IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал > Фан клубови
  Активни теми Активни теми RSS - Фан клуб  Реал Мадрид
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фан клуб Реал Мадрид

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
хулиган Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај хулиган Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2009 во 12:42
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2009 во 12:33
Роберто Карлос се враќа во Реал?

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е решен во кралскиот клуб да го врати легендарниот бразилски бек Роберто Карлос на Сантјаго Бернабе, тврди весникот АС. Шефот на "Кралевите" смета го бразилскиот дефанзивец за најдобриот лев бек во историјата на клубот и посакува повторно да го види назад, но овој пат како дел од стручниот штаб во клубот.

36-годишниот Карлос моментално настапува во турскиот Фенербахче, а се очекува во јануари да потпише со бразилскиот Сантос. Меѓутоа, новата варијанта би можела да му ги промени плановите, и на крајот да заврши во Мадрид каде Перез би му понудил работа во младинските категории на Реал Мадрид.

Карлос го напушти Реал во 2007 година по 11 прекрасни сезони минати во престолнината на Шпанија, каде одигра 370 натпревари. Во јануари постоеше варијанта да се врати во Кралскиот клуб како фудбалер, меѓутоа идејата пропадна и Карлос реши да остане во Истанбул до крајот на договорот.

Многу интересно
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2009 во 15:23
Осумте заповеди на Перез

Ако сака фудбалските ѕвезди во тимот да не му избегаат од контрола, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави листа од осум правила кои секој член на кралското фудбалско семејство ќе мора да ги почитува. Своите правила ги испечатил и на посебна книга која му ја дал на секој фудбалер со цел да му даде до знаење како треба да се однесува ако сака да го носи дресот на Реал. Според одлуката на Флорентино Перез, деновите на ноќни излегувања, лудории по забави и посетување на секс-барови за ѕвездите од екипата се завршени.

Неговата листа на правила сигурно претставува голем шок за Кристијано Роналдо и сите останати во тимот. Првиот човек на клубот во својот список освен она што не смее, наведол и она што секој член на Реал може да го прави.

Како што наведува шпанската Марка, овие правила најтешко ќе им паднат на Фернандо Гаго, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, кои се познати по ноќниот живот и друштво со убави девојки во мадридските барови, а Икер Касиљас веќе го има прекршено правилото седум кога на една забава дојде маскиран како мускетар. С$ уште не се познати казните при евентуалното прекршување на некои од правилата.

Очигледно Перез има големи планови со екипата во иднина и сака да се осигура од евентуални штети кои би ги направиле големите фудбалски имиња. Меѓутоа, ако сакаат и понатаму да ги добиваат големите примања ќе мора да играат како што ќе "свири" Перез. Еве ги неговите правила:

1. НЕПОСРЕДНОСТ

Играчите мора да бидат достапни за навивачите.

2. КАРАКТЕР

Играчите мора да покажат почит кон тренерите, менаџерите и навивачите.

3. НАПОР

Пожртвуваност, приврзаност....

4. ТОЧНОСТ

Фудбалерите мора да ги почитуваат договорените термини.

5. ЗДРАВЈЕ

Фудбалерите мора да ги избегнуваат сите ризични ситуации.

6. РЕД

Забранети се сите ноќни излегувања.

7. ИМИЏ

Играчите мора секогаш да изгледаат репрезентативно.

8. СОРАБОТКА

Фудбалерите мора да соработуваат со вработените во клубот и новинарите.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 19:43
Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



срам да ти е!лутиналутиналутина
реал мадрид е најдобар бре!!!
најјак клуб!
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 19:43
Originally posted by samir_sneijder samir_sneijder напиша:

Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



Дај малку приберисе што пишуваш на туѓи фанклубови...

---Дај малку повеке пишувајте на РЕАЛ МАДРИД фан клуб-----
сепак кралски клуб


имаш право!среќанамигнувањеголемо%20гушкање
Кон врв
kompas Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kompas Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 23:01
mojot klub vo srceto shto go nosam e REAL MADRID !!!
vo toa nema greshka. so nego bev koga gubea koga site gi p[cuea koga site velea nema nishto da naporavat so tolko zvezdi pa shto da vidish ... osovija liga na shampioni so magichniot udar na ZINEDINE ZIDANE .
i ovaa godina kje bide repriza na taa godina ..
pod uslov da zemat kvaliteten lev bek i ushte eden centralen defanzivec.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 11:19

Реал сака да игра порано за да го гледаат и во Кина


Спортскиот директор на Реал, Емилио Бутрагењо, сака шпанската фудбалска федерација да им овозможи порани термини на нивните натпревари за да го фатат и кинескиот пазар.

Натпреварите кои што Барса и Реал моментално ги играат започнуваат во 22:00 што е 04:00 наутро во Пекинг и неможат да го фатат тој пазар кој би донел огромни приходи.

“Сакаме порани термини за мечевите во шпанското фудбалско првенство се со цел како би добиле што повеќе фанови од Кина кои би уживале во живо со нашите фудбалери.“

“Со поместувањето на термините, Реал и неговите ривали би добиле прилика да се пробијат на кинескиот пазар. Затоа ова би требало да биде приоритет на Здружението на професионални фудбалери.“ - заврши Бутрагењо.

Главниот директор на шпанската фудбалска лига, Франциско Рока, најави дека токму на тоа работи во моментов, ја испитува можноста за промена на термините.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
ace_boy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BADBOY

Регистриран: 04.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 158
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ace_boy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 11:06
Originally posted by ВАЖНА ВАЖНА напиша:


Originally posted by samir_sneijder samir_sneijder напиша:

Originally posted by Halid ibn Velid Halid ibn Velid напиша:

Poglup Tim se nema!!!!



Дај малку приберисе што пишуваш на туѓи фанклубови...

---Дај малку повеке пишувајте на РЕАЛ МАДРИД фан клуб-----
сепак кралски клуб
имаш право!среќанамигнувањеголемо%20гушкање


Abe ovoj glupakov Halid ibn Velid stoposto e za barsa so vaka vika haha abe podobri od real nema!

Изменето од ace_boy - 04.Октомври.2009 во 11:07
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2009 во 14:01
Реал Мадрид - тим без душа

Вторник, 10 ноември 2009 година, ќе биде запишан во историјата на Реал Мадрид како ден кога славниот мадридски клуб е елиминиран од Кралскиот куп од "маалскиот" тим на Алкоркон. Никогаш во досегашната 107-годишна историја на Реал Мадрид не бил вака посрамотен, а неговите фудбалери смешни и без желба за игра и постигнување подобар резултат.

По срамната елиминација од третолигаш, се постанува прашањето кои се всушност вистинските вредности на овој Реал Мадрид т.н. "Галактико 2", кој се обидува да стане најдобар светски клуб во историјата и дали претседателот на клубот, Флорентино Перез, конечно, ја сфати грешката дека со пари не може да се освои се.

Што да се каже повеќе? Вистинската слика околу подготвеноста на "Кралскиот клуб" се виде на двомечот со аматерскиот тим на Алкоркон. Па сега дали вреди во еден клуб да се вложуваат милиони и милиони, а фудбалерите да не можат да совладаат ниту тим составен од менаџери, пекари, ѕидари, адвокати ...

Токму овие луѓе кои во слободно време играат фудбал им покажаа на големите професионалци како треба да се бранат боите на еден клуб, односно како треба вистински да се игра и да се сака фудбалот.

Ѕвездите кои го одиграа реваншот на Сантјаго Бернабе како Кака, Раул, Ван Нистелрој, Мамаду и Ласана Диара, Албиол, Марсело, Пепе, Ван дер Варт .... не покажаа ни 10% од она што го најавуваа пред две недели кога го загубија првиот меч со убедливи 4:0. Се подготвуваа да го демолираат противникот, да ја наполнат нивната мрежа, меѓутоа наидоа на подготвен тим, желен за надигрување, жилави играчи кои не покажаа ни трошка страв од некакви светски познати фудбалери.

Комплетна анализа е мизерна, лоша, катастрофална игра на фудбалерите на Реал на двомечот со Алкоркон. Целокупното раководство заедно со фудбалерите едноставно мора да им ги врати парите од влезниците на фановите кои дојдоа на Сантјаго Бернабе уверени во пласманот во следната фаза на својот тим. Првпат Флорентино Перез јасно ја слушна порака од фановите: "Пелегрини оставка".

ПОГРЕШНА ТАКТИКА И ИЗБОР НА ИГРАЧИ

Во отсуство на Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Карим Бензема, Гути и Икер Касиљас, Мануел Пелегрини беше принуден да состави добитната комбинација и убиствен напад кој ќе атакува на голови.

Чилеанецот и постави таква формација, 4-2-2-2. Меѓутоа, нападот предводен од Ван Нистелрој и Раул потпомогнати од Игуаин и Кака во позадина едноставно не помина како опција. Чилеанецот како да заборави дека во својот тим нема фудбалери-креативци како на пример што ги има Барселона во Чави и Иниеста. Средниот ред како да го немаше. Гаго и Мамаду Диара тотално се изгубија, а Кака и Игуаин повеќе мислеа на нападот отколку на средината. Тоа им оставаше доста место за манипулација на играчите на противникот. Со ваква поставена игра Пелегрини очекуваше неговиот тим рано да постигне гол, а потоа да ги притисне играчите на Алкоркон до крај. И покрај неколкуте шанси, реално гледано Реал едноставно потфрли во првиот дел. Во вториот Пелегрини ја увиде својата грешка и ги стави во игра Марсело и Ван дер Варт, кои малку ја размрдаа играта. Но не го извади Гаго, кој беше најслаб поединец на натпреварот, туку Ласана Диара, кој беше далеку позабележителен од Аргентинецот. Тој потег навивачите на Реал го испратија со свирежи. Реал успеа да постигне погодок, но предоцна. Ван дер Варт погоди во 82. минута но немаше време да се достигнат оние четири разлика.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
futka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај futka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2009 во 19:41
Само напред наши најаки сме во светот во све..

Фудбал,пари,навивачи,фудбалери, апсолутно во све..
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2010 во 12:16
                                              Касиљас од сабота во "клубот 500"

Првиот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас, в сабота на гостувањето кај Ксерез ќе го забележи 500. настап за својот тим.

До јубилејната бројка, тој стигнува на 28 години откако веќе една деценија е стандарден на голот на "Кралскиот клуб" Дебито го забележа во сезоната 1999/2000 во мечот против Атлетик Билбао и оттогаш освои две титули во Лигата на шампионите и четири во Примера.

Во овие десет години Касиљас само во една сезона не бил константно прв голман. Станува збор за кампањата 2001/02 кога тогашниот тренер Висенте дел Боске му ја даде довербата на Цезар Санчез, актуелниот голман на Валенсија. Пред и потоа Касиљас е прв голман на Реал и фактор на речиси сите успеси на својот тим.

Со оглед на тоа што има само 28 години и речиси уште една деценија на фудбалските терени, Касиљас сигурно ќе атакува на рекордот според бројот на настапи во историјата на Реал Мадрид. Во моментов него го држи капитенот Раул кој има 726 настапи, но неговиот престој на Сантијаго Бернабеу се ближи кон крајот.

аплаузда
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2010 во 10:17
Навивачите на Реал песимисти пред реваншот

Мадридскиот спортски дневник АС спроведе анкета меѓу своите читатели во врска со шансите на Реал за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. За потсетување, шпанскиот вицешампион загуби од Лион на Жерлан со 1:0 по голот на Жан Макун во 47. минута, што беше трет пораз за Реал од овој противник во последните пет сезони.

Тоа, очигледно, ги обесхрабри навивачите на Реал бидејќи сега само 49% од нив се надеваат на пласман на нивниот омилен тим во четвртфиналето иако пред одигрувањето на првиот натпревар овој процент беше двојно поголем. Реал сезонава има максимален учинок на домашен терен сметајќи ги сите натпреварувања, но и тоа не е доволен аргумент за навивачите на најтрофејниот шпански клуб.

Дополнителен песимизам вчера внесе истражувањето на АС кој заклучил дека при резултат од 1:0 на домашен терен од првиот натпревар, во 53,5% од случаите понатаму поминувал тимот што првиот меч го играл пред своите навивачи. УЕФА во сезоната 1970/71 го воведе системот на доделување повластен статус на екипите што имаат гол повеќе на гости при нерешен вкупен резултат од двата натпревари. Овој процент се зголемува до 58 ако се земат предвид сите европски купови, а не само Лигата на шампионите.

Реал, сепак, има пријатни спомени од ваквиот резултат. Петпати досега од гостувањата се враќал со пораз од 1:0 и само еднаш не успеал да ја надмине негативата и да се пласира понатаму. Тоа се случило во сезоната 1973/74 кога бил елиминиран од англискиот Ипсвич. Лион, пак, досега трипати имал предност од 1:0 од првиот натпревар на домашен терен и во сите три случаи поминал понатаму.

Реванш-осминафиналниот натпревар меѓу Реал и Лион на Сантијаго Бернабе се игра на 10 март.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2010 во 09:40
Игуаин и Роналдо најдобри во последните две децении

Анализата што ја спроведе шпанскиот спортски дневник АС откри дека Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин се најдобриот напаѓачки тандем на Реал Мадрид во последните 20 години. Португалскиот и аргентинскиот репрезентативец досега заедно постигнале 34 гола од кои Игуаин 19 (на 20 настапи), а Роналдо 15 (на 17). Вкупно во Примера досега се одиграни 26 гола, а ретроспективата на претходните две децении покажува дека ниеден напаѓачки тандем на "Кралскиот клуб" не бил толку ефикасен.

Успехот на овие двајца фудбалери е уште поголем ако се знае дека Игуаин досега пропушти шест, а Роналдо девет натпревари од досегашното првенство. Апсолутни рекордери на Реал Мадрид по 26 одиграни кола од Примера се Хуго Санчез и Емилио Бутрагењо кои во сезоната 1989/90 заедно постигнаа 36 гола од кои 27 само Мексиканецот. Тоа е сезоната во која Реал Мадрид го постави рекордот на шпанското првенство со 107 постигнати гола.

Втор на оваа листа досега беше црногорско-хрватскиот тандем Мијатовиќ-Шукер од шампионската генерација на Реал Мадрид предводена од Капело во сезоната 1996/97. Двајцата тогаш постигнаа 31 гол, бројка која следната сезона ја достигнаа Раул и Роналдо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2010 во 13:15
ШПАНСКАТА ЛЕГЕНДА СИГУРНО ГО НАПУШТА "КРАЛСКИОТ КЛУБ"
Раул "раскинува" со Реал на лето

Легендата на Реал Мадрид, Раул Гонзалез Бланко ќе го напушти Сантјаго Бернабе ова лето, пишуваат шпанските весници. Договорот на напаѓачот му истекува на 30 јуни 2011 година, но самиот фудабалер знае дека воопшто не е во плановите на директорот Флорентино Перез за следната сезона. 32-годишниот нема намера повеќе да седи на клупата и веќе ги крои плановите за идната дестинација. Засега нема официјална понуда за Шпанецот кој во јуни ќе наполни 33-години иако има интерес од неколку екипи од САД. Фудбалските фанови на "Кралскиот клуб" ќе се збогуваат со Раул на 9 мај на дуелот со Атлетик Билбао, кој ќе биде последниот меч во дресот на славниот шпански тим.

Ѕвездата на Реал го направи своето деби во 1994 година на 17-годишна возраст, а му помогна на клубот да дојде до три титули во Лигата на шампионите постигнувајќи голови на финалните натпревари во 2000 и 2002 година, но и до шест шампионски трофеи во домашното првенство.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.