IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Нуркање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Нуркање

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Нуркање
    Испратена: 15.Јануари.2008 во 03:46
Нуркање,заборавивте и тоа е спорт


Опрема за нуркање - што му е потребно на еден нуркач
Основна опрема за (нуркање на здив)

Маска
Цевка за дишење
Појас со тежина
Пераи
Одело
Ракавици и чорапи
Маска

Со цел да се овозможи поголема видливост под вода, се носи маска. Со самото носење на маската се добива воздушен простор помеѓу очите и водата а со тоа набљудуваните објекти можат правилно да се фокусираат.

Маската се состои од:


Леќи кои се направени од високо издржливо калено стакло.
Мек дел за лице кој е направен од силикон или гума кој овозможува добро да ја блокира водата од влегување и добро да го обиколи носот.
Ластик кој овозможува прицврстување на маската за лицето.
За правилно да се избере маска треба да се прилепи (на суво) маската на лицето, без да се стави ластикот, да се вовлече благо воздух преку носот. Ако се прилепи маската убаво на лицето таа е правата за вас.

Цевка за дишење(Snorkel)

Овозможува слободно дишење на поворшина додека главата е во вода. Составена е од два дела. Цевка која е направена од потврда пластика и дел за уста кој е направен од силикон или гума.
За да се препознае полесно нуркач во вода, се советува горниот дел на цевката да биде во друга боја (црвена, жолта)     


Појас со тежина

За да се постигне неутрална пловност нуркачот е потребно да носи појас на кој може да се додава или да се одзема тежина. Исто така појасот треба да има тока која лесно може да се отвори при итна ситуација.     


Пераи

Пераите се корисен дел од нуркачката опрема кои овозможуваат на нуркачот лесно и ефикасно да се движи под вода. Ги има во различни големини, должини и модели.
Изработени се од гума или друг синтетички материјал, со отворено стопало или затворено. Се избираат во зависност на типот на нуркање. За нуркање на здив се користат подолги и по тесни додека за нуркање со апарати се користат од средна должина и поширока перка.     


Одело

Оделата се заштитна облека кои што помагаат да се намали термалното изложување на телото. Ова мора поради големата абсопција на топлина на водата (25 пати поголема од таа на воздухот). Мокрите одела се направени од силиконскиот материјал неопрен со различна дебелина (од 1.5 до 8мм).
На пазарот ги има или едноделни со или без капа или пак дводелни со или без патент.
Кога се одбира одело најважно е да не се формираат воздушни џебови меѓу телото и оделото бидејќи тие ке ја намалат термичката заштита на оделото.     



Ракавици и чорапи

Ракавиците и чорапите се носат заедно со оделото бидејки зглобовите се многу осетливи на ладни температури. Ракавиците од неопрен овозможуваат добра заштита и има различни типови и модели.
Чорапите зависат од типот на пераите кои се користат. Од најосновни неопренски 2-5мм па се до тие кои имаат вградена патика со тврда газна подлога и се користат за отворени пераи.

Некој од најдобрите во нуркање


Во август 2003,беше формиран тим од двајца луѓе, Mark Andrews и Leigh Cunningham кои имаа намера да го соборат светскиот рекорд во нуркање.Целта што си ја поставија беше 333метри/1100ft. .

Mark Andrews моментално е рекордер во најдолго задржување на воздух на длабочина а Leigh Cunningham рекордер во нуркње на Црвено Море, значи за нив не е непознато нуркањето.
Кариерата на Марк започна во 1993 год кога негов тренер бил тогашниот светски рекордер во нуркање John Bennett. Марк тогаш сакал да биде PADI инструктор и така го пропатувал цел свет за да научи нуркање. Откако го постави рекордот за најдолго задржување на воздух (156.4m/513.12ft ) тој стана тренер на 4 агенции и последните години ги помина во тренинг за четвртиот по ред рекорд за кој се подготвувал.

Leigh нурка 10 години,и ги започна своите подводни авантури во Црвеното Море. Тој набрзо станал рекретивен инструктор но неговата близина до “Blue Hole” во Dahab,каде што работел,го разгорела неговиот интерес за нуркањето.Тој знаеше во што се се впушта,колку нуркањето ќе бара од него. Тренинг и учењетака поради големата репутација на “Blue Hole”. Leigh вели: ова е како натпревар во кој некој треба да падне.Кога го правиш ова секој ден,биди подготвен секој ден.

Поминаа 7 години откако Leigh почна да се соочува со тешкотиите и техниките во нуркањето. Сега тој е технички инструктор-тренер и го држи рекордот во нуркање на 220m на Црвено Море,денес овој рекорд го држи друг нуркач кој достигна до 240m.

Ригорозниот тренинг бара ментална и физичка подготовка.
Времето за да се достигнат тие 333m е 18 минути.За само една помината минута на оваа длабочина тие треба да поминат 15 часа декомпресија. За да им биде полесно тие мора да имаат течности во себе и да го задржат хемискиот баланс на електролитите и минералите. Под вода се снабдуваме со течности интервенозно во капки, како во болница. Без оглед на тоа што сме во море велат тие.
Топлината на телото исто така е важна, и неа ја одржуваме со пош на гас,кој содржи 87% хелиум за завршната фаза на нуркањето бидејки телото брзо се лади на таква длабочина. Тука помага и 3 слојната облека која мора да има квалитет. O’Three RI квалитет. Нуркачот мора да биде безбеден на секој тренинг /тука нема играње.

Има и кај нас такви луѓе

Единствениот специјалист за проблемите кои се јавуваат на професионалните нуркачи во Македонија, др. Крсто Матов, вработен во главната клиника во Охрид.
Има големо искуство со нуркачи, работел на Средоземно море а последниве неколку години ја следи здравствената состојба на нуркачите професионалци инструктори на клубот за подводни активности КОРАЛИ од Скопје.



Кон врв
Viks Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 26.Октомври.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Viks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2008 во 00:02
аплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплаузаплауз

предизвик дефинитивно ,сум го почуствувала два пати (непрофесионално се разбира) туристички , во Црвено Море и.............................немам коментар ,....само чекам кога повторно ке ја имам таа можност


Кон врв
BidiFit Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 454
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BidiFit Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2008 во 18:06
Кон врв
caldi33 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 15.Ноември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 83
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај caldi33 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 02:37
dobar filing koj moze da proba neka proba. ama prvo so instruktor bravo
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2008 во 00:53
ima i vo ohrid
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.