IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Вежбање
  Активни теми Активни теми RSS - Сакате да вежбате? Ви треба мотивација?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сакате да вежбате? Ви треба мотивација?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака
KroBellus Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KroBellus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 17:22
Вака сега,ми требаат правила неколку или заклучоци кратки според кои можам да се раководам. Значи нешто кратко а корисно. Може???
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 21:24
мене ни мотивација не ме спасува од невежбање
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2008 во 23:58
Сакам кунг фу, аикидо малце,ама смешно изгледам- ко балерина.намигнување

Ај може на прва така ми се чини.
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2008 во 13:13
Originally posted by Kali Kali напиша:

Сакам кунг фу, аикидо малце,ама смешно изгледам- ко балерина.намигнувањеАј може на прва така ми се чини.

Slusaj!! ne si smesen tuku ti treba poveke samodoverba. Bitnoe da te ispolnuva toa sto go pravis i se razbira da trosis. Posmesen ke bides ako se napravis 120 kila, Veruvaj!!!!
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2008 во 13:27
Originally posted by BidiFit BidiFit напиша:


Slusaj!! ne si smesen tuku ti treba poveke samodoverba. Bitnoe da te ispolnuva toa sto go pravis i se razbira da trosis. Posmesen ke bides ako se napravis 120 kila, Veruvaj!!!!


намигнување
Не бе, баш сум фитсреќа, се зафркавав.
Вежбам фитнес од време на време, ама сакав боречки вештини за поубаво канализирање, насочување на енергијата зашто се вежба и концентрација, рамнотежа, дух, итн.
 
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2008 во 17:17
Зимата ќе биде поубава ако спортуваме

Традиционално во нашата земја алпското скијање е најзастапено и сите спортско-рекреативни зимски центри ни го овозможуваат тоа. Специфичноста кај зимските спортови е лизгањето на снег или мраз, а чуството на немање цврсто тло е посебно и многу посакувано, особено откако ќе се совлада основната техника.

Добро е да се гледа спорт, но уште подобро е да се спортува

Повеќето зимски спортови се изведуваат во планина, каде самата природа е значаен фактор за добро расположение. Покрај тоа, при зголемена физичка активност интеракцијата човек-природа дополнително ги побудува одбрамбените механизми, со што се зајакнува и отпорноста на организмот од многу болести. Заради сето тоа, без оглен на возраст и пол, ги повикувам сите да престојуваат на планина, а особено учениците и студентите за време на зимскиот распуст да се активираат и во скијањето.

Во Македонија повеќето зимски центри ја отпочнаа оваа сезона пред новогодишните празници. Избор може да се направи помеѓу Маврово, Попова Шапка, Пелистер, Крушево, Пониква, а од оваа година и Кожуф. Сите оние кои сакаат да се запознаат со лизгањето и хокејот на мраз, тоа може да го направат во спортскиот центар Кале во Скопје.

Да потсетам:
Оној кој соработува со природата – опстанува, а оној кој и се спротивставува – секогаш губи.

Зимските спортови се навистина добра можност за непосредна соработка со природата.
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2008 во 19:03


Изменето од BidiFit - 30.Јануари.2008 во 13:08
Кон врв
Viks Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 26.Октомври.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Viks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2008 во 19:42
сакам и јас ама нема збунетост
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2008 во 20:08
Сакате ТОБЛЕРОНЕ мускули?

Без оглед на генетската предиспозиција, секој може значително да го намали масното ткиво кај абдоменалните мускули. Стручните лица препорачуваат исхрана на основа посни протеини, интегрални житарки, маслиново масло, риба итн...Што се однесува до неопходната физичка активност – намалувањето на стомакот НЕ Е ТАКА ТЕШКО КАКО ШТО МИСЛИТЕ.


     

Без оглед на генетската предиспозиција, секој може значително да го намали масното ткиво кај абдоменалните мускули. Стручните лица велат дека е многу важно да се имаат предвид следниве фактори:

   1. Исхрана и диети

Исхраната треба да ви биде базирана на растителни влакна, посни протеини, овошје, зеленчук, интегрални житарки, риба, маслиново масло.
Треба да се избегнуваат:

    * скроб и прости шеќери. Најдобри се јаглехидратите кои содржат растителни влакна – значи, интегрален леб наместо бел.
    * Избегнувајте жестоки пијалоци-посебно пиво, но дозволена е 1 чаша вино на ручек.

   2. Хормони

Во стресни ситуации, надбубрежните жлезди лачат хормон „кортизол“ – тој го зголемува апетитот за јаглехидрати, а нивното консумирање води до таложење на масни наслаги на стомакот. Експертите велат дека нивото на овој хормон може да се намали со медитација, јога или физички вежби.

   3. Фитнес вежби-стомачни или со топка

Можеби се прашувате: умерени или интензивни? Не е важно – и двата типа даваат резултати. Степенот на согорувањето на масното ткиво се зголемува со интензивирање на физичката активност, а за негово намалување токму кај абдоменот – неопходни се кардио вежби и вежби за зацврстување.
Кардио програма е „смрт“ за масното ткиво низ целото тело, а вежбите за зацврстување влијаат на силата на мускулите и го поттикнуваат метаболизмот.
Всушност, наменските вежби, во случајов за активирање на стомачните мускули, влијаат врз намалување на масното ткиво кај тој дел од телото.
Иако кардио програмата, која го ангажира торзото, многу помага во обликување на стомачните мускули, сепак, потребно е да се изведуваат најразлични наменски вежби. Менувањето на вежбите ве тера да се концентрирате на техниката на изведување. Нпр. стомачните треба да се изведат бавно, со контролирани движења на мускулите. Ефектот од обичните стомачни вежби може да се зголеми со воведување на нови движења. Овде многу можат да помогнат и вежби со топка.


Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2008 во 13:11
ЛЕСНО ДО ФАНТАСТИЧНИ НОЗЕ

Наутро, откако ќе се разбудите и навечер, кога ќе заврши напорниот ден, во нозете чувствувате тежина, а зглобовите ви се отечени. Како да го избегнете тоа?

Утрински вежби

По неколку часови сон, циркулацијата во организмот ние забавена, па треба да се поттикне. Ови вежби помагаат и да не дојде до задржување на течноста и отекување на нозете, посебно ако ви претстои долго стоење или седење.

   1. Застанете право, приближете ги стапалата, испружете ги рацете напред и кренете се на прсти. Останете во таа положба 5-6 секунди, потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати. Со оваа вежба крвта полесно стигнува до срцето.

2. Легнете на десниот колк со десната рака под главата, колената нека бидат благо свиткани. Левата нога кревајте ја и спуштајте ја 15 пати. Префрлете се на лева страна и повторете го истото. Оваа вежба ја забрзува циркулацијата.
   
3. Застанете со лице кон ѕидот, на растојание од 1 метар. Пријдете кон ѕидот со една нога и потпрете ги дланките на ѕидот. Ногата која ви е позади, останала испружена, со стапало цврсто залепено на подот. Наведнете се нанапред одбивајќи се со дланките од ѕидот, додека не почувствувате затегнување во мускулите на нозете. Останете така 10-тина секунди. Потоа, повторете ја вежбата со другата нога. Повторете ја 3 пати. Вежбата е исклучително корисна ако во текот на денот повеќе време стоите.

Вечерни вежби

Ако навечер нозете ви се отечени, тоа значи дека крвта не струи добро и дека негде има застој. Така, ѕидовите на вените се под притисок, а ако тоа потрае, ќе имате проширени вени.
Вежбите кои следат го намалуваат тоа чувство на тежина во нозете.

   1. лежејќи на грб, со рацете зад главата, нозете подигнете ги за да го допрат ѕидот. Останете така 10 секунди, а потоа и двете нозе свиткајте ги до градите. Тоа повторете го 2 пати. Пред да почнете со оваа вежба, намачкајте ги нозете со растителен гел против отоци.
   2. Испружени на грб, со нозете свиткани во колената, подигнете ја едната нога и со стапалото правете мали кругови – 10 налево, 10 надесно. Изведете го тоа и со другата нога. Оваа вежба помага да спаднат отоците на ножните зглобови, бидејќи тоа ја поттикнува крвта да тече одоздола нагоре. Посебно е корисна по носење на чевли со високи потпетици.
   3. Седнете на под, свиткајте ги нозете во колената и приближете ги кон телото, што е можно поблиску. Со рацете разделете ги колената и притискајте ги настрана. Вратете се во почетната положба одбивајќи се со рацете од колената. Изведете ја вежбата 5 пати, а потоа испружете ги нозете. Вежбата ги зацврстува бутните мускули и ја поттикнува циркулацијата. Не е лесна, но корисно е да бидете упорни.
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2008 во 18:17
АДРЕНАЛИНСКИ СПОРТОВИ

Летање, лизгање, скокање, лебдење...сето ова е многу забавно! Екстремните спортови се сè попопуларни и со својата непосредност и неограниченост се „закануваат„ дека потполно ќе ги потиснат „нормалните„ спортови.

Приказната почна во 80-тите години на минатиот век кога на разни краеви од светот младите почнаа да практикуваат и да размислуваат нови и поинакви начини да се совлада природата. Иако првите вратоломии на ролшуи и на BMX ја шокираа јавноста, а првите банџи-скокачи завршуваа дури и зад решетки, на адреналинските спортови им беа потребни сè на сè неколку години за да го освојат светот и да стекнат милиони обожаватели.
Секоја година семејството на екстремните спортови станува сè побројно, но овие дисциплини се издвојуваат со својата популарност и распространетост:

   1. inline skating - возење и вратоломии на ролери,
   2. snowboard – возење на даска за снег,
   3. paragliding – летање со специјален падобран,
   4. freeclimbing – искачување по природни или вештачки карпи,
   5. mountain bike – возење велосипед по тешкопристапни терени,
   6. bungee jumping – скок во празно на елстично јаже.

Овие дисциплини се прифатени и кај нас: последниве години параглајдингот е особено популарен.

ЕКСТРЕМНИ РАБОТИ ЗА ЕКСТРЕМНИ ЛУЃЕ

Психолозите кои го проучувале феноменот на екстремни спортови сметаат дека токму чувството на неизвесност, одење по работ на можното и остварливото, испробување на нешто за прв пат и исполнување на детските фантазии како што се летење и слободен пад, се оние карактеристики кои придонесуваат овие спортови брзо да „влезат„ во крв, па на оној кој се занимава со нив му се јавува потреба постојано да испробува нови спортови и нови комбинации.

АДРЕНАЛИНСКИ ФИТНЕС

Предностите од екстремните спортови придонеле нив масовно да ги прифатат и фитнес-инструкторите. Соочени со клиенти кои е сè потешко да се мотивираат со некоја вообичаена рекреација, многу тренери се свртија кон адреналинските дисциплини свесни за нивните благодети за човечкото тело.
Имено, освен за забава, овие спортови се одлични за кондиција и за совршен физички изглед. Сноубордот, на пример, одлично ги затегнува задникот и нозете, го зацврстува стомакот, додека пак, freeclimbing е одлична активност за мускулите на градите, рамената, грбот и рацете. Возењето ролери е одлично за долниот дел од телото: нозе, бутови, колкови, задник., но и за стомачните мускули. За отстранување на целулитот, покрај диета и специјални гелови, на девојките им се препорачува и возење ролери.

НЕ САМО ЗА ТЕЛОТО,ТУКУ И ЗА ДУШАТА

Освен тоа што на разни начини позитивно влијаат на телото, екстремните рекреативци тврдат дека овие спортови позитивно влијаат врз нивното расположение, опуштаат и забавуваат, а и придонесуваат да се чувствуваат посилни и поподготвени за нови животни предизвици.
Затоа, ако параглајдингот или банџи-скоковите се премногу за вас, купете си 1 чифт ролери и дозволете си себе добро „тркалање„.
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 02:56
Блазе си му на оние со убаво тело!! Немора да се мачат да вежбаат или да држат диети.
.......

Дигни раце 3,4
клекни доле 3,4
Мајсторе на гибаници.....
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 19:41
Денес неможе а да не ве поздравам.. Поздрав за сите што живет здраво и што се хранат здраво!!!
Кон врв
baso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 123
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај baso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2008 во 23:08
retko takvi obicno lugeto ke povezbaaat mesec dva i bidejki nema vidlivi efekti odma se otkazuvaat i si prodolzuvaat po staro
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.