник“. Пред тоа, Џинот работел како српски учител во Велес и користел српска просветна литература во велешките училипта како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кънчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.).

Во 1863 г., Јордан Хаџи-Константинов бил осуден на казна затвор од страна на турските власти за политичка соработка со Русија. За овој настан, самиот Јордан Хаџи-Константинов запишува “Шестдесет дена ме пратија в Битоља за името „руссъ” („ГОНЕНИЕ И СТРАДАНИЕ ЗА ЧЕСТНО ИМЯ БОЛГАРСКОЕ” (с. 31). Едно писмо от прочутия даскал Джинот до Н. П. Тъпчилещов” објавено во бугарското списание „Минало” (1909, кн. 2, с. 187-202).
__________________


ДАЛИ НЕКОЈ ЗНАЕ КОЈ Е АВТОР НА ТОА ПОГОРЕ?

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 07:37
Американскиот сведок на Крушевската Република

Фредерик Мур е единствениот новинар кој имал можност со свои очи да ги проследи случувањата во Крушево за време на Илинденското востание во 1903 година. Во тој период работел како дописник на „Њујорк трибјун“ од Македонија, а подоцна ќе објави и книга „Трагите на Балканот“, во која дава детален опис на сите настани за кои непосредно сведочел. Фотографиите од Солун, непосредно по атентатите се негово дело, бидејќи случајно се затекнал во градот за време на акциите на гемиџиите. Едно од многуте сведоштва е и за Крушевската република. Се претпоставува дека Мур влегол во Крушево веднаш откако било задушено востанието заедно со турската војска, иако, според информациите што ги објавува, впечаток е дека бил присутен во градот и во десетте дена од републиката.

ВОСТАНИЦИ „Кусо по полноќ, утрото на 2 август 1903 истрели од пушки и гласно „Ура“ го нарушија мирот во мирното планинско село. Околу 300 востаници предводени од Пето Влавот (Питу Гули, н.з.) и четворица други лидери го изненадија градот. Во малата касарна имаше 15 турски војници, а во конакот и во неколку приватни куќи уште 10-12 турски претставници и нивните семејства, како и уште неколку војници. Жителите на градот се христијани, Власите се мнозинство, а има одреден број Бугари. Војниците успеаја да си ги земат пушките и да избегаат од касарната притоа убивајќи најмалку 8 востаници. Турскиот телеграфски писар исто така успеа да избега, но владините претставници загинаа сите до еден. Кајмакамот беше на пат во Битола. Откако ја опколија владината зграда за да го спречат бегството на Турците, востаниците упаднаа во дуќаните и ја зедоа сета нафта која успеаја да ја пронајдат. Нафтата ја истурија во Конакот, во касарната и во телграфската канцеларија и ги запалија. Помеѓу 15 и 20 турски војници беа убиени бегајќи од пламенот, но жените и децата беа поштедени и спроведени во една влашка куќа, со исклучок на една жена и дете кои беа погодени на излегување. Пламенот се прошири и десетици куќи и дуќани изгореа заедно со турските. Дел од нив, сигурен сум, беа запалени за да биде зафатен и конакот и да се осигура смртта на Турците.

Утрото востаниците поставија црвени знамиња низ целиот град и формираа провизорна влада, како и комисија составена од жителите- двајца Бугари и тројца Власи кои беа задолжени да се грижат за тековната работа. Без инструкции сите жители ги фрлија фесовите. Тројца шефови на бандите беа именувани за воена комисија и нивните задолженија беа драстични. Нивната прва одлука беше да осудат на смрт двајца припадници на Грчката Патријаршија кои шпионирале во корист на Турците за целите на организацијата и плановите на локалниот комитет да организира востание. Мажите беа однесени во шумата и убиени. Уште првиот ден, востаниците одеа од куќа во куќа и бараа донации во храна, а подоцна бараа и олово за производство на к*ршуми. Дополнителни востаници пристигнаа, а и голем број локални Бугари и Власи им се придружија, со што нивната бројка се искачи на преку 600 востаници. Веднаш почнаа да градат засолништа, а направија и два дрвени топа, какви што се користеа за време на Бугарското востание во 1870-те. Топовите беа бескорисни и им беа оставени на Турците кои ги довлечкаа со нив во Битола.

КОМИСИЈА Вториот ден, богатите луѓе од градот беа изведени пред воената комисија. Беше направена листа (од информациите добиени од локалните членови на организацијата од Крушево) за состојбата и богатството на секој виден жител на општината. На секој кој ќе се појавеше пред Комисијата му беше одредувана сума во согласност со проценката за тоа колку пари има. Никакви протести и молби не влијаеа врз Комисијата и во речиси сите случаи, парите беа исплаќани на време. Повеќе од илјада долари беа собрани на овој начин, а во замена им беа давани книжни пари кои ќе важат по ослободувањето на Македонија. Во неделата на свештениците и од Грчката и од Бугарската црква им беше наредено да служат реквием за загинатите комити во нападот. Беа одржувани состаноци на отворено, а на луѓето им се обраќаа лидерите на групата.

Во десетте дена востаничка окупација беа организирани стражи и патроли кои ги одржуваа редот и мирот во градот, и никакви насилства не беа сторени. Сепак, бизнисот запре. Пазарот беше затворен бидејќи снабдувањето сопре, а трговците од околните села беа блокирани од турската војска и од башибозукот, кои се наоѓаа околу градот. Веста за заземањето на Крушево во Битола стаса на 3 август, но дури 9 дена подоцна беше направен обид повторно да се заземе. Дотогаш беа мобилизирани 3 илјади војници со 18 топови, а околу градот имаше и околу 3-4 илјади башибозук од околните турски села. Кога топовите беа наместени над градот, командантот на трупите Бахтијар Паша им испрати пишана порака на востаниците да се предадат. Тие одбија и почна артилерискиот оган. Најголемиот дел од востаниците избегаа низ густата шума која изгледаше како да им е намерно препуштена за бегство, но дел заземаа позиции околу планинските патишта кои водеа кон градот, а други се засолнија во забарикадираните згради на периферијата на градот, од каде извесно време пружаа отпор. Двајца од лидерите, Пето и Иванов, загинаа во борбите. Пето Влавот беше животописен карактер. Имаше 35 години и беше роден во Крушево. Во 1886 година бил затворен и одведен во Мала Азија. Но, по генералната амнестија бил ослободен и се вратил во Македонија, повторно придружувајќи му се на револуционерното движење во Крушево и околината. На состанокот на водачите пред турскиот напад, Пето изјави дека нема намера да се предаде. Другите можат да си заминат, но тој ќе им дозволи влез на Турците само преку него мртов. Со 18 луѓе кои одлучија да загинат со него, тој зазема позиција во близина на главниот пат и ја задржа цели пет часа. Се тврди дека се самоубил со последниот к*ршум за да не им падне в раце на Турците.

Жителите веднаш ги вратија фесовите и делегација од видните луѓе со бело знаме замина во штабот на Бахтијар Паша за да го предадат градот. По пат беа сопрени од војската и башибозукот и им беа испразнети џебовите, а потоа им беше земена и облеката и чевлите. Кога стигнаа речиси голи во штабот, покрај предавството, врачија и протест, по што Бахтијар нареди да им биде вратена облеката.



ПОЖАР ...Хилми Паша ми објасни дека „несреќниот“ пожар се случил како резултат на бомбардирањето, кое, како што ми рече, секоја цивилизирана нација би го презела при освојување на град. Но, секоја куќа во Крушево беше поединечно запалена. На вратите на 600-те куќи кои беа само обиени се гледаа траги од секири и тесли. На оние ѕидови кои останаа, беа забележливи траги од нафта. Уништувањето на Крушево предизвика големо внимание во Битола, и му беа испратени инструкции на турскиот командант да обезбеди потписи од жителите дека тоа е дело на востаниците. Неколку жители потпишаа од страв, но најголемиот дел од Власите одбија да го сторат тоа. Интересен факт, кој зачуди многумина беше што, со исклучок на бугарската црква, ниту еден дел од бугарската четврт не беше уништен. Грците, кои на сите начини се обидуваа да ги обвинат востаниците, тврдеа дека лидерите на востанието направиле договор да не се напаѓаат Бугарите, давајќи му ги на Бахтијар Паша парите што ги собрале од Власите. Но, ваквите соопштенија кои доаѓаа од Атина не беа вистинити. Невозможно е такви преговори да се одвивале овде. Редовите на востаниците во голема мерка беа пополнети со Власи, повеќе од 200 востаници загинаа во одбрана на градот, и прашањето е како воопшто востаниците би стигнале живи до штабот на Бахтијар Паша, а уште помалку е веројатно дека Турците би почитувале таков договор. Причината што бугарскиот дел остана негибнат е или во стравот на Турците од поставен динамит, или сиромашниот бугарски дел едноставно не беше вреден за ограбување. На Турците им беше добро познато дека Бугарите, кои се ситни сточари, одгледувачи на овци и работници, се ужасно сиромашни, додека Власите, кои патуваа се до Солун, се трговци и добро им оди. Турците, откако не успеаја да заробат ниту еден востаник, уапсија 6 невини Власи и заедно со двете дрвени топчиња, како доказ за нивната вина, ги однесоа во Битола. Затворениците беа веднаш ослободени по интервенцијата на конзулите. Откако поминаа два дена во шумата, исплашените жители се вратија во градот. Ги наоѓаа телата на нивните роднини и пријатели на улиците на градот. Бараа да ги закопаат, но тоа не им беше дозволено. Со ретки исклучоци, телата беа собирани од војниците и фрлани во плитки дупки покрај улиците.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 10:31
Originally posted by cercetator cercetator напиша:

Руските обиди за бугаризација на Македонците и Македонија

--------------------------------------------------------------------------------





Незнам кој го напишал овај текст, но, истиот ми остави силен впечаток.

Се надевам дека и ти си подеднакво инпресиониран од текстот како и јас.


Барем можеш да ни кажеш каде го најде.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 14:41
ПРИДОНЕСОТ НА ВЛАСИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ШИРЕЊЕТО НА
ИМЕТО МАКЕДОНСКО ВО XVIII И ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА XIX ВЕК
Иако со оглед на консте-
лацијата на севкупните однo-
си во последниве децении ис -
тражувањата за нациите не
носат полза, дури можеби се
и контрапродуктивни, сепак
секој народ е заинтересиран
за сопствената етногенеза, осо-
бено ако му се оспорува опс-
тојноста, или ако е загрозен
од некомпактноста, односно
има статус на малцинство. Па-
тем, веројатно тоа е фаза од
обидите за докажување на
сопствениот бит, низ која ми-
нале историографиите на ре-
чиси сите народи. На при мер,
повикувајќи се на продол жу-
вањето на Светата Римска им-
перија во лицето на Хабз-
буршката монархија (ова ти-
тулирање завршува 1806 го-
дина), Јохан Турмаир, на ре-
чен Авентин, во XVI век Ба-
варците ги идентификува со
Илирите и им припишува
роднинска врска со Алек сан-
дар Велики Македонски.
Бидејќи според западните
сознанија од XV до XIX век
илирското име се однесува
на словенското население, за
Ѓеорѓија Пулевски, Алексан-
дар Велики бил Словен и ав-
тохтоното население во Ма-
ке донија отсекогаш било сло-
венско, со што нагласено ја
глорифицира македонската
историја.
Одделно е прашањето да-
ли може да се зборува за чис-
ти култури, народи и нации,
особено на Балканот, кој ка-
ко природен мост на трите
стари континенти претставу-
вал премин и крстопат на
повеќе индоевропски на ро-
ди. Тие оставиле материјални
и духовни, односно културни
траги кои и денес претста-
вуваат предизвик за доосоз-
навање на минатото на овој
регион.
ИМЕТО МАКЕДОНСКО ВО XVI I I И В Проблематична и дис кута-
билна е етногенезата и на ста-
рите и на подоцнежните на-
роди, кои минувајќи преку
балканските простори или
за седнувајќи се овде, биле
подложени на влијанија, од-
носно имало заемни мешања
со автохтоното население. Спо -
ред академик Никола Тасиќ,
измешаноста на народите на
Балканот ја потврдува пежо-
ра тивната приказна за "бал-
кански лонец во кој се вари
разновиден зеленчук".
Заслужува внимание и
име нувањето на одделните
балкански народи. На при-
мер, за Власите има де сет-
тина именувања: Араман, Ар-
ман, односно Ароман (спо ред
Густав Вајганд), потоа Ма ке-
доно-Власи, Куцо-Власи, Ка-
ра-Власи, Каракачани, Цин-
цари, Власи-Меглени и др.
Терминот "Арнаути" не треба
безрезервно да се поисто-
вети со Арбанаси, Шиптари
(како сами се нарекувале),
Арбреши (биле именувани
во Јужна Италија), односно
Албанци. Според Константин
Н. Велики, уште од почетокот
на востанието на Тудор Вла-
димиреску во него учес тву-
вале многу Арнаути, односно
Бугари, Грци, Албанци, Срби
(Македонците не се одделно
именувани, но се вброени,
главно, во Бугарите и по мал-
ку во Грците). Според ака де-
мик Николај Тодоров, многу
бугарски (балкански з.м.) вои-
ни во Грчкото востание биле
нарекувани "Арнаути", а спо-
ред академик Чедомир По-
пов, ударната сила на воста-
ниците на Тудор Влади ми рес-
ку биле "Арнаутите" и "пан ду-
рите". За Србите се сре ќа ва ат
термините: Раци, Рас циа ни,
Срби, Србијанци, во Сла во ни-
ја погрдно биле на рекувани
Власи (според ака демик Слав -
ко Гавриловиќ), а во ав стрис-
ката службена до кументација
сите право слав ни биле еви-
ден тирани како неунијати
Грци, односно Илири.
Македонското христи јан-
ско, како и останатото бал-
канско христијанско населе-
ние во рамките на Осман лис-
ката империја, било сметано
за зимии, раја, ѓаури, каури,
рисјани, односно право слав-
ни. Со воведувањето на ми-
лет системот во XIX век, по-
големиот дел од маке дон ско-
то христијанско, главно, сло-
венско население се при опш-
тувало кон "Булгар милет",
дел кон "Рум милет". Кога кон
крајот на XIX век српската
дипломатија издејствувала во
пописите да се воведе "Срб
милет", дел од македонското
словенско население се де-
кла рирало во "Срб милет".
Неспорно е дека, ако имало
некој да се заложи и да се
избори за воведување "Ма-
кедон милет", повеќето маке-
донско христијанско сло вен-
ско население би се при опш-
тило кон него. Идентитетот
на Власите од Високата порта
е признат во 1905 година.
Инаку, Власи трговци од Ма-
кедонија, при преминува ње-
то на турско-австриската гра-
ница во XVIII и во првата по-
ловина на XIX век, се прет-
ставувале како "Македонци",
односно турски поданици од
Македонија.
При едно истражување во
Белград, во разговор за ма-
кедонската историја со д-р
Климент Џамбазовски и со
академик Васа Чубриловиќ,
чие семејство било од Сер,
Чубриловиќ рече: "Консо ли-
дацијата на македонската на-
ција е задоцнета..., а името
македонско во Европа го ши-
рат Цинцарите (Власите)".
За XVIII и за првата по ло-
вина на XIX век во Маке до-
нија, на пошироките право-
славни балкански простори
и во "грчките", односно бал-
канските колонии во европ-
ската дијаспора е карак те-
ристична грчката културна
елинизација. Бидејќи до кра-
јот на XVIII век припадниците
на една конфесија се сметале
за еден народ, православните
граделе заеднички цркви, а
богослужбата се вршела,
главно, на грчки јазик. Кога
од крајот на XVIII век по ин-
тензивно се воведува литур-
гија на црквенословенски ја-
зик, на едната страна од црк-
вата се вршело богослужба
на грчки, а на другата цркве-
нословенски, односно наиз-
менично биле користени хра-
мовите до изградба на од-
делни.
Власите од Македонија,
при поделбата на грчката и
на словенската богослужба,
се определувале за бого служ-
ба на грчки јазик. Всушност,
грчкиот јазик бил во упо тре-
ба во трговските трансакции
на Балканот и пошироко,
своите синови Власите тр-
говци ги школувале на грчки
јазик. Македонските Власи во
Земун биле вклучени во Грч-
ката школска општина, која
се викала "Заедница на Грци
и Македовласи". Инаку, по-
себноста на влашкиот јазик
никогаш не е оспорувана. Од
седумдесеттите години на
XVIII век има зачувано трија-
зичник на: грчки, влашки и
на албански јазик, подготвен
од поп Теодор Кавалиоти
(син на Влаинка и Албанец,
според д-р Бојка Соколова).
Во деведесеттите години на
истиот век поп (хаџи) Данаил
Москополецот составил че ти -
ријазичник на: грчки, влаш ки,
бугарски и на албански јазик.
Во 1813(4) година во Виена,
Михали Бојаџи објавил "Macedo-
walachische Gramatik"
(цитирано според библиогра-
фијата на Д. Панковиќ), на
грчки и на германски јазик.
Влашкиот јазик како говорен
е евидентиран во Охридско,
Битолско и во други места во
една француска статистика
за Македонија од 1807 го ди-
на (според Г. Јакшиќ). Меѓу-
тоа, влашкиот јазик бил во
употреба во семејниот круг,
а за потребите во комуни ка-
циите, главно, трговски, со
мнозинското население во
со седството и пошироко, Вла-
сите, особено мажите, збо ру-
вале и грчки и словенски
(според проучувачот на ис-
торијата на Власите д-р Ду-
шан Поповиќ - "нашки", кој
по потреба го именувале ка-
ко српски, бугарски и маке-
донски. Јужнословенските ја-
зици во тоа време не се ко-
дифицирани), како и ал бан-
ски и турски, во зависност од
местото на живеење и дејс-
твување.
Со преселбите во Руското
царство во времето на Петар
I Алексеевич и на неговите
наследници, балканските пра-
вославни христијани биле ор-
ганизирани во полкови, шан-
чеви и гарнизони. Овие, пол-
ковите на Ј. Албанез, И. Хор-
ват, Ј. Шевиќ, Ј. Прерадович,
секако и Македонскиот, Бу-
гарскиот и др., како и "Нова
Сербија" и "Славено Сербија",
биле составени од: "Сербов",
"Македонјан", "Болгар", "Ар-
наут", односно "из греческују,
сербскују, болгарскују, волос-
кују, македонскују нацију" итн.
Според сегашните сознанија,
во полкот на Ј. Шевич 74 ли-
ца се декларирале "из маке-
донској нациеј". За жал, сос-
тавот на припадниците на
"Ма кедонскиот полк" не е
познат, но сите полкови биле
составени од различни на-
роди, односно нации.
Во преписката на црно-
горскиот владика Василиј
Петрович со грофот Ворон-
цов и царицата Елисавета
Петровна, за турските пода-
ници: "Албанези, Македон ја-
не, Сербиј, Болгари, Бош нја-
ки" и венецијанските пода-
ници "Далмати" се бара заш-
тита од царицата.
Според Петар Ќеппен, ис-
тражувач-статистичар од сре-
дината на XIX век, 81 отсто од
преселниците во бугарските
колонии во Бесарабија биле
Бугари, а од нив 69 отсто
биле дојдени од Македонија и
од Румелија, главно, до 1830
година. Натаму вели дека
преселниците од Македонија
се викале Македонјани.
Со оглед на фактот што
најподвижни во соодветниот
период биле Власите, а Влав
со потекло од с. Арвати во
Долна Преспа бил и Иван
Хорват, главен организатор
на преселбите од средината
на XVIII век, не е исклучено
повеќето од македонските
преселници да биле Власи.
Или можеби терминот "Ма-
кедонјан" бил во употреба за
македонското христијанско
население во XVIII и во пр-
вата половина на XIX век.
Ѓеорѓије Магарашчевич, про-
фесор во Будим, во својата
"Кратка всемирна историја",
објавена 1831 година (од стр.
24 до 27), со името "Ма ке-
донјани" ги претставува ан-
тичките Македонци.
Од изнесеното се гледа
сложената балканска исто-
рија, односно дека никој од
сегашните балкански народи
нема право да бара кон ти нуи-
тет со поранешните, како што
вели проф. Наде Проева.
Власите од Македонија и
од Балканот воопшто биле
најподвижни во изминатите
милениуми, емигрирале и се
стационирале и пошироко
од балканските простори.
Тие биле лојални граѓани во
сите држави каде што опс-
тојувале и високо се издиг-
нале материјално и инте лек-
туално. Меѓутоа, малку се
вклучувале во политичкиот
живот. Власите, исто така, не
ја нагласувале својата нацио-
налност, односно според ака-
демик Јован Цвииќ и проф.
Ѓурѓица Петровиќ, биле нон-
шалантни кон етниконот. Ов-
де би додала дека во се гаш-
ниот тренд на глобализација,
со својата прилагодливост,
штедливост, космо полити зам
и користење повеќе јазици,
Власите треба да им служат
за пример на останатите на-
роди.
проф. д-р Милка Здравева,
Скопје
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 20:48
Многу интересе клип за Власите од Верја (Грција). Ова е нешто ново, на грчка телевизија  да се дава дека има дрги некои народи освен Грци па дури и дека учат на свој мајчин јазик во училште. Додуша влашкиот е неречен дијалект, ама за почеток не е лошо. Интересно.
http://www.youtube.com/watch?v=l9m43a6c3OY&feature=channel_page
исто така уште еден интересеннапис за признавање за придонесот на Власите во општото добро на Балканот. Куќата на Карамати во Земун, Србија
http://www.politika.rs/rubrike/Magazin/Svedok-prohujalih-vremena.lt.html
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 21:33
Грците им забранија да пишуваат на влашки дури на надгробните споменици, арно ама иако со леснотија зборуваат грчки и албански мајчиниот јазик никогаш не го забораваат. Убав документарец за Власите од Самарина.
http://www.youtube.com/watch?v=f4jDKPJUzis&feature=channel_page
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 09:48
Od Milka Zdraveva toa mi be[e poentata

Идентитетот
на Власите од Високата порта
е признат во 1905 година.
Инаку, Власи трговци од Ма-
кедонија, при преминува ње-
то на турско-австриската гра-
ница во XVIII и во првата по-
ловина на XIX век, се прет-
ставувале како "Македонци",
односно турски поданици од
Македонија.
При едно истражување во
Белград, во разговор за ма-
кедонската историја со д-р
Климент Џамбазовски и со
академик Васа Чубриловиќ,
чие семејство било од Сер,
Чубриловиќ рече: "Консо ли-
дацијата на македонската на-
ција е задоцнета..., а името
македонско во Европа го ши-
рат Цинцарите (Власите)".

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 10:37
Секако и полкот на Драганов бил Влашки-сега е прашање дали и самиот Драганов бил ВЛАВ,по целите текстови прочитани эа Власите може да се эаклучи дека 50% од Бугарското население се Власи,10% туркоМонголи,30% шопи и 10% останато-исто во Грција 50% се власи(цинцари)10%Грци и 40% муслимани.
Дали некој ова пишуваното го чита и дали се смета эа вистина се она што е текстуално напишано,прашувам само од причина да энам дали и јас да почнам историја да пишувам
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2009 во 10:42
Голема ролја имале Власите.

ЕТНОГЕНЕЗА
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 66>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.