IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Како се добива ХИВ-СИДА?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како се добива ХИВ-СИДА?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како се добива ХИВ-СИДА?!
    Испратена: 30.Ноември.2007 во 13:48

По повод 1ви Декември - светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА еве неколку информации за оваа опака болест, што ги најдов на нет

Пораст на ХИВ во Македонија

Креирано 11 Сеп 2007 - 22:23
Вирусот на СИДА

Од почетокот на оваа година до сега во Македонија се дијагностицирани пет нови случаи на хив позитивни и заболени од сида.

Вкупниот број на евидентирани лица е 101, а од нив 55 се починати.

Заболените со хив и сида не сакаат да говорат јавно, но сепак анонимно открија детали од нивните животни приказни.

Семејството на Стојан од Прилеп е првиот е единствен експониран случај на заболени од сида во Македонија.

Во 1993 година тој јавно проговори за сидата.

Неговата сопруга и двете деца починаа набргу, а тој е хив позитивен и живее во Прилеп, отфрлен од средината.

Најчесто во тајност

Другите заболени лица не сакаат да се експонираат во јавноста.

Доктор Александар Арников е програм менаџер на проект спонзориран од Глобалниот фонд за борба против сида:

„За жал се уште постои стигма и се уште на тие луѓе им е проблем да се јават и гласно да зборуваат за својата состојба. Имајќи ги предвид околностите во земјата ние и не инсистираме. Меѓутоа, работиме на тоа да ја доведеме средината до една фаза, во која ќе може без поголеми проблеми да ги прифати овие луѓе".

Доктор Весна Велиќ Стефановска од невладината организација МИА, контактира со заболените од хив и сида.

Преку неа, по електронски пат до нив ги пративме следните прашања:

Какво ризично однесување имале и кога дознале дека дека се хив позитивни или заболени од сида?

Како се чувствуваат сега и дали се прифатени од средината?

Добивме одговор од две лица.

Првото лице е од женски пол на воздраст од 31 година:

„Имав повеќе партнери, а понекогаш не користев кондом. Не се чувствував добро па отидов на лекар. Направив многу прегледи и тестирања и на крај лекарите утврдија дека имам сида. Секој ден се чувствувам различно. Знаат само родителите, друг никој не знае.“

Второто лице е момче на воздраст од 27 години:

„Со партнерката бев долго време и не користевме кондоми. Еден ден ми кажа дека направила тестирање и дека е болна од сида. Лекарите ми препорачаа и јас да направам тест. Не чувствував никакви здраствени проблеми, но тестот покажа дека сум хив позитивен. Никој не знае. Се преселив и живеам во друг град. Не знам како ќе биде кога состојбата ќе ми се влоши ".

Со терапија животот се продолжува

Доктор Весна Велиќ Стефановска вели дека со примање на антиретровирусна терапија, животот на носителите на хив вирус и на заболените од сида се продолжува :

„Од моментот кога ќе влезат во стадиум на сида, лицата во просек живеат две години. Меѓутоа, кога се хив позитивни, со антиретровирусната терапија можат да живеат и повеќе од 20 години ".

Анкетата во Скопје покажа дека граѓаните се едуцирани за сидата, и би им понудиле пријателство на заболените од хив и сида :

„Би се дружел, зошто да не. Сидата не се пренесува со дружење и со допир. Нема потреба да ги одбегнуваме ".

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:03
ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот

Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор.

- Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан.

ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година.

Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен.

- Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан.

Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија.

- Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан.

Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата.

- Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев.

Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава.

- Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев.

Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него".

- Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ.

На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава.
Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:04

СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит (на англиски AIDS од Acquired Immune Deficiency Syndrome) е глобална човечка епидемија.

Кога ХИВ долго време се борел со имунолошкиот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

Светската Здравствена Организација проценува дека меѓу 2,8 и 3,5 милиони луѓе умреле од СИДА во 2004. Околу 60% од населението со СИДА живее во суб-Сахарска Африка каде медицинските процедури вклучувајќи и трансфузија на крв претставуваат извори на многу случаи на СИДА.

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:05
Кои се знаците за СИДА

Најчестите знаци кои укажуваат дека ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:

  • Постојано чувство на замор.
  • Ноќно потење - како резултат на ноќните температури.
  • Послабо помнење.
  • Брза загуба на тежина.
  • Отечени лимфни јазли.
  • Рани во усната шуплина.
Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:15

Првиот случај на СИДА беше пријавен пред 25 години. Оттигаш, СИДА-та го смени светот. Усмрти 25 милиони луѓе, а дополнителни 40 милиони се заразени. Стана водечката причина за смртност и кај жените и кај мажите на возраст од 15 до 59 години. Направи огромен пресврт во историјата на човековиот развој. Со други зборови, стана најголем предизвик на нашата генерација.

Предолго, светот не сакаше да се соочи, но во изминатите 10 години, ставовите се сменија. Светот почна да ја сфаќа борбата против СИДА-та сериозно, како што и треба да биде.

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2007 во 14:19
СИДА Терминатор
Генетски модификувана верзија на СИДА која успешно го уништува вирусот на СИДА и го обновува имунитетниот систем на пациентите е најновиот метод за кој научниците се надеваат дека ќе доведе до конечна победа над "чумата."

Докторите од Универзитетот Пенсилванија успеаа да создадат мутиран вирус кој се покажал неочекувано успешен во тестовите спроведени над 5 пациенти.

Кај сите учесници ХИВ вирусот веќе бил во понапреден стадиум, кога  на пациентите не им помагале стандардните третмани и лекови а нивниот имунитетен систем бил пред целосен колапс.

"Третманот делуваше како вакцина над имунитетниот систем и пациентите. На крајот од тестирањето пациентите покажаа многу подобри резултати во споредба со почетокот на третманот," објаснуваат докторите.

Во светот живеат над 38 милиони лица со вирусот на Сида а од 1981-ра болеста има убиено над 25 милиони луѓе.

Заразените од СИДА имаат на располагање коктел од лекови кој помага да се контролира болеста но не и да се излечи. Овие лекови имаат тешки нус појави кај пациентите. Често пати се случува вирусот да создаде отпорност кон лекот, поради што пациентите мораат да започнат со земање на нова терапија.

Veni Vidi Vici
Кон врв
f_frosina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај f_frosina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2007 во 15:38
Denes e Svetskiot den za borba protiv sidata, mislam deka treba malku da se pozboruva i za toa, A VIE??????????
f_frosina
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2007 во 16:58


tocno toa ...
sto da kazeme za sidata ...

nekoj ja sozdal ...
se prenesuva na malku cuden nacin ...
ama krajot e strasen ...

go gledav denes toj od prilep ...
vo vesnik ...
koj si gi pogreba zenata i dvete deca ...

strasna rabota ...

i plus toj gi zarazil ...

sigurno onoj sto go sozdal toa cudo ...
ima i lek ...

da se nadevame deka lek ke ima ...

                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2007 во 17:11

Ротери клубот вечер во 23 часот во VIP делот на дискотеката Хард Рок организира Анти-Сида забава. Влезницата е 500 ден во што влегува и неограничено пиење и кондоми.

Не одете таму! среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
brigitte Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 133
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brigitte Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2007 во 18:51
so da se kaze za sidata??? opasna bolest vnimavajte so kogo se sexate koristete kondomi ne stedete na niv.....safe sex!!!!
Кон врв
f_frosina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај f_frosina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2007 во 19:13
Originally posted by marco_antony marco_antony напиша:



tocno toa ...
sto da kazeme za sidata ...

nekoj ja sozdal ...
se prenesuva na malku cuden nacin ...
ama krajot e strasen ...

go gledav denes toj od prilep ...
vo vesnik ...
koj si gi pogreba zenata i dvete deca ...

strasna rabota ...

i plus toj gi zarazil ...

sigurno onoj sto go sozdal toa cudo ...
ima i lek ...

da se nadevame deka lek ke ima ...



Da. Za zal najcesto stradaat onie koi najmalku se vinovni. Ne znam koj e toj od PP, mozebi uste ne se znaelo mnogu za sidata koga toj se zarazil, ama denesnavistina mora da se vnimava so kogo se stapuva vo intimni odnosi i sekoj treba da znae kako da se zastiti. Osobeno mladite. Ubavo e sto vo ucilistata se poveke strucno se zboruva za toa
f_frosina
Кон врв
sensei Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2005
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sensei Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2007 во 04:14
Da, treba da se pozboruva. Sto da se kaze, osven tesko im na dobitnicite na lotarijata narecena sida.
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2007 во 13:22
Интересно е ова sensei што го спомна со лотаријава. Кај сидата не е баш така. Сидата не се добива баш така случајно, како во игрите на среќа. Сите ние сме возрасни и знаеме како се добива сида. Ако човек си пие само од својот бунар, тешко дека ќе добие на таа "лотарија"
 
Бај д веј, најголема група од заразените со сида се хомосексуалците, потоа следат проститутките, а по нив хетеросексуалците.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2007 во 13:30
sidata  najlesno se prenesuva preku daska na wc soljata
podotovo ako toj pred, uste ne stanalголема%20насмевка

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,090 секунди.