IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Ветерани од одбраната 1991/2001
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ветерани од одбраната 1991/2001

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 49>
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 17:38
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

До кога народов ќе ќути........веќе поминаа сите влади и сите ги видовме резултатите од нивното работење.... они ја уништија државата....и тоа ја уништуваат пред наши очи а ние ќутиме......изгледа тоа му одговара на овој наш народ......мене искрено речено не ми одговара......Сите што дојдоа на власт, сите се покажаа како ЛОШИ!!!..Ја продадоа државата....ја уништија државата тоа сите го направија и ВМРО и СДСМ......И после тоа младината била разочарана....ќе биде разочарана......што очекувате вие.....Мене искрено речено почнува да ми се ГАДИ од нашиов НАРОД......Ние не треба да се нарекуваме Народ...треба да се нарекуваме МОНСТРУМИ.......чим ние дозволуваме вакви работи да се случуваат пред наши очи, тогаш ние не ја заслужуваме оваа држава.......

МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ: СТОЈАН ЦВЕТАНОВ - ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ БРАНИТЕЛ КОМУ ВРХОВНИОТ СУД МУ НАРЕДИ ДА ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ЗА РАНИТЕ ОД 2001
Понижувањето боли повеќе од шрапнелите на ОНА





Постариот водник од струмичко Ново Село отштетата за раните од 2001 година што ја доби од државата сега мора да ја врати сосе камати. Со шрапнели во левата рака и во дланката, со оштетен вид и слух, со нарушен крв

По завршувањето на војната во 2001 година, државата, за да им се оддолжи на своите бранители, ги прифати барањата за отштета на ранетите припадници на безбедносните сили и на семејствата на загинатите. Но кога власта во Македонија се смени, државата се премисли за дел од отштетите и реши да си ги бара назад парите што еднаш им ги даде на припадниците на полициските сили кои од бојните полиња во 2001 се вратија дома со шрапнели во телото, со извадени белодробни крила, со жици место ребра и со воени трауми што им ги пренесоа на нивните деца, сопруги, мајки...
Во 2006 година тогашното МВР почна да тужи некои од бранителите на кои им беше исплатена отштета и тврдеше дека тие незаконски ги добиле парите. Почнаа долгите судења кои завршија пред Врховниот суд. Бранителите велат дека тука било згазено нивното достоинство. Врховниот суд почна да пресудува да се враќаат парите од исплатените отштети со затезна камата. Така, неколкуте стотици илјади денари отштета се претворија во милионски суми кои бранителите на Македонија ќе треба да ги враќаат.
54-годишниот полицаец од струмичко Ново Село Стојан Цветанов е првиот македонски бранител кој почна да се раскусурува со државата затоа што во 2001 се борел за неа. Пред четири дена, точно на неговиот 54-ти роденден, ја плати првата рата од парите што треба да и ги врати на државата.

***

Тешко ранет во 2001 нему му била исплатена отштета во висина од 1.078.477 денари. По тужбата на МВР за време на претходната власт, и по пресудата на Врховниот суд за враќање на отштетите, Стојан сега сосе камати на државата треба да и врати 1.800.000 денари и згора на тоа да плати и 22.000 денари за судски такси, 11.000 денари такса за пресуда и две застапувања со паушал и една саатнина од по 4.680 денари. Стојан нема од каде да ги најде тие пари за да ги врати. Со сопругата ги потрошиле парите земени за отштета за да ги вратат кредитите што ги земале за да ги запишат децата на факултет и за да ја доградат куќата што ја правеле 30 години и која уште е недоградена.
Пред неколку дена бевме кај Цветанови во Ново Село. Не пречекаа побелен полицаец пред пензија и неговата сопруга уплашена за иднината на нивните деца. Стојан е горд патриот и не признава дека е тешко, ама неговата сопруга Павлина го издаде и кажа дека за првата рата некако се снашле, ама за следната ќе треба да ги продаваат прасињата. "Треба ем да ја платиме ратата, ем да ни остане нешто да им дадеме на двете деца кога ќе одат во Скопје да полагаат испити на факултет", вели Павлина.
"Ни го згазија достоинството и ни ја опоганија честа со која ја браневме сувереноста на Македонија. Тоа боли исто колку и шрапнелите на ОНА - вели Стојан. - Немаше да попуштам ама се заканија со судски извршители дека ќе ни земат се од дома. За нас не се грижам, ама децата на улица ли да ги оставам? Затоа почнав на рати да ги враќам парите. Во нашиот случај секој си толкува како му одговара. Од една страна, осигурителните компании каде бевме осигурани велат дека во Македонија во 2001 имало војна, ама ние не сме биле осигурани за во воени услови, а од друга страна, државата вели дека немало војна за да се заштити самата. А ние сме во средината, во небрано, за нигде. Нека кажат еднаш засекогаш што ни се случи во 2001, па да си бараме чаре. За тоа ли гиневме, за да си играат мајтап со нас. Јас уште како дете кога ја облеков униформата се заколнав дека ќе ја бранам татковината и тоа за мене е свето", ја почнува Цветанов својата приказна.
Стојан како постар водник во МВР со гордост го прифатил повикот да им се приклучи на безбедносните сили во 2001, иако имал 46 години и можел да не отиде во кризните региони. Како припадник на тогашните посебни полициски сили, заминал во тетовскиот кризен регион. Бил распореден и учествувал во борбите за ослободување на Тетовското кале во март 2001.
"Го издржавме огнот на ОНА. Тетовското кале беше слободно. Кога се качивме горе затекнавме само купишта кинеска муниција, нивната полска болница, купишта ѓубре и дупки од к*ршуми по лицата на светците од фреските во црквата", се навраќа наназад Стојан. По три месеци патролирање меѓу селата Селце, Лавце и Гајре, тој и неговите колеги биле на нова задача во селото Матејче каде се водеа едни од најтешките борби со паравоената ОНА. Матејче е кобно за Стојан. Таму бил ранет и од тогаш си ги носи терористичките шрапнели во неговото тело.
"Во Матејче беше страшно. Почнав да се присетувам на 1980 кога како специјалец во тогашната полиција бев 18 месеци на Косово кога беа албанските немири и демонстрации. ОНА со големи сили и вооружување се обидуваше да ја заземе полициската станица во Матејче. Имаше тешки борби. Тогаш беше гранатиран наш тенк и јас го извадив Владо од Смојмирово кој беше во тенкот кога го погодија. После тоа бевме засолнати во една куќа на три ката. Дожд од к*ршуми и гранати паѓаше на сите страни. Во еден момент куќата беше опколена, а во неа бевме јас и еден колега од 'тигрите'. Се чудевме што да правиме. Ако не фатеа живи ќе не масакрираа како што правеа тие луѓе нелуѓе. Во куќата имаше многу автомобилски гуми и одлучивме да ги фрламе под прозорецот и да скокнеме од трети кат на гумите. Но, само што скокнавме не засипаа со гранати. Тогаш не ранија и двајцата. Беше ноќта во 21 часот на 31 мај. Одеднаш до нас падна граната. Од силниот звук оглувевме, а од силната светлина во ноќта заслепевме. Почувствував силна болка. Шрапнелот од гранатата најверојатно од минофрлач почна да ме боде по телото. Чувствував како ми блика крв под панцирот. Шрапнелите мене ми се зарија во левата страна, во раката и во дланката, а на колегата речиси му го откинаа десниот бут. Немаше други, и колку можевме се влечевме еден со друг и некако успеавме да стасаме до полициската станица. Бевме спасени", се сеќава Стојан на кобната битка.
Болничарите веднаш го качиле во комбе и право за Скопје, во Воената болница. Лекарите констатирале тешки повреди, прострелни рани. Го спасиле Стојан, ама шрапнелите останале во телото. Командата наредила Цветанов да си оди дома. За него војната била завршена.
"Не сакав да си одам. Не сум јас воспитан да си ги оставам другарите, а јас да си одам дома. Одбив наредба да си одам, ама командата беше посилна и ме донесоа дома. Кога ме видоа сопругата и децата се шлогираа. Не можам ни да замислам колкав стрес беше тоа за нив. По неколку дена мои колеги го донеле во полициската станица во Ново Село мојот панцир целиот црвен од крв и полн со шрапнели. До неодамна се чуваше во станицата, ама сега е раздолжен и којзнае каде е мојот воен спомен. Место тој спомен, сега имам други спомени во мислите. Постојано во глава ми се црните униформи што ги носеа големи и лудо храбри припадници на ОНА кои дефинитивно не беа само Албанци. Постојано се сеќавам на коњите кои беа натоварени со бојлери полни со експлозив што ги праќаа кон нас и ги активираа кога ќе стасаат до нас и постојано во глава ми е кажувањето на некои колеги дека ОНА своите загинати ги фрлала во некој бунар и ги потпрупувала со негасена вар", со мачнина се присетува Стојан.
Тамам раните почнале малку од малку да му заздравуваат, на Стојан почнале да му се отвораат нови рани. Почнала деградацијата во службата, понижувањето и газењето на достоинството.
"Се вратив во август 2001. Тогаш почна деградирањето. По војната прво ме поставија да патролирам како позорникар, иако имам лекарски уверенија дека не сум способен за таа должност. Потоа ме поставија за возач, ама како да возам со шрапнелите во раката и во дланката. На 12 декември 2006 се случи најголемата деградација. Ме преместија на должност контрола на границата. Мојот случај е само еден од многуте. Зар вака ни се оддолжува државата што ги ризикувавме животите за неа", вели Стојан.
Цветанов не сака многу да зборува за парите што треба да ги враќа. Вели, него повеќе го боли згазеното достоинство. Свесен дека одлуката на Врховниот суд не може ништо да ја смени, се надева на добрата волја и на разбирањето на премиерот Никола Груевски и на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска која може да ги повлече тужбите што МВР им ги поднесува на бранителите за враќање на исплатената отштета. Додека се к*ражи дека оваа власт, за разлика од претходната, ќе има разбирање за него и за неговите колеги, Стојан активно работи во нивното здружение "Достоинство" преку кое си ги бараат правата што ги заслужуваа и преку кое сакаат да си го вратат достоинството.
"Ако треба ќе излеземе пред Собранието, пред Владата, пред МВР. Единствената надеж е МВР да ги повлече тужбите против нас".
Додека бранителите си го бараат чарето, Стојан продолжува да оди на работа. Мора, само тој работи дома, плаќа партиципација за факултет за двете деца, за кои власта некогаш вели го лажела дека како деца на бранител ќе му ги запише на факултет без партиципација. "И за тоа испаднаа неправедни. Не сакаа децата да ни ги ослободат од партиципација. И двете деца сакаат како мене цел живот во униформа да и служат на државата, ама не им се оствари желбата. Ќерката сакаше да биде полицаец, а синот се обиде да се запише на Воена академија. Ќерката ја одбија оти била пониска 2 сантиметри, а синот мораше да се задоволи да студира одбрана".
Најчудно од се е што Цветанови сепак ја почитуваат државата и покрај неправдите. Велат ќе ги вратат парите што Стојан ги добил како отштета, само молат барем камати и судски трошоци да не плаќаат.
"Сите дома сме нервозни, исплашени што ќе биде. Зар дојде до таму место за јадење, пари да даваме оти Стојан се борел за државата. Ама тој види го каков е, постојано повторува дека ако пак има војна нема да се мисли и ќе земе пушка да ја брани Македонија", вели сопругата на Стојан, Павлина, додека не чести со роденденската торта на Стојан. А тој место торта, испи една полна рака апчиња. Дневна доза да ги смири шрапнелите да не му копаат по телото.
Емил Златков
Фото: В. Тануровски





За воља на вистината никој од властите не сака да се замара со оваа проблематика. Оваа тема им смета, но ние сме тука за да не им даваме мирно да спијат. Да ги омасовиме собирите и да ги радикалзираме. Сакале или не властодршсците мораат да попуштат и конечно да кажат: ,,ДА, беше војна а вие сте БОРЦИ и имате такви и такви права. Господинот Стојан добро знае дека само здружени можеме да победиме, затоа добро е што членува во Здружението ДОСТОИНСТВО, и заедички (припадниците на МО и МВР кои директно учествувавме во војната- 2001) ќе ги оствариме своите права, тие се наши и никој нема право да ни ги одземе. Нека се јави со свој предлог или со било што што му тежи, а и нека ја посети ВЕБ СТРАНАТА со адреса во почетниот текст а во неа има контакти од повеќе облати поврзани со правата на БОРЦИТЕ од војната 2001 година.


Изменето од orlov - 27.Октомври.2009 во 23:13
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 23:16
Originally posted by Dogi Dogi напиша:

темава е на место.
само не ми се верува дека оние на кои им треба помош, како воени ветерани, т.е. армиски ветерани, имаат пристап до интернет и дека овде ќе може да се развие дискусија која ќе им помогне.
може прво треба да им се овозможи да имаат почест и побрз интернет пристап, за да се развие и дискусијава.


...немаат здравје, живот никаков, а некој си во политичка кампанја или од разноразни побуди, а и да добар дел го уќутаат им овозможуваат интернет пристап, но ако ги сетат дека ете нешто се организираат одма пресии.
Па, и ние кои тоа го организираме тие, властите се обидуваат да делуваат врз нас, но на некој начин ние не сме зависни од нив па го работиме тоа што треба да го работиме како челници на НВО- на учесниците во војната- 2001.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 23:13
Учесниците во војната- 2001 своите проблеми  и се друго нека ги доставуваат прекуадресата на  WEB SITE:                   http://zav.9f.com

доставувајте во делот контакти на било која е_маил адреса.
заедно сме посилни.задоволство


Изменето од orlov - 08.Февруари.2008 во 06:21
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 23:40
Orlov te molam diskutiraj na tema, BEZ MARKETING!
Кон врв
PAVLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2007
Локација: Saint Helena
Статус: Офлајн
Поени: 889
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај PAVLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 00:09
Originally posted by moira moira напиша:

Orlov te molam diskutiraj na tema, BEZ MARKETING!


ова мислам дека не е маркетинг....ова е само една нормална адреса...големо%20гушкање
“Ш‘ЧО НАПРАИВМЕ...“ - Крсте Петков Мисирков“
“ДО ВИСТИНАТА НЕ МОЖЕМЕ ДА СТИГНЕМЕ ПОЛЗЕЈЌИ“ - Владимир Мегре
Кон врв
analiticar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 69
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај analiticar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 00:42
PA JAS BEV EDEN OD UCESNICITE VO TAA AKCIJA
   I MOE MISLEJNE E ZA TOA STO GO VLOZIVME DEKA NE SAMO DRZAVATA NI E DOLG TUKU U CELIOT MAKEDONSKI NAROD

PA MOJ PREDLOG E ZA VOZVRAT AKO NE POVEJKE DA DOBIEME BAREM EDNO NAJOBICNO VRABOTUVAJNE

ZASTO DODEKA NIE STOEVME NA -20 NADVOR I NA SEKOJ POLA SAAT CISTEVNE SNEG DRUGI SI SEDEA VO FOTELJA I SI IGRAA SO DALJINSKOTO

A DA NE ZBORUVAM ZA DRUGITE RIZICNI MOMENTI


POZDRAV.
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 16:09
Originally posted by moira moira напиша:

Orlov te molam diskutiraj na tema, BEZ MARKETING!



Полека но сигурно БОРЦИТЕ почнуваат да се јавуваат, затоа велам дека нема маркетинг.
Темата е наменета за БОРЦИТЕ, а може да се вклучат во неа и сите добронамерници.
Адресата мора да биде дадена за да знаат каде да се јавуваат- каде да се пронајдат себе си. А, ако некому дадеш телефонски број дали тоа е МАРКЕТИНГ?
Молам немојте во стилот на сите власи на оваа наша држава.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2008 во 00:15
Originally posted by analiticar analiticar напиша:

PA JAS BEV EDEN OD UCESNICITE VO TAA AKCIJA
   I MOE MISLEJNE E ZA TOA STO GO VLOZIVME DEKA NE SAMO DRZAVATA NI E DOLG TUKU U CELIOT MAKEDONSKI NAROD

PA MOJ PREDLOG E ZA VOZVRAT AKO NE POVEJKE DA DOBIEME BAREM EDNO NAJOBICNO VRABOTUVAJNE

ZASTO DODEKA NIE STOEVME NA -20 NADVOR I NA SEKOJ POLA SAAT CISTEVNE SNEG DRUGI SI SEDEA VO FOTELJA I SI IGRAA SO DALJINSKOTO

A DA NE ZBORUVAM ZA DRUGITE RIZICNI MOMENTI


POZDRAV.


И ЈАС ЈА ПОДРЖУВАМ ОВАА ИДЕЈА, АМА НЕКАКО И МИНАТАТА И ОВАА ВЛАДА ДЕЈСТВУВАА НА ОВОЈ ПЛАН ЈАЛОВО, ПА СЕГА ЌЕ ИСПАДНЕ ДЕКА ТЕРОРИСТИТЕ ТРЕБА ДА ДО ДОБИЈАТ ПЕНЗИЈА А БРАНИТЕЛИТЕ ...АЈ ДА НЕ КАЖАМ!
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
mornar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mornar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2008 во 20:34
гордост е да ја браниш својата држава и сопствениот народ, а боли кога сопствениот народ и држава ке ти го свртат грбот.
да... и претходната власт и оваа тоа го работи со нас. се чувствуваме како да не нема на ниеден список на живите во државава, што можеби е и точно.за државата ние не постоиме.власта во нас гледа душмани, а ние иако гладни и исфрлени на улица ќе истраеме и  ќе и покажеме дека ние бевме и останавме борци, а сите во власта (мината и сегашна) нека се сетат кога и требеа на државата како под итно си вадеа визи за нив и семејствата и бегаа во странство оставајќи ја татковината на милост и немилост.
иако за власта не постоиме горди сме што ја браневме татковината и што сме борци... СРАМ ЗА ТИЕ ШТО ДЕЗЕРТИРАА, а дезертерите сега се во власта.

член на здружение на армиски ветерани
,,ALEA JAHTA EST,,
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2008 во 22:10
На 09.02.2008 година- сабота, во ПРИЛЕП одржана е седница на:
УНИЈА НА БОРЦИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
Покрај другото донесена е ОДЛУКА:
-Сите оние Здруженија од Армискиот состав кои немаат пристапено кон Унијата да поднесат АПЛИКАЦИЈА, поради наредни заеднички настапи пред државните институции.
-Апликацијата може да се поднесе и по електронски пат на погоре дадената ВЕБ адреса, во одделот контакти, во одделот општи контакти на е_маил zav_makedonija@yahoo.com

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 23:34
Originally posted by miroslav_g8 miroslav_g8 напиша:

aman be fanatik eden голема%20насмевка .... ti sto mislis? deka so toa sto izigravate kamikazi nesto ce postignete ? .... ce odite vo dzenet , a ? .. jok be dzanum , u k*rac samo odite , nikade povece голема%20насмевка .... pa i vo k*r'anot pisuva deka ne smee da se ubiva , neli ? газење%20од%20смеење



Сепак добар одговор- а, и реален.
Лекцијата која му ја одржа е релна и на место.
Напиши нешто повеќе. Се разбира доколку си учесник. Се останато на л.п.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2008 во 14:55
Се се постигнува и има позитивни резултати, само треба да се запаметат некои битни нешта.
Затоа драги БОРЦИ, ЗАПАМЕТЕТЕ:

                                                    1.
           
    БЕСПРЕКОРНО КОРИСТЕТЕ ГО СВОЈОТ ЗБОР

Зборувајте почитувајки го својот интегритет.

Зборувајте го само она што навистина го мислите.

Избегнувајте да ги употребувате зборовите за да зборувате против себеси или да озборувате други.

Користете ја моќта на своите зборови во правец на вистината и љубовта.




 


 




Изменето од orlov - 12.Февруари.2008 во 14:57
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2008 во 17:01
Има  само уште два  дела во облик на милитаристички КОДЕКС,  кој доколку се спази е еднаков на единство, целовитос и конечна ПОБЕДА, затоа драги БОРЦИ дибро запамтетеги овие досега пишани зборови, а и оние кои ви следат во иднина:


            
                                           2.
                НИШТО НЕ СВАЌАЈТЕ ЛИЧНО

Ништо што прават другите не е поради Вас.

Она што зборуваат и прават другите преставува само проекција на нивната сопствена стварност на нивниот личен сон.

Кога сте имуни на мислењето и постапките на другите, не можете да станете жртва на непотребното страдање.




Изменето од orlov - 13.Февруари.2008 во 20:13
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2008 во 21:14
Originally posted by analiticar analiticar напиша:

PA JAS BEV EDEN OD UCESNICITE VO TAA AKCIJA
   I MOE MISLEJNE E ZA TOA STO GO VLOZIVME DEKA NE SAMO DRZAVATA NI E DOLG TUKU U CELIOT MAKEDONSKI NAROD

PA MOJ PREDLOG E ZA VOZVRAT AKO NE POVEJKE DA DOBIEME BAREM EDNO NAJOBICNO VRABOTUVAJNE

ZASTO DODEKA NIE STOEVME NA -20 NADVOR I NA SEKOJ POLA SAAT CISTEVNE SNEG DRUGI SI SEDEA VO FOTELJA I SI IGRAA SO DALJINSKOTO

A DA NE ZBORUVAM ZA DRUGITE RIZICNI MOMENTI


POZDRAV.


Ја имаш мојата несебична и неограничена поддршка..
Барањата се само мала „надокнада„ ако како таква може да се крсти така...за претрпенето во „конфликтот„..во 2001 година.
пс
За разлика од „борците„-јорганпланинци..кои (и до) сега имаа(т) и ПРОДОЛЖУВАЧИ...
Чудна некоја форма на земање на не-заслуженото од нив...досега и одсега..
намигнувањеголема%20насмевка


Изменето од novace - 13.Февруари.2008 во 21:17
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.