IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Вежбање
  Активни теми Активни теми RSS - Сакате да вежбате? Ви треба мотивација?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сакате да вежбате? Ви треба мотивација?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
Автор
Порака
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 00:28
Мислам дека презентираните вежби погоре се во ред и не се потребни дополнителни забелешки кои не се на место.

А она што мислиш дека е лична презентација е само помош за оние кои погоре поставија прашање и се заинтересирани за справи.

Еве ви и вежби!!

Чувствувајте се посекси, поубави, повитки - Кардио стриптиз!

Подготвени сте да изгубите неколку килограми? Ви здодеа обичното вежбање? Сакате нешто ново и забавно? Можеби ова „нешто“ е токму за Вас!

За кој тип на кардиоваскуларно вежбање се потребни чевли со високи потпетици? Одговорот е: за кардио стриптиз (или барем за некои од неговите форми).

Нема ништо „пожешко“ од најжешкиот тренд во фитнесот. Наместо традиционалните вежби, жените ги претпочитаат танцувањето на „шипка“ и стриптизот како начини за трошење калории. Се започнува во Холивуд со „С Фактор“ - вежбите на актерката Шила Кели и фитнес видеото на Кармен Електра наречено „Аеробик Стриптиз“. Понатаму, Тери Хатчер, Кристина Агилера, Париз Хилтон, Кристина Еплгејт, Луси Лу, Џенифер Лов Хјуит и многу други изјавуваа дека се воодушевени од постигнатите резултати. За што точно се работи?

Уште кога ќе го прочитате насловот сфаќате дека не се работи за конвенционален тренинг кој се практикува во локалниот фитнес клуб. Кардио стриптизот е нов вид на вежбање - комбинација на класичен аеробик, стречинг, боди шејпинг, стриптиз и танцување. Вежбите, проследени со музика, ги затегнуваат стомакот и задникот, ги зајакнуваат мускулите на рацете и нозете, одлично влијаат и на циркулацијата и на работата на срцето.
Спорите и сензуални движењата на кардио стриптизот досега се покажаа како најдобариот начин за оформување на посакуваните женствени облини. И патем, нема оптеретување врз критичните делови од телото (колена, зглобови, глуждови). Но, се чини дека трошењето калории и јакнењето на мускулите не се единствените нешта што ги привлекува жените кај овој вид на фитнес. Тие, покрај тоа што вежбаат за да бидат во форма, вежбаат и да бидат секси. Вежбите се изведуваат со заводлива насмевка и со единствен став: „Јас сум секси“, што пак ги зголемува самодовербата и сексипилот. И се разбира, сето тоа го подобрува и целокупното расположение.
Оттаму, појавувањето на ваков тренд и не е толку чудно како што се чини. Жените секогаш ќе посакуваат да изгледаат и да се чувствуваат подобро, поубаво, повитко и посекси. Дури и ако кардио стриптизот и играњето на шипка излезат од мода, сепак и понатаму ќе сакаат да танцуваат и да бидат секси.

Значи, сега можете да трошите калории и без да мислите на трошењето калории. Можете да вежбате боси или со омилените високи потпетици, во тренерки или пак во секси облека. Доколку ова Ви се чини интересно, обидете се со вежбите кои ги издвоивме, барем додека кардио фитнесот не пристигне во секој наш маалски финес клуб...

Вежби

За сите Вас кои сакате да пробате барем малку од најжешкиот фитнес во удобноста на својот дом – еве неколку вежби и совети на што треба да внимавате за да се чувствувате секси и да ги постигнете посакуваните резултати:

* вежбајте полека и заводливо: следете го ритамот на музиката која прави да се чувствувате секси
* држете го погледот на својата (вистинска или замислена) публика
* бидете насмеани
* пред и после вежбањето правете вежби за загревање и истегнување за да ги избегнете евентуалните повреди
* проверувајте ја работата на срцето. За да го определите максималниот дозволен пулс, едноставно минусирајте ги годините од 220 (на пр. ако имате 40 години, Вашиот максимален дозволен пулс би бил 180)
* вежбите правете ги стоејќи на прсти за поголем ефект врз мускулите на нозете и се разбира за повеќе сексипил
* во ред е на почетокот да бидете вкочанети и срамежливи. И не мислете дека нешто не е за Вас се додека не го пробате.

Ви ги препорачуваме овие три вежби со кои лесно ќе ги зајакнете мускулите.
1. Мачешко лазење
За градни, грбни и стомачни мускули

* Клекнете на подот. Потоа, полека со рацете „лизгајте“ се кон напред. Истовремено спуштајте го горниот дел на телото кон подот.
* Држете ги рамената нагоре и главата исправена. Свиткајте ги колената за стапалата да Ви бидат свртени кон плафонот.
* Вратете се полека во почетната позиција.

2. Заводливо поткренување
За стомачните мускули

* Легнете со споени нозе. Малку свиткајте го едното колено и благо свртете се кон другата страна.
* Стегнете ги стомачните мускули, опуштете го вратот и полека поткревајте се во седечка позиција.
* Вратете се полека во почетната позиција.

3. Секси лизгање
За нозе, колкови и бутини, задник

* Застанете на прсти, на чекор подалеку од ѕид, со раширени нозе во ширина на рамената. Благо свијте го грбот и држете го така за време на вежбата.
* Полека по ѕидот спуштајте се надолу така што бутините ќе Ви бидат паралелни со подот.
* Брзо свртете ја главата од десно кон лево и вратете се полека во почетната позиција.[
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 21:59
оди па натерај ме да вежбам намигнување
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2008 во 00:55

Mene ne mi treba motivacija mi trebaa uslovi . Vo poslednive dva meseca samo osum denovi bea kvalitetni od koj sedum gi iskoristiv razumno . голема%20насмевка

[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2008 во 16:52
Originally posted by BidiFit BidiFit напиша:

 
koj e tipov????трепкање
 
dobra motivacija za mazi zar ne?!!!!!!!голема%20насмевканамигнување
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2008 во 11:15
Оној што сака да вежба си наоѓа и време и место а оној што го мрзи само наоѓа изговор. Немам место ,немам време,оди натерај ме да вежбам..... Мислам тоа е веќе клише. Вежбањето е лично за вас и вашето здравје. Само за оваа работа ни текнуе кога ќе набацаме +20 и повеќе килограми па после ...лелеле сега што да правам??? Посебно за девојките рацете ако не ги зацврстувате, омлитавуваат(се опуштаат) после 25 тата година.Затоа најдобро е да се вежба постојано по малку. И тоа гарантирано дава успех.
Поздрав до сите што си вежбаат по малку
Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2008 во 20:17

Има лек и за целулитот

Еве неколку вистини


Целулитот секој го опишува на свој начин. Еве неколку изрази кои се користат за него:сирење, дупчиња, кора од портокал,сунѓер. Како и да е, без разлика како ќе го наречете,сите жени на целулитот гледаат како на мака која ги напаѓа постојано и која никогаш не исчезнува.
Ајде,смирено и аналитички да разбереме што во суштина кората од портокал претставува,а потоа да најдеме реално решение за да го намалиме.Од медицински аспект, целулит не постои. Пред да започнете да се борите против него, дозволете да ви објаснам.
Според една француска медицинска литература, стара 150 години,објаснета е физиолошката причина зошто целулитот не е ништо друго туку застарени телесни маснотии.
Најважното нешто што ја интересира секоја жена е, објаснувањето, зошто целулитот не вообичаено се појавува, уште повеќе докази дека не е ништо повеќе од маснотии и зошто се појавува само кај жените????
Ќе започнеме вака...
Ако ги истражуваме масните келии кај мажите и жените, ќе забележиме дека двата пола имаат сврзно ткиво кое во одделни сегменти е преградено или одвоено со прегради.Како и да е кај мажите има повеќе вкрстени/хоризонтални прегради. Масните комори кај мажите се појавуваат во вид на мали дијагонални единици, кои складираат помали количини на маснотии.
Додека пак кај жените, поделките каде што се складираат маснотиите се како во кошниците на пчелите(шестоаголни). Се формираат големи вертикални келии, каде што се скалдира изобилство од маснотии. Оваа вертикална форма што личи на пчелино саќе,кое му увозможува на целулитот да прелие и да се познава под кожата на жените. Овој специфичен шестоаголен облик предизвикува насобраните маснотии да станат видливи.
Уште еден проблем се јавува поради сврзувањето на целулитот со кожата.За подобро да разбереме треба да ја научиме анатомијата на кожата.
Човечката кожа е составена од три слоја:епидермис, дермис и подкожно масно ткиво.
.Епидермисот е најгорниот слој на кожата или заштитен слој. Епидермисот е прикачен на следниот слој-дермисот.Дермисот е вториот подлабок слој на кожа.Во дермисот се наоѓаат завршетоците на влакната,нервните завршетоци, вените и потните жлезди.
Поткожното ткиво, што значи веднаш под кожата се наоѓаат масти како најпоследен слој од кожа. Токму овде се наоѓаат најмногу капилари и нервни завршетоци.Подкожното ткиво е прикачено за коските и мускулите со сврзно ткиво кое е лабаво и флексибилно. Ако на ова ниво има изобилство од масти тие се екстремно забележливи од човечкото око.
Па што значи изобилство од маснотии?
Сето ова значи дека има целулит. Количината и постоење на целулитот пред се зависи од генетските предиспозиции и нивото на маснотии во организмот.
Значи вие ќе го имате целулит се поблиску до површинската кожа онолку колку Мајката Природа ќе даде. Оф лелеле! Доста е од стрпливо чекање. Доста ви е од се, мора некако да се ослободите од ова чудо.
Одговорот не е гламурозен и возбудлив, но се што имаме за вас е природно решение.
Според АЦВ(Американски Совет за Вежбање)го истражуваа намалувањето на целулит:
Па постои прашањето, што ќе направите за да го намалите појавувањето на целулитот. Експертите препорачуваат дневни кардио вежби две или три сесии на истегнување во текот на неделата и здрава исхрана.
Добрата вест е тоа што, ваквиот приод функционира. А направена е и програма за намалување на целулитот која вклучува:20 минути тренинг со по 5 вежби за горноит и за долниот дел од телото и 20 минути брзо одење или трчање со 70 до 80% од максималните срцеви удари. Оваа програма се применува трипати неделно, а се разбира дека уште кардио вежби не се на одмет.
Кога луѓето што ја применуваат оваа програма, применуваат и здрава храна тогаш успехот се дуплира.
Доколку вежбањето се зголеми на 30 минути во рок од 8 седмици имаме уште поголеми резултати. Доколку се определите за возење велосипед ќе ги истопите маснотиите а нема да добиете којзнае какви мускули. Истотото време поминато во теретана ќе ви помогне да добиете и мускулна маса.
Запомнете целулитот е маснотија. Редуцирањето на телесните маснотии се врши со начин на исхрана,тренинг со отпор,кардиоваскуларни вежби и постојаност.
Можеби ќе кажете: Дали тоа е се?
Да тоа е суровата реалност.
Ако размислувате за најразлични креми за целулит или компресии.. само си ги трошите парите. Базирани на тоа дека целулитот се таложи многу блиску до површината на кожата,повремено може да биде компримиран.Односно ако сте пробале најразлични тертамани за компресија тој можеби е привидно стиснат и мислите дека сте го изгубиле, но то е само за неколку дена после што целулитот ќе се покаже пак во истата форма. Ова е маркетинг маневар кој подобро да не го испробате.
Количината на целулит која ќе ја изгубите зависи индивидуално како од генетиката така и иод нивото на маснотии во вашето тело. Некои жени можат комплетно да ги елиминираат сите знаци на целулит а некои сеуште покажуваат одредено присуство.Не е битно како, дали со исхрана или вежбање, важно е целулитот да се намали!!!
Запомнете вие сте главниот фактор.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2008 во 16:24


   Сакам да вежбам...мотивација не ми треба....голема%20насмевка
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2008 во 18:33
Хммм вака...имам 15 години и body type - slim

Дома имам Орбитрек,справа за стомачни и два тега од по 6 кила.
Поставив рутина која ја пратам секој ден,а тоа е

*15 стомачни (пауза) уште 15
*додека стојам,ритмично ги подигам теговите (лева-десна рака) по 25 пати ја кревам секоја рака поединечно (двете заедно 50 пати)
*додека лежам,ги испружувам рацете,ги земам теговите,и со исправени раце ги подигам над мене додека не се спојат,а потоа ги враќам (така 5 пати)
*во исправен став,со теговите во раце полека исправени ги кревам рацете додека не дојдат на исто мниво со рамењата,потоа ги спуштам (5 пати)
*3km на орбитрекот со отпор 5 (од максимум 8)

(оваа сесија ја повторувам 2 пати дневно)

Исто така,бидејки имам Pectus Excavatum (во форумот Медицина напишав што е тоа),најдов посебна програма составена од вежби со цел да се корегира оваа аномалија,па паралелно со горенаведените вежби ги практикувам и овие.

ДА НАПОМЕНАМ дека со оваа рутина започнав пред 3 дена и редовно ја практикувам.Како што проаѓа времето планирам да го зголемувам бројот на вежбите.
Доколку има некој совет во врска со вежбите (интензитетот пример) или совет за исхраната,би ми било од корист (тука го очекувам BidiFit да ме советува малку)голема%20насмевка

се на се квалитетно тепање време намигнување



Изменето од Izzie - 01.Јуни.2008 во 19:10
Кон врв
elena laser Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elena laser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:33
jas sakam da vezbam a i vezbam.da vi kazam pravo letam vo oblaci sega oslabev 10 kg so normalno jadenje i redovno vezbanje.vezbanjeto e zdravje da znaete
Кон врв
elena laser Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 20
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elena laser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 21:35
vezbajte za da ste zdravi,ubavi i sexy
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2008 во 19:26
e ova e tipka  голема%20насмевка


Изменето од miroslav_g8 - 08.Јуни.2008 во 19:27
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2008 во 23:21
може слободно да биде камионџија...или кранист...или багерист...
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2008 во 00:03
Originally posted by zagor zagor напиша:




....ЕВЕ ВИ ИДЕЈА!!!БЕЛКИ ЌЕ ПОГОДИТЕ НЕКОГО ...



.....ТРЕНИНГ И САМО ТРЕНИНГ!!!..СЕ ДРУГО Е ИЛУЗИЈА .
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2008 во 19:21


Си вежбам, не премногу често, но константно... без мотивации и инспирации...   






Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.