IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Изградба на црква на плоштад Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изградба на црква на плоштад Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 114>
Прашање: Дали сте за нова црква со работен наслов “Св. Никола“ на плоштадот?
Одговор Гласови Статистика
49 [25,79%]
140 [73,68%]
1 [0,53%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 18:55
ste iznapisale 15 do 20 strani od koga bev posleden pat i nikoj ne ja napisa sosema jasnata poraka

NIKOJ NE SMEE DA MISLI POINAKU OD MENE , AKO MISLI I KAZE , KE SI GO DOBIE

tuku zadutre prvoaprilski maskenbal ... sin mi i drugar mu ke se maskirale kako Grujo , so kaubojski kapi i konduri od dedovcite i po edna lopata na ramo ke udirale kamen temelnici

a jas im velam, deca , sedete si mirni, denes e demokratija i sloboda na govorot i sloboda na izrazuvanje na mislite, pa so znaete koj slobodno i sto ke vi izrazi tamu...

Изменето од butel2 - 30.Март.2009 во 18:55
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:03
do kade stigna muabetov so crkvata?
изненадување
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:09
Originally posted by anakin anakin напиша:

do kade stigna muabetov so crkvata?
изненадување


До тоа како размислува телесен и духовен човек, и дека двајцата не гледаат со исти очи.
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:11
Originally posted by anakin anakin напиша:

do kade stigna muabetov so crkvata?изненадување





do tamu...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:11
Странците со зборови остри како меч.

Кон врв
oflele Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oflele Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:14
откако успеаја да воведат екстремен национализам, сега им успеа да создадат и екстремно православие. сите инволвирани нека размислат кој им е вистинскиот водач, Исус или Никола! ПОДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ, никој нема право да организира контрапротест во исто време со уредно најавен протест, а уште помалку има право да спроведува сила и насилие!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:42


Еве уште еднаш откако ќе се силува Скопје, како тоа би изгледало (демек стар стил и нов стил било грдосија).
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:44
da, i fustan od Dior odi odlicno so kineski patiki
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:44
Originally posted by makarios makarios напиша:




Еве уште еднаш откако ќе се силува Скопје, како тоа би изгледало (демек стар стил и нов стил било грдосија).


Pa stvarno bi bilo grdosija! Barem toa e moe licno mislenje... e sega sekoj ima razlicni vkusovi, jasno!

Изменето од Majkl - 30.Март.2009 во 19:44
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 19:45
Od VEST
На пра­ша­ње­то до "Прог­ре­си­вен млад син­ди­кат", ор­га­ни­за­то­рот на мир­ни­от про­тест, зош­то и пок­рај тоа што оваа те­ма е ак­ту­ел­на за Црк­ва­та ре­чи­си ед­на го­ди­на, тие из­бра­ле да про­тес­ти­ра­ат ток­му ме­ѓу два­та из­бор­ни кру­га, до­бив­ме од­го­вор:
"За­тоа што се­га стиг­на ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка во овој из­бо­рен ва­ку­ум ме­ѓу два­та кру­га влас­та ќе го ис­ко­рис­ти мо­мен­тот за да ста­ви те­ме­ли на црк­ва­та на Плош­та­дот. Ова не е ак­ци­ја што поч­на се­га, уш­те прв­пат ко­га се об­ја­ви вес­та за град­ба, ние поч­нав­ме со он­лајн-пе­ти­ци­ја про­тив овој об­јект, имав­ме ра­ди­о­е­ми­сии, бло­го­ви. Се раз­би­ра де­ка не е по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­на ини­ци­ја­ти­ва, ту­ку е ини­ци­ја­ти­ва на сту­ден­ти­те од Ар­хи­тек­тон­ски­от фа­кул­тет. Ќе про­дол­жи­ме и по­на­та­му и ќе ба­ра­ме се­кој да по­не­се од­го­вор­ност, осо­бе­но оние што по­ви­каа на ре­ли­ги­оз­на не­тр­пе­ли­вост и што во име­то на ве­ра­та прак­ти­ку­ваа на­сил­ство", ве­ли Со­ња Ис­ма­ил од "Прог­ре­си­вен млад син­ди­кат".
Ина­ку, Прог­ре­си­вен млад син­ди­кат ла­ни на 23 ју­ли бе­ше ор­га­ни­за­тор на три­би­на­та за вла­ди­на­та на­ме­ра да се гра­ди црк­ва на Плош­та­дот, на ко­ја при­сус­тву­ва­ше и скоп­ски­от гра­до­на­чал­ник Три­фун Кос­тов­ски, кој е про­тив­ник на иде­ја­та и ја об­жа­ли на Ус­та­вен суд. И оваа три­би­на то­гаш бе­ше бру­тал­но пре­ки­на­та од гру­па гра­ѓа­ни, кои со ико­ни во ра­це­те упад­наа на три­би­на­та, а ме­ѓу нив беа и гру­па мла­ди, кои нас­та­пи­ја ка­ко под­мла­док од ВМРО-ДПМНЕ.


Гра­до­на­чал­ни­кот Кос­тов­ски вче­ра го осу­ди на­силс­тво­то и ги по­ви­ка скоп­ја­ни "да го за­чу­ва­ат раз­у­мот и да не доз­во­лат да би­дат жрт­ви на по­ли­тич­ка­та реп­ре­си­ја и ор­га­ни­зи­ра­ни­от при­ти­сок на влас­та".
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 20:14
Би сакал да ви копирам една реплика од подфорумот Вероипсовед каде што една учесничка на контрадемонстрантите искрено ги кажува нивните мотиви и цел заради која биле присутни на протестот. Сметам дека тоа ќе биде многу квалитетно признание за расчистување на тековната дискусија овде.
 
 
Originally posted by Fotina Fotina напиша:


Тоа “случајно“ не е наметнато од нас, туку од новинарите.Ние не рековме дека сме случајно таму!
 
Oк, мило ми е што јавно призна дека не сте се нашле случајно таму, туку со одредена цел, цел која ја кажуваш подоле.
 
Originally posted by Fotina Fotina напиша:


се организиравме да го спречиме протестот на архитектите и тоа само на мирен начин.
 
Значи тука ја гледаме и вашата цел на собирањето: Да го спречите демократското право на студентите да си го кажат јавно своето мислење - истото она што го правеше и ИНКВИЗИЦИЈАТА во средниот век. Излгеда авторот добро го срочил насловот на темава среќа
 
Originally posted by Fotina Fotina напиша:


Зошто ние би правеле протест после архитектите?? Зарем би дозволиле да си ја постигнат целта??? Е тоа не може.
 
После оваа изјава излишни се секакви дискусии околу тоа кој бил провокаторот, кој не ги почитува демократските закони на оваа земја, кој се однесува инквизиторски итн.
Ах кога само би имала храброст да го кажеш ова и пред камера, па да те прикачиме на Ју Тјуб и да ги разрешиме дилемите околу немилиот настан среќа
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 20:21
Има некој што сеуште ги осудува студентите? ако сакате ќе ви постирам текстови од соседни и други странски новинари, од тоа што мисли МПЦ за ова до тоа што мислат европјаните намигнување


Не силувајте го Скопје

Во саботата напладне на градскиот плоштад во Скопје мала група на студенти од Архитектонскиот факултет во Скопје со транспаренти од хартија во рака се обиде јавно да побара мислење од своите професори и од македонската јавност во однос на најновите прекројувања на отворениот простор во центарот на градот. Студентите не протестираа против некаква црква, против Исус (?), уште помалку протестираа против политичка опција или против кого било. Студентите се собраа да искажат свој став. Точка. Ама било една недела пред избори, па што? Што треба да се прави една недела пред избори, да седиме сите дома и да јадеме пуканки гледајќи ТВ-дуели? Ако е ова слободна и демократска држава, таква треба да биде во секое време, во време на дожд и снег, во време на финалето од Лигата на шампионите, па и во време на избори. До толку повеќе, мислам дека тајмингот на протестот беше намерно избран единствено поради желбата да се привлече поголемо медиумско внимание, што и се потврди. Инаку, кој во оваа држава би се загрижил што мислат студентите по архитектура во „неизборен период“. Тоа што во последен момент на собирот се прилепија, го поддржаа или се оградија од него разноразни интересни групи, меѓу кои и политички, тоа е сериозен проблем на нашето општество. Во фамозниот изборен период во Скопје куче да уринира на плоштадот „Македонија“ за 10 минути на прес-конференција ќе се појават портпаролите на главните политички партии заемно обвинувајќи се за политички инструирана физиологија. Веројатно илузија е да се повикува оваа практика да престане, оваа држава е од вчера и тоа се веројатно детски болести на секоја млада демократија, болести што едноставно треба да се прележат. Сепак тажно е дека оваа колективна хистерија на поделби пополека станува колективно слепило во кое целото општество жестоко се втурнува. Патем, чисто заради информација на „знатижелните“, од тие што успеав јас да ги видам на протестот на студентите по архитектура, во нивните редови имаше деца и на истакнати вмровци, и на истакнати сдсмовци, и деца на архитекти, лекари, новинари, стечајци, деца на менаџери, бранители, деца на Албанци, Турци, Срби. И нема што повеќе да се разговара за тоа, каква политика, какви глупости. На мирен начин да се изнесуваат ставови за теми поврзани со урбаниот живот се најдобредојденото право во едно демократско општество. Дури и во времето помеѓу два изборни круга! Тоа е право што отвора дијалози и дебати за светот што треба сите заедно да го создаваме, право кое треба јасно да се стимулира почнувајќи од врвот на политичката, културната и социјалната елита, па надолу.

Добро е градот да се гради, тоа е навистина добро. Лично се радувам што во Скопје по многу години почнаа да се отвораат градилишта на кои нема да се градат станови. ОК е да се гради и црква, тоа веројатно не е само човечка, но е и божја промисла едновремено. ОК е да има и скулптури ако има кој да им се радува. Сепак ценам дека треба малку поширок дијалог пред да решиме да замениме некој отворен градски простор со изграден. За мене исто така не е спорно што секој од „владетелите“ сака да се вгради во ткивото на градот, да остави свој траг, паметник. Ќе повторам, и тоа е ОК. Така било отсекогаш, така и ќе биде, на примерот на Фиренца, Берлин, Париз, на примерот на речиси секој град. Критично е само колку долго треба да се мисли пред да почне нешто да се прави. Знаете, градењето градови е исто како кроењето, двапати мери - еднаш сечи! Знаете зошто, затоа што цената е многу висока! Ако погрешиш, нема каде да се купи резервна ткаенина. Цената на непромисленоста ќе ја платат сите што живеат во градот, и „ние“, и „вие“, и децата на политичарите заедно со сите нас. Во Македонија во градењето на градовите отсуствува суштинското мислење, формалното го има колку ни душа сака. Институции, институти, заводи, доктори на науки, експерти, закони, подзакони, стручни мислења, сè и сешто. А што на крајот? Цврц! Па токму центарот на Скопје е најсоодветниот пример за ова што ви го зборувам. Сè е по план, сè е по закон, сè е одобрено, потпишано, верификувано, потврдено, нема ништо спорно. И што добиваме на крајот, простор што личи на празна ледина на која почнува да се инсталира циркусот „Медрано“. Денес сме сведоци дека преку манипулативно читање на историјата и нејзините архитектонски стилови, на Скопје почнува да му се навлекува стилска наметка, која е базирана на негирање на постојното. Плоштадот во Скопје го формираат згради од пред неколку децении, тоа е тоа, тоа е така. Па што сега ако тоа некому не му се допаѓа? Ние не сме ниту Париз, ниту Лондон, ниту Атина. И тоа е повторно ОК, заради тоа што ние не сме ниту Французи, ниту Британци, ниту Грци. Ние сме тоа што сме и имаме град таков каков што сме создавале. И тоа е тоа. И тоа е вредност. На кого повеќе му се допаѓа плоштадот во Прага нека токми план за преселба, ете до крајот на годинава нели и визно ќе нè либерализираат. Се прашувам само ќе успее ли некој и културно да нè либерализира нас, нели, што ќе останеме овде да живееме? Па погледнете само што ни се продава како автентичен македонски архитектонски производ? Не зборувам за проектот за црквата, добро знаете за што ви зборувам. Треба ли нечии материјализирани кошмари да почнам да ги сметам за свои? Кој ги врти Грците или ЕУ или не знам кого, баш ми е гајле за нивното мислење, поважно е што мислиме ние што сме одбрале да живееме овде. Нам ни останува просторот на овој град. Ќе успее ли конечно некој да препознае дека во Скопје, спротивно на приказните што тежнеат да создадат (нов) демек јасен идентитет на градот, паралелно постојат силни културни флуиди составени од образовани луѓе што не мислат така. Патем, тие се студенти по архитектура. Тие се луѓето што ќе ја градат оваа држава! Зошто сакате да ги тепате бе море „граѓани“? Тие луѓе се иднината на оваа држава и не се ни обидувајте да го релативизирате нивното мислење! Не обидувајте се ни да ги етикетирате! Соросоиди, геј, анархисти, шиптари, што уште не! Наместо да тресете глупости, треба да соберете храброст да признаете дека тие млади луѓе се борат да го направат нашиот заеднички свет подобар. Не мора да се во право, но барем се обидуваат да направат нешто што вие очигледно не можете, или не знаете. Но тоа не е ништо страшно! Ако не можеш да помогнеш, не одмагај. Тргни се настрана, јади сендвич и остави ги луѓето да дишат кога имаат дробови за тоа!

За верниците-туристи во Скопје, со ланч-пакет, дневница и икони во рацете, не сакам ни да зборувам. Како православен верник срцето ми се расплакуваше кога гледав на каков начин се злоупотребуваше божјото име. Господ ним нека им е на помош!


Јован Ивановски, архитект асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје




размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 20:22
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Ова станува смешно. Тие поминаа и никого не потиснаа, си отидоа сосем на друга страна.

 

Хаха чекај чекај, сакаш да кажеш дека контрадемонстрантите си имале одредено друга локација за својот контрапротест и дека случајно или неизбежно морале да поминат и да направат пауза баш на местото и во времето кога студентите си го одржуваат својот протест? газење%20од%20смеење

Да си ми жив macedon_alex, секогаш си знаел добро да ме расположиш големо%20гушкање


Контрадемонстрантите, како што ги нарекуваш ти, тргнаа од храмот Св.великомаченик Димитриј, по камениот мост, кон плоштадот и си поминаа, па "се стационираа" пред Теранова, каде мирно си стоеја, па бера и исвиркувани поради "грчките" знамиња. Значи никому не сметаа пред Теранова. Си застанаа на страна, пееја песни, го фалеа Бог и никому не згрешија. Што лошо има во тоа?

Мило ми е што те расположив.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 20:26

macedon_alex, доста ги браниш контрапротестантите. Прочитај два коментари погоре и ќе видиш јавно признание за нивните мотиви и цел заради која се собрале на плоштадот да "пејат песнички" среќа

После тоа признание сметам дека и нашата дискусија треба да заврши без многу инаетење.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3435363738 114>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,221 секунди.