IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб Манчестер Јунајтед
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Манчестер Јунајтед

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 16>
Автор
Порака
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 21:24
zveeeeeeeeeeeeeeerда
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 08:54

Во посебната анкета спроведена меѓу фановите на Јунајтед Рајан Гигс се закити со признанието на најголем играч на сите времиња на тимот од Олд Трафорд. Велшанецот собра повеќе гласови од Ерик Кантона, Џорџ Бест и Боби Чарлтон.

Топ 10 легенди на Манчестер Јунајтед:

1. Рајан Гигс
2. Ерик Кантона
3. Џорџ Бест
4. Боби Чарлтон
5. Кристијано Роналдо
6. Пол Сколс
7. Дејвид Бекам
8. Рој Кин
9. Питер Шмајхел
10. Вејн Руни

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 14:37

Гери Невил ја заврши кариерата

Сите се во исчекување на следниот потег во животот на Гери Невил, откако легендата на Манчестер јунајтед се пензионираше од фудбалот. Триесет и петгодишникот се обиде да го следи примерот на постарите колеги Рајан Гигс и Пол Сколс кои се уште му пркосат на времето, но повредите го принудија да ја заврши плодната 19-годишна кариера на "Олд Трафорд". Невил во изминатите четири години се мачи со повредата на зглобот, а сезонава одигра само три меча и го загуби местото во стартната постава на сметка на Рафаел, О'Шеј и Вес Браун. Дефанзивецот најверојатно ќе стане тренер на младинската екипа на "црвените ѓаволи".
- Имав среќа да играм со едни од најдобрите светски играчи и против најдобрите светски клубови и притоа бев дел од големите постигнувања на клубот. Манчестер секогаш ќе биде дел од мојот живот, но сметам дека е време да се повлечам - изјави Невил.
Целиот живот на Невил е поврзан со Манчестер, бидејќи таму е роден и таму почна да тренира во младинските категории по што во 1992 дебитираше за сениорите против Торпедо Москва. Тој има одиграно 602 меча за Јунајтед со што се наоѓа на петото место во клупската историја и притоа освои осум титули во Премиерлигата, две во Лигата на шампионите и три во ФА купот. Невил има 85 настапи за Англија и тоа на две светски и три европски првенства

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 16:18
„Бисерите“ на Фергусон
 
10. За судијата Алан Вајли:
За оваа игра ви е потребен некој кој е подготвен,кој може да трча. Тој е подготвен како касапско куче, даде жолт картон па потоа одмараше триесет секунди. (За оваа изјава беше казнет од англиската фудбалска федерација)

9. За Италијанците
Кога ми велат дека во чинијата има паста, морам да ѕирнам под сосот, не им верувам ништо. Тоа е народ кој ја измислил димната завеса.

8. За Филипо Инзаги
Тоа момче сигурно е родено во офсајд.

7. За Гери Невил:
Да е повисок неколку сантиметри сигурно би бил најдобар стопер во светот. Го познавам неговиот татко, прилично е висок. Би го проверил разнесувачот на млеко.

6. За Венгер:
Велите дека Венгер е паметен, зборува многу јазици.Во младинскиот погон имам едно момче од Брегот на слоновата коска кој зборува пет јазици. Што е тој, гение?

5. За животот по фудбалот
Многу сум талентиран, можеби забележувате дека и така изгледам, можеби ке станам сликар, имам многу време(иронично одговори на новинарите на прашањето каде се гледа себеси по клупата на Јунајтед)

4. За копачката во лицето на Дејвид Бекам
Тоа е еб.. инцидент, еднаш во милион пати се случуваат такви работи. Ја шутнав копачката бидејќи бев бесен. Да можев секогаш да погодам играч во глава немаше да престанам да играм фудбал.

3. За навивачите по еден натпревар:
Прекрасна атмосфера, сум бил на повесели погреби.

2. За Лигата на шампионите
Одите во среда во Милано, мириса на добар парфем и скапи цигари. И секоја жена што ке помине покрај вас е Мис на светот. Сето тоа делува невистинито, а најдобра работа е што се повторува.

1.За односот со Мурињо
Тој секогаш е полн со почит кон моите години. Ме нарекува Шефе, господине, голем човеку. Секогаш е така кога пиеме пијалок по натпреварот. Додуша, за нашиот однос дополнително би помогнало ако би ме понудил со квалитетно вино, наместо со оние остатоци од варосување и течности за стругање на боја.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 16:01

Кризата со повредени играчи на Манчестер Јунајтед стана уште поголема по веста дека Рио Фердинанд веројатно веќе нема да може да настапи оваа сезона.

 

Проблемите со повредите во одбраната на тимот од Олд Трафорд никако да престанат во последниот период. По повредите на Џејми О’Ши (пет седмици) и Рафаел (три седмици), кои ќе ги оддалечат од теренот во следните неколку недели, Алекс Фергусон во потерата по трите титули ќе мода да оди и без Рио Фердинанд.

Репрезентативецот на Англија веќе подолго време се мачи со болки во грбот, а во последните неколку недели заработи и повреда на листот. Токму поради тоа од Олд Трафорд соопштија дека лесно може да се случи Фердинанд воопшто да не се врати на теренот оваа сезона.

Да биде малерот за Јунајтед уште поголем, повреди имаат и Немања Видиќ и Џони Еванс, што ги остава само Крис Смолинг и Вес Браун како опции за централни дефанзивци

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2011 во 13:14
Сколс по финалето ја завршува кариерата?

Натпреварот од финалето во Лигата на Шампионите против Барселона би можел да биде последен дуел во кариерата за играчот од средниот ред на Јунајтед, Пол Сколс, пренесуваат поедини медиуми од англија кој овој заклучок го донеле на помалку необичен начин.

Имено на официалниот клубски сајт не може да се нарача новиот дрес на англискиот шампион со број 18 кој го носи Сколс.

Медиумите тврдат дека 37-годишниот Сколс веќе разговарам со менаџерот Алекс Фергусон на таа тема, па се очекува официалната потврда по саботниот натпревар на "Вембли".

Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2011 во 23:03
I pokraj se si gi sakam ovie gjavolcinjataголемо%20гушкање
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 23:44

Манчестер Јунајтед го потврди своето трето засилување за следната сезона по постигнувањето на договор со Давид де Геа.

Играчот потпиша 5-годишен договор со клубот откако успешно ги мина лекарските прегледи во Керингтон.

''Се чувствувам горд и едвај чекам да започнам да играм за клубот. Кога клуб од рангот на Манчестер Јунајтед ќе ве побара во своите редови тогаш се чувствувате многу среќни. Кога тие го пројавија нивниот интерес тоа значеше дополнителна мотивација за мене да работам уште понапорно.''

''Привилегија е да се биде дел од Јунајтед, ќе го дадам мојот максимум и се надевам дека ќе успеам.''

Де Геа е третото засилување за клубот по потписите на Ешли Јанг и Фил Џонс. Тој дебитираше на 18 години во првиот тим на Атлетико Мадрид. Де Геа му помогна на својот тим да ја освои Лига Европа ланската година и беше прва опција на голот на екипата од Мадрид.

"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2011 во 05:53

И Манчестер Јунајтед се интересира за Фалкао

    25-годишниот напаѓач на Порто, Фалкао стана дел од сверата на интереси на англискиот шампион Манчестер Јунајтед, пишуваат португалските спортски весници, предводени од А Бола.

    А Бола соопштува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 31,5 милиони евра. Пред неколку дена се појави информација дека интерес за Фалкао има и од Челси, каде што менаџер е поранешниот тренер на ПОрто и Фалкао - Андре Виљаш Боаш.

    Фалкао одигра 50 натпревари во португалското првенство и постигна 41 погодоци, тој стана и најдобар стрелец во Лига Европа во текот на минатата сезона со 18 постигнати погодоци.
    Кон врв
    manu Кликни и види ги опциите
    Нов член
    Нов член


    Регистриран: 04.Октомври.2011
    Статус: Офлајн
    Поени: 6
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај manu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2011 во 11:58
    Срам да ви е,замрела темава.Ај да ја оживеам малку.

    Омилен клуб ми е,ги сакам сите.Од играчите и тренерот се до помошниците и скаутите.
    Едино највеке ги мразам семејството Глејзер кој во клубот гледат само молзење на пари во нивните џебови.Кај се парите бе од Кристиано Роналдо за засилувања крлежи едни?Си купивте автомобили?Да даде Господ да ви пукнат гумите уште сега.Ги плакале долговите,жими долнава
    Се надевам дека годинава ке ја освоиме и 20 тата титула во ПЛ па зошто и не ЛШ.

    Немој да ми каже некој дека е Барса победникот ке го најдам и ке го сокршам
    Кон врв
    LiDivio Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор


    Регистриран: 19.Мај.2010
    Статус: Офлајн
    Поени: 7265
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 17:05
     
    Манчестер Ј. - Маншестер С.  1:6 голема%20насмевкаплазење
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 17:06
     

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед посакува уште во јануари во својот тим да го види дефанзивецот на Борусија Дортмунд.

     

    Според некои англиски медиуми, Алекс Фергусон е решен во јануари да ја засили својата одбрана, незадоволен од формата на Рио Фердинанд и грешките на Џими Еванс. Прв избор е Србинот од тимот на Борусија Дортмунд невен Суботиќ, за кого наводно менаџерот на Јунајтед подготвил 25 милиони евра.

    Суботиќ во текот на летниот преоден рок беше цел на Челзи и на Арсенал, но шампионот на Германија ја одби понудата од 19 милиони евра од Стемфорд Бриџ.

    Менаџерот на „ѓаволите“ наводно сака да го има Суботиќ во тимот покрај Немања Видиќ, поради неговите квалитети, но и поради доброто познавање на двајцата од играњето во репрезентацијата на Србија.



    Изменето од емил - 31.Октомври.2011 во 17:06
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:54
     
    Изненадувачкото испаѓање на Манчестер Јунајтед во групната фаза од Лигата на шампионите нема да се одрази само резултати на првакот на Англија.

     

    Првите луѓе на клубот од Олд Трафорд соопштија дека покренуваат истрага за тоа колку точно ќе загубат од елиминацијата од Лигата на шампионите. Дневниот весник Telegraph наведува дека извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Џил планира да покрене проценка на финансиската загуба по поразот од Базел во последното коло од елитното натпреварување.

    Првичните проценки се дека шампионот на Англија ќе загуби најмалку 25 милиони евра, кои ќе ги добиеше на име на ТВ правата и паричните бонуси и премии за учество во ЛШ.

    Играчите би можеле да останат без паричните премии, кои во најдобар случај, би биле намалени со цел клубот да заштеди на пари. Исто така, се размислува и да намалување на цената на картите за средбите од Лига Европа, со цел да се привлече публиката на Олд Трафорд.

    Сите кои купиле претплатнички билети за цела сезона, автоматски ќе добијат карти за средбите од Лига Европа и не требаат да се грижат за обновата на своите влезници.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 07:17
    Легендарниот Гигс уште една година во Јунајтед



    Искусниот 38-годишен Велшанец денеска го стави својот потпис на новиот договор со тимот од Манчестер

    Рајан Гигс ќе ја продолжи својата неверојатна фудбалска кариера за уште најмалку една година, откако искусниот 38-годишен Велшанец денеска го стави својот потпис на новиот договор со Манчестер јунајтед. Играчот од средниот ред дебитираше за Манчестер во март 1991 година, а досега во дресот на „црвените ѓаволи“ има 898 настапи и огромна колекција на одличја, вклучувајќи две титули во Лигата на шампионите и 12 титули во Премиерлигата.

    „Кога го потпишав првиот договор, не ни помислував дека ќе можам да издржам да играм за Јунајтед цели 22 години. Сепак, се чувствувам одлично, максимално подготвено на физички план и знам дека можам да помогнам тимот да атакува на нови трофеи. Чувството кога ја освоивме рекордната 19. титула беше навистина неверојатно и со нетрпение го очекувам следниот пехар што ќе го прославуваме со тренерот Фергусон и со соиграчите“, изјави Гигс по потпишувањето на новиот договор.

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 16>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,125 секунди.