IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Анемија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Анемија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Анемија
    Испратена: 01.Април.2014 во 22:29

Лек против анемија и за зголемување на килограмите

Ги јакне белите дробови и помага при изнемоштеност.

Потребни состојки:

400 г свинска несолена маст

6 големи зелени јаболки, ситно сечкани

Се мешаат заедно и се ставаат во рерна да се печат на тивок оган. Додека се топи маста, направете го следново:

12 жолчки со

1 чаша шеќер

Пенасто се матат, додека да се добие бел крем. Постепено се додава

400 г квалитетно чоколадо, стопено на пареа.

Кога маста и јаболките добро ќе се стопат, се вадат од рерна и се прецедуваат низ сито или газа. Се меша со добиениот крем, и се остава да се излади.

Добиениот производ се мачка на леб. Се јаде 3-4 пати дневно, со чаша топло млеко.

Има поволни ефекти при анемија, се добива на тежина, ја подобрува општата состојба, ги јакне белите дробови и помага при изнемоштеност.

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1396384107454" name="I0_1396384107454" ="https://apis.google.com/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&hl=en-US&origin=http%3A%2F%2Ffalanga.com.au&=http%3A%2F%2Ffalanga.com.au%2Flek-protiv-anemija-i-za-zgolemuvanje-na-kilogramite&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.en.g-Qnd8Altqc.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Fz%3Dzcms%2Frs%3DAItRSTOzt0THwgpmPRxTDkRtYa50FTL7gw#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce&id=I0_1396384107454&parent=http%3A%2F%2Ffalanga.com.au&pfname=&rpctoken=42801447" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px;">



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 22:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 22:22
Значи железото е олигоелемент што организмот неверојатно добро го штеди.
Меѓутоа е и елемент што многу тешко се апсорбира,не мора да значи дека ако го внесувате во организмот дека нема дефицит да се јави.

Инаку анемичен не се станува преку ноќ,тоа е процес што трае и само почнува да се манифестира наеднаш.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
SVOJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај SVOJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 20:13
Mene ova mnogu mi pomogna:cvekloto od stranata na korenot se v dlabnuva konusno,sekoja vecer vo nego se stava po edna lazica med a utroto istoto se pie.Taka se dodeka ne se potrosi srcevinata na cvekloto.Mnogu pomaga,barem mene mi pomogna.
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 19:43
1 кг цвекло
1 кг морков
1 кг лимон
Се поминува се во соковник(ако немате, може да се изренда се да стои една вечер и да се исцеди преку газа)
се додава пола тегла мед
се пие од соков 3 пати на ден по едно филџанче
ако вкусот од цвеклото ви е тежок може да се стави и јаболка.


 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 15:35

Поправете ја крвната слика: Чудотворен сок од цвекло

Поправете ја крвната слика: Чудотворен сок од цвекло

За вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да го конзумирате само два пати годишно.
Ако се омалаксани, чувствувате замор, време е да ја подобрите крвната слика. Пред да започнете со витамини, обидете се на природен начин и со природни состојки, па самите поваботете на сопствената крв.

Состојки:

1 килограм цвекло

1/2 килогам морков

Сок од еден лимон

2-3 портокали

2 кисели јаболки

1 тегла мед

Подготовка

Излупете ги цвеклото, морковот и јаболката, исечете на мали парчиња, вметнете ги во соковникот и исцедете сок. Лимонот и портокалите исцедете ги и промешајте ги со претходните состојки. На крајот, додадете тегла мед, најдобро ливадски, бидејќи е најлековит поради разноликите билки.

Сето тоа измешајте го добро, да се стопи медот и да се соедини со сокот. Количината на портокал може да биде и поголема, бидејќи се додава воглавно поради вкусот и мирисот. Готовиот сируп сипете го во стаклени шишиња. Ќе добиете околу литар и пол до две литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро, на празен стомак, додека не се испие целата количина.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 16:00
Чаеви за лекување на анемија

Бледата кожа и слузокожа се видливи само во тешките случаи на анемија. Воглавно нејзините симптоми се многу нејасни и неприметливи. Болните обично се жалат на општа слабост и непријатност. Освен терапијата препишана од доктор, добро е да се пијат и одредени чаеви.

Анемијата или намалениот број на црвени крвни зрнца – еритроцити или количината на хемоглобин, може да биде предизвикана од крварење, намалено производство на крвнита станици, нивно зголемено разградување или комбинација на сите овие пореметувања. Оваа состојба може многу озбилно да го наруши квалитетот на животот, а во потешки случаи да доведе и до тешки компликации.

Лекувањето на анемијата ќе биде многу поефикасно доколку пиете билни чаеви. Тие можат да помогнат во создавањето на залихи на железо во организмот.

Чај од листови од зимзелени дрва

Во еден литар вода ставете 30гр листови од зимзелени дрва и варете ги една минута, оставете да отстои 15 минути, потоа процедете го чајот. Пијте по 2 шољи чај, два пати на ден помеѓу оброците.

Чај од ореви

Во еден литар вода ставете 20 свежи листови од ореви и сварете ги, а потоа исцедете ги. Пијте по една шоља чај пред оброкот, два пати на ден.

Чај од рен

Во еден литар вода ставете 20гр корени од рен и варете ги 20 минути. Оставете да преноќи. Исцедете и пијте по 3 шољи чај во текот на денот помеѓу оброците.

Чај од бела коприва

Во еден литар зовриена вода ставете 25гр исушени цветни врвови од коприва. Оставете го да отстои 10 минути, а потоа исцедете го. Пијте по две шољи чај на ден помеѓу оброците.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 23:59
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

upotrebiv se i normalnoголема%20насмевкаpak sum anemicnaглупчо..malku so lekovi ke mi se kreni hgb i pak istoзамисленост(se naviknav)
i pak istoтага
jas veke se naviknav na istovo....se probano ....podobar rezultat nema....тага
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 15:10
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

upotrebiv se i normalnoголема%20насмевкаpak sum anemicnaглупчо..malku so lekovi ke mi se kreni hgb i pak istoзамисленост(se naviknav)
i pak istoтага
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 14:50
Kade bi mozhelo da se nabavi vino od kapini? - bilo efikasno za anemija.

Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 13:21
upotrebiv se i normalnoголема%20насмевкаpak sum anemicnaглупчо..malku so lekovi ke mi se kreni hgb i pak istoзамисленост(se naviknav)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 22:00

СЛАБОКРВНОСТ



Анемијата е состојба во која е намален бројот на црвените крвни клетки или еритроцити во организмот. Еритроцитите во крвта се задолжени за пренесување на кислородот, односно на хемоглобинот - белковина што низ крвта го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата. Кога недостасува хемоглобин, доаѓа до анемија, а тоа значи дека сите клетки примаат помалку кислород, поради што е намалена и нивната активност. Се јавува општа слабост, органите работат побавно, имунолошкиот систем на организмот е ослабен, а заморот е се поизразен.

Бледилото е прв знак

Благата форма на анемија, во најголем број случаи, нема забележливи симптоми.Лицето што е анемично е побледо од обично. Потешко дише кога прави напорни движења, а дланките и прстите се побели. Анемијата обично се открива кога се испитува крвта поради некои други проблеми. Но, ако се лекува, симптомите стануваат се поизразени. Се јавуваат проблеми со варењето, како што се слаб апетит, промени на слузокожата и тврда столица. Се јавуваат и симптоми кои се заеднички за сите типови анемија - забрзана работа на срцето, губење на здивот, хроничен замор. Тенките и кршливи нокти и слабата коса исто така се знак за анемија предизвикана со недостиг од железо. Молекулот на хемоглобинот содржи четири атома на железо, чија главна задача е да го врзуваат кислородот во белите дробови и да го испуштаат во допир со клетките. Човековиот организам го добива железото и другите потребни материи од храната. Покрај тоа, човековото тело е направено така што може да ги преживее интервалите кога нема храна. Затоа, таложи дел од железото во џигерот, коскената срж и во слезинката. Околу 2/3 железо (2,5 гр.) има во еритроцитите, односно во хемоглобинот, а остатокот (1-2 гр.) во резервите. Во организмот постои цела низа механизми кои го надоместуваат недостатокот од железо со забрзување на циркулацијата, односно со зголемување на протокот на крвта. Постојат и промени на нивото на ензимите. Така, организмот се навикнува на анемија. Поради овие можности за приспособување, многумина се изненадени кога ќе утврдат дека имаат многу ниски вредности на хемоглобин, а при тоа немаат никакви проблеми. Нормалната вредност кај жените е од 120-150 гр. хемоглобин во литар крв, а кај мажите од 138-175 грама. Симптоми се појавуваат дури кај анемија од среден степен, кога нивото на хемоглобинот е помалку од 100 грама во литар крв. Причините за анемија се различни и се јавуваат во определени животни периоди - недостиг на храна во првите месеци од животот, губење на крв, а со тоа и црвени крвни зрнца, менструација, трајно крварење или отежнато апсорбирање на материите кои се внесуваат преку храна во цревата. Анемијата што се создава поради недоволно производство на црвени крвени зрнца е најчесто последица на директни труења и оштетувања на матичните клетки на коскената срж, односно на различни болести - инфективни или ендокрини, на труење со олово па дури и од леукемија. Во сите случаи коскената срж не може да ја извршува својата функција. Се работи за тешки состојби кои бараат сложено хематолошко лекување. Анемијата може да е резултат и на прекумерно разградување на црвените крвни зрнца. Кога се разградуваат, нормално во слезинката тие просечно живеат околу 4 месеци. Но, ова разградување може да е зголемено или може да се појави болест поради која доаѓа до уништување на црвените крвни зрнца во крвта. Тие уништувања можат да бидат наследни или здобиени, имунолошки и неимунолошки. Имунолошките се најчесто автоимуни, односно во организмот се создаваат антитела против сопствените еритроцити. Анемијата што е предизвикана од прекумерно губење на крв по крвавење, се нарекува сидеропенична анемија. Таа е најчеста и наједноставна за лекување. Причина е недостигот од железо во организмот. Недостигот од железо може да биде последица од бројни фактори, но најчесто се јавува поради зголемено, умерено и постојано губење на крв. Сидеропеничната анемија е честа кај жените како последица на обилни менструации. Жените што имаат обилни и нередовни менструации, а им недостига железо, мора да се обратат кај гинеколог.

Лекување

Кога лекарот ќе постави дијагноза - анемија, освен соодвена исхрана, обично препишува и препарат базиран на железо. Целта на препаратот со висока концентрација на железо не е само да го обезбеди дневното количество на железо, туку и да ги надополни испразнетите резерви. Лековите се земаат пред јадење, бидејќи храната ја намалува ресорпцијата на железо. времетраењето на лекувањето е различно од случај до случај, бидејќи зависи од степенот на анемијата и од дневните дози. При лекување на анемијата се користат интравенски инекции, а многу ретко и интрамускулни. Тие се користат поретко бидејќи не може да се контролира внесувањето на железо во организмот. Овие инекции се даваат на лице со изразен недостик на желазо во крвта, обично како ударна терапија. Капки и сируп се користат за лекување на анемија кај децата чиј дигестивен тракт го поднесува железото послабо. Се земаат 1 или 2 часа пред јадење.



Изменето од Valerija - 05.Март.2014 во 15:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:38
Лек за слабокрвните

Анемијата предизвикана од недостаток на железо често се јавува кај децата, тинејџерите, жените со интензивни менструални крвавења и кај старите луѓе.

На сите кои патат од анемија им се препорачува исхрана со продукти кои содржат железо, покрај препаратите со железо кои им ги препишал лекарот.

Врз апсорпцијата на железото од продуктите влијаат многу фактори. Колку организмот ќе го искористи овој елемент зависи, пред се од формата на железото во продуктите. Така, железото во производите од животниско потекло многу подобро се апсорбира, за разлика од она во зеленчукот.

Апсорпцијата на железо од билките се подобрува ако во истиот оброк тоа се комбинира со продукти богати со железо од животниско потекло. Но при овие комбинации треба внимание зашто постојат продукти кои ја подобруваат апсорбцијата, но и такви кои ја забавуваат или отежнуваат.

Продукти кои ја инхибираат ( отежнуваат ) апсорпцијата на железо од другите продукти се спанаќот, црното вино, кафето, чајот, блитвата, сојата и соините производи.

Продукти кои ја подобруваат апсорпцијата се цитрусите ( портокал, лимон, грејфрут ), јагоди, брокули, домати, сок од домати, компир, зелена и црвена пиперка и бело вино.

Внесувањето 100 милиграми витамин Ц со јадењето може 100 отсто да ја зголеми апсорпцијата на железо.

Доколку за време на оброкот или после оброкот испијте чај или кафе ја намалувате апсорпцијата на железо за 50 до 100 отсто.

Коприва против малокрвност

Во пролет соберете млади коприви од чисти површини. Измиени сварете ги да омекнат. заради силниот вкус првата вода може да се истури, но со тоа се губат и дел од витамините.

Сварените коприви исечкајте ги, измешајте ги со кисела павлака и лажица црно брашно и варете на ниска температура, една до две минути.

Тргнете од оган и додадете малку морска сол, мелен бибер, мелено морско оревче и поголема количина исечкан лук.

Зачинете со малку путер или 2-3 лажици масло.

Покрај тоа што ја зајакнува крвта, овој "спанаќ" е и чист заради високиот процент на витамините А и Ц во копривата.




Изменето од Valerija - 05.Март.2014 во 15:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2010 во 11:12

Коприва против малокрвност

Во пролет соберете млади коприви од чисти површини. Измиени сварете ги да омекнат. заради силниот вкус првата вода може да се истури, но со тоа се губат и дел од витамините.

Сварените коприви исечкајте ги, измешајте ги со кисела павлака и лажица црно брашно и варете на ниска температура, една до две минути.

Тргнете од оган и додадете малку морска сол, мелен бибер, мелено морско оревче и поголема количина исечкан лук.

Зачинете со малку путер или 2-3 лажици масло.

Покрај тоа што ја зајакнува крвта, овој "спанаќ" е и чист заради високиот процент на витамините А и Ц во копривата.

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 14:52

Анемијата е состојба во која е намален бројот на црвените крвни клетки или еритроцити во организмот. Еритроцитите во крвта се задолжени за пренесување на кислородот, односно на хемоглобинот - белковина што низ крвта го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата. Кога недостасува хемоглобин, доаѓа до анемија, а тоа значи дека сите клетки примаат помалку кислород, поради што е намалена и нивната активност. Се јавува општа слабост, органите работат побавно, имунолошкиот систем на организмот е ослабен, а заморот е се поизразен.

Бледилото е прв знак

Благата форма на анемија, во најголем број случаи, нема забележливи симптоми.Лицето што е анемично е побледо од обично. Потешко дише кога прави напорни движења, а дланките и прстите се побели. Анемијата обично се открива кога се испитува крвта поради некои други проблеми. Но, ако се лекува, симптомите стануваат се поизразени. Се јавуваат проблеми со варењето, како што се слаб апетит, промени на слузокожата и тврда столица. Се јавуваат и симптоми кои се заеднички за сите типови анемија - забрзана работа на срцето, губење на здивот, хроничен замор. Тенките и кршливи нокти и слабата коса исто така се знак за анемија предизвикана со недостиг од железо. Молекулот на хемоглобинот содржи четири атома на железо, чија главна задача е да го врзуваат кислородот во белите дробови и да го испуштаат во допир со клетките. Човековиот организам го добива железото и другите потребни материи од храната. Покрај тоа, човековото тело е направено така што може да ги преживее интервалите кога нема храна. Затоа, таложи дел од железото во џигерот, коскената срж и во слезинката. Околу 2/3 железо (2,5 гр.) има во еритроцитите, односно во хемоглобинот, а остатокот (1-2 гр.) во резервите. Во организмот постои цела низа механизми кои го надоместуваат недостатокот од железо со забрзување на циркулацијата, односно со зголемување на протокот на крвта. Постојат и промени на нивото на ензимите. Така, организмот се навикнува на анемија. Поради овие можности за приспособување, многумина се изненадени кога ќе утврдат дека имаат многу ниски вредности на хемоглобин, а при тоа немаат никакви проблеми. Нормалната вредност кај жените е од 120-150 гр. хемоглобин во литар крв, а кај мажите од 138-175 грама. Симптоми се појавуваат дури кај анемија од среден степен, кога нивото на хемоглобинот е помалку од 100 грама во литар крв. Причините за анемија се различни и се јавуваат во определени животни периоди - недостиг на храна во првите месеци од животот, губење на крв, а со тоа и црвени крвни зрнца, менструација, трајно крварење или отежнато апсорбирање на материите кои се внесуваат преку храна во цревата. Анемијата што се создава поради недоволно производство на црвени крвени зрнца е најчесто последица на директни труења и оштетувања на матичните клетки на коскената срж, односно на различни болести - инфективни или ендокрини, на труење со олово па дури и од леукемија. Во сите случаи коскената срж не може да ја извршува својата функција. Се работи за тешки состојби кои бараат сложено хематолошко лекување. Анемијата може да е резултат и на прекумерно разградување на црвените крвни зрнца. Кога се разградуваат, нормално во слезинката тие просечно живеат околу 4 месеци. Но, ова разградување може да е зголемено или може да се појави болест поради која доаѓа до уништување на црвените крвни зрнца во крвта. Тие уништувања можат да бидат наследни или здобиени, имунолошки и неимунолошки. Имунолошките се најчесто автоимуни, односно во организмот се создаваат антитела против сопствените еритроцити. Анемијата што е предизвикана од прекумерно губење на крв по крвавење, се нарекува сидеропенична анемија. Таа е најчеста и наједноставна за лекување. Причина е недостигот од железо во организмот. Недостигот од железо може да биде последица од бројни фактори, но најчесто се јавува поради зголемено, умерено и постојано губење на крв. Сидеропеничната анемија е честа кај жените како последица на обилни менструации. Жените што имаат обилни и нередовни менструации, а им недостига железо, мора да се обратат кај гинеколог.

Лекување

Кога лекарот ќе постави дијагноза - анемија, освен соодвена исхрана, обично препишува и препарат базиран на железо. Целта на препаратот со висока концентрација на железо не е само да го обезбеди дневното количество на железо, туку и да ги надополни испразнетите резерви. Лековите се земаат пред јадење, бидејќи храната ја намалува ресорпцијата на железо. времетраењето на лекувањето е различно од случај до случај, бидејќи зависи од степенот на анемијата и од дневните дози. При лекување на анемијата се користат интравенски инекции, а многу ретко и интрамускулни. Тие се користат поретко бидејќи не може да се контролира внесувањето на железо во организмот. Овие инекции се даваат на лице со изразен недостик на желазо во крвта, обично како ударна терапија. Капки и сируп се користат за лекување на анемија кај децата чиј дигестивен тракт го поднесува железото послабо. Се земаат 1 или 2 часа пред јадење.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.