IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Ветерани од одбраната 1991/2001
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ветерани од одбраната 1991/2001

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 474849
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2011 во 03:11
Srekjna Nova 2011 godina na site borci na samostojna Makedonija im posakuvaаt:

Армисски Ветерани

Ветерани во одбраната и безбедноста

Форумот за Безбедност


 РЕКОМ




,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
mornar. Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Септември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mornar. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2011 во 10:29

Официјално ќе бараме МВР да открие кој 6 пати ја уништи спомен плочата кај Карпалак

Преживеаните прилепски резервисти од нападот на албанските терористи на конвојот од 100-тина резервисти на 8 август 2001 година при што беа убиени 10-тмина прилепчани со гадење ја примија последната вест за најновото 6-то кршење на спомен плочата на местото на злосторството кај Карпалак. Тука нема место за случајности, потсетуваат дека ова недело се совпадна со денот кога во Прилеп беше поставен камен темелник за изградба на спомен комплекс во чест на убиените резервисти:

- Ова се случува скоро секоја година обично кога ќе има некоја актуелна тема. Не се одкжуваме од поставување на споменик на местото на настанот. Колку и да го кршат, колку и да го рушат, колку и да го покажуваат својот вандализам ние ќе издржиме на тоа место обележјето да постои. По овој чин нека види дипломатскиот кор во Македонија кој е за соживотот.

Борците и покрај повеќето изневерени ветувања дека на местото на крвавиот настан ќе биде изграден достоен споменик на (10)десетте прилепски резервисти, овојпат и официјално ќе поднесат барање до Министерството за внатрешни работи за откривање на сторителите на сите досегашни 6 вандалски чинови. Од друга страна пак како и при претходните така и по овој најнов немил настан со сквернавњето на сомен плочата коментарите на интернет страниците се дека можеби се греши во поставувањето на кршлива плоча, дека треба да се поставуви видео надзор на просторот а има и такви кои сметаат дека неоткривањето на сторителите говори дека државата нема интерес да застане на нивниот пат. Коментарите се дека кога државата и по 9, 5 години не ги откри убијците на прилепскитре резервисти не презема ништо да ги најде ни оние кои ја кршат плочата поставена на местото каде згаснаа (10)десетте прилепски животи.   Или можеби наредниве денови сепак полицијата ќе соопшти кои беа последните вандали што ја скршија плочата бидејќи камерата од видео надзорот беше најдена оштетена-се разбира ако лентите се корисни и го регистрирале овој гнасен чин.                                                        

,,VO DRZAVA KAKO NASHAVA VISTINATA E TOLKU DRAGOCENA, TAKA SHTO SEKOGASH MORA DA BIDE VO PRIDRUZBA SO TLESNATA STRAZJA NA LAGATA,,
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2011 во 10:34
Originally posted by mornar. mornar. напиша:

Официјално ќе бараме МВР да открие кој 6 пати ја уништи спомен плочата кај Карпалак

Преживеаните прилепски резервисти од нападот на албанските терористи на конвојот од 100-тина резервисти на 8 август 2001 година при што беа убиени 10-тмина прилепчани со гадење ја примија последната вест за најновото 6-то кршење на спомен плочата на местото на злосторството кај Карпалак. Тука нема место за случајности, потсетуваат дека ова недело се совпадна со денот кога во Прилеп беше поставен камен темелник за изградба на спомен комплекс во чест на убиените резервисти:

- Ова се случува скоро секоја година обично кога ќе има некоја актуелна тема. Не се одкжуваме од поставување на споменик на местото на настанот. Колку и да го кршат, колку и да го рушат, колку и да го покажуваат својот вандализам ние ќе издржиме на тоа место обележјето да постои. По овој чин нека види дипломатскиот кор во Македонија кој е за соживотот.

Борците и покрај повеќето изневерени ветувања дека на местото на крвавиот настан ќе биде изграден достоен споменик на (10)десетте прилепски резервисти, овојпат и официјално ќе поднесат барање до Министерството за внатрешни работи за откривање на сторителите на сите досегашни 6 вандалски чинови. Од друга страна пак како и при претходните така и по овој најнов немил настан со сквернавњето на сомен плочата коментарите на интернет страниците се дека можеби се греши во поставувањето на кршлива плоча, дека треба да се поставуви видео надзор на просторот а има и такви кои сметаат дека неоткривањето на сторителите говори дека државата нема интерес да застане на нивниот пат. Коментарите се дека кога државата и по 9, 5 години не ги откри убијците на прилепскитре резервисти не презема ништо да ги најде ни оние кои ја кршат плочата поставена на местото каде згаснаа (10)десетте прилепски животи.   Или можеби наредниве денови сепак полицијата ќе соопшти кои беа последните вандали што ја скршија плочата бидејќи камерата од видео надзорот беше најдена оштетена-се разбира ако лентите се корисни и го регистрирале овој гнасен чин.                                                        

Па тоа им се коалиционите партнери...кој смее таму да чепка????
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2011 во 12:40


Кршачите на споменици се криминалци...такви има и кај Македонците....криминалци

Изменето од Анастеа - 18.Јануари.2011 во 12:55
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 10:08

Редно е полека да се расветлуваат настаните.
Со РЕКОМ од оваа година уште повеќе случаеви ќе бидат расветлении достапни за правдата и тоа не само кај нас туку ширум екс ЈУ просторите.


СЕ ЖАЛЕА, А ДОБИЈА САМО ПОТВРДА НА КАЗНИТЕ


Апелација ги реши Радуша, Планинска бура, Копаница

Жалбите на првостепените пресуди на скопскиот суд Апелацискиот ги разгледа, но и ги потврди одлуките за изречените казни. Минатата година Апелација ги потврди казните за пукањето во Радуша, Планинска бура, сообраќајката на Проески и убиството во Копаница


Пукањето во Радуша, Планинската бура во Бродец, сообраќајката во која загина нашата музичка ѕвезда Тоше Проески и убиството во Копаница минатата година беа на разгледување во Аплелацискиот суд, од каде што добија само потврда на казните од првостепениот суд.
Во февруари во Апелација судиите ги потврдија казните на десеттемина од семејството Сали, осудени за вооружениот инциднет што се случи пред три години во селото Радуша. Со пресудата десеттемина од семејството Сали на 3 јули 2008 година на сретсело се обиделе да го убијат Бесфорд Алити, син на пратеникот Рафиз. Казните од две и пол до десет години за убиство и тешки дела против општата сигурност за браќата, синови и татковци од семејството Сали, и покрај жалбите, само им беа потврдени.

Сто деведесет години за 17-члената терористичка група од село Бродец и неколкутемина водачи косовски и албански државјани доби потврда од Апелацискиот и од Врховниот суд. Во акцијата Планинска бура, спроведена во ноември 2007 година полицијата ги уапси групата што ја водеше Лирим Јакупи - Нацист, албанскиот државјанин Фатос Алијај - Тоси, Метин Ислами, познат како командант Талибани и Косовецот Амир Сопа, командант Голем Дреница, и жители од село Бродец, кои складираа оружје, муниција опрема и карти.

И возачот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, кој го управуваше Таурегот на 16 октомври 2007 година кога се случи кобната сообраќајна несреќа во којашто загина Тоше Проески, во спетември лани ја подигна пресудата од Апепацискиот суд, кој само ја потврди превостепената пресуда со која возачот беше осуден на две години затвор. Ѓорѓиевски најави жалба до Врховниот суд, каде што ќе се образложува дали тој дента го управувал џипот со брзина поголема од дозволеното. По две години од убиството на припадникот на полициските алфи, Африм Арифи, Апелација во декември ги потврди доживотните казни за Реџаиљ Ќерими - Реџо (41) од село Опае, Кумановско, Агим Ислами (27) од Скопје и недостапниот Алмир Дрпљанин (31). Четвртообвинетиот Рамадан Шакири (20) од Арачиново, кој се товареше за помагање во извршување на кривично дело, мина со 6 години затвор.

Нетрпението помеѓу соседите од село Копаница кое резултираше со убиство во 2007 година кое беше последица по бегството на девојка од семејството Јусуфи во фамилијата Шерифи доби судска разрешница. Доживотната робија за Сабри и неговиот татко Митат Шерифи како и десетгодишната за Фатмир Шерифи, кои беа осудени во 2009 година, Апелацискиот суд само ги потврди изречените казни.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
krkovicka_mala Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 99
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krkovicka_mala Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 21:31
Zosto ne gi spomenuvate zaginatite na Vejce?
Dali imate nekoja informacija?
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 21:51

Научно стручна ДЕБАТА, ,,10 ГОДИНИ ОД ВООРУЖЕНИОТ КОНФЛИКТ ВО 2001 ГОДИНА,,



ДЕБАТАТА ќе се одржи на 04 Март  2011 година, во соработка со Форум за Безбедност.

Место: Дом на АРМ


теми:

-Одбележување на десет годишницата од вооружениот конфликт кој во 2001 година се случи на државниот простор на Република Македонија

-Давање на научен придонес кон научно осветлување на на етиоолошките, феноменолошките и виктимолошките аспекти на на вооружени судири во 2001-та

-Осврт кон военото и полициското спротивставување на носителите на загрозувањето на националната безбедност на Република Македонија во 2001-та

-Осветлување на социолошките и политикололошките димензии на вооружените судири во 2001-та

-поттикнување на македонската академска заедница за развивање на научен  пристап кон во истражувањето на вооружените судири во 2001-та

-Поттикнување на државните органи и политичките елити да се прифатат фактите за воените злосторства и тешките кршења на човековите права.

-Придонес кон кон одсуството на на ирационалното политичко размислувањ кое ја донесе ,,2001,,

-Врз основа на научни лекции да се даде придонес во спречувањето на повторувањето на вооружени конфликти, злосторства и тешки крпења на човековите права, и

-Давање на активен продонес кон градење на моделот на соочување со општествено-безбедносното минато кое се однесува на вооружените судири во 2001-та 

 

во прилог напис од припадник АРМ активен учесник во воениот конфликт 2001, и член на повисика команда во зона запад.............Целта на приоогот е да се погледа на работите рационално и вистинито.


2001 година, 14. Март, Тетово. Демонстрации, незадоволство, самодокажување, или ДЕМОНСТРИРАЊЕ НА СИЛА???!!! Кому ли само му сметаше ОАЗАТА НА МИРОТ? Целодневна медиумска тема ТЕТОВО и албанската популација НЕЗАДОВОЛНА но од што?,  а демонстрациите си течат. Ќе помине, ќе се смират страстите, нема сигурно некој да си даде за право да посегне по уставниот поредок (си размислуваме следејки ги настаните кои беа тема на денот). Но додека Ние така размислувавме одеднаш прозборе и тетовското КАЛЕ со огнениот јазик на оружјето. Луѓе, што се случува?!.. па има ли кој сето ова да го запре? За жал никој никој тоа не успеа да го направи..

  Сведоци сме на ПРАШКАТА ПРОЛЕТ- 1968 година, но ПРАГА беше далеку од нас, ова ни се случува нам, дома во нашата татковина.

   Следуваа денови на коментари, на искушенија, свои видувања се разбира од патилците кои ја поминале втората светска војна и кои на кои сеќавањата нагло им се вратија како тоа небаре било вчера и додаваа- ,,ова е лошо, ни се случува војна но, што е е, нека не чува само ГОСПОД,,  . Во исто време врховниот командатнт, советот за национална безбедност, премиерот и  НГШ на АРМ се состануваат и маратонски заседаваат по повод ново настанатата ситуација во државата. Но, страстите на УЧК преобразени во ОНА никако да се смират. Тоа резултираше со ОДЛУКАТА што ја донесоа врховниот командант, и веќе споменатите структури задолжени за БЕЗБЕДНОСТ НА ДРЖАВАТА да се преточи во НАРЕДБА ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ НА ДРЖАВАТA. Така на Македонија и се случи војна. Се вршат и првите МОБИЛИЗАЦИИ, народот се одзива на повикот на државата (имаше и такви кои ДЕЗЕРТИРАА, но имаше и такви кои дезертерите ги амнестираа). На бојното поле за жал не делеа слатки. Не чекаа со оган вперен во НАС. Така ги добивме и првите ХЕРОИ- жртви жртви  на нечии лудории. На браникот на Македонија останаа осумдесетина животи, кои тек требаше да живеат, но останаа цвет до цвет. Останаа и многу од нив трајни инвалиди, но останаа и оние кои останаа, но каде???!!! Да господа тие останаа на улица, гладни, без благослов од државата, незгрижени, но побогати со доза на осиромашен УРАНИУМ но и оплеменети со синдромот кој десетици години наназад е познат како ВИЕТНАМСКИ. Учесниците во војната- 2001, се обединија во Април-2006 година се со единствена цел која значи остварување на своите ПРАВА па решија со собирање на потписи ширум државата да створат ситуација каде политиката- власта ќе мора да превземе нешто. Така одпочна создавањето на Унијата на Бранители на Македонија, а со неа и проектот ,, СО ПОТПИС ДО СТАТУС ,, .

  За синдромот како пропратен еклемент, но и како нус производ на секоја војнапишував во ДНЕВНИК на 18. Август 2006 година, баш на денот на Армијата на Р.М, се со цел да бар некој од славениците се сети дека во блиското мината имавме војна која остави која остави многу семејства на улица и без леб, но и од причина што само десет дена пред тоа се одбележуваше ПЕТ ГОДИНИ од  терористичкиот напад врз колоната припадници на АРМ во месностаКАРПАЛАК каде вечно останаа десет живота, а на кое одбележување БЕА ПРИСУТНИ претставници од МО на РМ и други политичари кои сега учествуваа на веселбата која значи – ден на АРМ, доделување меѓусебни признанија, воздигнување во повисоки чинови – вонредно и редовно и која на крај значи веселба. Примероци од дневниот весник ДНЕВНИК тој ден останаа на бироата на сите славеници а, потоа се разбира завршија во корпите за смет. Акцијата со собирање на потписи продолжи низ државата, а на 25. 10. 2006 година предадена е во владата.

 Потписи моравме да собираме затоа што ние не сме богати и немаме свои БАЧИЛА. Истото го немаат  и РАСЕЛЕНИТЕ па затоа во заедничко содејство некако истуркавме до ПРЕДАВАЊЕ НА ПОТПИСИТЕ. Да бевме од другата страна ќе имавме можеби повеке БАЧИЛА, па ако тоа го имавме Македонија ќе беше Швајцарија и се разбира тогаш немаше да ни требаат потписи и барање за озаконување на нашите права од единствена причина што ќе немавме ни војна.

         12. Јануари 2007 година, неделник ФОКУС, страна осма. . . ИТАЛИЈА,  ПРИЗНАЕН БАЛКАНСКИОТ СИНДРОМ, и понатаму опис на синдромот и, државата од буџетот одделува средства во висина од пет милиони евра за војниците кои биле на Балканот во мировна мисија. Што да прават, немаат БАЧИЛА, па нема како да се грижат за своите војници па одделуваат милиони евра од буџетот на државата.</span>

<span>          Додека нашиот проблем е во ВЛАДАТА и ПАРЛАМЕНТОТ, ние држиме трибини, полемизираме со оние наши соборци кои се под влијание на некоја политика, или уште полошо под влијание или зависност од амнестираните дезертери на кои по игра на случајноста им се случи 13. Август 2001 година па во пакет со терористите беа амнестирани. Но, амнестијата, рамковниот договор, терористите и нашите дезертери  настрана, тие си имаат како што кажав свои БАЧИЛА и баш им е гајле. А синдромот си е синдром, бил Виетнамски, Корејски, БАЛКАНСКИ или каков сака нека е. Тој за секоја урбана средина е ОПАСЕН. Испитуван, следен и докажуван е наназад триесетина години, и , поствоените последици од него се:

     Според проф. др. сци Ѓеорѓи Чадловски редовен професор на медицинскиот факултет во Скопје и директор на клиниката при ЈЗО Клинички центар во Скопје, и проф. др. сци Љубомир Хотујац редовен професор на медицинскиот факултет во Загреб Р.Хрватска, директор на Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар во Загреб, во книгата издадена во 2004 година само ги потврдуваат нашите сомневања каде на стр. 71 велат, …  ,, терминот пост- трауматско стресно растројство е актуелен во последниве 15- 20  години, по воведувањето како категорија во третата ревизија на американската класификација DMS 3, иако како синдром  е опишуван многу одамна во литературата. Посебно бил актуелен во Втората Светска војна, во Виетнам и Северна Кореја. Пост- трауматското стресно растројство (ПСТР) започнува како одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа. Се карактеризира со,епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавање на флешбек- ови (flashbacks)

лоши соништа и ноќни мори.избегнување на се што потсетува на трауматскиот настан и зголемена побуденост.

Анаксиозноста и депресивноста се чести симптоми, придружени и со вегетативни феномени ,, …

<span>… оваа тема е доста обемна. Жално е што е вистинита. Ние не ја измисливме. Посебна почит кон авторите. Верувам дека бар тие ќе дадат свој придонес во сета разрешница. На ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ, на оние кои ги води ХИПОКРАТ им порачуваме да дадат посебна заложба за БОРЦИТЕ на Р.М, кои откако го оставија оружјето се принудени своите права да ги бараат без оружје но здружени и побогати со гордоста која се вика БОРЕЦ.





Изменето од orlov - 14.Февруари.2011 во 22:02
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2011 во 23:00
De ja VU.............
DAVENIKOT SE FAKJA ZA SLAMKA.
Odlukata od Tajnata Vechera na ORORM od 25.12.2009 godina so blagoslov na vlasta seushte peodolzjuva. Sega se na Poteg so sobiranje na partiaski vojnici koi bea samo enkolku dena vo vojnata i izbegaa od strav. Od niv DPMNE kje pravi BEDEN...........pardon bedem na braniteli.

25.12.200 godia Radovish.............pogledajte;


http://www.youtube.com/watch?v=whMnQbv7jiI

 Верувале или НЕ,

Сите кои бевме на задача, ангажирани- или активно учествувавме во одбраната на државата,  нејзиниот УСТАВ, уставениот поредок, суверенитетот и територијалниот интегритет таа дебела ЛУЗНА  во нас НЕМОЖЕМЕ  и нема да ја заборавиме колку поради нашите трауми, толку повеќе поради ТРАУМИТЕ НА НАШИТЕ СЕМЕЈСТВА.

НАШИОТ ДУХ Е НЕМИРЕН.

КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВЛАСТА НЕМА ДОСЛУХ ЗА НАС НИЕ СМЕ СЕ ПОНЕМИРНИ.

НЕ ИМА НА СЕКАДЕ ШИРОМ НАШАТА ПРЕУБАВА ТАТКОВИНА И ПОКРАЈ ТОА ШТО И ПРЕДХОДНАТА И СЕГАШНАТА ВЛАСТ БЕСКОРПУЛОЗНО ПОСТОЈАНО СЕ ВО ОБИД ДА ГО РУШАТ НАШЕТО ЕДИНСТВО.

ЗА ЖАЛ ГОСПОДА ПОЛИТИЧАРИ: ,,СЕКОЈ ВАШ ОБИД НЕ ПРАВИ СЕ ПОЕДИНСТВЕНИ И ПОСИЛНИ,, ВАШИТЕ АМНЕСТИРАНИ ДОУШНИЦИ- ЕКСТРМНИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ ГИ ПУШТАТА НА ТЕРЕНОТ ЗА ДА НЕ РУШАТ ОДНАПРЕД ГИ ЗНАЕМЕ ЗАТОА ШТО ВИЕ СТЕ ВЛАСТ ВО ОД. ДОВАЃАТЕ И СИ ЗАМИНУВАТЕ ПОБОГАТИ СО МАТЕРЈАЛНО НАРОДНО БЛАГО СО КОЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВАТЕ ВАШИТЕ ИДНИ ПОКОЛЕНИЈА, А ДУШАТА ВИ Е МЕТАСТАЗИРАНА ОД СОФИСТИЦИРАНИОТ КАРЦИНОМ КОЈ СЕ ВИКА: ,,СТРАВ ОД СЕБЕ, СТРАВ ПО СЕБЕ И СТРАВ ЗА СЕБЕ ПОРАДИ ПОКОЛЕНИЈАТА,,.

ВИЕ СИ ОДИТЕ...................

НИЕ ОСТАНУВАМЕ............ ГОРДИ ЗА ЕДНА ПОБЕДА. Ќе се запрашата за каква победа зборувам, па ако сте нормални после сето ова навистина треба да се запрашата и да размислите.........но после се не сте во состојба тоа да го сторите, не поради вас.......него поради блокадата во вашиот хипоталамус.

..............................................

Во меѓувреме ние не спиевме.

Не поготово после 18 Јануари 2002 година кога ни го наметнавте НЕУСТАВНИОТ  и ништовен закон со кој сакавте да кажете дека ете сепак се грижите за нас тие кои бевме на БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА. Но зошто се срамите од НАС? Или можеби СЕ срамевте сами од себе па го пгазивте Уставот- оној ист за кој ние со оружје во рака застанавме да го браниме?.........па го крстивте Закон за Брабители, знаејки однапред дека воопшто нема да важи односносно со сила ќе има ВРЕМЕН КАРАКТЕР. Кога видовте опасност на 31 Мај 2007 година ја донесовте неговата последна измена си некои дополнувања .........Ви се молам!..... Војник може да биде секој за својата специјалност и совесно и одговорно да одговори на дадената задача.А изгубени во времето и просторот заборавивте дека таа војска ја води стручен кадар. Ние ВОЈНАТА  н милитаристички план ЈА ДОБИВМЕ-  другари политичари.........,,простете,,  но ЕГОТО не ми дозволува да ви се обратам со господа, а тоа пак во мене ствара додатен РЕВОЛТ од причина што ни по која цена не можете да бидете другари со нас БОРЦИТЕ а пак господа тешко дека икогаш ќе бидете. ,,ГОСПОДИН СЕ РАЃА, А НЕ СЕ СОЗДАВА,, а вие не сте како такви родени.

Значи, полоитичар?!............

ДА,.политичар може да биде секој залутан во времето и просторот.

.......................................................

Како и да Е,Ние си работиме на нашето зацртано и со Устав загарантирано ПРАВО за да си го вратиме статусит БОРЕЦ кој насилно ни го одземавте и затоа сме појаки од Вас.

И покрај доста политички опструкции ние се оргнизиравме во Здруженија по градовите за да на 28 Мај 2006 година во Кавадарци меморандумски се здружиме поради заедничко настапување во борбата која ни престоеше со Вас. Ги направивме контурите на ПРОЕКТОТ ,,СО ПОТПИС ДО СТАТУС- БОРЕЦ,,........  и одма почнавме да собираме подписи ширум државата. Паралелно на тоа формиравме здруженија на борци од војната 2001  секаде каде борците не беа здружено организирани.Подписите во Влада на РМ заедно со преставници од Здружението на раселените семејства ,,ЗОРА,, на 26 Октомври беа доставени. Вие господа политичари нематвте и сеуште немате ДОБЛЕСТ да се произнесете по тој поднесок. Актите за регистрација на Унијата подолго време чекаа од причина што некој не сакаше во името на Унијата да стои и името РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Но затоа во меѓувреме на 13 Март 2007 година очи во очи седавме со припаднците на ОНА да си кажеме се што на нас ни лежеше на душа кое и погоре спомнав дека и денес во нашите длабоки лузни сеуште посатои. ДА. Тој ден, ден пред фамозниот 14 Март од 2001 година. Темата носеше насло ,,Кој за што се бореше,, http://www.youtube.com/watch?v=BkFJ36TcVzE&feature=PlayList&p=D0533C128DA48AFD&index=0&playnext=1

...........иако после ова емисија на ТВ А1 со постојан временски термин и наслов ,,ЧУМУ,, на која режисер и водител е Александар Чомовски, имаше репресии од страна на властите во силот на ,,Информативен разговор и предупредување,, Ние и понатаму продоживме со зацртаните активности.

На 30 Март 2007 година го добивме и Решението од ЦРМ со кое веќе и званично имавме статус на правен Субјект......од тој ден веќе легално работевме под името Унија на Бранители на Република Македонија, Сл. Весник 66/2007 на РМ.

На 12 Јули 2007 година имавме работен состанок со преставник од Владата на РМ на кој беа кажани нашите барања и предупреден преставникот од Владата дека сето ова ако не биде сериозно сватено може да биде и радикализирано каде би ги примениле сите форми на радикализам.

На 13 Октомври 2007 година е основано ЗБ ,,Александар Серафимов,, во Свети Николе на кое основачко собрание присуствуваа, Никола Грков и Гоце Конески  преставници од Унијата на Бранители на Република Македонија кои и го промовираа основањето на Здружението.

На 14 Ноември 2007 година во Општина Ѓорче Петров е откриен споменикот на погинатите од војната 2001 година.

На 15 Јануари 2008 година во Охрид го создадовме и ,,Здружението на Армиски и Полициски Борци 2001,, кое за жал подлегна под разни притисоци и повеќе политички струи и сега само фигурира како Здружение само во ЦРМ.

Во меѓувреме се регистрира и ,,ЗБ Достоинство,, кое не пристапи кон УБРМ. Делуваше самостојно и зема голем замав се до моментот додека власта не се позамисли и не го инсталира КРТОТ во тоа здружение се со цел да го дестабилизира и уништи.

Активностите продолжуваат и понатму.

Така на 14 Април 2009 година Здружението на Армиски Ветерани од Кавадарци со меморандумска подршка поднесе до претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељановски ,,Предлог Закон за измена и дополнување на Законот за Борци од АФНОВ 1945/45,, во кој според Уставот на борците од 2001 година им е и местото. Законот е поднесен до Спикерот на Собранието од причина што по ДЕЛОВОДНИКОТ за работа на Собранието тој има оправои обврска да го достави на разгледување до парламентарните групи на Собранието.

Од овој момент собранието се соочува со уште еден или трет предизвик повеќе би рекол проблем и почнува да работи на етапно елиминирање на проблемите не сакајки да се соочи со суровата ВИСТИНА.

Власта стихијно работи на уништување на ,,ЗБ Достоинство,,......но во паралела преку ОРОРМ и каде е претседател историчарот Ѓорги Малковски кој во исто време како истакнат член на Организацијата ВМРО е и член на Комисијата за Лустрација.

ОРОРМ или поточно Ѓорги Малковски има одврзани раце и задача да ги стави под капата на власта или на ОРОРМ сите здруженија произлезени од војната 2001 година, или во спротивно да ги уништи. Така ОРОРМ преку ООЕ Свети Николе со акт бр.07/10 прави обид да го стави под своја капа ЗБ ,,Александар Серафимов,, во Свети Николе наметнувајкиму своја шема во одбележувањто на девет годижнината од првата мобилизација на Свети Николскиот батаљон, а со кој акт Здружението не смее ништо без одоврување на ОРОРМ да работи. Со тој Акт се оди до таа крајност да само ОРОРМ може да назначува и разрешува поедици и органи во Здружението.

Ден по тоа, 11 Март 2010 година владини преставници ширум државата хараат и на пола ноќ повикуваат влијателни личности од војната 2001 година за со нивна помош да ги спречат борците на 15 Март да заминат за Скопје и присуствуваат на собранието кое го организира ,,ЗБ Достоинство,, во Униврзалната сала во Скопје.Сценариото делумно им успеа. Владините повереници мислејки дека нема да им бидат прочитани намерите се одцепуваат од ,,ЗБ Достоинство,, и се додворуваат и преговараат со Армиските Здруженија за од државата под мотото еднакви меѓу еднаквите и регистрираат ,,ЗБ Бедем,, со седиште во Кичево, а уште не примени и не сослушани до крај намтнуваат свој примат. Истите тие преговараат и прават стратегија со градоначалникот на Кавадарци како да омаловажи денот на погинувањето на БОРЕЦОТ од тиквешијата.   Инаку сеуште званично иако се преставуваат како членови на неформалната ,,Унија на Борци 2001,, не се добродојдени и посакувани, НЕ, после обидот да омаловажат БОРЕЦ и висок функционер кој дста влијателен во Свети Николе и без кого светиниколското здружение нема теоретски шанси да обстои- инаку функционерот е само член во тоа здружение, не припаѓа на ниту една политичка опција и не гаи симпатии према ниту една.Беше АКТИВЕН УЧЕСНИК  во војната 2001 година и тоа за време на целата војна поради командантската функција и високиот чин кој го има.

Но, тоа не беше доволно па веќе почнаа да работат на рушење на Здружението на Армиски Ветерани од Кавадарци, кое локално не делува од причина што неговите програмски активности се насочени на државен и регионален план. Активно е вклучено во ДЕБАТИ во соработка со СОРОС и на регионален план во активностите и задачите на РЕКОМ. Своите активности рдко ги покрива медиумски од причина што СОРОС и РЕКОМ тоа вешто го покриваат соинтернационалните медиуми и своите WEB SYTE, но властите тоа го пратат и на 01 Јули 2010 година на девет годишнината од погинувањето на БОРЕЦОТ Блашко Толев од село Марена- Кавадарци со помош на градоначалникот Панов направија обид за обструкција со што го омаловажија настанот односно го омаловажија ликот на БОРЕЦОТ.

НА 03 Јули 2010 година во Скопје се одржува редовна конференција на РЕКОМ чии член е и Претседателот на Здружението на Армиски Ветерани од Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов се обидува да го спречи да замине на таа конференција не свесен а тендециозен во своите намери.

За ова не би должел повеќе од причина што треба да предупреди власта дека доколку некаде има расчекор помеѓу НАС и НЕА дека е дојдено времето да седне со НАС и ги удоволи сите барања во рамките на регулативата на ,,Законот за Борци од АФНОВ 1941/45 година,, односно да го донесе изгласа веќе доставениот ,,Предлог закон а измена и доплнување на Законот за Борци од АФНОВ 1941/45 година,,

Инаку нека не се залажува политичката позиција, а истото важи и за опозицијата дека ставовите и целите односно програмските определби на ,,Обединетите Армиски Здруженија,, - иземајкисе од ставовите на Здруженијата од Кичево и Куманово, и ,,ЗБ Достоинство,,.

Заложбите се во иста насока.

Во прашање е само формата на делување и согледување на фактите како полесно и побрзо би се дошло до остварување на правата на БОРЦИТЕ од војната 2001.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 23:49
ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА;
Реклами, лажни ветувања и што ти ли уште НЕ!
Но, зар малку беа СТРАДАНИЈАТА на БОРЦИТЕ  од РАСПАДОТ на СФРЈ, и Војната во 2001 година?????!!!!!
Драги СОБОРЦИ, во војна бевме сите борци и застанавмезаеднилки даго браниме Уставот, Суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата единствена татковина Република Македонија. Сите бевме борци/независно од од тоа што едни раководеме и ги реализиравме задачите на Врховната Командата на едиствените Одбрамбено/безбедносни сили, а другите ги реализирааа заедно со нас задачите. Војната на ние кои бевме на БРАНИКОТ на татковината ја добивме.
Војната ја изгубија политичарите.
Затоа независно од својата партиска пропадност и на политичарите кои ви ветуваат а попта не ве познаваат добро размислете и добро информирајте СЕ како живеат и што имаат вашите колеги во Република Хрватска. Имаат доволно за проечен живот и пак се неазадоволни.
Политичката партија (до пред малку Здружение) ,,ДОСТОИНСТВО,, има исфрлено од нашите редови во сите изборни Единици кндидати за Паратеници. Ако бар само со по еден кандидат од секоја изборна единица влеземе во Законодавниот Дом ЌЕ имаме и Закон и заштита на правата. Зар тоа не го бараме веке неколку години?????
размислување Ставете прст на глава и размислете.
Независно дали сте во некоја политичка партија или НЕ.
Кандидатите за ПРАТЕНИЦИ  од  кои се на Листата на ,,ДОСТОИНСТВО,, се наши соборци/наши колеги. Не мора да сте член во ,,Достоинство,, големо%20гушкањедоволно Е да го дадете својот глас на листата за кандидатот од оваа штотуку родена партија.
Кандидатите како предходно споменав се наши соборци. И нив ги мачи истиот проблем кој заеднички макотрпно се бориме да го решиме.
Размислете кои можности ќе ги имаме кога ќе имаме НАШИ преставници во Законодавниот Дом и во Власта????? А што Се ќе изгубиме ако не се избориме за нив.
Немам легитимитет да Ве предомислувам, најмалку да пропаќирам.
,,ДОСТОИНСТВО,, и неговите кандидати СЕ нашиот избор и пат кон подоброто УТРЕ.
Ви благдарам што ќе размислите и ќе ме разберете, нашите соборци и избраници ставени на Листата за КАНДИДАТИ се нашата иднина и нашиот ПОДОБАР ЖИВОТ. 
ДРУГА ОПЦИЈА НЕМАМЕ.
Не дозволувајте другите да Ве измамат.
Само кандидатие од ,,ДОСТОИНСТВО,, се нашата иднина.
Ви благодарам.


 


 


Изменето од orlov - 15.Мај.2011 во 23:50
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 20:50
Во битката кој која ресорна фотеља да ја добие но пред тоа позицијата и покрај веќе поднесен ,,Предлог закон за измена и доппонување на Законот за борци,, во кој е и местото на борците од војната 2001 година, позицијата заборава за дека во 2001 година на Македонија и се случи војна.
Но, затоа жолчно се пазари за првиот на АРМ односно за НГШ.
Па зошто мора и ГШ на АРМ и МО на РМ за прв човек да ставаат партиски војник.
За министер на МО ниту еден од предложените не ги исполнува минимум условите. .........спорет позитивните меѓународни законски прописи и според НАТО стандардите министер во Одбрана може да биде само: ,,Висок или Виш офицер на истата Армија кој најмалку пет години ја има соблечено униформата- односно е пензиониран,,.
Но за воља на вистината и НГШ и Министерот ќе бидат партиски послушници.
Ветерани на Македонија,
внимавајте и делувајте според законската регулатива- нека не се пречекоруваат законските прописи но местото во општественото живеење мора да си го добиеме. ЗАТОА; погледајтего текстот попдолу и добро размислите.

 


Меѓупартиски пазар за Генералштабот

Претседателот Ѓорге Иванов се уште тактизира со изборот на нов началник на Генералштабот бидејќи по изборите оваа моќна функција во армијата стана предмет на партиски пазар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ при рекомпонирање на новата власт, дознава „Време“. Иако според Уставот претседателот, како врховен командант, има одврзани раце во поставувањето началник на Генералштабот, неофицијално се најавува дека Иванов ќе мора да ги консултира двете партии пред да го направи својот избор. Како што е познато, партијата на Али Ахмети инсистира Албанците да добијат некоја од клучните позиции во безбедносните органи вклучувајќи ја и армијата. Според нашите информации, токму поради тоа се одложува и со објавувањето на наследникот на генералот Мирослав Стојановски, чијшто мандат веќе истече. ВМРО-ДПМНЕ уште пред два месеца информираше дека нов началник ќе биде генерал Горанчо Котевски, доскорашен аѓутант на претседателот Иванов. Но, од изборот се уште нема ништо. По изборите ДУИ има многу посилна позиција во однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа инсистира на една од клучните позиции во безбедносните органи, како функциите министер за внатрешни работи, одбрана, прв човек на ДБК или началник на Генералштаб. Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да коментираат официјално за пазарот со функциите во армијата, но неофицијално велат дека и, покрај инсистирањето од ДУИ, тие не се подготвени да ги отстапат МВР или ДБК по никоја цена, но за местото министер за одбрана или началник на Генералштаб би можело да се преговара. Во партијата сметаат дека е полесно на преговарачка маса да се стави генералската функција отколку министерската бидејќи, најверојатно, од позицијата во одбраната си заминува досегашниот министер Зоран Коњановски, а на негово место како „награда за убедливата победа“ ќе дојде Влатко Ѓорчев. Портпаролот на Иванов, Цветин Чилиманов, пак, вели дека нема ништо ново во врска со именувањето началник на Генералштабот на АРМ. - Не сакаме да коментираме никакви шпекулации, ниту, пак, евентуални пазарења. Кога претседателот Иванов ќе ја донесе одлуката, јавноста ќе биде навремено информирана - објаснува Чилиманов. Портпаролот на АРМ, Мирче Ѓорговски, вели дека тој нема никаква информација за именувањето нов началник, но објаснува дека истекувањето на мандатот на Стојановски не може да предизвика никакви проблеми во функционирањето на армијата до назначувањето нов началник. Доколку ДУИ ја добие функцијата началник на Генералштабот, единствен можен кандидат во моментов е генерал Насер Сејдини, кој е единствен Албанец во Генералштабот, а во моментов е и втор човек на Армијата, односно заменик на генералот Стојановски. Покрај Сејдини и Котевски, како сериозен кандидат до скоро се споменуваше и генерал Димче Петровски, актуелен командант на Првата механизирана пешадиска бригада. Генерал Котевски е доскорашен аѓутант и воен советник на претседателот Иванов, а важи и за близок човек на премиерот Никола Груевски. Но, во јавноста беа пласирани шпекулации дека има проблем во врска со неговото напредување затоа што одеднаш скокнал неколку скалила во армиската хиерархија. Бригадниот генерал Котевски на крајот на март со указ од претседателот Иванов е поставен за командант на Здружената оперативна команда, што во АРМ важи за отскочна штица до началничката функција. И аналитичарите се согласуваат дека токму првата позиција во армијата е таа од која ВМРО-ДПМНЕ би можела најлесно да се откаже доколку Груевски реши да му отстапи на Ахмети функција во безбедносните сектори. - Според информациите што се шират, Котевски би требало да биде нов началник на Генералштабот, а во прилог на тоа говори и неговото прекомандување во Куманово, од каде би требало да дојде на челната позиција во армијата. Но, доколку се прави пазарење во безбедносните сектори, токму тука отстапката би можела да биде најреална. Армијата и Министерството за одбрана не се од особено значење за ВМРО-ДПМНЕ, како што е, на пример, случај со МВР или со ДБК - вели воениот аналитичар Благоја Марковски.


,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 19:11
Ova shto denes ni se sluchuva ne e od denes..............ova e krojka od 2009 godina na Tajnata Vechera vo Radovish. Pogledajte gi lichnostite i sporedetegi so deneshnata realnost.
pogledajte:


http://www.youtube.com/watch?v=whMnQbv7jiI
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 00:53
Na deneshen den vo togash Socojalistichka Republika Slovenija, so ubistvoto na Slobodan Pantelic-ofier po bezbednost na JNA, koe go izvrshija pripadnicite na slovenechka MILICA(milicija) vo Ilirska Bistrica, zapochana i raspadot na ex SFRJ.
Denes, 20 godini od raspadot zasedava REKOM potochno Forumot za Bezbednost.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2012 во 13:23
Mozjebi nash*te borci kje imaat srekja da dobijat svoe mesto vi opshtestvenoto zjiveenje.
Da. Dokolku se izglasa zakonot koj e vo procedura, bez da gi opfati i samonarechenite borci na ONA i UCHK. Samo taka ovoj zakon kje ima svoe znachenje i kje dobie na tezjina.
Gospod neka vi e napomosh dragi Borci.
Slava na poginatite borci vo vojnata 2001 godina.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 474849
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.