IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 18>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 05:16

Hyundai го подобри изгледот на малиот i10

 

Со цел да ги задржат одличните продажни резултати во класата на мали градски автомобили, Корејците го освежија i10.

Нова предна маска, нова светлосна група и редизајниран заден браник се промените кои треба да го задржат малиот Кореец високо на скалата на најпродавани градски автомобили.

Во внатрешноста, промените се однесуваат на новата инструмент табла, во која сега е интегриран и индикатор за навремено менување на степените на пренос, со чија помош се постигнува помала потрошувачка (доколку ги следите упатствата, нормално).

Под хаубата, постојана адреса најде 1,0 литарскиот трицилиндричен мотор, кој истиснува 69 коњски сили, чија сила е доволна за забрзување од 0-100 за 14,8 секунди и максимална брзина од 150 километри на час.

Ако овој мотор го одберетe во „blue“ верзијата, Корејците ќе ви го испорачаат поврзан со старт-стоп систем, кој помага потрошувачката да се сведе на само 4,2 литри на 100 километри.

Доколку сепак сакате некој коњ повеќе, за вас е наменет 1,3 литарскиот четирицилиндричен мотор кој истискува 86 коњски сили, доволни за спринт од 0-100 км/ч за 12,2 секунди и максимална брзина од 170 км/ч.

Освежениот модел на пазарот ќе се најде во март по цена од околу 9 000 евра

 
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2011 во 07:45
Suzuki во Женева го носи Swift S-Concept

Класичната верзија на Suzuki Swifta секогаш ја следеше спортска варијанта која редовно беше мелем за љубителите на подинамичното возење.

Минатата година со преставувањето на новата генерација на Swift, кај оваа група луѓе се роди надеж дека наскоро ќе заживее и спортската верзија на новиот Swift, а токму неа Suzuki ќе ја претстави на саемот за автомобили во Женева.

Возилото на саемот сепак ќе биде претставена во концепт верзија, но тоа нема да ги разочара љубителите на автомобилите на Suzuki. Kако што и самото име кажува Swift S-Concept, спортистот е базиран на последната генерација на малите возила на Suzuki.

Картата на која овој пат играа Јапонците е динамичниот и агресивен дизајн, како и перформансите кои ќе ги омекнат и оние кои се најкритички настроени. Концептот базиран на новиот Swift ќе се карактеризира со значително поагресивен изглед, постигнат со примена на нови браници, нова предна маска, светла со поинаков дизајн, задниот спојлер и минималистичките ретровизори.

Целта на дизајнерите на компанијата беше да создадат спортски компактен модел со неприкосновени перформанси, Судејќи според тизерот кој го објави компанијата, целта е постигната.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 07:39
Пензионер измисли електричен моноцикл
 

Пензионер од Кина измисли електричен моноцикл за кој вели дека може да помине 65 километри со едно полнење на батеријата.

Пензионерот Ли Јуниан(66) од Таијуан, град во кинеската провинција Шанкси, два месеца помина конструирајќи го електричниот моноцикл кој го нарече „Cool Friend“. Изумот има едно големо и три помали тркала кои му обезбедуваат стабилност и му помагаат при управување.

„Моноциклот е направен од стари делови од мотор. Во проектот вложив 120 евра, вклучувајќи го купувањето на три батерии“, вели Ли.

Пензионерот исто така го патентирал својот моноцикл кој може да се движи со брзина од 20 километри на час, а сега се надева дека наскоро ќе склучи договор со некој произведувач кој ќе почне со сериско производство на овој изум.

Во меѓувреме, Ли на своите сограѓани им дозволува да го испробаат неговиот Cool Friend, а за возврат тие може да му дадат предлози за подобрување на необичниот моноцикл
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 06:24
Maserati ќе го претстави GranCabrio Sport

Maserati го има еден од најубавите кабриолети на патиштата со својот GranCabriom. Но, во потрага по перфекција, секогаш постојат детали кои може да се направат подобро.

Еве од каде Италијанците ја добиле идејата за спортската верзија GranCabrio, која официјално ќе биде претставена на женевскиот саем за автомобили.

Прво што паѓа в очи е бојата, која е новина за имиџот на Maserati и е наречена „Roso Trionfale“. Освен тоа, GranCabrio Sport доаѓа со нова црна предна маска со Maserati лого. Фаровите се врамени во црна и бела боја, што на овој Maserati му даваат поагресивен изглед.

Што се однесува до моторот, тој има дополнителни 10 KS, така што сега нивниот број изнесува 450, зголемен е бројот на вртежи за 20 Nm, и конечниот број изнесува 510 Nm. Дополнителна снага обезбедува стандардниот, но благо изменет менувач и адаптираниот Skyhook суспензионен систем.

Цена? (Околу 130.500 евра). За повеќе детали ќе мора да го почекаме саемот во Женева.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 16:42
Мазда“ ќе претстави целосно нов дизајн
 
На меѓународниот саем на автомобили во Женева, што ќе се одржи од трети до 13 март, „Мазда“ премиерно ќе го претсатви возилото „Минаги“, што е најава на новата генерација модели со целосно нов дизајн, соопшти денеска јапонската автомобилска компанија
 
 
Новиот дизајн „КОДО“, што на јапонски значи „душа на движењето“, инспириран е од движењата во природата.

Со нови мотори, преносен систем, нова полесна каросерија и шасија, во рамките на новата „Скајактив“ (SKYACTIV) технологија, „Мазда“ на овогодинешниот саем во Женева ќе ја претстави и специјалната едиција на најпопуларниот „роудстер“ на светот „МХ-5“, што ќе биде достапен на европскиот пазар на пролет.

Кон врв
10101 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Април.2009
Локација: Jamaica
Статус: Офлајн
Поени: 963
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај 10101 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2011 во 19:47
Originally posted by GDrive GDrive напиша:

И од сите по едно праќаат кај нас, најверојатно затоа што сме бедни и немаме финансиски сили за да повлечеме повеќе од едно парче. Ама одлично изгледаат, нема коментар... Ford Focus RS500.Ford Focus RS5000 Повеќе...



Ford Focus RS500 е новата лимитирана едиција на Ford со супериорни перформанси. Она што е интересно и што мора да биде кажано е дека токму еден и тоа само ЕДЕН ваков Ford доаѓа во Македонија. Што е толку невообичаено, што е толку фантастично за да бидеме воодушевени од оваа информација и со срце да го чекаме пристигнувањето на RS500 во Скопје?
Новиот Focus RS500 има 2.5 литарски мотор со 5 цилиндри и 350 коњски сили што му дава 15% поголема моќност во однос на стандардниот Focus RS и резултира со навистина невидени перформанси на патиштата или патеките за трки. Моќноста на RS500 одзема здив, но истата е соодветна и проследена со исто толку драматична визуелна појава. Мораме да се согласиме дека со својата мат црна финиш боја и алуминиумски фелни 19, Focus RS500 остава максимален визуелен впечаток.

Јакооо, а и стварно многу јако изгледа... особено за разлика од зеленион што го рекламираат :D


Zeleniot e standard, a ovie crnite(RS500) imaat motor posilen za 45KS i pogolem intercooler za pogolema sila i brzina. 0-100-5.6s, top speed - 265kph.
98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 11:39
oznakata RS kaj ford datira od pochetokot na 70-tite., 15m-rs., escort 1600/2000 rs., i site ovie modeli bea bez konk*rencija kako i gorenavedeniot model.,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 11:44
., eden od niv vo akcija
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 11:55
totalno razocharuvanje ., go vidov so zg tablichki., redzajnirana C-5 na citroen ., barem za mene
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 11:29
Автомобили од банани

Со преработка на банани и ананас се добиваат наноцелулозни влакна, од кои се произведува нова пластика. Целулозата е градежен блок на клеточниот ѕид на растенијата. Новата пластика биолошки се разградува, полесна е и неколку пати е посилна од денешната пластика!

 Проблемот од се уште недоволно развиената навика за рециклирање и се поголемиот број производи направени од пластика се поттик за мерки како забрана за користење на најлон кеси за купување. Некои отидоа чекор подалеку и за производство на автомобили предложија банани, пренесува Њиред.

Наноцелулозните влакна слични на Кевлар

Бразилските научници развија постапка во која влакната од растенија како што се банана, ананас или кокос се претвораат во нов вид на пластика, која е полесна и посилна од таа која се прави со преработка на нафта. Наноцелулозните влакна, како што ги нарекоа, можат да се споредат со Кевлар, со тоа што изворот за суровиот материјал (бананата) е обновлив, а завршниот производ е поволен за рециклирање и биолошки се разградува. Се верува дека новата пластика во поширока употреба може да се примени веќе за неколку години.

„Својствата на оваа ‘пластика’ се неверојатни“, тврди Алсидес Лао, член на тимот од Државниот Универзитет во Сао Паоло. „Многу е лесна, но исклучително силна – околу 30 отсто е полесна од нормалната пластика, но 3-4 пати е посилна“. Таков материјал значително ќе ја намали тежината на новите возила, што за возврат ќе ја намали потрошувачката на гориво. На пример, Форд своите автомобили се обидува да ги направи полесни за 80-200 килограми, експериментирајќи со примена на нанотехнологија.

Освен спомнатите предности, наноцелулозата е пластика поотпорна на високи температури, бензин и вода, што значи дека за почеток, може да се применува во производство на инструментарни плочи, одбојници и некои делови кои денес се произведуваат од алуминиум.

Ананасот и бананите како градежни блокови на автомобилите

Целулозата е основен градежен блок на клеточниот ѕид на растенијата и е најраспространето органско соединение во природата. Нема мирис и вкус и не се топи во вода. Со преработка на дрвото и останатите растителни материи може да се добијат наноцелулозни влакна со толку мал размер што на човечко влакно можат да застанат дури 50.000. Така подготвена се додава на други материјали за да се произведе нова пластика.

Од разните растенија се чини најповолни се ананас и бананата, а следат кокосот и агавата. Нивните лисја и стебла се варат во уреди налик на експрес лонци, со што се добива материја која изгледа како пудра. Процесот е скап, но за сега не е познато колку би чинело производството, бидејќи моментално се работи на помали количини во лабораторија, но Лао тврди дека цената на производството ќе се намалува пропорционално со растот на примената. Од половина килограм наноцелулоза може да се добијат 50 килограми нова пластика.

За сега тимот се бави со примена на овој производ во автомобилската индустрија, но планираат да работат и на замена на челичните и алуминиумските делови на моторите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 23:35
Светска премиера на Citroen DS5

Ослонувајќи се на 90-годишната иновација, Citroen ја прошири својата понуда и разви нова линија на модели како додаток на својата основна понуда, а секако станува збор за DS линијата. Таа линија на модели кои денес ја прават DS3 и DS4 е наменета за купувачите во потрага за радикални автомобили. Автомобили кои можат да понудат нов и модерен премиум пристап и вистинско уживање.

Citroen DS5 кој во продажба пристигнува кон крајот на годинава, претставува нова етапа во развојот на DS моделите. Новиот DS исто така нуди уште поистакната стилистика и интересни  решенија, но и ново доживување и префиненетост во очекуваниот оригинален дизајн.

Со целосно нова концепција Citroen DS5 истакнува и нова технологија како што е интелигентниот систем против проклизнување, предупредувањето за ненамерното поминување во коловозни ленти преку видео систем и системот за автоматско вклучување на долги светла во зависност од состојбата во сообраќајот.

Исто така, DS5 ќе биде првиот Citroen со целосната хибридна дизелска технологија Hybrid4, со одлични перформанси од 200 KS и четири погонски тркала.

Линијата DS, која ја чинат DS3, DS4 и сега DS5, се произведува во Франција и се продава во Европа. Citroen, исто така ќе дистрибуира нова линија на премиум производи за меѓународниот пазар, пред се за Кина од 2012-та година.

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 11:51
чекање .,   emiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiillllllllllllllllllllllllll., намигнување .,., аплауз


Изменето од pajser - 23.Април.2011 во 11:53
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 11:57
 podnoveniot hyundai i20 ., ix 20 .,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2011 во 05:57
Новата Opel Astra остана верна на GTC концептот

Тимот од Russelsheim не можеше да дочека до септември, па ни ја покажа новата долго очекувана Astra, која на 7-ми јуни и официјално ќе биде претставена.

Ако треба да се суди според виденото, новата Astra GTC остана верна на концептот GTC Paris, со единствена разлика во обликот на предниот браник, како и изборот на конвенционалниот, наместо двоен излез на системот за издувни гасови.

Овој автомобил би требало да се појави на пазарот веќе од оваа есен.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.