IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - BREAKING NEWS......!!!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

BREAKING NEWS......!!!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 75>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 4,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 12:58
превземено од: BBC MACEDONIAN.com

Ревидирано на: 09. Април 2009 - Објавено на 09:31 GMT


Откритија за злоставувања извршени од ОВК
 
Запалени%20свеќи%20во%20спомен%20на%20жртвите
Запалени свеќи во спомен на жртвите
Се појавија докази за кршење на човековите права за кои се тврди дека биле извршени од борците на Ослободителната војска на Косово, за време и по конфликтот околу Косово во доцните 90-ти години.

Според изворите на БиБиСи, заробени луѓе од борците на ОВК, меѓу нив и косовски Срби и етнички Албанци, биле носени преку границата во Албанија каде што некогаш биле злоставувани или убивани.

Косовскиот премиер и поранешен политички водач на ОВК, Хашим Тачи ги негира овие наводи, велејќи дека такво нешто никогаш и никаде не е сторено.

Истрагата на БиБиСи укажува и на случаи кога заробените биле убивани за да се земат органи од нивните тела.

Има и тврдења дека доказите собрани од истражувачите на Обединетите нации во Албанија, подоцна биле уништени од Судот за воени злосторства во Хаг.

Се’ до сега фокусот за судирот главно беше свртен кон свирепостите извршени од српските сили во Косово.

Дописникот на БиБиСи во регионот вели дека некои од доказите ги добил и од етнички Албанци во Косово, кои сакаат да се дознае за насилствата, а сторителите да бидат извадени пред лицето на правдата.

Дали ова и кај нас се нема случувано и што стана со изјавата дека во овој геноцид на Косово учествувале и лекари од Македонија.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 13:06
stavi direkten link

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/04/090409_kosovo09.shtml

Изменето од LouWeed - 09.Април.2009 во 13:17
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2009 во 17:15
GO ANTIKVIZIRAA BRANKO CRVENKOVSKI ... ZA ZBOGUM ARM MU POKLONI STATUA NA VOJNIK OD FALANGATA NA ALEXANDER

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2009 во 21:11
Не е потребно да се кажува што и како треба да се стори.
Подобро  да дадеш свој коментар за настанот и свое мисленје и прилог. Сето друго кое го кажуваш е чиста демагогија. Затоа работи во приоог на темата и дај свој етички придонес.лутина

 
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2009 во 15:57
Убаво е Скопје вака украсеноголема%20насмевка
ВИДЕО: Големиот “Бик“ гo воодушеви понежниот пол

Нови десет скулптури беа промовирани низ центарот на Скопје од министерката за клутура Елизабета Канческа-Милевска и авторите на скулптурите. Овие се дел од проектот за поставување на 35 скулптури.

Скулптура “Бик“ од авторот Дарко Дуковски, што е поставена кај продавницата “Пеко“, беше прва денеска промовирана и обрна повеќе внимание на гостите од блиската кафеана. Некои госпоѓи чекаа со нетрпение да се фотографираат со огромниот Бик.

Скулптура “ЕЕЕЈ“ на авторот Димитар Филиповски, пред кафулето “Рома“ на улица Македонија, беше забележана од страна на помладите девојки.


 
Скулптурата изработена од авторот Ристо Станковски, “Маски“ поставена пред “Театар за деца и младинци“, нај интересна за децата.

“Чистач на чевли“ од Елена Дуковска е пред продавницата “МЕХХ“. “Просјак“, поставена на сив мермерен постамент на авторот Наташа Божарова, спроти продавницата “МЕХХ“.

Уметничкото дело “Жена со гитара“ изработено од  Синиша Новески ќе биде кај ,“Ирски паб“ на кејот до хотелот “Холидеј  ин“.

Скулптура “Бесконечна циркулација“ на авторот Сашо Саздовски,  ќе се наоѓа после паркингот кај  хотелот “Холидеј ин“. “Балерина” на автор Зоран Тошевски, е пред МОБ, и скулптура “Космо интеграла 2008“  е изработена од Антони Мазневски, поставена пред МОБ.


Автор на веста: Нетпрес




Изменето од mamamd - 12.Април.2009 во 15:58
Кон врв
rabani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 02.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rabani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 12:45
chist voen profit
isto kako i so kukite i imotite na nealbancite vo kosovo

17000 imoti koi ne se albanski denes im pripagaat na kosovarote i toa pred ochite na 70000 nato vojnici, pred se amerikanci vo bond stil
amerikanskoto voeno razuznavajne nemozi da ne znaelo za vakvi i za slichni sluchaevi
sigurno deka i cia ima dokazi so koi podocna ke mozi da gi vrbuva kosovskite albanci
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 20:05
Originally posted by rabani rabani напиша:

chist voen profit
isto kako i so kukite i imotite na nealbancite vo kosovo

17000 imoti koi ne se albanski denes im pripagaat na kosovarote i toa pred ochite na 70000 nato vojnici, pred se amerikanci vo bond stil
amerikanskoto voeno razuznavajne nemozi da ne znaelo za vakvi i za slichni sluchaevi
sigurno deka i cia ima dokazi so koi podocna ke mozi da gi vrbuva kosovskite albanci




Не е во прашање профит. Во прашање е геноцидот извршен врз многу живи луѓе од кои се вадени ограни........Досега никој не го достигнала правдата. А се споменува дека во тој лекарски тим имало и лекари од Македонија. Проблем кој државата треба да најде начин да ги открие кои се тие и да го реши прачањето по основ на вина со нив.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 20:52
ПРОНАЈДЕНА ГРОБНИЦАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, ШПЕКУЛРА СРПСКИОТ МАГАЗИН СИТИ

Пронајдена гробницата на Алексанар Македонски по стоти пат во Македонија. Секогаш на различни локации.

Овој пат таа се наоѓа на гарничниот премин меѓу Македонија и Грција во областа Вишје, шпекулира српскиот портал Сити Магазин. За иронијата да биде поголема тие измислиле имиња на луѓето што го пронашле гробот, и искористиле стари фотографии од археолошки ископувања. Ова ги изиритира надлежните и овој настан го сметаат како провокација за државата, заради проблемите кои ги има со Грција. Како што вели директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, од ваквите невистини одземаат време за да се пронајде вистината.

- Ако тоа е вистина, тогаш е најголема лага, ако е лага, најголема вистина е - изјави Паско Кузман.

Денеска Сител стапи во контакт со повеќе археолози кој се занимаваат со истражување на античкиот период. Тие прв пат слушнаа за информацијата дека била пронајдена гробницата на Александар Македонски. Се поставува прашањето зошто соседните медиуми објавуваат шпекулалации за македонската историја и култура.

Izvor SITEL...


Srbite si igraat igracka so mnogu osetlivi prasanja za nas...
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2009 во 23:15
СЕ ПРЕЗЕМА ОДГОВОРНОСТА ЗА БЕГСТВОТО НА РАЗБОЈНИЦИТЕ НА ПРО КРЕДИТ БАНКА


Сменет командирот на полициската станица Центар


Бранко Павловски, командирот на полициската станица Центар во чиј реон се случи петочниот филмски грабеж на експозитурата на Про Кредит банка, вчера бил сменет од својата функција, дознава ВЕЧЕР од полициски извори


Бранко Павловски, командирот на полициската станица Центар во чиј реон е случи петочниот филмски грабеж на експозитурата на Про Кредит банка, вчера бил сменет од својата функција, дознава ВЕЧЕР од полициски извори.

Пет дена по грабежот и неуспешната акција за апсењето на разбојниците кои избегаа среде бел ден, започнуваат првите чистки во полицијата за преземање на одговорноста.

Неговата смена, велат од МВР, била поради неколку пропусти во работењето и недоволно покажани резултати во работата. Освен пропустот за грабежот во експозитурата по кој разбојниците успеаја да побегнат со 50.000 евра но и со 750.000 денари на скопјанец кој во моментот сакал да ги уплати на својата сметка, на контото на командирот се надоврзува и минатомесечниот инцидент на градскиот плоштад. Тогаш се степаа две спротивставени групи околу изградбата на црква на градскиот плоштад.

Во меѓувреме се чини дека косовската полиција покажува подобри резултати во работата од Македонската полиција. Имено косовското МВР, потврди дека во местото Враживир, во близина на косовското село Сечишта, биле пронајдени неколку кеси со метални пари чија вредност не ја соопштуваат на медиумите како една од точките на истрагата. На двете торби имало ознаки на Прокредит банка. Покрај торбите било пронајдено и оружје за кое се претпоставува дека го носеле разбојниците.

"Деновиве сме во активна комуникација со Македонската полциија, а на терен се уште траат акции, за чешлање на реонот околу селото Сечишта и местото Враживир", изјави за ВЕЧЕР Арбер Бека, портпарол на косовската полиција.

Веднаш по грабежот полицијата на Косово, заедно со КФОР, патролирала со два хеликоптера, а истовремено била активирана полицијата на Европол.
"Македонските колеги не информираа за настанот а ние започнавме потрага по разбојниците евентуално да не се пребегнати на косовската страна. Имавме повеќе патроли во делот кон косовско-македонската граница", објасни Бека.

"Истиот ден на локацијата Враживир, во реонот на граничниот премин Генерал Јанковиќ, пронајдовме 10 автоматски пушки и муниција, 10 рачни гранати. Гранатите ги подигна КФОР, а другото оружје за вештачење го зеде косовската полиција. Македонската полиција веднаш беше известена", објасни порпаролот на тамошната полиција.

Од МВР и натаму остануваат со истиот став, велат во интерес на истрагата, засега не откриваат нови информации и сознанија поврзани со петочниот грабеж.
Оттаму нема никакви информации за резултатите од вештачењето на автомобилите на разбојниците, како и на оружјето, муницијата и крвавите траги најдени во возилото. Истото се однесува и на евентуално осомничените лица, иако викендов скопската полиција работеше под полна пареа и беа распрашани стотина жители на градот.
- Во овој момент изнесувањето какви било детали од истрагата може да биде контрапродуктивно и единствено да и наштети на истрагата, единствена полза од било какви информации би имале само оние кои го сторија криминалот" - изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Инаку, грабежот се случи во петокот околу 9.30 часот, тогаш разбојничката група упадна во експозитурата на Прокредит банка и пред очите на десетици граѓани и службеници од трезорот, однесе околу 50.000 евра, но и 750.000 денари од скопјанец кој во моментот сакал да ги уплати на својата сметка. На излегување од банката разбојниците беа пресретнати од патрола на сообраќајната полиција, што беше сигнал за престрелка во која беа ранети полицаец и жена-патник во автобус на ЈСП. Од стотиците испукани к*ршуми беа изрешетени десетина возила и излози, но, за среќа, немаше жртви. По престрелката, разбојниците влегле во возилата и побегнале во правец на Мостот Гоце Делчев кон скопското Кале. При бегството, во близина на Француските гробишта, бегството на напаѓачите им го забавило возило "ланос", кое се движело по тесната улица. Тие не можеле да го поминат па го удриле со возилото и пукале во него. Нивните автомобили и дел од облеката беа најдени по еден час кај Визбегово.


Александар СРБИНОВСКИ
Фото :Ѕ.Плавевски



ПС. НЕКОЈ МОРА ДА ГО ЈАДЕ. ПА АЈДЕ ДА ПОЧНЕМЕ ОПАШКАТА, УДРИ ПО НАМАЛИОТ, ОД КОМАНДИРОТ. БИДЕЈЌИ КАЈ НАС НЕМА ДОБЛЕСТ НЕКОЈ ПОГОЛЕМ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА

Изменето од ninja_34 - 14.Април.2009 во 23:17
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
baba mulon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 258
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај baba mulon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 15:40
Стално е така го јаде оној кој не треба да го јаде.Ајде сега нека каже некој од врвот на МВР зошто нема потребна опрема за полицијата и средства за вакви ситуации?Не само излези на улица со пиштол и справи се со паравоена формација

Изменето од baba mulon - 15.Април.2009 во 15:41
Im YOUR NIGHTMARE
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2009 во 12:42
Ова вреди да се доживее, ама да се види дали ќе се успее...
АКЦИЈА НА ДАНОЧНАТА УПРАВА

Газдите на скапи коли на проверка

УЈП испратила допис до сите импортери со кој бара да и ги достават името и презимето на граѓанинот или називот на фирмата кои купиле кола поскапа од 25 илјади евра, адресата на купувачот, неговиот единствен матичен број или единствен даночен број, точната вредност и марката на купеното возило

Управата за јавни приходи од импортерите на возила бара податоци за сите купувачи кои од 1 јануари 2007 година досега купиле возило поскапо од 25 илјади евра. Според дописот на УЈП, импортерите треба да достават податоци за сите граѓани и фирми кои купиле толку скапо возило независно дали возилото е платено во кеш или со кредит или лизинг. Се бараат името и презимето на граѓанинот или називот на фирмата, како и адресата на купувачот, неговиот единствен матичен број или единствен даночен број, точната вредност и марката на купеното возило, бројот на фактурата и датумот на купување на возилото.
Неофицијално даночниците сакаат да проверат дали оние што платиле над 25 илјади евра за автомобил, го пријавиле приходот и платиле персонален данок за него.
Од УЈП велат дека податоците ги бараат зашто во тек е даночна постапка во која согласно Законот за Управата за јавни приходи, фирмите се должни да ги достават сите барани податоци. Од УЈП не откриваат како се утврдени критериумите за која категорија на купувачи да се собираат податоци, бидејќи станувало збор за даночна тајна.
"Информациите чие давање би предизвикало штетни последици и повреда на доверливоста на даночната постапка, како и сите документи, информации, податоци за даночниот обврзник до кои УЈП дошла во даночна, прекршочна или судска постапка се предмет на даночна тајна", велат од Управата.
Од Групацијата на импортерите на моторни возила велат дека пред да ги достават податоците до УЈП чекаат да добијат мислење од Дирекцијата за заштита на личните податоци, како и од Министерството за економија - сектор за потрошувачи и од Организацијата на потрошувачи. Импортерите ценат дека постои можност да ги загрозат правата на нивните клиенти од аспект на заштита на личните податоци, особено што Даночната управа бара податоци за сите кои купиле скапи возила, независно од начинот на плаќање.
Од Дирекцијата за заштита на личните податоци потврдуваат дека е во тек анализа за тоа дали преку ваква акција на УЈП се повредуваат правата за заштита на личните податоци на купувачите. Нивното мислење ќе биде готово до понеделник.
Независни експерти објаснуваат дека барањето на УЈП е дискутабилно, бидејќи државата располага со повеќе инструменти со кои може да ги следи трансакциите со поголеми износи. Согласно Законот за спречување на перење пари, банките ја пријавуваат секоја трансакција над 15 илјади евра кај надлежната дирекција, преку која УЈП исто така може да дојде до потребните податоци. Дискутабилно е и тоа што УЈП ги става во ист кош со можните затајувачи на данок и оние што возилата ги купиле на кредит.
Од Министерството за финансии се изјаснија дека акцијата на УЈП не е поврзана со собирање на податоци за евентуално воведување на нов данок на луксуз, туку дека веројатно станува збор за даночна постапка во која Министерството нема надлежност да се меша.
Од Организацијата на потрошувачи изјавија дека во Законот за заштита на потрошувачите нема никакви одредби кои се повредени со барањето на УЈП.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 13:36
Е ова се вика експедитивност. Стапи на функција и почни да работиш. Тоа што оди против гласачите со чии гласови дојде на власт не е важно. Важно е да се сруши нешто што го изградил претходникот. Нормално ли е ова?
КРУШЕВО ВОЗНЕМИРЕНО ОД ПЛАНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Ќе се урива игралиштето на Тоше

Крушевчани деновиве се вознемирени и лути по најавите дека игралиштето за одбојка, каде што трагично починатата ѕвезда Тоше Проески го минувал слободното време, ќе се претвори во пазар. Тие тврдат дека новиот градоначалник сака да го урне теренот, кој по смртта на македонскиот пејач стана собиралиште на млади луѓе од целиот Балкан. Другарите на Тоше се против оваа идеја и се закануваат дека заедно со сите крушевчани ако треба и со жив штит ќе го бранат ова место, кое е свето за нив. Жителите на Крушево велат дека од игралиштето веќе се извадени реквизитите и стравуваат дека градежните работи ќе почнат многу скоро. Веб-страниците за Тоше Проески, пак, се полни со фотографии од игралиштето за кое неговите обожаватели пишуваат дека било негов најомилен дел во Крушево. Жителите на градот, сепак, не сакаат да говорат отворено, затоа што според нив градот е мал и може да има реперкусии за сите. - Овој дел од Крушево не е за пазар. Игралиштето ни го изградија пред три години од Фудбалската федерација на Македонија и мислам дека ако Градот сака да прави затворен објект тоа може да го направи на локацијата на постојниот пазар - вели еден крушевчанец кој сакаше да остане анонимен. Новоизбраниот градоначалник на Крушево, Василчо Дамчевски, тврди дека игралиштето е дивоградба од времето на претходната власт и дека само постапувал по судско решение за негова дислокација.
- Тоа игралиште е бесправно наместено и во времето на претходниот градоначалник имаше решение за негова дислокација бидејќи не се расчистени имотно“правните односи.
На суд беше изречена мерка против градоначалникот и решение да се отстрани игралиштето. Не е точно ниту дека ќе се гради пазар. Прво треба да се реши спорот за сопственоста, а потоа ќе се донесе детален план и ќе се види намената на просторот “ објасни Дамчевски.
За тврдењата дека местото било омилено на Тоше и таму се сликале неговите обожаватели, тој вели дека тоа е дезинформација.
- Ако еднаш играл таму одбојка не значи дека му било тоа омилено место. Сега луѓето може да кажуваат дека секое место во Крушево му е омилено “ вели градоначалникот на Крушево. Според него, игралиштето ќе го преселат на соодветно место, додека не му најдат локација во согласност со Генералниот план на градот.

Низ весниците читаме разни бизарности низ светот кои се преземаат со цел да се привлечат туристи да ги посетуваат местата каде славните личности биле. Кај нас ќе се руши нешто кое е посетено и носи туристи во Крушево.


Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 14:13
Ako na toa mesto navistina se sobiraat obozavatelite na Tose , togas nema nikakva pricina na ovaa mesto da se pravi nekakov objekt ...
E sega kakva e situacijata na teren nemam pojma , najubavo e da kaze nekoj sto bil tamu...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 14:41
А што да с екаже. Зарем треба да се руши спортско -одбојкарство игралиште веќе изградено?!. Владата прави толкави напори, дава милионски суми з аизградба на спортски сали а господинов руши веќе нешто изградено?!
Да не збориме дека тоа е еден спомен за обожавателите, другарите и сограѓаните  на Тоше
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 75>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.